Автор: WeBalkans
Студентка по ветерина од Тирана стекнува нови знаења, вештини, амбиции, и мачка, учествувајќи во програмата Еразмус+.
Армела Лато е дипломка на ветеринарниот факултет во Тирана. Првично, сакала да студира медицина, но нејзините резултати не биле доволно добри за упис на медицинскиот факултет. Армела не била голема љубителка на животни, но одлучила да се запише на факултетот за ветерина затоа што бил најблиску до тоа што првично сакала да студира.
“Тогаш, ова ми делуваше како привремено решение. Следната година, планирав повторно да се обидам да се запишам на медицина“, вели Армела. Но, во првите неколку месеци на факултетот се премислила и почнала да гледа на ветерината како на доживотна професија.
Факултетот за ветеринарна медицина во Тирана располага со одлични професори, а Армела била особено среќна за тоа. “Професорите нè поддржуваа на секаков можен начин и беа особено пријателски настроени“, вели таа. Ѝ дале нова визија за нејзината работа; Армела се сеќава не еден професор кој велел: “Ако им помагаш на животните, му помагаш на човештвото, бидејќи животите на суштествата на нашата планета се испреплетени.“ Меѓутоа, факултетот имал лимитирани ресурси, како во поглед на опрема, така и во поглед на број на пациенти кои ја посетуваат универзитетската клиника. Теоретското знаење на Армела се подобрувало, но морала, исто така, да ги подобри и практичните вештини.
Започнување на патувањето со еразмус+ беше мојата најдобра инвестиција
Од војна и детство во услови на економска криза во Југославија, па сè до студии и работа за мирољубива и просперитетна иднина на ЕУ.
Бојана Зимоњиќ, 30 години, од Србија, за првпат се запознала со Европската Унија на час по граѓанско образование во средно училиште. Претходно, била чула за ЕУ на вести, но не знаела за што точно се работи. Во секој случај, дури и како дете, мирот и просперитетот биле едни од најзначајните нешта за Бојана. Како и за повеќето деца родени во Југославија, војната и економската криза имале влијание врз детството на Бојана.
На часот во средно, научила дека клучните вредности на ЕУ се спречување на овие два проблема и тоа преку поттикнување мир и економски развој за секого. “Оваа идеја ми делуваше фасцинантна и веднаш се вљубив во ЕУ и нејзиниот концепт,“ вели таа. Бојана објаснува дека уште во средно сфатила дека за поттикнување на овие вредности, потребно е активно ангажирање. Оттука, на факултет, одлучила да студира политички науки.
“Сиот мој професионален живот и идни аспирации се поврзани со ЕУ, а започнувањето на патувањето со програмата ЕРАЗМУС+ беше најдобрата инвестиција во мојот живот.“
Нови можности со ЕРАЗМУС+ Бојана верувала дека вредностите за коишто се залага најдобро можат да се поттикнуваат преку промовирање на интеграција во ЕУ. Кога дошло време за постдипломски студии, започнала да бара можности за подетално учење за Европската Унија. На нејзиниот универзитет стигнало соопштение дека Србија штотуку се приклучила кон програмата ЕРАЗМУС. Штом слушнала за тоа, одлучила да се пријави за образовните можности кои ги нуди програмата. Отпрвин, добила прилика да ја искористи програмата Жан Моне која е дел од ЕРАЗМУС+. Целта на програмата е поттикнување одличност во студиите за ЕУ во високото образование насекаде низ светот, градење мостови помеѓу академиците, истражувачите и креаторите на политика во ЕУ. Бојана вели дела учеството во програмата Жан Моне значително придонело за квалитетот на нејзините постдипломски студии. “На пример, доаѓаа лектори од ЕУ за да ни ја предадат нивната визија за европска интеграција. Добивавме и бесплатни учебници. Тоа е значајна работа за невработени студенти,“ вели таа. Проширување хоризонти Но, ова не било доволно за Бојана. Сакала да научи повеќе за политиките на ЕУ и европската интеграција, а, исто така, сакала и да ги прошири своите културни перспективи; и тоа по можност на некој универзитет во држава во ЕУ. Одлучила да се пријави за ЕРАЗМУС+ размена на Констанцискиот универзитет во Германија каде што и ја примиле. “Беше како остварување на мојот сон,“ вели таа.“Имав часови за лидерство и беа навистина интересни. Беа различни од сè што би можела да научам на мојот матичен универзитет. Овие часови ми понудија различна перспектива за тоа како вистински лидер би требало да се однесува.“
Во иднина, Бојана планира дополнително да се инволвира во администрацијата на ЕУ и на тој начин да ја поддржи идејата на Европската Унија. “Сиот мој професионален живот и идни аспирации се поврзани со ЕУ, а започнувањето на патувањето со програмата ЕРАЗМУС+ беше најдобрата инвестиција во мојот живот,“ вели таа. Бојана го опишува искуството во Германија како искуство кое ѝ го променило животот. Објаснува дека за неа било неопходно да научи повеќе за различните култури и директно да ги искуси животот и студиите во мултикултурна средина. Тоа што била опкружена со луѓе од различни држави во Европа и светот значително ѝ помогнало. За Бојана било, исто така, важно да се запознае со начинот на функционирање на универзитетите во Германија, како и со начинот на кој тие ја претставуваат својата студиска програма. “На пример, имав часови за лидерство и беа навистина интересни. Беа различни од сè што би можела да научам на мојот матичен