„Blue Phone“ („Син телефон“) – советодавна услуга за помош во време на потешкотии
„Blue Phone“ е значајна услуга за младите во Босна и Херцеговина. Пандемијата значително го отежни функционирањето на поголемиот дел од популацијата, па, затоа, поддршката која ја нуди „Blue Phone“ е неопходна за спречување на уште поголеми негативни ефекти врз менталното здравје.“
Значајна услуга за младите „Blue Phone“ е бесплатна онлајн и телефонска советодавна услуга која била основана од невладината организација „Нова генерација“. Моментално, услугата е имплементирана со поддршка од Програмата за ублажување на ефектите од пандемијата КОВИД-19 врз животите на децата и семејствата во Западен Балкан и Турција; финансирана од ЕУ, а имплементирана од УНИЦЕФ. Маја Ковачевиќ е една од советничките кои работат со услугата. Таа објаснува дека, за советниците, најважно е луѓето да се чувствуваат сигурно и да разберат дека нема да бидат осудувани. „„Blue Phone“ е значајна услуга за младите во Босна и Херцеговина. Пандемијата значително го отежни функционирањето на поголемиот дел од популацијата, па, затоа, поддршката која ја нуди „Blue Phone“ е неопходна за спречување на уште поголеми негативни ефекти врз менталното здравје,“ вели Маја. На почетокот, услугата била наменета само за деца, но еден од проектните менаџери, Саша Рисојевиќ, објаснува дека услугата брзо напредувала, а со забрзаното влијание на пандемијата, морале да ги прошират своите услуги и на постарите возрасни групи.„Влијанието на поддршката од ЕУ беше навистина важно зашто значително го зајакна услужниот капацитет на „Blue Phone“.“
За проектот Услугата „Blue Phone“ обезбедува бесплатно онлајн и телефонско советување и е имплементирана од невладината организација „Нова генерација“ со поддршка од Програмата за ублажување на ефектите од пандемијата КОВИД-19 врз животите на децата и семејствата во Западен Балкан и Турција, која, пак, е дел од пакетот за помош на ЕУ за Западен Балкан, имплементиран од УНИЦЕФ БиХ. *Името е променето за да се заштити приватноста Објаснува како, поради зголемениот интерес, почнале да пропуштаат до 250 повици месечно. Забележале дека тоа се должи, пред сè, на тоа што услугата била достапна само за време на работните часови. Со поддршката на ЕУ, го прошириле работното време до доцна во ноќта и имале само помеѓу 10 и 15 пропуштени повици месечно. „Влијанието на поддршката од ЕУ беше навистина важно зашто значително го зајакна услужниот капацитет на „Blue Phone“,“ вели Саша. Дополнително, со поддршка на ЕУ отпочнале и кампања против семејно насилство и подигање на свеста за услугата на „Blue Phone“. Како резултат на кампањата, успеале да привлечат 35000 посетители на нивната веб страна додека, пак, бројот на деца и млади кои ги искористиле услугите на „Blue Phone“ доживеал значителен пораст. Досега, услугата „Blue Phone“ функционира со поддршка на донатори и иницијативата на тимот од невладината организација „Нова генерација“. Саша се надева дека, во иднина, услугата на „Blue Phone“ ќе добие владина поддршка и, на тој начин, долгорочна стабилност. „Имавме бројни состаноци и тркалезни маси со претставници од институции каде ги презентиравме влијанието и резултатите од услугите на „Blue Phone“. Мислам дека и тие ја признаа важноста на нашите услуги и се надеваме дека, во иднина, ќе ја понудат својата поддршка,“ вели Саша.Набљудување птици на самовилско езеро
Според легендата, Скадарското езеро е создадено од солзите кои ги пролеала една црногорска самовила; чија желба, сините очи да ѝ се претворат во црни, била одбиена од Бог кој, за возврат, ја ослепил. Самовилата толку многу плачела, што нејзините солзи го создале езерото. Воодушевен од убавината на езерото, Бог ѝ го вратил видот. И навистина, оние кои го посетиле ќе се согласат дека Скадарското езеро е едно од најубавите природни места во Западен Балкан и одличен терен за истражување за љубителите на авантури на отворено; со парк кој се протега на 400 километри квадратни. Меѓутоа, оваа волшебна дестинација не го добива заслуженото внимание; како од локалните, така и од меѓународните туристи. Барем така веруваат луѓето во црногорската невладина организација „CZIP“.
„CZIP“ означува „Центар за заштита и проучување на птиците“ и е организација која работи повеќе од 20 години во доменот на заштита на птици и животна средина; како и промоција на природно и културно наследство во Црна Гора. Минатата година, со партнерски организации од Хрватска и БиХ, основаа проект, наречен „Pannonia-Adria Connection“ или „PA.CON“; со финансиска помош од ЕУ, за промовирање туризам на локации во трите држави: Нијемици во Хрватска, Тузла во БиХ и Скадарското езеро во Црна Гора.
“Моментално, повеќето од посетителите на Скадарското езеро ги привлекува масовниот туризам: доаѓање на езерото, пиење кафе или ручање, прошетка и заминување. Сакавме да ја промениме оваа навика на подобро.“
Растечки туристички перспективи
Зоран Поповиќ од „CZIP“ е еден од координаторите на проектот и објаснува дека идејата на проектот е подобро користење на ресурсите за туристичка промоција во трите држави. Моментално, повеќето од посетителите на Скадарското езеро ги привлекува масовниот туризам: доаѓање на езерото, пиење кафе или ручање, прошетка и заминување. Сакавме да ја промениме оваа навика на подобро,“ раскажува Зоран.
