Skip to main content

Фри флоу (free flow) на сигурни деловни нозе

Македонска компанија за музичка продукција ги учи музичарите за уметноста на музичкиот бизнис. Лука Ѓоргиевски, 26 години, е член на бендот Фанк Шуи (Funk Shui) од Северна Македонија. Основан во 2010, бендот ја опишува својата музика како ‘фри флоу’ (free flow). На прашањето за тоа од каде му е инспирацијата да биде музичар, Лука одговори: “Бев вчудоневиден кога открив дека луѓето можат да комуницираат не само преку зборови. Музиката е елитна привилегија.“ “Имајќи го ова на ум, навистина го ценам дарот на музиката и се обидувам, преку неа, да ги насмеам и разиграм луѓето, а, исто така, и да ги ослободам од стравот. Луѓето, пак, го чувствуваат тоа. Да се научи ова, беше сосема случајно.“ – додава Лука. Бендот има бројни музички записи и е добро познат во Северна Македонија и во останатите држави во Западен Балкан. Но, нивното музичко патешествие е сочинето од многу предизвици исто така. Кога го прашавме кои се овие предизвици, Лука одговори: “Поарно би било да прашате што сè не е предизвик. Предизвици има еден куп!“

“Бев вчудоневиден кога открив дека луѓето можат да комуницираат не само преку зборови. Музиката е елитна привилегија.“

Учејќи ја уметноста на бизнисот
Еден од најголемите предизвици бил деловниот аспект на нивната работа. Фанк Шуи (Funk Shui), решението за овој проблем го нашле во соработката со професионален музички менаџер. Горјана Јовановска, која работи за Password Production; компанија за музички менаџмент, објаснува дека повеќето уметници во Северна Македонија се “неедуцирани од аспект на музички бизнис“. Не знаат како да се продадат себеси ниту, пак, знаат како да работат во професионалниот музички свет. Знаат само да создаваат музика.“ – вели таа.

“Не знаат како да се продадат себеси… Знаат само да создаваат музика.“

Не само за музичари Дополнително, проектот Центар за музичка размена и иновација во Централна и Југоисточна Европа (Hub for the Exchange of Music Innovation in Central and South-Eastern Europe – HEMI), ќе го олесни објавувањето на содржини и промоција на новости, поврзувањето на надежни и познати артисти, претприемачи, промотери на фестивали, менаџери на културни настани, музички училишта и многу други, обединети во една заедничка маркетинг заедница. Проектот започна во 2019 и ќе трае до крајот на 2023. До тогаш, проектот ќе ги поддржи музичките уметници преку креирање на платформа за нивна промоција и деловна едукација. Проектот ќе биде надополнет и од Музички иновациски инкубатор (HEMI Music Innovation Incubator) каде што музичарите ќе научат да се служат со информатички и комуникациски технологии (ИКТ) и онлајн маркетинг со цел промоција на нивната музика, како и деловен развој на нивните вештини за менаџмент неопходни за држење чекор со тековните и идни предизвици на музичката индустрија. Па, така, додека музиката на Лука шири насмевки и ги разигрува луѓето, Горјана и нејзините колеги внимаваат како тој и неговите колеги ширум регионот да се развиваат на сигурна и цврста бизнис основа.   Password Production одлучиле систематично да се справат со овој предизвик, сè со цел да им помогнат на своите клиенти, а и на други музичари, по пат на деловна музичка едукација. Заедно со партнери од Чешка, Естонија, Грција, Полска, Романија, Србија и Словенија, стартувале проект насловен Центар за музичка размена и иновација во Централна и Југоисточна Европа (Hub for the Exchange of Music Innovation in Central and South-Eastern Europe – HEMI). Овој проект е финансиран од програмата Креативна Европа (Creative Europe) на Европската Унија. “Проектот овозможува експертиза, стручно советување и обуки за музички професионалци во Централна и Југоисточна Европа, одговарајќи, истовремено, на тековните и идни потреби на музичкиот сектор не само во регионот, туку и ширум Европа.“ – вели Горјана. Горјана верува дека овој проект ќе обезбеди неопходен придонес за професионалниот развој на музичката заедница. Покрај пристап до стручно советување од аспект на деловна едукација, уметниците добиваат, исто така, прилика да учествуваат на фестивали организирани од партнерските организации во сите девет земји-учеснички во проектот.

