Автор: WeBalkans
Млади луѓе во Косово и Црна Гора започнуваат општествена иновација и влегуваат во дигиталната економија со поддршка на проект финансиран од ЕУ.
Глобалните и национални мерки за ограничување на вирусот; од социјално дистанцирање до затворање на бизниси, намалени приходи и потрошувачка на домаќинствата, резултираат со економска криза ширум светот. Во овој поглед, Западен Балкан не е исклучок: Редовниот економски извештај за Западен Балкан: Есен 2020, објавен од Светската банка, предвиде дека економската активност во регионот ќе се намали за 4,8 проценти во 2020; предизвикувајќи поголема рецесија од неодамнешната глобална економска криза.
Но, истовремено, пандемијата создаде нови можности. Резимето за е-трговија во време на Ковид-19, објавено од Организацијата за економска соработка и развој, идентификува како КОВИД-19 го забрза ширењето на е-трговијата во насока на нови фирми, купувачи и производи.
Ветувачка иницијатива која може да се претвори во голем бизнис
Милош Лаковиќ, 27 години, е средношколски наставник и претприемач од Црна Гора. Тој е еден од визионерите кои во пандемијата виделе можност. Милош имал бизнис идеја за онлајн платформа која би ги поврзувала давателите и корисниците на услуги. Идејата постоела веќе некое време, но пандемијата го натерала посериозно да размисли и да преземе иницијатива за нејзино остварување. „Како наставник, знам дека голем број од моите колеги даваат приватни часови надвор од работното време. Ситуацијата којашто ја наметна пандемијата ме натера да размислам: ‘зошто овие услуги да не се промовираат и нудат онлајн?’ и одлучив да ја доразвијам идејата,“ вели Милош.
Зближување и заедничко дегустирање во Призрен, Косово
Група косовски организации воведуваат иновативни начини за претставување на културното наследство и современи искуства за доживување и уживање.
Призрен се смета за културна престолнина на Косово поради својата историја и изобилно културно наследство. Градот има и богато гастрономско наследство; вклучувајќи „leqenik“ или проја, локално сирење, и јадења со месо како, на пример, „tavë“ и сарма.
Но, овие вкусни специјалитети не се достапни за повеќето посетители. Тие се составен дел од домашните менија на призренските семејства ама ретко се наоѓаат во рестораните.
Група граѓански здруженија презела иницијатива да ги претстави вкусните и скриени гастрономски богатства на посетители кои немаат пријатели во Призрен. Идејата е мошне едноставна: онлајн апликација предлага палета традиционални специјалитети и домаќинства во кои истите можат да се вкусат за возврат на одредена тарифа. На овој начин, покрај дегустирањето традиционална храна, посетителот би можел да го засведочи и традиционалниот семеен живот, како и да ужива во внатрешниот декор на призренските историски куќи.
„Идејата на центарот е собирање на организации од различни сектори активни во доменот на културното наследство, креирајќи, на тој начин, синергии“
Ова е само еден од проектите кои наскоро треба да се реализираат од страна на група организации коишто се дел од центар за косоздавачко наследство. Центарот бил инициран од проектот ILUCIDARE, финансиран од ЕУ, со цел спојување на локалните културни организации и олеснување на трансферот на знаења, експериментирање и меѓусекторска соработка. Проектот има за цел, исто така, да влијае врз економскиот и социјален развој на градот преку акцентирање на неговиот културен и уметнички потенцијал. Ермире Красниќи е извршна директорка на Oral History Kosovo, еден од членовите на центарот. „Идејата на центарот е собирање на организации од различни сектори активни во доменот на културното наследство, креирајќи, на тој начин, синергии“, објаснува таа Правејќи го невидливото наследство видливо Призрен поседува извонредни архитектонски скапоцености, а неговото наследство е сведок за различните културни влијанија и традиции. Меѓутоа, градот поседува, исто така, и богато невидливо наследство – особено во доменот на рачни изработки (со посебен осврт на везовите за чеиз, ткаенини и филиграни), музика и гастрономија. „Навикнати сме да го гледаме Призрен како место со стари џамии и цркви, но имаме многу малку насоки за уживање во други нешта како, на пример, храната или филигранот. Нашата замисла е да им овозможиме на луѓето подобро разбирање на културното наследство и тоа не само како нешто од минатото, туку и како дел од современиот живот кој може да се допре, вкуси, искуси и во којшто може да се ужива“, вели Ермире. Ермире исто така објаснува дека една од целите на центарот за наследство е да го претстави овој вид на локален моментум. „Доколку постои идеја или некаква можност, можеме да ги поддржиме и развиеме, користејќи го центарот како еден вид лабораторија каде што доаѓаат идеи, а потоа се тестираат и развиваат со нашата соработка и професионална помош. Крајната визија е да се засили гласот на организациите за културно наследство, да се зголеми нашето присуство и волуменот на проекти во доменот на културното наследство“, вели таа.„Во постојан дијалог сме; заеднички создаваме идеи и сметам дека тоа е важно.“
