Skip to main content

Автор: WeBalkans

БиХ потпишува спогодба за финансирање, вредна 70 милиони евра, во рамки на Пакетот за енергетска поддршка на ЕУ

На церемонија во Сараево, која се одржа на 4. април, претседателката на Советот министри на БиХ, Борјана Кришто, му ја предаде потпишаната финансиска спогодба, во рамки на Пакетот за енергетска поддршка, на претседателот на Делегацијата на ЕУ и посебен претставник на ЕУ во БиХ, амбасадорот Јохан Сатлер. Европската комисија наскоро ќе ја додели првата рата (90 %), од пакетот вреден 70 милиони евра, која ќе обезбеди помош за најранливите домаќинства во БиХ за справување со растечките цени, како и поддршка за енергетска транзиција.

 

Спогодбата за финансирање ќе биде испратена до Европската комисија со извештај кој ќе образложи како ќе биде имплементиран Акцискиот план за Пакетот за енергетска поддршка; одобрен од Советот министри на БиХ на 22. декември 2022 година. Извештајот ги опишува методологиите и критериумите врз чија основа ќе бидат поделени средствата од страна на релевантните авторитети во БиХ; како и очекуваниот број корисници и временската рамка за имплементација. Од доделените 70 милиони евра непосредна помош за БиХ, 50 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на ранливи семејства, а 20 милиони евра за поддршка на напорите за енергетска ефикасност.

 

Авторитетите во Федерацијата на БиХ; Република Српска и Областа Брчко, ќе работат на наменување на средствата преку релевантните министерства, субјектите за животна заштита и административните единици во Областа Брчко.

 

Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан беше објавен на крајот од октомври, минатата година, од страна на претседателката на Европската комисија; Урсула фон дер Лајен, на почетокот од нејзината посета на регионот. Целосниот пакет е во вредност од една милијарда евра, во форма на грантови; со 500 милиони евра доделени како итна непосредна помош за регионот. Дополнителни 500 милиони евра се доделени, во форма на грантови, како поддршка на среден и долг рок за инвестиции кои ќе ја поддржат енергетската ефикасност и енергетската независност; и тоа преку подобрување на гасоводната и електричната инфраструктура, вклучително и интерконектори со природен течен гас.

СЕ ГРИЖИМЕ – ЗАЕДНО ПОДОБРО!

„Се грижиме за Европа, се грижиме за Србија и нејзините граѓани – подобро е кога сме заедно,“ е главната порака на кампањата во која учествуваат амбасадорите на ЕУ во Србија, заедно со амбасадорите на државите-членки.

 

На отпочнувањето на кампањата, амбасадорот Џауфрет и неговите колеги ги пречекаа претставниците на медиумите во резиденцијата на ЕУ во Белград. На настанот присуствуваше и министерката за европски интеграции, Тања Мишчевиќ, во дух на партнерството помеѓу Србија и ЕУ, како доказ за продолжувањето на патот кон европска интеграција на Србија.

 

Амбасадорот Џауфрет ја објасни мотивацијата за отпочнување на кампањата.

 

„Зошто ја отпочнуваме оваа кампања? Честопати, нè гледате во медиумите како дискутираме за политички прашања; како, на пример, дијалогот помеѓу Белград и Приштина или хармонизирање со надворешната политика. Се работи за важни теми, но, понекогаш, не објаснуваме зошто инвестираме толку енергија и ресурси. Одговорот се наоѓа во слоганот на кампањата: Се грижиме за Европа, се грижиме за Србија и нејзините граѓани – подобро е кога сме заедно,“ изјави амбасадорот Џауфрет.

 

Амбасадорите изјавија дека со оваа кампања сакаат да потенцираат дека се грижат за граѓаните на Србија, како и за истите работи кои ги засегаат – успешно земјоделство, зајакнување на компаниите, животна средина, обезбедување подобар квалитет на воздухот, патна инфраструктура и поврзаност, енергетска ефикасност и поддршка за надминување на енергетската криза, културно наследство, владеење на правото, образование и бројни други теми.

Непосредната финансиска помош на ЕУ за Косово надминува 1,3 милијарда евра

На 24. март, во Приштина, амбасадорот на ЕУ во Косово, Томас Суњог, ја претстави пред заменик премиерот, Бесник Бислими, шеснаесеттата последователна годишна финансиска спогодба помеѓу ЕУ и Косово во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Спогодбата, вредна 62 милиони евра, е дел од ИПА III за периодот 2021 – 2027 година, и го подигнува целосниот износ директна финансиска помош од ЕУ на над 1,3 милијарда евра, потврдувајќи дека ЕУ и нејзините земји-членки се главните финансиски донатори на Косово.

