Skip to main content

Бран на просперитет

Чистење на потонати бродови од Втората светска војна придонесува за побезбеден Дунав и зголемување на економијата на Србија. Дунав е втората најдолга европска река која тече низ десет држави. Нејзиното целосно течение во Србија (588 км) е пловно, но нејзиниот воден пат е значително потесен кај кањонот Џердап поради многуте потонати бродови при крајот на Втората светска војна. Во тој дел на Дунав, нагоре по течението на пристаништето Прахово, водниот пат е широк само 180 метри, а дваесет и трите потонати брода дополнително го стеснуваат протокот на само 100 метри. Оттука, проектот, поддржан од Европската инвестициска банка, за отстранување на потонатите бродови е од исклучителна важност, затоа што подводните пречки ја отежнуваат пловидбата; особено кога нивото на реката е ниско. Првиот дел од проектот е фокусиран на изнаоѓање соодветен начин за отстранување на мини и опасни супстанции од бродовите; како и наоѓање на нивната точна локација.

„Инвестицијата ќе го подобри речниот транспорт во Србија затоа што државата годишно губи сè до 5 милиони евра поради небезбедна пловидба во овој дел на Дунав.“

Побрза и побезбедна пловидба по Дунав Одредени делови од бродовите коишто повеќе од седум декади лежат на дното на Дунав ќе бидат изложени, а остатокот ќе се биде вратен во Германија. Чистењето на речното корито ќе ја направи пловидбата во овој дел на Дунав далеку побезбедна и побрза, а ќе биде, истовремено, и еколошко подобрување. Инвестицијата ќе го подобри речниот транспорт во Србија затоа што државата годишно губи сè до 5 милиони евра поради небезбедна пловидба во овој дел на Дунав, според поранешната министерка за Конструкција, транспорт и инфраструктура – Зорана Михајловиќ. Проектот за отстранување бродови ќе биде финансиран преку заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ), со исклучително поволни услови, во соработка со Владата на Србија. „Начинот на којшто сакаме да работиме стреми кон враќање на безбедноста при пловидбата на Дунав: отстрануваме пречки, рушејќи ги видливите и невидливите бариери; во конкретниот случај подводно,“ вели Сем Фабризи, амбасадорот на ЕУ во Србија.  Европската интеграција е, пред сè, процес на мир и обединетост. Уште од основањето, ЕУ е фокусирана на надминување на пречките од минатото и прочистување на патот кон понатамошна интеграција. „Нашата заложба е насочена кон тоа Србија и целиот регион на Западен Балкан да бидат дел од оваа голема авантура,“ вели Фабризи.

„Секој еден во оваа држава е емоционално приврзан за оваа река која открива значајни приказни од минатото.“

Во врска со Европската инвестициска банка (ЕИБ) Европската инвестициска банка е органот за кредитирање на Европската Унија. ЕИБ е најголемата мултилатерална финансиска институција во светот и еден од најголемите обезбедувачи на климатско финансирање и инвестирање во одржлива иднина за сите нас. Европската инвестициска банка во Србија е активна од 1977, со инвестиции од преку 6 милијарди евра во најразлични проекти. Најголемиот дел од средствата, скоро 40% (2,1 милијарди евра), се инвестирани во транспортни проекти, со 165 милиони евра инвестирани во енергетскиот сектор. Реката претставува, исто така, непроценлив извор на енергија, храна и вода за пиење; сочинувајќи 22% од енергетското снабдување на државата. Истовремено, се протега ширум клучна пловидбена рута, нудејќи економични транзит можности како за регионалните, така и за пазарите на ЕУ. Дубравка Негре, директорка на Европската инвестициска банка во Западен Балкан, вели дека овој проект не само што е значаен за економскиот развој на Србија, но е, исто така, и од голема историска важност. „Секој еден во оваа држава е емоционално приврзан за оваа река која открива значајни приказни од минатото,“ вели таа. Негре додава дека преку својот придонес за развивање на меѓународни економски врски, реката ги поврзува и луѓето на Балканот, кои споделуваат заедничко минато. Денес, после бројни декади, тие можат да се сретнат на ист пат кон нов, заеднички пазар со европски вредности и перспективи за подобро утре.

Заобиколување на пандемијата КОВИД-19

И покрај пандемијата КОВИД-19, изградбата на новиот автопат во Босна и Херцеговина продолжува благодарение на грантови од ЕУ, финансирања од банката на ЕУ и одбивање за откажување. Луѓето од Западен Балкан знаат како да продолжат, дури и во тешки времиња. Но, вчудовидувачки е како, и покрај економските и општествени тешкотии предизвикани од пандемијата КОВИД-19, изградбата на новата транспортна артерија во Босна и Херцеговина продолжува. На овој начин нерамниот терен ќе се трансформира во модерен и елегантен автопат кој ќе донесе бројни придобивки не само за патување, туку и за безбедност на патот. Непрекинатата работа на овој голем и значаен регионален автопат, познат како Коридор Вц (Corridor Vc), е овозможена благодарение на мерките за претпазливост применети од страна на авторитетите во Босна и Херцеговина и градежните компании кои воведоа ригорозни безбедносни протоколи и заштитна опрема. Здравјето на градежните работници секојдневно се надгледува, а градилиштето постојано се дезинфицира. Целта на овие напори е да се обезбеди непрекинато одвивање на работата, задржување на работни места и постојани примања за луѓето ангажирани на овој проект.

