Автор: WeBalkans
Организација за животна средина создава податоци за визуелизирање на еден скриен, но очигледен, проблем во градовите во Албанија.
Тирана е динамичен град и дом на една третина од населението во Албанија. Со бројка од 0,85 милион жители, која постојано расте, Тирана е збирно место за секој кој е желен за можност за образование или бизнис. Но, градот има ограничена инфраструктура за јавен превоз која ги тера луѓето да возат автомобил, а побарувачката за домување, пак, направи градежната индустрија да биде во вистински подем во текот на последните три децении. Ваквата ситуација го „наплаќа својот данок“ врз квалитетот на животот како резултат на постојаното воздушно загадување.
Во држава со малку контролори, Албанците можат само да претпоставуваат за квалитетот на воздухот кој го дишат. Но, веќе докажаната организација за животна средина, „Milieukontakt“, сакала да ја промени ситуацијата. Сакале да го измерат загадувањето на многу поголем размер – 500 локации. Истовремено, сакале да инволвираат што е можно повеќе луѓе за да ја подигнат свеста за овој невидлив, но сосема очигледен, еколошки проблем.
Промовирање зелен начин на живот во Косово
„Нека биде зелено“ („Keep It Green“) е волонтерска мрежа која работи на подигнување на свеста за индустриско загадување и други еколошки проблеми во индустрискиот град Обилиќ.
На десет минути возење со автомобил од главниот град – Приштина, малечкото гратче Обилиќ е центар на рудната индустрија во Косово. Со околу 6800 жители, Обилиќ е дом на три рудници и две електрани кои го произведуваат поголемиот дел од електричното снабдување на Косово.
Ова е регион кој зависи од вработувањето во електраните; околу 5000 луѓе од Обилиќ и соседните села работат во таа индустрија. Неизбежно, рудните и индустриски активности создале и длабока еколошка штета.
„Седевме пиејќи кафе и кога почнавме да зборуваме за [еколошките] проблеми со кои се соочува нашата заедница, сфативме дека мораме да преземеме нешто.“
„Keep it Green“ е младинска организација која работи на подигнување на свеста за еколошки проблеми во Обилиќ и нивните ефекти врз населението. „Околу 30% од луѓето во Обилиќ патат од дишни заболувања,“ Гуџим Клинаку, директор на „Keep it Green“ сведочи за Европскиот фонд за демократија. Тој објаснува како „Keep it Green“ биле инспирирани од разговор во кафуле во 2015 година. Како што Клинаку се присеќава: „Седевме пиејќи кафе и кога почнавме да зборуваме за [еколошките] проблеми со кои се соочува нашата заедница, сфативме дека мораме да преземеме нешто.“ Охрабрување за граѓаните да ја заштитат својата животна средина Шест години подоцна, „Keep it Green“ е мрежа од околу 60-мина кои се фокусираат на проекти за заедницата, охрабрувајќи ги локалните жители да бидат позаинтересирани за зачувувањето на животната средина. Последните неколку години не биле без предизвици, особено земајќи ја предвид тешката економска состојба со која се соочуваат луѓето во овој индустриски регион. „Тешко е да ги натерате луѓето да се грижат за животната средина кога едвај заработуваат за живот,“ признава Клинаку. Во „Keep It Green“ се свесни за оваа реалност, но, сепак, продолжуваат да се залагаат за позелена енергија во Обилиќ. Пред периодот на Ковид-19, организирале неделни протести пред електраната за да ги натераат да го применат Законот за животна средина во Обилиќ. Исто така, организирале и бројни акции за подобрување на градот. Неодамна, волонтерите исчистиле парк и го декорирале со улична уметност за да го направат попријатно место за локалните жители. Исто така, се и на чело на годинешниот „Green Art Fest“ – градски фестивал за подигнување свест за еколошки проблеми. Уште од 2016 година, организацијата работи и со локалните училишта; спроведувајќи работилници под насловот „Намали, реупотреби, рециклирај“ и учејќи ги учениците како да ги намалат отпадоците. „Keep It Green“ се, исто така, активни и преку организирање летни кампови, на тема еколошки проблеми, за млади. Главната цел на овие кампови е да се израсне нова генерација млади лидери за еколошки активизам во Косово. Справување со Ковид-19 Како и други слични организации, „Keep It Green“ смислиле креативни начини за да се адаптираат на пандемијата Ковид-19. Иако работилниците „Намали, реупотреби, рециклирај“ биле подеднакво успешни и во форма на вебинар; морале да го откажат изданието за 2020 година на фестивалот „Green Art Fest“. Ова лето, планираат да го организираат нивниот препознатлив камп за еколошки активизам кој инволвира 20 учесника во тридневен тренинг за подигнување на свеста за еколошки проблеми.„Ова финансирање пристига во важен момент за нас. Животната средина денес е навистина популарна тема и се надевам дека „зелениот бран“ наскоро ќе пристигне и тука.“
За Европскиот фонд за демократија Европскиот фонд за демократија (ЕФД) е независна организација која нуди грантови, основана во 2013 година од страна на Европската Унија (ЕУ) и земјите членки на ЕУ кои се залагаат за демократија во европското соседство, Западен Балкан, Турција и пошироко. ЕФД ги поддржува организациите на граѓанското општество, про-демократските движења, граѓанските и политички активисти, како и независните медиумски платформи и новинари кои се стремат кон плуралистички и демократски политички систем. Ова е скратена верзија од статијата објавена од страна на Европскиот фонд за демократија. Поддршката од Европскиот фонд за демократија им овозможува во „Keep it Green“ да преминат од операција заснована на волонтерство; која се одржува преку ентузијазам, во постабилна организација со постојан персонал. Исто така, овозможува нивните активности, како, на пример, кампот за подигнување свест, да станат постојани активности; овозможувајќи стратешко планирање и развој. „Ова финансирање пристига во важен момент за нас. Животната средина денес е навистина популарна тема ширум светот и сè повеќе луѓе се инволвираат. Иако, засега, во Косово нештата се помалку развиени, се надевам дека „зелениот бран“ наскоро ќе пристигне и тука,“ вели Клинаку.Ширење на вкусот на Црногорската пршута преку границите
Црногорска компанија го зголемува својот извоз, приход и персонал со поддршка на ЕУ.
