Автор: WeBalkans
Индекс за безбедност на новинарите: Црна Гора е трета во регионот
Црна Гора се најде на третата позиција на Индексот за безбедност на новинарите, со резултат од 3,40; по Северна Македонија (3,95) и Хрватска (3,73). Споредено со минатата година, Црна Гора е на пониска позиција (со пад од 3,59 на 3,40); главно, заради рекордниот број напади врз новинари. Ова беше објаснето на презентација на Индексот за безбедност на новинарите во Црна Гора за 2021 година, која се одржа во „Europe House“ како дел од панел-дискусијата „Улогата на независните медиуми во демократското општество“, организирана од амбасадата на Република Чешка во Подгорица.
Индексот за безбедност на новинарите во Западен Балкан е механизам кој врши мерење и мониторинг на промените во општествените и политички средни кои имаат директно или индиректно влијание врз безбедноста на новинарите и медиумските професионалци додека ја вршат својата професија; истиот се состои од четири различни единици кои се однесуваат на севкупната состојба на новинарската безбедност. Црна Гора доби најлоши оценки во категоријата Реална безбедност, забележувајќи најголем пад од 3,58 на 3,20 за 2021 година. За ваквата ситуација најмногу придонесе рекордниот број напади, закани и притисоци врз новинарите.
ЕУ во Косово овозможува помош за борба против корупција, поддржувајќи ги напорите за јавни информации на Анти-корупциската агенција
Балканската истражувачка репортерска мрежа обучува 30 новинари за известување за ангажирање на публиката
Пакет енергетска поддршка, вреден 1 милијарда евра, за Западен Балкан
На 6. декември 2022 година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го презентираше Пакетот енергетска поддршка за Западен Балкан, на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана. Пакетот изнесува 1 милијарда евра помош за Западен Балкан, во форма на грантови, со цел справување со директните последици од енергетската криза и градење отпорност на краток и среден рок.
Првата половина од пакетот изнесува 500 милиони евра буџетска поддршка за ублажување на економското и општествено влијание врз ранливите домаќинства и мали и средни претпријатија, како и поддршка за енергетска транзиција и безбедност на регионот. 90 % од фондовите ќе бидат исплатени во јануари 2023 година, додека, пак, остатокот ќе биде исплатен подоцна или при крајот на 2024 година; по успешната имплементација на национални акциски планови, за справување со енергетската криза, од шесте партнери во Западен Балкан.
Втората половина од пакетот изнесува 500 милиони евра наменети за унапредување на енергетската диверзификација, генерирање обновлива енергија, како и електрично и гасоводно поврзување преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Пакетот опфаќа доделување 100 милиони евра за надополнување на Регионалната програма за енергетска ефикасност, дополнителни 170 милиони евра грантови на ЕУ за мешање на јавниот и приватниот сектор, и до 230 милиони евра финансии на ЕУ за шесте гарантни шеми за поддршка на енергетскиот сектор. Поголемиот дел од овој пакет за финансирање веќе беше одобрен од Оперативниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан на 5. декември 2022 година во Брисел.
ЕУ инвестира 91 милиони евра во железници во Косово за подобрување на поврзаноста со Европа
Амбасадорот на ЕУ во Косово, Томас Суњог, и косовскиот премиер, Албин Курти, го одбележаа, денес, во Косово Поле, отпочнувањето на кофинансираните работи, од ЕУ, за обнова и надоградба на 34 метарска железничка линија помеѓу Косово Поле и Митровица.
Целосната вредност на работите кои треба да се извршат во текот на следните 15 месеци изнесува 68 милиони евра; од кои ЕУ обезбедува 27 милиони евра, преку Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, додека, пак, преостанатата сума од 41 милион евра ја обезбедуваат Европската банка за реконструкција и развој и Европската инвестициска банка. „Сега започнуваме со обнова и надоградување на втората секција од регионалниот Железнички пат 10 во Косово кој е дел од Транс-европската транспортна мрежа и го поврзува Косово со регионот и остатокот од Европа,“ изјави Суњог.