ILUCIDARE е тригодишен проект финансиран во рамки на програмата Хоризон 2020 на ЕУ. Проектот е под водство на универзитетот од Левен (Белгија) и спојува осум меѓународни партнери. Целта на проектот е да промовира иновација и меѓународна соработка во доменот на културното наследство. Проектот се имплементира ширум четири континенти, со локации кои ги вклучуваат Западна Европа, Западен Балкан, Северна Африка, Супсахарска Африка, Средниот Исток и Јужна Америка. Целта на проектот е долгорочниот исход да резултира со првата глобална мрежа на практиканти кои ќе промовираат иновации во доменот на културното наследство и меѓународни односи ширум светот. Промовирање меѓународна соработка за културно наследство ширум светот Невладината организација Културно наследство без граници е проектниот партнер во Западен Балкан. Покрај иновациите за културно наследство кои доаѓаат од нивниот центар, нивниот проект поседува иницијатива фокусирана на меѓународна соработка за културно наследство. Конкретно, ги мапираат и снимаат традиционалните камени куќи или „kullas“ во Албанија, Косово и Црна Гора, подготвувајќи, на тој начин, предлог за истите да бидат додадени на листата за културно наследство на УНЕСКО. Др. Азилиз Вандсанд е постдокторски истражувач на Raymond Lemaire – меѓународен центар за конзервација на Католичкиот универзитет во Левен и е технички координатор на проектот. Таа објаснува дека преку развивањето на проектот сакале да создадат нов концепт за меѓународни односи. „Тоа што одлично е совпаѓа е идејата за размена на знаења. Во постојан дијалог сме; заеднички создаваме идеи и сметам дека тоа е важно“, вели таа.Традицијата, модата и уметноста сочинуваат бизнис
Жена од Рожаје, Црна Гора, ги меша традицијата, модата и уметноста за да започне нов бизнис.
Игбала Муриќ, 49 години, живее во малото гранично гратче Рожаје во Црна Гора. Уште од рана возраст уживала да шие традиционални ткаенини како постелнина, облека и салфети. Веќе во средношколските денови била одлучна дека со помош на своите шивачки способности ќе изгради професионална кариера. Имајќи ја согласноста на своите родители, се запишала во стручно средно училиште за текстилно производство.
Подоцна, во животот, работела како кројачка во компании во Црна Гора и Турција, но ваквата работа не вклучувала традиционални изработки. „Ми недостигаше работата на традиционална облека и ткаенини. Нашите традиционални облеки се уникатни и убави, а истовремено се и дел од нашето културно наследство“, вели таа.
Игбала отсекогаш сакала да направи нешто за зачувување на традиционалното текстилно наследство. Нејзината замисла била да основа свој бизнис специјализиран во доменот на нејзините омилени традиционални облеки. Но, за да го направи тоа, ѝ била потребна финансиска поддршка, како и знаење за отпочнување и управување со бизнис. Времето поминувало, но таа не била во можност да отпочне со нешто што би било одржливо.
„Нашите традиционални облеки се уникатни и убави, а истовремено се и дел од нашето културно наследство“
Наоѓање соодветна поддршка Во 2019 година, Игбала дознала за проектот „Занаетчија“ (Craftsman), дел од ИПА програмата за меѓугранична соработка Србија – Црна Гора 2014 – 2020, финансирана од Европската Унија. Проектот нудел поддршка за жени и млади во регионот Рожаје во Црна Гора и Сјеница во Србија. Ја регистрирала својата компанија и се пријавила за поддршка. Учествувала во тренинг програма за бизнис менаџмент, добила нова машина за шиење и станала дел од претприемничкиот свет. Проектот обезбедил поддршка за повеќе од 90 индивидуи како Игбала преку нивно инволвирање во програмата за тренинг и менторирање. Како резултат на поддршката, од почетокот на годината, таа го зголемила своето производство и планирала да вработи и други жени; сè додека нејзините планови не биле нарушени поради пандемијата. „Обично, работев на рачни изработки. Поддршката од проектот ми овозможи прилика да го проширам својот бизнис, да го зголемам производството и да продавам во останатите делови на Црна Гора“, вели таа.„Поддршката од проектот ми овозможи прилика да го проширам својот бизнис, да го зголемам производството и да продавам во останатите делови на Црна Гора“
