Со поддршка на ЕУ, предводничка ЛГБТИ организација маршира во одбрана на заедницата во Косово.
Како би ги карактеризирале членовите на ЛГБТИ (лезбијка, геј, бисексуалец, трансродова, и интерсеклсуална личност) заедницата? Одговорите на просечен Косовар вклучуваат: екстравагантни, знаме на виножитото и Парада на гордоста. Ваквите стереотипи се, главно, резултат на ограничените информации во масовните медиуми, комбинирани со традиционалните ограничувања кои го забавуваат процесот на отворање на општеството. Но, за косовската ЛГБТИ заедница може да се каже многу повеќе отколку Парада на гордоста и не сè е така шарено како што изгледа на сликите.
„Ја организираме Парадата на гордоста за да ја подигнеме свеста за правата на ЛГБТИ заедницата, но и за да го дигнеме гласот поради загриженоста за кршењето на овие права. Всушност, се работи за протестен марш,“ вели Арбер Нухиу од „CSGD“ – „Center for Social Group Development“ (Центар за развој на социјалните групи).
Организацијата е еден од најважните органи на граѓанското општество кој работи за подобрување на позицијата на заедницата и е клучниот организатор на сите настани кои се случуваат во склоп на Парадата на гордоста. Последните години, насловот на настанот беше истополовиот брак; законско право кое е одбиено од косовските институции иако е загарантирано со Уставот. „CSGD“ и другите ЛГБТИ и организации за човекови права со години лобираат за оваа одредба да биде вклучена во Граѓанскиот законик, но, досега, нивните повици се игнорирани.
Новинари добиваат повеќе време за да ја кажат вистината
Истражувачкото новинарство е скапоцено богатство во кое ЕУ смета дека вреди да се инвестира.
Во Косово, консумацијата на дигитални вести доживеа вистински бум пред неколку години. Како што пандемијата ги принуди луѓето да поминуваат повеќе време дома, моќта на дигиталните платформи порасна, а истите платформи се најчестиот извор на неточни или погрешни информации.
Според Арта Бериша, проминентна новинарка која го покривала феноменот на лажните вести, бројот на онлајн портали за вести во Косово се издигнал во периодот околу општите избори во 2017. Во тоа време, само што била започнала да предава новинарство: „Како новинарка, бев загрижена поради недостатокот на стандарди на овие портали,“ вели таа.
„Сакавме да понудиме платформа за новинари кои не се во можност независно да креираат содржина; за да можат да си ја работат својата работа без, притоа, да бидат под влијание на рекламаторите или дневниот притисок за креирање содржина во нивните редакции за дневни вести.“
Во споредба со пазарот во САД каде што создавањето лажни вести е заради финансиски добивки, во Косово лажните вести се наменети, главно, за политички цели. „Изобилуваат содржините со привлечни наслови и пристрасни и непроверени информации кои се креирани за чисто политички намери од страна на претставници на медиумите поврзани низ политичкиот спектар во Косово,“ вели Бериша која нашироко пишувала на оваа тема во 2017. Ситуацијата е потврдена во студија на Европскиот парламент која ја цитира работата на Бериша и заклучува дека дезинформациите во Западен Балкан се креираат и шират од домашни чинители за домашни цели. Студијата за дезинформации, спроведена во периодот помеѓу 2018 до 2020, открива три клучни предизвици поврзани со дезинформациите: надворешни предизвици за кредибилитетот на ЕУ, дезинформации поврзани со пандемијата КОВИД-19 и влијанието на дезинформациите врз изборите и референдумите. Серија од 12 статии, напишани од Бериша, го просветлиле овој широко распространет феномен во дигиталните медиуми кои покриваат низа теми; од изборите до проверка на факти и неоправдано владино финансирање на селектирани медиуми со потенцијал да влијаат на нивните уредувачки политики. Во нејзините статии, таа во фокусот ги става порталите за вести кои се членови на Советот за печат и кои постојано објавувале приказни со лажни информации кои потенцијално ѝ наштетуваат на одредена личност или репутацијата на одреден ентитет. Јавниот радиодифузен сервис, РТК, не бил исклучок.„Изобилуваат содржините со привлечни наслови и пристрасни и непроверени информации кои се креирани за чисто политички намери од страна на претставници на медиумите поврзани низ политичкиот спектар во Косово.“
