Skip to main content

Апликација „Bebbo“, онлајн алатка за родители во Црна Гора

Онлајн апликација која обезбедува веродостојни родителски совети е достапна бесплатно за сите семејства во Црна Гора.

Маја Мирановиќ е мајка на петгодишно девојче и, како сите родители, се интересира за најдобрите можни позитивни родителски методи; вклучувајќи ги здравјето и безбедноста, како и развојот и учењето на нејзината ќерка. Меѓутоа, добивањето веродостојни информации за родителство не е секогаш лесно, бидејќи постојат бројни извори на официјални и неофицијални информации. Од февруари, годинава, Маја ја користи мобилната апликација „Bebbo“ за да добие одговор на некои од клучните прашања кои ги има во врска со позитивното родителство.

„Со оглед на тоа што живееме во ера на Интернет комуникација и подем на социјални мрежи; честопати сме бомбардирани со информации и совети од различни извори и не сме во можност веднаш да ја процениме веродостојноста на некои од информациите. Апликацијата „Bebbo“ ми овозможува да заштедам време и енергија затоа што сè што наоѓам на неа доаѓа од доверлива институција, па, затоа, ја препорачувам на сите родители кои ги познавам,“ вели Маја.

Апликацијата „Bebbo“ е бесплатна онлајн алатка која беше лансирана во февруари, годинава; а Маја беше дел од тест групата родители кои ја испробаа апликацијата, давајќи предлози за нејзин понатамошен развој. Од нејзиното лансирање, Маја активно ја користи апликацијата и ја препорачува на други родители. Статиите и советите ги опишува како конкретни, прецизни и веродостојни. „Неколку загатки предложени за одредена возраст не само што нè забавуваа и направија времето да ни помине побрзо, туку и ми покажаа дека моето дете е способно да размислува на начин кој, дотогаш, не го бев забележала,“ раскажува Маја.

„Апликацијата е спуштена повеќе од 7800 пати во Црна Гора. Родителите ја оценија со просечна оценка од 4,53 од 5. Овие бројки покажуваат дека родителите се задоволни од апликацијата; но, планираме континуирано да ја надградуваме со нови содржини; обидувајќи се да ја направиме корисна за што повеќе родители и професионалци.“

Професионално родителство склопено во една апликација

Апликацијата „Bebbo“ беше развиена и лансирана од Регионалната канцеларија за Европа и Централна Азија на УНИЦЕФ, со придонес на ЕУ. Апликацијата е дизајнирана за да им помогне на родителите на деца под шест години, со лесни совети на теми како доење и одвикнување од бебешка храна, здравје, исхрана, имунизација, учење, играчки и игри за деца, развојни достигнувања и позитивно родителство. Корисни и интерактивни алатки помагаат за негување и помош за детското здравје и развој. Ида Фердинанди, одговорна за ран детски развој при УНИЦЕФ Црна Гора, објаснува дека се особено задоволни од резултатите и досегашните реакции на родителите. „Апликацијата е спуштена повеќе од 7800 пати во Црна Гора. Родителите ја оценија со просечна оценка од 4,53 од 5. Овие бројки покажуваат дека родителите се задоволни од апликацијата; но, планираме континуирано да ја надградуваме со нови содржини; обидувајќи се да ја направиме корисна за што повеќе родители и професионалци,“ вели Ида.

Понатаму, Ида објаснува дека сите содржини се развиени и потврдени од експерти за ран детски развој и голем тим професионалци; вклучително девелопери, експерти и практичари за детска психологија. Дополнително, канцеларијата на УНИЦЕФ во Црна Гора работеше на адаптација на апликацијата за специфичните потреби во државата.

„Моравме да ја адаптираме содржината на нашиот контекст, па затоа склучивме партнерство со Институтот за јавно здравје кој ги провери и прилагоди дел од статиите или помогна за развој на нови содржини. На пример, го адаптиравме вакциналниот календар кој е значително различен во другите земји, педијатрискиот распоред, достапните здравствени услуги и информациите за телефонски броеви и директни телефонски линии („хотлајн“). Моравме да контекстуализираме за луѓето во Црна Гора да можат да извлечат максимална полза од услугите на апликацијата „Bebbo““, вели Ида.

„Финансиската поддршка на ЕУ беше неопходна, како за развивање на апликацијата на регионално ниво, така и за нејзиното лансирање на локално ниво. Апликацијата е богато дизајнирана, со бројни функции за да ги задоволат потребите кои родителите би можеле да ги имаат. Целиот процес вклучи неколку месеци напорна работа и прилично голем професионален тим. За локалната адаптација на апликацијата, употребивме ресурси од проектот „ЕУ и УНИЦЕФ за раниот детски развој во Црна Гора“.

За проектот

Апликацијата за родителство беше развиена од УНИЦЕФ. Проектот „Ублажување на влијанието на КОВИД-19 врз децата и семејствата во Западен Балкан и Турција“, финансиран од ЕУ, го поддржа развивањето на одредени функции и подобрувања на апликацијата; како и тековна техничка поддршка за канцелариите во земјите на Западен Балкан во текот на фазата за адаптација. Проектот беше отпочнат во 2021 година; од страна на УНИЦЕФ и Генералната дирекција за соседство и проширувачки преговори на Европската комисија. Истиот цели кон зајакнување на националното здравје, образование, ран детски развој и системи за заштита на децата, како и обезбедување континуиран доток на клучни услуги за децата на ранливите категории и нивните семејства како непосреден и долгорочен одговор за закрепнување од КОВИД-19. Во Црна Гора, адаптацијата на апликацијата беше финансирана преку проектот „ЕУ и УНИЦЕФ за раниот детски развој во Црна Гора“ (2020 – 2023).

Според Ида, развојот на апликацијата барал значаен напор од аспект на финансии и експертиза. „Финансиската поддршка на ЕУ беше неопходна, како за развивање на апликацијата на регионално ниво, така и за нејзиното лансирање на локално ниво. Апликацијата е богато дизајнирана, со бројни функции за да ги задоволат потребите кои родителите би можеле да ги имаат. Целиот процес вклучи неколку месеци напорна работа и прилично голем професионален тим. За локалната адаптација на апликацијата, употребивме ресурси од проектот „ЕУ и УНИЦЕФ за раниот детски развој во Црна Гора“,“ вели Ида.

Ида објаснува дека Институтот за јавно здравје во Црна Гора размислува за преземање на управувањето со апликацијата на долгорочен план. Во меѓувреме, УНИЦЕФ и Институтот за јавно здравје развиваат нови содржини кои ги објавуваат на апликацијата.

Промовирање човекови права во традиционална средина

Организација, во Албанија, помага за промоција на човекови права со младинско волонтерство и поддршка на проект финансиран од ЕУ.

