Skip to main content

Адреналински бран во Скопје

Скопскиот адреналински парк се развива со помош на средства од ЕУ

Карпош е најурбаната населба во Скопје, главниот град на Северна Македонија. Општината има преку 70000 жители и скоро сите од нив живеат во високи бетонски згради. Роберт Јанковски работи во општината Карпош и, пред 20 години, со дел од своите другари, дискутирале за потребата од активност или атракција каде што луѓето би можеле да го поминат викендот или да одат по работното време. Парковите околу зградите не ја задоволувале оваа потреба. „Мислев дека Скопје има потреба од некаква атракција како во големите европски престолнини,“ вели Роберт.

„Заедно со пријателите, мислевме дека Карпош има потреба од атракција по која ќе биде познат: нешто слично како во филмовите на Индијана Џонс или „Ограбувачи на гробници“, место за спорт и забава. Така беше иницирана идејата за авантуристичкиот парк.“

Дискутирајќи со пријател, Роберт најпрво помислил за отворање терен за голф или парк. Меѓутоа, неговата пазарна анализа покажала дека тоа би било прескапо, а интересот не би бил на завидно ниво. Потоа, неговиот пријател од Англија предложил нешто многу поавантуристичко. „Заедно со пријателите, мислевме дека Карпош има потреба од атракција по која ќе биде познат: нешто слично како во филмовите на Индијана Џонс или „Ограбувачи на гробници“, место за спорт и забава. Така беше иницирана идејата за авантуристичкиот парк,“ вели Роберт.

Роберт објаснува дека во 2005 година, општината отворила скејт парк во Карпош; прв од таков вид во државата. Од споделувањето идеи со колеги од општината, дошле на идеја да ја искористат истата локација, со проширување на паркот и додавање уште авантуристички атракции како високи јажиња. Со тек на време, идејата се доразвила, но им недостигале средства за целосно да ја имплементираат. Во рамки на општинското управување, Роберт бил задолжен за соработка со меѓународни и невладини организации и, заедно со Александра Теова – одговорна на отсекот за локален развој, дознал за проектот за локална и регионална конкурентност, финансиран од ЕУ, кој поддржувал општини кои се соочуваат со проблеми поврзани со туризмот и животната средина. „Ова беше совршена и погодна можност за нашиот проект, па одлучивме да се пријавиме,“ вели тој.

„Не ќе можевме да ја реализираме идејата без поддршката на ЕУ, затоа што нашата општина не е богата и имаме бројни други приоритети, како патишта и водоснабдување.“

За проектот

Проектот за локална и регионална конкурентност е четиригодишна инвестициска операција, финансирана од грант на ЕУ (Инструмент за претпристапна помош – ИПА II). Проектот овозможува холистички пристап кон развојот на туризмот и дестинацискиот менаџмент и нуди инвестициски средства и можности за градење капацитети за поддршка на секторски раст, инвестиции во дестинации и специфичен дестинациски просперитет. Целта на проектот за локална и регионална конкурентност е да го зацврсти придонесот на туризмот во локалниот економски развој и да го подобри капацитетот на владините и јавни ентитети за поттикнување туристички развој и олеснување на дестинацискиот менаџмент.

По неколкукратна евалуација, нивната идеја била избрана меѓу успешните со што сонот за авантуристички парк станал јаве. Денес, адреналинскиот парк, финансиран со средства од ЕУ, вклучува дел со високи јажиња и „зиплајн“, но, исто така, и терени за фудбал и одбојка на песок, како и детско игралиште. Како што Роберт објаснува, паркот го посетуваат луѓе љубители на авантура, но и семејства, а исто така го користат за настани како роденденски прослави и корпоративни собири. Истиот привлекува и меѓународни посетители од регионот и пошироко.

