Skip to main content

Автор: WeBalkans

Започна изградбата на далноводот Северна Македонија-Албанија

На 17 февруари започна изградбата на 400 кV далновод кој тргнува од „Битола 2“ трансформаторската станица и ги поврзува електропреносните системи на Северна Македонија и Албанија. Проектот има исклучителна регионална, стратешка и капитална вредност бидејќи го заокружува процесот на поврзување на Северна Македонија со електропреносните системи на сите соседни земји, како дополнување на петте постоечки 400 kV интерконекции кои се веќе оперативни – две конекции со Грција и по една со Бугарија, Косово и Србија.  
Овој далновод е дел од поголем капитален проект од 50 милиони евра наменет за реализација на интерконекцијата Северна Македонија-Албанија, вклучувајќи ја и изградбата на трансформаторската станица близу Охрид која започна во август, како и проширувањето на „Битола 2“ 400/110 kVтрансформаторската станица. Во контекст на целиот синџир на електрична енергија исток-запад, интерконекцијата Битола-Елбасан е клучната алка за преносот на електрична енергија од Бугарија преку Северна Македонија и Албанија до Италија.  
Новиот далновод ќе обезбеди подобро и поевтино снабдување со електрична енергија за жителите и бизнисите во Северна Македонија преку нормализирање на напонските нивоа, стабилизирање на протокот на оптоварување и фреквенциски флуктуации, како и намалување на техничките загуби во целокупниот преносен систем. Овој проект на Инвестициската рамка за земјите од Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework) се очекува да биде комплетиран во 2023.

Иднината на Европа на мурал

Делегацијата на Европската унија во Србија во соработка со „Њу момент њу идеас компани“ и во партнерство со Советот за култура на Нови Сад и фондацијата „Нови Сад 2022“, ги кани уметниците да се пријават на „Нацртај ми ја иднината на Европа“ (Paint Me the Future of Europe). Иницијативата на Нови Сад, овогодинешната европска престолнина на културата, е немента за уметници кои треба да се на возраст меѓу 18 и 35 години и да се жители на Србија, Западен Балкан или на Европа.  
Преку муралот и активнoто учество во други културни активности во Нови Сад, избраните уметници ќе го демонстрираат својот креативен квалитет, нивната способност да се осврнат на општествено значајни теми и нивната визија за заедничка иднина на европскиот континент. Заинтересираните уметници треба да пополнат формулар, да поднесат кратка биографија, портфолио, како и скица од нивната визија на темата futureofeurope.newmoment.com. На веб-страницата ќе можат да се информираат за деталите поврзани со пријавувањето на иницијативата, како и за настаните за подготовка и изработка на муралот.  
Конкурсот е отворен до 18 март. Ќе бидат избрани осум уметници кои заедно ќе сликаат на ѕид на Петроварадинската тврдина за време на нивниот престој во Нови Сад, од 18 април до 9 мај. Муралот официјално ќе биде промовиран во рамки на одбележувањето на Денот на Европа на 9 мај. на Осум

Прстенување на промените

Како црногорските деца помагаат за заштита на биодиверзитетот преку птичјо прстенување.

Птичјото прстенување или научно прстенување на птиците е важен начин за прибирање информации за миграциските патишта на птичјите видови; нивните места за починка, за зимување и брзина на миграција. На овој начин, се евидентираат движењата на птиците и нивниот животен историјат; од должина на живот, причини за смрт и преданост кон нивните родни места, па сè до места за гнездење и размножување. Мноштвото собрани информации помага да се изгради профил на секоја популација, овозможувајќи увид во тоа дали одреден вид се бори за опстанок или просперира; сè на сè – неопходни информации за заштита на птичјите популации и биодиверзитет.

 

Центарот за заштита и истражување на птици (The Centre for Bird Protection and Research (CZIP)), црногорска невладина организација, верува дека оваа научна активност може да биде особено забавна и одлучија во неа да ја инволвираат општата јавност; вклучително и децата. „Заклучивме дека многумина од граѓаните во Црна Гора мислат дека науката е нешто прекомплицирано, дека не можат да дојдат до информации…Па, затоа, одлучивме да ги инволвираме и да им го докажеме спротивното!“,  вели Невена Петровиќ од „CZIP“.