„Максимално се обидуваме да ја реорганизираме работата и да продолжиме со неа како во нормални услови“

Побрзо патување за 1,5 милиони луѓе Извонредно тешка работа е да се обезбедат соодветни здравствени и безбедносни мерки и рестрикции, истовремено овозможувајќи и навремено снабдување со залихи на градежни материјали и резервни машински делови. Пандемијата КОВИД-19 ги наруши ланците на набавка и производство на глобално ниво. Поддршката на ЕУ е навистина неопходна за Западен Балкан затоа што овозможува лесна циркулација на добра во регионот и ЕУ за секаков вид проекти, вклучувајќи ја и изградбата на Коридор Вц. „Максимално се обидуваме да ја реорганизираме работата и да продолжиме со неа како во нормални услови,“ вели Семир Муслиќ, надзорник на една од градежните компании која работи на тунелот „Иван“. Важноста на оваа амбициозна инвестициска програма е далекусежна. Коридорот Вц е еден од најважните транспортни проекти во регионот, поврзувајќи ја Босна и Херцеговина со Унгарија, источна Хрватска и Јадранско Море. Европската инвестициска банка инвестираше 631 милион евра во изградбата на 102 километри од овој коридор.

„Европската инвестициска банка е посветена на долгорочен и одржлив развој на Босна и Херцеговина.“

Во врска со Европската инвестициска банка Европската инвестициска банка е органот за кредитирање на ЕУ. ЕИБ е најголемата мултилатерална финансиска институција во светот и еден од најголемите обезбедувачи на климатско финансирање и инвестирање во одржлива иднина за сите нас. Средствата од Европската инвестициска банка се надополнети со преку 200 милиони евра во форма на грантови на ЕУ, обезбедени во рамки на иницијативата „Connectivity Agenda“. Средствата се канализираат преку инвестициската рамка за Западен Балкан; механизам кој комбинира грантови и финансирање на спроведувачкиот партнер со цел да се обезбеди поддршка на ЕУ за проширување и општествено-економски развој во регионот. „Европската инвестициска банка е посветена на долгорочен и одржлив развој на Босна и Херцеговина и горди сме на нашата улога на еден од водечките инвеститори во патната инфраструктура на земјата,“ изјави Матео Ривелини, одговорен за кредитирање на Хрватска, Словенија и Западен Балкан во банката на ЕУ. Поврзувањето градови, региони и држави создава цела низа можности за општествено-економски раст, вработување и регионален трговски проток. Модерните патишта носат зголемена безбедност, пониска стапка на несреќи и пониски превозно-оперативни трошоци. 1,5 милиони луѓе кои живеат ширум коридорот Вц сега имаат пристап до нов автопат кој го преполовува нивното време на патување. Побезбедни, побрзи, поефикасни и паметни транспортни мрежи се предуслов за создавање на доследен и интегриран пазар на регионот, но и потреба за подобри животни услови за луѓето од Западен Балкан. Ова нема да го спречи дури ни корона вирусот.

Списание од и за српската младина

Основан од млади медиумски професионалци фрустрирани од недостатокот на платени можности во доменот на новинарството, Облакодер брзо се поставува како глас за младината во Србија. Пред три години, група млади новинари во Србија се соочувала со сериозни тешкотии за влез на пазарот на труд после дипломирањето. Повеќето медиумски куќи нуделе само неплатени стажирања и волонтерска работа. Фрустрирани од недостатокот на можности, групата одлучила да основа списание од и за млади луѓе, насловено Облакодер. Марина Зец, главна уредничка на Облакодер, го избрала името на списанието додека била во кафуле заедно со уште еден од основачите. „Заедно со остатокот од тимот веќе го имавме смислено целиот проект, единственото нешто што недостигаше беше името“, се присетува Зец. „Одлучивме да не го напуштиме кафулето сè додека не смислиме име.“ Зец објаснува дека зборот „облакодер“ доаѓа од „облак“ и потсетува, истовремено, на идејата да се биде со главата во облаци како и на модерен град полн со облакодери. Ваквата идеја била инспирација и за изгледот на веб страницата којашто, исто така, е во форма на облакодер.

„Ние [младите] сме, најчесто, преставени како светци или ѓаволи, не постои средина. Сакавме да дадеме една понијансирана перспектива.“

Уште од својот зачеток, главната цел на Облакодер е да го предизвика начинот на којшто младите се претставени во српските медиуми. Најчесто сме преставени како светци или ѓаволи, не постои средина. Сакавме да дадеме една понијансирана перспектива,“ објаснува Зец, која работи во доменот на новинарство и односи со јавноста уште од 19 години. Содржината на списанието вклучува млади Срби, уметници и активисти како начин на предизвикување на постоечкиот стереотип. На овој начин, списанието брзо го привлекло вниманието како на младите читатели, така и на новинарите почетници. Од волонтерски тим до овозможување платени можности за млади новинари „Кога почнавме, не знаевме навистина што правиме,“ признава Зец. „Но, бевме одлучни да бидеме професионални. Усвоивме строги новинарски вредности на објективност, професионалност и постојано проверување на изворите, сето тоа со фокус на креирање интересни содржини за помладата публика.“

„Усвоивме строги новинарски вредности на објективност, професионалност и постојано проверување на изворите, сето тоа со фокус на креирање интересни содржини за помладата публика.“