 

Ова е вториот договор за финансиска помош помеѓу ЕУ и Косово годинава; минатиот месец, ЕУ обезбеди 75 милиони евра за Косово во рамки на Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан; со цел помош за подобро справување на граѓаните и бизнисите со зголемените енергетски цени, стимулирање штедење енергија и подобрување на енергетската ефикасност.

 

Спогодбата за финансирање, потпишана денес од заменик премиерот Бислими ќе му помогне на Косово да ја подобри социо-економската интеграција на немнозинските заедници и повратниците, овозможувајќи развој на инфраструктурата за управување со отпад и отпадни води, вклучително и канализацискиот систем во главниот град Приштина, подобрување на енергетската ефикасност во јавниот сектор и хармонизирање на косовските закони со владеењето на правото во ЕУ, како и поддршка за професионалците од сферата на правото.

 

ЕУ започна со обезбедување на ИПА средства уште во 2007 година. Програмите ИПА I и ИПА II го опфаќаат периодот од 2007 до 2020 година; вклучително и 14 годишни финансиски спогодби вредни 1,2 милијарда евра. Програмата ИПА III го опфаќа периодот меѓу 2021 и 2027 година, а годишните финансиски спогодби започнаа да се имплементираат лани; почнувајќи со спогодбата за 2021 година, вредна 64 милиони евра, како и спогодбата за 2022 година, доделена денес, во вредност од 62 милиони евра.

ЕУ и Албанија ги финализираат спогодбите ИПА22 и ИПА23, обезбедувајќи 162,6 милиони евра помош од ЕУ за Албанија

На 24. март, Советот министри при владата на Албанија ги одобри финансиските спогодби помеѓу Европската комисија и Република Албанија; во рамки на Годишните акциски планови за 2022 и 2023 година, како дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) III.

 

Програмата за 2022 година (ИПА22) вклучува придонес од ЕУ, во висина од 82,6 милиони евра, кој ќе ги опфати сферите на заштита на животна средина, развивање перспективи за младите, зајакнување на демократијата, усогласување со правото на ЕУ, продолжување на борбата против организиран криминал, зајакнување на судството; како и поддршка за реформите за исполнување на нормите и стандардите на ЕУ. Програмата за 2023 година (ИПА23) ќе овозможи дополнителни 80 милиони евра поддршка за справување на Албанците со социо-економските последици од енергетската криза. Средствата од двете програми доаѓаат во форма на грантови кои не треба да се отплаќаат од страна на Албанија.

 

Програмата ИПА23 ќе ги поддржи Албанците за справување со социо-економските последици на енергетската криза преку финансирање на одговорот на владата на Албанија за енергетската криза; кој предвидува:

 

– Субвенции за сметките за енергија за над 1 милион албански домаќинства;

 

– Поддршка за 168000 мали и средни претпријатија во Албанија за надоместување на високите енергетски цени.

 

Оваа поддршка е дел од пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан, вреден 1 милијарда евра, објавен на Самитот Западен Балкан во Тирана во 2022 година.

Факултетот за организациски науки при Универзитетот во Белград доби модерно ново крило

Надминување на предизвиците и прифаќање на иднината со нов современ објект и акредитирани курсеви по Информатичка технологија (ИТ) и Вештачка интелигенција (АИ).

Факултетот за организациски науки при Универзитетот во Белград е основан пред 53 години во 1969 година. Факултетот првично беше основан за да им понуди образование на вработените кои веќе работеаво економскиот сектор во различни државни институции и компании, кои немаа дипломи за завршено високо образование . Со текот на времето, факултетот стекна еминентност и стана еден од најбараните факултети во Белград. Факултетот секоја година прима околу 900 нови студенти, но минатата година прими над 2000 пријави за упис, што е речиси двојно повеќе од расположливиот капацитет за студенти. И покрај неговиот успех, факултетот се соочуваше со значајни предизвици низ годините, меѓу кои најголем е недостатокот на физички простор. До 1982 година, факултетот се наоѓаше во предградијата на Белград, а потоа беше преселен на нова локација во центарот, која претходно беше зграда на основно училиште.