Птичјото прстенување ни помага да ги разбереме миграциските видови

Птичјото прстенување подразбира фаќање на птиците со помош на специјална мрежа, прикачување метален прстен на една од нозете и, во најдобар случај, забележување на птичјиот вид, возраст, пол, должина на крилата и состојба; што е особено значајно за одредување на видовите како и за подобро разбирање на нивната подготвеност дали да продолжат со миграцијата. Прстените содржат врежан референтен код кој овозможува секоја птица да биде посебно идентификувана доколку биде повторно фатена.

„Секогаш велиме дека нашите станици за птичјо прстенување се места каде што птиците можат да добијат бесплатен црногорски пасош, без стрес или барање за виза. Сакаме да направиме да се чувствуваат сигурно и да им обезбедиме соодветна заштита,“ низ смеа раскажува Невена. Таа објаснува дека најважната цел на птичјото прстенување е заштита на живеалиштата на птиците. Кога „CZIP“ има информации за миграциите, нивните научници можат да одредат каде птиците почиваат, јадат или се вгнездуваат; преземајќи неопходни акции за лобирање за заштита на нивните живеалишта.

„Сакавме науката да ја направиме достапна за граѓаните така што секој би можел да учествува, да придонесе и, истовремено, да научи нешто ново.“

Доближувајќи ја науката до децата

Досега, проектот инволвирал стотици ученици и возрасни ширум Црна Гора во активностите за птичјо прстенување. „Преку овој проект се обидуваме да се фокусираме, главно, на младите и во голема мера работиме со ученици, бидејќи во училиштата во Црна Гора има недостаток на еколошки презентации и децата не добиваат доволно образование на овие теми; па, затоа, се трудиме да имаме колку е можно повеќе работилници,“ вели Невена. „Сакавме науката да ја направиме достапна за граѓаните така што секој би можел да учествува, да придонесе и, истовремено, да научи нешто ново.“

„Поддршката на ЕУ е неопходна за овој проект затоа што без нејзините фондови не би можеле да ја добиеме потребната опрема, да ангажираме лиценцирани лица за птичјо прстенување, ниту, пак, да овозможиме транспорт и сместување за стотици деца и други граѓани кои учествуваа во активностите за птичјо прстенување. “

За проектот

Целите на проектот „BIOVAL“  (Вредности за биодиверзитет), финансиран од ЕУ, се подигнување на свеста на граѓаните за заштита на природата, поддршка за контрола на биодиверзитетот и промена на однесувањето на граѓаните; вклучувајќи ги децата и нивните наставници.

Главните активности вклучуваат развој и дистрибуција на едукативен и промотивен материјал; настани како, на пример, изложби, теренски патувања, расчистување, садење и други; организирање школски работилници, училишта на отворено, кампови за млади истражувачи, натпревари и квизови за биодиверзитет. За овој проект, ЕУ обезбеди поддршка во вредност од преку 80000 евра. Целосното траење на проектот е 18 месеци.

Активностите за птичјо прстенување на „CZIP“ кои ја инволвираат јавноста се имплементираат како дел од проектот „BIOVAL“  (Вредности за биодиверзитет); финансиран од ЕУ. Инволвирањето граѓани во активностите за птичјо прстенување подразбира и дополнителни трошоци; како, на пример, за транспорт. Невена објаснува: „Поддршката на ЕУ е неопходна за овој проект затоа што без нејзините фондови не би можеле да ја добиеме потребната опрема, да ангажираме лиценцирани лица за птичјо прстенување, ниту, пак, да овозможиме транспорт и сместување за стотици деца и други граѓани кои учествуваа во активностите за птичјо прстенување. “

Дополнителна проектна активност на „BIOVAL“ е „Bubo Night“ кој овозможува собирање податоци за големиот ушест був („Бубо бубо“); користејќи методологија која вклучува ноќна посета на однапред избрани локации, слушање на звуците кои ги прави бувот и забележување на клучните податоци во посебен формат. Невена вели: „Се надеваме дека ќе продолжиме со слични проекти и активности. Овој проект веќе имаше позитивно влијание врз подигнување на свеста на граѓаните; особено децата, за заштита на животната средина и живеалиштата на птиците.“

Дванаесет селски куќи предадени на корисниците на RHP во Србија

Имотните листови за 12 селски куќи им беа врачени на бегалски семејства во општина Врбас во Србија. Куќите се купени во рамки на Регионалната програма за домување (Regional Housing Programme – RHP) во Србија.