Областа Дебар е лоцирана во планинскиот регион по течението на реката Црни Дрим, во североисточна Албанија; во близина на границата со Северна Македонија. Областа е сериозно погодена од емиграциски бранови; особено емиграција на младите, кои велат дека нема што да се прави во Дебар. Меѓутоа, локалната невладина организација, „Local Action Group (LAG)“, со години работи за да го направи местото интересно за младите; нудејќи им можност да придонесат за општеството и да бидат поактивни.

Ерблина има 21 година, доаѓа од областа Дебар, и студира медицина во Тирана. Дел е од невладината организација „Local Action Group“ од нејзината 16-та година, и продолжува да придонесува кога си доаѓа дома за празниците. Објаснува дека е активистка уште од деветто одделение. „Имав бројни придобивки од волонтерството: ми помогна да се оформам како личност. Исто така, прекрасно е чувството кога помагаш, а твојот придонес дава резултати,“ вели таа.

„Одлучивме дека мора да направиме нешто за да го пополниме јазот; преку застапување и лобирање за човекови права.“

Градење капацитети за зајакнување локални акции

Невладината организација „Local Action Group“ беше основана во 2016 година. На времето, Кимете работела како наставничка, а напоредно и во Меѓународниот Црвен Крст. Објаснува дека  Дебар е еден од најсиромашните региони во Албанија; каде, покрај проблемите со сиромаштија, се јавуваат и проблеми поради традиционалниот менталитет кој влијае врз човековите права. Кимете забележала дека многу малку се прави за да се реши овој проблем. „Затоа, одлучивме дека мора да направиме нешто за да го пополниме јазот; преку застапување и лобирање за човекови права,“ вели таа.

Со оглед на тоа што станува збор за локална организација во оддалечен предел, Кимете и нејзините пријатели имале многу малку искуство за тоа што е потребно за управување со невладина организација; а, истовремено, и малку можности за стекнување на неопходните вештини. За среќа, добиле можност од страна на проектот „Техничка помош за организациите на граѓанското општество“ (TACSO), финансиран од ЕУ, чија мисија била подобрување на капацитетите и зајакнување на улогата на организациите на граѓанското општество во Западен Балкан.

Со стекнатото знаење преку проектот „TACSO“, невладината организација „LAG“ добила можност да придонесе за заедницата преку имплементирање проекти фокусирани на човекови права и други теми. Нивниот прв проект, фокусиран на превенција од семејно насилство, бил исто така финансиран од ЕУ, и е еден од најзначајните за Кимете. Објаснува дека затоа што Дебар е традиционален регион; жените, обично, одбиваат да зборуваат за случаи на семејно насилство или злоупотреба од страна на мажите во семејството. „Навистина е тешко за жените во руралните подрачја да зборуваат или да бараат помош за теми во врска со насилство. Самиот факт што сме локална организација беше особено корисен затоа што имавме полесен пристап до домаќинствата и посетите од куќа до куќа, а зборувавме и со значаен број ранливи жени и ги поддржавме на најразлични начини,“ вели таа.

„Проектот „TACSO“, на ЕУ, е со нас уште од првиот ден, и е неопходен за нашиот успех.“

За проектот

Проектот „Техничка помош за организациите на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција (TACSO)“ е регионален проект, финансиран од ЕУ, за подобрување на капацитетите и зајакнување на улогата на организациите на граѓанското општество. Проектот им помага на организациите на граѓанското општество да заземат активен дел во демократските процеси во регионот; стимулирајќи погодна средина за граѓанското општество и плуралистички медиумски развој. Проектот работи во Албанија, БиХ, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција. „TACSO“ е дел од механизмот за граѓанско општество на ЕУ кој овозможува поддршка за организациите на граѓанското општество во оние држави кои сè уште не се дел од ЕУ. Организациите на граѓанското општество играат значајна улога во ЕУ и имаат статус на клучни чинители во поддршката на пристапниот процес на државата.

За Кимете, најголемиот успех на организацијата е, можеби, инволвирањето на младите во нивните активности. Денес, организацијата има преку 300 активни волонтери кои редовно придонесуваат во активностите. „Дебар нема младински организации или претставништво на младите на локално ниво. Преку нивното вклучување во активностите на организацијата, им даваме можност да им помогнат на другите, но, исто така, добиваат можност и нивниот глас да биде слушнат,“ вели Кимете.

Но, Кимете потенцира дека без поддршка на проектот „TACSO“, можеби ниту еден од нивните проекти не би бил реализиран. Проектот „TACSO“ ја обучил неа, а и нејзиниот тим, на бројни начини; вклучително и за пишување на проектни предлози, финансиско менаџирање на проектите, најдобрите начини за искористување на волонтерите, дигитални комуникациски техники и многу други корисни вештини. Таа вели: „Проектот „TACSO“, на ЕУ, е со нас уште од првиот ден, и е неопходен за нашиот успех.“

Достапна и здрава храна за младите

Проект, финансиран од ЕУ, поддржува стручни средни училишта во производство на здрава храна без алергени.

Дебелината (обезноста) е растечки феномен меѓу младите во БиХ и Србија. Според научни трудови, изработени во двете држави, приближно 15 % од младите се соочуваат со обезност, а преку 35 % од нив се наоѓаат во, така наречена, пред-обезна состојба. Од друга страна, пак, дури 10 % од населението имаат развиено нетолеранција кон одредена храна; манифестирајќи алергиски реакции кои го нарушуваат здравјето. Научното истражување дојде до заклучок дека главниот причинител е брзата храна; а членови од невладината организација „Limitless Association“, од Србија, презедоа акција со цел да придонесат за подобрување на ситуацијата.

Во соработка со средните стручни училишта во прекуграничните градови; Рума, во Србија, и Зворник, во Бих, невладината организација „Limitless Association“ започна проект чија цел е стимулирање вработеност за младите во прекуграничниот предел преку понуда на гастрономски производи. Заедно со вработувањето, проектот цели кон креирање здрав и безбеден избор на храна за младите и ранливите групи; и тоа по достапни цени.

„За жал, во прекуграничниот регион, здравата храна без алергени скоро и да не постои; па, затоа, моравме да преземеме акција.“

Нови хранливи авантури

Јован Јовановиќ е проектен менаџер при „Limitless Association“. Објаснува дека нивната идеја е да ги комбинираат целта за зголемување на вработувањето меѓу младите во прекуграничниот простор со мисијата за обезбедување здрава храна за младите; особено младите од ранливите групи со финансиски предизвици. „За жал, во прекуграничниот регион, здравата храна без алергени скоро и да не постои; па, затоа, моравме да преземеме акција,“ вели Јован.

Стручното средно училиште „Бранко Радичевиќ“, од Рума, и „Петар Кочиќ“, од Зворник, се дел од проектот и нудат обука за кетеринг и неколку децениско искуство во работата со млади. Меѓутоа, им недостасуваше опрема и тековна експертиза за да ги научат учениците како да подготвуваат здрава храна. Најпрво, проектот им помогна при реновацијата на нивните кујни; опремувајќи го со современа опрема. Потоа, проектот отпочна и две помошни програми за обука за наставници и ученици во доменот на здрава храна без алергени.