Во врска со Европскиот фонд за демократија Европскиот фонд за демократија (ЕФД) е независна организација која обезбедува грантови; основана во 2013 од страна на Европската Унија и земјите-членки на ЕУ со цел поттикнување демократија во Европското соседство, Западен Балкан, Турција и пошироко. ЕФД поддржува граѓански организации, продемократски движења, граѓански и политички активисти, како и независни медиумски платформи и новинари чија работа се стреми кон плуралистички, демократски политички систем. Во почетните месеци, парите биле навистина лимитирани, па тимот работел на волонтерска основа; работејќи постојана работа преку ден, а навечер посветувајќи се на Облакодер. „Поддршката на Европскиот фонд за демократија (ЕФД), добиена минатиот март, беше вистинско спасување за нас,“ изјавува Зец, потенцирајќи како финансирањето на ЕФД му овозможило на списанието да купи нова опрема и да изнајми канцелариски простор; давајќи им финансиска стабилност да можат да направат долгорочни планови за развој. Облакодер сега може да смета на својот персонал од 15 новинари, од кои една третина работат со постојано работно време.  Списание кое е во допир со младите во Србија Повеќето од читателите на Облакодер се на возраст помеѓу 23 и 35 години, односно милениумци кои се борат да го најдат своето место во светот и во Србија, каде што стапката на невработеност помеѓу младите се искачува и до 30 проценти, а достапните работни можности не се во согласност со нивото на образование на бројни млади луѓе. Денес, Облакодер брои помеѓу 40 000 и 50 000 читатели секој месец и 13 000 следбеници на Инстаграм. „Од нашето мониторирање можеме да забележиме дека луѓето целосно ги читаат нашите статии. Особено сме горди што читателите не ги читаат површно статиите, туку се навистина заинтересирани за тоа што имаме да го кажеме,“ вели Зец. Причината за овој успех, според Зец, е тоа што тимот пишува за релевантни проблематики, наместо за број на кликови. Иако проектот започнал како списание за уметност и животен стил, Облакодер го проширил својот дијапазон и сега покрива тематики како човекови права и инклузија на малцинства и луѓе со инвалидитети. “Навистина сме горди дека нешто што пред неколку години беше само идеја, денес прерасна во реалност,“ вели таа.

Филмски фестивал кој носи 50 000 посетители во малечок град во Косово

Од своите скромни почетоци, филмскиот фестивал за документарни и краткометражни филмови, „Докуфест“, стана еден од најпознатите филмски фестивали во регионот. Идеја, сума од 1000 евра и пасија да се донесе живот во нивниот малечок град е сè што било потребно за неколку филмски-љубители ентузијасти од Призрен, Косово, да го започнат еден од денес најпознатите филмски фестивали во регионот – „Докуфест“. В година, „Докуфест“ ќе го слави својот дваесетти роденден. Во меѓувреме, фестивалот стана еден од квалификационите фестивали за наградите на Британската академија за филм и телевизија („BAFTA“), а во последните две години бил дел од листата „25 најкул филмски фестивали во светот“ на магазинот „MovieMaker“. Ветон Нурколари е еден од основачите на фестивалот. Тој се присетува: „Беше веднаш по војната и имавме потреба да донесеме културна енергија во градот. Размислувавме да организираме филмски фестивал, но, да бидам искрен, немавме идеја како да го направиме тоа. Бевме, од прилика, десетмина и ниту еден од нас немаше искуство со организирање на филмски фестивал. Всушност, никој од нас, на времето, не беше посетил филмски фестивал! Меѓутоа, одлучивме да се обидеме.“

„Преку својата селекција и финансиски механизми, ЕУ нè идентификува како активност достојна за поддршка, па, затоа, можеме само да ја изразиме нашата искрена благодарност.“

Мали почетоци За првото издание, собрале сума од околу 1000 евра од донаторски организации, еднаков паричен придонес кој самите го донирале и позајмиле аматерски филмски проектор од професор по филм. Успеале да соберат 32 краткометражни и документарни филмови, во најголема мера, од околните држави. Фестивалот бил подготвен за старт. Неколку дузини гости, главно филмски професионалци, ја проследиле филмската недела. Во текот на следните пет години, целата работа на фестивалот била на волонтерска основа, а основачите, честопати, морале финансиски да придонесуваат за да го одржат фестивалот. Нивните напори се исплатиле. Денес, „Докуфест“ носи, секоја година, приход од околу 5 милиони евра во градот и, отприлика, 50 000 филмски љубители учествуваат на еднонеделниот фестивал. Ова е огромен придонес за економијата на град со 80 000 жители. Во изминатите 20 години, фестивалот придонел, исто така, и за пошироката слика на Косово; и тоа преку статии во весници како „The Guardian“ и репортажа во врска со фестивалот, долга десет страници, објавена во магазинот на Lufthansa“. Меѓутоа, финансирањето е, сè уште, предизвик. Ветон зема за пример други филмски фестивали како, на пример, Берлиналето кое се одржува со буџет од околу 30 милиони евра или, пак, филмскиот фестивал во Сараево, кој располага со годишен буџет од 2 до 4 милиони евра. Во споредба, неодамнешниот буџет на „Докуфест“, во висина од 400 000 евра, изгледа малечок. „Се разбира, ова е огромен пораст во споредба со почетниот буџет, но не е доволен за да се организира филмски фестивал од глобален карактер,“ вели Ветон. „Сакаме да продолжиме со воведување иновации на фестивалот, но, за тоа, потребно ни е да имаме буџет од најмалку 700 000 евра, па сè до 1 милион евра, годишно.“ Меѓународните донатори, вклучително и Европската Унија, како и приватниот сектор, засега се најпроминентните поддржувачи на филмскиот фестивал. Ветон објаснува дека поддршката на ЕУ била особено важна. ЕУ обезбедува константна поддршка за фестивалот. Нè поддржа преку финансирање за изградбата на новата кино-сала, како и за бројни помали проекти,“ вели тој. Ветон, исто така, ја истакнува и тренинг програмата за млади филмаџии. Проектот бил инициран со поддршка на програмата на ЕУ наречена Европски инструмент за демократија и човекови права (European Instrument for Democracy and Human Rights (EIDHR)). Проектот започнал во 2013, имајќи за цел да промовира соработка меѓу заедниците и меѓуетнички односи во Косово преку визуелно раскажување приказни од страна на млади луѓе од различни заедници и етникуми. Дури и откако, во 2015, финансирањето на проектот завршило, тренинг програмата продолжила и биле обучени седум млади генерации, кои создале преку 70 филма. Некои меѓу нив денес се натпреваруваат на значајни филмски фестивали ширум светот. „Преку својата селекција и финансиски механизми, ЕУ нè идентификува како активност достојна за поддршка, па, затоа, можеме само да ја изразиме нашата искрена благодарност,“ вели Ветон.

