Skip to main content

Автор: WeBalkans

Образование за сите во Косово

Проект на ЕУ за инклузивно образование во Косово нуди поддршка за деца со посебни потреби и од ранливи заедници. Арти е дванаесет годишно дете кое е тврдоглаво за својата независност. Живее со Даунов синдром, генетско нарушување кое, обично, е поврзано со потешкотии при учење. Косовскиот закон се изменил за време на образованието на Арти, па, отсега, децата со Даунов синдром и другите деца со посебни потреби ќе можат да одат во стандардните училишта. Денес, учениците како Арти учат во нова ера. Може да биде предизвикувачки да се вклучат децата со посебни потреби во стандардните училишта без асистент на час. Со оглед на тоа што училиштето не можело да обезбеди асистент, таа улога ѝ припаднала на мајката на Арти. Тоа траело неколку години; сè додека проектот „Образование за сите“, финансиран од ЕУ, не настапил со помош за асистент за Арти и другите деца со посебни потреби во неговото училиште. Со помош на посветениот асистент, Арти успеа да биде целосно независен од мене и да развие вештини преку исполнување на повеќето од целите во неговиот индивидуален план за учење,“ вели мајката на Арти, Флорентина.

„Децата со посебни потреби се соочуваат со различни предизвици: некои имаат потешкотии при читањето, други, пак, со математика или некои останати материи. Затоа, изработуваме и спроведуваме индивидуален план за учење на секое дете со посебни потреби.“

Арти добива придружба во своите секојдневни училишни активности од Џенета Шабани, дипломка на педагошкиот факултет која се придружила на проектниот тим како стажантка. Веднаш штом започнала со работа, се состанала со класниот наставник за да состават индивидуален план за учење за Арти и започнале со негова имплементација. „Децата со посебни потреби се соочуваат со различни предизвици: некои имаат потешкотии при читањето, други, пак, со математика или некои останати материи. Затоа, изработуваме и спроведуваме индивидуален план за учење на секое дете со посебни потреби,“ вели Џенета. Џенета му помага на Арти за време на часот и е присутна през целиот час во училницата заедно со наставникот. Покрај работата со Арти, им дава поддршка и на другите деца. Нејзин долгорочен план е да работи како училиштен советник, па, затоа, искуството кое го добила преку работата на овој проект е особено значајно. „Можеби најдобриот дел од мојот ангажман во проектот е тоа што кога ќе започнам да работам како училиштен советник, ќе можам да го пренесам сето знаење од проектот во училиштето во кое работам, за, на тој начин, и други наставници и деца да можат да извлечат корист,“ вели таа. Проектот „Образование за сите“ е имплементиран од чешката невладина организација „Луѓе во потреба“ (People in Need) и други партнери од Косово. Њомза Емини од „Луѓе во потреба“ објаснува колку е неопходен проектот за децата со посебни потреби во Косово. „Имавме случаи кога училиштата беа неволни да прифатат деца со посебни потреби затоа што имаат потреба од посветување внимание, а училиштата немаат доволно персонал за поддршка. Дури и да имаат време за децата со посебни потреби, на постоечките наставници им недостига посебна обука за исполнување на потребите на овие деца,“ вели Њомза. Оттука, нејзиниот проект спроведува програма која ангажира 42 стажанти кои обезбедуваат поддршка за 250 деца како Арти кои имаат посебни потреби или, пак, доаѓаат од ранливи заедници. Проектот нуди, исто така, и обука за постојаните наставници за инклузивно образование на децата со посебни потреби. Досега, проектот обучил преку 150 наставници и планираат да достигнат бројка од 225 до неговиот крај. Проектот вклучува теми како принципи на инклузија, комуникација со деца со посебни потреби, како и препознавање и управување со случаи на задевање. „Проектот беше добредојден од страна на училишните управители и наставниците кои учествуваа,“ вели Њомза.

„Има значајни празнини во инклузивното образование во Косово и, сè додека нашите институции не успеат да ги пополнат истите, поддршката од ЕУ и други донатори е особено важна.“

За проектот Проектот „Образование за сите“, финансиран од ЕУ, бил основан во 2018 година и се фокусира на правото за еднакво образование за деца и адолесценти со посебни потреби, како и Ромите кои доаѓаат од ранливи заедници. Финансиран под покровителство на Европскиот инструмент за демократија и човекови права, проектот е имплементиран од чешката невладина организација, „Луѓе во потреба“ („People in Need“), во партнерство со косовските невладини „Autizmi Flet“ и  „Партнерство за идеи“ („The Ideas Partnership“). Во осмислувањето на обуката за наставници, проектот го искористил искуството на образовниот отсек „Varianty“ на организацијата „Луѓе во потреба“ во Република Чешка и нивната примена на насоките од Европската агенција за инклузивно образование. „Има значајни празнини во инклузивното образование во Косово и, сè додека нашите институции не успеат да ги пополнат истите, поддршката од ЕУ и други донатори е особено важна,“ вели Њомза. Проектот содржи и дополнителен сегмент кој се фокусира на подобрување на инклузивното образование на институционално ниво. Инклузивни едукативни платформи биле поставени на секоја од проектните локации; вклучувајќи ги и локалните чинители како што се општините, организациите за човекови права, а, исто така, и родителите. Инклузивната едукативна платформа во градот Јањево обезбедила стабилност во одржливоста на програмата за стажирање преку нејзино вклучување во општинскиот буџет по завршувањето на проектот. Во Обилич, пак, со поддршка на општината, успеале да реновираат специјална училница за дека со посебни потреби.