Сувата шунка е специјалитетот на Његуши, село во близина на градот Цетиње во Црна Гора. Позната е по својот специфичен вкус и арома кои се резултат на мешавината од морски и планински воздух и чадено буково дрво кое се користи при процесот на сушење. Се работи за познат вкус за Црногорците и посетителите на државата, а, сега, црногорска компанија работи и на негово претставување ширум регионот на Западен Балкан, но и пошироко.
„Медитеранеа“ е средно-голем црногорски бизнис во сопственост на сопружниците Марија и Иван Шпадијер. Компанијата ја започнале со мал размер; и тоа како дистрибутери на месни производи во 2006 година, но, постепено, го зголемувале својот профит, а пршутата „Његушки“ станала еден од нивните главни производи. Иван објаснува дека пршутата бара сложена техника на производство: процесот на сушење вклучува посолување со морска сол во текот на три недели; со пресување за да се извади вишокот течност во текот на дополнителни три недели, а, потоа, следува и чадење и сушење на свеж планински ветер во текот на три месеци за, најнакрај, да се стигне до моментот на зреење. Целиот процес трае околу една година.
„Нашите подизведувачи не можеа соодветно да ги исполнат овие барања, па, затоа, одлучивме сами да го преземеме пакувањето.“
Зголемување на квалитетот и приходот Скоро десет години, „Медитеранеа“ ја купувала пршутата од произведувачи во околината Његуши и истата била пакувана од страна на подизведувачи. Бизнисот добро се развивал, а пазарот се ширел, но со тоа надошле и свои предизвици. Квалитетот на суровиот производ бил непроменет, но компанијата започнала да има проблеми со пакувањето. Иван објаснува како започнале да добиваат барања од клиентите за подобрување на квалитетот на пакувањето. „Нашите подизведувачи не можеа соодветно да ги исполнат овие барања, па, затоа, одлучивме сами да го преземеме пакувањето,“ вели тој. За да го направат тоа, имале потреба од дополнителна опрема и простории, затоа што ова било нов домен за компанијата. Најпрво, инвестирале со сопствени капацитети, но тоа не било доволно за да се задоволи побарувачката. Оттука, одлучиле да поднесат барање за поддршка од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој – ИПАРД, од страна на ЕУ. Како резултат, добиле опрема, во вредност од скоро 35000 евра, која вклучува машина за пакување и два електрични крана со ланци со капацитет на подигнување до 11 метри.„Доколку не беше поддршката на ЕУ, преку инструментот ИПАРД, сè уште ќе се мачевме. Поддршката нè направи посамостојни и ни помогна да ја преземеме контролата врз нашата судбина и успехот на нашата компанија.“
За програмата Како дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), дизајниран за поддршка на реформи во земјите во процес на пристапување кон ЕУ, Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), се фокусира на земјоделско-прехранбениот сектор на овие држави и нивните рурални средини. Преку оваа алатка, ЕУ им нуди финансиска и техничка помош на корисниците со цел нивниот земјоделски сектор и рурални средини да бидат поодржливи и во хармонија со заедничката земјоделска политика на ЕУ. Денес, „Медитеранеа“ произведува и дистрибуира преку 50 тони готови производи годишно. Имаат бројни клиенти меѓу кои се вбројуваат хотели, ресторани и ланци на супермаркети. Околу 90% од нивниот приход доаѓа од извоз. Иако производството е сè уште покриено од подизведувачи во околината Његуши, пакувањето и дистрибуцијата се целосно покриени од страна на компанијата. Двојно ја зголемиле големината на нивниот тим, преминувајќи од четворица на осуммина, и сè уште планираат да растат. Иван објаснува дека поддршката на ЕУ била неопходна за нивната успешна приказна. „Доколку не беше поддршката на ЕУ, преку инструментот ИПАРД, сè уште ќе се мачевме. Поддршката нè направи посамостојни и ни помогна да ја преземеме контролата врз нашата судбина и успехот на нашата компанија,“ вели тој.Прошетка низ културното наследство во Западен Балкан
Проект, финансиран од ЕУ, поддржува оригинален начин на промоција на културното наследство во Западен Балкан.