„Можноста да се обезбеди, преку својата работа, среќа за толку многу луѓе е нешто неспоредливо. Се надевам дека, во претстојните години, фестивалот ќе продолжи со истата пасија и позитивна енергија.“

Можеби изминаа дваесет години, но фестивалот очекува уште бројни години во иднина. „Беше извонредно патување кое ги надмина моите најлуди сонови,“ вели Ветон. „Можноста да се обезбеди, преку својата работа, среќа за толку многу луѓе е нешто неспоредливо. Се надевам дека, во претстојните години, фестивалот ќе продолжи со истата пасија и позитивна енергија. Секој грам од нашиот напор беше целосно вреден.“ Наследство кое се пренесува на помладите генерации Само двајца од основачките членови остануваат дел од управувањето на фестивалот, а Ветон е горд на тоа: „Нашата цел беше да инволвираме што е можно повеќе млади во управувањето на фестивалот. Сегашната директорка на фестивалот ни се приклучи, како волонтерка, пред многу години; а денес, таа е менаџерка на целото претпријатие.“

Претворање на Кањонот Тара во меѓународна туристичка дестинација

Претприемач од Босна и Херцеговина го претвори Кањонот Тара во извор на примања за земјите поврзани со реката. Кампот за сплаварење „Encijan“ е сместен во Кањонот Тара кој ја поврзува Босна и Херцеговина со Црна Гора. Кањонот се смета за еден од најубавите во Западен Балкан, а кампот, пак, е еден од најспецифичните во кањонот. Со сместување во дрвени куќарки, традиционална кујна, тераса над реката и воодушевувачка природа, кампот е, преку 15 години, омилена дестинација за љубителите на сплаварење и одмор во природа. Од хоби до сериозно деловно претпријатие Милан Шупиќ, од околниот град Фоча, е сопственик на кампот. Уште пред 20 години, сплаварењето било негово омилено хоби, но, потоа, одлучил да го претвори во бизнис. Одлуката целосно го променила неговиот живот, а создала, исто така, и нов извор на примања за бројни граѓани во неговиот роден град. „На почетокот, бизнисот не тргна најдобро. Но, во следните четири-пет години, кампот стана сериозно деловно претпријатие. Кога правиш нешто што сакаш, успехот е неизбежен,“ вели Милан.

„На почетокот, бизнисот не тргна најдобро. Но, во следните четири-пет години, кампот стана сериозно деловно претпријатие. Кога правиш нешто што сакаш, успехот е неизбежен.“

Милан објаснува дека кога одлучил да го основа својот бизнис, немало ништо на местото. Денес, Кањонот Тара е позната дестинација за љубителите на сплаварење во Западен Балкан. Оттогаш, се создале дваесет и пет нови кампови околу кањонот. Во секоја од изминатите две години, кањонот го посетиле приближно 50 000 туристи. Регионот нуди, исто така, авантуристички туристички активности, вклучувајќи кањонинг и планинарење низ природните убавини на Сатеска и националниот парк Дурмитор. Милан објаснува дека посетителите најчесто остануваат пет дена за да уживаат во целосниот пакет. Ги поминуваат ноќите со традиционална храна, пијалаци и логорски оган, а преку ден одат на сплаварење или уживаат во друг вид на авантуристички туризам. Но, како и повеќето претпријатија кои започнуваат со работа во Западен Балкан, бизнисот на Милан донел свои предизвици. Милан се сеќава како, пред 20 години, немало соодветен пат кој водел до кањонот. Единствениот пат да се стигне дотаму водел преку густа шума или, пак, друга опција било да се патува со брод. „Кога одлучив да го изградам кампот, морав сите материјали најпрво да ги транспортирам од другата страна на границата со Црна Гора, па, оттаму, со брод, да ги префрлам до точната локација на кампот,“ вели тој. Денес, асфалтираниот пат овозможува да се стигне до кањонот со кола или минибус, но зголемениот број на посетители барал да се направат подобрувања во поглед на безбедност на посетителите и информациските услуги.

„Проектот постави нови ориентациски знаци ширум патот; дополнително, се поставија клупи и идентификувана панорама. Ова се, можеби, мали но, несомнено, важни елементи за една меѓународна туристичка дестинација како Кањонот Тара.“

Проектот Т.А.Р.А. е финансиран како дел од програмата за прекугранична соработка „BiH-MNE 2014-2020“. Водечки партнер е општината Плужине од Црна Гора, а останати партнери се природниот парк Пива, општината Фоча и туристичката организација на општината Фоча од Босна и Херцеговина. Поддршка на ЕУ за побезбедно и побогато туристичко искуство За да се остварат овие предизвици, поддршката од проектот Т.А.Р.А. (T.A.R.A. – Tourism, Adrenaline and Rafting Adventure), финансиран од ЕУ, дошла точно на време според Милан. Тој објаснува дека по изградбата на новиот пат, бројот на посетители кои патуваат со сопствено возило се зголемил. Патот не бил означен, па некои од нив се губеле или пристигнувале со задоцнување. Благодарение на проектот, патот е сега соодветно означен; со клупи и панорамни точки ширум патот. Останати инфраструктурни подобрувања се во тек. Плановите вклучуваат изградба на платформи за сплавови на точките за пристигнување и некои пониски точки, како и пловечка платформа на езерото Пива, опсервациски платформи за набљудување на природата и патеки за качување по карпи. Проектот придонесува, истовремено, и за подобрување на безбедносните протоколи за посетителите; и тоа со зголемена координација на услугите за спасување на двете страни од границата, развивање на заеднички безбедносни процедури со заеднички вежби за итен случај и вежби за спасување, како и набавување на опрема за спасување.