Градови поврзани преку уметност

Како еден проект му помага на македонски уметник да се поврзе со колеги од ЕУ и да го промовира своето дело во странство. Гоце Илиевски е уметник од Скопје, Северна Македонија, кој работи со современи, традиционални и дигитални уметнички форми. Остварил 12 самостојни изложби, а учествувал и во групни изложби, како дома, така и во странство. Добитник е на бројни награди за неговите масла на платно, акварели и фотографии. Но, неговиот професионален пат е исполнет со предизвици. Гоце раскажува дека и покрај тоа што отсекогаш ја имал поддршката на своето семејство и пријателите, да се живее и заработува како уметник во Северна Македонија е особено тешко. “Пазарот тука е ограничен, но, за среќа, Интернетот отвора бројни можности. Поголемиот дел од мојот приход доаѓа од странство, како и од онлајн пласман, така што можам да аплицирам за најразлични проекти и да ја промовирам својата работа пред нова публика. Во спротивно, би било навистина тешко да живеам од мојата уметност.“ Уметниците црпат инспирација преку културни размени, а патувањата отвораат нови можности за споделување и претставување на нивната работа. Во оваа насока, Гоце не е исклучок, па, затоа, штом го видел повикот за учество во проектот CreArt, финансиран од ЕУ, веднаш аплицирал. CreArt (Мрежа градови за уметничка креација) е мрежа составена од европски градови, како и од државни и приватни културни институции. Уметниците кои земаат учество во активностите на CreArt се избираат преку отворени повици и добиваат можности за престој, обуки и промоција во градовите-учесници.

“Поголемиот дел од мојот приход доаѓа од странство, како и од онлајн пласман, така што можам да аплицирам за најразлични проекти и да ја промовирам својата работа пред нова публика. Во спротивно, би било навистина тешко да живеам од мојата уметност.“

  Инспирација и врски Апликацијата на Гоце беше успешно примена, а проектот му овозможи да го посети градот Каунас, во Литванија, каде што престојувал цел месец и ги изложувал своите уметнички дела. “Иако времето не беше најпогодно за престој – престудено беше додека бев таму! – луѓето беа љубезни и топли. Ми се допадна, исто така, и пејзажот, а и начинот на кој функционира нивната заедница, како и инфраструктурата.“ Покрај инспирација и културно збогатување, патувањето му овозможи на Гоце да ја надмине својата најголема професионална загриженост: да ги продава своите уметнички дела надвор од родната Северна Македонија.

“Ова беше навистина вредно искуство, па сега имам дополнителни канали и можности да ја пласирам својата уметност преку новостекнатите способности и мрежи.“

Создавање “културно живи“ градови Координативно тело на мрежата CreArt е шпанската културна фондација – Fundacion Municipal De Cultura – Ayuntamiento De Valladolid. Партнерска институција во Северна Македонија е градот Скопје; кој се приклучи во проектот во втората фаза. Гоце е еден од преку 380 уметници и 65 куратори кои учествувале во активностите на оваа мрежа; основана уште пред 8 години. Финансирана од програмата Креативна Европа (Creative Europe), мотото на мрежата CreArt е следното: ‘Кога градот е културно жив, тој е, истовремено, поздрав и послободен’. Мрежата направила истражување кое ја докажува вредноста на уметничката креација за локалниот развој, не само преку создавање нови работни места, туку и преку привлекување на инвеститори и придонес за општествена иновација. Проширувајќи ги можностите за културните оператори, оваа платформа за соработки игра клучна улога во креативниот, општествениот и економски развој на градовите ширум Европа. Неговиот студиски престој вклучувал работилници преку кои научил не само за креирање врски помеѓу уметниците и продажните агенти од различни држави, туку и за промоција на здружена уметничка соработка во странство. “Ова беше навистина вредно искуство, па сега имам дополнителни канали и можности да ја пласирам својата уметност преку новостекнатите способности и мрежи“ – вели Гоце, додавајќи дека ова е, можеби,  најголемата придобивка од целото искуство.