Здравата храна подготвена од учениците во училиштата ќе биде понудена во училишните мензи по достапни цени. Јован објаснува дека овие мензи ќе бидат регистрирани како општествени претпријатија, така што ќе се обезбеди и нивната одржливост. Мензите ќе бидат непрофитни, но, со остварените приходи, ќе можат да купат квалитетни суровини за подготовка на храната. Истовремено, учениците ќе се стекнат со значајно искуство; па, дури стигнат до моментот на матурирање, ќе бидат подготвени за пазарот на труд.

„Поддршката од ЕУ беше неопходна за спроведувањето на проектот; затоа што ниту едно од училиштата, ниту, пак, локалните влади, не беа во можност да го спроведат истиот.“

За проектот

Проектот „Здрави и безбедни гастрономски производи како потенцијал за ново вработување“, финансиран од ЕУ, е поддржан како дел од Прекуграничната програма Србија – БиХ 2014 – 2020; во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), со распределби за 2016, 2017 и 2018 година. Проектот започна во мај 2022 година, а се очекува да заврши на крајот од 2022 година.

Невладината организација „Limitless Association“ забележа недостаток од органска и здрава храна без алергени во училиштата во прекуграничниот простор; па, затоа, проектот ќе преземе активности за промоција на специјализираното знаење на матурантите на пазарот на труд. Проектот ќе отпочне, исто така, и веб пазарен портал за угостители кој ќе им овозможи на работодавците директно да се поврзат со квалифицираните ученици чија експертиза ќе биде загарантирана од страна на училиштето.

Овој проект е финансиран од ЕУ со преку 250000 евра. Јован објаснува дека без поддршката на ЕУ, реализацијата на проектот не би била возможна. „Поддршката од ЕУ беше неопходна за спроведувањето на проектот; затоа што ниту едно од училиштата, ниту, пак, локалните влади, не беа во можност да го спроведат истиот,“ вели тој. Исто така, се надева дека спроведените активности, во рамки на проектот, ќе послужат како пример за училиштата во другите градови ширум Србија и дека владата ќе ги употреби овие примери за умножување на проектот.

Зајакнување на соработката со граѓанското општество

Локалните влади во Албанија го подобруваат својот капацитет за управување на соработката со граѓанското општество преку поддршка на Европската Унија.

Извештајот за напредок на Албанија за 2016 година, од Европската комисија, утврди дека локалната влада пројавува недостаток на адекватни капацитети за осигурување соодветна соработка и финансирање на граѓанското општество. Извештајот забележа, исто така, и потреба за адекватни административни и правни структурни промени; како и зголемен човечки капацитет за овозможување подобра средина за соработка помеѓу граѓанското општество и локалната влада.

Стела Мардуша осум години работи како специјалист во отсекот за европска интеграција во општината Скадар. Ги објаснува потешкотиите со кои била соочена општината при исплаќањето средства и соработката со граѓанското општество. „Немавме специфична методологија за соработка со организациите на граѓанското општество. Затоа, ни беше тешко да одредиме проекти на граѓанското општество со јасно дефинирани приоритети и резултати,“ вели Стела.

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан е регионална иницијатива, финансирана од ЕУ, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во шест држави во регионот на Западен Балкан. Во 2017 година, Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан отвори повик за општините во Албанија кои имаа можност да се пријават за да бидат дел од програмата за поддршка чија цел беше зголемување на ефикасноста на административните и човечки капацитети при соработката со организациите на граѓанското општество. Општината Скадар беше меѓу 35-те општини кои се пријавија и меѓу 12-те кои добија поддршка.

„Има значаен обем на работа, но, на крајот, трудот се исплаќа затоа што овозможува одлична прилика за тесна соработка со граѓанското општество.“

За Стела, главната и најзначајна новина, воведена од програмата, била методологијата „LOD“ (Локална демократија) и прирачникот одобрен, од општинскиот совет, на почетокот од соработката со Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан. „LOD“ означува „локална демократија“ и станува збор за инструмент усогласен со правилата на ЕУ во доменот на финансирање екстерни акции и осигурување отворена процедура, еднакви можности за сите кандидати, видливост и транспарентност. Прирачникот започнува со одредување на приоритетите, начинот на отворање на повикот, управување со проектот и чекори за имплементација, мониторинг и напредок. „Има значаен обем на работа, но, на крајот, трудот се исплаќа затоа што овозможува одлична прилика за тесна соработка со граѓанското општество,“ вели Стела. 

Зајакнување на човечките ресурси за подобрување на квалитетот на услугите

Зајакнување на капацитетите на персоналот на партнерските општини и организации на граѓанското општество, во циклусот на проектен менаџмент, беше еден од клучните столбови на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан. Покрај воведувањето на методологијата „LOD“ (Локална демократија), програмата ги поддржа партнерските општини во обучување на нивниот персонал за имплементација на методологијата. Обуката вклучи техничко познавање за изготвување извештаи и буџети, проектна имплементација и мониторинг, во согласност со стандардите на ЕУ, како и други неопходни вештини. Стела вели дека освен стапувањето во близок контакт со организациите на граѓанското општество, обуката ѝ помогнала и за структурирање на добри работни практики.

Општините Скадар и Тирана брзо и успешно ја усвоија и применија методологијата „LOD“ (Локална демократија) и, сега, служат како ментори за новите партнерски општини.

„По пет години искуство, ги повикувам колегите да ја искористат можноста која ја нуди Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан. Претставува одлично искуство кое овозможува учење за администрацијата: се работи за долгорочен курс; а, на крај, победници се локалните администрации, организациите на граѓанското општество и општеството.“

За проектот

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан е регионална иницијатива, финансирана од ЕУ, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Програмата цели кон зајакнување на партиципативните демократии и евро-интеграцискиот процес во Западен Балкан преку зајакнување на граѓанското општество за земање активен удел во носењето одлуки; како и преку стимулирање и овозможување правна и финансиска средина за граѓанското општество и плуралистичките медиуми. Програмата работи, исто така, и на зајакнување на партнерствата помеѓу локалните влади и граѓанските општества во Западен Балкан преку надоградување на успешен модел за транспарентно финансирање проекти на граѓанското општество од страна на буџетите на локалните влади; насочен кон поголемо вклучување на граѓаните во донесувањето одлуки и подобрување на испораката на локални услуги.

Во првите три години, Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан овозможи, исто така, финансирање за локалните непрофитни организации. Повеќе од 5000 жители на Скадар ги искористија иницијативите за промовирање општествена инклузија, зајакнување на жените, туризам, култура и младина. Оваа шема за грантови им овозможи на општинските службеници да ја имплементираат методологијата „LOD“ (Локална демократија), како и стекнатите знаења од обуката.