Амела Ковачевиќ Календер, проектна менаџерка, вели: „Општината Рожаје со гордост го поддржува локалниот економски развој, со фокус на создавање нови работни места и претприемништво. Нашата цел е да ги охрабриме луѓето да ги остварат своите идеи и да покажеме дека дури и малите иницијативи можат да имаат значајно влијание врз локалната економија.“ Партнерите за имплементација на проектот се Општините Рожаје и Сјеница, во соработка со двете стручни средни училишта во овие градови. Проектот „Занаетчија“ („Craftsman“) е дел од ИПА програмата за меѓугранична соработка Србија – Црна Гора 2014 – 2020, финансиран од Европската Унија. Помагање на традиционалните бизниси Микро, малите и средни претпријатија играат клучна улога во вработувањето на разновидна работна сила и генерирање профит за локалните заедници во Црна Гора и Србија. Под раководството на локалните авторитети, проектот иницирал соработка помеѓу средните стручни училишта од целните општини и тоа со цел обновување на интересот за традиционалните бизниси како, на пример, рачните изработки. Проектот создал нови работни места за ранливите категории на население; вклучувајќи ги младите и жените, нудејќи им ја помошта која им била потребна во поглед на бизнис знаење, поддршка за млади бизниси во зачеток, тренинг и менторирање. Дополнително, проектот обезбедил и специјализирани занаетчиски алатки за средните училишта во Рожаје и околината на Сјеница во Србија, ставени на располагање не само на учениците туку и на други потенцијални претприемачи.Гласот на еднаквоста изразен преку модниот дизајн
Модна дизајнерка од Северна Македонија ја одразува панк филозофијата во своите дизајни.
Теодора започнала да слуша панк музика кога имала 14 години. „Претходно, бев нормално дете, со Барби кукли и собата ми беше обоена розово. Сè беше навистина во женски стил“, вели таа, потсетувајќи се на облеките кои ги шиела за своите барбики. Раскажува дека израснала со огромна љубов и грижа од своите родители во скоро идеално детство. Но, за време на тинејџерските денови, станала бунтовничка.
Како да се најде панк стил во Скопје?
Како што Теодора преминала од розова боја на панк, сакала соодветно да се облекува. Меѓутоа, нејзиниот роден град – Скопје, немал продавници за облека во панк стил. „Познавав деца чии родители биле панкери кога биле млади, па тие ја носеа старата облека на своите родители. Јас не бев во таква позиција, па започнав самата да дизајнирам и шијам сопствена панк облека.“
На времето, Теодора не знаела дека тоа ќе биде почетокот на нејзиниот сопствен моден дизајн и модна кариера. Потоа, одлучила да студира моден дизајн и заминала во Лондон каде што започнала панк културата. Додека била таму, ги развила своите дизајни. „За мене, панкот отсекогаш бил начин како да се избегне мислењето на општеството и да се биде слободен“, вели таа, а нејзините креации го одразуваат кажаното преку неконвенционалните материјали и мешањето на родовите норми.
„Познавав деца чии родители биле панкери кога биле млади, па тие ја носеа старата облека на своите родители. Јас не бев во таква позиција, па започнав самата да дизајнирам и шијам сопствена панк облека.“
Кога дипломирала на универзитетот Middlesex во Лондон, Теодора започнала да бара начини како да влезе на пазарот на модата преку промоција и продажба на нејзиниот бренд. Знаела дека да се има уникатен бренд може да биде огромен благослов, но, исто така, и предизвик – било навистина тешко да се најде место на пазарот рамо до рамо со конвенционалните брендови. Имала само 21 година и можностите биле навистина ретки, но Модниот викенд Скопје, невладина организација од нејзиниот роден град, ја поканил да ја претстави својата работа на модната недела во Рига, а потоа и во Лисабон.
„Неверојатно ми беше дека ова се случува! Света, од Моден викенд Скопје, чула дека сум дипломирала и дека мојата дипломска колекција е подготвена. Ми се јави и ми кажа дека би била одлична кандидатка за да ја претставувам Северна Македонија на овие ревии. Бев возбудена“, се смее Теодора.
Заедно со партнери од Белгија, Франција, Германија, Латвија и Португалија, Модниот викенд Скопје отпочнал проект наречен „United Fashion“, финансиран од програмата Креативна Европа на ЕУ. Овој проект им помага на младите дизајнери да ја промовираат својата работа, да стекнат нови вештини од доменот на модниот маркетинг и да градат врски со колеги и модни компании низ Европа.