Зоран вели дека сакале да го претворат езерото во дестинација каде што туристите би останувале подолго; но, за да се случи тоа, туристите имаат потреба од повеќе атракции и можности. Ова довело до развој на активности за откривање; како, на пример: набљудување птици, планинарење, велосипедизам, бродски патувања и останати елементи на еколошки и авантуристички туризам.
Проектот „PA.CON“ цели кон развивање локации за набљудување птици во трите држави; куќа за туристички информации во Сопотац, игралиште и кули за набљудување птици во Хрватска, реновирање на парк куќа во Илинчица и инсталација на ЛЕД светла ширум патот, како и уредување на 16 микро-пикник локации во БиХ. Проектот ќе инвестира, исто така, и во старата железничка линија во Вирпазар, претворајќи ја во планинарски пат; како и во купување брод со соларно напојување, електрични велосипеди и придружни соларни станици за полнење; сè со цел промовирање туристички активности со ниско еколошко влијание.
„Без овој степен на финансиска поддршка од ЕУ, би било невозможно да го имплементираме овој значаен проект.“
За проектот
Проектот „PA.CON“ е поддржан од ЕУ во рамки на програмата ИПА за прекугранична соработка помеѓу Хрватска, БиХ и Црна Гора 2014 – 2020. Водечки партнер на проектот „PA.CON“ е општината Нијемци од Хрватска; партнери од БиХ се градот Тузла и Здружението за развој „NERDA“ од Тузла, додека, пак, партнери во Црна Гора се Центарот за заштита и истражување на птици и Јавното претпријатие за национални паркови во Црна Гора. Имплементацијата на проектот „PA.CON“ започна во октомври 2020 година и ќе трае цели 24 месеци.
Целосната вредност на проектот за трите држави изнесува 1,8 милиони евра, а 280000 евра ќе бидат инвестирани во подобрување на туристичката инфраструктура на Скадарското езеро. „Без овој степен на финансиска поддршка од ЕУ, би било невозможно да го имплементираме овој значаен проект,“ вели Зоран.
Покрај директните инвестиции во инфраструктура и промотивни активности, проектот ќе вклучи и градење капацитети за осигурување на одржливо влијание на проектот. Преку серија од шест едукативни курсеви во трите држави и студиска посета, проектните партнери и претставници на целните групи ќе добијат можност за подобрување на нивните капацитети и услуги.
Според Зоран, проектот ќе има значајно долгорочно влијание врз локалното население, економијата и зачувувањето на природната средина. „Но, според мене, тоа што е уште позначајно е промената на ставот на многу луѓе и институции; покажувајќи им што е можно и колку лесно работите можат да се постигнат со соодветно планирање и имплементација,“ вели Зоран.
Потопли зими за учениците во Приштина
Основното училиште „Naim Frashëri“ е едно од најголемите во Приштина; главниот град на Косово. Училиштето има преку 1000 ученици и се протега на површина од околу 5000 метри квадратни. Шќипе Власалија Мехмеди е директорка на оваа огромна организација. Би очекувале дека најголемите предизвици со кои се соочува во извршувањето на нејзината улога се поврзани со образованието, но реалноста е сосема различна: „Имавме сериозни проблеми во текот на зимата, а понекогаш моравме да ги одложиме часовите поради проблеми со греењето,“ вели Шќипе.
Кога го презела раководството на училиштето, во 2018 година, училишната зграда била приклучена на централниот греен систем; напојуван на нафта која им ја доставувале еднаш месечно. Шќипе објаснува дека греењето на нафта предизвикувало неколку проблеми; вклучително и недостиг на залиха пред следната достава во време кога температурите биле особено ниски, како и сериозна штета за природата околу училиштето. „Се сеќавам како во 2018 година, учениците и наставниците на час мораа да седат со палто, затоа што немаше доволно греење,“ вели Шќипе.
„Од економско гледиште, „Termokos“ е во придобивка, бидејќи покрај намалување на губитокот во мрежата, добивме 3000 нови потрошувачи; вклучително и јавни институции како, на пример, две градинки, пет училишта, полициски станици, Централната универзитетска клиника во Косово и Косовскиот национален театар.“
Зголемен квалитет на греење и подобра еколошка заштита
Проблемот со греење и загадување не се јавува само во училиштето „Naim Frashëri“. Како ресурс на греење, повеќето граѓани на Приштина користат јаглен или електрична енергија од станиците Косово А и Б, а некои го користат далеку поефикасното топлификационо греење на „Termokos“. Греењето на „Termokos“ е на парно напојување кое, преку цевки, доаѓа од нивната топлификациона станица. Меѓутоа, значаен број приватни и државни згради во Приштина; меѓу кои и основното училиште „Naim Frashëri“, не беа поврзани на ова греење поради проблемите на „Termokos“ со стариот и недоволно развиен систем за достава.
Со цел решавање на овој проблем, во 2019 година, канцеларијата на ЕУ во Косово отвори проект за реновирање на топлификационата мрежа во Приштина. Целта на проектот беше овозможување за приклучок на новите приватни и јавни потрошувачи на топлификационата мрежа и подобрување на грејната залиха за постоечките потрошувачи. Како резултат на проектот, во текот на две години, беа реновирани 120 стари трафостаници, а беа изградени 50 нови; и преку седум километри стари подземни цевки беа заменети со нови изолирани цевки, со што зголеми ефикасноста и се постигна значајно намалување на загубите на топлина и вода.