За програмата БИРН и Здружението новинари во Косово го имплементираа проектот „Придонесување за зајакнување на независното, истражувачко, и од јавен корист, новинарство и Слобода за изразување во Косово“, финансиран од грант на ЕУ. Со помош на стипендија биле финансирани 20 индивидуални новинари додека, пак, шемата за подгрантови обезбеди поддршка за 48 грантисти; вклучувајќи 26 индивидуални новинари (од коишто 12 жени) и 22 медиумски организации (од коишто 16 со седиште во заедници на малцинства). Меѓувремено, програма за стажирање нуди можност на 57 стажанти, од кои 41 се жени. Во рамки на проектот беа создадени 440 новинарски дела, а поголемиот дел од нив беа повторно издадени во медиумите низ Косово и регионот. Бериша била дел од 46 новинари кои ги објавиле своите откритија на низа теми од јавен интерес како дел од програма, финансирана од ЕУ, за зајакнување на истражувачкото новинарство и слобода на изразување во Косово. Шемата, имплементирана преку стипендии и грантови, им овозможила на новинарите да спроведат длабински истражувања во период до шест месеци. „Сакавме да понудиме платформа за новинари кои не се во можност независно да креираат содржина; за да можат да си ја работат својата работа без, притоа, да бидат под влијание на рекламаторите или дневниот притисок за креирање содржина во нивните редакции за дневни вести,“ вели Албулена Садику од Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН. Истражувачките статии отворија јавна и медиумска дебата, па дури и парламентарна дискусија за проблеми од висок јавен интерес. Дополнително, новинарите добија награди за својата работа; таков е, на пример, случајот со приказната за детските права доделена од страна на коалиција невладини организации активни во таа сфера. Статиите на Арта Бериша биле нашироко објавувани од локалните медиуми и пошироко. Сите заедно придонесуваат за градење на новинарскиот кредибилитет, вели таа. „Лажните вести прават луѓето да ја изгубат довербата во новинарството.“ Бериша додава, исто така, дека ваквата ситуација ја нарушува нашата способност да идентификуваме веродостојни извори на информации. Организирала изложба со печатени примери од нејзиното истражување со цел да ја подигне свеста за проблемот меѓу медиумската заедница. „Не се појави ниту еден медиумски претставник кој учествуваше во моето истражување.“Јапонските јаболка стануваат „наше овошје“ во Црна Гора
Црногорска компанија наоѓа потенцијал за раст во земјоделството со поддршка на ЕУ.
Црна Гора е нето увозник на земјоделски и прехранбени производи. Иако трговскиот дефицит се намалил во текот на последните неколку години, истражувањето од Институтот за перспективни технолошки студии, финансиран од ЕУ, покажува дека одреден број елементи сè уште имаат влијание врз ваквата ситуација. Тука се вклучуваат фрагментираните фарми, нискиот волумен на примарно производство, неразвиениот сектор за преработка и ниската стапка на применување на модерни производствени технологии.
Потенцијалот за раст на земјоделскиот пазар бил забележан од „Велетекс“ – црногорска компанија која работи веќе 30 години и е вклучена во прехранбена дистрибуција и малопродажба на производи за хортикултура. Градинарските центри „Калиа“, во сопственост на компанијата, вработуваат преку 40 агрономи.
„Ниту една друга компанија или институција во Црна Гора не вработува толку многу експерти за агрикултура. „Калиа“ е, исто така, извор на снабдување со суровини за земјоделско производство, што беше од помош“
Потенцијал за раст Милош Голубовиќ е генерален менаџер на „Велетекс“. Објаснува дека примарното земјоделско производство било добар избор за нивниот бизнис. Секторот на дистрибуција, кој е најстариот сектор во компанијата, се занимава со дистрибуција на храна, вклучително овошје и зеленчук, така што компанијата има деловни партнери и контакти за продажба на земјоделски производи. „Ниту една друга компанија или институција во Црна Гора не вработува толку многу експерти за агрикултура. „Калиа“ е, исто така, извор на снабдување со суровини за земјоделско производство, што беше од помош.“ Притоа, „Велетекс“ основал нова компанија – „Наше овошје“ и купиле преку 44 хектари земјоделско земјиште од поранешна фарма во државна сопственост сместена во околината Никшиќ. Помош за започнување Милош објаснува дека работата со модерни технологии во доменот на одгледување овошје бара голем терен затоа што е неопходна особено скапа инфраструктура – без разлика дали поседувате 1 или 40 хектари земја. „Станува збор за централниот систем за иригација.“ Инвестирањето во ваков вид технологија е особено значаен предизвик; дури и за докажана компанија како што е „Велетекс“. Од таа причина, во „Наше овошје“, одлучиле да се пријават за поддршка од програмата на ЕУ – „Инструмент за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД)“, која се фокусира на рурални средини и земјоделско-прехранбени сектори во земјите кои се во процес на приклучување кон ЕУ. Преку ИПАРД, им била овозможена поддршка за поставување и развивање на нивните овоштарници со јаболка, како и инвестирање во заштитна мрежа. Сега, со последниот повик за предлози, потпишале договор за грант кој ќе овозможи изградба на објект за преработка и складирање на овошјето. „Со 2500 квадратни метри, објектот ќе биде еден од најголемите во Црна Гора,“ вели Милош.„Планот за понатамошен развој е насочен кон сортата Црвен делишес (Red Delicious), но на четири хектари ќе има и нова сорта – Јапонско Фуџи; кое е, исто така, црвено јаболко: голем плод, нешто сосема ново за Црна Гора.“