Учење на основата
Теодора вели дека на ова гледала како одлична прилика за да ги научи особеностите на модната индустрија. „Сакав да научам како се подготвува модна ревија, како се работи на фризурата и шминката или како моделите вежбаат.“ Во Лисабон и Рига, Теодора учествувала, исто така, и во работилници и семинари со гости-говорници кои зборувале за можности за производство и соработка, одржливост на брендовите и маркетинг стратегии. Меѓутоа, сфаќа дека најмногу ѝ помогнало “мешањето на коктел забавите на коишто имав прилика да зборувам со производители и да разберам како индустријата навистина функционира.“
„За мене, панкот отсекогаш бил начин како да се избегне мислењето на општеството и да се биде слободен“
Трансформирање на панкот во успех Во моментот, Теодора работи како асистентка на универзитетот Middlesex. Сè уште активно го промовира својот бренд, користејќи сè што научила, имајќи за цел да стане позната дизајнерка во Европа и пошироко. „Имам чувство дека можам да направам нешто навистина големо. Можеби звучи како клише, но убедена сум дека ќе сум успешна“, вели таа.Авантури во природата на Западен Балкан со Нол и неговата компанија
Млад косовски претприемач ја развива својата компанија за рурален туризам со поддршка на ЕУ.
Нол Красниќи е член на косовскиот тим за качување по карпи, активист за животна средина и планинарски водич. Живее во Пеќ, Косово; град опкружен од планинскиот масив Проклетие – еден од највеличествените планински венци во Западен Балкан. Само со еден поглед врз варовничките гребени може да се сфати зошто овие планини се вистинска атракција за многумина туристи. Уште од својата осумнаесет годишна возраст, Нол работи како самостоен планинарски водич, а во 2014 година одлучил својата пасија да ја трансформира во постојан бизнис; заедно со својот деловен партнер Виртит.
Подобра понуда
Нол објаснува дека започнале да размислуваат за бизнисот за планински туризам кога бројот на посетители на градот и околните планини почнал да расте и првите туристички оператори се појавиле на пазарот. „Се нудеа многу малку опции за тури. Сметавме дека можеме да понудиме нешто подобро, па, така, ја создадовме компанијата“, вели тој. Шест години подоцна, „Balkan Natural Adventure“ е важен конкурент во секторот на планински туризам, не само во Косово, туку и во соседните Албанија и Црна Гора.
„Поддршката од Европската Унија беше важен чекор за одржливоста на нашата компанија“
Нова пазарна стратегија Компанијата веќе пречекала преку 700 туристички групи. Но, покрај успехот, биле соочени и со тешкотии и предизвици. Уште од самиот почеток, туристичкиот транспорт бил сериозен проблем поради цената и сигурноста на услугата. На почетокот, склучувале поддоговори со мини автобуси и такси возила во зависност од бројот на посетители во групата. Но, тоа било само краткотрајно решение. „Структурата на нашите групи е, од прилика, осум лица. Пазарот не нудеше најдобри решенија за групите од овој размер: честопати моравме да изнајмуваме мини автобуси со 20 седишта или два автомобила. Финансиски не беше изводливо“, вели Нол. Дополнително, компаниите за изнајмување автомобиле не беа секогаш сигурни, а тоа беше дополнителен предизвик. „Се концентриравме на планински туризам и забележавме дека културните тури стануваа сè побројни – неопходно беше да внесеме разновидност во нашата понуда.“ Пред три години, деловниот партнер на Нол, Виртит, забележал, на социјалните медиуми, отворен повик од ЕУ за поддршка на компании; вклучително и оние кои работат во доменот на туризам. Земајќи предвид дека во „Balkan Natural Adventure“ имале потреба од помош, одлучиле да се пријават. Побарале помош за меѓународно рекламирање, истражување за развој на културни тури и купување на комбе со осум патнички седишта за да ги решат тешкотиите со транспортот. Нивниот предлог бил одобрен и Европската Унија им понудила кофинансирање за сите нивни потреби. „Поддршката од Европската Унија беше важен чекор за одржливоста на нашата компанија. Не само што ја зголемивме сигурноста и волуменот на нашите услуги, туку вработивме и повеќе луѓе. Денес, располагаме со тројца постојано вработени во отсекот на продажба и администрација, а имаме и 15 вработени со скратено работно време кои работат како водичи и возачи“, вели Нол. Сегашниот тим, Нол го опишува како професионален и објаснува дека се состои од водичи од Албанија и Црна Гора. „На почетокот, тешко беше да најдеме посветени водичи. Но, откако поставивме неколку добри примери за тоа дека како водич во четири месеци можете да заработите колку за цела година; ситуацијата почна да се менува.“ Да не беше пандемијата КОВИД-19, „Balkan Natural Adventure“ годинава ќе пречекаше 500 туристички групи. Тоа ќе беше важен раст. Но, и покрај пандемијата, Нол и неговиот партнер предвидуваат светла иднина за нивната компанија: во текот на следните десет години, очекуваат да додадат 40 водичи и возачи со скратено работно време, како и дополнително да го зголемат постојаниот персонал до бројка од десет вработени.„Сè повеќе и повеќе луѓе гледаат иднина во одржливиот туризам“
Но, сè уште претстојат предизвици. Едни од најголемите се нелегалното градење во планините, хидроцентралите и загадувањето на воздухот. Меѓутоа, Нол останува оптимист. „Сè повеќе и повеќе луѓе гледаат иднина во одржливиот туризам“, вели тој. „По рекламната кампања, во 2020 имавме повеќе резервации отколку во сите три изминати години заедно. КОВИД го направи своето, но, за среќа, повеќето од клиентите само ги одложија резервациите без откажување, па, така, нашата инвестиција не беше изгубена“, потенцира Нол.Зближување на локалните и ЕУ перспективи
Жена од Босна и Херцеговина го употребува своето меѓународно Еразмус искуство за здоближување на локалните и ЕУ перспективи.