 

Заблагодарувајќи им се на сите чинителите на RHP за нејзината нова куќа, Мирјана Шишиќ изјави „Куќата има нова дрвенарија. Пред куќата има клупа каде што ќе седам кога ќе биде убаво времето. Позади куќата има прекрасна градина каде што ќе засадам зеленчук и цвеќиња. Во куќата може да се живее и тоа е сѐ што ми треба.“

 

На настанот на врачување на имотните листови присуствуваа претставници на општината заедно со Немања Старовиќ, државен секретар во Министерството за надворешни работи, Дерек Џорџ,  заменик шеф за соработка во Амбасадата на Швајцарија во Србија, Владимир Цуциќ, српски комесар за бегалци и миграција и Виолета Самарџиќ, претставничка на УНХЦР. Тие ја искористија можноста да ја посетат зградата на RHP во Врбас каде што во моментов се градат 14 станови.

 

Европската унија е најголемиот донатор на Регионалната програма за домување, а други клучни донатори се Германија, Италија, Норвешка, Швајцарија и Соединетите американски држави.

Креативна Европа објави повик за проекти за европска соработка за 2022 година

Европската комисија во февруари објави повик за предлози во рамки на линијата култура на програмата Креативна Европа за поддршка на проекти за европска соработка. Со овој повик, Европската комисија ги поддржува професионалците од културниот и креативниот сектор преку широк спектар на активности и иницијативи.

 

Акцијата ги интегрира меѓусекторските прашања за инклузивност, заштита на животната средина и родовата еднаквост, како и тематските приоритети релевантни за the New European Bauhaus.

 

Со буџет од 68 милиони евра, акцијата ќе поттикнува соработка меѓу организациите од креативниот сектор. Целите на повикот се зајакнување на транснационалното творештво, овозможување на движењето на европските дела и уметници, како и негување на таленти. На тој начин ги поддржува иновациите, напредокот, креирањето на работни места и економскиот раст.

 

Градење на капацитетите или активности за обуки во секторите за културно наследство, музика, книги и издаваштво, архитектура, мода и дизајн, како и културен туризам се приоритетите во оваа рунда на акции. Проектите можат исто така да се фокусираат на развој на публиката, социјална инклузија, одржливост, дигитализација или развој на меѓународни врски за професионалци во културата.

RYCO и ЕУ ги прославуваат успесите на поддржаните проекти во Албанија

Регионалната канцеларија за младинска соработка (Regional Youth Cooperation Office (RYCO) организираше завршен онлајн настан во рамки на својот проект поддржан од ЕУ – „Подобрување на младинската соработка и младинската размена во WB6 во Тирана на 3 февруари. На настанот беа презентирани резултатите од два проекти од Албанија кои беа поддржани во рамките на четвртиот отворен повик на RYCO за предлог проекти. Во воведното обраќање,  Шефот на локалната подружница на RYCO во Албанија, Крешник Лока, зборуваше за тоа како младите уште еднаш ја потврдиле својата посветеност и интерес за запознавање и работа со своите врсници од регионот и нагласи дека овој проект го отворил патот за одржлива соработка не само меѓу младите туку и за граѓанското општество во регионот.
 
Проектите поддржани од RYCO и ЕУ во рамки на четвртиот отворен повик во Западен Балкан се насочени кон помирување и регионална младинска соработка, како и зајакнување на капацитетите на граѓанското општество за прилагодување кон Ковид-19 реалноста. Проектите беа имплементирани од февруари до октомври 2021 година.  
Во фазата за пријавување примени се 129 апликации со кои се креирани 400 партнерства во регионот. Вкупниот финансиски пакет на повикот изнесуваше 333.000 евра.

RCC ги промовираше наградите „Жени претприемачи на годината од Западен Балкан“

Советот за регионална соработка (RCC) ја започна иницијативата „Жени претприемачи на годината од Западен Балкан“ за да им оддаде почит на жените кои започнале и развиле сопствен бизнис и придонеле за отворање на нови и оддржливи работни места за други жени и мажи од регионот.