За програмата Дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), дизајниран да ги поддржи реформите во земјите во процес на пристап кон ЕУ, Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), се фокусира на руралните средини и земјоделско-прехранбените сектори на овие држави. Со оваа алатка, ЕУ на корисниците им обезбедува финансиска и техничка помош со цел нивниот земјоделски сектор и рурални средини да бидат поодржливи и хармонизирани со заедничката земјоделска политика на ЕУ. Дополнително, потпишале договор за грант за примарно производство со изградба на интензивен повеќегодишен овоштарник со јаболка. Инвестицијата вклучува купување на семиња и трактор. Јаболката се централното овошје на кое работи компанијата и тоа поради климатските услови на долината Жупа кои се најпогодни за одгледување јаболка. Моментално, компанијата одгледува сорти на црвени јаболка. „Планот за понатамошен развој е насочен кон сортата Црвен делишес (Red Delicious), но на четири хектари ќе има и нова сорта – Јапонско Фуџи; кое е, исто така, црвено јаболко: голем плод, нешто сосема ново за Црна Гора,“ вели Милош.Девојчиња ја дизајнираат својата иднина во ИКТ
Растечки можности за младите во растечки сектор: тренинг програма, поддржана од ЕУ, помага во започнувањето на косовските технолошки кариери.
Високата невработеност во Косово е постојан проблем и реалност која особено ги погодува младите: скоро половина од младата популација, под 24 години, не е во работен однос и многумина бараат можности во странство. Меѓутоа, една 20 годишна графичка дизајнерка одбила да се предаде на оваа сурова реалност и се посветила на својата прва прилика.
„Работев случајно најдена работа кога ми се јавија од една ИКТ стартап компанија и ми понудија да се вклучам во краткорочен проект. Кога проектот беше успешно завршен, во рамки на предвидениот рок, се отвори патот за постојано вработување и, до ден денес, сè уште работам тука,“ вели Арбра Шала, постојано вработена во „АмамСтудио“ (AmamStudio) во Приштина.
„Уживам во мојата креативна средина која ми овозможува да го илустрирам светот онака како што го гледам.“
Пазарно-ориентирано професионално менторство во училиштата Процесот на учење нови вештини се забрзал во текот на последните две години за Арбра којашто ги комбинира следењето настава за графички дизајн на факултет и работата со клиенти во студиото. Нејзината одлучност не останала незабележана додека ја следела тренинг програмата каде што нејзиниот сегашен работодавец бил и нејзин ментор. Покрај останатите средношколци, Арбра била дел од деветмесечен тренинг, специјално дизајниран за вештини од доменот на Информациски и комуникациски технологии (ИКТ), кој вклучувал графички дизајн, дизајн на движење, социјални медиуми и мулти-медиуми. Училиштето во кое се запишала е едно од двете стручни средни училишта кои користат програма, финансирана од ЕУ, а спроведена од Центарот за иновации во Косово (ЦИК). По успешното завршување на обуката, учениците биле испратени да добијат директно искуство преку стажирање, а многумина од нив биле и вработени во добро утврдени компании. „Тука уживам во мојата креативна средина која ми овозможува да го илустрирам светот онака како што го гледам. Во секој дизајн или, пак, илустрација, има елементи на увеличување кои ме дефинираат,“ вели Арбра за својата работа. Вклучување на повеќе жени Во традиционално машки доминиран сектор, зголемувањето на бројот на жени во ИКТ е важен аспект; не само затоа што разноликоста во работната сила е значајна за бизнисот, туку на тој начин и самиот сектор нуди повеќе можности. ИКТ е еден од најперспективните сектори за економски развој во Косово. Тренинг програмите кои ги нуди Центарот за иновации во Косово се особено важни и барани, со зачудувачки резултати до сега. Шеесет и едно девојче од вкупно 205 ученици и 30 наставници во стручното образование и училиштата за обука во Приштина и Призрен зеле учество во тренинг програмата. Истата им овозможила на 51 возрасен да најдат работа во ИКТ – сектор во раст кој нуди зрак надеж за младите генерации да можат да го отклучат својот потенцијал дома и да придонесат за посветла иднина на државата. Покрај развивањето вештини, проектот придонел за збогатување на претприемничкиот екосистем, поддржувајќи 70 стартап компании и компании со прилагодени консултантски услуги и услуги за инкубација во центарот.„Искрено верувам дека графичкиот дизајн може да биде моето професионално занимање.“