Амела завршила средно медицинско училиште. Бидејќи била одлична ученичка, имала можност да студира медицина и да стане докторка. Но, по завршувањето на средно училиште, нејзините планови за иднината добиле сосема друга насока. „Сфатив дека ако продолжам на медицински факултет, тоа би значело шест години напорна работа и студии. Бев млада и ми беше потребно поголемо животно искуство, па одлучив да направам едногодишна пауза“, вели таа.
Првичниот план за едногодишна пауза продолжил дополнителни пет години. Започнала да работи во пекарницата на својот брат, потоа се преселила во САД, работела како фотографка, повторно се вратила во Европа и работела како гувернанта во Швајцарија, а и како наставничка по англиски јазик во Германија. Амелија вели дека навистина ги цени сите овие искуства затоа што ја прошириле нејзината културна перспектива и ѝ помогнале да научи многу за животот. Исто така, уживала да работи во меѓународна средина.
„Искуствата во странство ми покажаа дека имам талент за поврзување со луѓе, а, како резултат, можев и самоуверено да зборувам странски јазици“
Враќање дома Штом се вратила во Босна и Херцеговина го завршила медицинскиот стаж, но, со сето меѓународно искуство, не била веќе сигурна дека сака да работи како медицинска сестра или да студира медицина. Поради разноликите искуства за време на паузата, нејзините професионални аспирации зазеле сосема различна насока. „Шестгодишното искуство во странство ми покажа дека имам талент за поврзување со луѓе, а, како резултат, можев и самоуверено да зборувам странски јазици. Оттука, одлучив да студирам меѓународни односи на универзитетот во Сараево“, вели Амела. Благодарение на меѓународното искуство, Амела знаела дека на европските универзитети нивото на образование е подобро од тоа во Босна и Херцеговина. Па, кога дошла до можност за завршување на дел од своите студии во некоја од државите на ЕУ, преку програмата ЕРАЗМУС+, воопшто не се двоумела за пријавување. Добила можност да студира еден семестар во Франција и друг семестар во Литванија, преку програмата за студентска размена на Еразмус. Повторно заминување во странство Своето Еразмус искуство Амела го опишува како „одлично“. Во поглед на квалитетот, најмногу била импресионирана од пристапот до библиотеки и дигитални ресурси; со бројни извори и далеку побогати содржини од тие на коишто била навикната. „Тоа е нешто што навистина недостасува во Босна и Херцеговина“, вели таа. Отворените професионални врски помеѓу студентите и професорите дополнително ја импресионирале. Амела објаснува дека во Босна и Херцеговина, особено на државните универзитети, постои строга хиерархија помеѓу студентите и професорите. „Тука, мислењето на студентите не се зема предвид, но на универзитетите во Литванија и Франција моето мислење беше земено предвид и ценето. Тоа е огромна придобивка“, вели таа.„Јас сум од Босна, но, истовремено, се чувствувам европски. Благодарение на моето професионално и животно искуство, можам да ги земам предвид двете перспективи“
Нејзиниот план, по дипломирањето, е да работи во некоја од институциите на ЕУ. Амелија верува дека во европската интеграција на Босна и Херцеговина постојат алки кои недостасуваат. Една од нив е локалната перспектива. Според неа, интеграцијата на владино ниво се одвива успешно, но истото не може да се каже и за локалното ниво. „Би ми било задоволство да придонесам за тоа. Од таа причина избрав и магистерска програма насловена „Глобални студии – европска перспектива“ преку којашто би можела да ги спојам глобалното и локалното“, вели таа. Откако ги видела придобивките од искуството со програмата Еразмус, по дипломирањето, Амела аплицирала за магистерски студии преку истата програма. Во моментот, привршува партнерска магистратура Еразмус Мундус во Лајпциг и Виена. „Јас сум од Босна, но, истовремено, се чувствувам европски. Благодарение на моето професионално и животно искуство, можам да ги земам предвид двете перспективи, што може да биде навистина корисно“, вели Амела.Спречување поплави со поддршка на природата
Универзитет во Албанија развил проект за спречување поплави преку поставување биоразградливи трупци од природни влакна и насади на речните корита.