 

Конкурсот опфаќа шест категории: зелена жена претприемач, креативна жена претприемач, жена претприемач за туризам и угостителство, жена претприемач Ромка, старт-ап жена претприемач и млада жена претприемач. Номинациите ќе бидат отворени до 4 март.

 

Победничките кои ќе бидат избрани од жирито ќе бидат објавени на Регионалната конференција за жени претприемачи од Западен Балкан на 11 март во Тирана. Победничките исто така ќе имаат можност да ги претстават своите бизниси на настанот.

 

Шесте жени претприемачи од Западен Балкан за 2021 година ќе добијат до 20 дена менторство во период од 5 месеци, членство и статус на придонесувач во Регионалниот центар за жени претприемачи, промоција преку комуникациските канали на RCC, како и покана за разни настани во организација на RCC за презентација на нивните успешни приказни.

 

Оваа иницијатива се организира како дел од Акцискиот план за заеднички регионален пазар (CommonRegional Market Action Plan 2021-2024 и Агендата на RCC за економско зајакнување на жените (RCC WomenEconomic Empowerment Agenda). Проектот е ко-финансиран од Европската унија.

Ерата на кибер-земјоделство во Србија

Проект, кофинансиран од ЕУ, ги поддржува српските научници кои ги прават првите чекори во дигиталната трансформација на земјоделството. Српските фармери денес имаат нов најдобар пријател наречен Лала. Лала има способност да ги прибира податоците и веднаш да ги анализира хемиските својства на кој и да било почвен примерок, а потоа истите ги архивира за земјоделците да можат да ги употребуваат. Лала е робот или, како што изумителите на Институтот „БиоСенс“ (BioSense) во Србија претпочитаат да го нарекуваат, Агробот. Професорката Весна Бенгин од Институтот објаснува дека еден од најдобрите начини за оптимизација на земјоделското производство е на секое растение или секоја парцела да им се даде точната количина прехрана. „Појдовната точка на ова е опсервацијата на разлики кои постојат во почвата во различни делови на парцелата, а во овој дел настапува нашата роботска платформа – Агробот Лала; нудејќи точни и прецизни информации,“ вели таа. Адаптирана за земјоделски намени и опремена со систем за земање примероци и анализирање на почвата, Лала се движи по веќе одреден пат во рамки на парцелата, зема примерок од почвата, веднаш го анализира и ги запишува резултатите од геореференцијалните мерења. Последователно, Лала доставува повеќеслојна мапа врз основа на којашто земјоделците можат да носат одлуки за сеење, наводнување и примена на ѓубрива, пестициди и хербициди со цел оптимизација на производството. „Гордост е да се биде дел од земјоделската револуција и да се гледаат роботи, дронови и млади луѓе со лаптопи по српските полиња,“ вели професорката Бенгин.

„Како инженерка, верувам дека науката мора да одговори на потребите на општеството и да го подобри животниот квалитет на луѓето, па, затоа, многу размислував како да го насочам нашето истражување кон оваа цел.“

Основан во 2015 година, „БиоСенс“ Институтот за истражување и развој на информациски технологии во биосистеми е пионер во дигиталната трансформација на земјоделството во Србија. Професорката Бенгин е ко-основач на институтот. Објаснува дека, како дете, многупати слушала дека земјата во Војводина, во северниот регион на Србија, е толку плодна што би можела да ја нахрани цела Европа. Но, исто така, забележала дека ова не е случајот. Исто така, како возрасна, ѝ изгледало апсурдно да се ангажира во сложено научно истражување чии резултати би останале запишани на страните од научните списанија и книги. „Како инженерка, верувам дека науката мора да одговори на потребите на општеството и да го подобри животниот квалитет на луѓето, па, затоа, многу размислував како да го насочам нашето истражување кон оваа цел,“ вели професор Бенгин. Ова довело до идејата за научен институт како база на знаења којашто земјоделците, бизнисите и носителите на политики би можеле да ја користат за решавање на проблемите на терен. Професорката Бенгин објаснува дека се соочиле со административни, финансиски и меѓучовечки предизвици на патот кон остварување на нивната цел; додава, исто така, дека нејзините амбиции не би се реализирале без финансиите на ЕУ наменети за наука, најпрво, преку Програмата ФП7 (FP7 programme), а потоа и преку „Хоризон 2020“. „Проект по проект, исто како камен до камен, го изградивме патот кој нè доведе до тоа денес да бидеме признаени како глобален лидер во дигиталната трансформација на земјоделството,“ вели професор Бенгин.