За проектот Проектот „Обука и едукација со пазарни ИКТ вештини за вработување и самовработување во Косово“, спроведен од Центарот за иновации во Косово, беше основан со ИПА финансии од ЕУ. Целта на проектот беше креирање нови работни места и бизнис просперитет во Косово преку развивање на вештини и иновација, како и поддршка за претприемачи, стартап компании и веќе постоечки компании. Вештини кои се бараат „Програмата имаше големо влијание затоа што овие вештини навистина се барани,“ вели Дорина Грезда од Центарот за иновации во Косово. „Овозможивме младите да се стекнат со неопходни вештини и истите да ги стават во пракса преку стажирање. На тој начин, ги зголемивме нивните шанси за вработување и самовработување, а младите добија можност да ги земат предвид ИКТ како кариерен пат.“ Мешавината од вештини се покажала како успешна стратегија за отворање можности за младите кои се во процес на дефинирање на својот кариерен пат. Таков е и случајот со Арбра; обуката ѝ овозможила да открие дека графичкиот дизајн е полето во коешто е најдобра. „Искрено верувам дека графичкиот дизајн може да биде моето професионално занимање,“ со самодоверба вели таа.По патот на римските императори
Проект, финансиран од ЕУ, повторно го враќа римското наследство од Западен Балкан во центарот на внимание на посетителите.
Дали знаевте дека помеѓу вториот и четвртиот век, политичкиот центар на Римското Царство не бил Рим туку Илирик? Ова било името на земјата која се протегала од западната граница на денешна Грција до Алпите на запад и од реката Дунав на север сè до Јадранското Море, вклучувајќи ја и денешната територија на Западен Балкан.
Богатото римско наследство во Западен Балкан не им е целосно познато на посетителите. Но, проект, финансиран од ЕУ, нуди дигитална платформа која изложува локации во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија со цел привлекување на туристи во регионот.
„Доколку ја посетите Диоклеја, во близина на Подгорица, најверојатно ќе ви треба сместување и храна, а можеби ќе сакате да ги посетите и околните места. Затоа, во пакетот вклучивме ресторан, хотел и природни атракции.“
Античкиот Рим во виртуелна реалност Регионалната невладина организација – „Danube Competence Centre (DCC)“, успешно ја отпочнала Рутата на римските императори и дунавско вино. Притоа, им пристапиле од мрежата за соработка – Регионален совет за соработка, финансирани од ЕУ, за да развијат слична рута во Западен Балкан. Целта била да развијат рута во помалку познат дел на Балканскиот полуостров за посетителите кои сакаат да искусат нешто ново. Според „Danube Competence Centre (DCC)“, неодамнешните анкети покажуваат дека скоро 40% од севкупното туристичко патување спаѓаат во категоријата на културен туризам. Меѓутоа, Западен Балкан и подружницата Илирик на Рутата се релативно непознати помеѓу европските туристички оператори и туристи. Данко Косиќ е координатор на проектот. Тој објаснува дека девет археолошки локации биле избрани за вклучување во Рутата Илирик. Тука спаѓаат античкиот град Стоби во Северна Македонија, Аполонија во Бутринт – Албанија и Диоклеја во Црна Гора. Проектот изработил пакет виртуелни тури кои ги вклучуваат сите назначени локации. Главниот елемент на промотивниот пакет за секоја археолошка локација е виртуелна тура, вклучително и аудио толкување. Но, како што Данко објаснува: „Доколку ја посетите Диоклеја, во близина на Подгорица, најверојатно ќе ви треба сместување и храна, а можеби ќе сакате да ги посетите и околните места. Затоа, во пакетот вклучивме ресторан, хотел и природни атракции.“„Со овој проект сакаме да го пренесеме римското наследство од Западен Балкан, во сиот свој сјај, на компјутерските екрани и, се надеваме, на овој начин, да ги поттикнеме луѓето да го посетат.“
За проектот Проектот за туристички развој и промоција, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Советот за регионална соработка, е вреден 5 милиони евра. Истиот стреми кон развивање и меѓународно промовирање на заеднички понуди за регионален културен и авантуристички туризам, зголемување на бројот на туристи кои ги посетуваат шесте држави во Западен Балкан и проширување на нивниот престој во регионот. Втората тура грантови – секој во вредност од 54 илјади евра, беше доделена во октомври 2019. „Danube Competence Centre (DCC)“ е меѓу 16-те добитници на грант во втората тура. Покрај промотивните пакети за секоја локација, рутата ќе биде достапна и на сајтот https://romanemperorsroute.org за посетителите кои сакаат да го истражат регионот. Патеката Илирик ќе биде трансформирана во функционална платформа за презентација и соработка помеѓу клучните локации на наследство и засегнатите страни како, на пример: туристички агенции и бизниси. Според Данко, туристичките посредници, агентите и туроператорите се старомодни. Современиот патник ги избира местата за посетување, го резервира сместувањето и превозот онлајн. Локациите и државите кои сакаат да станат или останат конкурентни на пазарот мораат да поседуваат напредни онлајн промотивни пакети. „Токму ова сакаме да го постигнеме преку нашиот проект. Да го пренесеме римското наследство од Западен Балкан, во сиот свој сјај, на компјутерските екрани и, се надеваме, на овој начин, да ги поттикнеме луѓето да го посетат,“ вели Данко.„Сламка за спас“ за младите Роми во време на коронавирус
Игротека во Босна и Херцеговина им нуди можност на деца од ранливи категории да играат и учат во екот на пандемијата.