“Таа е од оние професори кои нè мотивираат да бидеме проникливи и длабински да ја истражуваме секоја тема“, вели еден од студентите на професорката Енкелејда Куцај, на универзитетот Полис во Тирана, во врска со нејзините предавања за животната средина.
Професорката Куцај својата инспирациска пасија ја пренесува и во нејзиното истражување. Како дел од своите докторски студии, развила важна студија за загадувањето на реките Лана и Тирана во Албанија. Овој труд направил да посака да истражува уште една поврзана и подеднакво важна тематика – заштитата од речни поплави, но морала да ја одложи работата за понатака. “Поради недостиг на време и ресурси, просто, не бев во можност да работам на оваа проблематика“, вели таа.
“Веќе 15 години ја проучувам вегетацијата и, за мене, еден од главните заклучоци е дека природата се обновува доколку нема човечка интервенција“
Отворање нова можност Но, по некое време, ѝ се овозможила одлична прилика за да се занимава со овој предизвик. Државната агенција за територијално планирање на Албанија го поканила универзитетот Полис да презентира предлози за иновативни проекти поврзани со отпорност на поплави, суши и екстремни временски услови. Поканата дошла како дел од проектот “BRIGAID“, финансиран од ЕУ, кој имал отворен повик за предлози. Тимот на професорката Куцај, од универзитетот Полис, претставил иновативно решение засновано на адаптација на еколошки техники кои спречуваат речни поплави. Предлогот бил прифатен, а професор Куцај, заедно со својата екипа студенти и други колеги од универзитетот, започнала да работи на имплементацијата. Како пробно подрачје била избрана реката Ерзени.“Верувам дека најзначајниот исход од овој проект е инволвирањето на студентите. Беа навистина активни и подготвени да истражуваат понатаму“
Проектот “BRIGAID“ е имплементиран од 24 партнери од различни држави; претежно универзитети, мали и средни претпријатија, и истражувачки институти. Конзорциумот е под водство на Технолошкиот универзитет во Делфт, Холандија; финансиран од програмата “Horizon 2020“ на ЕУ. Проектен партнер во Албанија е Државната агенција за територијално планирање. Ненси Лалај од Државната агенција за територијално планирање е локалниот координатор на проектот. Таа објаснува дека успешните иновации за справување со климатски промени се особено предизвикувачки во Албанија, бидејќи луѓето не се запознаени со овие концепти. Токму затоа, неопходно е да се вклучат што е можно повеќе засегнати страни со цел истражувањето, академската заедница и корисниците да работат заедно. Според Лалај, проектите како “BRIGAID“ ѝ овозможуваат на новата генерација да го трансформира своето знаење во пракса. “Верувам дека најзначајниот исход од овој проект е инволвирањето на студентите. Беа навистина активни и подготвени да истражуваат понатаму“, вели таа.Претворање на шар планина во омилена дестинација за рурален туризам
Спој од природа, спорт и култура – еве како еден регион во Косово го користи својот туристички потенцијал благодарение на проект финансиран од ЕУ.
Призрен е шармантно историско гратче и омилена дестинација за бројни локални и меѓународни туристи. Според Косовската агенција за статистика, Призрен привлекува повеќе туристи од која било друга општина во Косово. Меѓутоа, ваквиот проток на посетители не се одразува во престои со преноќевања. Пред четири години, општинските авторитети ја детектирале оваа контрадикција и спровеле анкета за да ја разберат причината. Анкетата ги разјаснила причините: Призрен е малечок град така што повеќето од важните културни знаменитости можат да се посетат за ден или два. Оттука, повеќето туристи не остануваат подолго.
Сместен на подножјето на Шар Планина, покрај своето културно наследство, Призрен има прекрасна природна средина подготвена за откривање преку скијање и други активности поврзани со природата кои, воедно, претставуваат мотив за туристите да останат подолго. Но, сè до пред три години, инфраструктурата не била доволно развиена за туристите да можат да уживаат во планините. Здружението “ Sharri Mountaineers“, невладина организација од Призрен, одлучило да дејствува. Заедно со колеги од друга, поискусна, невладина организација – Здружението на алпинци “ Marimangat“ од Пеќ, започнале со планови за маркирање и означување на нови планинарски патеки, како и развивање на промотивна кампања за рекламирање на регионот како природна авантуристичка дестинација.