Наим Битиќи, директор на дистрибуција и проектен менаџер при „Termokos“, вели дека проектот доживеал огромен успех. „Од економско гледиште, „Termokos“ е во придобивка, бидејќи покрај намалување на губитокот во мрежата, добивме 3000 нови потрошувачи; вклучително и јавни институции како, на пример, две градинки, пет училишта, полициски станици, Централната универзитетска клиника во Косово и Косовскиот национален театар.“
„Особено сме ѝ благодарни на Европската Унија затоа што, со нејзина поддршка, сега имаме висококвалитетно греење; а учениците и наставниците можат целосно да се посветат на образованието во пријатна и топла атмосфера.“
За проектот
Проектот Рехабилитација на топлификационата мрежа во Приштина беше завршен во април 2021 година и истиот беше финансиран од ЕУ во рамки на инструментот на програмата за претпристапна помош.
Пријатна и топла атмосфера во училиште
Но, според Битиќи, подеднакво важен е фактот дека новите корисници не треба веќе да користат фосилни горива за греење. „Пред да се приклучат на топлификационата мрежа, сите јавни институции користеа нафта како греен ресурс. Покрај соочувањето со огромен финансиски трошок поради високите нафтени цени, овие институции беа извор на загадување; дотолку попроблематичен затоа што се лоцирани во градскиот центар.
„Потрошувачите поврзани на мрежата „Termokos“ веќе не користат електрична енергија за грејни цели. Ова има позитивен ефект врз економијата на домаќинствата, ја намалува побарувачката за електрична енергија и го подобрува квалитетот на воздухот,“ заклучува Битиќи.
Сега, по завршувањето на проектот, основното училиште „Naim Frashëri“ има 24-часовно греење во целото училиште; вклучително училниците, ходниците и тоалетите. Како што вели директорката: „Особено сме ѝ благодарни на Европската Унија затоа што, со нејзина поддршка, сега имаме висококвалитетно греење; а учениците и наставниците можат целосно да се посветат на образованието во пријатна и топла атмосфера.“
Традиционална уметност со пластични капачиња
Прекрасен килим изложен на видливо место во сараевското предградие Циглане. Има нешто различно во така наречениот „Čepoćilim“: изработен е од 25000 пластични капачиња. Неговото име, во превод, значи „килим од капачиња“, а е дизајниран и изработен како дел од проект на здружението „Green Art“; невладина од Сараево, во БиХ. Алма Храсница Дервишиќ, претседателка на здружението, објаснува дека сè започнало пред десет години кога добила идеја за креирање уметнички дела со пластични капачиња како дел од Европската недела за намалување на отпад во Сараево. „На времето, ова беше амбициозен проект за нас, бидејќи не знаевме дали луѓето ќе ја ценат иницијативата и каква повратна реакција ќе добиеме,“ вели Алма.
Почетен предизвик било собирањето пластични капачиња. Алма отворила локација за собирање капачиња и контактирала училишта, компании и други институции со цел и тие да придонесат за проектот преку собирање и достава на пластични капачиња. „На мое изненадување, одговорот беше позитивен и за кратко време успеавме да собереме значајна количина капачиња; на овој начин започна трендот „Čepoćilim““, вели Алма.
„Čepoćilim“ е совршен спој од уметност, културно наследство и екологија. Целта на проектот е подигнување свест за собирањето отпадни амбалажи и верувам дека покажавме дека постои начин за повторно употребување на отпадот и искористување на неговата вредност.“
Креирање по еден килим од пластични капачиња годишно
По успехот и честитките за првиот килим од капачиња, Алма и нејзините колеги од здружението „Green Art“ одлучиле иницијативата да ја претворат во годишна активност чија цел би била креирање на, најмалку еден, килим од пластични капачиња. За дизајнот, одлучиле да продолжат со мотивите на традиционалниот босански килим, затоа што иницијативата би била, истовремено, уметничка и туристичка атракција; придонесувајќи за промоција на културното наследство.
„„Čepoćilim“ е совршен спој од уметност, културно наследство и екологија. Целта на проектот е подигнување свест за собирањето отпадни амбалажи и верувам дека покажавме дека постои начин за повторно употребување на отпадот и искористување на неговата вредност,“ вели Алма.
Преку инволвирањето млади луѓе, Алма верува дека успеале да ја подигнат свеста меѓу групи кои можат да придонесат за идната еколошка заштита преку намалување и управување со отпадот.
Неодамна, здружението „Green Art“ доби поддршка од програмата „ReLOaD“ (Регионална програма за локална демократија), финансирана од ЕУ. Програмата им помогна во последниот проект кој вклучува дизајнирање и изработка клупи од пластични капачиња, со визуелен дизајн инспириран од босанските килими. Во рамките на оваа активност, инволвираа деца од основното училиште „Vladislav Skarić“, училиштето „Mjedenica“ за деца со потешкотии во учењето, како и домот за деца без родители „Bjelave“. Како дел од проектот, спроведоа 30 еколошко-уметнички работилници за претворање на отпадот во еко-уметност. Во овие работилници, употребуваа материјали како пластични капачиња и лименки. Во завршниот проект, употребија околу 15000 пластични капачиња за изработка на клупите.
