Автор: WeBalkans
Регионалниот совет за соработка е домаќин на вториот форум за бизнис и иновации „Butterfly“ во Сараево
Вториот форум за бизнис и иновации „Butterfly“ се одржа од 6. до 7. декември во Сараево. Негов домаќин беше Регионалниот совет за соработка, во партнерство со проектот „EU4DigitalSME“ – Иновација и дигитализација на мали и средни претпријатија во БиХ, имплементиран од „ГИЗ“ и Европската мрежа на претпријатија.
Овогодинешниот форум се фокусираше на промовирање одржливи модели за академска и деловна соработка, моќта на центрите за дигитална иновација, старт-апови, партнерства со високообразовни институции и исклучителни иновациски иницијативи кои ја разбрануваа Југоисточна Европа. Мотивирачки говорници ги споделија своите преобразувачки искуства во согласност со мотото „Замисли. Иновирај. Креирај…“
Форумот обедини импресивна група иновативни практикувачи кои споделија научени лекции за развивање иновативни еко-системи и академско-деловна соработка. Оваа активност е дел од Акцискиот план за заеднички регионален пазар и е кофинансирана од ЕУ.
Преку 200 компании во Северна Македонија ја подобруваат конкурентноста со поддршка од ЕУ и Европската банка за реконструкција и развој
ЕУ, Европската банка за реконструкција и развој и билатерални донатори на Инвестициската рамка за Западен Балкан финансираат развој на широкопојасен интернет во рурална Србија
Поддршката на ЕУ за проектот Рурален развој на широкопојасен интернет започна во 2020 година, овозможувајќи ѝ на Србија да ја прошири својата оптичка мрежа до 300000 домаќинства и 1500 училишта/државни институции во 1800 оддалечени населби во руралните подрачја, без пристап до широкопојасна мрежа.
Инвестициите, кои треба да се имплементираат во две фази, ќе создадат нови економски можности и вештини за локалното население во помалку развиените региони преку зголемен пристап до поврзаност и обуки, како и унапредување на ангажманите за конкурентно-засновани политики во телекомуникацискиот сектор.
Првата фаза од проектот е во напредок и веќе резултираше со проширена широкопојасна мрежа во руралните подрачја на Србија. Во декември 2022 година, се започна со работа за поврзување на локално училиште во Шумадија (Централна Србија); во присуство на премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, и министерот за информации и телекомуникации, Михајло Јовановиќ, како и амбасадорот на ЕУ во Србија, Емануеле Џауфрет, и Матео Коланџели, директор на Европската банка за реконструкција и развој за Западен Балкан.
Инвестицијата е поддржана со инвестициски грант од 34 милиони евра од ЕУ, заем од 118 милиони евра од Европската банка за реконструкција и развој и грант за техничка помош, во висина од 1,7 милиони евра, од билатерални донатори на Инвестициската рамка за Западен Балкан.
Избрани првите добитници на грантови за мобилност во рамки на „Culture Moves Europe“
Вечни ривали обединети против насилство
Обединети против насилството врз жени – ова е слоганот на овогодинешната глобална кампања за шеснаесетдневен активизам – „Обој го светот портокалово“. Портокаловата боја ги обедини кошаркарите на Црвена ѕвезда и Партизан, кои месецов, за првпат, се соочија на дерби во најдобриот европски кошаркарски натпревар – Евролигата. Капитените на двата белградски тимови снимија заедничка видео порака: „Насилството врз жени мора да запре. Наша должност е да ги заштитиме сите жени: мајки, сестри, сопруги, пријателки… Веднаш пријавете насилство – не постојат изговори! Да им помогнеме на оние кои претрпуваат насилство. Насилникот е кукавица – да бидеме храбри. Да ги заштитиме жртвите.“ На играчите им се придружи српскиот национален тренер – Светислав Пешиќ, како и тренерот на Партизан – Жељко Обрадовиќ.
Секоја трета жена, како во ЕУ, така и во светот, искусила физичко, сексуално, социо-економско и/или вербално насилство најмалку еднаш во животот. Родово заснована дискриминација, сексуално вознемирување и родово засновано насилство се проблеми поврзани со основните човекови права. Годинава, Делегацијата на ЕУ во Србија се придружува на глобалната кампања од шеснаесетдневен активизам против родово засновано насилство преку промовирање еманципирани жени и преку соработка со широката заедница против физичко, вербално и социо-економско насилство.
