Skip to main content

Автор: WeBalkans

Недела на можности во ЕУ – откриј што ти нуди ЕУ

ЕУ нуди најразлични можности за граѓаните на Србија, институциите, компаниите и организациите; од финансиска помош, па сè до бесплатно патување и програми за размена. Ова е првичната порака на Неделата на можности во ЕУ – уникатен настан кој ќе се одржи од 15. до 21. мај во Белград (МТС Хол), Ниш (Хотел Амбасадор) и Нови Сад (Саем во Нови Сад). Неделата на можности во ЕУ е организирана во соработка со Делегацијата на ЕУ во Србија и Владата на Република Србија.

 

Во текот на шест дена, ќе се одржат преку 120 информативни сесии; нудејќи им на присутните можност да научат како да се пријават за програмите, проектите и фондовите на ЕУ. Ќе им бидат претставени и бројни можности на претприемачите, бизнисмените, земјоделците, студентите, учениците, иноваторите, институциите, локалните влади, организациите на граѓански здруженија и останатите организации.

 

Бројни говорници ќе анализираат теми од областа на економијата и ќе споделат конкретни информации во врска со фондовите од различни полиња како, на пример, бизнис, иновации, образование, култура и останати сегменти на соработка. Неделата на можности во ЕУ ќе заврши со фокус на земјоделството, а сесиите ќе се одржат за време на годинешниот „Саем на земјоделство“ во Нови Сад.

Кампањата „ОД НАС НАПРАВЕНО“ денес пристигнува во Косово

Кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“, финансирана од ЕУ, а до вас доведена од страна на „WeBalkans“, неделава продолжува во Косово. Кампањата за сензибилизација има за цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Протагонисти на кампањата се 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан кои ќе патуваат ширум регионот, во парови. Секој пар ќе ги споделува искуствата од патувањето преку креирање сопствена онлајн содржина.

 

Канцеларијата на ЕУ во Косово беше домаќин на медиумски ручек за објавување на почетокот на патувањето во Косово. Алесандро Бјанкарди, шеф на Одделот за соработка при канцеларијата на ЕУ во Косово, ги поздрави влогерите и ги пофали за нивниот придонес за промовирање на ЕУ и Косово.

 

Влогерите Алб Муџахири (@albfilmss) од Косово и Брајан Рокка (@brianrocca) од Холандија, денес поаѓаат на нивното патување. Ќе патуваат седум дена, од 25. април до 1. мај, прикажувајќи го најдоброто од Косово, како и инвестиции од ЕУ во регионот. Ќе посетат различни места; вклучително и историскиот град Призрен, планините Ругова, филмски фестивали, проекти за иновација и туристички бизниси поддржани од ЕУ. Дел од проектите, финансирани од ЕУ, кои ќе ги посетат се „Labbox“ – проект кој им овозможува на децата да експериментираат со мали проекти од доменот на инженерството и електрониката; „Докуфест“ – меѓународно признаен филмски фестивал и „Balkan Natural Adventure“ – компанија за туристички оператори која привлекува посетители од ширум светот во Косово.

 

Кампањата започна на 18. април и ќе трае до 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од шесте партнерски држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот на патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

 

Не пропуштајте ниту една секунда од ова возбудливо патување – заследете ги веднаш „WeBalkans“ и сите влогери на Инстаграм!

Просветлување на влијанието на енергетската и екстрактивната индустрија врз животната средина во Албанија

Проект, финансиран од ЕУ, поддржува подобрување на одговорноста за животната средина во енергетскиот и екстрактивен сектор во Албанија.

Албанија е држава богата со природни ресурси, вклучително минерали, нафта и водни ресурси кои се експлоатираат преку екстракција и хидроенергетски индустрии. Но, овие индустрии имаат големо влијание врз животната средина и се предмет на бројни дебати и контроверзии, особено последните неколку децении. Во екстрактивните индустрии има недостаток од мониторинг врз животната средина, како и рехабилитација. Исто така, има и недостаток од статистички податоци и и/или доверливи податоци. Ова е резултат од слабите капацитети за мониторинг на животната средина и инфраструктура на локално и централно ниво. Оттука, се јавува и слабо спроведување на законот за санирање на загадувањето на животната средина.

   

Принципот „Загадувачот плаќа“ не функционира, на тој начин што руралните подрачја се уште поранливи и склони кон загадување со негативно влијание врз животната средина; вклучително и уништување на шумите, ерозија на почвата, загадување на водата, и ослободување токсични супстанции во воздухот, почвата и водата. Товарот го носи локалното населени. Во текот на изминатите години, поради зголемената стапка на канцер и други болести во локалните заедници, имаше загриженост за влијанието на ископувањето хром врз животната средина и здравјето.