Замисли си регион каде што можеш да најдеш споменици од античкото Грчко, Римско или Отоманско Царство, но и од социјалистичките режими. Ова е место каде што се мешаат источните и западните култури – нивната храна, традиционална облека, јазикот и бројни други аспекти од нивното културното наследство: ова е Западен Балкан. Невладина организација од Србија – Здружение „Манифесто“, заедно со други партнери од Црна Гора и Северна Македонија, развила единствен начин за промоција на ова помалку познато наследство.
Се работи за нивниот иновативен концепт, развиен како дел од проект финансиран од ЕУ – „Прошетки и разговори низ културното наследство“. Ги доближуваат локациите на културно наследство до посетителите и ја зголемуваат привлечноста на помалку познатите локации преку употреба на иновативни раскажувачки методи за да ги претстават не само фактите, туку и усната историја и урбаните легенди. Сево ова го промовираат преку современи далечински методи, вклучувајќи ги социјалните медиуми и специјално креирана мобилна апликација. Проектот вклучува промоција на споменици од Втората светска војна, кралски палати и антички населби, движејќи се низ праисториски населби, сместени во прекрасни пејзажи.
Концептот „Прошетки низ културното наследство“ бил за првпат претставен во Советот на ЕУ, во рамки на Конвенцијата „Фаро“. Оваа конвенција се однесува на вредностите на културното наследство како добра пракса за општествено засновани иницијативи за културно наследство. Идејата на проектот била развиена врз основа на овој концепт преку кој учесниците се запознаваат со скриени катчиња од околината преку интересно раскажување. Концептот „Прошетки низ културното наследство“ ги зближува туристите не само со локалните куриозитети, туку и со локалните даватели на услуги, поврзувајќи ги сите заедно преку посебна приказна.
„Во секој музеј или културна институција, имаме професионалци кои добро го владеат својот домен како, на пример: археологија, антропологија или биологија, но не се особено добри за раскажување. Сакавме да заземеме нов приод.“
Различен начин на раскажување Иван Светозаревиќ е проектен менаџер во Здружението „Манифесто“ кое добило грант од Проектот за туристички развој и промоција, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Советот за регионална соработка. Тој објаснува дека идејата на проектот била развиена врз основа на неколку конкретни предизвици со кои туристичката индустрија се соочува при промовирањето на културното наследство. Главниот предизвик бил недостатокот на привлечни методи за толкување и раскажување на културното наследство, особено во руралните средини. „Во секој музеј или културна институција, имаме професионалци кои добро го владеат својот домен како, на пример: археологија, антропологија или биологија, но не се особено добри за раскажување,“ вели тој. Проектот избрал осум локации во три држави на Западен Балкан; вклучувајќи ги Гамзиград или Феликс Ромулијана во Србија, средновековната тврдина Швац во Црна Гора, Самуиловата тврдина во Северна Македонија, и други. Исто така, ангажирале професионалци за да создадат приказни засновани на факти, но и на усна историја и урбани легенди, и да осмислат оригинален пристап кој ја сместува приказната во поширок контекст. „Сакавме да понудиме нов пристап кон раскажувањето за наследството во Западен Балкан: нов производ,“ вели Иван. Напоредно, проектот развил и посебни патеки околу локациите. Патеките вклучуваат локални бизниси како, на пример: мали продавнички и ресторани и на овој начин нудат можност за ангажирање и создавање бенефити за локалните заедници и бизниси околу локациите.„Кога станува збор за културен туризам, повеќето посетители, по правило, избираат поголеми градови. Локациите избрани од нашиот проект се, главно, во руралните средини кои сега можат да извлечат економска корист од туризмот.“
За проектот Проектот за туристички развој и промоција, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Советот за регионална соработка, е вреден 5 милиони евра. Истиот стреми кон развивање и меѓународно промовирање на заеднички понуди за регионален културен и авантуристички туризам, зголемување на бројот на туристи кои ги посетуваат шесте држави во Западен Балкан и проширување на нивниот престој во регионот. Здружението „Манифесто“ беше меѓу добитниците во вториот круг грантови, секој во вредност од 54 илјади евра, доделени во октомври 2019. Советот за регионална соработка е инцијатива, финансирана од ЕУ, која промовира соработка, помирување и економски и општествен развој во регионот. Избраните локации се од Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Патеките и приказните се прикачени на нашиот веб сајт и мобилна апликација создадени од проектот со цел посетителите да можат независно да ги посетат и да уживаат во нив. Ова им нуди можност на посетителите да доживеат прекугранично искуство преку уживање во културното наследство промовирано од проектот. На овој начин, проектот придонесува за заедничка промоција на регионалната културна понуда, зголемување на престојот на посетителите во регионот и приходите кои се генерираат од вработувањето во туристичката индустрија. Повеќето од локациите во проектот се во руралните средини, објаснува Иван: „Кога станува збор за културен туризам, повеќето посетители, по правило, избираат поголеми градови. Локациите избрани од нашиот проект се, главно, во руралните средини кои сега можат да извлечат економска корист од туризмот.“Надвор и онлајн
Со поддршка на ЕУ, предводничка ЛГБТИ организација маршира во одбрана на заедницата во Косово.
