Skip to main content

Фон дер Лајен ја завршува турнејата низ Западен Балкан со јасни пораки за реформи, дијалог и економска интеграција

Заврши повеќедневната посета на Западен Балкан на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на која таа уште еднаш ги истакна посветените заложби на ЕУ за европската перспектива на регионот и Планот за раст вреден 6 милијарди евра. Во Тирана, таа се обрати на Форумот за инвестиции ЕУ–Западен Балкан, истакнувајќи конкретни чекори за приклучување кон Единствениот пазар на ЕУ и го поздрави приклучувањето на Албанија, Црна Гора и Северна Македонија кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА, што ќе им овозможи на граѓаните и бизнисите побрзи и поевтини трансакции во евра. Во Црна Гора, Фон дер Лајен го пофали напредокот во владеењето на правото и дигиталната трансформација, и ја потврди првата исплата од 8 милиони евра преку Инструментот за реформи и раст – почетна транша во пакет кој може да достигне над 380 милиони евра, зависно понатамошното спроведување на реформите.

Нејзините посети на Босна и Херцеговина, Србија и Косово испратија јасни политички пораки, покрај економската димензија. За време на посетата на Сараево, Фон дер Лајен го посети Меморијалниот центар „Сребреница“ и се сретна со државното раководство, при што истакна дека сеќавањето и одговорноста се нераскинлив дел од европските вредности, како и дека континуираните реформи и понатаму се клучни за напредокот на државата на нејзиниот пат кон ЕУ. Таа во Белград повика на забрзано спроведување на правните реформи и подобра усогласеност со надворешната политика на ЕУ. Нагласи и дека е потребно да се постигне конкретен напредок во дијалогот со Косово, кој се одвива со посредство на ЕУ, истакнувајќи дека реформите ќе отворат пристап до нови инвестиции и можности преку Планот за раст. Во Приштина, Фон дер Лајен ја потврди долгорочната заложба на ЕУ за европската перспектива на Косово. Таа повика да се намалат тензиите, да се зајакнат институциите и да се исполнат договорените обврски, за да може Косово во целост да ги искористи инструментите и мерките што ги нуди Планот за раст.

Во Скопје, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека „следниот и единствен чекор“ пред отворањето на пристапните преговори е усвојувањето на договорената уставна промена – „Топката е кај вас. ЕУ е подготвена“, изјави таа по средбите со претставниците на Владата. Политичката порака беше придружена со конкретни резултати во рамките на Планот за раст: отворање „Фабричка антена за вештачка интелигенција“ (АИФА) во Скопје, што ќе ги поврзе иноваторите од Северна Македонија со ресурси за вештачка интелигенција, со поддршка од ЕуроХПЦ; приклучување кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА, што ќе овозможи побрзи и поевтини трансакции во евра; и нова исплата од 16 милиони евра, како поддршка за веќе спроведените реформи.

„Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија. Од сите нас зависи дали тоа ќе стане реалност.“ За време на турнејата на Фон дер Лајен, особено се истакнуваше токму оваа порака, како и конкретните чекори што веќе се преземаат — од реформи поврзани со Единствениот пазар, до отворање нови канали за инвестирање во чиста енергија, иновации и одржлив туризам, а се промовираа и мерки за намалување на трошоците и укинување на бариерите за патување, со кои ќе се олесни животот на граѓаните. Односно, се испрати јасна порака дека кредибилните реформи и дијалогот отвораат врата за пристап, финансирање и нови можности, додека регионот чекори сѐ поблиску до Европската Унија.

Системот за влез/излез (EES) започнува да се применува во октомври – што треба да знаат патниците од Западен Балкан