„Blue Phone“ („Син телефон“) – советодавна услуга за помош во време на потешкотии

Проект, финансиран од ЕУ, нуди онлајн и телефонско советување за деца, млади и семејства во Босна и Херцеговина. Ангела* е дваесет и едно годишна студентка која се обратила до „Blue Phone“ советодавната линија за поддршка со нејзините проблеми поврзани со менталното здравје. „Тажна сум и безволна веќе подолг период: понекогаш толку плачам, што ми доаѓа да повраќам, а понекогаш немам сила за една солза иако би сакала да плачам. Летаргична сум: веќе ништо не ме прави среќна,“ споделила Ангела во разговорот со советникот на линијата „Blue Phone“. Советникот при „Blue Phone“ ѝ помогнал на Ангела да ги нормализира своите чувства и да разработи акциски план. Ја научиле како да користи две техники за смирување: техниката на дишење и техниката на петте сетила; кои ѝ помогнале да го фокусира вниманието и телото на сегашниот момент и да остане смирена.

„Blue Phone“ е значајна услуга за младите во Босна и Херцеговина. Пандемијата значително го отежни функционирањето на поголемиот дел од популацијата, па, затоа, поддршката која ја нуди „Blue Phone“ е неопходна за спречување на уште поголеми негативни ефекти врз менталното здравје.“

Значајна услуга за младите „Blue Phone“ е бесплатна онлајн и телефонска советодавна услуга која била основана од невладината организација „Нова генерација“. Моментално, услугата е имплементирана со поддршка од Програмата за ублажување на ефектите од пандемијата КОВИД-19 врз животите на децата и семејствата во Западен Балкан и Турција; финансирана од ЕУ, а имплементирана од УНИЦЕФ. Маја Ковачевиќ е една од советничките кои работат со услугата. Таа објаснува дека, за советниците, најважно е луѓето да се чувствуваат сигурно и да разберат дека нема да бидат осудувани. „„Blue Phone“ е значајна услуга за младите во Босна и Херцеговина. Пандемијата значително го отежни функционирањето на поголемиот дел од популацијата, па, затоа, поддршката која ја нуди „Blue Phone“ е неопходна за спречување на уште поголеми негативни ефекти врз менталното здравје,“ вели Маја. На почетокот, услугата била наменета само за деца, но еден од проектните менаџери, Саша Рисојевиќ, објаснува дека услугата брзо напредувала, а со забрзаното влијание на пандемијата, морале да ги прошират своите услуги и на постарите возрасни групи.

„Влијанието на поддршката од ЕУ беше навистина важно зашто значително го зајакна услужниот капацитет на „Blue Phone“.“

За проектот Услугата „Blue Phone“ обезбедува бесплатно онлајн и телефонско советување и е имплементирана од невладината организација „Нова генерација“ со поддршка од Програмата за ублажување на ефектите од пандемијата КОВИД-19 врз животите на децата и семејствата во Западен Балкан и Турција, која, пак, е дел од пакетот за помош на ЕУ за Западен Балкан, имплементиран од УНИЦЕФ БиХ. *Името е променето за да се заштити приватноста Објаснува како, поради зголемениот интерес, почнале да пропуштаат до 250 повици месечно. Забележале дека тоа се должи, пред сè, на тоа што услугата била достапна само за време на работните часови. Со поддршката на ЕУ, го прошириле работното време до доцна во ноќта и имале само помеѓу 10 и 15 пропуштени повици месечно. „Влијанието на поддршката од ЕУ беше навистина важно зашто значително го зајакна услужниот капацитет на „Blue Phone“,“ вели Саша. Дополнително, со поддршка на ЕУ отпочнале и кампања против семејно насилство и подигање на свеста за услугата на „Blue Phone“. Како резултат на кампањата, успеале да привлечат 35000 посетители на нивната веб страна додека, пак, бројот на деца и млади кои ги искористиле услугите на „Blue Phone“ доживеал значителен пораст. Досега, услугата „Blue Phone“ функционира со поддршка на донатори и иницијативата на тимот од невладината организација „Нова генерација“. Саша се надева дека, во иднина, услугата на „Blue Phone“ ќе добие владина поддршка и, на тој начин, долгорочна стабилност. „Имавме бројни состаноци и тркалезни маси со претставници од институции каде ги презентиравме влијанието и резултатите од услугите на „Blue Phone“. Мислам дека и тие ја признаа важноста на нашите услуги и се надеваме дека, во иднина, ќе ја понудат својата поддршка,“ вели Саша. 