универзитет. Овие часови ми понудија различна перспектива за тоа како вистински лидер би требало да се однесува,“ вели таа. Бојана била, исто така, воодушевена од пречекот на универзитетот, особено од структурата и индивидуалната грижа за секој запишан меѓународен студент. Поттикнување на помирувачки дух Во моментов, Бојана работи за Бирото за регионална младинска соработка (Regional Youth Cooperation Office (RYCO)) кое поттикнува помирувачки дух и соработка помеѓу младите во регионот на Западен Балкан. “Моето ЕРАЗМУС+ искуство навистина ми помогна побрзо да се адаптирам на мултикултурната работна атмосфера во Бирото за регионална младинска соработка,“ вели таа. “Откако ја дознавте мојата приказна, не би било тешко да претпоставите дека Бирото за регионална младинска соработка беше основано со поддршка на Европската Комисија.“Живеење на сонот: претставување мода на големата сцена
Млада модна дизајнерка го претставува Моден викенд Скопје на Берлинската модна недела со поддршка на програма финансирана од ЕУ.
Софија Урумовиќ, 28 години, е млада, но успешна модна дизајнерка. Нејзиниот интерес за модата започнал на рана возраст. “Уште како дете, мојот сон беше да бидам “сејазична“; односно да можам да ги зборувам или разбирам сите јазици. Се разбира, тоа е невозможно, но, со текот на времето, сфатив дека модата е еден од најмоќните и универзални јазици во светот, кој може да се употреби како одличен начин за самоизразување и комуникација“, вели таа.
Така, кога Софија наполнила 18 години, одлучила да студира мода, а по додипломските, завршила и постдипломски студии. Нејзиното рано искуство со модата било само од модните списанија, па модата ѝ се чинела како бајка. Меѓутоа, Софија вели дека модата не е лесен занает и, подоцна во животот, била соочена со бројни предизвици. Едни од позначајните биле потребата од повеќе финансиски извори и мрежа на соработници за да ја претстави својата работа пред поширока публика. Последниот од овие два бил решен со поддршка на проект финансиран од ЕУ.
“Со текот на времето, сфатив дека модата е еден од најмоќните и универзални јазици во светот, кој може да се употреби како одличен начин за самоизразување и комуникација.“
Модниот свет се отвора Преку отворен повик, Софија била избрана од проектниот партнер “United Fashion“, Моден викенд Скопје, за да го претставува балканскиот регион. Софија има само позитивни зборови за проектот, велејќи дека целото искуство било прекрасно. Како дел од проектот, таа, како и останати млади дизајнери од други држави, добила прилика за претставување на својата работа во рамки на Берлинската модна недела во 2018, како и ModaLisboa во 2020. Градење врски “Во Берлин, запознав одличен агент за германскиот пазар кој ми даде корисни совети од деловна перспектива, додека, пак, во Лисабон, можев да видам како помал тим организира голем моден настан, обезбедувајќи значајна платформа за млади креативци“, вели таа. Претставувањето на нејзината работа на платформа како Берлинската модна недела било искуство кое таа го опишува како сон на секој моден дизајнер, но Софија имала и други придобивки од проектот. Можеби најважната, според неа, е можноста за градење нови врски; запознавање луѓе со кои, како што вели таа: “постојано е во контакт, не само како пријател, туку и како професионалец“.“Сметам дека пандемијата нè научи дека тоа што ѝ го правиме на планетата е навистина неодговорно и засрамувачки. Потребно е да го промениме начинот на кој функционираме.“
За проектот Проектот “United Fashion“ е спроведен од мноштво европски модни здруженија за поддршка, како на пример: Baltic Fashion Federation (Латвија), Fashion Council Germany, Fashion Weekend Skopje (Северна Македонија), Flanders DC (Белгија), MAD Brussels (Белгија), Maison de Mode (Франција) и ModaLisboa (Португалија). Целта на проектот е да ја засили културата на моден дизајн низ Европа, правејќи ја бизнис ориентирана, зголемувајќи ја, истовремено, меѓународната конкурентност и тоа без ограничување на креативноста. Проектот “United Fashion“ е поддржан од програмата “Креативна Европа“ на ЕУ. Во моментов, Софија развива нови идеи; меѓутоа сака да го задржи својот бренд мал, но со континуиран развој. “Сметам дека пандемијата нè научи дека тоа што ѝ го правиме на планетата е навистина неодговорно и засрамувачки. Потребно е да го промениме начинот на кој функционираме. Модната индустрија, особено, има бројни недостатоци. Сегашната ситуација ги принуди сите, дури и “големите играчи“, кои се, истовремено, и големи носители на промена во индустријата, одново да го обмислат начинот на којшто работиме и да ги постават основите на еден нов моден систем“, вели таа. Преку неколку мрежи за меѓународни настани и трансдисциплинарни работилници, повеќе од 150 модни дизајнери добиле можност да го искористат проектот “United Fashion“ и тоа со цел да ги престават своите колекции, да го истражат и разберат функционирањето на неколку европски пазари, да развијат нови вештини во доменот на модна технологија, одржлива мода, производство, занаетчиство и бизнис модели.Прекугранично растење со нови управувачки споспобности
Млада и успешна албанска претприемачка добива пристап до меѓународниот пазар со поддршка од програма финансирана од ЕУ.