Стела вели дека многу научила од ова успешно патешествие и, сега, се чувствува подготвена да го сподели знаењето со нејзините колеги и други партнерски општини кои се приклучија во Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан во 2021 година. „По пет години искуство, ги повикувам колегите да ја искористат можноста која ја нуди Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан. Претставува одлично искуство кое овозможува учење за администрацијата: се работи за долгорочен курс; а, на крај, победници се локалните администрации, организациите на граѓанското општество и општеството,“ вели Стела.

Млади претприемачи развиваат вештини преку границите

Средношколци во граничниот регион помеѓу Србија и Северна Македонија ги зголемуваат своите можности за кариера со поддршка од ЕУ.

Марина Џориќ тукушто заврши средно економско и трговско училиште во Врање, Србија. Од богатиот избор, таа го избра туризмот. „Уште од прва година знаев дека ова е мојата професионална определба,“ вели Марина. Во текот на нејзиното средно образование по туризам, Марина и нејзините соученици научиле за теми како туристички менаџмент, маркетинг и претприемништво; но, недостасувал еден значаен елемент: можност за примена на стекнатите вештини во вистинскиот живот. Можноста се појавила за време на последната година; преку проект, финансиран од ЕУ, во точниот момент кога Марина и нејзините соученици имале потреба од ваква поддршка.

Дополнителен недостаток во нејзиното образование била и старата опрема за информатика која не работела соодветно во нејзиното училиште. Притоа, проектот обезбедил поддршка за училиштето во форма на опрема. Но, Марина потенцира дека најзначајната придобивка за неа било практичното работно искуство.

„На пример, имавме заедничка работилница и натпревар со ученици од други училишта во коишто требаше да развиеме идеи за стартап бизниси и да изготвиме бизнис предлог и краток филм за нашите идеи. Соученикот и јас, добивме идеја за слаткарница. Притоа, моравме да направиме истражување и ги посетивме слаткарниците во регионот за да сфатиме како функционираат нивните бизниси и да ги препознаеме најдобрите примери за да ги вклучиме во нашиот предлог. Ова ни помогна да разбереме подобро како функционираат идеите за деловен развој,“ вели Марина.

„Поради недостатокот на опрема или можности за практично искуство во училиштата, учениците мораа да поминат една дополнителна година после завршувањето на средното училиште; и тоа со цел развивање на нивните вештини преку пракса пред да добијат работа. Сакавме да придонесеме за надминување на овој проблем.“

Практични вештини и знаење за подобар почеток на кариерата

Јован Јовановиќ е менаџер на проект, финансиран од ЕУ, за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Србија, насловен „Центри за иновативен развој на општествено претприемништво: современи перспективи за општествена интеграција на младите“. Идејата за проектот потекнува од предизвиците како, на пример, недостатокот на опрема и можности за практична работа и пракса за средношколците од двете страни на границата. „Поради недостатокот на опрема или можности за практично искуство во училиштата, учениците мораа да поминат една дополнителна година после завршувањето на средното училиште; и тоа со цел развивање на нивните вештини преку пракса пред да добијат работа. Сакавме да придонесеме за надминување на овој проблем,“ вели Јован.

Освен средното училиште во Врање, проектот го опфаќа и средното училиште „Перо Наков“ во Куманово, Северна Македонија. И во двете училишта, проектот е заснован во центар за иновативен развој на општествено претприемништво, опремен со модерна технологија; обезбедувајќи дополнителна обука за наставниците во доменот на општествено и модерно претприемништво. Проектот обезбеди, исто така, и поддршка насочена кон профилите за економско образование кое се предава во овие училишта. И во двете образовни институции, проектот започна општествени претпријатија кои можат да создаваат приход и да им помогнат на средношколците да добијат доволно практично искуство пред да матурираат.

На пример, училиштето во Куманово има секција за графички дизајн, но не поседува професионален печатач со кој учениците би можеле да ги отпечатат своите креации. Проектот го опреми училиштето со машини за печатење кои овозможуваат печатење врз шолји, текстил и други материјали. Дизајните креирани од учениците сега ќе можат да бидат отпечатени и понудени на пазарот. На истиот начин, училиштето во Врање има кулинарска секција која проектот ја опреми со современа опрема за готвење. Наскоро, училиштето ќе ги претстави своите прехранбени производи на пазарот. „Останати секции, како, на пример; продажба, финансии и реклама, ќе бидат дел од овие општествени претпријатија во кои учениците ќе можат да ги употребат своите вештини во вистински ситуации и да остварат приход за училиштата,“ вели Јован.

„Поддршката од ЕУ е значајна; и тоа во насока на финансиски придонес, но и долгорочна одржливост.“

За проектот

Севкупната цел на проектот „Центри за иновативен развој на општествено претприемништво: современи перспективи за општествена интеграција на младите“, финансиран од ЕУ, е обезбедување поддршка за младите да можат да го развијат својот потенција и да започнат општествено претприемништво со можности за тестирање на нивните идеи во пракса. Проектот има за цел да ја реализира оваа мисија преку активности како, на пример; отпочнување на центри за претприемништво во училиштата, обука на наставниците, имплементација на студиски посети за учениците и обезбедување модерна опрема за училиштата. Целосната финансиска вредност на проектот изнесува преку 170000 евра и е финансирана преку ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Србија и Северна Македонија.

Како крајна мисија, проектот ќе креира и веб-платформа од која, покрај учениците, ќе извлечат корист и малите и средни претпријатија. Порталот ќе вклучи податочна база на мали и средни претпријатија од регионот; во којашто претпријатијата ќе можат да ги претстават своите производи. Дополнително, страницата ќе содржи и дел во кој учениците ќе можат да се претстават себеси и своите вештини преку кратки видеа. „На овој начин, ќе можеме да ја зголемиме економската соработка во прекуграничниот регион, но и да ги зголемиме можностите за вработување за учениците,“ вели Јован.

Јован вели дека финансиската поддршка од ЕУ била неопходна за реализирање на проектната идеја, бидејќи овие училишта единствено добиваат финансирање од нивните соодветни влади; и тоа за итни потреби; како, на пример, поправки на старите кровови кои протекуваат. Тој додава дека и самиот факт што проектот е поддржан од ЕУ, придонесува за неговата одржливост – „печатот за одобрување“ на финансии од ЕУ дава гаранција дека проектот е заснован на детални анализи и високи стандарди; што, всушност, значи дека локалните и централни власти, како и други организации, посериозно го сфаќаат проектот.

„Поддршката од ЕУ е значајна; и тоа во насока на финансиски придонес, но и долгорочна одржливост,“ вели Јован.

Производство на грицки со сончева енергија

Претпријатие од БиХ стана приближно целосно енергетски независно преку инсталирање соларни панели со поддршка на ЕУ.