Како би ги карактеризирале членовите на ЛГБТИ (лезбијка, геј, бисексуалец, трансродова, и интерсеклсуална личност) заедницата? Одговорите на просечен Косовар вклучуваат: екстравагантни, знаме на виножитото и Парада на гордоста. Ваквите стереотипи се, главно, резултат на ограничените информации во масовните медиуми, комбинирани со традиционалните ограничувања кои го забавуваат процесот на отворање на општеството. Но, за косовската ЛГБТИ заедница може да се каже многу повеќе отколку Парада на гордоста и не сè е така шарено како што изгледа на сликите.
„Ја организираме Парадата на гордоста за да ја подигнеме свеста за правата на ЛГБТИ заедницата, но и за да го дигнеме гласот поради загриженоста за кршењето на овие права. Всушност, се работи за протестен марш,“ вели Арбер Нухиу од „CSGD“ – „Center for Social Group Development“ (Центар за развој на социјалните групи).
Организацијата е еден од најважните органи на граѓанското општество кој работи за подобрување на позицијата на заедницата и е клучниот организатор на сите настани кои се случуваат во склоп на Парадата на гордоста. Последните години, насловот на настанот беше истополовиот брак; законско право кое е одбиено од косовските институции иако е загарантирано со Уставот. „CSGD“ и другите ЛГБТИ и организации за човекови права со години лобираат за оваа одредба да биде вклучена во Граѓанскиот законик, но, досега, нивните повици се игнорирани.
„Ја организираме Парадата на гордоста за да ја подигнеме свеста за правата на ЛГБТИ заедницата, но и за да го дигнеме гласот поради загриженоста за кршењето на овие права. Всушност, се работи за протестен марш.“
„Нашиот пристап е систематичен во постигнувањето на нашата цел. Знаеме што сакаме и знаеме како да постапиме,“ вели Нухиу, осврнувајќи се кон работата за застапување на заедницата. Исто така, ѝ дава заслуга на ЕУ која била тука за нив која најмногу имале потреба. „CSGD“ примиле операциски грант од ЕУ за зајакнување на капацитетите на организацијата, овозможувајќи им подобро да ѝ служат на заедницата. Неодамна, ЛГБТИ заедницата во Косово го прослави своето прво достигнување кога успеаја да ја вклучат одредбата за проширување на законската заштита на ЛГБТИ луѓето во новиот Кривичен законик. Ова беше директен успех на стратешко застапување. Меѓутоа, сè уште има постојана борба за имплементација на законската рамка. Случаите на злосторства поттикнати од омраза против ЛГБТИ индивидуи не се истражуваат соодветно и не се носат пред суд. Заедницата верува дека следното подобрување треба да заземе место меѓу државните органи кои тужат, истражуваат и донесуваат одлуки. Поради тоа, ЛГБТИ заедниците се, исто така, активни во обуките за подобри практики на полицијата, обвинителите и судиите. Носење на услуги до местото на проблемот Искуството на „CSGD“ се протега преку две децении посветени на интеракција и поддршка за заедницата. Нивното искуство покажува дека постојат две реалности поврзани со ЛГБТИ заедницата во Косово: една е животот во престолнината – Приштина, а другата е во остатокот на државата каде што ситуацијата е прилично сива. Главниот град е местото каде ЛГБТИ луѓето добиваат одредена слобода, но пандемијата со Коронавирус, од најразлични причини; како, на пример испрекинато образование и губење на работа, ги натерала да се вратат дома.„Најголемиот страв на ЛГБТИ луѓето е стравот од неприфаќање, главно, од страна на семејството. Не можеме ни да го замислиме притисокот со кој тие се соочуваат во своите домови. Секој ден. Потоа, следува стравот од неприфаќање од страна на општеството.“
За програмата Европската Унија ја основа организацијата „Центар за развој на социјални групи“ и нејзините клучни активности во рамки на Националниот механизам за граѓанско општество 2015. Целта на оперативниот грант беше да се зголемат активностите за застапување, профилирање, вмрежување и градење коалиции. Глобалната цел беше овозможување и поттикнување на партиципативна демократија во Косово и тоа преку креирање на средина која промовира партнерство и дијалог помеѓу граѓанското општество и јавните институции, како и преку зголемување на капацитетот на организациите на граѓанско општество за да бидат ефективни и одговорни независни чинители. „Најголемиот страв на ЛГБТИ луѓето е стравот од неприфаќање, главно, од страна на семејството. Не можеме ни да го замислиме притисокот со кој тие се соочуваат во своите домови. Секој ден. Потоа, следува стравот од неприфаќање од страна на општеството,“ вели Нухиу. Како последица, од почетокот на пандемијата има пораст на бројот луѓе кои бараат советодавна поддршка, како и на бројот на случаи на насилство. Одговорот на „CSGD“ веќе бил развиен: онлајн платформа која нуди професионална и бесплатна советодавна и правна поддршка за секој. Платформата е последното во низата постигнувања на „CSGD“ кое води кон еманципирање на заедницата. Сега, организацијата е достапна и во дигитална форма за секој ЛГБТИ Косовар кој има потреба од неа, без разлика каде живее.Новинари добиваат повеќе време за да ја кажат вистината
Истражувачкото новинарство е скапоцено богатство во кое ЕУ смета дека вреди да се инвестира.