Петгодишниот Денис се гледа како доктор и тоа сака да биде кога ќе порасне. Секој ден, Денис црта луѓе во медицинска облека и игра доктор со другите деца на кои им се обраќа со „пациенти“. Оваа креативност ќе останеше незабележана доколку не постоеше иновативната игротека креирана во центарот за поддршка – „Ромален Рома“; во градот на Денис – Какањ, во централна Босна и Херцеговина. Висококвалитетните едукативни играчки и сликовници во игротеката се вистински успех во заедницата; игротеката ја посетуваат преку 84 деца, од кои повеќето се од ромската заедница.
Ромите се една од најголемите и најмаргинализирани малцински групи во Европа. Дискриминацијата против ромската заедница е вообичаена појава која го поттикнува нивното исклучување. Проблемите со кои се соочуваат Ромите можат да започнат рано и имаат доживотно влијание. Малкумина учествуваат во предучилишното образование, а само 50% го завршуваат задолжителното образование. Оттука, неопходна е поддршката на раниот детски развој во обид да се прекине кругот.
„Игротеката е местото каде што се случува целата магија на образованието. Децата играат, создаваат свој универзум и, истовремено, го откриваат светот.“
Иницијативата, поддржана од ЕУ, е спроведена од „Рома Едукативен Фонд (РЕФ)“ (Roma Education Fund (REF)). Од 2017, РЕФ основал 64 игротеки во 13 држави низ Централна и Источна Европа, вклучувајќи го и Западен Балкан каде илјадници деца се инволвирани во иницијативата. „Посветени сме на креирање вакви места за децата Роми, наменети за играње и учење,“ вели Јоан Танасе, проектен менаџер при РЕФ. „Игротеката е местото каде што се случува целата магија на образованието. Децата играат, создаваат свој универзум и, истовремено, го откриваат светот. Истовремено се преплетуваат играта и образованието – волшебно е.“ Поврзани при одржување дистанца Како и бројни други активности ширум светот, така и активностите на игротеката во Какањ беа стопирани поради пандемијата со коронавирус во 2020. Центарот беше затворен во раната пролет, но концептот продолжи да опстојува благодарение на два неопходни фактори. Прво, децата сè уште можеа да позајмуваат играчки, сложувалки и книги. Второ, концептот на игротеката го охрабруваше ангажманот на целата заедница; особено во насока на градење врски помеѓу децата, семејствата и персоналот во игротеката. Родителите знаеја дека игротеката нуди решение за ненадејниот прекин во образованието на нивните деца.„Игротеките им нудат нешто на родителите кои не се во можност да ги испратат своите деца во градинка.“
За проектот Проектот: „Регионална акција на ЕУ за едукација на Ромите: Зголемени образовни можности за младите и студентите Роми во Западен Балкан и Турција“ е кофинансиран од ИПА II годишна мулти-државна акциска програма 2017 и Рома едукациски фонд кој е дел од имплементацијата на проектот. „Игротеките им нудат нешто на родителите кои не се во можност да ги испратат своите деца во градинка, а тоа е секојдневна прилика да поминат време некаде каде што децата ќе добијат можност да ги развијат своите вештини и во значителна мера да го зголемат степенот на вклучување,“ вели Танасе. Центарот за поддршка „Ромален Рома“ морал брзо да изнајде решенија за своите деца. Креирале далечинска едукативна програма, користејќи апликации за видео комуникација на кои децата можеле да се поврзат. Немало никаква гаранција дека ваквиот систем ќе функционира или дека ќе биде успешен, но резултатите биле воодушевувачки. Инспирирани од напредокот пред пандемијата и одлучноста да ја одржат врската помеѓу центарот, семејствата и децата, бројот на учесници останал сличен како и во времето пред КОВИД-19. Што се однесува, пак, до малиот Денис; брзо се адаптирал на новиот комуникациски формат наметнат од пандемијата и за кратко време станал главниот лидер во својата дигитална заедница. Сега е уште поодлучен во својата посветеност да стане доктор и да дава медицинска помош во својата заедница и секому кому му е потребна. *Името на детето е сменето за да се заштити неговиот идентитет.Запознајте ја познатата Мечка од Црна Гора
Драгоценото живеалиштето на кафеавата мечка се протега низ Црна Гора и Босна и Херцеговина. Работејќи во прекуграничен проект, научниците стекнале нови сознанија за овие иконски суштества.