Набљудување птици на самовилско езеро

Проект, финансиран од ЕУ, промовира набљудување птици како дел од прекуграничен проект за соработка.

Според легендата, Скадарското езеро е создадено од солзите кои ги пролеала една црногорска самовила; чија желба, сините очи да ѝ се претворат во црни, била одбиена од Бог кој, за возврат, ја ослепил. Самовилата толку многу плачела, што нејзините солзи го создале езерото. Воодушевен од убавината на езерото, Бог ѝ го вратил видот. И навистина, оние кои го посетиле ќе се согласат дека Скадарското езеро е едно од најубавите природни места во Западен Балкан и одличен терен за истражување за љубителите на авантури на отворено; со парк кој се протега на 400 километри квадратни. Меѓутоа, оваа волшебна дестинација не го добива заслуженото внимание; како од локалните, така и од меѓународните туристи. Барем така веруваат луѓето во црногорската невладина организација „CZIP“.

„CZIP“ означува „Центар за заштита и проучување на птиците“ и е организација која работи повеќе од 20 години во доменот на заштита на птици и животна средина; како и промоција на природно и културно наследство во Црна Гора. Минатата година, со партнерски организации од Хрватска и БиХ, основаа проект, наречен „Pannonia-Adria Connection“ или „PA.CON“; со финансиска помош од ЕУ, за промовирање туризам на локации во трите држави: Нијемици во Хрватска, Тузла во БиХ и Скадарското езеро во Црна Гора.

“Моментално, повеќето од посетителите на Скадарското езеро ги привлекува масовниот туризам: доаѓање на езерото, пиење кафе или ручање, прошетка и заминување. Сакавме да ја промениме оваа навика на подобро.“

Растечки туристички перспективи

Зоран Поповиќ од „CZIP“ е еден од координаторите на проектот и објаснува дека идејата на проектот е подобро користење на ресурсите за туристичка промоција во трите држави. Моментално, повеќето од посетителите на Скадарското езеро ги привлекува масовниот туризам: доаѓање на езерото, пиење кафе или ручање, прошетка и заминување. Сакавме да ја промениме оваа навика на подобро,“ раскажува Зоран.

Зоран вели дека сакале да го претворат езерото во дестинација каде што туристите би останувале подолго; но, за да се случи тоа, туристите имаат потреба од повеќе атракции и можности. Ова довело до развој на активности за откривање; како, на пример: набљудување птици, планинарење, велосипедизам, бродски патувања и останати елементи на еколошки и авантуристички туризам.

Проектот „PA.CON“ цели кон развивање локации за набљудување птици во трите држави; куќа за туристички информации во Сопотац, игралиште и кули за набљудување птици во Хрватска, реновирање на парк куќа во Илинчица и инсталација на ЛЕД светла ширум патот, како и уредување на 16 микро-пикник локации во БиХ. Проектот ќе инвестира, исто така, и во старата железничка линија во Вирпазар, претворајќи ја во планинарски пат; како и во купување брод со соларно напојување, електрични велосипеди и придружни соларни станици за полнење; сè со цел промовирање туристички активности со ниско еколошко влијание.

„Без овој степен на финансиска поддршка од ЕУ, би било невозможно да го имплементираме овој значаен проект.“

За проектот

Проектот „PA.CON“ е поддржан од ЕУ во рамки на програмата ИПА за прекугранична соработка помеѓу Хрватска, БиХ и Црна Гора 2014 – 2020. Водечки партнер на проектот „PA.CON“ е општината Нијемци од Хрватска; партнери од БиХ се градот Тузла и Здружението за развој „NERDA“ од Тузла, додека, пак, партнери во Црна Гора се Центарот за заштита и истражување на птици и Јавното претпријатие за национални паркови во Црна Гора. Имплементацијата на проектот „PA.CON“ започна во октомври 2020 година и ќе трае цели 24 месеци.

Целосната вредност на проектот за трите држави изнесува 1,8 милиони евра, а 280000 евра ќе бидат инвестирани во подобрување на туристичката инфраструктура на Скадарското езеро. „Без овој степен на финансиска поддршка од ЕУ, би било невозможно да го имплементираме овој значаен проект,“ вели Зоран.

Покрај директните инвестиции во инфраструктура и промотивни активности, проектот ќе вклучи и градење капацитети за осигурување на одржливо влијание на проектот. Преку серија од шест едукативни курсеви во трите држави и студиска посета, проектните партнери и претставници на целните групи ќе добијат можност за подобрување на нивните капацитети и услуги.