Железничкиот пат 10 кој се протега низ Северна Македонија, Косово и Србија е долг 256 километри од кои 148 поминуваат низ Косово. Надоградбата на првата секција од границата со Северна Македонија до Косово Поле, долга 66 километри, започна во август 2019 година и треба да биде завршена до крајот на 2023 година; додека, пак, подготовките за третата секција, од Митровица, па натаму, се во тек.
Железничкиот пат 10 беше во општа лоша состојба; со сериозни структурни пречки кои ја ограничуваа брзината на железничкиот сообраќај на 60 километри на час. Неговата обнова е првата значајна инвестиција во железничкиот сектор во Косово и вклучува замена на застарените прекинувачи, шини и прагови и реновирање на тунели и мостови.
Комисијата објавува нов извештај за култура за одржлив развој во акциите на ЕУ
ЕУ: Кандидатски статус – порака на шефот на Делегацијата на ЕУ во БиХ и специјален претставник во БиХ; амбасадорот Јохан Сатлер
Драги граѓани на Босна и Херцеговина!
Среќен сум што ја споделувам, со вас, радоста дека БиХ доби кандидатски статус за членство во ЕУ!
„Обединети во различностите“ е водечки принцип и основна вредност на ЕУ. БиХ и остатокот од ЕУ почиваат на истата основа – принципот „обединети во различностите“ е наша заедничка вредност, сила и богатство.
Оваа држава изобилува со енергија и талент. Каде и да одите, тука ќе најдете културно наследство и природна убавина, достигнувања во доменот на уметноста и спортот, иновации и традиција; а, што е најважно, непоколеблив дух.
Кандидатскиот статус е нашиот знак дека веруваме во оваа држава и дека ги споделуваме вашите надежи за подобра иднина. Подобра заштита на човековите права, поголема доверба, ефективна борба против корупција, функционални државни институции, појака економија, подобра здравствена грижа и образование.
Ова е охрабрување за сите граѓани кои знаат дека патот кон ЕУ е пат кон подобра Босна и Херцеговина. Но, исто така, е и порака за политичките лидери да свртат нова страна и да ги имплементираат неопходните реформи кои ќе им донесат добро на граѓаните и ќе ја доближат БиХ до ЕУ.
Знаеме дека претстојат многу предизвици, но новиот политички импулс е тука. Да го искористиме!
Веруваме во оваа држава. Држава која отсекогаш била во срцето на Европа!
Победничко „шише број 4“
Горан Радевиќ е доктор по медицина со работно искуство на четири континенти. Ја напуштил татковината – Црна Гора, на рана возраст и преку 27 години работел во држави како Кајманските Острови, Кина, Оман, Јужна Африка и САД.
Горан отсекогаш имал замисла дека еден ден ќе се врати во татковината и ќе изгради винарница. Правењето вино е традиција во семејството на Горан, а неговата љубов кон правењето вино започнала уште пред да наполни пет години. Неговиот дедо, од таткова страна, поседувал лозје и бил експерт за правење вино. „Научив да калемам лозје пред да научам да читам и пишувам,“ вели Горан.
Но, да се започне со сопствено лозје не било така лесно и била потребна значајна инвестиција. Меѓутоа, како што минувале годините, помислата станала опсесија и, заедно со семејството, Горан одлучил да се врати во Црна Гора и да ја започне својата компанија од соништата. Финансиската инвестиција и пасијата биле присутни, но не бил лесен подвиг за Горан и неговата сопруга.
„Имавме бројни предизвици: првите шишиња беа произведени во гаража и без експертска помош.“
Првите лозја ги засадиле во 2007 година, а до 2009 година ја имале првата берба со која дошло и првото шише вино. „Имавме бројни предизвици: првите шишиња беа произведени во гаража и без експертска помош,“ вели Горан. Сепак, зачудувачки, вкусот бил одличен и виното било кандидат за успех. Таа година, Горан успеал да испрати примероци од неговото почетно вино на натпревар за дегустација на вина во познат ресторан во Менхетен. Имало седум натпреварувачи, а нивниот натпреварувачки број бил бројот четири, се сеќава Горан. „Сите пет члена во жирито, сопственици на познати ресторани, му дале најдобри оценки на виното. Претпоставувам дека беше почетничка среќа,“ се смее Горан.