„Пред „АНТАРЕС“ (ANTARES), можевме само да сонуваме – да сонуваме за градење сериозен научен истражувачки центар во Србија, сличен на оние коишто сме ги гледале во странство; сонувавме да ги задржиме нашите студенти наместо да ги гледаме како ја напуштаат државата. Имавме визија земјоделците да можат достоинствено да живеат од својата работа. „АНТАРЕС“ ни помогна да ги оствариме нашите соништа.“

За проектот Со буџет од преку 30 милиони евра, „АНТАРЕС“ е најголемиот научен проект финансиран од ЕУ во Република Србија. Проектот е поддржан преку учеството на Министерството за образование, наука и технолошки развој на Р. Србија кое обезбедува институционална и законодавна поддршка, како и ко-финансирање од 14 милиони евра. „АНТАРЕС“ е ко-финансиран преку програмата „Хоризон 2020“ на ЕУ. Професорката Бенгин е координаторка на проектот „АНТАРЕС“, дел од програмата „Хоризон 2020“, финансирана од ЕУ, кој го поддржува Институтот „БиоСенс“ во својот развој во пазарно-ориентиран европски истражувачки центар кој ветува исклучителен квалитет. „Пред „АНТАРЕС“ (ANTARES), можевме само да сонуваме – да сонуваме за градење сериозен научен истражувачки центар во Србија, сличен на оние коишто сме ги гледале во странство; сонувавме да ги задржиме нашите студенти наместо да ги гледаме како ја напуштаат државата. Имавме визија земјоделците да можат достоинствено да живеат од својата работа. „АНТАРЕС“ ни помогна да ги оствариме нашите соништа,“ вели професор Бенгин. Денес, „БиоСенс“ е сочинет од тим од околу 140 електрични инженери, програмери, биохемичари, физичари, биологичари и агрономи. Одлуките за вработување се прават исклучиво врз основа на одлични резултати и половина од тимот е сочинет од жени. Професорката Бенгин објаснува дека жените се неопходни во науката. „Тие пристапуваат кон решавање на научните проблеми на посебен начин кој го дополнува приодот на нивните колеги мажи. Како електрична инженерка, навистина не верувам во поделбата на машки и женски професии.“

Ценети артефакти на изложба во ценет објект

Проект, финансиран од ЕУ, помогна отоманска палата да се претвори во културен ресурс за локалното население и посетителите во предел помеѓу Косово и Северна Македонија. Свадбен ковчег стар преку двесте години, традиционален костум, чевларски и сребрарски алатки, како и бројни други историски артефакти сега можат да бидат видени од посетителите на етнолошкиот музеј Гнилане, во источно Косово. Сместени се во зграда позната, од мештаните, како Хусеин Пашина Палата затоа што била изградена од Хусеин Паша Милла; еден од водечките отомански администратори во регионот. Била изградена во 1887 година и неколку децении употребувана како семеен дом, сè до нејзината конфискација од југословенската влада после Втората светска војна и нејзино неколку децениско користење како училиште. Денес, палатата е едно од највпечатливите архитектонски парчиња од отоманската ера во Косово. Особено, нејзините резбани тавани коишто од неа прават уникатно место за посета, но, до неодамна, нејзината намена како музичко училиште значеше дека посетителите имаа ограничен пристап до неа. Ваквата ситуација се променила со иницијатива на општината Гнилане и поддршка на ЕУ.