Според Зоран, проектот ќе има значајно долгорочно влијание врз локалното население, економијата и зачувувањето на природната средина. „Но, според мене, тоа што е уште позначајно е промената на ставот на многу луѓе и институции; покажувајќи им што е можно и колку лесно работите можат да се постигнат со соодветно планирање и имплементација,“ вели Зоран.

RYCO го објавува конечниот список на првите супер-училишта

Шеесет средни училишта од Западен Балкан беа избрани да учествуваат во програмата Супер-училишта на Регионалната канцеларија за младинска соработка (Regional Youth Cooperation Office (RYCO)). Нивните ученици и наставници ќе имаат можност да спроведат меѓу-училишни размени како и да учествуваат во други активности фокусирани на градење на нивните капацитети, вмрежување и соработка.

 

На првиот отворен повик за Супер-училишта RYCO доби 127 предлози за размена, а над 412 училишта од Западен Балкан ја користеле онлајн платформата www.superschools.net за вмрежување со други училишта. Комисијата за избор потоа одбра 30 најдобри проекти насочени кон поддршка на процесите за градење мир и помирување и меѓукултурно учење и дијалог помеѓу училиштата, учениците и нивните заедници.

 

Имплементацијата на проектите ќе се одвива од февруари до мај оваа година кога секое училиште ќе организира една посета за размена со својот партнер во траење од шест до десет дена со група од најмногу 20 ученици со еден или двајца наставници. Преку шемата за размена, учениците и наставниците ќе имаат можност да патуваат, да се претстават себеси, училиштето и обичаите на нивните домаќини и да научат нови работи за заедниците во различните делови од нашиот регион.

 

Програмата ќе се спроведува три години и е дел од мулти донаторскиот проект „Western Balkans School Exchange Scheme” кофинансиран од Европската унија и Сојузното Министерството за економска соработка и развој на Германија (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ)заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

Потопли зими за учениците во Приштина

Проект, финансиран од ЕУ, овозможува поддршка за енергетска ефикасност и проширување на топлификационата мрежа во Приштина, Косово.

Основното училиште „Naim Frashëri“ е едно од најголемите во Приштина; главниот град на Косово. Училиштето има преку 1000 ученици и се протега на површина од околу 5000 метри квадратни. Шќипе Власалија Мехмеди е директорка на оваа огромна организација. Би очекувале дека најголемите предизвици со кои се соочува во извршувањето на нејзината улога се поврзани со образованието, но реалноста е сосема различна: „Имавме сериозни проблеми во текот на зимата, а понекогаш моравме да ги одложиме часовите поради проблеми со греењето,“ вели Шќипе.

Кога го презела раководството на училиштето, во 2018 година, училишната зграда била приклучена на централниот греен систем; напојуван на нафта која им ја доставувале еднаш месечно. Шќипе објаснува дека греењето на нафта предизвикувало неколку проблеми; вклучително и недостиг на залиха пред следната достава во време кога температурите биле особено ниски, како и сериозна штета за природата околу училиштето. „Се сеќавам како во 2018 година, учениците и наставниците на час мораа да седат со палто, затоа што немаше доволно греење,“ вели Шќипе.

„Од економско гледиште, „Termokos“ е во придобивка, бидејќи покрај намалување на губитокот во мрежата, добивме 3000 нови потрошувачи; вклучително и јавни институции како, на пример, две градинки, пет училишта, полициски станици, Централната универзитетска клиника во Косово и Косовскиот национален театар.“

Зголемен квалитет на греење и подобра еколошка заштита

Проблемот со греење и загадување не се јавува само во училиштето „Naim Frashëri“. Како ресурс на греење, повеќето граѓани на Приштина користат јаглен или електрична енергија од станиците Косово А и Б, а некои го користат далеку поефикасното топлификационо греење на „Termokos“. Греењето на „Termokos“ е на парно напојување кое, преку цевки, доаѓа од нивната топлификациона станица. Меѓутоа, значаен број приватни и државни згради во Приштина; меѓу кои и основното училиште „Naim Frashëri“, не беа поврзани на ова греење поради проблемите на „Termokos“ со стариот и недоволно развиен систем за достава.

Со цел решавање на овој проблем, во 2019 година, канцеларијата на ЕУ во Косово отвори проект за реновирање на топлификационата мрежа во Приштина. Целта на проектот беше овозможување за приклучок на новите приватни и јавни потрошувачи на топлификационата мрежа и подобрување на грејната залиха за постоечките потрошувачи. Како резултат на проектот, во текот на две години, беа реновирани 120 стари трафостаници, а беа изградени 50 нови; и преку седум километри стари подземни цевки беа заменети со нови изолирани цевки, со што зголеми ефикасноста и се постигна значајно намалување на загубите на топлина и вода.