Навраќајќи се на почетокот на идејата, Роберт вели: „Не ќе можевме да ја реализираме без поддршката на ЕУ, затоа што нашата општина не е богата и имаме бројни други приоритети, како патишта и водоснабдување.“

Денес паркот е целосно одржлив од продажбата на влезници. Управуван е од професионален изведувач, а општината редовно го мониторира и врши инспекција на услугите; вклучувајќи ја безбедноста и сигурносните мерки. Меѓутоа, Роберт и неговите колеги планираат дополнително да го развијат. Со оглед на тоа што паркот е веднаш до реката Вардар, најпрво сакаат да изградат „зип линија“ која би се движела преку реката, а потоа би изградиле и платформа за банџи скокови. „Ова се долгорочни планови, но, ако ги имплементираме, паркот ќе стане еден од главните симболи на Скопје,“ вели Роберт.

Медицински респиратори достапни за сите

Професор и група студенти од универзитетот во Приштина, со поддршка на ЕУ, развија прототип за достапен медицински респиратор.

Медицинските респиратори имаа важен придонес за време на пандемијата КОВИД-19, значително помагајќи им на пациентите во ургентните одделенија. Помагајќи го респираторниот процес со цел белите дробови да го добијат потребниот кислород, респираторите можат да бидат живото-спасувачки машини за оние пациенти со заболувања кои не им дозволуваат соодветно да дишат. Недостатокот на пристап до респиратори поттикна студенти и професори од факултетот за механичко инженерство, при универзитетот во Приштина, во Косово да изнајдат алтернативи.

„Имаше модели на респиратори, достапни на пазарот, но нивните цени беа превисоки: до 40000 евра. Сакавме да развиеме машина која ќе им овозможи на пациентите во земјите со ниски приходи да добијат третман во ургентни ситуации како, на пример, пандемијата КОВИД-19.“

Од идеја до имплементација

Професор Арбнор Пајазити е експерт во доменот на роботика и раководител на отсекот за мехатроника при факултетот за механичко инженерство на универзитетот во Приштина. Професор Пајазити и неговиот тим развиле прототип за достапен медицински респиратор, соодветен за респираторни проблеми; како КОВИД-19, наменет за државите со ниски приходи. Покрај достапната цена, производот има и патентиран новитет: за разлика од повеќето постоечки системи кои им налагаат респираторен ритам на пациентите, оваа направа му овозможува на пациентот да ја регулира секоја респираторна секвенца. „Имаше модели на респиратори, достапни на пазарот, но нивните цени беа превисоки: до 40000 евра. Сакавме да развиеме машина која ќе им овозможи на пациентите во земјите со ниски приходи да добијат третман во ургентни ситуации како, на пример, пандемијата КОВИД-19,“ вели професор Пајазити.

Работата на механичкиот респиратор започнала на почетокот од пандемијата. Како по обичај, на почетокот од семестарот, професорот го прашал својот тим студенти да смислат идеи за развој на прототипи. Со оглед на тоа што имало потреба од респиратори, тимот скоро едногласно одлучил дека тоа треба да биде направата на која треба итно да работат. Најпрво, извршиле истражување и заклучиле дека во светот нема недостаток од респиратори, но дека нивната цена е особено висока и дека нема залиха. Следната етапа подразбирала да се работи на идеја за медицински респиратор кој ќе може да се произведе по ниска цена и ќе може брзо да се состави. Напоредно, работеле за да го тестираат респираторот во виртуелна средина. Професор Пајазити објаснува дека денес компјутерскиот софтвер е прилично успешен при тестирањето прототипи за механичко инженерство. „Се доближуваат со 95 % до вистинските прототипи,“ вели тој. По успешното тестирање на софтверот, неговиот тим морал да премине на физичкиот прототип, но биле соочени со предизвик – недостаток на средства за набавка на деловите, како и недостаток на експертиза за патентирање на направата.

„Без поддршката од „EU4TECH POC“, овој проект ќе беше само уште едно академско дело на хартија.“

За проектот

EU4TECH PoC Western Balkans“ беше двогодишен ИПА проект за претпристапна помош, за повеќе држави, финансиран преку Инвестицискиот фонд за претпријатија и развој на Западен Балкан (Western Balkans Enterprise and Development Innovation Facility (WBEDIF)). Проектот ги опфати шесте економии во регионот на Западен Балкан. Поддржаните проекти потекнуваа од јавни истражувачки организации и стартапови / мали и средни претпријатија.