Од друга страна, пак, хидроенергетската индустрија во Албанија има сериозно влијание врз животната средина, особено врз реките и водните екосистеми. Албанија изобилува со хидроенергетски ресурси, а владата спроведе амбициозна програма за развој на хидроенергетскиот сектор во последните неколку години, вклучувајќи изградба на големи брани и пренасочување на реките за производство на енергија. Но, овие проекти честопати се предмет на критика поради нивното влијание врз локалните заедници и животната средина; вклучувајќи загуба на значајни животни средни, вознемирување на миграцијата на рибите и преместување на луѓе и заедници. Поради овие причини, невладината организација „Еко-партнери за одржлив развој“ (Eco Partners for Sustainable Development (ECOP)) презеде иницијатива за адресирање на овие проблеми.

„Прекумерната употреба на природни ресурси како нафта, минерали и вода, без контрола во Албанија, го привлече вниманието на „Еко Партнери“. Повеќе од деценија работиме на управување со животната средина, особено на аспекти за спроведување, и забележавме дека албанското законодавство, кое е во тек на усогласување со правото на ЕУ, доцни во поглед на имплементација на законодавството во административни, институционални и финансиски капацитети за адресирање на заштитата на животната средина, особено во руралните подрачја. Затоа, одлучивме да придонесеме во таа насока.“

Во 2018 година беше отпочнат проектот „Рурално набљудување – подобрување на улогата на граѓанските организации во поддржувањето на транспарентноста и одговорноста на државните авторитети и бизниси во руралните подрачја“, финансиран од ЕУ, а спроведен од „Еко Партнери“, со цел да се адресираат проблемите со животната средина во Албанија предизвикани од енергетските и екстрактивните индустрии. Ентела Пингули, извршна директорка на „Еко Партнери“, објаснува дека постоело итна потреба од ваков проект, велејќи: „Прекумерната употреба на природни ресурси како нафта, минерали и вода, без контрола во Албанија, го привлече вниманието на „Еко Партнери“. Повеќе од деценија работиме на управување со животната средина, особено на аспекти за спроведување, и забележавме дека албанското законодавство, кое е во тек на усогласување со правото на ЕУ, доцни во поглед на имплементација на законодавството во административни, институционални и финансиски капацитети за адресирање на заштитата на животната средина, особено во руралните подрачја. Затоа, одлучивме да придонесеме во таа насока.“

Проектот избрал пет енергетски и екстрактивни индустриски локации како пилот-региони каде што имало оперативни бизниси кои не се во согласност со националните правни барања. Вклучени биле две локации за екстракција во Патос Мартинез и Булќиза, како и три енергетски локации – хидроцентралата на реката Шушица (во сливот на реката Вјоса), хидроцентралата во Шебеник и националниот парк Јабланица, и хидроцентралата на реката Мат. Програмата за градење капацитети овозможила обука за граѓанските организации, медиумски куќи и адвокати во овие пет локации. Проектот исто така спровел и активности за застапување преку групи за мониторинг составени од новинари, адвокати, технички експерти и претставници од граѓанските здруженија или локалните заедници. Покрај овие придобивки од активностите за застапување, целта била да се воведат добри практики за локалните заедници да можат да продолжат да ги имплементираат на долг рок.

Проектот се залагаше, во име на животната средина, кон локалните и централните авторитети, како и за подигнување на свеста на граѓанските општества и заедници за последиците од загадувањето на животната средина, нивните права и обврски, особено развивајќи ја темата преку обезбедување правна помош која дополнително ги зајакнува локалните заедници да преземат акција во овој поглед. Проектот овозможи помош и за формулирање барања за пристап до информации за животната средина, а за предизвикувачките одбивања побара да се достават информации пред Комесарот за права за информации или на суд. Правната помош беше обезбедена за правно советување на граѓанските здруженија и локалните заедници во процедурите за животна средина како што е Проценката за влијание врз животната средина и судски дебати поврзани со проблематики за усогласување со правото за животна средина.