Наим Битиќи, директор на дистрибуција и проектен менаџер при „Termokos“, вели дека проектот доживеал огромен успех. „Од економско гледиште, „Termokos“ е во придобивка, бидејќи покрај намалување на губитокот во мрежата, добивме 3000 нови потрошувачи; вклучително и јавни институции како, на пример, две градинки, пет училишта, полициски станици, Централната универзитетска клиника во Косово и Косовскиот национален театар.“

„Особено сме ѝ благодарни на Европската Унија затоа што, со нејзина поддршка, сега имаме висококвалитетно греење; а учениците и наставниците можат целосно да се посветат на образованието во пријатна и топла атмосфера.“

За проектот

Проектот Рехабилитација на топлификационата мрежа во Приштина беше завршен во април 2021 година и истиот беше финансиран од ЕУ во рамки на инструментот на програмата за претпристапна помош.

Пријатна и топла атмосфера во училиште

Но, според Битиќи, подеднакво важен е фактот дека новите корисници не треба веќе да користат фосилни горива за греење. „Пред да се приклучат на топлификационата мрежа, сите јавни институции користеа нафта како греен ресурс. Покрај соочувањето со огромен финансиски трошок поради високите нафтени цени, овие институции беа извор на загадување; дотолку попроблематичен затоа што се лоцирани во градскиот центар.

„Потрошувачите поврзани на мрежата „Termokos“ веќе не користат електрична енергија за грејни цели. Ова има позитивен ефект врз економијата на домаќинствата, ја намалува побарувачката за електрична енергија и го подобрува квалитетот на воздухот,“ заклучува Битиќи.

Сега, по завршувањето на проектот, основното училиште „Naim Frashëri“ има 24-часовно греење во целото училиште; вклучително училниците, ходниците и тоалетите. Како што вели директорката: „Особено сме ѝ благодарни на Европската Унија затоа што, со нејзина поддршка, сега имаме висококвалитетно греење; а учениците и наставниците можат целосно да се посветат на образованието во пријатна и топла атмосфера.“

385,5 милиони евра од Фондот за солидарност на ЕУ за итна здравствена помош од Ковид-19

Европската комисија ја заврши исплатата на помош од EU Solidarity Fund (EUSF) на 19 земји со вкупен износ од речиси 385,5 милиони евра за справување со здравствената криза предизвикана од корона вирусот. Ова доаѓа како додаток на 132,7 милиони евра издвоени во 2020 година на земјите членки кои побараа авансно плаќање од ЕУСФ. 17 земји членки побараа поддршка од ЕУСФ, а истото го сторија и Албанија, Црна Гора и Србија како земји кандидати.

 

Албанија и Црна Гора ја добија финансиската помош на крајот на 2021 година, а за Србија со која договорот за распределба е во тек на потпишување, се очекува да биде исплатена штом договорот биде потпишан.

 

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеј изјави „Од почетокот на пандемијата ние сме покрај нашите партнери од Западен Балкан. Мило ми е што Албанија, Црна Гора и Србија успеаја да ја искористат помошта од ЕУСФ. Ова е уште еден доказ на посветеноста на ЕУ да се поддржи регионот во борбата против корона вирусот со овозможен пристап до истите механизми за поддршка како и за нашите земји членки“.

 

ЕУСФ КОВИД-19 итна здравствена помош финансира здравствена помош, обезбедување на вакцини и вакцинација, опрема за лична заштита и медицинска опрема, трошоци за здравствена нега, лабораториски анализи, заштитни мерки и следење и контрола на ширењето на болеста.

Традиционална уметност со пластични капачиња

Невладина организација од Сараево создава возбудливи уметнички дела користејќи пластични капачиња

Прекрасен килим изложен на видливо место во сараевското предградие Циглане. Има нешто различно во така наречениот „Čepoćilim“: изработен е од 25000 пластични капачиња. Неговото име, во превод, значи „килим од капачиња“, а е дизајниран и изработен како дел од проект на здружението „Green Art“; невладина од Сараево, во БиХ. Алма Храсница Дервишиќ, претседателка на здружението, објаснува дека сè започнало пред десет години кога добила идеја за креирање уметнички дела со пластични капачиња како дел од Европската недела за намалување на отпад во Сараево. „На времето, ова беше амбициозен проект за нас, бидејќи не знаевме дали луѓето ќе ја ценат иницијативата и каква повратна реакција ќе добиеме,“ вели Алма.

Почетен предизвик било собирањето пластични капачиња. Алма отворила локација за собирање капачиња и контактирала училишта, компании и други институции со цел и тие да придонесат за проектот преку собирање и достава на пластични капачиња. „На мое изненадување, одговорот беше позитивен и за кратко време успеавме да собереме значајна количина капачиња; на овој начин започна трендот „Čepoćilim““, вели Алма.