83 годишна волонтерка-херој од Србија

Даница Шмиц од Србија придонесува како волонтерка одржувајќи контакт со стари лица кои имаат потреба од помош за време на пандемијата КОВИД-19. Даница Шмиц е родена во Белград во 1937 година и го преживеала бомбардирањето на градот криејќи се во подрумот на зградата во којашто живеела со своите родители. Таа е пензионирана наставничка по математика и физика и има два сина; но, истовремено, е и волонтерка-херој, со искуство од преку 50 години добротворна работа, помагајќи им на луѓето во неволја. „Волонтирањето е едно од моите најголеми задоволства. Обожавам да посетувам самци, за да не се чувствуваат осамено или заборавено,“ вели Даница, која во 1970 завршила курс за болничарка-волонтер во Црвен Крст и оттогаш не запрела активно да учествува во јавниот живот – во време на војна и мир. „Ако сакаме овој свет да биде подобро, поправедно и почовечно место за живот, првиот чекор е волонтерството; да си помагаме еден на друг, и тоа не само за време на пандемија или, пак, поплави. Ова би требало да биде составен дел од нашите животи.“ Даница останала активна за време на пандемијата КОВИД-19: пишува и објавува и останува во контакт со стари лица во потреба од помош или, пак, лица кои се чувствуваат осамено, исплашено или отфрлено од заедницата.

„Старите лица не се товар за општеството: општеството може да има корист од нив.“

Низ повеќе од половина век активизам и волонтерство, Даница е борец за правата на старите лица: „Старите лица не се товар за општеството: општеството може да има корист од нив, но меѓугенерациската солидарност е особено важна, а ова стана дотолку поочигледно за време на пандемијата со Коронавирусот. Коронавирусот не нè спречи да си помагаме едни на други, и сè уште успеавме да волонтираме, но на различен начин, а меѓугенерациската солидарност ни помогна меѓусебно да контактираме и да научиме едни од други.“ Даница вели дека секој мора да го најде својот „внатрешен волонтер“ и, најмногу што може, да им помага на луѓето во своето соседство. Семејството и училиштето се особено значајни кога станува збор за градење на овие навики кај децата и младите: „Сметам дека треба да има часови за волонтерство и солидарност и дека луѓето треба од рана возраст да се вклучат во вакви активности. Ние сме нација полна со љубов, нација која знае како меѓусебно да си помогне, но, исто така, имаме навика лесно да забораваме.“

„Толку сум среќна за сликата што немам зборови. Со успехот и пофалбата доаѓа уште поголема радост, но и поголема одговорност. Сево ова инспирира и е, истовремено, поттик за да се продолжи со работа.“

Овој проект е финансиран преку проектот од поголем обем насловен „Приоритетна акција за родова еднаквост“ – имплементиран во соработка со Делегацијата на ОН и ЕУ во Србија, имајќи за цел да ги зајакне административните капацитети за родова еднаквост и да мотивира напредок во имплементацијата на националните и заложбите на ЕУ за родова еднаквост преку родова интеграција.     Даница се појавила на слика насловена „На автобуска станица – волонтерка на својот пат да посети старо лице во потреба од помош“ која освоила прва награда во категоријата „Најдобар ЕУ фото проект“ во рамки на натпреварот „Човек во фокус“, организиран од страна на Делегацијата на ЕУ во Србија во соработка со National Geographic Serbia“. Фотографијата била доставена од проект наречен „Зголемено учество на стари жени во јавниот и политички живот“, имплементиран од Здружението за граѓанско пријателство во соработка со организацијата „FemPlatz“. Даница вели: „Толку сум среќна за сликата што немам зборови. Со успехот и пофалбата доаѓа уште поголема радост, но и поголема одговорност. Сево ова инспирира и е, истовремено, поттик за да се продолжи со работа.“ 

Дигиталната економија: можност во време на криза

Млади луѓе во Косово и Црна Гора започнуваат општествена иновација и влегуваат во дигиталната економија со поддршка на проект финансиран од ЕУ. Глобалните и национални мерки за ограничување на вирусот; од социјално дистанцирање до затворање на бизниси, намалени приходи и потрошувачка на домаќинствата, резултираат со економска криза ширум светот. Во овој поглед, Западен Балкан не е исклучок: Редовниот економски извештај за Западен Балкан: Есен 2020, објавен од Светската банка, предвиде дека економската активност во регионот ќе се намали за 4,8 проценти во 2020; предизвикувајќи поголема рецесија од неодамнешната глобална економска криза. Но, истовремено, пандемијата создаде нови можности. Резимето за е-трговија во време на Ковид-19, објавено од Организацијата за економска соработка и развој, идентификува како КОВИД-19 го забрза ширењето на е-трговијата во насока на нови фирми, купувачи и производи. Ветувачка иницијатива која може да се претвори во голем бизнис Милош Лаковиќ, 27 години, е средношколски наставник и претприемач од Црна Гора. Тој е еден од визионерите кои во пандемијата виделе можност. Милош имал бизнис идеја за онлајн платформа која би ги поврзувала давателите и корисниците на услуги. Идејата постоела веќе некое време, но пандемијата го натерала посериозно да размисли и да преземе иницијатива за нејзино остварување. „Како наставник, знам дека голем број од моите колеги даваат приватни часови надвор од работното време. Ситуацијата којашто ја наметна пандемијата ме натера да размислам: ‘зошто овие услуги да не се промовираат и нудат онлајн?’ и одлучив да ја доразвијам идејата,“ вели Милош.