Ако ги следеше советите на своите родители, сега Едона би била инженерка. И двајцата нејзини родители имаат дипломирано во доменот на науките и нивната желба била Едона да го следи истиот пат. Но, таа избрала различна професија. Раскажува како почнала да ја пополнува пријавата за факултетот за инженерство. “ Знаев дека ќе биде голема одлука која ќе има влијание врз остатокот од мојот живот. Чувствував дека не треба да продолжам со пополнување на пријавата, па запрев“, вели таа. Заминала и се упатила кон факултетот за економија каде што ја пополнила пријавата за бизнис администрација.
Можеби изгледало како ненадејна одлука, но не било така. Веќе некое време Едона имала скриена пасија за бизнис менаџерка. Десет години подоцна, нејзината одлука се оправдала.
Станување успешен менаџер
Запишувањето на факултетот за економија бил почеток на една успешна кариера. Неколку години после запишувањето, станала асистентка, а потоа била унапредена и во звање професор. Истовремено, започнала да работи и во консултантска компанија каде што била унапредена во управувачи партнер.
“ Нашиот пазар беше ограничен на Албанија и Косово, а јас сакав да истражиме нови пазари затоа што нашиот персонал, главно сочинет од жени, е компетентен и способен за поголем волумен на работа.“
Компанијата обезбедува советување за бизниси во врска со имплементација на ИСО (Меѓународна организација за стандардизација ) стандардите и развивање проектни предлози за локални и меѓународни шеми за донаторски грантови. Годишно, нудат услуги на преку 200 бизниси и компанијата расте. “ Сепак, нашиот пазар беше ограничен на Албанија и Косово, а јас сакав да истражиме нови пазари затоа што нашиот персонал, главно сочинет од жени, е компетентен и способен за поголем волумен на работа“, вели таа. Пристапот до меѓународни пазари, особено во консултантскиот бизнис, е предизвикувачки подвиг. Ова е уште позабележливо во Албанија; држава која се соочува со бројни економски предизвици. На Едона ѝ било потребна помош. Пријател ја советувал да побара поддршка од Претприемничката мрежа за развојни иницијативи (ENGI4NE-2). Овој проект, финансиран од ЕУ, на младите претприемачи им нуди можност за поминување одредено време со искусен претприемач во странство; сè со цел стекнување нови способности за бизнис менаџмент. Подобрување вештини со нова технологија На почетокот, Едона не била сигурна дали да учествува затоа што мислела дека искуството можеби ќе ѝ одземе од времето неопходно за управување со нејзината компанија. Но, на крајот, се разубедила и донела одлука да се пријави за нешто за коешто воопшто не жали. Избрала домаќинска компанија во Австрија затоа што таму веќе била запишана на докторски студии.” Бев заинтересирана за помала компанија, како нашата, а не за голема корпорација, како, на пример, Deloitte или некоја слична голема меѓународна компанија. Во помала компанија, предизвиците би биле слични со нашите, а мене ме интересираше како тие се соочуваат со нив“, објаснува таа.“Беше искуство кое “ ми ги отвори очите“ и направи да сфатам колку брзо нештата се развиваат во нашиот сектор. Особено научив за подобрување на комуникацијата со помош на технологија.“
За проектот Проектот беше поддржан од Еразмус за млади претприемачи; програма за прекугранична размена, финансирана од ЕУ, која им нуди на младите и надежни претприемачи можности да учат од искусни претприемачи кои управуваат со мали бизниси во земјите учеснички. Домаќинот добива можност за откривање нови перспективи и можности, градење врски со странски партнери и учење за нови пазари. Албанија, заедно со останатите држави од Западен Балкан, учествува во оваа програма. Вели дека многу научила од престојот кој се протегал седум месеца.“Беше искуство кое “ ми ги отвори очите“ и направи да сфатам колку брзо нештата се развиваат во нашиот сектор. Особено научив за подобрување на комуникацијата со помош на технологија“, вели таа. Едона објаснува дека сè дотогаш комуницирала со своите клиенти, а и со нејзиниот тим, со потрадиционални методи. Благодарение на искуството во Австрија вовела апликации, како Slack, за интерна комуникација, и Google Drive за комуникација со клиентите. Како последица, сега нејзината компанија е многу поефикасна во далечинското функционирање; што се покажало особено корисно во новата средина наметната со пандемијата КОВИД-19. Меѓутоа, главната цел на нејзиното учество во проектот била да истражи и научи како да пристапи до меѓународни пазари. И во овој поглед, исто така, Едона била успешна; за време на нејзиниот престој добила австриска компанија како клиент. Растечки претприемачи Покрај Едона, 126 други претприемачи (75 нови и 51 веќе утврден) го искористиле овој проект и оствариле успешни размени. Конзорциумот за имплементација на проектот е со мешовит географски состав, обезбедувајќи, на тој начин, целосно покривање на дестинациите кои се привлечни за новите претприемачи, вклучително и Албанија и Турција. Водечкиот партнер беше “ Confindustria Ancona (CA)“ во Италија, а партнерот во Албанија беше Тиранската агенција за регионален развој.Еразмус+ размена инспирира нова генерација програмери