„Čepoćilim“ е совршен спој од уметност, културно наследство и екологија. Целта на проектот е подигнување свест за собирањето отпадни амбалажи и верувам дека покажавме дека постои начин за повторно употребување на отпадот и искористување на неговата вредност.“

Креирање по еден килим од пластични капачиња годишно

По успехот и честитките за првиот килим од капачиња, Алма и нејзините колеги од здружението „Green Art“ одлучиле иницијативата да ја претворат во годишна активност чија цел би била креирање на, најмалку еден, килим од пластични капачиња. За дизајнот, одлучиле да продолжат со мотивите на традиционалниот босански килим, затоа што иницијативата би била, истовремено, уметничка и туристичка атракција; придонесувајќи за промоција на културното наследство.

„„Čepoćilim“ е совршен спој од уметност, културно наследство и екологија. Целта на проектот е подигнување свест за собирањето отпадни амбалажи и верувам дека покажавме дека постои начин за повторно употребување на отпадот и искористување на неговата вредност,“ вели Алма.

Преку инволвирањето млади луѓе, Алма верува дека успеале да ја подигнат свеста меѓу групи кои можат да придонесат за идната еколошка заштита преку намалување и управување со отпадот.

Неодамна, здружението „Green Art“ доби поддршка од програмата „ReLOaD“ (Регионална програма за локална демократија), финансирана од ЕУ. Програмата им помогна во последниот проект кој вклучува дизајнирање и изработка клупи од пластични капачиња, со визуелен дизајн инспириран од босанските килими. Во рамките на оваа активност, инволвираа деца од основното училиште „Vladislav Skarić“, училиштето „Mjedenica“ за деца со потешкотии во учењето, како и домот за деца без родители „Bjelave“. Како дел од проектот, спроведоа 30 еколошко-уметнички работилници за претворање на отпадот во еко-уметност. Во овие работилници, употребуваа материјали како пластични капачиња и лименки. Во завршниот проект, употребија околу 15000 пластични капачиња за изработка на клупите.

„Благодарение на овој проект, имавме можност да инволвираме повеќе деца и млади во нашата активност и, на тој начин, да ја подигнеме нивната свест за еколошките прашања; па, затоа, сме особено благодарни на програмата „ReLOaD“ на ЕУ.“

За програмата

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан („ReLOaD“) е основана од ЕУ, а имплементирана од Програмата за обединет национален развој. Програмата „ReLOaD“, моментално, е во својата втора фаза која ќе трае до 2024 година.

Проектот овозможи креирање средина во која децата и младите можат да развијат културни иницијативи, со еколошки карактер; истовремено овозможувајќи им на учесниците да се социјализираат преку уметнички активности. „Благодарение на овој проект, имавме можност да инволвираме повеќе деца и млади во нашата активност и, на тој начин, да ја подигнеме нивната свест за еколошките прашања; па, затоа, сме особено благодарни на програмата „ReLOaD“ на ЕУ,“ вели Алма.

Клупата од капачиња сега е изложена во центарот на Сараево, на улицата „Gimnazijska“; опколена од основни и средни училишта. За Алма, ова е голема гордост и сите деца кои помогнаа во изработката, како и нивните соученици, можат секој ден да ја гледаат и да се потсетат на важноста на намалување на отпадот и доброто управување со истиот.

Започнува Европската година на младите

ЕУ неодамна ја прогласи 2022 година како Европска година на младите. Активностите што ќе се организираат во рамките на оваа година вклучуваат конференции, иницијативи за промовирање на младинското учество во креирањето на политики, кампањи за подигнување на свеста за поинклузивна, зелена и дигитална ЕУ и студии и истражувања за состојбите во кои се наоѓаат младите. Европската година на младите оди рака под рака со NextGenerationEU, која повторно ги отвора перспективите за младите, вклучувајќи квалитетни работни места и можности за образование и обуки за Европа од иднината, и го поддржува младинското учеството во општеството.

 

Годината на младите ќе бара синергии и надополнување со другите програми на ЕУ насочени кон младите низ политичкиот спектар – од програми за рурален развој со фокус на млади земјоделци до програми за истражување и иновации, од кохезија до акции за климатски промени, вклучително и програми на ЕУ со меѓународен опфат или транснационална природа.

 

Покрај Еразмус+ (Erasmus+) и Европскиот корпус за солидарност (European Solidarity Corps) со буџети за тековниот финансиски период од 28 милијарди и 1 милијарда евра, соодветно, Младинската гаранција на ЕУ (Youth Guarantee) и Иницијативата за вработување на млади (Youth Employment Initiative) создаваат повеќе можности за младите луѓе. Во меѓувреме, во 2022 година започнува новата програма наречена АЛМА (ALMA) за поддршка на прекугранична професионална мобилност на младите луѓе во загрозена состојба.

 

Целата програма на активности и повеќе информации ќе бидат достапни на Младинскиот портал (Youth Portal). Активностите ќе покријат теми кои најмногу ги засегаат младите според приоритетите што  се потенцирани во Младинските цели, како што се еднаквост и инклузија, одржливост, ментално здравје и благосостојба и квалитетно вработување. Со нив ќе се опфатат и младите надвор од границите на ЕУ.