Во Косово, консумацијата на дигитални вести доживеа вистински бум пред неколку години. Како што пандемијата ги принуди луѓето да поминуваат повеќе време дома, моќта на дигиталните платформи порасна, а истите платформи се најчестиот извор на неточни или погрешни информации.
Според Арта Бериша, проминентна новинарка која го покривала феноменот на лажните вести, бројот на онлајн портали за вести во Косово се издигнал во периодот околу општите избори во 2017. Во тоа време, само што била започнала да предава новинарство: „Како новинарка, бев загрижена поради недостатокот на стандарди на овие портали,“ вели таа.
„Сакавме да понудиме платформа за новинари кои не се во можност независно да креираат содржина; за да можат да си ја работат својата работа без, притоа, да бидат под влијание на рекламаторите или дневниот притисок за креирање содржина во нивните редакции за дневни вести.“
Во споредба со пазарот во САД каде што создавањето лажни вести е заради финансиски добивки, во Косово лажните вести се наменети, главно, за политички цели. „Изобилуваат содржините со привлечни наслови и пристрасни и непроверени информации кои се креирани за чисто политички намери од страна на претставници на медиумите поврзани низ политичкиот спектар во Косово,“ вели Бериша која нашироко пишувала на оваа тема во 2017. Ситуацијата е потврдена во студија на Европскиот парламент која ја цитира работата на Бериша и заклучува дека дезинформациите во Западен Балкан се креираат и шират од домашни чинители за домашни цели. Студијата за дезинформации, спроведена во периодот помеѓу 2018 до 2020, открива три клучни предизвици поврзани со дезинформациите: надворешни предизвици за кредибилитетот на ЕУ, дезинформации поврзани со пандемијата КОВИД-19 и влијанието на дезинформациите врз изборите и референдумите. Серија од 12 статии, напишани од Бериша, го просветлиле овој широко распространет феномен во дигиталните медиуми кои покриваат низа теми; од изборите до проверка на факти и неоправдано владино финансирање на селектирани медиуми со потенцијал да влијаат на нивните уредувачки политики. Во нејзините статии, таа во фокусот ги става порталите за вести кои се членови на Советот за печат и кои постојано објавувале приказни со лажни информации кои потенцијално ѝ наштетуваат на одредена личност или репутацијата на одреден ентитет. Јавниот радиодифузен сервис, РТК, не бил исклучок.„Изобилуваат содржините со привлечни наслови и пристрасни и непроверени информации кои се креирани за чисто политички намери од страна на претставници на медиумите поврзани низ политичкиот спектар во Косово.“
За програмата БИРН и Здружението новинари во Косово го имплементираа проектот „Придонесување за зајакнување на независното, истражувачко, и од јавен корист, новинарство и Слобода за изразување во Косово“, финансиран од грант на ЕУ. Со помош на стипендија биле финансирани 20 индивидуални новинари додека, пак, шемата за подгрантови обезбеди поддршка за 48 грантисти; вклучувајќи 26 индивидуални новинари (од коишто 12 жени) и 22 медиумски организации (од коишто 16 со седиште во заедници на малцинства). Меѓувремено, програма за стажирање нуди можност на 57 стажанти, од кои 41 се жени. Во рамки на проектот беа создадени 440 новинарски дела, а поголемиот дел од нив беа повторно издадени во медиумите низ Косово и регионот. Бериша била дел од 46 новинари кои ги објавиле своите откритија на низа теми од јавен интерес како дел од програма, финансирана од ЕУ, за зајакнување на истражувачкото новинарство и слобода на изразување во Косово. Шемата, имплементирана преку стипендии и грантови, им овозможила на новинарите да спроведат длабински истражувања во период до шест месеци. „Сакавме да понудиме платформа за новинари кои не се во можност независно да креираат содржина; за да можат да си ја работат својата работа без, притоа, да бидат под влијание на рекламаторите или дневниот притисок за креирање содржина во нивните редакции за дневни вести,“ вели Албулена Садику од Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН. Истражувачките статии отворија јавна и медиумска дебата, па дури и парламентарна дискусија за проблеми од висок јавен интерес. Дополнително, новинарите добија награди за својата работа; таков е, на пример, случајот со приказната за детските права доделена од страна на коалиција невладини организации активни во таа сфера. Статиите на Арта Бериша биле нашироко објавувани од локалните медиуми и пошироко. Сите заедно придонесуваат за градење на новинарскиот кредибилитет, вели таа. „Лажните вести прават луѓето да ја изгубат довербата во новинарството.“ Бериша додава, исто така, дека ваквата ситуација ја нарушува нашата способност да идентификуваме веродостојни извори на информации. Организирала изложба со печатени примери од нејзиното истражување со цел да ја подигне свеста за проблемот меѓу медиумската заедница. „Не се појави ниту еден медиумски претставник кој учествуваше во моето истражување.“Јапонските јаболка стануваат „наше овошје“ во Црна Гора
Црногорска компанија наоѓа потенцијал за раст во земјоделството со поддршка на ЕУ.