Претпријатието „Voćar“, од Брчко, беше основано пред 30 години. Во босанскиот јазик, името на компанијата означува „одгледувач на овошје“, а „семето“ на претпријатието било засадено од Авдо Мусиќ пред многу децении. Тој бил еден од најголемите производители на сливи во регионот кои ги продавал на локалните пазари. Во 1989 година, кога социјалистичка Југославија започнала економски да се либерализира, а на граѓаните им било дозволено да отворат приватни претпријатија, неговиот син, Мехо, одлучил да го издигне бизнисот и официјално го регистрирал и отворил претпријатието „Voćar“. Денес, „Voćar“ произведува широка палета грицки; од наполитанки и колачиња, па сè до пуканки и путер од кикиритки. Слоганот на претпријатието е „За подобар вкус на животот!“.

Денес, претпријатието го раководи внукот на Авдо, Есед Мусиќ. Есед објаснува дека патувањето од одгледување сливи до производство на грицки било предизвикувачко. За време на војната во БиХ, семејството, како и многу други семејства, за малку ќе загубело сè; а кога војната завршила, морале да започнат скоро од почеток. Во тој момент помислиле дека би можеле да ја прошират палетата производи. „Во тоа време скоро и да немаше производство во БиХ: сè беше увезено од странство. Одеднаш, се отвори голем пазар, па одлучивме да ја искористиме приликата и да се фокусираме на замена за увезените производи,“ вели Есед.

„Инсталирањето сопствен систем со соларни панели ќе беше огромен финансиски товар за нас. Поддршката од ЕУ беше навистина неопходна: ни даде „ветер во едра“ за да продолжиме со планирање на нашата работа и долгорочен развој.“

По војната, започнале само со пет работници, а денес „Voćar“ има 60 постојано вработени работници и бројни надворешни соработници кои извлекуваат полза од соработката со претпријатието. По 30 години, претпријатието произведува повеќе од 100 различни производи кои ги нудат на своите клиенти во БиХ, но, исто така, и во САД, Австралија, земјите во ЕУ и други.

Меѓутоа, пандемијата имаше влијание врз операциите на претпријатието како и врз глобалната економија. Есед раскажува дека за време на кризата започнале да размислуваат за тоа како би можеле сериозно да ги намалат трошоците за да можат да останат профитабилни. Првиот трошок на кој помислиле била сметката за електрична енергија, но секоја инвестиција била скапа, а во дадените околности, обидот за таква инвестиција делувал непрактичен.

Но, во 2021 година, со помош на проектот „EU4AGRI“, финансиран од ЕУ, долгогодишниот сон се остварил за претпријатието „Voćar“, бидејќи добиле можност да инвестираат во систем соларни панели кој им овозможил да задоволат 65 % од нивната целосна потреба за електрична енергија. „Инсталирањето сопствен систем со соларни панели ќе беше огромен финансиски товар за нас. Поддршката од ЕУ беше навистина неопходна: ни даде „ветер во едра“ за да продолжиме со планирање на нашата работа и долгорочен развој,“ вели Есед.

„Нашите производи се направени со помош на зелена енергија и сме особено горди на тоа.“

За проектот

Проектот „EU4AGRI“ е четиригодишна иницијатива (2020 – 2024) која цели кон модернизирање на земјоделско-прехранбениот сектор, креирање нови работни места, како и задржување на веќе постоечките преку поддршка за закрепнување од кризата КОВИД-19 во БиХ. Целосната вредност на проектот, финансиран од ЕУ, изнесува 20,25 милиони евра; а истиот е заеднички имплементиран и кофинансиран од страна на Агенцијата за развој на Република Чешка и Програмата за развој на Обединетите Нации во БиХ.

Досега, проектот „EU4AGRI“ ги поддржа земјоделците и претприемачите во БиХ со 45 инвестиции, вредни 5,5 милиони евра; од кои 3,2 милиони евра беа финансирани од ЕУ.

„Соларните панели беа поставени на покривот на нашите простории за производство и складирање кои беа идеални во поглед на локација и форма на покривот,“ објаснува Есед. „Нашата соларна електрана зафаќа 1000 метри квадратни и произведува 150 киловати електрична енергија; која има огромно влијание врз нашата енергетска независност.“ Трошоците за изградба на соларната електрана беа околу 83000 евра; од кои околу 54000 евра беа обезбедени преку проектот „EU4AGRI“, а околу 29000 евра од страна на претпријатието „Voćar“.

Додатна вредност на проектот е намалувањето на емисијата јаглероден диоксид (CO2) на претпријатието за, приближно, 76 %; намалувајќи го, на овој начин, и нејзиното негативно влијание врз животната средина. Како што Есед вели: „Нашите производи се направени со помош на зелена енергија и сме особено горди на тоа.“

Досегашните резултати беа поттик за „Voćar“ да ги задоволи своите потреби за електрична енергија единствено од обновливи извори во претстојниот период. Есед објаснува: „Имаме уште достапни површини на покривите кои ги исполнуваат критериумите за инсталирање соларни електрани и сакаме да достигнеме 100 % енергетска независност. На овој начин, дополнително ќе придонесеме за заштита на животната средина.“

Роботска рака која резултира со добро нахранети риби

Лабораторија, поддржана од ЕУ, им овозможува на браќа од Црна Гора да развијат уред за управување со количината и квалитетот на храната за риби.

Богдан и Горан Максимовиќ се браќа од Никшиќ, Црна Гора. Помладиот брат, Богдан, е експерт за ИТ, а неговиот помлад брат, Горан, е електричар и страстен рибар. Кога ги здружиле силите, заедно го креирале иновативниот уред за хранење риби. „Денешниот процес за хранење на рибите е прилично старомоден: истиот од пред 50 години. Луѓето не знаат ни колку риби имаат во рибарникот, а уште помалку колку храна им е потребна; па, затоа, смисливме систем кој може да помогне со штедење храна, а, на тој начин, и пари,“ вели Горан.

Горан понатаму објаснува дека немањето претстава колку храна им е потребно на рибите може да создаде други проблеми; како, на пример, прекумерната храна може да ја загади водата и да доведе до смрт на рибите. „Сега, сите овие проблеми се решени,“ вели Горан. Уредот за хранење риби кој го креирал со својот брат може да се користи за програмирање и набљудување на храната која им се дава на рибите. Врз основа на овие информации, уредот може да пресмета колку храна им е потребно дневно. Уредот работи на соларен панел, па, оттука, енергијата е ефикасна и мобилна; а направата може да се користи во рибници на оддалечени места; како, на пример, високите планини.