Инвестицискиот фонд за претпријатија и развој на Западен Балкан (Western Balkans Enterprise and Development Innovation Facility (WBEDIF)) е еден од инструментите на приватниот сектор, поддржан од Инвестициската рамка Западен Балкан – заедничка иницијатива на ЕУ, финансиски организации, билатерални донатори и корисници; насочени кон подобрување на хармонизацијата и соработката за инвестиции за општествено-економски развој на регионот и придонес за европска перспектива на Западен Балкан.

Инвестициската рамка Западен Балкан е главното средство за имплементација на амбициозниот Економски и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан. Примарна цел на планот е зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор, како и зголемување на поддршката за истражување и иновација.

Во тоа време, проектот „EU4TECH Proof of Concept (PoC)“, финансиран од ЕУ, отворил повик за предлози за финансирање на развој на иновативни идеи ширум Западен Балкан. Со оглед на тоа што професор Пајазити веќе бил запознаен со проектот, одлучил да ја состави документацијата и да аплицира за поддршка. Обидот бил успешен и биле еден од првите тимови избрани во рамки на шемата за доказ за концепт, квалифицирани за поддршка за прототип.

„EU4TECH PoC“ го поддржал проектот за стекнување минимум хардвер, потребен за докажување на основниот концепт, исцртување професионална апликација за патент, на англиски јазик; заснована на сеопфатна технологија за пребарување, како и истражување на регулаторните услови за направата. „Без поддршката од „EU4TECH POC“, овој проект ќе беше само уште едно академско дело на хартија,“ вели професор Пајазити.

Како што шемата „Proof of Concept“ („Доказ за концепт“) се приближува кон својот крај, проектот за механички респиратор мора да најде понатамошна поддршка. Истата би можела да добие форма на грант (околу 50000 евра) за купување хардвер и развивање софтвер потребен за премин на прототипот од трето ниво на техничка подготвеност кон четврто ниво. Исто така, би била потребна и сертификација пред респираторот да биде тестиран на Универзитетската клиника во Приштина. На долг рок, проектот треба да одреди индустриски партнер за претворање на прототипот во целосно сертифициран производ.

Професор Пајазати објаснува дека неговите студенти се мотивирани и понатаму да придонесуваат за овој и слични проекти. „Со соодветно финансирање и поддршка, можеме значително да придонесеме за нашата заедница и за човештвото,“ вели тој.

Традиционална облека за современи свадби во Косово

Проект, финансиран од ЕУ, помага за враќање во живот на традиционалните изработки

Јаничарите биле елитна пешадиска единица дел од домашните трупи на отоманскиот султан. Биле познати по својата строга дисциплина, ред, жестокост и храброст во битките. Препознатливи по својата облека, позната како „кафтан долама“. „Долама“ е унисекс наметка со должина до коленици или потколеници; со струкирана половина, тесно здолниште и долги и широки ракави. Зборот „долама“ во буквален превод значи „обвиткување“ и е придавка која значи дека наметката треба да се носи над алиштата.

 

Во текот на следните векови, „доламата“ станала облека која ја носеле не само јаничарите, туку и другите луѓе; особено богатите жени. Меѓутоа, дури и меѓу богатите слоеви, „доламата“ била функционална облека. Низ историјата, „доламата“ станала важна за многу други заедници како дел од гардеробата за посебни пригоди на поранешните територии на Отоманската Империја; вклучително и Западен Балкан.

 

Во Косово, „доламата“ го задржала својот сјај и важност, а во одредени региони, свадбите се незамисливи пригоди без ова специјално парче облека. Денес, „доламата“ ја носат младите невести и жените, во најразлични варијации ширум заедниците во Косово.