Запознајте го Коста – надежна ИТ ѕвезда од Северна Македонија кој сака да ја искористи технологијата за да го промени светот на подобро.
Коста Ѓорѓевски е осумнаесет годишник од Скопје, Северна Македонија. И покрај неговата млада возраст, веќе е еден од најпознатите ИТ професионалци во својата држава. Започнал со програмирање на десет годишна возраст. Објаснува дека играл видео игри скоро секој ден, сè додека не сфатил дека го троши своето време. “ Си помислив, зошто да не започнам со нешто попредизвикувачко? Во тој момент одлучив самиот да развивам видео игри,“ раскажува Коста.
Коста работел на развивање игри некое време. Добро му одело, но како што растел, чувствувал дека треба да се посвети на позначајни нешта. Знаел дека, ако се користи правилно, информациската технологија може да помогне за промена на светот на подобро.
“ Си помислив, зошто да не започнам со нешто попредизвикувачко? Во тој момент одлучив самиот да развивам видео игри.“
Трансформација на светот во подобро место Тогаш одлучил посериозно да се занимава со програмирање и се откажал од развивањето видео игри. Како дел од училиштен проект, Коста развил софтверско-хардверски систем кој детектира отровни гасови во воздухот во затворен простор. Системот успешно детектирал токсични гасови и ги известувал луѓето во близина дека нешто не е во ред. Исто така, се насочил и кон вентилациски системи со цел отстранување на дефектот. Овој проект бил признаен како еден од најиновативните проекти во Северна Македонија од страна на Фондот за иновации. “ После проектот, се почувствував одлично, чувствував дека ги користам своите способности за нешто корисно,“ вели Коста. Кога имал 15 години, освоил значајна награда на државниот натпревар Codefest Tech Hackathon. Како дел од овој натпревар, Коста, заедно со својот тим, развил апликација за историска видео игра за Студената војна. Коста објаснува дека замислата била да се најде некој историски настан и да се развие игра од едукациски карактер. На крајот, Коста и неговиот тим освоиле второ место и прво место за кориснички интерфејс и дизајн за корисничко искуство. По овие достигнувања, освоил бројни други награди – сè на сè, воодушевувачки постигнувања на така млада возраст.“Овие искуства имаа огромно влијание на мојата визија за иднината. Сè уште треба да научам нови нешта и барам нови можности за учење.“
За програмата ЕРАЗМУС+ е програма на ЕУ која поддржува образование, обука, млади и спорт во Европа. Нејзиниот буџет е 14,7 милијарди евра и обезбедува можности за преку 4 милиони Европејци кои сакаат да студираат, да се обучуваат и да стекнат искуство во странство. Но, неговото патување кон успехот не било така лесно. Имал целосна поддршка од семејството, меѓутоа бил соочен и со други предизвици. Еден од најголемите бил учењето на комплицираните математики неопходни за компјутерско програмирање. Морал да оди на низа приватни часови за да ги подобри своите математички вештини и знаења од сродни тематики. Коста објаснува дека овие искуства имале суштинско влијание врз него, како на професионален, така и на личен план. Инспирација од Барселона Лани, се пријавил и добил можност за студиско патување во Барселона. Патувањето било финансирано и поддржано од ЕРАЗМУС+ програмата на ЕУ. Коста, заедно со други млади, поминал 16 дена во Барселона, посетувајќи универзитети кои работат на софтвери за Формула 1 автомобили. Ја посетиле, исто така, и автомобилската фабрика СЕАТ каде што научил за мехатроника – роботи кои креираат автомобили. “ Беше извонредно и фасцинантно,“ вели Коста. Коста раскажува дека искуството во Барселона го инспирирало да создаде нови проекти и дополнително го мотивирало да продолжи со својата кариера во доменот на ИТ. За време на престојот во Барселона, посетил и музеи и културни обележја, запознал нови пријатели и ги проширил своите културни хоризонти. Сега Коста планира да студира и гради кариера во доменот на компјутерско инженерство, работејќи на хардверско и софтверско програмирање. “ Го избрав ова затоа што ќе ми овозможи да создавам направи кои се навистина иновативни,“ вели тој.Некои навики не се менуваат: детска пасија која станува професија
Флорјан Мухај, од Албанија, преку Еразмус+ ја претворил својата детска пасија за политичките науки во професија.