“ Ова беше одлична можност, бидејќи ни беа потребни средства за ја да спроведеме нашата идеја. Но, за да се пријавиме за повикот, потребно беше да најдеме партнер од другата страна на границата.“
Прекугранични партнери Истовремено, програмата за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија, финансирана од ЕУ, објавила повик за проекти кои би придонеле за поттикнување на туризмот и културното наследство во меѓуграничниот простор помеѓу Косово и Северна Македонија. Градот Тетово, на страната на Северна Македонија, имал слични проблеми како Призрен во поглед на недостиг на туристички престои со преноќевања. Шарпланинскиот ланец се протега низ Косово и Северна Македонија, оттука се појавил и потенцијал за заедничка работа. “ Ова беше одлична можност, бидејќи ни беа потребни средства за ја да спроведеме нашата идеја. Но, за да се пријавиме за повикот, потребно беше да најдеме партнер од другата страна на границата“, вели Дени Хамели од здружението “ Sharri Mountaineers“. Кога ги разгледувале своите контакти, здружението склучило партнерство со невладината организација “ ALKA“ од Северна Македонија. Дени објаснува дека невладината “ ALKA“ била совршената партнерска организација затоа што веќе имала искуство со слични проекти. “ Навистина беа од голема вредност во процесот на составување на предлогот, како и за имплементација на проектот“, вели Дени. Предлогот бил одобрен и во текот на следните години, партнерските организации работеле на имплементација на проектот кој сега наближува кон својот крај. Холистички пристап Проектот зазел холистички пристап со цел зголемување на привлечноста на регионот како туристичка дестинација. Работата вклучувала подобрување на инфраструктурата преку мапирање и означување 21 нова планинарска патека, покривајќи 200 километри. Проектот, исто така работел на зголемување на капацитетите на домаќинствата и туристичките водичи за примање гости. Најнакрај, проектот развил видеа, летоци; како традиционални, така и кампањи на социјалните медиуми, сè со цел рекламирање на регионот како туристичка дестинација за локалните и меѓународните туристи.“Дополнително, низ планинските патеки, туристите ќе можат да ги видат и културните знаменитости. На овој начин, ја спојуваме природата со културата: совршена дестинација за планински туризам.“
Проектот насловен “ Поддржување на потенцијал за регионален туризам“ беше финансиран од ЕУ во рамки на програмата “ Прекугранична соработка Косово – Северна Македонија“ како инструмент на претпристапната програма (ИПА). Проектот беше имплементиран со невладините организации “ ALKA“ и “ Balkania“ од Северна Македонија и планинарските здруженија “ Marimangat“ и “ Sharri Mountaineers“ како невладини организации од Косово. Јован Божиноски е туристички водич и член на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово, Северна Македонија. Земајќи предвид дека сите нови планинарски патеки проаѓаат покрај ресторани и домаќинства кои нудат храна и сместување, Јован верува дека проектот ќе има значаен економски исход во поглед на привлекување повеќе клиенти во регионот. “ Дополнително, низ планинските патеки, туристите ќе можат да ги видат и културните знаменитости. На овој начин, ја спојуваме природата со културата: совршена дестинација за планински туризам“, вели Јован.Нови кариерни аспирации креирани во Констанц,Германија
Српски студент по политички науки искусил нов начин на учење за време на своите постдипломски студии во Германија со поддршка на Еразмус+.
Горан Траилов верува дека корупцијата е еден од најважните предизвици коишто Србија треба да ги надмине. Затоа избрал да студира политички науки, а, подоцна, како тема на својата магистерска теза го избрал владеењето на правото и корупцијата. “ Оваа проблематика бара итно внимание, а јас работам на неа од моите рани студентски денови. Ова е сериозен проблем низ Западен Балкан“, вели тој.
Горан ги завршил своите постдипломски студии на универзитетот во Констанц, Германија, каде што неговата теза го третирала владеењето на правото во Западен Балкан и тоа во контекст на теоријата за европеизација. Како земји за истражување ги избрал Србија и Црна Гора, а како прецизна тема за истражување ја избрал корупцијата. Еден од заклучоците на неговата теза е дека, во оваа насока, навистина постои надеж за Србија. Горан објаснува дека бројот на случаи поврзани со корупција во судовите расте, но, сè уште, преостанува работа која треба да се исполни за достигнување на стандардите на ЕУ.