„Благодарение на овој проект, имавме можност да инволвираме повеќе деца и млади во нашата активност и, на тој начин, да ја подигнеме нивната свест за еколошките прашања; па, затоа, сме особено благодарни на програмата „ReLOaD“ на ЕУ.“
За програмата
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан („ReLOaD“) е основана од ЕУ, а имплементирана од Програмата за обединет национален развој. Програмата „ReLOaD“, моментално, е во својата втора фаза која ќе трае до 2024 година.
Проектот овозможи креирање средина во која децата и младите можат да развијат културни иницијативи, со еколошки карактер; истовремено овозможувајќи им на учесниците да се социјализираат преку уметнички активности. „Благодарение на овој проект, имавме можност да инволвираме повеќе деца и млади во нашата активност и, на тој начин, да ја подигнеме нивната свест за еколошките прашања; па, затоа, сме особено благодарни на програмата „ReLOaD“ на ЕУ,“ вели Алма.
Клупата од капачиња сега е изложена во центарот на Сараево, на улицата „Gimnazijska“; опколена од основни и средни училишта. За Алма, ова е голема гордост и сите деца кои помогнаа во изработката, како и нивните соученици, можат секој ден да ја гледаат и да се потсетат на важноста на намалување на отпадот и доброто управување со истиот.
Споделување тајни локални прошетки со светот
„Овој проект е, несомнено, најуспешната интервенција имплементирана на овие планински венци во последните 20 години.“
Онаму каде што оделе само овчарите Локалното планинарско здружение, „Ѓеравица“, нашло партнер во прекуграничниот проект меѓу Косово и Црна Гора, финансиран од ЕУ, кој инвестира во маркирање на постоечки и нови патеки за планинарење и велосипедизам. „Овој проект е, несомнено, најуспешната интервенција имплементирана на овие планински венци во последните 20 години,“ вели Раиф Ѓиколи од „Ѓеравица“. Здружението било вклучено во сите фази на проектот; како при советувањето за предложените патеки, така и за нивното маркирање. “Со гордост ги избираме најдобрите патеки по кои оделе само локалците; една од нив е и патеката од центарот на градот, каде што надморската височина изнесува 550 метри, преку пасиштата и овчарските трла во планинските венци на надморска височина од 1800 метри,“ вели Ѓиколи, потврдувајќи дека маркирањето е во согласност со меѓународните стандарди. Патеките минуваат низ живописни делови ширум заштитени предели во Косово и Црна Гора. Љубителите на надворешни активности можат да ги поминат своите денови преминувајќи ги границите и пресекувајќи ги добро познатите регионални планински патики како што се „Балкански врвови“ или „Вија Динарица“.„Маркирањето на патеките, како и придружните активности, се во согласност со плановите и стратегиите за локален развој и развој на туризмот во регионот.“
За проектот Проектот „Проклетие – исклучителна дестинација на отворено“ беше создаден со цел зајакнување на прекуграничниот простор помеѓу Косово и Црна Гора како дестинација на отворено. Била маркирана мрежа од приближно 334 км планинарски и велосипедски патеки помеѓу Косово и Црна Гора. Целокупниот граничен простор е опремен со места за почивка, видиковци и вело-паркинг. Овој проект, финансиран од ЕУ, ќе поттикне економски развој и ќе создаде нови можности за вработување. Информации собрани на едно место Маркираните патеки се протегаат преку граници, но, истовремено, го следат и природниот тек на планинските венци; водејќи ги посетителите ширум воодушевувачките глетки на Проклетие. Организациите за имплементација добиле позитивен одговор од туристичките водичи кои работат во регионот каде што биле спроведени стотици маркирања ширум 334 км планинарски и велосипедски патеки. Сокол Лута од Агенцијата за регионален развој – „Запад“ (West), партнер за имплементација од косовската страна, објаснува дека со помош на ЕУ биле поставени 25 информациски паноа, биле идентификувани извори на вода, а сега знаци го обележуваат патот до панорамските глетки. „Маркирањето на патеките, како и придружните активности, се во согласност со плановите и стратегиите за локален развој и развој на туризмот во регионот,“ вели Лута. Додава дека имало одлична соработка меѓу чинителите од двете страни на границата со цел подобрување на квалитетот на туристичката понуда за Проклетие, зголемување на видливоста и, најнакрај, претставување на прекуграничниот простор како единствена и атрактивна надворешна дестинација. Како за пример, организациите за имплементирање ги собрале на едно место – во форма на веб-страница и телефонска апликација, сите понуди за сместување, гастрономија и останати туристички услуги. Освен дигитализираните мапи за патеките, посетителите имаат можност да изберат и организирани тури или самостојно да го истражат регионот.Составување на албанското културно наследство
Ниту една посета на Тирана не е целосна без фотографија од големиот мозаик кој ја прекрива главната фасада на Националниот историски музеј. Заземајќи централно место во спектарот значајни зданија на главниот плоштад во престолнината; мозаикот е конципиран во раните 1980-ти и е насловен „Албанија“, отсликувајќи ги луѓето кои живееле во државата во текот на различни времиња.