 „Имаше одреден период во кој традиционалната носија беше скоро целосно заборавена. Некако, младите станаа модерни и веќе не носеа традиционални алишта, како „долама“, на свадбите. Со тек на време, традиционалната носија се врати во мода. Денес, младите девојки ја комбинираат со здолништа: „доламата“ станува модерна.“

Во Призрен има голема побарувачка за рачно изработените „долами“, спротивно на оние кои се фабрички изработени. Потребни се недели и, се разбира, многу трпение и љубов, за да се изработи едно парче; а рачно изработените креации достигнуваат цени и до 2000 евра. Техниката за изработка на „долма“ е уникатна и не се учи во училиште или некоја формална институција. Оттука, на оваа рачна изработка ѝ претстоеше опасност од заборавање, иако истата е доста барана на пазарот.

Поради оваа причина, невладината организација од Призрен, наречена „Ec ma ndryshe“, започна со работа за одржување во живот на традицијата за „долма“, помагајќи им на оние кои сакат да ја зачуваат, да ги заживеат традициите, но со модерен пристап. Со поддршка од ЕУ, организираа обука за да ги научат жените како рачно да изработуваат „долама“.

Себахате Кабаши е искусна занаетчика за „долама“ која обучува други жени за производство на оваа рачна изработка. „Имаше одреден период во кој традиционалната носија беше скоро целосно заборавена. Некако, младите станаа модерни и веќе не носеа традиционални алишта, како „долама“, на свадбите. Со тек на време, традиционалната носија се врати во мода. Денес, младите девојки ја комбинираат со здолништа: „доламата“ станува модерна,“ вели таа.

„Знаев дека по завршувањето со обуката ќе добијам работа, но во ниту еден момент не помислив дека нарачките толку брзо ќе почнат да доаѓаат.“

За проектот

Обуката беше спроведена како дел од проектот „Жени и млади за развој на заедницата и културно наследство“, имплементиран од невладината организација „Ec Ma Ndryshe“. Проектот е имплементиран со поддршка од финансиски грант, обезбеден преку проектот „Културното наследство како двигател за дијалог меѓу заедниците и општествена кохезија“, финансиран преку инструментот на ЕУ за придонесување за стабилност и мир, а имплементиран преку Програмата за развој на ОН во Косово.

Учесниците на обуката велат дека ова е одлична можност за учење нови вештини. За нив, ова претставува чекор напред во животот, затоа што користејќи го својот талент, можат за заработат и да им помогнат на своите семејства. Една од учесничките е триесет годишната Мирлинда. Таа вели дека традицијата била отсекогаш важна, но додава дека и економскиот фактор е, исто така, битен во изработката на „долама“. „Оваа рачна изработка е профитабилна и дава можност за работа од дома, што е особено важно за нас – домаќинките. Исто така, има голема побарувачка во Призрен,“ вели таа.

Обучувачката, Себахате, додава дека многумина од учесничките на обуката започнале со работа додека сè уште го следеле курсот. Една од успешните учеснички е Ќамиле Битиќи. При крајот на обуката, објавила слика од својата работа на Фејсбук и Инстаграм и веднаш почнала да добива барања за нарачки. „Знаев дека по завршувањето со обуката ќе добијам работа, но во ниту еден момент не помислив дека нарачките толку брзо ќе почнат да доаѓаат,“ вели таа.

 

Одавање признание на умствените креации

Креативните индустрии во Косово ја зајакнуваат својата позиција на интелектуална сопственост со помош на ЕУ.

Фестивалите се воспоставена структура за културни настани во Косово. Предводени од филм и музика, бројни се концертите за време на летните месеци. Некои од нив се истакнуваат со својата кинематографија и уникатни места за прикажување; на пример, „Докуфест“ во Призрен и „Анибар“ во Пеќ, како и по ефектот кој го имаат врз трансформирање на градовите-домаќини за време на фестивалот. Овие културни центри преземаат иницијатива за решавање на актуелните прашања преку филм, но, исто така, ги посочуваат и проблемите со кои се соочуваат креаторите; особено заштитата на интелектуалната сопственост.