Споделување тајни локални прошетки со светот

ЕУ поддржува авантури на отворено преку физичко и дигитално маркирање на планински патеки. Планинскиот регион Пеќ, во западно Косово, се фокусира на надминување на масовниот туризам, нудејќи персонализирани искуства кои ги мешаат локалните традиции и грубиот терен. Туристичкиот потенцијал на регионот бил забележан години наназад преку инвестиции во инфраструктурата и човечкиот капитал. Денес, тука посетителите го поминуваат своето време пешачејќи, планинарејќи и возејќи велосипед. Љубителите на природа избираат да поминат време во Албанските Алпи чие име, во локалните јазици, се преведува како „Проколетие“ – планински венец кој се протега меѓу Косово, Црна Гора и Албанија. Група ентузијасти, од кои дел, ваквата активност ја претворија во извор на егзистенција; се горди да ги споделат своите „богатства“ со остатокот од светот и сега го жнеат успехот на својата работа.

„Овој проект е, несомнено, најуспешната интервенција имплементирана на овие планински венци во последните 20 години.“

Онаму каде што оделе само овчарите Локалното планинарско здружение, „Ѓеравица“, нашло партнер во прекуграничниот проект меѓу Косово и Црна Гора, финансиран од ЕУ, кој инвестира во маркирање на постоечки и нови патеки за планинарење и велосипедизам. „Овој проект е, несомнено, најуспешната интервенција имплементирана на овие планински венци во последните 20 години,“ вели Раиф Ѓиколи од „Ѓеравица“. Здружението било вклучено во сите фази на проектот; како при советувањето за предложените патеки, така и за нивното маркирање. “Со гордост ги избираме најдобрите патеки по кои оделе само локалците; една од нив е и патеката од центарот на градот, каде што надморската височина изнесува 550 метри, преку пасиштата и овчарските трла во планинските венци на надморска височина од 1800 метри,“ вели Ѓиколи, потврдувајќи дека маркирањето е во согласност со меѓународните стандарди. Патеките минуваат низ живописни делови ширум заштитени предели во Косово и Црна Гора. Љубителите на надворешни активности можат да ги поминат своите денови преминувајќи ги границите и пресекувајќи ги добро познатите регионални планински патики како што се „Балкански врвови“ или „Вија Динарица“.

„Маркирањето на патеките, како и придружните активности, се во согласност со плановите и стратегиите за локален развој и развој на туризмот во регионот.“

За проектот Проектот „Проклетие – исклучителна дестинација на отворено“ беше создаден со цел зајакнување на прекуграничниот простор помеѓу Косово и Црна Гора како дестинација на отворено. Била маркирана мрежа од приближно 334 км планинарски и велосипедски патеки помеѓу Косово и Црна Гора. Целокупниот граничен простор е опремен со места за почивка, видиковци и вело-паркинг. Овој проект, финансиран од ЕУ, ќе поттикне економски развој и ќе создаде нови можности за вработување. Информации собрани на едно место Маркираните патеки се протегаат преку граници, но, истовремено, го следат и природниот тек на планинските венци; водејќи ги посетителите ширум воодушевувачките глетки на Проклетие. Организациите за имплементација добиле позитивен одговор од туристичките водичи кои работат во регионот каде што биле спроведени стотици маркирања ширум 334 км планинарски и велосипедски патеки. Сокол Лута од Агенцијата за регионален развој – „Запад“ (West), партнер за имплементација од косовската страна, објаснува дека со помош на ЕУ биле поставени 25 информациски паноа, биле идентификувани извори на вода, а сега знаци го обележуваат патот до панорамските глетки. „Маркирањето на патеките, како и придружните активности, се во согласност со плановите и стратегиите за локален развој и развој на туризмот во регионот,“ вели Лута. Додава дека имало одлична соработка меѓу чинителите од двете страни на границата со цел подобрување на квалитетот на туристичката понуда за Проклетие, зголемување на видливоста и, најнакрај, претставување на прекуграничниот простор како единствена и атрактивна надворешна дестинација. Како за пример, организациите за имплементирање ги собрале на едно место – во форма на веб-страница и телефонска апликација, сите понуди за сместување, гастрономија и останати туристички услуги. Освен дигитализираните мапи за патеките, посетителите имаат можност да изберат и организирани тури или самостојно да го истражат регионот.

Составување на албанското културно наследство

Фонд на ЕУ овозможува реставрација на мозаикот на Националниот историски музеј, оштетен во земјотресот од 2019 година.