Мозаикот бил сведок на бројни историски настани кои се случиле на плоштадот Скендер Бег, но претрпе штети во земјотресот од 2019 година. Се работи за најсилниот земјотрес кој ја погодил државата во последните педесет години; одземајќи бројни животи и предизвикувајќи сериозни штети ширум централна Албанија, вклучително и 53 локалитети на културно наследство.
„Постоеле само неколку интервенции од неговата инаугурација пред неколку децении; на пример, отстранување на ѕвезда – симбол на комунизмот, од мозаикот.“
Инженери од ЕУ придонесуваат за возобновување
Во очите на градежната инженерка, Даниела Корточи, која работи на реставрација на мозаикот, една фигура се истакнува меѓу сите други на мозаикот „Албанија“: жена со пушка во раката.
„Жената, во традиционална облека, стои, меѓу двајца мажи, во центарот на мозаикот; симболизирајќи ја силната албанска жена во времето на комунизмот, но, исто така, претставувајќи ја и пријателската страна отсликана во отворената лева рака која означува гостопримливост,“ објаснува младата инженерка која е дел од пост-земјотресната реставрација. „Постоеле само неколку интервенции од неговата инаугурација пред неколку децении; на пример, отстранување на ѕвезда – симбол на комунизмот, од мозаикот,“ раскажува Корточи; објаснувајќи како реставрацијата вклучува заедничка експертиза помеѓу Албанија и ЕУ, вклучувајќи ги и оригиналните креатори на делото.
Корточи работи со тим експерти кои избрале 27 локалитети на културно наследство соодветни за интервенција како дел од најголемиот културен проект, финансиран од ЕУ, досега имплементиран во државата. Експертизата на ЕУ додава дополнителна вредност при преносот на знаења на новата генерација студенти за локално културно наследство. Тие работат рамо до рамо на оштетени ѕидини од замок, стари пристанишни тврдини, музејски згради и мостови. Во обид да се заштитат вештини на кои им претстои опасност од исчезнување, работата на замоци или мостови вклучува традиционално ѕидарство со употреба на локален камен. Крајната цел е оживување на избраните локалитети за зголемување на туристичкиот потенцијал; директно придонесувајќи за општествено-економско закрепнување на Албанија.
„За нас, жените инженери, мисија е да се биде во доменот на градежништвото. Чувствуваме потреба да бидеме пример за некое петгодишно девојче кое сега црта куќа со сонце во аголот на хартијата.“
За проектот
Во рамки на една од најголемите програми за културно наследство, вредна 40 милиони евра, ЕУ работи во Албанија со цел поддршка на реставрација на локалитети и споменици погодени од земјотресот во 2019 година. Програмата цели кон придонесување за општествено-економско закрепнување на Албанија преку повторна изградба на културното наследство во државата и реставрирање на нејзиниот потенција за туризам, како и поддржување на локалните заедници. Програмата е дотолку поважна поради ефектите на пандемијата КОВИД-19 која имаше негативно влијание врз туристичкиот сектор во Албанија.
Европа е таму каде што сакаме да бидеме
Економската трансформација на Албанија започна кога демократијата стави крај на долгогодишниот комунизам во 1990-тите. Корточи припаѓа на втората генерација која придонесува во држава со аспирации за членство во ЕУ. Покрај нејзиниот професионален ангажман како инженерка, таа им се приклучи и на Младите европски амбасадори; креативна мрежа на идни носители на промени ширум Западен Балкан.
„Се сеќавам како, додека растев, честопати ја слушав изјавата дека „Сакаме Албанија да биде како остатокот на Европа“, подразбирајќи ги, притоа, развиените држави членки на ЕУ. Токму затоа сакав да научам за Унијата и да ги споделам нејзините вредности со моите врсници, гледајќи на нив како наша заедничка иднина,“ вели Корточи. Меѓу овие европски вредности се и вреднувањето на обилното културно наследство во Албанија.
Дополнителна важна улога во која Корточи се гледа себеси е лидерството со давање пример за идните генерации; особено за девојчињата. Иако жените претставуваат помалку од 1% од работната сила во градежниот сектор, таа вели: „Можам да работам и да бидам признаена за мојот професионализам подеднакво како и мажите. За нас, жените инженери, мисија е да се биде во доменот на градежништвото. Чувствуваме потреба да бидеме пример за некое петгодишно девојче кое сега црта куќа со сонце во аголот на хартијата.“
Како што жената на мозаикот е претставена како борец, повикувајќи ги другите да ѝ се придружат; реставрацијата на овие споменици не е само заради зачувување на минатото или сегашноста, туку ќе им служи на идните млади генерации да знаат од каде доаѓаат.
Заштита на живеалишта кои се добри за луѓе, растенија и животни
Скадарското езеро е најголемото езеро на Балканскиот полуостров. Езерото се протега низ северна Албанија и ширум границата со Црна Гора. Како природен резерват, се работи за едно од најбогатите подрачја со биодиверзитет во Европа; со изобилство на риби и птици кои можат да се најдат само тука. Езерото игра важна улога и како транзит-подрачје, односно како познатиот „Јадрански премин“ за стотици илјади птици преселници.
Но, веќе подолго време, овој богат природен живот е под ризик на човечки создаденото загадување и експлоатација. Притоа, имаше потреба за интервенција и експертиза за воведување на најдобрите практики од ЕУ кои резултираа со првиот План за управување со Скадарското езеро.