„Аудио-визуелните содржини се меѓу материјалите најподложни на пиратство.“

Авторското право како услов на ЕУ

Косово нема функционални друштва за колективно управување кои се авторизирани тела за собирање такси за авторски права, наменети за употреба на креативните дела, и кои им плаќаат на сопствениците за овие права; како, на пример, текстописци, автори, уметници и издавачи. Оваа празнина влијае на начинот на кој општеството го перципира барањето за плаќање на материјалите кои подлежат на авторско право и создава потреба за подигање на свеста за тоа како авторските права влијаат на креативните индустрии; вклучително и креаторите на филмови.

„Филмските фестивали се видлива можност за дисеминација на информации за улогата на авторските права,“ вели Јоанис Киккис, експерт за авторски права, за приликата директно да се зборува со претставници на индустријата. Летото, на фестивалите „Докуфест“ и „Анибар“, заедно со други истакнати специјалисти од доменот, презентираа примери од реалниот живот за тоа како на креаторите и поседувачите на право им биле „украдени можности“. Јоанис потврдува дека некои гледачи немаат јасна претстава за важноста на авторските права во оваа индустрија и зошто истите треба да бидат почитувани. Киккис е во Косово преку две години и работи со проект, финансиран од ЕУ, кој има за цел зајакнување на позицијата на институциите за интелектуална сопственост преку подигање на свеста.

„Авторското право е основата на секоја филмска продукција. Им овозможува сигурност на креаторите дека го поседуваат своето дело и дека ќе имаат право да управуваат со дистрибуцијата на крајниот продукт,“ вели Киккис. „Истовремено, аудио-визуелните содржини се меѓу материјалите најподложни на пиратство.“

Посетителите на фестивалот исто така научија и за најдобрите практики и можности на ЕУ кои потекнуваат од авторските права; вклучително и финансиски фондови, заштита на анимациски креации во индустријата за видео игри и други теми поврзани со економијата на индустриите засновани на авторски права.

„Државите применуваат стратешки пристап кон улогата на интелектуалната сопственост за ослободувањена потенцијалот на креативноста во полза на креаторите и општеството како целина.“

За проектот

Проектот на ЕУ за поддршка на правата за интелектуална сопственост ги поддржува правните, административните и структурни капацитети на косовските институции одговорни за развој и зајакнување на овие права. Овој проект му помага на Косово за исцртување на законска рамка во согласност со стандардите на ЕУ. Исто така, им помага на институциите да имаат целосно функционален систем за интелектуална сопственост, хармонизиран со практиките на ЕУ, кој обезбедува цврста рамка за подобрување на економските трансакции кои инволвираат права за интелектуална сопственост.

Заштита на правата за инспирирање иновација

Делата за кои е потребна регистрација, наместо авторски права, се креации кои спаѓаат во категоријата индустриска сопственост како, на пример; трговски марки, индустриски дизајн и патенти. Секоја година, Косово регистрира илјадници трговски марки преку својата Агенција за индустриска сопственост. Изминатите години, се прават напори за охрабрување на локалните бизниси да бидат поактивни во овој поглед; и тоа преку регистрирање на своите продукти и обезбедување заштита, со цел да бидат поконкурентни како дома, така и во странство. Заштитата на постоечките производи ги предизвикува креаторските умови да измислат нови нешта, да воведат иновативни решенија за современите проблеми кои, исто така, долгорочно ги наградуваат законските сопственици на иновациите.

Во меѓувреме, интелектуалната сопственост добива пошироко прифаќање како неопходен елемент во креативната економија. „Државите применуваат стратешки пристап кон улогата на интелектуалната сопственост за ослободување на потенцијалот на креативноста во полза на креаторите и општеството како целина,“ вели Киккис.

Развој на младинската работа во Србија

Проект, финансиран од ЕУ, поддржува младинска организација за зголемување на квалитетот на програмите за млади во Србија.