„Централизираното носење одлуки, особено за менаџментот на стратешки ресурси како нафта, вода, шуми, крајбрежја итн., не помага за одржливо користење на природните ресурси и имплементација на политики на локално ниво.“

За проектот

Проектот „Рурално набљудување Албанија“ се справува со едни од најитните прашања за рурален развој во Албанија, особено оние кои го засегнуваат квалитетот на живот и стандардите за чиста и безбедна животна средина. Со растечки притисок и економски развој во целните подрачја на проектот преку енергетските и екстрактивни индустрии – особено во Булќиза со индустријата за хром, понатаму со хидроцентралата Булќиза на реката Мат; хидроцентралата Прењас/Либражд на реката Шкумбини во Шебеник т.е. националниот парк Јабланица; Фиер/Патос со екстракција на нафта во Патос Маринез; и Селенице со хидроцентралата на притоката Шушица на реката Вјоса – постои огромна потреба за граѓански здруженија кои ќе ги повикаат на одговорност компетентните државни авторитети и бизнисите за безбедносни стандарди и регулации за животната средина и здравје.

Проектот ги вклучува и најдобрите практики за рурален развој од Бугарија, особено поврзани со транспарентност и одговорност на енергетските и екстрактивни индустрии во насока на подигнување на јавната свест, пристап до информации и правда, и јавен ангажман преку иновативни медиумски канали.

Ова беше постигнато преку соработка со бугарската организација „Blue Link“ која овозможи поддршка за имплементација на кампањата за информирање. Како дел од оваа кампања, беше отпочнат порталот „Rural Watch“ кој обезбедува информации за различни случаи на рурална одржливост во рамки на проектот, како и корисни информации за целните рурални локации. Ентела го потенцира придонесот на проектот за подигнување на прашањето за влијание врз животната средина на повисоко ниво, велејќи: „Централизираното носење одлуки, особено за менаџментот на стратешки ресурси како нафта, вода, шуми, крајбрежја итн., не помага за одржливо користење на природните ресурси и имплементација на политики на локално ниво.“

Затворање на образовниот јаз

Поглед од блиску на програмата за менторство, финансирана преку грант од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Градење капацитет за инклузија во образованието – ВКЛУЧИ СЕ”.

Хирије Криези, 15-годишна средношколка од Призрен, се соочи со предизвикот да донесе одлука за нејзината идна кариера и универзитетските студии, но не беше сигурна дали ќе го направи вистинскиот избор за нејзината финансиска и професионална стабилност. За среќа, таа доби покана да се приклучи на менторскапрограма за поддршка од Roma Versitas. Програмата е финансирана преку грант од заеднички проект на Европската Унија и Советот на Европа, наменет за ученици Роми, Ашкали и Египќани во високото средно образование. Таа доби ментор кој дава насоки за кариера и други прашања поврзани со образование. Размислувајќи за своето искуство, Хирије признава дека поддршката и советите од нејзиниот советник ѝ помогнале да ги разјасни своите соништа и ѝ ги отвориле очите кон нови можности. Таа сега се стреми да стане полицајка и покажа значително подобрување во севкупните академски перформанси.

“Поддршката и советите од мојот советник ми помогнаа да си ги разјаснам соништата и ми ги отворија очите кон нови можности.”

Генц Броќи е еден од проект менаџерите на Roma Versitas Косово (РВК). RVK работи на слични проекти повеќе од една деценија, а нивното позитивно влијание врз заедницата ја прави очигледна потребата за продолжување на ваквите проекти. „Повеќето ромски, ашкалски и египетски семејства во Косово живеат во лоши економски и социјални услови, со ограничено ниво на образование кај возрасните кои не можат да им помогнат на своите деца со домашна или друга академска работа. Како резултат на тоа, децата Роми често заостануваат во образованието, што го прави овој тип на проекти од суштинско значење“, вели Генц.

Поддршката од проектот е двојна. Прво, вклучува назначување на еден ментор за следење на присуството и академскиот напредок на најмногу пет студенти и менторот редовно го ажурира проектот за сите прашања со кои се соочуваат студентите. Со ова проектот може да обезбеди индивидуална поддршка за решавање на овие прашања. Второ, тука е и програмата за туторство, која обезбедува дополнителна настава за ученици кои имаат проблеми со одредени предмети. Порано за ментори се избираа професори од средните училишта, но сега како ментори се ангажираат успешни матуранти од ромската, ашкалиската и египетската заедница. Според Генц, членовите на заедницата кои веќе се соочиле со слични проблеми се најпогодни лица за ова, за да ги разберат проблемите со кои се соочуваат учениците од оваа заедница.

Дополнително, проектот нуди обуки за основни вештини за средношколци од завршна година, кои вклучувааттеми како подготовка на CV, вештини за интервју за работа и управување со времето.

“Без помошта од Советот на Европа и ЕУ, немаше да можеме да ја продолжиме оваа поддршка, како резултат на што сега ќе имаме десетици кандидати за универзитетски образовани доктори, инженери и други професионалци од ромската, ашкалската и египетската заедница.”