Црна Гора е нето увозник на земјоделски и прехранбени производи. Иако трговскиот дефицит се намалил во текот на последните неколку години, истражувањето од Институтот за перспективни технолошки студии, финансиран од ЕУ, покажува дека одреден број елементи сè уште имаат влијание врз ваквата ситуација. Тука се вклучуваат фрагментираните фарми, нискиот волумен на примарно производство, неразвиениот сектор за преработка и ниската стапка на применување на модерни производствени технологии.
Потенцијалот за раст на земјоделскиот пазар бил забележан од „Велетекс“ – црногорска компанија која работи веќе 30 години и е вклучена во прехранбена дистрибуција и малопродажба на производи за хортикултура. Градинарските центри „Калиа“, во сопственост на компанијата, вработуваат преку 40 агрономи.
„Ниту една друга компанија или институција во Црна Гора не вработува толку многу експерти за агрикултура. „Калиа“ е, исто така, извор на снабдување со суровини за земјоделско производство, што беше од помош“
Потенцијал за раст Милош Голубовиќ е генерален менаџер на „Велетекс“. Објаснува дека примарното земјоделско производство било добар избор за нивниот бизнис. Секторот на дистрибуција, кој е најстариот сектор во компанијата, се занимава со дистрибуција на храна, вклучително овошје и зеленчук, така што компанијата има деловни партнери и контакти за продажба на земјоделски производи. „Ниту една друга компанија или институција во Црна Гора не вработува толку многу експерти за агрикултура. „Калиа“ е, исто така, извор на снабдување со суровини за земјоделско производство, што беше од помош.“ Притоа, „Велетекс“ основал нова компанија – „Наше овошје“ и купиле преку 44 хектари земјоделско земјиште од поранешна фарма во државна сопственост сместена во околината Никшиќ. Помош за започнување Милош објаснува дека работата со модерни технологии во доменот на одгледување овошје бара голем терен затоа што е неопходна особено скапа инфраструктура – без разлика дали поседувате 1 или 40 хектари земја. „Станува збор за централниот систем за иригација.“ Инвестирањето во ваков вид технологија е особено значаен предизвик; дури и за докажана компанија како што е „Велетекс“. Од таа причина, во „Наше овошје“, одлучиле да се пријават за поддршка од програмата на ЕУ – „Инструмент за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД)“, која се фокусира на рурални средини и земјоделско-прехранбени сектори во земјите кои се во процес на приклучување кон ЕУ. Преку ИПАРД, им била овозможена поддршка за поставување и развивање на нивните овоштарници со јаболка, како и инвестирање во заштитна мрежа. Сега, со последниот повик за предлози, потпишале договор за грант кој ќе овозможи изградба на објект за преработка и складирање на овошјето. „Со 2500 квадратни метри, објектот ќе биде еден од најголемите во Црна Гора,“ вели Милош.„Планот за понатамошен развој е насочен кон сортата Црвен делишес (Red Delicious), но на четири хектари ќе има и нова сорта – Јапонско Фуџи; кое е, исто така, црвено јаболко: голем плод, нешто сосема ново за Црна Гора.“
За програмата Дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), дизајниран да ги поддржи реформите во земјите во процес на пристап кон ЕУ, Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), се фокусира на руралните средини и земјоделско-прехранбените сектори на овие држави. Со оваа алатка, ЕУ на корисниците им обезбедува финансиска и техничка помош со цел нивниот земјоделски сектор и рурални средини да бидат поодржливи и хармонизирани со заедничката земјоделска политика на ЕУ. Дополнително, потпишале договор за грант за примарно производство со изградба на интензивен повеќегодишен овоштарник со јаболка. Инвестицијата вклучува купување на семиња и трактор. Јаболката се централното овошје на кое работи компанијата и тоа поради климатските услови на долината Жупа кои се најпогодни за одгледување јаболка. Моментално, компанијата одгледува сорти на црвени јаболка. „Планот за понатамошен развој е насочен кон сортата Црвен делишес (Red Delicious), но на четири хектари ќе има и нова сорта – Јапонско Фуџи; кое е, исто така, црвено јаболко: голем плод, нешто сосема ново за Црна Гора,“ вели Милош.Девојчиња ја дизајнираат својата иднина во ИКТ
Растечки можности за младите во растечки сектор: тренинг програма, поддржана од ЕУ, помага во започнувањето на косовските технолошки кариери.