“Замислете си 1000 луѓе од секаде низ светот сместени во еден мал град каде што имаш можност да ги запознаеш. Во големите градови како Берлин не може на ваков начин да се искуси културната разноликост. Беше прекрасно.“
Скоро изгубена прилика Откако ги завршил додипломските студии, Горан се запишал на постдипломски студии на универзитетот во Белград. На крајот од првата година, одлучил, со поддршка на програмата Еразмус+, да ги продолжи своите постдипломски студии во странство. Бил слушнал за програмата Еразмус+ уште за време на додипломските студии, но, тогаш, доцна се пријавил и не успеал. “ На крајот од првата година од постдипломските студии, еден асистент кој е, всушност, Еразмус+ координатор на мојот универзитет, ме советува да се пријавам“, вели Горан. Горан бил примен на универзитетот во Констанц, Германија. “ На почетокот, бев исплашен. Сиот мој дотогашен живот го бев поминал во Белград и за првпат требаше да се преселам во потполно нова средина: малечко гратче во Германија“, вели Горан. Но, неговите стравови исчезнале во моментот кога пристигнал таму. Констанц е историски универзитетски град со, приближно, 80000 жители и прекрасен пејзаж, на брегот на Боденското Езеро. Градот е дом на 10000 студенти од кои 1000 меѓународни. Ова е еден од квалитетите кои уште на почетокот го импресионирале Горан. “ Замислете си 1000 луѓе од секаде низ светот сместени во еден мал град каде што имаш прилика да ги запознаеш. Во големите градови како Берлин не може на ваков начин да се искуси културната разноликост. Беше прекрасно“, вели Горан.“Професорите во Констанц повеќе слушаа што сакавме да кажеме и беа отворени за учење од студентите.“
Целење кон интеграција во ЕУ Сега, откако дипломирал, Горан планира да се пријави за тренинг во институциите на ЕУ во Брисел. Потоа, неговата цел е работа во Министерството за интеграција во ЕУ или некоја друга организација во Србија, поврзана со ЕУ, бидејќи сака да работи на интеграцијата на својата земја во ЕУ. Објаснува дека, во Западен Балкан, а и насекаде, постои потреба од повеќе професионално обучени политичари. “ Денес, го работиш тоа што го студираш. На времето, било можно да студираш физика и да станеш канцелар на Германија. Не верувам дека веќе ќе биде така“, вели тој. Горан бил, исто така, импресиониран од образовниот квалитет. Бил воодушевен од широкиот избор предавања на кои можел да присуствува. Како што објаснува, некои предавања се повторуваат низ годините, но повеќето се менуваат и, на почетокот на секој семестар, има каталог на предавања од кои студентот може да избира. “Ова беше супер. Со новите предавања, имавме можност да следиме што се случува во светот. Оттука, не би сакал да речам “ пософистициран“, но тоа би требало да биде зборот за да се спореди универзитетот во Констанц со тој во Белград“, вели Горан. Дополнителен квалитет кој Горан го потенцира е пристапот на професорите и интерактивноста на предавањата. “Професорите во Констанц повеќе слушаа што сакавме да кажеме и беа отворени за учење од студентите. Ова не е случајот со многумина професори на универзитетот во Белград.“ Исто така, ги цени и бројните прилики во кои професорите излегувале надвор од програмата, поканувајќи гости од институциите на ЕУ за да ги споделат нивните искуства. “ Се сеќавам дека, еднаш, го имавме на гости шефот на една агенција на ЕУ која оперира во Африка. Ни објасни како екипата работела таму и кои предизвици морале да ги надминат. Беше забавно“, вели тој.Донесување на магијата на анимираниот филм во град во косово
Пред единаесет години, пет тинејџери од Косово основаа фестивал за анимиран филм. Денес, ANIBAR е еден од водечките фестивали од овој вид во Европа.
Во 2005 година, петорица тинејџери, фанови на анимиран филм, барале начин да научат за анимација. Живееле во градот Пеќ, во Косово, и, на времето, никаде низ Косово немало училиште за анимација, а немале ни средства да заминат во странство за да учат. Па, затоа, одлучиле да ја донесат можноста за учење анимација во нивниот град. Штом наполниле 18 години, се зачлениле во невладина организација и започнале да работат на основање на еден од денес најпознатите филмски фестивали за анимација во Европа – ANIBAR.
“Обично, фестивалите се развиваат во спротивен правец“, вели Арба Хаташи, сегашната директорка на фестивалот. “Најпрво, се започнува со училиште за анимација каде што се учи техниката на анимираниот филм, а потоа се организира фестивалот за да се прикажат филмовите. Ние го направивме спротивното: го основавме фестивалот со цел да донесеме филмски и меѓународни ментори во Пеќ и да научиме како се прават анимирани филмови.“
Единаесет години отпосле, образованието е, сè уште, важен аспект на фестивалот. На почетокот, основачите на фестивалот, заедно со други млади, бенефитирале од “мастер часови и работилници“ обезбедени од обучувачи кои доаѓале во Пеќ за време на фестивалската седмица. Во 2016 година, ја отпочнале академијата за анимација во Пеќ и Приштина; и тоа во форма на континуиран курс за анимација во текот на цела година.