Уште од детството, политиката била пасија на Флорјан. Додека неговите другарчиња си играле со топка, Флорјан го привлекувале вестите и политичките настани. На само 14 години, станал член на училишниот политичкиот клуб. Потоа, станал дел од училишниот одбор, а го избрале и за претседател. Со политичкиот активизам продолжил и во средно каде што промовирал акции за еколошки проблеми меѓу своите соученици.
“Можеби одредени нешта се појавуваат во раното детство и, потоа, стануваат сè посилни и посилни“, вели Флорјан. И кога, најпосле, дошол моментот за избор на факултет, Флорјан воопшто не се сомневал. Се запишал на програмата за политички науки на Тиранскиот универзитет која, според Флорјан, е “прилично нова програма“. Истата ги комбинира неговите интереси за демократизација, политичка акција и меѓународни односи.
“Бев до толку инволвиран во сиот процес, па бев убеден дека за неколку месеци ќе бидам меѓу првите студенти кои ќе ја започнат програмата. И навистина успеав!“
Кариерен избор Флорјан бил одлучен дека сака кариера во доменот на носење политики и дипломатија, со посебен фокус на Западен Балкан и интеграција во ЕУ, а не на политички партии. Бил, исто така, свесен дека оваа област бара посебни знаења и вештини кои не биле целосно достапни на неговиот факултет. Во 2017, еден од неговите професори го советувал да размисли за можноста да замине во странство на постдипломски студии по политички науки, интеграција и управување преку програмата за стипендии Еразмус+, финансирана од ЕУ. Започнал со подготовка на документите за пријавата. “Бев до толку инволвиран во сиот процес, па бев убеден дека за неколку месеци ќе бидам меѓу првите студенти кои ќе ја започнат програмата. И навистина успеав!“, вели Флорјан, а возбудата сè уште се чувствува во неговиот глас. Избрал да студира во Австрија. “Универзитетот во Салцбург беше, на времето, единствениот универзитет кој нудеше програма за првата година од студиите. За втората година, пак, можев да избирам од некои од партнерските универзитети во Западен Балкан; но, зарем можат тие да се натпреваруваат со Универзитетот во Салцбург?! Милион пати би го избрал“, вели Флорјан. Нови пристапи Со возбуда раскажува за пристапот во Салцбург. “Имаше голем избор на предмети, скоро самиот можеш да си ја составиш програмата – нешто што не се случува насекаде, а особено не на Западен Балкан каде што има фиксирана програма со само неколку изборни предмети.““Се вратив во Албанија со големо познавање на ЕУ, нејзините политики и теории, и огромна љубов кон Салцбург.“
За програмата Еразмус+ е програма на ЕУ која поддржува образование, обука, млади и спорт во Европа. Нејзиниот буџет изнесува 14,7 милијарди евра и овозможува прилики за милиони Европејци кои сакаат да студираат, да се обучуваат и да добијат искуство во странство. Додека студирал во Австрија, добил прилика да посети дел од најважните институции на ЕУ во Луксембург и Брисел. За него, ова било особено продуктивна седмица затоа што можел директно да види како функционираат ЕУ и нејзините институции. “Се вратив во Албанија со големо познавање на ЕУ, нејзините политики и теории, и огромна љубов кон Салцбург и Австрија, а и со важни и долготрајни пријателства. Нестрплив бев да применам сè што научив“, вели тој. Кариерата започна Денес Флорјан има 25 години и работи во локалната управа во неговиот роден град; во единицата за Интеграција во ЕУ и помош од странство која е нова структура во сите општини во Албанија. Во текот на изминатите две години, работел напорно во својата општина за да ги зголеми можностите за европска интеграција. “Ко-организирав повеќе од 25 активности, со околу 1000 учесници, промовирајќи европски вредности, младински граѓански ангажман, важни светски и европски денови, информирајќи ги, на тој начин, граѓаните како за процесот на интеграција во ЕУ, така и за нејзините политики и институции“, со гордост вели Флорјан.Мала компанија која сака да остане таква каква што е
Српски текстилен бизнис кој сплотува креативност и еко-дизајн, расте благодарение на поддршката на ЕУ.