За проектот

Целта на проектот „Зајакнување на средношколците преку менторство“ е да се поттикне квалитетно инклузивно образование во Косово и една од специфичните цели е да се подобри пристапот до образование за децата од ромската, ашкалиската и египетската заедница. Програмата за менторство е финансирана преку грант од заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „ Градење капацитет за инклузија во образованието – ВКЛУЧИ СЕ“ и имплементиран од Ромите Верситас Roma Versitas Косово. Проектот започна во јануари 2023 година и ќе се реализира во период од 12 месеци.

Стапката на напуштање на училиштето кај средношколците од ромската, ашкалаката и египетската заедница беше сериозен проблем, а во 2013 година над 80% од учениците го напуштија училиштето. Сепак, благодарение на иницијативите како овој проект, стапката на напуштање се намали на околу 10 -15%. Првично, проектот имаше ниски стапки на учество, со само 40 ученици, од кои 80% беа машки и 20% жени. Меѓутоа сега има стотици учесници, а преку 100 одат на универзитет секоја година, по завршувањето на средното училиште.

Проектот обезбедува поддршка за вкупно над 600 студенти. Генц нагласува дека проектот не би бил возможен без поддршката на Советот на Европа и Европската унија. „Без помошта од Европската унијаи  Советот на Европа, немаше да можеме да го продолжиме овој проект и како резултат на оваа поддршка, сега ќе имаме десетици кандидати за универзитетски образовани доктори, инженери и други професионалци од ромската, ашкалската и египетската заедница “, додава Генц

Подобрување на квалитетот на живот на постарите Црногорци

Како поддршката на УНДП и ЕУ ги промени животите на постарите жители на Андријевица.

Постарата популација во Црна Гора, особено пензионерите, имаат низок животен стандард поради нивната материјална, социјална и здравствена состојба. Ова особено може да се забележи во помалите и пооддалечените општини, како што е Андријевица, која брои население од приближно 4.500 жители. Сместени во источниот регион Полимље во Црна Гора, постарите лица во Андријевица се соочуваат со економски предизвици, како и со недостаток на рекреативни и социјални активности, вклучувајќи спортски и културни настани и пристап до здравствени установи. Оваа ситуација беше влошена за време на пандемијата, што ги поттикна старите лица во Андријевица да преземат мерки за подобрување на нивниот квалитет на живот.

“Препознавајќи ја нашата ситуација и ограничениот економски капацитет, побаравме помош од донаторите за подобрување на квалитетот на живот, а УНДП и ЕУ позитивно одговорија на нашето барање.”

Доко Елезовиќ, 70-годишен поранешен директор на државна компанија, моментално ја извршува функцијата претседател на Здружението на пензионери Андријевица, невладина организација финансирана од членарините на оние со ниски економски приходи. Според г. Елезовиќ, „До неодамна, состојбата за пензионерите во Андријевица беше ужасна поради нивните ниски пензии, како и поради недостатокот на рекреативни, социјални и информативни активности. Препознавајќи ја нашата состојба и ограничениот економски капацитет, побаравме помош од донатори со цел да се подобри квалитетот на нивниот живот и УНДП и ЕУ одговорија позитивно на нашето барање“, рече г-дин Елезовиќ.

Здружението на пензионери Андријевица, под раководство на г. Елезовиќ и со поддршка од УНДП и ЕУ, го започна проектот „Ветерани“. Проектот беше финансиран преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Проектот имаше за цел да адаптира простор за Клубот на пензионери, да организира различни рекреативни и социјални активности и да ги информира пензионерите за полесен пристап до здравствените установи. Со оваа поддршка, здружението на пензионери организираше обиколки до блиските планини, сесии за здравје, технологија и употреба на компјутери и тематски вечери. „Овие активности беа од голема корист за постарите луѓе во нашата општина и буквално ги трансформираа нашите животи на многу начини“, рече г. Елезовиќ.

“Поддршката обезбедена со програмата ReLOaD, финансирана од ЕУ и управувана од УНДП, беше клучна за нас, бидејќи без неа немаше да можеме да го ревитализираме нашето здружение и да го направиме корисно за нашите членови.”