Борко има само пет години, но веќе е славен во Црна Гора. Лани, бил на сите црногорски медиуми и, сè уште, е набљудуван 24 часа на ден; исто како лик во ТВ реално шоу. Борко е мечка и, поради научни причини, е под надзор како дел од проектот „Bear in Mind“ финансиран од ЕУ.
Борко бил фатен пред една година кога тимот научници од проектот му ставиле ланче со GPS-трекер и сателитски предавател пред веднаш да биде ослободен. Предавателот се состои од картичка која испраќа дури седум пораки дневно до контролниот центар, обезбедувајќи ги координатите на Борко. На овој начин, проектниот тим може да дознае повеќе за неговите движења, исхрана и други навики.
„Претходниот ден, осумпати го преплива езерото Плива кое е огромно езеро. Не бевме свесни дека млада мечка е способна за тоа.“
Јасмин Муриќ е координатор на проектот. Ги опишува изненадувањата што ги доживеале од движењата на Борко: „Претходниот ден, осумпати го преплива езерото Плива кое е огромно езеро: одличен пливач е. Не бевме свесни дека млада мечка е способна за ова,“ вели тој. Опишува уште една карактеристична навика на Борко: поголем дел од времето го поминува во длабочините на кањонот на реката Сушица; можеби барајќи засолниште од студените зими, каде што воздушните струења се послаби. Прекугранична работа Бројот на мечки во пределот каде што живее Борко е далеку од минимумот одржлива популација, а се соочува и со бројни човечки закани. Ова се должи на тоа што Јасмин го опишува како претерана перцепција на ризик од напад на мечки, губење на живеалиштата поради урбанизација и климатски промени. Фрагментираното прекугранично управување било, исто така, проблем во минатото. Но, мечките не знаат за граници и затоа е особено важно партнерството со организации во Босна и Херцеговина; со цел споделување искуства и развивање заеднички планови. Со прекуграничната работа за набљудување мечки и управување со нивното живеалиште, Јасмин знае дека Борко и неговото пошироко семејство ќе бидат подобро. Со помош на податоците од GPS-трекерот на Борко, тимот на Јасмин работи на развивање интензивен десетгодишен план за управување којшто ќе обезбеди стратешки приод за подобра заштита на овој животински вид и нивното окружување. На пример, доколку Борко редовно ја напушта заштитената зона на Националниот парк Дурмитор, би можеле да предложат проширување на територијата на паркот. Ако забележат дека оди кон селата, би можеле да работат на мерки за зголемување на совеста меѓу локалното население за да се осигурат дека на мечките не им претстои опасност од стапици. Со прекуграничната работа за набљудување мечки и управување со нивното живеалиште, знам дека Борко и неговото пошироко семејство ќе бидат подобро.„Со прекуграничната работа за набљудување мечки и управување со нивното живеалиште, знам дека Борко и неговото пошироко семејство ќе бидат подобро.“
За проектот Проектот „Bear in Mind“ е имплементиран од Центарот за заштита и истражување на птици од Црна Гора во соработка со партнерски организации од Босна и Херцеговина. Проектот е финансиран од ЕУ во рамки на ИПА програмата за Прекугранична соработка 2014 – 2020. Градење добри резултати Овој проект не е само за Борко или кафеавата мечка. Тимот планира да фати и означи две локални видови птици – еребица камењарка и мал тетраб. На сличен начин, ова би помогнало да се добијат значајни сознанија за подобро да се разберат нивните навики и движења. Денес, Борко хибернира во своето дувло. Јасмин и неговиот тим очекуваат да се разбуди при крајот на април кога со нетрпение ќе очекуваат да продолжат со неговото следење. Јасмин објаснува дека информациите за видот на живеалиште кое мечките го користат за хибернација, како и времето поминато во зимски сон и моментот на излегување од истиот, се важни исто така. „Овие податоци можат да бидат значајни за нас за да дојдеме до одредени заклучоци за тоа како менувањето на климата се поврзува со сезонските навики на мечката.“Велосипедизам низ историјата
Проект финансиран од ЕУ го поддржува враќањето во живот на велосипедска и туристичка линија стара еден век во Босна и Херцеговина.