Високата невработеност во Косово е постојан проблем и реалност која особено ги погодува младите: скоро половина од младата популација, под 24 години, не е во работен однос и многумина бараат можности во странство. Меѓутоа, една 20 годишна графичка дизајнерка одбила да се предаде на оваа сурова реалност и се посветила на својата прва прилика.
„Работев случајно најдена работа кога ми се јавија од една ИКТ стартап компанија и ми понудија да се вклучам во краткорочен проект. Кога проектот беше успешно завршен, во рамки на предвидениот рок, се отвори патот за постојано вработување и, до ден денес, сè уште работам тука,“ вели Арбра Шала, постојано вработена во „АмамСтудио“ (AmamStudio) во Приштина.
„Уживам во мојата креативна средина која ми овозможува да го илустрирам светот онака како што го гледам.“
Пазарно-ориентирано професионално менторство во училиштата Процесот на учење нови вештини се забрзал во текот на последните две години за Арбра којашто ги комбинира следењето настава за графички дизајн на факултет и работата со клиенти во студиото. Нејзината одлучност не останала незабележана додека ја следела тренинг програмата каде што нејзиниот сегашен работодавец бил и нејзин ментор. Покрај останатите средношколци, Арбра била дел од деветмесечен тренинг, специјално дизајниран за вештини од доменот на Информациски и комуникациски технологии (ИКТ), кој вклучувал графички дизајн, дизајн на движење, социјални медиуми и мулти-медиуми. Училиштето во кое се запишала е едно од двете стручни средни училишта кои користат програма, финансирана од ЕУ, а спроведена од Центарот за иновации во Косово (ЦИК). По успешното завршување на обуката, учениците биле испратени да добијат директно искуство преку стажирање, а многумина од нив биле и вработени во добро утврдени компании. „Тука уживам во мојата креативна средина која ми овозможува да го илустрирам светот онака како што го гледам. Во секој дизајн или, пак, илустрација, има елементи на увеличување кои ме дефинираат,“ вели Арбра за својата работа. Вклучување на повеќе жени Во традиционално машки доминиран сектор, зголемувањето на бројот на жени во ИКТ е важен аспект; не само затоа што разноликоста во работната сила е значајна за бизнисот, туку на тој начин и самиот сектор нуди повеќе можности. ИКТ е еден од најперспективните сектори за економски развој во Косово. Тренинг програмите кои ги нуди Центарот за иновации во Косово се особено важни и барани, со зачудувачки резултати до сега. Шеесет и едно девојче од вкупно 205 ученици и 30 наставници во стручното образование и училиштата за обука во Приштина и Призрен зеле учество во тренинг програмата. Истата им овозможила на 51 возрасен да најдат работа во ИКТ – сектор во раст кој нуди зрак надеж за младите генерации да можат да го отклучат својот потенцијал дома и да придонесат за посветла иднина на државата. Покрај развивањето вештини, проектот придонел за збогатување на претприемничкиот екосистем, поддржувајќи 70 стартап компании и компании со прилагодени консултантски услуги и услуги за инкубација во центарот.„Искрено верувам дека графичкиот дизајн може да биде моето професионално занимање.“
За проектот Проектот „Обука и едукација со пазарни ИКТ вештини за вработување и самовработување во Косово“, спроведен од Центарот за иновации во Косово, беше основан со ИПА финансии од ЕУ. Целта на проектот беше креирање нови работни места и бизнис просперитет во Косово преку развивање на вештини и иновација, како и поддршка за претприемачи, стартап компании и веќе постоечки компании. Вештини кои се бараат „Програмата имаше големо влијание затоа што овие вештини навистина се барани,“ вели Дорина Грезда од Центарот за иновации во Косово. „Овозможивме младите да се стекнат со неопходни вештини и истите да ги стават во пракса преку стажирање. На тој начин, ги зголемивме нивните шанси за вработување и самовработување, а младите добија можност да ги земат предвид ИКТ како кариерен пат.“ Мешавината од вештини се покажала како успешна стратегија за отворање можности за младите кои се во процес на дефинирање на својот кариерен пат. Таков е и случајот со Арбра; обуката ѝ овозможила да открие дека графичкиот дизајн е полето во коешто е најдобра. „Искрено верувам дека графичкиот дизајн може да биде моето професионално занимање,“ со самодоверба вели таа.По патот на римските императори
Проект, финансиран од ЕУ, повторно го враќа римското наследство од Западен Балкан во центарот на внимание на посетителите.
Дали знаевте дека помеѓу вториот и четвртиот век, политичкиот центар на Римското Царство не бил Рим туку Илирик? Ова било името на земјата која се протегала од западната граница на денешна Грција до Алпите на запад и од реката Дунав на север сè до Јадранското Море, вклучувајќи ја и денешната територија на Западен Балкан.