„Бидејќи немавме посебно место, моравме да ги изложуваме нашите археолошки и етнолошки артефакти во националниот музеј во главниот град.“

Нова музејска зграда за културно наследство Градот Гнилане и околното подрачје изобилуваат со археолошки и етнолошки артефакти, но, до пред пет години, немало посебен простор за нивно изложување. „Бидејќи немавме посебно место, моравме да ги изложуваме нашите археолошки и етнолошки артефакти во националниот музеј во главниот град,“ вели Ѓилшен Доко Бериша, раководител на музеите во Гнилане. Ситуацијата се променила во 2016 со отворањето на археолошкиот музеј, а понатаму била подобрена и со отворањето на етнолошкиот музеј, со поддршка на ЕУ. Ѓелза Адеми била координаторка на проектот, финансиран од ЕУ, за прекугранична соработка со фокус на зголемување на вредноста на културното и природно наследство, кој ја овозможил реновацијата на зградата и отворањето на етнолошкиот музеј. Таа објаснува дека општината Гнилане има значаен број посетители ширум годината; особено оние од дијаспората кои редовно го посетуваат градот еднаш или двапати годишно. „И покрај богатото културно и природно наследство, можевме само малку да им понудиме на посетителите,“ вели Ѓелза. На иницијатива на општината и во соработка со општината Куманово, од другата страна на границата, во Северна Македонија, одлучиле да создадат подобра туристичка атракција. Повикот за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија бил одлична прилика за ваквата иницијатива, бидејќи и двете општини имале недостаток на средства и експертиза. 

„Општината Гнилане, во минатите години, искористила неколку проекти финансирани од ЕУ; како и со овој, без поддршка на ЕУ, би било навистина тешко да се имплементираат овие активности.“

За проектот Целта на проектот за прекугранична соработка “Зголемување на вредноста на културното и природно богатство“, финансиран од ЕУ, беше да донесе инвестиции и да го промовира прекуграничниот предел како туристичка дестинација, да ги зголеми вредностите на културното и природно наследство преку зачувување и реставрација на стара зграда и да понуди традиционални културни настани во прекуграничниот предел. Резултатите на проектот вклучуваат зачувување и реставрација на локалитети за културно наследство, изградба на локации за спорт и зголемена промоција на културното наследство. Целокупната вредност на проектот изнесуваше преку 477000 евра и истиот беше завршен во рок од 20 месеци. Со поддршка на ЕУ, двете партнерски општини успеале да ја реставрираат старата зграда и да ја адаптираат за да може да се пренамени во Етнографски музеј, да изградат амфитеатар и да креираат простор за фудбал, кошарка и тенис во Куманово. Дополнително на инфраструктурните подобрувања, проектните партнери креирале и онлајн платформа со сите информации поврзани со туристичките оператори и даватели на услуги; како и дополнителни активности за промоција на прекуграничниот регион како туристичка дестинација. „Општината Гнилане, во минатите години, искористила неколку проекти финансирани од ЕУ; како и во овој случај, без поддршка на ЕУ, би било навистина тешко да се имплементираат овие активности,“ вели Ѓелза Адеми.

500.000 евра грант од ЕИБ за обезбедување одржлива урбана мобилност во Ниш, Србија

Европската инвестициска банка (ЕИБ), заемодавателот на ЕУ, потпиша договор со градот Ниш во Србија за да ја финансира подготовката на план за одржлива урбана мобилност, овозможувајќи му на градот да донесе информирани одлуки за инвестиции во својата транспортната мрежа. Земајќи ги во предвид постојните патни мрежи, развојните трендови и целите за стратешко планирање на општината, планот за одржлива урбана мобилност ќе помогне да се осигура дека инвестициите се оптимизирани да обезбедат ефикасна, безбедна и погодна мобилност што е помалку зависна од јаглерод. Техничката помош ќе му овозможи на градот Ниш да ги истражи можностите што се создаваат со идното пренасочување на товарниот сообраќај од постоечкиот меѓуградски железнички коридор што минува низ градот.

 

Планот за одржлива урбана мобилност и инвестициите што ќе ги генерира ќе му помогнат на Ниш да расте, а со поддршката од висококвалитетна, добро интегрирана транспортна мрежа ќе се зголеми привлечноста на градот како добро место за живеење и инвестирање. Техничката помош е обезбедена во рамките на Team Europe и заедничката иницијатива за финансирање урбани проекти помеѓу ЕИБ и Agence Française de Développement (AFD), основана за поддршка на амбициозни проекти за урбан развој.