„Со помош од ЕУ, започна нова ера на чисто управување со заштитените подрачја.“
Одржливо управување на заштитените подрачја
Планот за управување беше изготвен од Националната агенција за заштитени подрачја, а имплементиран од Регионалната администрација за заштитени подрачја. Аге Мартини, главен регионален администрациски надзорник во Скадар, потврдува дека планот бил пресвртница во пристапот на вработените кон заштитената средина и обезбедување на посакуваните резултати. „Вработените во нашата регионална канцеларија сега имаат јасна идеја за протоколите кои треба да се следат во подрачјето и знаат како треба да се употребува новата опрема за да се изготвуваат извештаи за флората и фауната,“ вели таа.
Имплементацијата на планот започнала со помош на ЕУ која придонела со знаењата и вештините на искусните земји-членки на ЕУ. Нивната поддршка варирала од надзор на дивата природа, обуки и градење на капацитети, па сè до развивање врски со заедниците кои живеат во заштитените подрачја, како и обезбедување професионална опрема која вработените ја користат за извршување на нивната работа. „Со помош од ЕУ, започна нова ера на чисто управување со заштитените подрачја, бидејќи секоја вработен има јасни насоки, а сите заедно ја знаеме крајната цел,“ вели Мартини, давајќи пример за тоа како дури и врските со туристите сега се одвиваат по протокол.
Заштитените подрачја и Националната агенција за заштитени подрачја растат заедно
Во изминатите години, регистрирани се милиони туристи кои годишно минуваат низ заштитените подрачја во Албанија. Овој успех се должи на плановите за управување кои Националната агенција за заштитени подрачја ги развива со помош на ЕУ, а кои се имплементираат ширум заштитените подрачја во државата. Албанија ужива добра репутација меѓу туристите кои се привлечени од ниските цени, добрата храна и прекрасната природа.
Меѓутоа, во главен фокус останува заштитата на биодиверзитетот преку алатките на надзорните механизми воведени, во заштитените подрачја, во согласност со стандардите на ЕУ „Natura 2000“. Денес, повеќе од 100 од вработените во Националната агенција за заштитени подрачја се обучени за справување со пожари и природни катастрофи; запознаени се со процесот на собирање и обработка на информации за системите за диви животни, и пред сè, имаат стратегии за зголемување на соработката на заедниците кои живеат во заштитените подрачја и знаат како да управуваат со истите„Бевме сведоци на тоа како заедниците ја променија својата позиција од скептичност за нашите намери кон поддршка за позитивната промена која ја донесовме во нивните подрачја.“
За проектот
Проектот „NaturAl“ придонесе за хармонизација на мрежата заштитени подрачја во Албанија со мрежата „Natura 2000“ на ЕУ; и тоа преку примена на стандардите на ЕУ, со што Албанија остварува вистински напредок кон членството во ЕУ.
Од 2015 до 2019 година, фокусирајќи се на десет заштитени подрачја, проектот работеше со цел зајакнување на управувањето со заштитените подрачја во Албанија, со посебен акцент на обука и градење капацитети во Националната агенција за заштитени подрачја и регионалните агенции, надзор на дивиот свет, обезбедување опрема и зајакнување на врските со заедницата.
Директорот на Националната агенција за заштитени подрачја, Замир Дедеј, потврдува дека долгорочните цели резултираат со огромни придобивки како за природните живеалишта, така и за заедниците кои живеат таму. „Бевме сведоци на тоа како заедниците ја променија својата позиција од скептичност за нашите намери кон поддршка за позитивната промена која ја донесовме во нивните подрачја.“ Дедеј објаснува дека сега заедниците разбираат дека нивната активност мора да биде под надзор и дека тоа придонесува за намалување на нелегалните активности како, на пример, нелегалната сеча или ловот. Дополнително, разбрале дека колку подобро се управуваат заштитените паркови, толку повеќе туристи и придобивки ќе има за сите.
Овој позитивен развој се препишува на помошта од ЕУ која пристигнала кога била најпотребна, а Националната агенција за заштитени подрачја станала целосно оперативна во 2016 година. Оттогаш, Албанија доживеала значаен напредок во проширувањето на мрежата заштитени подрачја и го зголемила степенот на имплементација на плановите за управување од 19 % на 53 %. Овие резултати ја охрабриле агенцијата и се надеваат дека соработката со ЕУ ќе продолжи во нова фаза која ќе го намали губитокот на биодиверзитетот, спречувајќи ги еколошките злочини и ќе ги зголеми инвестициите во заштитените подрачја во Албанија.
Временско патување во битка од Втората светска војна
Битката на реката Неретва била една од најепските битки во Втората светска војна во Југославија. Во доцната 1942 година, германското високо командување било загрижено поради можноста за слетување на Сојузничките сили на Балканот. Затоа, Адолф Хитлер наредил офанзива со цел нарушување на централното командување на партизанското движење во централна БиХ. Пресвртницата на битката се случила кога силите на партизаните го уништиле добро обезбедениот мост над реката Неретва за да го забават напредувањето на германската армија.
Битката била овековечена во 1960-те со снимањето на филмот „Битката на Неретва“ во кој, меѓу другите холивудски актери, главните улоги ги толкуваат Јул Бринер и Орсон Велс. Постерот за филмот бесплатно го изработил Пикасо. По објавувањето и успехот на филмот, државните власти го отвориле музејот на Битката на Неретва во близина на местото на битката, во градот Јабланица, во БиХ. Музејот работи веќе половина век, но имал многу малку посетители во текот на изминатите 20 години.