„Како наставник, знам дека голем број од моите колеги даваат приватни часови надвор од работното време. Ситуацијата којашто ја наметна пандемијата ме натера да размислам ‘зошто овие услуги да не се промовираат и нудат онлајн?’“

Со тек на време, Милош и неговиот тим смислиле повеќе видови услуги кои би можеле да се рекламираат и нудат преку платформата; од продажба на уметнички дела, па сè до козметика. Сега се во крајна фаза на пазарното истражување и наскоро ќе започнат со развивање на платформата. Милош објаснува дека голем дел од заслугата за развој на иницијативата препишува на поддршката која ја добил од учеството во работилниците на проектот финансиран од ЕУ –  “Самовработување и општествено младинско претприемништво“. „Со учеството во овие работилници, успеавме да ја доразвиеме идејата и да ја доведеме до ниво на вистинска претприемничка иницијатива,“ вели тој.

„Со учеството во овие работилници, успеавме да ја доразвиеме идејата и да ја доведеме до ниво на вистинска претприемничка иницијатива“

Во врска со проектот Проектот за Самовработување и општествено младинско претприемништво беше имплементиран во рамки на ИПА програмата за Меѓугранична соработка Црна Гора – Косово 2014 – 2020, финансиран од ЕУ. Проектот се имплементира од страна на граѓанските здруженија „Здружение за демократски просперитет – Зид“, „Ленс“, „Либерален демократски центар“ и „Центар за креативни вештини“. Проектот започна во јануари 2019, а се очекува да заврши на почетокот од 2021 година.   Простор „I2“ – место за иновација Целта на проектот е да го подобри пристапот до пазарот на труд за младите луѓе во Црна Гора и Косово. Сржта на идејата е воспоставување на физички средини во формат познат како „Хакер простор“ – опремување на овие простори со неопходните алатки и обезбедување на младите со обука и менторство од доменот на општествена иновација и дигитална технологија. Проектот основал две вакви места: едно во Пеќ, Косово, и друго во Подгорица, Црна Гора. Местата биле наречени Простор „I2“. За време на двете години од проектот, повеќе од 200 млади ги искористиле активностите на просторот „I2“ во Пеќ и Подгорица. Дел од нив веќе започнале да заработуваат преку вработување или нудење на хонорарни услуги. Проектот обезбедил курсеви и менторски програми за кодирање и веб приспособување, 3Д печатење и електроника, дигитален маркетинг, графички дизајн и фотографија. Божина Стешевиќ е проектен менаџер во граѓанското здружение „Здружение за демократски просперитет – Зид“ кое е водечки партнер за проектот од Црна Гора. Вели дека едно од главните достигнувања на проектот е замислата и ефективното функционирање на самата заедница Простор „I2“. „Постои внатрешен круг на корисници на Простор „I2“ кои меѓусебно соработуваат на заедничко место. Дополнително, постои и цел круг млади луѓе кои учествувале во обуката и, најнакрај, има поширок круг кој ги поврзува младите од двете страни на границата кои веќе соработуваат и разменуваат идеи и бизнис перспективи, но и ги кршат предрасудите.“ Менторството еден-на-еден било еден од клучните елементи на проектот. Како негов дел, од учесниците се очекувало да развијат иновативни идеи за стартап бизнис прототипи кои имаат потенцијал за понатамошно развивање. До денес, апликантите од програмата прототипирале 23 стартап идеи, вклучувајќи ја и замислата на Милош.

Зближување и заедничко дегустирање во Призрен, Косово

Група косовски организации воведуваат иновативни начини за претставување на културното наследство и современи искуства за доживување и уживање. Призрен се смета за културна престолнина на Косово поради својата историја и изобилно културно наследство. Градот има и богато гастрономско наследство; вклучувајќи „leqenik“ или проја, локално сирење, и јадења со месо како, на пример, „tavë“ и сарма. Но, овие вкусни специјалитети не се достапни за повеќето посетители. Тие се составен дел од домашните менија на призренските семејства ама ретко се наоѓаат во рестораните. Група граѓански здруженија презела иницијатива да ги претстави вкусните и скриени гастрономски богатства на посетители кои немаат пријатели во Призрен. Идејата е мошне едноставна: онлајн апликација предлага палета традиционални специјалитети и домаќинства во кои истите можат да се вкусат за возврат на одредена тарифа. На овој начин, покрај дегустирањето традиционална храна, посетителот би можел да го засведочи и традиционалниот семеен живот, како и да ужива во внатрешниот декор на призренските историски куќи.