„Моравме да воведеме и објасниме, од самата основа, концепти како иновација, стартапови и технологија. Но, успеавме да создадеме одреден вид на епицентар од добра енергија, идеи, проекти и способности, и сме особено среќни за тоа.“

Место за иновација

Уредот за хранење риби беше развиен и тестиран во Центарот за иновации и претприемништво „Tehnopolis“, во Никшиќ, кој е центар за развивање стартап претпријатија и претприемништво. Неодамна, проект, финансиран од ЕУ, со наслов „Подобрување на инфраструктурата за истражување и иновација која може да се употреби со цел поддршка на развој на мали и средни претпријатија“, го поддржа „Tehnopolis“ во формирањето нова лабораторија за индустриски дизајн, биотехнолошка лабораторија и податочен центар. 3Д моделот за уредот за хранење риби беше развиен во лабораторијата за индустриски дизајн; опремена со најсовремен 3Д принтер, компјутерско нумеричко контролни машини и роботска рака.

Ѓорѓије Брукљан е одговорен за Центарот за програмски активности, истражување и развој во „Tehnopolis“, основан во 2014 година од страна на владата на Црна Гора како непрофитна организација со ограничена одговорност во владина сопственост. Ѓорѓије објаснува дека почетокот бил особено тежок затоа што во Никшиќ немало активности од технолошки карактер пред отворањето на „Tehnopolis“. „Моравме да воведеме и објасниме, од самата основа, концепти како иновација, стартапови и технологија. Но, успеавме да создадеме одреден вид на епицентар од добра енергија, идеи, проекти и способности, и сме особено среќни за тоа,“ вели Ѓорѓије.

Ѓорѓије објаснува дека нивната целна група е доста широка и вклучува мали деца, возрасни луѓе во своето средно и поодминато доба, студенти, стартапови и претприемачи, тимови за развој, микро, мали и средни претпријатија, земјоделски производители, институции, инвеститори, локални и регионални партнери и други.

„Моментално, околу 40 иноватори се служат со податочниот центар, лабораторијата за биотехнологија; како и лабораторијата за индустриски дизајн, во нашиот центар, целосно финансиран од ЕУ.“

За проектот

Проектот „Подобрување на инфраструктурата за истражување и иновација која може да се употреби со цел поддршка на развој на мали и средни претпријатија“, финансиран од ЕУ, овозможи поддршка за „Tehnopolis“ за развој на инфраструктурните капацитети на биохемиската лабораторија, лабораторијата за индустриски дизајн и податочниот центар. Проектот резултира со креирање на иновативна платформа за поддршка на нови услуги и производи во Црна Гора, како и конкурентност на постоечките мали и средни претпријатија; овозможувајќи помош за развивање нови мали и средни претпријатија ориентирани кон технологијата. Целосниот буџет на проектот изнесуваше 818000 евра.

Досега, „Technopolis“ има имплементирано околу 30 проекти, од кои 16 се сè уште во тек. Преку 90 % од средствата за овие проекти се обезбедени од ЕУ; која го поддржува „Technopolis“ со околу 4 милиони евра, преку различни програми, во текот на последните пет години. „Моментално, околу 40 иноватори се служат со податочниот центар, лабораторијата за биотехнологија; како и лабораторијата за индустриски дизајн, во нашиот центар, целосно финансиран од ЕУ,“ вели Ѓорѓије.

„Исто така, ги развиваме и нашите човечки ресурси за да бидеме сигурни дека имаме луѓе со соодветни вештини за ракување со опремата. Ова значи дека, во иднина, ќе можеме да обезбедиме поголема поддршка за земјоделците, иноваторите и малите и средни претпријатија кои сакаат да го подобрат својот производствен процес и да станат поконкурентни на пазарот,“ заклучува тој.

Споделувањето повеќе љубов, најнакрај, ќе ја запре омразата

Познати личности во Србија се придружуваат во борбата против говор на омраза против ЛГБТИ заедницата и други целни групи.

„Блокирај ја омразата. Сподели љубов“ е слоганот на новата инцијатива на ЕУ и Советот на Европа која има за цел борба против говорот на омраза; вклучително и растечкиот волумен на негативни содржини, особено на социјалните медиуми. Признавајќи дека станува збор за тешка битка за повлекување линија помеѓу слободата за изразување и говорот на омраза; регулирањето на тоа што е соодветно и каде се потребни филтри, кампањата цели кон едуцирање на корисниците на социјалните медиуми за обрнување внимание на тоа што го објавуваат на своите профили или на останатите јавни платформи.

Иницијативата има за цел да се бори против различните форми на говор на омраза насочени кон одредени заедници и ранливи социјални групи. Во Србија, како и на другите места во Балканот, кампањата инволвира јавни личности во својство на амбасадори за промена. Личности познати по своите достигнувања во доменот на уметноста, глумата, спортот, и други, ги охрабруваат своите публики и следбеници да дискутираат и усвојат позитивно однесување во разнолики општества; да ги променат предрасудите и да промовираат еднаквост. Лидерите на кампањата веруваат дека на овој начин може да се иницира потребната промена на јавното мислење и да се намали проблематичниот јазик во онлајн сферата.

„Ги повикуваме луѓето двапати да размислат пред да објават нешто онлајн: да бидат свесни дека токсичните приказни брзо се шират, а нивните ефекти се непоправливи затоа што можат да поттикнат омраза, а и насилство против одредена индивидуа или група; без разлика на намерата.“

Нинослав Младеновиќ од отсекот за антидискриминација, при Советот на Европа, е член на тим кој работи на проектот „Промоција на разноликост и еднаквост во Западен Балкан“. Објаснува дека е важно да се пренесе оваа порака до луѓето кои не се свесни за штетата која ја предизвикуваат; можеби ненамерно, со цел да бидат свесни за тоа како останатите можат да се чувствуваат во врска со нивните изјави. „Ги повикуваме луѓето двапати да размислат пред да објават нешто онлајн: да бидат свесни дека токсичните приказни брзо се шират, а нивните ефекти се непоправливи затоа што можат да поттикнат омраза, а и насилство против одредена индивидуа или група; без разлика на намерата.“

Размислување за онлајн трагата

Регионалната кампања на Советот на Европа доби дополнителна димензија во Србија каде што корисниците на онлајн медиуми добија блиц прашање: „Каква трага оставате онлајн?“ Ова ги поттикна корисниците да размислат пред да објават нешто; потсетувајќи ги дека содржината останува и нема веднаш да исчезне; без разлика на тоа дали поттикнува насилство или емпатија.

„Важно е што ја имаме моќта да го користиме нашиот јавен простор за промовирање емпатија, разбирање и заедничка почит, бидејќи тоа е тоа што, несомнено, недостасува во општеството.“

За програмата

Оваа програма ги поддржува клучните локални чинители и кориснички институции во Србија, и пошироко во Западен Балкан, во борбата против дискриминација, говор на омраза и злосторства од омраза насочени кон малцинства, луѓе од ЛГБТИ заедницата и ранливи групи во општеството. Исто така, ги поддржува напорите на Србија и останатите земји-кориснички од Западен Балкан во контекст на пристапните преговори со ЕУ во доменот на основни права. Оваа програма е финансирана во рамки на Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022, на ЕУ и Советот на Европа.