Нови работни можности за лицата со попреченост во Босна и Херцеговина

Запознајте ја Рубина – девојка чија дијагноза ѝ го изменила животот и ја поттикнала на нов почеток и нов бизнис Иако сосема често слушаме за луѓе кои ги напуштаат селата и провинцијата за да најдат работа во градовите низ Босна и Херцеговина, ретко слушаме за спротивното. Една од оние кои го направиле тоа е 38-годишната Рубина Џановиќ. Рубина е дипломирана графичка дизајнерка, но не успеала да најде работа. Родум од Сараево, Рубина отсекогаш живеела во престолнината сè додека дијагнозата за мултипла склероза не ѝ го променила животниот тек. “Бев во добра психолошка состојба. Но, физичката состојба ми беше ужасна – хронична болест е во прашање. Бев во болки и ноќе не можев да спијам.“ – вели таа. За олеснување на болките, докторите советуваа да поминам некое време на чист воздух, во природа. Оттогаш, Рубина започнала често да го посетува селото на мајка ѝ; кое има, исто така, и термални извори. “Секојпат кога одев на село, се чувствував подобро. Па, така, почнавме да поминуваме сè повеќе време на село, а во еден момент, со сопругот одлучивме и дефинитивно да се преселиме таму.“ – раскажува Рубина.

“Секојпат кога одев на село, се чувствував подобро. Па, така, почнавме да поминуваме сè повеќе време на село, а во еден момент, со сопругот одлучивме и дефинитивно да се преселиме таму.“

 
Мала помош која прави голема разлика
Преселбата од град на село донела свои предизвици. Со мала заштеда, семејството купило крава и започнале со егзистенцијално земјоделство. Но, за волја на вистината, имале потреба од приходи. Очигледна одлука била развој на земјоделскиот бизнис, па, охрабрени од еден од соседите, купиле уште неколку крави и започнале со производство на домашно сирење. Одлуката се покажала како добра, а и продажбата тргнала, но, со зголемениот обем на работа, се појавила и потреба за дополнителна поддршка.  
Иако Рубина не голема љубителка на социјалните мрежи, од време на време, ја проверува својата Фејсбук страница. Во една прилика, вниманието ѝ го привлекла една реклама – повик за предлози, финансиран од ЕУ, во склоп на проектот ‘P.O.W.E.R.’, имплементиран од Caritas Босна и Херцеговина; кои поддржуваат вработување на лица со хендикеп.  
Откако разговарала со својот сопруг, одлучиле да побараат повеќе информации. Со оглед на тоа што Caritas Босна и Херцеговина е организацијата одговорна за локална имплементација на проектот, Рубина се обратила кај нив. Тие ѝ потврдиле дека е соодветна кандидатка и ѝ објасниле дека процедурата за аплицирање е навистина едноставна. Рубина немала што да изгуби, па, затоа, одлучила да состави предлог-барање и го поднела своето досие.  
За да бидат поефикасни, имале потреба од трактор. Со него, би можеле да посветат повеќе време на зголемување на производството на млеко и сирење, а и да ја прошират палетата производи. “Благодарение на проектот, добивме трактор кој ни е од огромна помош. Мојот сопруг сега може побрзо и поефикасно да ги извршува земјоделските обврски. Едноставно кажано, за нас, ова е извонредна поддршка.“ – среќно раскажува Рубина.  
Компанијата на Рубина, ‘Rubi Milk’, воглавно продава домашно сирење и млеко преку достава по нарачка во Сараево. Благодарение на тракторот, го прошириле бизнисот и започнале со одгледување зеленчук. “Луѓето се заинтересирани за органски и домашни продукти, па си помисливме – ‘зошто да не додадеме свежи и природно одгледани зеленчуци на нашата листа со производи?’ Ова се покажа како одлична идеја, а нашите клиенти ги обожаваат производите. Сега, заедно со сирењето, доставуваме и свежи зеленчуци.“

“Со соодветна поддршка и вистински можности, луѓето со хендикеп можат значително да придонесат за општеството.“

Проектот ‘P.O.W.E.R.’ беше имплементиран како дел од Програмата за меѓугранична соработка на ЕУ во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Благодарение на овој проект, повеќе од 100 лица со хендикеп добија можност за зголемување на нивните професионални способности преку менторство и обуки, директна поддршка за набавка на опрема, кариерно советување, користење на интерактивна платформа за кариерен развој и вработување на лица со хендикеп, како и директна поддршка за вработување. Нудејќи ги вистинските можности За многу лица со хендикеп или здравствени нарушувања, предизвик е да се најде и задржи работа. Златко Михалиќ од Caritas Босна и Херцеговина објаснува дека целта на проектот ‘P.O.W.E.R.’ е да му докаже на општеството дека луѓето со хендикеп треба да имаат ист пристап до можности за работа како и лицата без хендикеп. “Со соодветна поддршка и нудејќи им вистински можности, луѓето со хендикеп можат значително да придонесат за општеството. Но, тие се соочуваат со бројни предизвици; од стигматизирање, па сè до несоодветни алатки за поддршка.“ Со соодветна поддршка, корисниците на помош би можеле да го развијат својот живот и бизнис.