Регенерик (Regenerik) е дел од новиот бран иновативни брендови за облека кои земаат замав во Србија. Компанијата произведува урбана облека и рачно изработени додатоци од природни влакна, рециклирани и биоразградливи материјали. Овој начин на производство не е многу застапен во Србија ниту, пак, во остатокот на Западен Балкан.
Даница Томиќ е една од основачките на Регенерик (Regenerik). Дипломирана архитектка која до пред една година воопшто не ни замислувала да работи во некој друг домен. По дипломирањето, започнала со стаж во архитектонска фирма, но, набрзо потоа, била фрустрирана од административните обврски со кои се занимаваат стажантите. Даница во себе носела нескротлива пасија за креативност.
Од архитектура до мода
Кога близок пријател ја напуштил работата и ѝ предложил да му се придружи во новиот бизнис, таа прифатила, но само под еден услов – работата во старт-ап бизнисот да се заснова на нејзината креативност. Сестра ѝ набрзо се приклучила во тимот, така што ново формираното трио изобилувало со енергија, но им недостасувала конкретна бизнис идеја. Немале никаков поим ниту каде да се обратат за совет.
“Кога учествував во првата работилница, немав јасна идеја за тоа каков бизнис сакам да започнам… Архитектка сум, но отсекогаш сум имала пасија за моден дизајн.“
Даница е проактивна личност, па веднаш започнала да пребарува на Интернет, а ги замолила и своите пријатели за совети како да започне бизнис. Еден пријател ѝ кажал за програма наменета за старт-ап бизниси, финансирана од ЕУ, која нуди поддршка за младите претприемачи заинтересирани да ги развијат своите бизнис вештини. “Кога учествував во првата работилница, немав јасна идеја за тоа каков бизнис сакам да започнам… Архитектка сум, но отсекогаш сум имала пасија за моден дизајн, па, по дискусијата и анализата со менторите на курсот, одлучив да го основам Регенерик (Regenerik)“ – објаснува Даница. На овие работилници, Даница ги подобрила своите вештини за развој на производи и претставување, а научила, исто така, и за бизнис менаџмент. Спојувајќи го стекнатото знаење со својата пасија, таа и нејзиниот пријател успешно го отпочнале нивниот бизнис. Оттогаш се прошириле, така што денес вработуваат дополнителни работници кои заедно работат на производството на Регенерик (Regenerik).“Се чувствувам подобро и поудобно кога знам дека и други луѓе ќе растат заедно со нас. Ова е идејата водилка на Регенерик (Regenerik): заедничка работа, заедничка придобивка и заштита на животната средина.“
Проектот имаше, исто така, за цел да влијае на вработувањето кај младите и тоа на долгорочен план. Проектните партнери стремеа кон развивање на капацитетите на 120 организации на граѓанското општество во Западен Балкан со цел да овозможат соработка во доменот на креирање и имплементација на иновативни приоди за вработување на младите. Овој проект е под раководство на Belgrade Open School во соработка со партнери од Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, како и Olof Palme International Centre(Шведска). Мала е најдобрата величина Даница не мечтае за голема компанија. Вели дека би била прерадосна ако нејзиниот бизнис рамномерно расте за да може да ангажира повеќе луѓе кои би работеле на рачното производство на Регенерик (Regenerik). “Се чувствувам подобро и поудобно кога знам дека и други луѓе ќе растат заедно со нас. Ова е идејата водилка на Регенерик (Regenerik): заедничка работа, заедничка придобивка и заштита на животната средина“ – вели таа. Тренинг програмата во која учествуваше Даница беше организирана од проектот WeB4YES финансиран од ЕУ. Покрај Даница, преку 1000 млади од Западен Балкан извлекоа бројни придобивки и се стекнаа со нови вештини, креираа свој бизнис или беа вработени од други компании веднаш по учеството во овој проект.Да, и Кан се може!