Ниту една посета на Тирана не е целосна без фотографија од големиот мозаик кој ја прекрива главната фасада на Националниот историски музеј. Заземајќи централно место во спектарот значајни зданија на главниот плоштад во престолнината; мозаикот е конципиран во раните 1980-ти и е насловен „Албанија“, отсликувајќи ги луѓето кои живееле во државата во текот на различни времиња.

Мозаикот бил сведок на бројни историски настани кои се случиле на плоштадот Скендер Бег, но претрпе штети во земјотресот од 2019 година. Се работи за најсилниот земјотрес кој ја погодил државата во последните педесет години; одземајќи бројни животи и предизвикувајќи сериозни штети ширум централна Албанија, вклучително и 53 локалитети на културно наследство.

„Постоеле само неколку интервенции од неговата инаугурација пред неколку децении; на пример, отстранување на ѕвезда – симбол на комунизмот, од мозаикот.“

Инженери од ЕУ придонесуваат за возобновување

Во очите на градежната инженерка, Даниела Корточи, која работи на реставрација на мозаикот, една фигура се истакнува меѓу сите други на мозаикот „Албанија“: жена со пушка во раката.

„Жената, во традиционална облека, стои, меѓу двајца мажи, во центарот на мозаикот; симболизирајќи ја силната албанска жена во времето на комунизмот, но, исто така, претставувајќи ја и пријателската страна отсликана во отворената лева рака која означува гостопримливост,“ објаснува младата инженерка која е дел од пост-земјотресната реставрација. „Постоеле само неколку интервенции од неговата инаугурација пред неколку децении; на пример, отстранување на ѕвезда – симбол на комунизмот, од мозаикот,“ раскажува Корточи; објаснувајќи како реставрацијата вклучува заедничка експертиза помеѓу Албанија и ЕУ, вклучувајќи ги и оригиналните креатори на делото.

Корточи работи со тим експерти кои избрале 27 локалитети на културно наследство соодветни за интервенција како дел од најголемиот културен проект, финансиран од ЕУ, досега имплементиран во државата. Експертизата на ЕУ додава дополнителна вредност при преносот на знаења на новата генерација студенти за локално културно наследство. Тие работат рамо до рамо на оштетени ѕидини од замок, стари пристанишни тврдини, музејски згради и мостови. Во обид да се заштитат вештини на кои им претстои опасност од исчезнување, работата на замоци или мостови вклучува традиционално ѕидарство со употреба на локален камен. Крајната цел е оживување на избраните локалитети за зголемување на туристичкиот потенцијал; директно придонесувајќи за општествено-економско закрепнување на Албанија.

„За нас, жените инженери, мисија е да се биде во доменот на градежништвото. Чувствуваме потреба да бидеме пример за некое петгодишно девојче кое сега црта куќа со сонце во аголот на хартијата.“

За проектот

Во рамки на една од најголемите програми за културно наследство, вредна 40 милиони евра, ЕУ работи во Албанија со цел поддршка на реставрација на локалитети и споменици погодени од земјотресот во 2019 година. Програмата цели кон придонесување за општествено-економско закрепнување на Албанија преку повторна изградба на културното наследство во државата и реставрирање на нејзиниот потенција за туризам, како и поддржување на локалните заедници. Програмата е дотолку поважна поради ефектите на пандемијата КОВИД-19 која имаше негативно влијание врз туристичкиот сектор во Албанија.

Европа е таму каде што сакаме да бидеме

Економската трансформација на Албанија започна кога демократијата стави крај на долгогодишниот комунизам во 1990-тите. Корточи припаѓа на втората генерација која придонесува во држава со аспирации за членство во ЕУ. Покрај нејзиниот професионален ангажман како инженерка, таа им се приклучи и на Младите европски амбасадори; креативна мрежа на идни носители на промени ширум Западен Балкан.

„Се сеќавам како, додека растев, честопати ја слушав изјавата дека „Сакаме Албанија да биде како остатокот на Европа“, подразбирајќи ги, притоа, развиените држави членки на ЕУ. Токму затоа сакав да научам за Унијата и да ги споделам нејзините вредности со моите врсници, гледајќи на нив како наша заедничка иднина,“ вели Корточи. Меѓу овие европски вредности се и вреднувањето на обилното културно наследство во Албанија.

Дополнителна важна улога во која Корточи се гледа себеси е лидерството со давање пример за идните генерации; особено за девојчињата. Иако жените претставуваат помалку од 1% од работната сила во градежниот сектор, таа вели: „Можам да работам и да бидам признаена за мојот професионализам подеднакво како и мажите. За нас, жените инженери, мисија е да се биде во доменот на градежништвото. Чувствуваме потреба да бидеме пример за некое петгодишно девојче кое сега црта куќа со сонце во аголот на хартијата.“

Како што жената на мозаикот е претставена како борец, повикувајќи ги другите да ѝ се придружат; реставрацијата на овие споменици не е само заради зачувување на минатото или сегашноста, туку ќе им служи на идните млади генерации да знаат од каде доаѓаат.