Наоѓање на работата од соништата во дигиталниот Облак

Нов модел на дигитална обука за разрешување на неусогласеноста на вештините и невработеноста Стапката на невработеност кај младите во Западен Балкан е една од највисоките во Европа; варирајќи од 28,3% во Албанија до 55,4% во Косово (според Eurostat 2018). Но, од друга страна, пак, остануваат бројни непотполнети работни места. Едно од решенијата е дообучување на младите преку курсеви за обука кои се фокусираат на специфични и барани, од работодавците, вештини. Ваков приод зазеде српската младинска организација RES POLIS (Центар за младински и социјален развој), специјализирана во доменот на развој на неформални образовни стратегии за поттикнување и инспирирање млади луѓе.   “Сведоци бевме на парадокс во Србија“ – објаснува Борис Негели од RES POLIS. “Од една страна, имавме висока стапка на невработеност, но, од друга страна, пак, ИТ секторот имаше сериозен дефицит на обучени работници. За нас, решението беше едноставно: Државниот завод за вработување, одговорен за обучување на невработените, треба да вклучи ИКТ обуки  во склоп на образовните програми.“ Ова беше инспирацијата за проектот ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’) кој го започна RES POLIS уште во 2009 година. Целта беше да се развијат ИКТ образовни програми во домени каде што имаше недостаток на талент. Оттогаш, ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’) континуирано расте. Проектот е поддржан од програмата ЕРАЗМУС+ на Европската Унија, која промовира соработка на полето на образование, обуки и младинска работа, вклучувајќи го, исто така, и Западен Балкан. Овој проект обединува партнерски организации од Франција, Италија, Албанија и Кипар, кои придонесуваат со своите различни искуства. Со оглед на тоа што многу држави ширум Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици, споделувањето на искуства е од неопходна важност. Понудените обуки покриваат најразлични полиња; од графички дизајн, веб дизајн, програмирање и 3Д моделирање, па сè до основни анимации за игри. Секој помеѓу 18 и 30 години може да се пријави, а особено ги мотивираме да аплицираат младите од маргинализираните групи. За да се здобијат со меѓународно искуство, успешните кандидати продолжуваат со обуката во некоја од државите-партнери.

“Од една страна, имавме висока стапка на невработеност, но, од друга страна, пак, ИТ секторот имаше сериозен дефицит на обучени работници. За нас, решението беше едноставно: Државниот завод за вработување, одговорен за обучување на невработените, треба да вклучи ИКТ обуки  во склоп на образовните програми.“

Излез од затворен круг Ериселд, 26 години, од Албанија, е еден од многуте млади кои се пријавиле за обука. “Иако имам дипломирано во доменот на информатички технологии, за да заработам за живот морав да работам во фабрика наместо според професијата“ – вели тој. Ериселд објаснува дека иако учеле премногу теорија на факултет, му недостигало практично знаење.

“Моите работни перспективи се променија кога дознав за ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’). Беше тоа што навистина ми требаше.“

Поглед кон иднината Побарувачката континуирано расте, а RES POLIS постојано гледа кон иднината. Програмите редовно се евалуираат со цел да ги исполнуваат потребите на бројните предизвици со кои се соочува ИТ секторот на долгорочен план. Крајната цел е нивните веќе испробани и тестирани ИКТ програми да бидат инкорпорирани во портфолиото обуки за невработени на Државниот завод за вработување. Ситуацијата наликувала на безизлезен круг – му требало искуство за да го искачи првото професионално скалило, но, најпрво, некој требало да го вработи. “Моите работни перспективи се променија кога дознав за иницијативата ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’). Беше тоа што навистина ми требаше,“ – вели Ериселд. Ериселд учествувал во две десет дневни обуки како дел од иницијативата ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’) во Србија и Италија, благодарение на коишто се стекнал со нови вештини и видувања од странство. Кратко потоа, добил и работна понуда од InTech; ИТ компанија со седиште во Тирана, каде што Ериселд ја завршил практичната обука за време на проектот. Откако се здобил со работно искуство, Ериселд презел решителен чекор и одлучил да работи хонорарно, нудејќи ИТ услуги за локални и меѓународни клиенти. Неговите планови за иднината вклучуваат започнување сопствена компанија и вработување други луѓе.