Веднаш потоа, започнале да го извезуваат своето вино во САД; но се соочиле со неколку проблеми. Одреден број елементи – од квалитетот на етикетата, до квалитетот на капачето на шишето, не биле во согласност со меѓународните барања за стандард, така што сфатиле дека мораат да посветат внимание на овие проблеми. Сопругата на Горан, Американка по потекло, го презела маркетингот на компанијата. Започнале да употребуваат висококвалитетни капачиња од Франција и хартија за етикети од Германија. Наскоро, успехот бил на повидок затоа што компанијата започнала да извезува во Германија, Скандинавија, Швајцарија, па дури и Јапонија.
Како што пазарот растел, во 2011 година, Горан и неговата сопруга одлучиле да ангажираат професионални консултанти за да обезбедат одржлив раст на нивниот бизнис. Вработиле агроном и висококвалитетен технолог со долгогодишна државна и меѓународна експертиза. И двајцата им помогнале да ја претворат винарницата во меѓународен бренд.
„Благодарение на поддршката од ЕУ, планираните пари за неопходните инвестиции можев да ги употребам во други делови на нашите деловни операции.“
За проектот
Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), како дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), дизајниран за поддршка на реформи во државите-кандидати за членство во ЕУ; се фокусира на земјоделско-прехранбените сектори во руралните подрачја на овие земји. Преку оваа алатка, ЕУ овозможува финансиска и техничка помош за корисниците со цел постигнување одржливост во нивниот земјоделски сектор и рурални подрачја; усогласувајќи ги, истовремено, со заедничката земјоделска политика на ЕУ.
На патот на винарницата кон успехот, добиле и поддршка од ЕУ. Во 2018 година, аплицирале за програмата Инструмент за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), финансирана од ЕУ, во чии рамки добиле поддршка за набавка на машини како виљушкар, трактор, вибро-култиватор, лозарски плуг и тракторска фреза. Со забавувањето на бизнисот за време на пандемијата, поддршката дошла во вистинско време. „Благодарение на поддршката од ЕУ, планираните пари за неопходните инвестиции можев да ги употребам во други делови на нашите деловни операции,“ вели Горан.
Горан има четири деца од кои, најмладиот син, Лука, студира винска технологија на земјоделскиот факултет во Белград. „Дваесет и седум години сонував за оваа винарница и напорно работев за да заштедам средства за да ја отворам. Мојот син ќе го наследи ова и ќе ја продолжи традицијата. Тоа ме прави среќен и исполнет,“ вели Горан.
Регионалната програма за домување доделува клучеви од 44 ново изградени станови во Суботица, Србија
Клучевите од 44 ново изградени станови, во рамки на Регионалната програма за домување, им беа доделени на семејства бегалци во Суботица, Србија. До денес, во склоп на Регионалната програма за домување, доделени се повеќе од 6800 домови на корисници ширум Србија, една од четирите партнерски-држави на програмата.
Покрај корисниците, на церемонијата за доделување клучеви присуствуваа и Наташа Станисављевиќ, комесарка за бегалци и миграција во Република Србија; Стеван Бакиќ, градоначалник на Суботица; Емануеле Џауфрет, амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ во Р. Србија; Кристијан Ебнер, амбасадор на Австрија во Србија; Даниел Мосени, втор секретар во амбасадата на Германија во Србија; Ивана Јелиќ, помошник-службеник за трајни решенија при Високиот комесар за бегалци на ОН во Србија, и Душан Ковачевиќ, шеф на Одделението за имплементација на проекти од јавниот сектор ДОО.
Во име на ЕУ – главниот донатор на програмата – Емануеле Џауфрет им честита на семејствата за новите домови и се осврна на улогата на ЕУ и нејзините партнери во обезбедувањето домови за бројни семејства бегалци. „Ми претставува огромно задоволство да им ги предадам клучевите на 44 семејства кои на овој начин ќе започнат нов живот,“ изјави тој. Овие семејства многу страдаа за време на војните во 1990-тите во Југославија и сега, најнакрај, им претстои нова иднина и подобар живот.“