Н.А.П.О.Р. – Национално здружение на младински работници – е невладина организација од Србија, формирана во 2009 година, од организации на граѓанското општество кои се занимаваат со младинска работа во Србија. Биле поттикнати да го основаат здружението водени од потребата да го зголемат квалитетот на програмите поврзани со млади. Особено, имало потреба за поставување стандарди за неформално младинско образование, обезбедување поддршка за оние кои обучуваат млади, како и работа со јавни институции кои придонесуваат во доменот на младите. Повеќе од десет години подоцна, „НАПОР“ прерасна во еден од најзначајните чинители во сферата на младински програми во Србија; броејќи 48 организации под своја капа.

„НАПОР“ на бројни начини придонесува за зајакнување на младината. Тука спаѓаат осигурување за стандарди на квалитет за своите членови преку редовни процеси на мониторинг и акредитација за основните стандарди за изведба; едукативни програми за младински работници и лидери, вклучително и широк спектар модули за обука, како и промоција на етика во младинската работа која е особено важна компонента, земајќи ги предвид проблемите кои се јавуваат при комуникација во дигиталната сфера. Дополнително, организацијата сериозно се залага за признавање на младинската работа, општо, но и со посебен акцент на јавните институции; како, на пример, министерства, општини и други чинители инволвирани во поддршка на нивната работа.

„Навистина сме професионални во нашиот домен, особено што се однесува до младинската работа. Но, исто така сфативме дека имаме сериозни проблеми; како, на пример, собирање средства, генерирање системи за одржливост на нашите програми, како и канцелариски менаџмент и професионално комуницирање на нашето влијание врз публиката и чинителите.“

Недјелка Ивошевиќ е менаџер за комуникации во здружението „НАПОР“. Објаснува дека со природниот раст на организацијата, на површина излегле сериозни предизвици и недостатоци; особено во насока на долгорочна одржливост и корпоративни комуникациски вештини. „Навистина сме професионални во нашиот домен, особено што се однесува до младинската работа. Но, исто така сфативме дека имаме сериозни проблеми; како, на пример, собирање средства, генерирање системи за одржливост на нашите програми, како и канцелариски менаџмент и професионално комуницирање на нашето влијание врз публиката и чинителите,“ вели Недјелка.

Во потрага по поддршка, здружението „НАПОР“ стапило во контакт со „EU TACSO 3“; проект, финансиран од ЕУ, кој придонесува за подобрување на капацитетите и зајакнување на улогата на организациите на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција. Проектот „EU TACSO 3“ обезбедил поддршка за здружението „НАПОР“ во насока на обука и менторство кои резултирале со подобрување на нивните капацитети за собирање средства и севкупната финансиска стратегија. Здружението значително се подобрило од соработката со проектот „EU TACSO“. Организацијата вели дека значително ја подобрила својата комуникација со масовните публики, како и со јавните институции и донаторите.

„Главниот проблем со кој се соочувавме беше преводот на одредени теми и професионална терминологија од доменот на младинската работа, наменети за публики кои немаат доволно предзнаење на темата. Пред соработката со проектот „EU TACSO“ користевме технички и бирократски проектен јазик; но, благодарение на нивното менторство, наменето специјално за нашето здружение преку проектот „EU TACSO 3“, добивме помош за превод на комуникацијата во форма на едноставен, јасен и секојдневен јазик, лесно разбирлив од сите; вклучително и нашите членови, како и пошироката заедница и младите. Врз основа на севкупните реакции, можам да кажам дека поддршката од проектот „EU TACSO 3“ за нас беше целосен успех,“ вели Недјелка.

„Без поддршката од проектот „EU TACSO 3“ не ќе можевме да допреме до специфични публики, ниту, пак, ќе имавме јасна визија за иднината на нашето здружение.“

За проектот

Техничка помош, на ЕУ, за организациите на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција („EU TACSO“) е регионален проект, финансиран од ЕУ, кој ги подобрува капацитетот и улогата на организациите на граѓанското општество. Проектот обезбедува помош за организациите на граѓанското општество да можат да земат активно учество во демократските процеси во регионот и стимулира средина на можности за граѓанското општество и плуралистички медиумски развој.