На натпревар за филмофили, моден дизајнер од Сараево освоил можност да го посети Канскиот филмски фестивал.
Милан Сениќ, 39 години, е професионален моден дизајнер од Сараево. Милан е, исто така, филмофил, но, честопати, заради работата, нема време да гледа филмови. Лани, видел објава на Фејсбук за проект наречен “Европски филмски предизвик“.
Објавата била покана до филмофилите да изгледаат десет европски филма, во текот на десет недели, на каков и да е легален медиум. По гледањето, натпреварувачите требало да го споделат своето филмофилско искуство и да собираат поени. Натпреварувачот кој ќе собере најмногу поени, ќе добие можност да искуси еден важен филмски фестивал, со трошоци целосно покриени од проектот.
“Ко што велат: ако сакаш нешто, ќе најдеш време; ако не, ќе најдеш изговор.“
Добра навика Милан одлучил да го прифати предизвикот и започнал со селекција и гледање на филмови. Пред предизвикот, бил еден од оние кои сакаат да гледаат повеќе филмови, но немаат време за тоа. “Предизвикот ми помогна повторно да создадам редовна навика за гледање филмови. Ко што велат: ако сакаш нешто, ќе најдеш време; ако не, ќе најдеш изговор.“ Милан уживал во искуството со натпреварот, бидејќи е голем љубител на европски филмови. Во потрага по најдобрите европски филмови, вели открил бројни интересни режисери и филмови. Дотогаш, претпочитал шпански, италијански и француски филмови, но благодарение на предизвикот, со особено задоволство открил унгарски филмови кои не ги бил гледал претходно. Главна награда Неговите напори вродиле со плод. Милан имал доволно среќа да го освои натпреварот, а, со тоа, и можност да биде дел од Канскиот филмски фестивал. “Имав предзнаења за Кан кога отидов таму, но бев изненаден од тоа колку сè е скапо и прекрасно. Беше одлично искуство да се види сиот тој гламур и луксуз“, вели тој. За повеќето, Канскиот филмски фестивал е деловно патување за запознавање со продуценти, режисери и други партнери од филмската индустрија. Од тој агол, Милан имал предност: можел целосно да се препушти и да ужива во фестивалот и филмовите. Но, имал прилика да извлече, исто така, и професионална корист од посетата на фестивалот. Канскиот фестивал е настан на кој модата зазема централно место, и е навистина посебно да се искуси во живо. “Беше, исто така, корисно професионално искуство, затоа што Кан е особено значаен како за филмската, така и за модната индустрија“, вели Милан.“Беше, исто така, корисно професионално искуство, затоа што Кан е особено значаен како за филмската, така и за модната индустрија.“
Промовирање на европскиот филм Милан бил само еден од неколкуте победници од земјите-учеснички во проектот. По успехот на претходното издание, проектот преминал во напредна фаза на развој пред публиката и раст на заедницата. Ова вклучува четири клучни идеи за примена, и тоа: програма за филмски инфлуенсери и платформа за прилагодување содржини, настани за филмофили и филмофилска пазарна студија која ги обработува информациите собрани од натпреварот. Државите партнери се: Босна и Херцеговина, Чешка, Шпанија, Латвија, Литванија, Северна Македонија, Португалија и Србија. Проектот “Европски филмски предизвик“ е финансиран од програмата на ЕУ – Креативна Европа; која ги поддржува културните и креативни сектори.ЕРАЗМУС+ искуство кое променува живот
Ахмед, студент по визуелни уметности од Босна и Херцеговина, раскажува како студентската размена во Турција го “ трансформирала“ како личност.
Ахмед е еден од многуте професионалци од доменот на визуелни уметности и комуникациски дизајн во Босна и Херцеговина. Но, неговиот пат до сегашната професија е нималку обичен. Во средно училиште, Ахмед учел теологија. “ Искрено, во текот на моето средно образование, не сметав дека сум талентиран и тоа се одрази врз мојата целосна психолошка благосостојба. Бев депресивен зашто не можев да откријам која материја сакам да ја студирам на факултет“, вели тој.
Во текот на своето средно образование, Ахмед имал сомнежи за својата идна професија, но, пред матурирањето, неговиот најдобар другар му кажал дека планира да студира визуелни уметности и комуникациски дизајн на Меѓународниот универзитет во Сараево. Ахмед одлучил да му се придружи иако воопшто не бил сигурен дека го поседува неопходниот талент за овој нов подвиг. Како што вели Ахмед, некаков внатрешен инстинкт го натерал да ја донесе оваа одлука. На негово големо изненадување, бил примен. Очигледно, имал талент.