Богатото римско наследство во Западен Балкан не им е целосно познато на посетителите. Но, проект, финансиран од ЕУ, нуди дигитална платформа која изложува локации во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија со цел привлекување на туристи во регионот.
„Доколку ја посетите Диоклеја, во близина на Подгорица, најверојатно ќе ви треба сместување и храна, а можеби ќе сакате да ги посетите и околните места. Затоа, во пакетот вклучивме ресторан, хотел и природни атракции.“
Античкиот Рим во виртуелна реалност Регионалната невладина организација – „Danube Competence Centre (DCC)“, успешно ја отпочнала Рутата на римските императори и дунавско вино. Притоа, им пристапиле од мрежата за соработка – Регионален совет за соработка, финансирани од ЕУ, за да развијат слична рута во Западен Балкан. Целта била да развијат рута во помалку познат дел на Балканскиот полуостров за посетителите кои сакаат да искусат нешто ново. Според „Danube Competence Centre (DCC)“, неодамнешните анкети покажуваат дека скоро 40% од севкупното туристичко патување спаѓаат во категоријата на културен туризам. Меѓутоа, Западен Балкан и подружницата Илирик на Рутата се релативно непознати помеѓу европските туристички оператори и туристи. Данко Косиќ е координатор на проектот. Тој објаснува дека девет археолошки локации биле избрани за вклучување во Рутата Илирик. Тука спаѓаат античкиот град Стоби во Северна Македонија, Аполонија во Бутринт – Албанија и Диоклеја во Црна Гора. Проектот изработил пакет виртуелни тури кои ги вклучуваат сите назначени локации. Главниот елемент на промотивниот пакет за секоја археолошка локација е виртуелна тура, вклучително и аудио толкување. Но, како што Данко објаснува: „Доколку ја посетите Диоклеја, во близина на Подгорица, најверојатно ќе ви треба сместување и храна, а можеби ќе сакате да ги посетите и околните места. Затоа, во пакетот вклучивме ресторан, хотел и природни атракции.“„Со овој проект сакаме да го пренесеме римското наследство од Западен Балкан, во сиот свој сјај, на компјутерските екрани и, се надеваме, на овој начин, да ги поттикнеме луѓето да го посетат.“
За проектот Проектот за туристички развој и промоција, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Советот за регионална соработка, е вреден 5 милиони евра. Истиот стреми кон развивање и меѓународно промовирање на заеднички понуди за регионален културен и авантуристички туризам, зголемување на бројот на туристи кои ги посетуваат шесте држави во Западен Балкан и проширување на нивниот престој во регионот. Втората тура грантови – секој во вредност од 54 илјади евра, беше доделена во октомври 2019. „Danube Competence Centre (DCC)“ е меѓу 16-те добитници на грант во втората тура. Покрај промотивните пакети за секоја локација, рутата ќе биде достапна и на сајтот https://romanemperorsroute.org за посетителите кои сакаат да го истражат регионот. Патеката Илирик ќе биде трансформирана во функционална платформа за презентација и соработка помеѓу клучните локации на наследство и засегнатите страни како, на пример: туристички агенции и бизниси. Според Данко, туристичките посредници, агентите и туроператорите се старомодни. Современиот патник ги избира местата за посетување, го резервира сместувањето и превозот онлајн. Локациите и државите кои сакаат да станат или останат конкурентни на пазарот мораат да поседуваат напредни онлајн промотивни пакети. „Токму ова сакаме да го постигнеме преку нашиот проект. Да го пренесеме римското наследство од Западен Балкан, во сиот свој сјај, на компјутерските екрани и, се надеваме, на овој начин, да ги поттикнеме луѓето да го посетат,“ вели Данко.„Сламка за спас“ за младите Роми во време на коронавирус
Игротека во Босна и Херцеговина им нуди можност на деца од ранливи категории да играат и учат во екот на пандемијата.
Петгодишниот Денис се гледа како доктор и тоа сака да биде кога ќе порасне. Секој ден, Денис црта луѓе во медицинска облека и игра доктор со другите деца на кои им се обраќа со „пациенти“. Оваа креативност ќе останеше незабележана доколку не постоеше иновативната игротека креирана во центарот за поддршка – „Ромален Рома“; во градот на Денис – Какањ, во централна Босна и Херцеговина. Висококвалитетните едукативни играчки и сликовници во игротеката се вистински успех во заедницата; игротеката ја посетуваат преку 84 деца, од кои повеќето се од ромската заедница.
Ромите се една од најголемите и најмаргинализирани малцински групи во Европа. Дискриминацијата против ромската заедница е вообичаена појава која го поттикнува нивното исклучување. Проблемите со кои се соочуваат Ромите можат да започнат рано и имаат доживотно влијание. Малкумина учествуваат во предучилишното образование, а само 50% го завршуваат задолжителното образование. Оттука, неопходна е поддршката на раниот детски развој во обид да се прекине кругот.