За проектот

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е продолжение на иницијативите поддржани од ЕУ – Проект за зајакнување на локалната демократија (LOD, 2009-2016) и последователно проширената Регионална програма за локална демократија на Западен Балкан (ReLOaD, 2017-2020). Севкупната цел на проектот е да ги зајакне демократиите-учесници и интеграцијата во ЕУ наЗападен Балкан, преку зајакнување на граѓанското општество и охрабрување на младите луѓе активно да учествуваат во процесот на носење одлуки и преку подобрување на поддржувачката правна и финансиска средина за граѓанското општество

Услугите обезбедени со проектот „Ветерани“ обезбедија подобро искористување на времето на пензионерите, го поттикнаа нивното учество во работата на Клубот на пензионери, ги поврзуваа старите лица во оддалечените рурални средини и го зголемија нивното задоволство во различни аспекти од животот. „Поддршката обезбедена со програмата ReLOaD, финансирана од ЕУ и управувана од УНДП, беше клучна за нас, бидејќи без неа немаше да можеме да го ревитализираме нашето здружение и да го направиме корисно за нашите членови“, рече г-дин Елезовиќ.

Г-дин Елезовиќ и другите членови предвидуваат посветла иднина за Здружението на пензионери Андријевица. Тие веќе ги планираат претстојни активности и се надеваат на поголема поддршка од владата и донаторите.

Визна либерализација: ЕУ усвојува безвизно патување за Косово

Безвизното патување ќе стане реалност за имателите на косовски пасош, најдоцна, на 1. јануари 2024 година. По спогодбата со Европскиот парламент и Советот, на предлог на Комисијата, имателите на пасош од Косово ќе можат да патуваат без виза во ЕУ, најмногу 90 дена, помеѓу периоди од 180 дена.

 

Безвизното патување носи бројни придобивки за двете страни и дополнително ги зајакнува односите на ЕУ со Косово. Косово доследно ги исполнува сите критериуми и континуирано ја покажува својата посветеност. Со ова достигнување, сите партнери од Западен Балкан наскоро ќе добијат безвизен пристап до ЕУ.

 

Уште во 2016 година, Комисијата им предложи на Европскиот парламент и Советот да овозможат безвизно патување за граѓаните на Косово. Комисијата процени дека Косово ги исполнува барањата, уште од 2018 година; задоволувајќи ги сите критериуми во склоп на Патоказот за визна либерализација.

Голема забава на ЕУ – Засекогаш млади

Како дел од прославата на денот на Европа и како подарок за граѓаните на Србија, Делегацијата на ЕУ организира голема забава на ЕУ, која ќе се одржи на 12. мај, во Хангарот на пристаништето во Белград, а главна ѕвезда на настанот ќе биде германскиот бенд „Alphaville“ кој за првпат ќе настапи во Србија.

 

Концептот на голема забава на ЕУ ќе ги задоволи сите музички вкусови и генерации; па, затоа, покрај „Alphaville“ ќе настапи и мистериозното хрватско дуо под маски – „Nipplepeople“, како и неодоливиот бенд од Ниш – „Stereo Banana“. Со дел од најдобрите претставници на локалната диџеј сцена, забавата ќе трае до утро; а Дејан Миличевиќ, Леа Добричиќ, „Luton“, „Cosmic G“ и „Gavra“ ќе се погрижат за сите да имаат незаборавно искуство.

 

Настанот претставува одлична прилика за танцување, пеење и славење на љубовта, слободата и толеранцијата – универзалните вредности на ЕУ, но и на бендот „Alphaville“ кои преку 40 години творат на светската музичка сцена; а, на 12. мај, за првпат ќе настапат во Србија. Нивните хитови „Forever Young“, „Big in Japan” и „Sounds Like a Melody” немаат рок на траење. Првиот албум, „Forever Young“, кој ги содржи нивните најголеми хитови, на неколку анкети беше прогласен најдобар електро-поп албум на сите времиња. Германскиот бенд кој пее за Јапонија ја освои Европа во осумдесеттите, а фактот дека нивните песни се препеани и ремиксирани од едни од најпознатите светски музичари и диџеи докажува колкав белег оставиле во музиката.

ОД НАС НАПРАВЕНО: Тукушто започна неверојатна авантура!

„WeBalkans“ и Директоратот за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) при Европската комисија со гордост го најавуваат почетокот на кампањата за сензибилизација „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“ со цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Форматот на кампањата вклучува 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан како протагонисти кои ќе патуваат ширум регионот, во парови; составени од еден влогер од ЕУ и еден од Западен Балкан. Секој пар ќе патува во една од шесте држави од Западен Балкан, споделувајќи ги искуствата преку креирање сопствена онлајн содржина.

 

Амбасадорката на ЕУ во Црна Гора, г-ѓа Оана Кристина Попа, амбасадорот на Италија, г-ѓа Андреина Марсела, и останати говорители, зедоа збор на настанот за отворање на кампањата кој се одржа во „Europe House“  Подгорица. Настанот вклучи храна инспирирана од ЕУ и Западен Балкан, музика и вмрежување со учесници на претходните кампањи „WeBalkans“, како и со локални црногорски инфлуенсери.