На крајот од 19-тиот век, Австроунгарското царство започнало изградба на пруга која би ги поврзала главните градови на централна Босна и Херцеговина. Работата започнала во 1981 и за неколку години луѓето од регионот можеле да патуваат со воз.
За поголемиот дел од населението, ова било сосема ново искуство. Патувањето со воз било, исто така, извонредна можност за обиколка затоа што пругата поминувала низ планински кањони, средновековни замоци и прекрасни пејзажи. Линијата била во употреба цели 80 години сè додека властите на социјалистичка Југославија одлучиле, во 1976, да ја исклучат од употреба, затворајќи ги станиците и отстранувајќи ги пругите. Причината била градбата на нови патишта и зголемената употреба на моторни возила.
„Луѓето беа емоционално приврзани за пругата.“
Оживување Мирослав Матошевиќ живее во предградието на градот Травник. Неговата куќа е во близина на старата пруга и тој се сеќава како играл на неа и околу напуштената железничка станица како дете. „Луѓето беа емотивно приврзани за пругата. Се сеќавам на приказните за тоа како кога ја затвориле линијата, некои жени католици од регионот со месеци носеле црни марами во знак на жалост. Исто како и за член на семејството,“ вели тој. Денес, Мирослав е директор на Туристичката организација за кантон Централна Босна. Заедно со колеги и водечка партнерска организација, Агенцијата за развој РЕЗ, презеле иницијатива за оживување на пругата, но со различна цел. Работат на отворање 100 километарска велосипедска патека по должината на пругата и успешно аплицирале за поддршка од ЕУ и проект финансиран од германската влада. Целта на проектот „Old Rail Trail“ е да ја прошири понудата на туризам на отворено во регионот и да овозможи подолги престои за туристите кои ја посетуваат Централна Босна за време на летото. Прикажување на регионот Работата вклучува креирање велосипедска патека по должината на патот на старата пруга, меѓународна промоција на патеката и регионот, и вмрежување на бизнисите кои нудат услуги во систем погоден за велосипедизам. Миро е особено наклонет кон иновативен пристап кон третата компонента која подразбира креирање мобилна апликација за велосипедизам која би ги поврзувала велосипедистите и локалните бизниси – ресторани, хотели и други. Во замена за учеството во апликацијата, бизнисите ќе треба да имплементираат стандарди погодни за велосипедизам како, на пример, вело-паркинг, соблекувални за велосипедисти и попусти за велосипедисти.„Неверојатно е колку многу луѓе беа среќни и нè пофалија кога им го објавивме започнувањето на проектот.“
За проектот Проектот „Old Rail Trail“ е поддржан од проектот „EU4Business“ на ЕУ и е имплементиран од Регионалната агенција за развој (РЕЗ) и Туристичката организација за кантон Централна Босна, како и „Nesa Sistem d.o.o. Travnik“. „EU4Business“ цели кон стимулирање на развојот на претприемништво, секторите ориентирани кон извоз, туризам и земјоделство во Босна и Херцеговина. Целосниот буџет за финансирање на програмата „EU4Business“ изнесува 16 милиони евра и е заеднички финансиран од ЕУ (15 милиони евра) и Федерална Република Германија (1,1 милион евра). Проектот е заеднички имплементиран од GIZ, ILO и UNDP, а се предвидува да заврши во март 2022. Патеката ќе се протега по истиот пат како и старата пруга и ќе проаѓа низ пет града во кантонот Централна Босна: Бусовача, Доњи Вакуф, Јајце, Травник и Витез. Велосипедистите ќе можат да направат пауза и да ги посетат овие градови и нивното културно наследство како, на пример, средновековниот замок Травник. „Неверојатно е колку многу луѓе беа среќни и нè пофалија кога им го објавивме започнувањето на проектот. Очигледно, покрај економскиот бенефит, постои и емоционална врска и сеќавање,“ вели Мирослав. Проектот „Old Rail Trail“ е поддржан од проектот „EU4Business“ на ЕУ и е имплементиран од Регионалната агенција за развој (РЕЗ) и Туристичката организација за кантон Централна Босна, како и „Nesa Sistem d.o.o. Travnik“.Чествување на жени креативци
Запознајте ја Доника, визуелна уметница од Тирана која го зачувува сеќавањето на една стара куќа и нејзината бунтовна сопственичка која одбила да се предаде на незапирливиот бран на урбаниот развој.
Мислим Шири е една од најпрометните улици во Тирана, престолнината на Албанија. Со децении била тивка станбена населба без продавници или кафулиња. Сето тоа се променило по падот на комунизмот во 90-тите; кога скоро сите куќи и станови ги претвориле своите приземја во комерцијални простори. Сите освен една.