Од 12 октомври 2025 година, Европа ќе започне постепено да го воведува новиот Систем за влез/излез (EES) на нејзините граници. Преодниот период ќе трае шест месеци, до 9 април 2026 година, а системот е предвидено да започне да се применува во целост од 10 април 2026 година. За време на овој период, на некои гранични премини ќе започне да се користи EES, но во пасошите и понатаму ќе се ставаат печати. Откако EES ќе започне да се применува во целост, ставањето печати ќе се замени со електронско евидентирање на личните податоци.   За кого се однесува Системот EES се однесува на патници од државите што не се членки на ЕУ, коишто патуваат за краток престој до 90 дена во кој било период од 180 дена, односно патниците ослободени од виза и носителите на шенген-виза за краток престој. Државјаните на земјите-членки на ЕУ/Шенген-зоната, како и повеќето лица со долгорочен престој, не подлежат на системот EES.   Што ќе се смени на границите При вашето прво патување откако ќе се воведе EES, граничните службеници или пунктовите за самопослужување ќе ги евидентираат податоците од вашиот пасош, датумот и местото на влез/излез, фотографија од вашето лице и четири отпечатоци од прсти. Следните поминувања преку граница ќе бидат побрзи, бидејќи системот веќе ќе ги содржи вашите податоци.   Придобивки за патниците од Западен Балкан EES автоматски го пресметува периодот од 90/180 дена и, откако ќе започне да се применува во целост, ќе ја замени проверката на печатите во пасошите, со што ќе се намалат застојот и прашањата на граничните премини и ќе се поедностават следните патувања на истите гранични премини. Патниците ќе можат да проверат уште колку дена им преостануваат во рамките на дозволениот престој.   Семејство и деца На децата под 12 години нема да им се земаат отпечатоци од прсти, но фотографијата на лицето и пасошот ќе им подлежат на проверка.   Можност за претходна регистрација Некои земји ќе ја нудат мобилната апликација „Патувај во Европа“ („Travel to Europe“), на којашто патниците ќе можат однапред да се регистрираат и да ги внесат податоците од пасошот и фотографијата на лицето пред пристигнувањето, со што ќе си го олеснат првото поминување на границата. Достапноста на апликацијата може да се разликува од држава до држава.   12 октомври 2025 година: Започнува да се воведува EES, постепено по земји и видови гранични премини. 9 април 2026 година: Завршува преодниот период. 10 април 2026 година: EES е целосно имплементиран на сите надворешни гранични премини; се укинува ставањето печати во пасошите.   За повеќе информации за EES, погледнете ги следниве извори:
  • Преглед на EES и упатства за патниците – Влада на Европската Унија, Travel Europe.
  • Податоци што ги обработува EES – Travel Europe.
  • Најчесто поставувани прашања за EES, вклучително за преодниот период, печатите и исклучоците – Travel Europe.
  • Страница на Европската комисија за политиката и временската рамка за воведување на EES – Миграција и внатрешни работи.
  • Информации за кампањата и воведувањето на системот – eu-LISA.

Објавено е годишното истражување на јавното мислење за 2025 г. 

Проектот „WeBalkans“ спроведе истражување на јавното мислење во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.  

Теренското истражување беше спроведено во периодот помеѓу мај и јуни 2025 година, врз основа на интервјуа во живо, со репрезентативни примероци од по 1,000 испитаници од секоја земја.   

 

Извештаите и информативните листови се достапни во продолжение:  

 

Албанија: Информативен лист Англиски Албански | Преглед Англиски 

 ****

Босна и Херцеговина: Информативен лист Англиски Босански | Преглед Англиски 

****

Косово: Информативен лист Англиски Албански Српски | Преглед Англиски 

****

Црна Гора: Информативен лист Англиски Црногорски | Преглед Англиски 

****

Северна Македонија: Информативен лист Англиски Македонски Албански | Преглед Англиски 

****

Србија: Информативен лист Англиски Српски | Преглед Англиски 

Повик за пријавување: до 500 општини од целиот Западен Балкан ќе добијат бесплатен безжичен интернет во рамките на Планот за раст на ЕУ

28 март 2025 г. – Општините ширум Западен Балкан имаат можност да се пријават за учество во иницијативата „WiFi4WB“ (Wi-Fi за Западен Балкан), која ќе обезбеди бесплатни хотспотови за пристап до безжичен интернет (Wi-Fi) за до 500 општини во регионот. Безжичните пристапни точки ќе се постават на јавни локации како плоштади, паркови, библиотеки, музеи и училишта, со што ќе се овозможи бесплатен и стабилен интернет за сите жители и посетители.

Општините кои ќе бидат опфатени во иницијативата ќе добијат целосна поддршка, вклучително набавка и поставување на опремата за безжичен интернет, интернет и одржување. Од општините за возврат се очекува да ја преземат обврската за одржување по почетниот период во кој ќе бидат финансирани, што ќе резултира со долгорочна одржливост и позитивно влијание.

Јавниот повик е отворен за сите општини од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Пријавата мора да ја поднесе градоначалникот/началникот на општината, вработен службеник во општината или член на општинскиот совет.

Иницијативата „WiFi4WB“ е дел од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој е предвидено да ја истакне дигиталната трансформација како клучен фактор за регионалната интеграција. Програмата има за цел да го намали дигиталниот јаз, да ги унапреди економските можности и да ги оснажи локалните заедници со тоа што ќе овозможи универзален пристап до интернет.