За време на оваа глобална кампања, Делегацијата на ЕУ во Србија склучи партнерства со познати личности од сферата на модата, уметноста, спортот, литературата и кинематографијата во Србија.
Објавени добитниците на награди на онлајн игра за човекови права во Црна Гора
По деветдневно натпреварување и започнати 6624 игри, објавени се победниците на онлајн играта „Човековите права во твоја дланка“. Емро Фератовиќ од Плав, Маша Стојановиќ од Цетиње и Матеј Стијовиќ од Беране освоија пакет луксузен промотивен материјал од ЕУ.
Онлајн играта, организирана по повод Меѓународниот ден на човекови права, во соработка со компанијата „Alicorn“, траеше од 1. до 9. декември. Според коментарите, играчите навистина уживале во играта. Секој со освоени 50 или повеќе поени, од вкупно 81, бил квалификуван за награда – пакет луксузни промотивни материјали, потпишани од домашни модни дизајнери и дизајнери на накит. Трите победници беа избрани, по случаен избор, од податочната база на квалификувани натпреварувачи.
Меѓународниот ден на човекови права се одбележува на 10. декември во чест на денот кога била усвоена Универзалната декларација на човекови права; признавајќи го, за првпат во историјата, правото, на сите луѓе, за живот, слобода и безбедност.
Проект, во соработка помеѓу ЕУ и Германија, придонесува за развивање на систем за управување со отпад во регионот на Приштина
На 12. декември, како дел од проект, финансиран од ЕУ и Германија, за развивање на заеднички систем за управување со отпад во регионот на Приштина; градоначалниците на Косово Поле, Глоговац, Грачаница, Обилиќ, Подујево и Приштина потпишаа меморандум за разбирање со цел отпочнување на нивната соработка.
Во согласност со релевантните директиви на ЕУ и законите во Косово, општините ќе работат со цел развивање Меѓуопштински план за управување со отпад и Меѓуопштинска спогодба за соработка за заедничка работа во секторот за управување со отпад. Имплементацијата на Меѓуопштинскиот план за управување со отпад ќе биде следниот чекор во поставувањето интегриран систем за управување со отпад; започнат со финансирање, од ЕУ и Германија, во вредност од 35 милиони евра, за конструкција, проширување и санација на депонии и претоварни станици за цврст отпад во регионот.
Со цел поддржување реформи во секторот за управување со отпад, и во соработка со владата на Германија; ЕУ финансира проекти, со 19 милиони евра, имплементирани од „ГИЗ“, за развивање соодветни политики и закони за управување со отпад, спогодби за планирање и соработка за интегрирано меѓуопштинско управување со отпад, градење капацитети на централно и локално ниво, воведување циркуларна економија и имплементација на проекти за приоритетно инвестирање.
ЕУ отпочнува проект, вреден 10 милиони евра, за зајакнување на здравството во БиХ
ЕУ ги зајакнува капацитетите на Агенцијата за медицински производи и уреди на БиХ со донација од информатичка опрема
Како дел од континуираната поддршка на ЕУ за здравството во БиХ, канцеларијата на ЕУ во БиХ ѝ врачи информатичка опрема, во вредност од околу 20000 евра, на Агенцијата за медицински производи и уреди на БиХ. За секојдневната работа на агенцијата, ЕУ обезбеди пет компјутери, 11 големи монитори, два мулти-функционални ласерски печатачи и девет преносни компјутери. Оваа опрема ќе ги зајакне капацитетите на агенцијата која е одговорна за обезбедување високо квалитетни и безбедни медицински производи и уреди за човечка употреба, како и за обезбедување функционален систем за регулација на медицински производи во согласност со меѓународните стандарди.
Донираната опрема не само што ќе овозможи подобар увид во дијаграми, сложени лабораториски анализи и голем волумен на податоци, туку и поголема мобилност на вработените и деловен континуитет во итни случаи.
За време на пандемијата, ЕУ беше најголемиот донатор и обезбедувач на поддршка за БиХ, обезбедувајќи преку 20 милиони евра за набавка на високо квалитетна медицинска опрема, вакцини и ладилници за складирање вакцини. ЕУ обезбеди и преку 75 милиони евра за закрепнување по пандемијата.