Благодарение на иницијатива на невладина организација од БиХ, јавноста може повторно да ја доживее битката преку модернизираните содржини и виртуелната реалност во 3Д, давајќи нова причина за да се посети музејот во Јабланица.
„Сфативме дека музејот во Јабланица е навистина атрактивен поради својата локација и приказна, но немаше што да понуди од аспект на содржини и недоволно ги привлекуваше посетителите, па, затоа, одлучивме да направиме нешто во врска со тоа.“
Претворање на музејот во атракција
Здружението „Link“, невладина организација од БиХ, имплементираше проект за промоција на природен туризам во областа на Јабланица. Меѓутоа, затоа што регионот изобилува со културно наследство, одлучиле да започнат иницијатива со таков фокус. „Сфативме дека музејот во Јабланица е навистина атрактивен поради својата локација и приказна, но немаше што да понуди од аспект на содржини и недоволно ги привлекуваше посетителите, па, затоа, одлучивме да направиме нешто во врска со тоа,“ вели Расим Тулумовиќ од здружението „Link“. Во консултација со колегите од Националниот музеј во Црна Гора, на црногорската страна од границата, дознале дека музејот Никшиќ се наоѓал во слична ситуација, и констатирале дека тоа би било одлична прилика за прекугранична иницијатива која ќе промовира културно наследство како дел од туристички пакет. Но, за тоа, им била потребна помош, а поддршката дошла од програмата за прекугранична соработка за БиХ и Црна Гора, финансирана од ЕУ.
Најголемите проблеми со кои музеите, од двете страни на границата, се соочувале биле презентацијата на содржините и промоцијата. Расим објаснува дека употребата на модерна опрема и техники биле скоро непостоечки во овие музеи, а, како резултат на тоа, бројот на посетители бил навистина низок; додека, пак, оние посетители кои доаѓале, останувале многу кратко. „Дополнително, немаше место за пиење кафе или продавница за сувенири, што значи дека и двата музеја не нудеа туристички развој,“ вели Расим.
Со поддршка на ЕУ, партнерските организации вовеле иновативен начин за претставување на историјата; и тоа преку користење модерна опрема и дополнително развивање презентации со виртуелна реалност, како и анимирана игра која дава историски факти, но на забавен начин. На пример, ако денес одлучите да ја искусите турата со виртуелна реалност за битката на Неретва, во музејот Јабланица, ќе треба да ставите 3Д очила за да се најдете во седиштето на партизаните, опколени од анимирани актери. Командантот ќе ви даде задача да спасите ранети војници кои ќе ве водат низ битката, а, попатно, ќе бидете соочени со бројни пречки кои ќе треба да ги надминете. „Веруваме дека овој пристап е особено привлечен за младите кои се досадуваат да учат историја на традиционален начин,“ објаснува Расим.
Виртуелните презентации беа само дел од проектот. Партнерските организации ги опремија музеите со 3Д очила, ЛЕД екрани, таблети, електронски водичи и друга опрема за виртуелна презентација. Дополнително, придонесоа за обука и сертификација на водичите за методологија на современо толкување, ги поддржаа малите бизниси кои изработуваат сувенири и им помогнаа на музеите при изработката на бизнис плановите.
„Како резултат на поддршката од ЕУ, и двата музеја сега можат да станат целосно финансиски одржливи, а другите музеи во регионот се во контакт со нив за да научат како да го имплементираат нивниот пристап.“
За проектот
Инструментот за претпристапна помош (ИПА), во рамки на програмата за прекугранична соработка помеѓу БиХ и Црна Гора 2014 – 2020, има за цел одржлив развој на прекуграничното подрачје помеѓу БиХ и Црна Гора кој се промовира преку имплементација на заеднички активности кои ги максимизираат компаративните придобивки во регионот. Целосното ИПА финансирање за програмата БиХ – Црна Гора 2014 – 2020 изнесува 8400000 евра.
Проектот „Amusing Museums“, финансиран од ЕУ, имаше значајно економско влијание врз двата музеја. На пример, музејот Јабланица, ја удвои цената на влезницата, и, иако беше пандемиска година во која бројот на странски посетители се очекуваше да биде низок, го удвои и бројот на индивидуални посетители. „Како резултат на поддршката од ЕУ, и двата музеја сега можат да станат целосно финансиски одржливи, а другите музеи во регионот се во контакт со нив за да научат како да го имплементираат нивниот пристап,“ вели Расим.
Но, тоа што е поважно е дека проектот имаше, исто така, влијание и врз прекуграничната соработка меѓу музеите и културните институции на двете држави. Проектот овозможи заеднички посети на двете страни од границата, за време на кои туристичките оператори беа инспирирани да ги доведат своите посетители во музеите, а исто така беше вклучена и блиска соработка помеѓу културните и институциите на локалните авторитети за имплементација на проектот.
Борба за потрошувачки права во Косово
Често е, во косовските продавници, да се забележат знаци кои велат дека купените добра не може да се вратат назад. Продавачите се потпираат на своето расудување и смислуваат политики во случај на фалични производи, а ваквите измислени правила можат да варираат од кредитни белешки кои ги обврзуваат потрошувачите да ја потрошат истата сума на различен производ, па сè до враќање на купените добра само за одреден период од 24 часа.