”Имавме на располагање само 900 метри квадратни, што беше премалку дури и за основно училиште, а не пак за факултет. Имавме само пет училници, без амфитеатар и без стручни кабинети.”

Професорот Александар Марковиќ од Факултетот објаснува дека работењето во овој ограничен простор било многу предизвикувачко. „Имавме само 900 метри квадратни на располагање, што беше премалку дури и за основно училиште, а не пак за факултет. Имавме само пет училници, без амфитеатар, без стручни кабинети“, вели професор Марковиќ. Во текот на годината, факултетот го прошири работниот простор со додавање на уште еден кат на постоечката зграда, како и подземен амфитеатар и анекс, со што вкупниот простор достигна над 5000 метри квадратни, што беше значително подобрување, но сепак недоволно. Факултетот требаше дополнително да ги прошири своите постоечки капацитети, да воведе ажурирани наставни програми и да понуди подобри услови за своите 6.000 студенти и 270 вработени.

Ситуацијата драстично се промени на подобро во април минатата година, кога Факултетот доби модерно, ново крило на површина од 6.056 метри квадратни. Ова означи значаен чекор во модернизацијата на српското образование. Вкупната инвестиција од 9,3 милиони евра беше финансирана од владата и Европската инвестициска банка (EIB), која е долгогодишен партнер во образованите, истражните и развојните сектори на Србија. Новиот објект се состои од два аудиториума со 200 седишта, читална со библиотека, лабораторија, ИТ простории и мултифункционални сали, сите опремени со компјутери и интерактивни табли. Благодарение на овие подобрувања, факултетот ќе може да го зголеми својот годишен прием студенти за 25-30 %.

”Со повеќе од 11.000 метри квадратни простор, сега имаме повеќе од доволно простор да ги спроведеме нашите наставни и истражувачки активности на најдобар можен начин. Благодарение на ова, сега можеме да планираме нови часови и дополнително да ги прошириме иновациите на нашите наставни програми со помош на новите капацитети и опрема.”

За проектот

Европската инвестициска банка (EIB) е институцијата-позајмувач на Европската унија. Како најголема мултилатерална финансиска институција во светот, EIB е активна во Србија од 1977 година, обезбедувајќи финансии за поддршка на клучни инфраструктурни проекти, мали и средни претпријатија, индустрија, услуги и локални власти, обезбедувајќи инвестиции од вкупно 7,2 милијарди евра до денес.

Професорот Марковиќ објаснува дека новиот објект му овозможил на факултетот да усвои нова развојна стратегија и подобрена визија за иднината. „Со преку 11.000 метри квадратни простор, сега имаме повеќе од доволно простор да ги спроведеме нашите наставни и истражувачки активности на најдобар можен начин. Благодарение на ова, можеме да планираме нови часови и дополнително да ги прошириме нашите наставни програми со помош на новите капацитети и опрема“, вели професор Марковиќ.

Факултетот неодамна доби акредитација од министерството за нови курсеви, вклучувајќи информатичко и софтверско инженерство, како и за вештачка интелигенција. Ова е значаен развој што ќе придонесе за растот на иновациските и ИТ секторите во Србија. Дополнително, факултетот постигна голем успех со освојувањето на првата награда на престижниот меѓународен натпревар CBS Global Case Competition 2022, надминувајќи 300 студентски тимови од универзитети низ целиот свет.

EU4Municipalities: Зајакнување на локалното управување за подобра испорака на услуги во Албанија

Шема на грантови за модернизација на локалната јавна инфраструктура и градење капацитети за подобро локално управување.

Албанија е земја со население од околу 2,8 милиони луѓе и се соочува со бројни предизвици во врскасо управувањето и испораката на услуги. И покрај значителниот напредок постигнат во изминатите децении, албанските јавни институции и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со одговорноста, транспарентноста и ефикасноста. Процесот на децентрализација отпочнат во земјата во 2014 година имаше за цел да одговори на некои од овие предизвици со пренесување на поголема моќ и одговорност од централната власт на локалните власти. Сепак, процесот на децентрализација наиде на различни пречки, меѓу кои и недостаток на ресурси и капацитети на локално ниво.