 

Влогерите кои ќе патуваат низ Црна Гора; Емир Цирикови, од Црна Гора, и Алис Франки, од Италија, беа присутни на настанот и одржаа говори заедно со останатите десет влогери кои се приклучија онлајн. По настанот, веднаш тргнаа на пат со автомобил.

 

Кампањата ќе трае вкупно шест недели, помеѓу 18. април и 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од партнерските држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

 

Не пропуштајте ниту една секунда од ова возбудливо патување – заследете ги веднаш сите влогери на Инстаграм!

Адресирање на предизвиците со кои се соочуваат децата со попреченост на Западен Балкан

Проект финансиран од ЕУ подржува нов систем за проценка на децата со попреченост во Босна и Херцеговина.

Во 2018 година, УНИЦЕФ објави извештај насловен „Секој е важен“, кој откри значајни предизвици со кои се соочуваат децата со попреченост во Западен Балкан. Во извештајот, финансиран од ЕУ, се нагласува дека и покрај напорите на владите во регионот, децата со попреченост наидуваат на различни пречки, како што се ограничен пристап до програми за рана идентификација и интервенција, вкоренета социјална дискриминација и стигма, високи финансиски трошоци за семејствата, недостаток на заштита од насилство и злоупотреба и многу повеќе. Највпечатливото откритие во извештајот беше дека општеството систематски ги исклучува децата со попреченост од раѓање. Во извештајот се повикуваат владите да преземат мерки, што тие и го направија во ограничена мера.

Од друга страна, со поддршка од ЕУ, УНИЦЕФ започна проекти за адресирање на овој проблем. Еден таков проект, имплементиран во Босна и Херцеговина, конкретно Херцеговско-неретванскиот кантон, се фокусираше на евалуација и упатување на децата со попреченост. Целта на проектот беше да се подобри системот, кој претходно се потпираше на професионалци кои независно одлучуваа за потребите на детето и развојната траекторија. Новиот пристап, воведен со проектот, ги става семејствата и детето во преден план.

“Нашата цел е хуман пристап и мило ми е што имаме родители кои го избраа овој метод. Ние се концентрираме на детето, семејството, професионалците и заедницата. Се надевам дека нашите напори ќе бидат корисни.”

Дарко Кобетиќ, професор по рехабилитација, консултант на УНИЦЕФ во Босна и Херцеговина и автор на „Анализа на политиките и практиките во областа на проценката и упатувањето на децата со попреченост на ниво на ФБиХ“, е вклучен во развојот на нов систем на проценка од неговото основање. Тој вели: „Нашата цел е хуман пристап и задоволен сум што имаме родители кои го избраа овој метод. Ние се концентрираме на детето, семејството, професионалците и заедницата. Се надевам дека нашите напори ќе бидат корисни.”

Новиот систем за проценка е целосно фокусиран на детето и семејството, со сите релевантни податоци собрани за секое дете од сите учесници вклучени во нивниот раст и развој, вклучувајќи ги родителите, логопедите, образовните рехабилитатори и физиотерапевтите. Дополнително, за разлика од претходно, членовите на повеќесекторските професионални тела ја координираат имплементацијата и работат на креирање индивидуални планови за поддршка за секое дете-учесник. Акцентот е ставен на зајакнување на детето и семејството, одредување на способностите, потребите и интересите на детето. Првичните реакцииод родителите се позитивни.

Мартина, мајка на четиригодишната Ноа, го сподели своето позитивно искуство со новиот систем за проценка: „Претходниот начин на проценка беше стресен бидејќи моето дете можеби не било расположено тој ден и не може ништо да покаже. Морав да го носам на проценка два или три пати и тоа беше многу вознемирувачко. Не можете да одредите ништо за 10 минути. За мене е важно да го видам Ноа како напредува и да го извлечеме најдоброто од него. Има напредок и тоа треба да се признае. Верувам дека може многу да постигне и треба да работиме со него.”

“Во Босна и Херцеговина, имаше голем фокус на дијагнозата, а примарна цел на проценката беше да се идентификува типот на проблемот на детето, што беше крај на процесот на проценка. Префрлањето на фокусот на интересите и потребите на детето, што исто така, е премин од медицинска во парадигма за човекови права, е најуспешниот елемент на овој проект.”

За проектот

 Имплементацијата на проценката и упатување на деца со попреченост е дел од програмата „Ублажување на влијанието на COVID-19 врз животите на децата и родителите во Западен Балкан и Турција“, програма имплементирана од страна на УНИЦЕФ и финансирана од ЕУ преку Главниот директорат на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување (DG NEAR). Преку оваа програма вредна 5 милиони евра, 490.000 деца и родители низ програмската област се очекува да имаат подобар пристап до јавните услуги кои промовираат ран детски развој, образование, здравје и заштита како дел од закрепнувањето од COVID-19.