„Идејата на центарот е собирање на организации од различни сектори активни во доменот на културното наследство, креирајќи, на тој начин, синергии“

Ова е само еден од проектите кои наскоро треба да се реализираат од страна на група организации коишто се дел од центар за косоздавачко наследство. Центарот бил инициран од проектот ILUCIDARE, финансиран од ЕУ, со цел спојување на локалните културни организации и олеснување на трансферот на знаења, експериментирање и меѓусекторска соработка. Проектот има за цел, исто така, да влијае врз економскиот и социјален развој на градот преку акцентирање на неговиот културен и уметнички потенцијал. Ермире Красниќи е извршна директорка на Oral History Kosovo, еден од членовите на центарот. „Идејата на центарот е собирање на организации од различни сектори активни во доменот на културното наследство, креирајќи, на тој начин, синергии“, објаснува таа Правејќи го невидливото наследство видливо  Призрен поседува извонредни архитектонски скапоцености, а неговото наследство е сведок за различните културни влијанија и традиции. Меѓутоа, градот поседува, исто така, и богато невидливо наследство – особено во доменот на рачни изработки (со посебен осврт на везовите за чеиз, ткаенини и филиграни), музика и гастрономија. „Навикнати сме да го гледаме Призрен како место со стари џамии и цркви, но имаме многу малку насоки за уживање во други нешта како, на пример, храната или филигранот. Нашата замисла е да им овозможиме на луѓето подобро разбирање на културното наследство и тоа не само како нешто од минатото, туку и како дел од современиот живот кој може да се допре, вкуси, искуси и во којшто може да се ужива“, вели Ермире. Ермире исто така објаснува дека една од целите на центарот за наследство е да го претстави овој вид на локален моментум. „Доколку постои идеја или некаква можност, можеме да ги поддржиме и развиеме, користејќи го центарот како еден вид лабораторија каде што доаѓаат идеи, а потоа се тестираат и развиваат со нашата соработка и професионална помош. Крајната визија е да се засили гласот на организациите за културно наследство, да се зголеми нашето присуство и волуменот на проекти во доменот на културното наследство“, вели таа.  

„Во постојан дијалог сме; заеднички создаваме идеи и сметам дека тоа е важно.“

ILUCIDARE е тригодишен проект финансиран во рамки на програмата Хоризон 2020 на ЕУ. Проектот е под водство на универзитетот од Левен (Белгија) и спојува осум меѓународни партнери. Целта на проектот е да промовира иновација и меѓународна соработка во доменот на културното наследство.  Проектот се имплементира ширум четири континенти, со локации кои ги вклучуваат Западна Европа, Западен Балкан, Северна Африка, Супсахарска Африка, Средниот Исток и Јужна Америка. Целта на проектот е долгорочниот исход да резултира со првата глобална мрежа на практиканти кои ќе промовираат иновации во доменот на културното наследство и меѓународни односи ширум светот. Промовирање меѓународна соработка за културно наследство ширум светот Невладината организација Културно наследство без граници е проектниот партнер во Западен Балкан. Покрај иновациите за културно наследство кои доаѓаат од нивниот центар, нивниот проект поседува иницијатива фокусирана на меѓународна соработка за културно наследство. Конкретно, ги мапираат и снимаат традиционалните камени куќи или „kullas“ во Албанија, Косово и Црна Гора, подготвувајќи, на тој начин, предлог за истите да бидат додадени на листата за културно наследство на УНЕСКО. Др. Азилиз Вандсанд е постдокторски истражувач на Raymond Lemaire – меѓународен центар за конзервација на Католичкиот универзитет во Левен и е технички координатор на проектот. Таа објаснува дека преку развивањето на проектот сакале да создадат нов концепт за меѓународни односи. „Тоа што одлично е совпаѓа е идејата за размена на знаења. Во постојан дијалог сме; заеднички создаваме идеи и сметам дека тоа е важно“, вели таа.

Традицијата, модата и уметноста сочинуваат бизнис

Жена од Рожаје, Црна Гора, ги меша традицијата, модата и уметноста за да започне нов бизнис. Игбала Муриќ, 49 години, живее во малото гранично гратче Рожаје во Црна Гора. Уште од рана возраст уживала да шие традиционални ткаенини како постелнина, облека и салфети. Веќе во средношколските денови била одлучна дека со помош на своите шивачки способности ќе изгради професионална кариера. Имајќи ја согласноста на своите родители, се запишала во стручно средно училиште за текстилно производство. Подоцна, во животот, работела како кројачка во компании во Црна Гора и Турција, но ваквата работа не вклучувала традиционални изработки. „Ми недостигаше работата на традиционална облека и ткаенини. Нашите традиционални облеки се уникатни и убави, а истовремено се и дел од нашето културно наследство“, вели таа. Игбала отсекогаш сакала да направи нешто за зачувување на традиционалното текстилно наследство. Нејзината замисла била да основа свој бизнис специјализиран во доменот на нејзините омилени традиционални облеки. Но, за да го направи тоа, ѝ била потребна финансиска поддршка, како и знаење за отпочнување и управување со бизнис. Времето поминувало, но таа не била во можност да отпочне со нешто што би било одржливо.

„Нашите традиционални облеки се уникатни и убави, а истовремено се и дел од нашето културно наследство“

Наоѓање соодветна поддршка Во 2019 година, Игбала дознала за проектот „Занаетчија“ (Craftsman), дел од ИПА програмата за меѓугранична соработка Србија – Црна Гора 2014 – 2020, финансирана од Европската Унија. Проектот нудел поддршка за жени и млади во регионот Рожаје во Црна Гора и Сјеница во Србија. Ја регистрирала својата компанија и се пријавила за поддршка. Учествувала во тренинг програма за бизнис менаџмент, добила нова машина за шиење и станала дел од претприемничкиот свет. Проектот обезбедил поддршка за повеќе од 90 индивидуи како Игбала преку нивно инволвирање во програмата за тренинг и менторирање. Како резултат на поддршката, од почетокот на годината, таа го зголемила своето производство и планирала да вработи и други жени; сè додека нејзините планови не биле нарушени поради пандемијата. „Обично, работев на рачни изработки. Поддршката од проектот ми овозможи прилика да го проширам својот бизнис, да го зголемам производството и да продавам во останатите делови на Црна Гора“, вели таа.