За поддршка на Албанија во надминување на овие предизвици, меѓу другото, во 2021 година започна проектот EU4Municipalities. Целта на проектот е да се поддржи развојниот потенцијал на општините и да се подобрат социо-економските и еколошките услови на локалните заедници во Албанија. Проектот има за цел да ги реши главните проблеми кои влијаат на квалитетот на животот и економските перспективи на заедницата, преку подобрување на локалните јавни услуги и нивно усогласување со европските стандарди. Проектот го спроведува конзорциум партнери предводен од НАЛАС, мрежа на здруженија на локални власти од Југоисточна Европа и вклучува невладини организации Ко-план Институт за развој на живеалишта, Еко партнери за одржлив развој и членовите на НАЛАС во Албанија, Здружение за Локална автономија и поранешното Здружение на албански општини.

“Потребата од проектот беше препознаена со директните размени помеѓу амбасадорот на ЕУ и претставниците на ЕУ Делегацијата со општинските власти и локалните заедници изминативегодини, што укажува на пристап што почнува од индивидуалните компоненти па се движи кон целиот систем.”

Елтон Стафа, Тим лидер на проектот EU4Municipalities во НАЛАС, го истакнува значајниот придонес на проектот за локалната власт. „Потребата од проектот беше препознаена преку средбите помеѓу претставниците на ЕУ Делегацијата и општинските власти изминативе години, што укажува на пристап што почнува од индивидуалните компоненти па се движи кон целиот систем“, вели Елтон.

Примарното средство за поддршка на локалните управи на проектот е шемата на грантови наменета за подобрување на локалната јавна инфраструктура, подобрување на квалитетот на јавните услуги, спроведување на општинските стратешки планови и градење на капацитети на локалната управа за управување со фондовите на ЕУ. На првиот повик за предлози објавен во 2021 година, проектот обезбеди поддршка за шест општини преку грантови до 200.000 евра. Вториот повик, објавен во 2022 година, ја прошири поддршката на дополнителни 13 општини, со грантови до 50.000 евра. Проектите кои добија грантови покриваа најразлични области, вклучувајќи локален економски развој, заштита на животната средина, подобрување на локалната јавна инфраструктура и услуги, еманципирање на младите и заедницата итн. До денес, проектот има потпишано 19 договори за грантови во износ од 1,7 милиони евра – придонес на ЕУ.

“Општините имаат голем интерес за проектот, а финализираниот грант проект покажа многу опипливи резултати. Сè на сè, EU4 Municipalites стана важен елемент за севкупниот развој на општините во Албанија.“

За проектот

ЕУ за општините (EU4M) е проект финансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да го поттикне развојниот потенцијал на општините и да ги подобри социо-економските и еколошките услови на локалните заедници во Албанија. Проектот „ЕУ за општините“ ќе го поддржи развојот на локалната инфраструктура преку обезбедување подобри јавни услуги и одржлив локален економски развој. Проектот ќе има директно влијание врз подобрувањето на квалитетот на животот и иднината на албанските граѓани во нивните заедници, а истовременоќе им помогне на локалните управи да ги зајакнат своите капацитети за управување со фондовите на ЕУ.

Како дел од поддршката за зајакнување на капацитетите на општините, проектот досега обезбеди 15 обуки за подготовка на предлог-проекти и управување со грантови на 200 општински претставници. Ентела Пингули, заменик тим лидер на EU4 Municipalites го смета дека овој проект за многу успешен. „Општините имаат голем интерес за шемата на грантови на EU4M и пристапот на проектот, бидејќи тие носат опипливи резултати. Сè на сè, EU4Municipalites станаа важен елемент за севкупниот развој на општините во Албанија“, вели Стафа.

Како дел од напорите за подобрување на капацитетите на општините, проектот спроведе 12 обуки за подготовка на предлог-проекти и управување со грантови, од кои корист имаат 490 општински претставници. Компонентата за градење капацитет е составен дел од грант шемата на EU4Municipalities. Ентела Пингули, заменик тим лидер на EU4 Municipalites ја смета оваа иницијатива за многу ефикасна“ Општините покажаа голем интерес за проектот, а имплементацијата на грант проектите се очекува да даде високо видливи резултати, кои ќе ги подобрат општинските услуги и ќе ги допрат животите на луѓето.

Во иднина, проектот EU4 Municipalities се очекува да продолжи да игра важна улога во зајакнувањето на локалната власт за подобра испорака на услуги во Албанија.