Според Дарко, примарна цел на новиот систем е рана идентификација на проблемите и обезбедување подобри планови за поддршка на семејствата и децата, со цел да се спречи институционализацијата. Тие креираат годишен план за детето и семејството и го ажурираат согласно промените на околностите. „Исто така, ги подготвуваме семејствата и децата за преодниот период кога треба да се запишат во градинка или основно училиште, а ги подготвуваме и училиштата за упис на деца со попреченост во развојот, за кога детето ќе се запише, училиштата да имаат подобар пристап,” објаснува Дарко.

Дарко верува дека главното влијание на проектот било промена на перспективата и фокусирање на потребите на детето и семејството. „Во Босна и Херцеговина имаше голем фокус на дијагнозата, а примарна цел на проценката беше да се идентификува типот на проблемот на детето, што беше крај на процесот на проценка. Префрлање на фокусот на интересите и потребите на детето, што е исто така премин од медицинска во парадигма за човекови права е најуспешниот елемент на овој проект“, вели Дарко.

Подобрување на соработката со цел справување со предизвиците со кои се соочуваат ранливите повратници во Србија

Советите на УНДП и ЕУ за поддршка на локалната миграција во Србија.

Имањето добро поврзани платформи каде што локалните даватели на услуги (јавни и невладини организации) ефикасно соработуваат е од суштинско значење за обезбедување навремени услуги за повратниците, кои се враќаат во своите матични заедници, без разлика дали се станува збор за пристап до лични документи, здравствена заштита, образование или вработување. И покрај тоа што српската влада издвојува значителни средства од својот буџет за поддршка на ранливите групи на повратници, пристапот до овие услуги и програми и понатаму е предизвик за најранливите. Пред неколку години, беа формирани Локални совети за миграција за да им помогнат на повратниците да се движат низ сложените бирократски процеси за да стигнат до потребната институционална поддршка и услуги. Сепак, од нивното формирање, советите не беа многу активни, со што локалната сервисна мрежа остана прилично фрагментирана и не целосно функционална и ефективна за повратниците.

Со поддршка од ЕУ и УНДП, Локалните совети за миграција се обновени и оспособени ефективно да обезбедат интегрирана и сеопфатна поддршка за повратниците. Денес, Локалните совети за миграција се енергични платформи каде што различни локални учесници – градската администрација, полицијата, Центарот за социјална работа, локалното биро за вработување, локалниот комесар за бегалци и миграција, Црвениот крст и граѓанските општествени организации – редовно се состануваат, координираат и ефикасно работат заедно за одговорат на предизвиците на повратниците. Локалните совети за миграција имаат меѓусекторски пристап, при тоа обезбедувајќи локалните институции и давателите на услуги да се поврзани и достапни за повратниците, со што би им се олеснил пристапот на повратниците до можностите за вработување, образование и здравствени услуги. Со мапирање на сложените предизвици со кои се соочуваат повратниците, идентификувајќи ги системските препреки и изнаоѓање (често иновативни) решенија за справување со предизвиците на повратниците, советите за миграција се системски решенија и конектори помеѓу креаторите на националните политики и локалните (јавни и невладини) даватели на услуги.

“Во претходните години, сите актери на локално ниво работеа одделно на решавање на проблемот со повратниците. Преку Локалниот совет за миграција, сите овие различни актери се поврзаа во една единствена мрежа“. – објаснува Љиљана Михајловиќ, член на локалниот совет за миграција во Нови Сад и директор на Покраинската канцеларија за вклучување на Ромите.“

Помошта беше обезбедена во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на националните и локални системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во Западен Балкан“. Како дел од овој проект, УНДП им помага на трите локални влади – Нови Сад, Ваљево и Бујановац – во активирање, или во некои случаи, реактивирање на нивните Локални совети за миграција. Проектот, исто така, обезбедува поддршка за градење на капацитетите на давателите на јавни услуги и локалните невладини организации, за да се обезбеди холистичка поддршка и да се насочи пристапот на повратниците до услугите на локално ниво и да се воведат нови услуги кои се однесуваат на специфичните потреби на повратниците. Ова е дел од заедничките напори на УНДП со партнерите за експериментирање и спроведување на иновативни, системски решенија за социо-економска реинтеграција на ранливите групи повратници, особено Ромите.