„WiFi4WB“ е дел од програмата „EU4Digital Action“, финансирана од Европската Унија (ЕУ) и Германското федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ), а ја спроведува Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ). По примерот на успешната иницијатива „WiFi4EU“, со која се обезбеди бесплатен безжичен интернет за речиси 9.000 општини ширум Европа, со „WiFi4WB“ оваа визија се проширува и на Западен Балкан, при што општините ќе бидат снабдени со алатки за унапредување на дигиталната инфраструктура, во прилог на одлично искуство за жителите и посетителите.

 

Краен рок за пријавување: 28.4.2025 г.

 

За повеќе информации околу тоа како да се пријавите и да станете дел од „WiFi4WB“, посетете ја веб-страницата wifi4wb.eu.

Честитки за Северна Македонија за пристапувањето кон СЕПА – Значаен напредок на патот кон европската интеграција

Северна Македонија оствари значаен напредок на патот кон европската интеграција со пристапувањето кон Единствената платежна зона во евро (СЕПА), по позитивната одлука на Европскиот платен совет (ЕРС). Ова претставува конкретен пример за влијанието на Планот за раст за Западен Балкан – иницијатива на ЕУ насочена кон забрзување на социоекономската интеграција на регионот во ЕУ, вклучително постепено стекнување пристап до одредени сегменти на единствениот пазар на ЕУ, врз основа на усогласувањето на националното законодавство со правото на ЕУ.

Како резултат на оваа одлука, давателите на платежни услуги во Северна Македонија ќе добијат можност да се приклучат на различните шеми на СЕПА, со кои управува ЕРС.

Овој чекор ѝ го отвора патот на Северна Македонија да ги поедностави финансиските трансакции во евра, намалувајќи ги трошоците и времето потребно за нивно извршување меѓу домашните бизниси и другите учесници во платните системи во областа на СЕПА – што претставува значаен придонес кон одржливиот економски раст на земјата.

Европската комисија ќе продолжи и понатаму да ја поддржува подготовката на платежните услуги во Северна Македонија, како и усогласувањето на земјата со законодавството на ЕУ во областа на финансиските услуги.

 

Историјат

Европскиот платен совет (ЕРС) е независна, меѓународна непрофитна асоцијација којашто ја сочинуваат 83 членови – даватели на платежни услуги (PSP) или здруженија на даватели на платежни услуги. Тој е основан во 2002 година, од страна на Европската банкарска индустрија за развој на европски инструменти за електронски плаќања во евра. Денес, близу 4.000 банки и други даватели на платежни услуги учествуваат во шемите СЕПА.

Оттогаш, во близок дијалог со засегнатите страни, ЕРС разви, меѓу другото, „шеми“, како што се СЕПА кредитен трансфер, СЕПА инстант кредитен трансфер, SEPA Direct Debit (SDD) Core и SDD Business – шеми за плаќање на бизнис. Овие шеми, кои олеснуваат над 50 милијарди трансакции во 36 земји секоја година, редовно се ажурираат и надградуваат од страна на ЕРС, за да помогнат во реализацијата на едноставни прекугранични плаќања во евра.

 

Повеќе информации

Factsheet on the Growth Plan for the Western Balkans

EPC press release on Moldova & North Macedonia

YEAs придонесуваат за Храбар нов медиумски форум

Од 17-ти до 18-ти декември, Младите европски амбасадори (YEAs) од целиот регион на Западен Балкан (WB6) активно учествуваа на динамичниот настан @bravenewmedia. Овој собир обезбеди платформа за младите гласови да се спојат и да ја обликуваат иднината на медиумите. Како дел од #BNMF23, нашите YEAs, претставени од @maja.trajkovic и @arlindhamza, се вклучија во сесија за стратешко планирање. За време на оваа сесија, тие разговараа за мрежата YEA, поврзаноста и врските меѓу нејзините членки и значењето на оваа соработка, како за сегашноста, така и за иднината на регионот. Беше пренесена следнава сеопфатна порака: „Минатото му припаѓа на минатото, сегашноста и иднината ни припаѓаат нам“. Меѓу учесниците од Мрежата YEA беа Кристијан Петро, Тарик Бицо, Арлинд Хамза, Ива Коровиќ, Дмитриј Чурин, Елица Матевска, Станиша Станковиќ, Маја Трајковиќ, Адријана Нијитовиќ и Теодора Цекиќ.