Ова е стан како многу други, но на приземјето, ниту една продавница или кафуле не оставиле стапка. Многумина секојдневно поминуваат крај него, а една од честите минувачи била Доника Чин; визуелна уметница која живее во Тирана. Била инспирирана да го инкорпорира просторот во својот уметнички перформанс.
„Имаше и, сè уште, има бројни гласини за Биа: нејзиниот живот, нејзините намери и душевна состојба. Нејзината одлука никогаш да не го продаде или изнајмува својот дом за комерцијални цели делува особено значајно.“
Сеќавањето продолжува да живее Доника била особено заинтересирана за една старица, сопственичката која редовно го чистела и бојадисувала екстериерот на своето приземје. Нејзиното име било Биа. „Имаше и, сè уште, има бројни гласини за Биа: нејзиниот живот, нејзините намери и душевна состојба. Нејзината одлука никогаш да не го продаде или изнајмува својот дом за комерцијални цели, како што многумина прават на улицата Мислим Шири, делуваше особено значајно,“ вели Доника. Во 2017, кога Доника започнала да работи на својот перформанс, дознала дека Биа починала. Куќата сè уште беше тука, но Доника не била сигурна уште колку време ќе остане така. „Морав да преземам нешто,“ вели таа, „за да го одржам во живот сеќавањето, пред куќата да се претвори во уште едно кафуле.“ Како дел од нејзиниот перформанс, Доника ги повторила, пред куќата, дневните ритуали за чистење на Доника. Перформансот бил снимен со три безбедносни камери и пренесуван во живо на монитор во изложбениот простор на галеријата Зета во Тирана. Нејзиниот перформанс имал за цел да ги испита прашањата поврзани со дневниот ритуал на Биа на чистење пред куќата: дали на тој начин Биа покажувала знак на протест кон запоставувањето од страна на градот? Дали сметала дека просторот пред нејзината куќа е продолжување на нејзиниот личен простор? „Не можеме да ѝ ги поставиме овие прашања. Но, можеме да продолжиме да се запрашуваме за нашиот удел во јавниот простор; значењето на нашите совесни дела; влијанието врз сите нас од прикривањето на нашите ѕидови, бетон или дрва,“ вели Доника.„Перформансот ќе го одржи во живот културолошкото сеќавање за градот и постапката на Биа како кревок и значаен индивидуален протест.“
За проектот Овие престои се замислени во рамките на долготраен проект, „Beyond Matter“; меѓународен, заеднички и истражувачки проект заснован на пракса, носејќи ги културата и културното наследство до работ на виртуелната реалност. Една од целите на проектот е развивање на нови решенија за пристапна дигитална документација и мрежно претставување на изложби кои моментално постојат или претходно постоеле, во физичкиот простор – вклучувајќи уметнички дела, артефакти и образовни материјали. Проектот е поддржан од програмата „Креативна Европа“ (Creative Europe) на Европската Унија. Опстојување Екстериерот на куќата на Биа е, сè уште, недопрен, дури и пет години после нејзината смрт. Меѓутоа, потребна е дополнителна работа за да изгледа како кога Биа била сè уште жива. Неодамна, Доника презела иницијатива за надополнување на нејзиниот уметнички проект, преку работа на екстериерот на станот, како и негово снимање во 3Д; пред истиот да се претвори во бизнис, како другите приземја во соседството. За да ја продолжи работата на својот проект, Доника аплицирала за поддршка од уметничката резиденција во Тирана којашто е поддржана од фондови на ЕУ. „Перформансот ќе го одржи во живот културолошкото сеќавање за градот и постапката на Биа како кревок и значаен индивидуален протест,“ вели Доника. Повикот за престој бил започнат од „Tirana Art Lab – Центар за современа уметност“, „Tallinn Art Hall“ и „ZKM I – Центар за уметност и медиуми“, поканувајќи уметнички практичари и теоретичари да аплицираат за еден од трите престои во Карлсруе, Талин и Тирана.Српските училишта се подготвуваат за дигиталното доба
Училиштата во Србија преминуваат кон дигитално образование со поддршка на Европската инвестициска банка.
Затворањето на училиштата и универзитетите поради Коронавирусот погоди повеќе од 90% од светската ученичка популација во 194 држави.
Владите мораа брзо да реагираат и да воспостават далечинско учење; повеќето усвојувајќи онлајн програми за учење. На овој начин, кризата го потенцира дигиталниот јаз не само помеѓу државите, туку и во нивната внатрешност; како и светската потреба за дигитална трансформација на образовната инфраструктура. Европската инвестициска банка (ЕИБ) со задоволство ја поддржа Србија на овој пат, а помошта на Банката значи дека сите училишта во Србија ќе бидат дигитализирани до крајот на 2021.