Постојат голем број витални улоги што ги играат локалните совети за миграција во ефективно реинтегрирање на ранливите повратници. Една од овие улоги е скенирање на потребите на повратниците и поврзување на учесниците со цел обезбедување сеопфатни решенија. За повеќето повратници низ економиите на Западен Балкан, еден од најголемите предизвици е недостатокот на формални работни места, најголемиот дел од повратниците заработуваат за живот преку неформални работни места. Сепак, има и други критични предизвици со кои се соочуваат повратниците, објаснува Љиљана Михајловиќ, директор на Канцеларијата за инклузија на Ромите на автономната покраина Војводина и член на Локалниот совет за миграција во Нови Сад, Србија.

Во Нови Сад, најголемата неформална ромска населба во градот е Велики Рит, каде што живеат повеќето повратници. Покрај лошата инфраструктура и субстандардните услови за живеење, нема одредба за регистрирање домашна адреса во Велики Рит. Како резултат на тоа, повратниците не можат да добијат лични документи, а без идентификација, тие не се подобни за социјална заштита. Со цел да се реши ова итно прашање, Локалниот совет за миграција во Нови Сад идентификуваше привремено, краткорочно решение за регистрирање на повратниците на привремена локална адреса, овозможувајќи им брз пристап до виталните услуги. Во меѓувреме, Локалниот совет за миграција активно работи на долгорочно решение. „Работиме на воспоставување процедури и локална мрежа која ќе им помогне на повратниците да добијат лични документи“, вели Љиљана. Иако процесот бара координација меѓу многу субјекти и повеќе процедури, Локалниот совет за миграција го презема водството во изнаоѓање решение за повратниците.

Локалните совети за миграција, исто така, имаат водечка улога во формулирањето и спроведувањето на Локалните акциони планови (LAPs). Локалните акциони планови се стратешки и акциски документи што ги усвојуваат локалните влади заедно со буџетите за да се осигураат дека се спроведуваат неопходните активности за справување со потребите. Проектот обезбеди експертска поддршка на локалниот совет за миграција во Нови Сад и две други општини во подготовката на нивните локални акциони планови.

“Би сакала да нагласам дека ова е првпат овие институции да се здружат за да работат на приоритетите и предизвиците на повратниците, конкретно и сеопфатно. Во Западен Балкан и во нашиот случај во Србија, ова е значаен чекор кон обезбедување повратниците да ја добијат поддршката што им е потребна за да напредуваат во нивните матични заедници.”

За проектот

Проектот за реинтеграција на повратниците во Западен Балкан е фокусиран на решавање на клучните бариери за социо-економска реинтеграција на ранливите повратници во Западен Балкан, особено во Албанија, Северна Македонија и Србија. Проектот е дел од Инструментот за претпристапна помош (IPA) II акција на повеќе земји, ЕУ поддршка за фундаменталните права на ромската заедница и реинтеграција на повратниците, доверен на УНДП, Светска банка и Советот на Европа.

Во примерот на Нови Сад, освен предизвикот од отсуството на домашна адреса, беа идентификувани неколку други итни приоритети за да се одговори на потребите на повратниците. Еден од идентификуваните приоритети е формирање на едношалтерски сервисен центар во близина на населбата Велики Рит, со цел услугите да се доближат до повратниците. Важно е Ромите и повратниците да имаат лесен и брз пристап до различни услуги преку овој центар. Приоритетите кои се идентификувани се вклучени во локалниот акционен план на Нови Сад, заедно со предложениот буџет за нивно спроведување. На пример, во овој сервисен центар, се обезбедува поддршка за запишување во училиштата на деца повратници и помош за учење на децата повратници, кои се од витално значење за спречување на отпишувањето од училиште и придонесуваат за подобрување на образовните резултати и реинтеграција на децата повратници.

Богданка Тасев Периновиќ, проект менаџер во УНДП Србија, објаснува дека локалните совети за миграција имаат значајна улога во обезбедувањето повратниците успешно да се реинтегрираат во нивните матични заедници и да водат исполнет живот. Со обезбедување помош и поддршка за повратниците, промовирање на социјалната инклузија и следење и оценување на процесот на реинтеграција, локалните совети за миграција обезбедуваат повратниците да ја имаат потребната поддршка за да напредуваат во своитематични заедници. „Би сакала да истакнам дека ова е прв пат овие институции да се здружат за да работат на приоритетите и предизвиците на повратниците, конкретно и сеопфатно. Во Западен Балкан и во нашиот случај во Србија, ова е значаен чекор кон обезбедување повратниците ја добиваат поддршката што им е потребна за да напредуваат во своите матични заедници“, вели Богданка.