Северна Македонија: ЕУ обезбедува грант, во висина од 70 милиони евра, за најголемиот проект за заштита на животната средина

„EIB Global“, органот на Европската инвестициска банка за активности надвор од ЕУ, потпиша инвестициски грант, во вредност од 70 милиони евра, со владата на Република Северна Македонија за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје. Потпишан на Светскиот ден на водата, се работи за најголемиот инвестициски грант на ЕУ доделен на земја во рамки на Инвестициската рамка Западен Балкан. Овој значаен еколошки проект ќе овозможи подобри услови за живот за околу 500000 луѓе и е дел од Економскиот и инвестициски план на Европската комисија; како и од Зелената агенда за Западен Балкан.

 

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир, изјави: „Патот кон ЕУ е процес на трансформација, подобрување на животите и на животните стандарди. Инвестицијата од „Тимот Европа“ во пречистителната станица во Скопје е практичен пример за тоа. Пречистителната станица ќе овозможи безбедно прочистување на отпадната вода создадена од приближно една третина од населението во државата. На тој начин, ќе се придонесе за позелена европска иднина на оваа држава.“

 

Во својата подготвителна фаза, проектот исползува техничка помош, во форма на грантови, од Европската инвестициска банка, Европската банка за реконструкција и развој и Владата на Република Франција; како доказ за посветеноста на „Тимот Европа“ кон Северна Македонија и нејзините приоритетни проекти. Водниот сектор е меѓу клучните приоритети на „EIB Global“ во државата. Се работи за втората инвестиција во овој сектор во временски размер од помалку од пет месеци, веднаш по заемот од 50 милиони евра, потпишан во ноември 2022 година, за изградба и рехабилитација на инфраструктурата за снабдување со вода, собирање и прочистување отпадна вода; како и итни заштитни мерки во услови на поплава за 80 општини ширум Северна Македонија.

Бонтекс: Иновации во текстилната индустрија во Босна и Херцеговина

Инспиративната приказна за успешно враќање на претприемач во својата родна земја.

Сенаид Хусиќ замина од својата татковина, Босна и Херцеговина, кон крајот на 1980-тите. Поради тоа штоекономијата во Југославија се влошуваше, тој се пресели во Швајцарија со стремеж да обезбеди подобар живот за себе и за своето семејство. Во текот на неколку години, тој имаше различни менаџерски позиции во различни индустрии, вклучувајќи го и секторот за информатичка технологија. По успешната професионална кариера која траеше повеќе од 25 години во Швајцарија, Сенаид реши да се врати во својата родна земја, во почетокот 2000-те и да основа компанија во Босна и Херцеговина. Во консултација со неговите деловни соработници и пријатели во Швајцарија, тој одлучи да инвестира во фабрика запроизводство на кошули, што доведе до основање на Бонтекс (Bontex) во 2004 година.

“Моментално, доминираме на околу 80% од пазарот на кошули во Швајцарија, а во догледно време, ќе воспоставиме уште едно меѓународно партнерство во Австрија, каде што снабдуваме медицинска облека. Во последниве години, соработувавме и со партнери во Германија и други земји“.

Првично, Бонтекс вработи приближно 50 вработени и влезе во партнерство со швајцарска компанија за извоз на кошули во Швајцарија. Ова партнерство значително се прошири со текот на времето. Адмира Басиќ работи како генерален директор во Бонтекс повеќе од седум години. „Моментално доминираме наоколу 80% од пазарот на кошули во Швајцарија, а во догледно време, ќе воспоставиме уште едно меѓународно партнерство во Австрија, каде што снабдуваме медицинска облека. Во последниве години, соработувавме и со партнери во Германија и други земји “, објаснува Адмира.

Понатаму во овој контекстот, продолжува Амира: покрај висококвалитетните производи, клучот за нивниот успех лежи во близината на нивната фабрика до земјите од ЕУ. Покрај тоа, за разлика од нивнатаконкуренција, тие можат да опслужат нарачки во мали количини. И покрај тоа што со години снабдуваше бројни компании и брендови, Бонтекс претходно не вршеше продажба под својот бренд. „Многуинвестиравме во технологија и во нашата работна сила и немавме шанса да се фокусираме на брендирање и маркетинг на наши сопствени производи“, објаснува Адмира. Сепак, можност за такво нешто се појави со повикот за предлози лансиран од програмата EU4 Business, финансирана од ЕУ, наменета за помош на компаниите во Босна и Херцеговина да се опорават од пандемијата со Ковид-19. Со поддршка од програмата за опоравување EU4 Business, Бонтекс лансираше нова веб страна и онлајн продавница, формираше единица за дизајн во рамките на компанијата за да создаде дизајни со брендот Бонтекс и набави квалитетни материјали за нивните нови производни линии.