Проектот делува во Албанија, БиХ, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција. Истиот е дел од механизмот на ЕУ за граѓанско општество кој овозможува поддршка за организациите на граѓанското општество кои сè уште не се дел од ЕУ. Организациите на граѓанското општество играат значајна улога за ЕУ и се клучни чинители во поддршката на пристапниот процес во своите матични држави.

Билјана Северинова, експерт за комуникации при проектот „EU TACSO 3“, вели дека одлучиле да го поддржат здружението „НАПОР“ од повеќе причини. Една од нив е затоа што „НАПОР“ е организација која има блиска соработка со младите; здружението работи на национален концепт за мотивирање на младината да преземе иницијатива, обезбедувајќи ги со вештини и алатки наменети за нивно зајакнување и осамостојување. Моментално, младинската поддршка, е во фокус на ЕУ и ќе продолжи да биде во следните години. „Друга причина е тоа што „НАПОР“ не е само организација, туку и здружение кое овозможува придонес и помош за бројни други организации. За нас, ова беше одличен модел за учење, особено во насока на идно развивање на нашата методологија за помош,“ вели Билјана.

Недјелка објаснува дека поддршката од проектот „EU TACSO 3“ била особено важна за подобрување на целосната работа на нивната организација. Сега, можат подобро да планираат однапред, а, со тоа, и да имаат подобра перспектива за развој. „Без поддршката од проектот „EU TACSO 3“ не ќе можевме да допреме до специфични публики, ниту, пак, ќе имавме јасна визија за иднината на нашето здружение,“ вели Недјелка.

Здружението „НАПОР“ планира понатамошно да ги зголеми своите операции во насока на поддршка на младинската работа во Србија. Моментално, организацијата е само здружение од младински организации, но нивната цел е понатаму да се развијат во здружение на млади професионалци; насочено кон индивидуи кои ќе имаат влијание и знаење во доменот на младинската работа.

 

Сончева енергија ја осветлува иднината на една босанска компанија

Една од најголемите соларни централи во регионот, за снабдување на сопствените потреби на компанија за прехранбени производи од БиХ, е отворена со поддршка на ЕУ.

„Мади“, со седиште во Тешањ, е една од малкуте компании кои имаат дозвола да извезуваат пилешко месо во ЕУ. Компанијата е основана во 1989 година, а во 2000 година го отвориле својот прв погон за преработка на пилешко месо. До 2015 година, ја отвориле и најголемата и најсовремена пилешка кланица во регионот; со капацитет од 6000 бројлери на час и 24 милиони птици годишно. Денес важат за лидер на пазарот во БиХ.

Меѓутоа, пандемијата КОВИД-19 имаше негативен ефект врз „Мади“, иако е една од најуспешните компании во БиХ. Компанијата се соочи со проблеми во доменот на набавки и мораше да ги прегледа своите расходи за да заштеди таму каде што е возможно. За да се справат со проблемот, управата одлучи да формира работна група за оптимизација на расходите.

“Отсекогаш бевме свесни дека електричната енергија е нашиот најголем трошок. Една од првите работи кои ги анализиравме беше како да ги намалиме трошоците за енергија. По детално истражување, заклучивме дека поставување соларна централа би било најдоброто решение.“

Мирел Дедукиќ бил назначен како раководител на работната група. Објаснува дека еден од најголемите расходи била електричната енергија. „Отсекогаш бевме свесни дека електричната енергија е нашиот најголем трошок. Една од првите работи кои ги анализиравме беше како да ги намалиме трошоците за енергија.“

Мирел знаел дека најголемата потреба за енергија на компанијата се јавува за време на летото; период кога соларните панели би достигнале максимален производствен капацитет. „По детално истражување, заклучивме дека поставување соларна централа би било најдоброто решение,“ објаснува тој. На тој начин, компанијата се впуштила во инвестирање единствено од овој вид во БиХ.

Додека компанијата „Мади“ работела на својата студија за изводливост за инвестирање во соларна централа, програмата „EU4AGRI“, финансирана од ЕУ, објавила повик за предлози. Повикот ги вклучувал компаниите од месната индустрија. „Нашиот проект беше скоро готов и, за нас, беше лесно да се пријавиме на повикот,“ вели Мирел.