Една од највпечатливите фигури во светот на глумата, Славен Дошло, ѝ се придружи на националната кампања како амбасадор за споделување на пораката за инклузивност. „Важно е што ја имаме моќта да го користиме нашиот јавен простор за промовирање емпатија, разбирање и заедничка почит, бидејќи тоа е тоа што, несомнено, недостасува во општеството,“ изјави Дошло во медиумско интервју како дел од кампањата. Познатиот актер толкуваше актерски улоги кои третираат проблеми кои, според него, мора да се решат; како, на пример, злоупотреба на човекови права и нееднаквост. Во една прилика кога Славен Дошло одиграл улога на лице од заедницата ЛГБТИ добил бран критики, па дури и пораки со омраза од Интернет корисници кои го поистоветувале актерот со неговата улога.

Ваквиот вид говор на омраза не е изненадувачки за организаторите на кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов“. Според студија, објавена од Центарот за слободни избори и демократија, годинешен гарант на програмата за Советот на Европа, помалку од 20 % од граѓаните во Србија имаат позитивен однос кон ЛГБТИ заедницата; а 50 % од испитаниците имаат негативен однос. Една од препораките на оваа студија е развивање стратегија за инволвирање на корисниците на онлајн медиуми и социјални мрежи, на возраст под 40 години, да влијаат врз останатите членови на општеството.

Оваа препорака веќе се имплементира во кампањата и тоа преку вклучување посебен вид „инфлуенсери“ – млади европски амбасадори за „не-омраза“. Нивната мрежа промовира младински активизам, во рамки на локалните заедници, како моќна алатка за општествена промена. Младите европски амбасадори учествуваа во маршови на гордоста, филмски проекции, дискусии за истополови партнерства, како и начини за подобрување на ситуацијата на ЛГБТИ луѓето кои се меѓу едни од најдискриминираните општествени групи. Околу 25 млади европски амбасадори, членови на мрежата, беа обучени од тимот на Советот на Европа, да ја зголемат својата свест за говорот на омраза, како и нивните вештини за развивање приказни за човекови права при земањето збор во јавност и однесувањето на социјалните медиуми.

Меѓутоа, потребна е долгорочна акција за промена на перцепциите и однесувањето кон ЛГБТИ заедницата. Младеновиќ објаснува дека започнале со работа во мај, пред Денот на Европа, и продолжиле со училишни посети за подигнување свест за штетата која говорот на омраза може да ја предизвика во општеството.

Покрај активностите за подигнување на свеста, Советот на Европа соработува со партнери за воведување структурни и систематски промени во системот. Еден од примерите е соработката со локалните институции за зајакнување на нивните капацитети за вклучување на правата на ЛГБТИ во локалните политички документи и подзаконски акти.

Не можеме сите да направиме такви промени на ниво на политика, но кампањата нè потсетува дека сите можеме да ја блокираме омразата и да споделиме љубов.

Примена на вештачка интелигенција за безбедност на возовите

Запознајте го железничкиот робот, измислен од тим научници од Србија, кој ја одржува безбедноста на патниците!

За да соодветствуваат на железничките регулации, локомотивите се постојано подложни на инспекција. Тоа вклучува визуелна инспекција, подетално мерење или отворање дел од возилото. Видот инспекција зависи од серијата локомотиви или пропатуваното време и растојание. Визуелните инспекции, главно, се извршуваат во инспекциски центар, од страна на железнички инспектор кој користи рачна лампа за осветлување. Но, процесот не е толку едноставен колку што звучи.

Последниве години, либерализацијата на пазарот за железничко карго во Србија резултира со зголемен број на помали железнички оператори на пазарот. Повеќето се специјализирани со специфични карго транспортни продукти и ограничен број на локомотиви, вагони и услужни ресурси. Меѓутоа, без разлика на големината на карго операторот, сè уште важат правилата за инспекција. Со оглед на тоа што малите оператори не поседуваат депоа со инспекциски центри, возилата мораат да престојуваат, со денови или недели, во колективни депоа, за да биде извршена инспекција. Ова резултира со доцнења, прекин на услугите и загуба на приходи. За да се соочат со овој предизвик, група научници од Србија направија сериозен напор за да изнајдат решение.

„Одлучивме да ја доразвиеме оваа идеја, така што целиот операциски циклус е заокружен со поддршка на вештачка интелигенција – робот.“

Професорот Александар Милтеновиќ од Факултетот за механичко инженерство – Универзитет Ниш, во Србија, е главен на тимот научници кои го развија системот „ATUVIS“ (Autonomous Train Undercarriage Visual Inspection System/Автономен систем за визуелна инспекција на возови). Станува збор за паметно и ефикасно решение засновано на вештачка интелигенција кое ќе овозможи инспекција на оперативните возови преку избегнување на скапите и долги операции за нивно одржување, како и нивно вадење од употреба и ставање во инспекциските центри. Роботот, измислен од професор Милтеновиќ и неговиот тим, може да биде ставен под возот; со цел сликање и автоматско генерирање извештај за состојбата на возилото.

Професор Милтеновиќ објаснува дека преку пет години работеле на ова решение; и тоа на барање од страна на приватните железнички оператори. На почетокот, развиле попримитивен уред со решение засновано на механичка камера, но со потреба од човечка поддршка. „Меѓутоа, одлучивме да ја доразвиеме оваа идеја, така што целиот операциски циклус е заокружен со поддршка на вештачка интелигенција – робот,“ вели професор Милтеновиќ.

Од прототип до пазар

Ништо од ова не би било возможно без поддршка на шемата „Proof of Concept“ („Доказ за концепт“) (EU4TECH PoC), финансирана од ЕУ. Оваа шема овозможува помош за возбудливите технологии за напредок и тоа преку поддржување тимови за јавно истражување, како и мали и средни претпријатија кои имаат идеи во фазата „Доказ за концепт“; вклучително преку прототипирање и патентирање, со цел нивно крајно доведување на пазарот. Поддршката за прототипирање на „EU4TECH PoC“ за шемата „ATUVIS“ беше фокусирана на проверка на изводливоста на инспекцијата на груб терен и способноста на компонентната камера; дел од системот да заземе каква било положба на подвозјето, како и да биде поставена во странична насока. Дополнително, „EU4TECH PoC“ му помогна на тимот да ја истражи можноста за патентирање на изумот и да го одреди соодветниот бизнис модел.

„Само што го завршивме проектот „EU4TECH“, се пријавивме за дополнително финансирање и добивме позитивен одговор. Без „EU4TECH“, нашата идеја сè уште ќе останеше само на хартија.“

За проектот

„ EU4TECH Proof of Concept“ (PoC) Западен Балкан беше двегодишен повеќе државен инструмент за претпристапна помош, финансиран од ЕУ преку Фондот за претприемништво и иновации за развој на Западен Балкан. Проектот ги покри шесте економии во регионот на Западен Балкан. Поддржаните проекти, пак, потекнуваа од јавни организации за истражување и стартапови/мали и средни претпријатија.

