Funding programmes Western Balkans and other EU projects | WeBalkans
За

Блиска соработка, заеднички цели, подобри резултати

Знаеш ли дека Европската Унија е главниот политички и економски партнер, како и најголемиот инвеститор, во регионот на Западен Балкан? ЕУ поддржува илјадници проекти кои го подобруваат животот на луѓето, ја зачувуваат животната средина, создаваат бизнис можности и ја олеснуваат регионалната соработка.

ЕУ и државите од Западен Балкан споделуваат заедничка култура и историја со тесно поврзани општества и економии. Албанија , Црна Гора, Северна Македонија и Србија се земји-кандидатки за членство во ЕУ. Bosnia-Herzegovina и Косово се потенцијални земји-кандидатки. Со цел да обезбеди помош за побрзо пристапување кон членство, ЕУ нуди финансиска помош во бројни домени. Ваквата помош е надополнета со поддршка за подобрувања неопходни за исполнување на стандардите на ЕУ во домени како, на пример, правната и јавна администрација.

Финансирањето и соработката покриваат бројни полиња – од старт-ап бизниси до транспортни врски, од климатски акции до човечки права, од студентски размени до заштита на културно наследство, како и многу други. Користа, пак, е двострана. Поголема еднаквост, развој и можности во земјите на Западен Балкан ќе доведат до посилна и попросперитетна Европа. Читај понатаму доколку сакаш да дознаеш повеќе за овие можности, постигнувања и успешни приказни!

За WeBalkans.eu

Платформата на WeBalkans.eu е извор на новости, приказни, можности за финансирање и информации за соработка помеѓу Европската Унија и Западен Балкан.

Програми и иницијативи

Дознај повеќе за некои од главните иницијативи и програми за финансирање на ЕУ во Западен Балкан.

Инструменти за претпристапна помош (ИПА)

Преку ИПА, ЕУ обезбедува обемна финансиска и техничка поддршка за земјите кои се наоѓаат на патот кон членство во ЕУ. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Северна Македонија се земји-кориснички на оваа помош.

Инструменти за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД)

Како дел од ИПА, ИПАРД се фокусира на руралните подрачја, земјоделскиот и прехранбен сектор. Право на оваа помош можат да добијат земјоделските и рурални бизниси во актуелните земји-кандидатки: Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.

Механизам за граѓанска заштита на ЕУ

Преку овој механизам, авторитетите за граѓанска заштита во Европа соработуваат во насока на обезбедување помош на жртви од несреќи во Европа и пошироко. Црна Гора, Северна Македонија и Србија се, исто така, учеснички.

Конкурентност на мали и средни претпријатија-COSME

COSME нуди поддршка за малите и средни претпријатија ширум ЕУ и е достапен за МСП во Западен Балкан.

КРЕАТИВНА ЕВРОПА

Creative Europe (Креативна Европа) ги поддржува културните и аудио-визуелни сектори и е отворена за културните и креативни организации во ЕУ како и за земјите надвор од ЕУ, вклучувајќи го, се разбира, и Западен Балкан.

CUSTOMS 2020 (ЦАРИНА 2020)

Customs 2020 ја олеснува соработката помеѓу царинските авторитети во земјите членки на ЕУ, земјите-кандидатки и потенцијалните земји-кандидатки. Албанија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора учествуваат исто така.

ЕРАЗМУС+

ЕРАЗМУС+ промовира соработка во доменот на едукација, обуки, млади и спорт. Програмата е отворена за студенти, образовен кадар и младински групи од Западен Балкан кои сакаат да студираат, предаваат или волонтираат во странство.

EaSI – ПРОГРАМА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И СОЦИЈАЛНА ИНОВАЦИЈА

EaSI промовира подобро вработување, социјална заштита и работни услови. Право на учество имаат јавните власти, службите за вработување како и истражувачките институти во Западен Балкан.

ЕВРОПА ЗА ГРАЃАНИТЕ

Програмата Европа за граѓаните придонесува за подобро разбирање на ЕУ и поттикнува демократско учество на граѓаните на европско ниво. Можат да аплицираат јавни институции или непрофитни организации во Западен Балкан.

FISCALIS 2020 (ФИСКАЛИС 2020)

Fiscalis 2020 (Фискалис 2020) поттикнува размена на информации помеѓу даночните авторитети низ Европа. Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија се земји учеснички.

HORIZON 2020 (ХОРИЗОН 2020)

Horizon 2020 (Хоризон 2020) финансира проекти кои поттикнуваат истражувања и иновации. Во програмата можат да учествуваат истражувачи, универзитети и иновативни компании од Западен Балкан.

WBIF – ИНВЕСТИЦИСКА РАМКА ЗАПАДЕН БАЛКАН

WBIF е заедничка иницијатива на ЕУ, финансиски институции, билатерални донатори и влади од Западен Балкан, фокусирани на стратешки инвестиции во доменот на енергетска, еколошка, социјална, транспортна и дигитална инфраструктура.

WB EDIF – Механизам за развој и иновации на претпријатија од Западен Балкан

WB EDIF, финансиран од ЕУ, обезбедува зголемен и олеснет пристап до финансии за мали и средни претпријатија. Станува збор за заедничка иницијатива на ЕУ, меѓународни финансиски институции, билатерални партнери и државни институции од Западен Балкан.

TAIEX

TAIEX е инструмент за техничка помош и размена на информации на Европската комисија. TAIEX нуди peer-to-peer техничка помош и поддршка за политиките на корисниците од регионот на Западен Балкан со ангажирање на експерти од јавната администрација од земјите-членки на ЕУ.

Twinning

Твининг ја поддржува соработката помеѓу јавната администрација од земјите членки на ЕУ и нашите партнери од Западен Балкан. Твининг проектите ја обединуваат експертизата од јавниот сектор на земјите членки на ЕУ со земјите кориснички со цел постигнување на конкретни резултати преку peer-to-peer активности.

Факти и бројки

ЕУ сочинува

70% од вкупната трговска размена

на регионот на Западен Балкан
Западен Балкан е пазар

од 18 милиони потрошувачи

Компаниите од ЕУ учествуваат со

65% од странските директни инвестиции

во Западен Балкан

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!