„Поддршката од проектот ми овозможи прилика да го проширам својот бизнис, да го зголемам производството и да продавам во останатите делови на Црна Гора“

Амела Ковачевиќ Календер, проектна менаџерка, вели: „Општината Рожаје со гордост го поддржува локалниот економски развој, со фокус на создавање нови работни места и претприемништво. Нашата цел е да ги охрабриме луѓето да ги остварат своите идеи и да покажеме дека дури и малите иницијативи можат да имаат значајно влијание врз локалната економија.“ Партнерите за имплементација на проектот се Општините Рожаје и Сјеница, во соработка со двете стручни средни училишта во овие градови. Проектот „Занаетчија“ („Craftsman“) е дел од ИПА програмата за меѓугранична соработка Србија – Црна Гора 2014 – 2020, финансиран од Европската Унија. Помагање на традиционалните бизниси Микро, малите и средни претпријатија играат клучна улога во вработувањето на разновидна работна сила и генерирање профит за локалните заедници во Црна Гора и Србија. Под раководството на локалните авторитети, проектот иницирал соработка помеѓу средните стручни училишта од целните општини и тоа со цел обновување на интересот за традиционалните бизниси како, на пример, рачните изработки. Проектот создал нови работни места за ранливите категории на население; вклучувајќи ги младите и жените, нудејќи им ја помошта која им била потребна во поглед на бизнис знаење, поддршка за млади бизниси во зачеток, тренинг и менторирање. Дополнително, проектот обезбедил и специјализирани занаетчиски алатки за средните училишта во Рожаје и околината на Сјеница во Србија, ставени на располагање не само на учениците туку и на други потенцијални претприемачи.

Гласот на еднаквоста изразен преку модниот дизајн

Модна дизајнерка од Северна Македонија ја одразува панк филозофијата во своите дизајни. Теодора започнала да слуша панк музика кога имала 14 години. „Претходно, бев нормално дете, со Барби кукли и собата ми беше обоена розово. Сè беше навистина во женски стил“, вели таа, потсетувајќи се на облеките кои ги шиела за своите барбики. Раскажува дека израснала со огромна љубов и грижа од своите родители во скоро идеално детство. Но, за време на тинејџерските денови, станала бунтовничка. Како да се најде панк стил во Скопје? Како што Теодора преминала од розова боја на панк, сакала соодветно да се облекува. Меѓутоа, нејзиниот роден град – Скопје, немал продавници за облека во панк стил. „Познавав деца чии родители биле панкери кога биле млади, па тие ја носеа старата облека на своите родители. Јас не бев во таква позиција, па започнав самата да дизајнирам и шијам сопствена панк облека.“ На времето, Теодора не знаела дека тоа ќе биде почетокот на нејзиниот сопствен моден дизајн и модна кариера. Потоа, одлучила да студира моден дизајн и заминала во Лондон каде што започнала панк културата. Додека била таму, ги развила своите дизајни. „За мене, панкот отсекогаш бил начин како да се избегне мислењето на општеството и да се биде слободен“, вели таа, а нејзините креации го одразуваат кажаното преку неконвенционалните материјали и мешањето на родовите норми. „Познавав деца чии родители биле панкери кога биле млади, па тие ја носеа старата облека на своите родители. Јас не бев во таква позиција, па започнав самата да дизајнирам и шијам сопствена панк облека.“ Кога дипломирала на универзитетот Middlesex во Лондон, Теодора започнала да бара начини како да влезе на пазарот на модата преку промоција и продажба на нејзиниот бренд. Знаела дека да се има уникатен бренд може да биде огромен благослов, но, исто така, и предизвик – било навистина тешко да се најде место на пазарот рамо до рамо со конвенционалните брендови. Имала само 21 година и можностите биле навистина ретки, но Модниот викенд Скопје, невладина организација од нејзиниот роден град, ја поканил да ја претстави својата работа на модната недела во Рига, а потоа и во Лисабон. „Неверојатно ми беше дека ова се случува! Света, од Моден викенд Скопје, чула дека сум дипломирала и дека мојата дипломска колекција е подготвена. Ми се јави и ми кажа дека би била одлична кандидатка за да ја претставувам Северна Македонија на овие ревии. Бев возбудена“, се смее Теодора. Заедно со партнери од Белгија, Франција, Германија, Латвија и Португалија, Модниот викенд Скопје отпочнал проект наречен „United Fashion“, финансиран од програмата Креативна Европа на ЕУ. Овој проект им помага на младите дизајнери да ја промовираат својата работа, да стекнат нови вештини од доменот на модниот маркетинг и да градат врски со колеги и модни компании низ Европа. Учење на основата Теодора вели дека на ова гледала како одлична прилика за да ги научи особеностите на модната индустрија. „Сакав да научам како се подготвува модна ревија, како се работи на фризурата и шминката или како моделите вежбаат.“  Во Лисабон и Рига, Теодора учествувала, исто така, и во работилници и семинари со гости-говорници кои зборувале за можности за производство и соработка, одржливост на брендовите и маркетинг стратегии. Меѓутоа, сфаќа дека најмногу ѝ помогнало “мешањето на коктел забавите на коишто имав прилика да зборувам со производители и да разберам како индустријата навистина функционира.“

„За мене, панкот отсекогаш бил начин како да се избегне мислењето на општеството и да се биде слободен“

Трансформирање на панкот во успех Во моментот, Теодора работи како асистентка на универзитетот Middlesex. Сè уште активно го промовира својот бренд, користејќи сè што научила, имајќи за цел да стане позната дизајнерка во Европа и пошироко. „Имам чувство дека можам да направам нешто навистина големо. Можеби звучи како клише, но убедена сум дека ќе сум успешна“, вели таа.