Фондот за претприемништво и иновации за развој на Западен Балкан е еден од инструментите на приватниот сектор, поддржан од Инвестициската рамка за Западен Балкан – заедничка иницијатива на ЕУ, финансиски организации, билатерални донатори и корисници; кој цели кон зголемување на хармонизацијата и соработката во доменот на инвестиции за општествено-економски развој на регионот и придонесување за европска перспектива на Западен Балкан.

Фондот за претприемништво и иновации за развој на Западен Балкан е главното средство за имплементација на амбициозниот Економски и инвестициски план за Западен Балкан на ЕУ. Во сржта на планот се зголемувањето на конкурентноста на приватниот сектор и поддршката за истражување и иновација.

Со поддршка на „EU4TECH“ тимот можеше да го развие следниот прототип кој е многу понапреден од претходниот. „Само што го завршивме проектот „EU4TECH“, се пријавивме за дополнително финансирање и добивме позитивен одговор. Без „EU4TECH“, нашата идеја сè уште ќе останеше само на хартија,“ вели професор Милтеновиќ.

За следната и крајна фаза на развојот на нивната идеја, тимот од Факултетот за механичко инженерство Ниш доби 300000 евра како поддршка од Фондот за иновации од Србија; кофинансиран од ЕУ. За две години, планираат да го направат „ATUVIS“ достапен на железничкиот пазар. „Кога го отворивме факултетот, во доцните 90-ти, не се надевав дека еден ден ќе развиваме роботи за вакви потреби. Сè уште ми се чини дека е сон,“ вели професор Милтеновиќ.

Заштита на правата на луѓето во движење

Со поддршка на ЕУ, црногорска невладина организација ги поддржува мигрантите со бесплатни правни услуги.

Ирфан* има 30 години и потекнува од Мароко, но за својата татковина вели: „Човековите права не се почитуваа, немаше работа: економијата беше слаба. Сè беше лошо!“. Пребегнал од Мароко во 2011 година; најпрво во Турција, со обичен лет. Набрзо, морал да ја напушти државата и притоа за првпат стапил во контакт со криумчари. Го префрлиле во Грција, а потоа во Албанија, сè додека, на крај, не пристигнал во Црна Гора. „Мојот живот беше во рацете на криумчарите. Можеа да направат што сакаат со мене; немав право на збор. Пристигнав во Црна Гора и се обидов да избегам, но немав сила да продолжам,“ додава Ирфан.

Ирфан живее во Црна Гора преку 10 години. Набрзо, по пристигнувањето, нашол работа во хотел каде што се вљубил во Црногорката Јована*. Сега се во брак и имаат две прекрасни деца. Во меѓувреме, Ирфан го научил и црногорскиот јазик и, на многу начини, се почувствувал целосно интегриран во општеството на неговиот нов дом. Меѓутоа, ова не било случајот од правна перспектива. Имал право да се пријави за црногорско државјанство, но, поради правни компликации; а и поради фактот дека одредени закони се контрадикторни, сè уште не може да го ужива правото. За да го реши проблемот, тропнал на вратата на црногорската невладина организација, „Правен центар“, која овозможува правна помош за странци кои бараат азил во Црна Гора преку проект, финансиран од ЕУ, наречен „Мој адвокат – бесплатна и професионална правна помош за мигранти“, во соработка со „Caritas“. Сега, ја добива нивната правна помош за својот проблем.

„Поради малиот број на мигранти кои сакаат да останат во Црна Гора, владата нема политика за нивна интеграција во насока на образование и вработување.“

Бесплатна правна помош за тие кои имаат потреба

Лука Ковачевиќ е директор на невладината организација „Правен центар“, основана во 2007 година, со цел поддршка на луѓе во движење и воени бегалци во поранешна Југославија. На времето, Црна Гора не поседуваше дури ни основна правна инфраструктура поврзана со барателите на азил; како ни владин план за обезбедување поддршка за барателите на азил или раселените лица. Лука и неговиот тим, првично започнале со работа за поддршка на владата при надминување на овие пречки и владата ја вовела правната инфраструктура која се применува оттогаш.

Но, во меѓувреме, мигранти од други страни на светот започнале да пристигнуваат во Црна Гора и имале потреба од поддршка. Според статистиките на невладината организација „Правен центар“, преку 95 % од бегалците во земјата ја користат Црна Гора како пат за транзитирање, а само мал број од нив одлучуваат да останат; бидејќи повеќето од нив се насочени кон земјите со поголеми економски перспективи. Меѓутоа, тие што остануваат имаат потреба од поддршка. Лука објаснува дека владата нема многу да им понуди. „Поради малиот број на мигранти кои сакаат да останат во Црна Гора, владата нема политика за нивна интеграција во насока на образование и вработување,“ вели тој.

Обезбедување поддршка за овие мигранти и други кои гледаат на Црна Гора како пат за транзитирање е причината поради која невладината организација на Лука го отпочна проектот „Мој адвокат – бесплатна и професионална правна помош за мигранти“, во соработка со „Caritas“.

„Направивме преку 146 теренски посети: бевме во сите црногорски општини; посетувајќи ги и поддржувајќи ги мигрантите во формални и неформални собирања. Мигрантите коишто ги поддржавме минатата година беа од Авганистан, Алжир, Иран, Мароко и подалеку.“

За проектот

Проектот „Мој адвокат – бесплатна и професионална правна помош за мигранти“, финансиран од ЕУ, беше започнат на почетокот од 2020 година, а заврши во јули 2021 година. Целосната финансиска вредност на проектот беше преку 130000 евра. Проектот цели кон почитување на правата на различни категории мигранти преку обезбедување правна помош, информирање и советување, хуманитарна помош и психосоцијална помош; како и работа за зајакнување на капацитетите на локалните организации на граѓанското општество и релевантни институции за креирање политики во врска со миграцискиот менаџмент, интеграција на странци со статус на меѓународна заштита и реинтеграција на повратници.

*Имињата се променети за да се заштити приватноста

Преку овој проект, 677 корисници добија поддршка; од нередовни мигранти и луѓе кои бараат меѓународна заштита во Црна Гора, до повратници кои се враќаат врз основа на договор за повторен прием. Покрај правната помош, на мигрантите им беа доделени и 350 пакети со хуманитарна помош. „Направивме преку 146 теренски посети: бевме во сите црногорски општини; посетувајќи ги и поддржувајќи ги мигрантите во формални и неформални собирања. Мигрантите коишто ги поддржавме минатата година беа од Авганистан, Алжир, Иран, Мароко и подалеку,“ вели Лука.