“Нашиот дизајнерски тим, составен од пет млади колеги, испорача импресивни резултати и јас сум оптимист за иднината на нашата компанија. Добивме шанса и покажавме дека можеме да ја оправдаме таа доверба“.

За проектот

EU4Business е проект на ЕУ кој има за цел да го зајакне капацитетот на Босна и Херцеговина за економски раст и вработување преку поттикнување на конкурентноста и иновациите во одредени сектори. Буџетот на проектот изнесува 16,1 милиони евра: 15 милиони евра финансирани од Европската Унија и 1,1 милиони евра од Сојузна Република Германија.

EU4Business е дел од Стратегиите за локален развој на германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој – Програма за локална самоуправа и економски развој во Босна и Херцеговина.

Со неодамна добиената поддршка од програмата за опоравување EU4 Business, Бонтекс предвидува раст на приходите од 30% во блиска иднина. „Нашиот дизајнерски тим, составен од пет млади колеги, испорачаимпресивни резултати и јас сум оптимист за иднината на нашата компанија. Добивме шанса и покажавме дека можеме да ја оправдаме таа доверба “, вели Адмира.

Во моментов, Бонтекс има работна сила од 200 вработени, а планираат во следните неколку годините, да го зголемат овој број на над 300. Дополнително, тие планираат да продолжат да инвестираат во технологија и маркетинг на својот бренд.

Од Белград до Ниш со 200 км/ч. – финансиски пакет од ЕУ, вреден 2,2 милијарди евра, за железничкиот Коридор Х

На 28. февруари 2023 г., Европската комисија, Европската банка за инвестиции, Европската банка за реконструкција и развој и Србија објавија заеднички финансиски пакет, вреден 2,2 милијарди евра, за модернизација на Коридорот Х. Пакетот се фокусира на возобнова на железничката секција меѓу Белград и Ниш; овозможувајќи брзо железничко поврзување од 200 км/ч. меѓу двата града, со побрз дотур на добра и услуги, како и брза интеграција во железничката мрежа на ЕУ.  
Пакетот вклучува инвестициски грант од ЕУ во висина до 598 милиони евра – најголемиот грант доделен за проект во Србија; заем од 1,1 милијарда евра од Европската инвестициска банка и дополнителен заем од 550 милиони евра од Европската банка за реконструкција и развој. ЕУ веќе одобри 265 милиони евра во форма на ИПА грантови, а првата транша од 82,8 милиони евра беше потврдена со протоколарно потпишување во воз од Белград до Ниш.  
Потпишувањето се одвиваше во присуство на европскиот комесар за соседство и преговори за проширување, Оливер Варела, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ; како и директорот на канцеларијата на Европската инвестициска банка за Западен Балкан, Александра Бронзи, директорот на Европската банка за реконструкција и развој за Западен Балкан, Матео Колнела, министерката за интеграција во ЕУ, Тања Миличевиќ, министерот за изградба, транспорт и инфраструктура, Горан Васиќ, министерот за финансии, Синиша Мали, и други дипломати од земјите членки на ЕУ.   
Железничкиот коридор Х е еден од паневропските коридори кои ја поврзуваат Централна Европа со Солун, Грција. Се работи за проект идентификуван како Водечки проект 1 – Поврзување на исток со запад; во рамки на Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан. Планот има за цел мобилизирање на инвестициите во доменот на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција, креирање одржлив раст и работни места кои ќе достигнат една третина од бруто домашниот производ во Западен Балкан.

Започнуваат работилници за медиумска и информациска писменост, предводени од младите европски амбасадори, во Западен Балкан

На 7. март, младите европски амбасадори во Западен Балкан започнаа со имплементација на работилници за медиумска и информациска писменост. Станува збор за врснички настани кои ќе бидат спроведени од младите европски амбасадори кои присуствуваа на обука за медиумска и информациска писменост.

 

Првата работилница беше организирана во „Europe House“ Тирана, Албанија. Работилницата ја спроведоа двајцата млади европски амбасадори – Ериса Земзадја и Бенард Бабај. Учесниците можеа да научат за медиумска и информациска писменост преку практични и теоретски вежби. Работилницата го одбележа процесот на имплементација на работилници ширум Западен Балкан. За повеќе информации во врска со датумите, следете нè на www.webalkans.eu!