“Целосно се посветив на изучувањето на сите материи. Имав сосема малку претходно знаење, но сакав да научам и да истражувам. За да ги пополнам празнините, работев деноноќно“
Напорната работа се исплати Програмата се состоеше од различни материи како: графички дизајн, фотографија, уредување на видео и сликање. Сите овие материи биле потполно нови за Ахмед. “ Целосно се посветив на изучувањето на сите материи. Имав сосема малку претходно знаење, но сакав да научам и да истражувам. За да ги пополнам празнините, работев деноноќно“, вели тој. Напорната работа се исплати. Ахмед од универзитетот добил стипендија која покривала 50% од школарината. Како што постепено се надградувал и стекнувал самодоверба, Ахмед почнал да прави планови за проширување на своите вештини преку меѓународно искуство. Но, немал финансиски средства за да го реализира планот, па знаел дека мора да најде поддршка. Официјалниот јазик на Меѓународниот универзитет во Сараево е англиски, јазик којшто не бил најјаката страна на Ахмед. Па, затоа, Ахмед следел курс по англиски како странски јазик.Курсот придонел за проширување на неговите хоризонти и начин на размислување затоа што покрај изучувањето на јазикот, вклучени биле и теми како критичко размислување и кариерно планирање. Наставникот ги запознал, исто така, и со програмата ЕРАЗМУС+ која нуди стипендии за студенти кои сакаат да студираат во странство. Ахмед ја зграпчил можноста. Турско воодушевување Добил прилика да ги продолжи своите студии на Анатолискиот универзитет во Ескишехир, Турција. Ахмед вели дека во тој период бил среќен да оди каде било. Никогаш претходно не бил чул за универзитетот и дури не го ни пребарал на Гугл. “ Кога пристигнав таму, сфатив дека тоа е најдобрата одлука која некогаш сум ја донел затоа што се заљубив во градот, универзитетот и луѓето. Се чувствував како местото да не е овоземско. Петте месеци поминати таму беа најдобрите месеци во мојот живот“, раскажува Ахмед.“Звучи како клише, но станав послободумен. Се променив на подобро.“
ЕРАЗМУС+ е програма на ЕУ која поддржува образование, тренинг, млади и спорт во Европа. Буџетот на оваа програма, во висина од 14,7 милијарди евра, обезбедува можности за студирање, обука, тренинг и добивање искуство во странство за преку 4 милиони Европејци. Тоа што најмногу го цени од искуството на универзитет во Ескишехир е пристапот на професорите кои пружале поддршка и помош кога и да имал потреба. Ова било дотолку позабележливо за студентите на размена како него. Ахмед значително ги развил своите професионални способности за време на престојот на Анатолискиот универзитет, но, исто така, извлекол и други придобивки. Растечка самодоверба Ахмед вели дека пред заминувањето во Ескишехир бил многу поинтровертен. Тамошното искуство го променило. Кога се вратил во Сараево, сфатил колку е изменет. Започнал да аплицира на волонтерски програми и проекти и станал редовен член на универзитетската волонтерска служба. “ Затоа што сè беше одлично на програмата Еразмус, посакав да се поврзам и со останатите програми на ЕУ. Неодамна, станав член на студентската мрежа Еразмус. Звучи како клише, но станав послободумен. Се променив на подобро“, вели Ахмед. Летово, Ахмед дипломира и моментално работи хонорарно, но, неговата цел е да најде постојана работа поврзана со неговите студии. Во даден момент од иднината, се надева да основа сопствен бизнис.Aко навистина сакаш, можеш и да успееш
Кариерата на млада црногорска актерка се развива благодарение на драмата “Капитал“, финансирана од ЕУ.
Јелена, 22 години, уште од мала возраст била наклонета кон уметноста, особено кон глумата. На училиште, редовно учествувала во активности поврзани со драма и глумење. Но, во тој период, сè уште не знаела дека, во моментот кога ќе треба да ја избере својата професионална кариера, оваа радост ќе биде извор и на компликации.
Во средно, глумата станала нејзина вистинска пасија и започнала сериозно да размислува за неа како животна професија. Нејзиното семејство и дел од пријателите ја советувале дека изборот на глума како професија може да биде ризичен. “Ми рекоа дека во глумата нема пари и дека не може да се живее само од љубовта за уметноста. Мислам дека има одредена вистина во ова, но, исто така, мислам дека ако сакаш нешто, ако си посветен и работиш со љубов – тогаш можеш и да успееш“, вели таа. Посекако, Јелена се сомневала дали воопшто ќе може да го положи приемниот испит на Факултетот за драмска уметност. Направила резервни планови во случај да не го положи испитот. Во меѓувреме, напорно работела на подготовките за приемниот. За среќа, првичниот план успеал и била примена на Факултетот за драмска уметност.