Ваквото нефер деловно окружување може да заземе замав, главно, поради неинформираните потрошувачи кои не се свесни дека постојат закони за нивна заштита или механизми кои можат истите да ги спроведат. Недостатокот од информирање беше потврден во 2020 година кога анкета, финансирана од ЕУ, откри дека 42 % од потрошувачите не знаат за постоењето на Законот за заштита на потрошувачи и сè уште не се свесни за своите права загарантирани со законот; како ни дека можат да ги вратат добрата кои ги купиле во продавниците или онлајн.
„Една година откако нашата платформа почна со работа, бројот на жалби регистрирани во централниот отсек за заштита на потрошувачи се зголеми за осум пати.“
За да ја пополни празнината, Институтот за политика за развој, креирал платформа, употребувајќи ја моќта на социјалните медиуми за информирање, едуцирање и зајакнување на потрошувачите во Косово. Сајтот на Косовскиот кориснички надзорник (Mbrojtësit e Konsumatorëve) го објаснува законот со едноставни термини преку постери и инфографици, а дури може и да стапи во интеракција со поединци на платформата. Дневните содржини се инспирирани од секојдневните проблеми со кои Косоварите се среќаваат при купувањето добра или услуги. Зборувајќи го јазикот на оние кои имаат потреба од пристап до овие информации, платформата допрела до публика од 30000 во текот на првата година од своето функционирање. Издигнатото ниво на совест имало влијание и на официјалните жалби поднесени до централните авторитети.
„Една година откако нашата платформа почна со работа, бројот на жалби регистрирани во централниот отсек за заштита на потрошувачи се зголеми за осум пати,“ вели Фатбарда Рестелица од Институтот за политика за развој. Вкупниот број официјални жалби поднесени годинава, сè до почетокот на декември, изнесува рекордни 1871. Косовскиот кориснички надзорник (Mbrojtësit e Konsumatorëve) ги советувал потрошувачите да поднесат жалби поврзани со безбедност на храна, кршење на правата за гаранција и онлајн купување, меѓу другите.
Пандемиски инспирирани е-трговија и нефер тргување
Препознавајќи го порастот на е-трговијата од почетокот на пандемијата и земајќи го предвид фактот дека онлајн купувањето порасна за 200 % во 2020 година, Косовскиот кориснички надзорник (Mbrojtësit e Konsumatorëve) ја зголеми својата активност за да ги заштити потрошувачите кои влегоа во оваа нова врска со продавачите. „Потрошувачите се соочија со организиран пораст на цените, кршење на правата при онлајн пазарување, невраќање на производите и целосно нефер трговски практики,“ вели Рестелица; која објаснува дека подигнувањето на свеста било фокусирано на проверка на продавачите пред купувањето и на тоа како да се поднесат жалби.
„Наша следна цел е воспоставување механизам за поддршка на потрошувачите при решавањето на жалбите преку медијација и правни решенија.“
За проектот
Институтот за политика за развој е поддржан од ЕУ преку Рамката за партнерски договор во доменот на потрошувачка заштита од 2019 до 2022 година. Програмата ја става потрошувачката заштита во центарот на одлучувачкиот процес и јавниот политички циклус. Нејзини главни цели се зајакнување на потрошувачите и подигнување на свеста за потрошувачка заштита во Косово. При имплементацијата на овие цели, Институтот за политика за развој обезбеди препораки за јавната политика и ја предводеше, исто така, кампањата за заштита на потрошувачките права на Косовскиот кориснички надзорник (Mbrojtësit e Konsumatorëve).
Преземање на следниот чекор за заштита на потрошувачите
Политиката и заштитата на потрошувачи е значајна алатка за подигнување на довербата на потрошувачите, подобрување на конкурентноста и помош при обновувањето на економијата. Институтот за политика за развој е мотивиран да продолжи со реформите во секторот, внимавајќи, истовремено, на амандманите кои треба да го хармонизираат тековниот закон со правото на ЕУ. Организацијата поднела коментари до косовските институции засновани на нивното истражување.
Официјалните информации покажуваат дека ваквиот повеќестран активизам ја подобрил целосната заштита на потрошувачите; вклучително и управувањето со жалби, затоа што има зголемување на случаите со позитивно разрешување. Меѓутоа, Рестелица вели дека граѓаните кои добиваат негативен одговор се обесхрабруваат и не го користат правото да започнат судски спор. Ова се случува затоа што споровите се скапи и потребно е долго време за случаите да се разрешат. „Затоа, наша следна цел е воспоставување механизам за поддршка на потрошувачите при решавањето на жалбите преку медијација и правни решенија,“ одлучно додава таа.
Преку зајакнување на потрошувачите со информации за основните права, Косовскиот кориснички надзорник (Mbrojtësit e Konsumatorëve) го претвори косовскиот потрошувач во значаен извор за пазарна дисциплина, охрабрувајќи ги трговците на натпревар при нудењето корисни производи и услуги, како и транспарентно споделување на информации. Ова исто така се одразува и во довербата на потрошувачите во невладина организација која би можела да ги брани нивните права – 68 % од Косоварите веруваат дека организација на граѓанското општество е способна да го направи тоа: процент сличен на просекот во ЕУ. Како што Косовскиот кориснички надзорник (Mbrojtësit e Konsumatorëve) кој е активно застапен во јавната свест, застапување и медиумско присуство во текот на последните неколку години, така и Институтот за политика за развој има значаен придонес за подигнување на ова ниво на доверба.