YEAs учествуваат на Старфест 2023

На 15 ноември 2023 година, Младите европски амбасадори (YEAs) од Босна и Херцеговина активно учествуваа на второто издание на Старфест. Старфест е еден од најистакнатите настани во Босна и Херцеговина, посветен на вработувањето на младите. Овогодинешниот собир обедини над 60 компании и невладини организации од Босна и Херцеговина и имаше повеќе од 20 дискусии и работилници. За време на настанот, YEAs дадоа вреден придонес со учество на панел дискусијата насловена „Совети и трикови за развој на кариерата“. Тарик Бичо, член на првата генерација на YEAs, ја претстави мрежата YEA и сподели проникливи совети за младите поединци кои се соочуваат со предизвиците на своето патување за градење кариера. Понатаму, YEAs спроведоа работилница за медиумска и информатичка писменост, проширувајќи ја нивната работилница низ регионот на Западен Балкан. Дополнително, тие имаа можност да ги посетат просториите на проектот ReLOaD2 во UN House во Сараево и да се вклучат во дискусии со претставници на проектот, истражувајќи ги потенцијалните партнерства.  Генерално, YEAs одиграа активна и значајна улога во Старфест 2023 година, придонесувајќи во дискусиите за вработување на младите и развој на кариерата.

Младите европски амбасадори учествуваа на Балканскиот економски форум

Со цел да се поттикне долгорочно позитивно влијание врз економскиот раст, регионалната соработка и промовирањето на мирот и безбедноста низ балканските земји, Балканскиот економски форум 2023 се одржа на 17-ти ноември во Тирана. Оваа експанзивна конференција има важна улога во поддршката на развојот и имплементацијата на иновативни стратегии додека истовремено изнаоѓа ефективни решенија за моменталнитеекономски предизвици со кои се соочуваат балканските земји. Годинава, на форумот активно учествуваа и Младите Европски Амбасадори (YEAs). Овој ангажман беше важнаможност за YEAs да соработуваат со лидери, академици, студенти, претставници на медиумите, како и со засегнатите страни од јавниот и приватниот сектор, со цел дискусија и справување со значајните економски предизвици со кои се соочува регионот. Дискусиите се вртеа околу балканските перспективи и ги истражуваа стратегиите за беспрекорна интеграција на регионот на ЕУ пазарот.

YEAs учествуваат во трката Born2run во Куманово, Северна Македонија

Градот Куманово, шеста година по ред, беше гордо домаќин на маратонот Born2run во ноември. Локалнатазаедница, особено младите, со ентузијазам ја прифатија оваа сакана традиција. Централната мисија на маратонот е да промовира соживот и доверба преку спортот, успешно обединувајќи ги луѓето од сите потекла во градот и надминувајќи ги етничките поделби. Ова е пример за цврстата посветеност на Куманово да го слави своето богато мултиетничко општество и различноста што го дефинира. Како најголема општина во Република Северна Македонија, Куманово служи како светол пример за етничка разноликост, со население кое го сочинуваат македонски, албански, српски, ромски, турски и влашки заедници.

 

На трката, одржана на 11 ноември 2023 година, што се совпаѓа со Денот на ослободувањето на Куманово, имаше две категории: маратон на 3 километри и маратон на 10 километри. Имено, членовите на Регионалниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“ од Куманово учествуваа како специјални гости,во поддршка на благородната кауза на настанот.

 

Центарот за интеркултурен дијалог (CID), истакната невладина организација посветена на промовирање на меѓукултурното прифаќање и активно граѓанство во Македонија повеќе од 16 години, заслужува посебно признание како примарен организатор на овој настан. CID, во соработка со Europe House Крива Паланка, обезбеди успешно изведување на маратонот.

YEA од Косово се сретнаа со вицепремиерот Бесник Бислими

Примарниот фокус на состанокот беше информативната кампања за визна либерализација во Косово. Вицепремиерот Бесник Бислими ја покани заедницата на YEA активно да учествува во оваа кампања, чија цел е да ги информира граѓаните на Косово за деталите за визната либерализација. YEAs од Косово ја изразија својата благодарност за визната либерализација и нивната подготвеност да ја поддржат информативната кампања. Тие понудија поддршка преку онлајн активизам, споделување содржини поврзани со спецификите на безвизните патувања и учество во јавни активности организирани од Владата. Средбата заврши со планови за продолжување на соработката и зголемена вклученост на YEAs.

 

Меѓу младите европски амбасадори присутни на средбата беа Агнеса Јашари, Бесфорт Спахиу, Албин Буши, Ардит Гервала и Фатбард Кабаши.