Со кофинансирањето од програмата „EU4AGRI“, компанијата „Мади“ поставила сопствена соларна централа со капацитет од 1000 киловати. Централата била поставена во три производствени хали, опфаќајќи површина од над 5500 метри квадратни. Целосниот годишен капацитет на централата е 1,147 мегавати на час, со што се покриваат околу 15 % од електричната потрошувачка на компанијата. Дополнително, во 2021 поставиле и уште една соларна централа со капацитет од 1000 киловати, така што, сега, преку 30 % од нивната електрична енергија доаѓа од обновливи извори.

„Навистина сме горди што со овој проект придонесовме за заштита на средината. Дополнително, ги намаливме нашите расходи и достигнавме самоодржливост во доставата на електрична енергија.“

За проектот

Проектот „EU4AGRI“ е четиригодишна иницијатива (2020 – 2024) насочена кон модернизирање на земјоделско-прехранбениот сектор во БиХ; создавајќи нови работни места, задржување на веќе постоечките, како и закрепнување од кризата КОВИД-19. Целосната вредност на проектот е преку 20,25 милиони евра; главно финансирани од ЕУ, во заедничка имплементација и ко-финансирање со Чешката агенција за развој и Програмата за развој на ОН во БиХ.

Проектот „EU4AGRI“ досега поддржал земјоделци и претпријатија од БиХ со 45 инвестиции во вредност од околу 5,5 милиони евра; од кои преку 3,2 милиони евра се финансирани од ЕУ.

Според Мирел, енергијата произведена од нивната соларна централа претставува намалување на повеќе од 1800000 килограми загадување од јаглероден диоксид или еквивалент на заштеда од 600000 литри дизел или 800 тони јаглен. „Навистина сме горди што со овој проект придонесовме за заштита на средината. Дополнително, ги намаливме нашите расходи и достигнавме самоодржливост во доставата на електрична енергија,“ вели Мирел.

Планот за „Мади“ за иднината е компанијата да остане најголемата месна индустрија во БиХ; преку континуирано инвестирање во човечки ресурси и модерна технологија. Дополнително, отвориле нова компанија – „Mipower d.o.o.“, која целосно се фокусира на производство и трговија со електрична енергија. Исто така, планираат да инсталираат соларни панели со капацитет од минимум 10 мегавати.

Создавање на новата генерација волонтери

Проект, финансиран од ЕУ, го поддржува воведувањето на волонтерството во училиштата во Косово.

Рина Речица има 14 години и е една од најперспективните ученици во својата генерација. Покрај учењето, се интересира за општествени проблематики како, на пример, заштита на животната средина и човекови права. Во текот на изминатите години, со нејзините другар(к)и, редовно придонесувале преку волонтерски активности во училиштето. “Организиравме иницијатива за чистење на училишниот двор и изработивме постери против врсничко насилство. Но, отсекогаш чувствував дека не правиме доволно и дека можеме повеќе,“ објаснува Рина.

Ситуацијата се сменила кога невладината организација „ТОКА“ му пристапила на училиштето, предложувајќи да се организираат волонтерски клубови со помош на двајца од нивните наставници. „Ова значително помогна,“ вели Рина, „затоа што сега имаме поредовни и добро координирани активности, а, исто така, имаме и прилика да запознаеме и други луѓе, во училиштето, кои волонтираат, а не сме ги знаеле претходно.“

„Причината за иницирање на програмата беше многу едноставна. Имаме за цел да ги активираме младите за прашања кои ја засегаат заедницата и сакаме да придонесеме, истовремено, за нивното неформално образование.“

Програмата за волонтерство започна во Косово пред пет години и во текот на последните три години е имплементирана со поддршка на ЕУ. Накратко, се работи за програма која им помага на младите да бидат повеќе инволвирани во волонтерството, истовремено стекнувајќи ново знаење, вредности и вештини; како критичко расудување, комуникација, решавање проблеми, социјални вештини, носење одлуки, лидерство и зголемена самоефикасност и свест за активно граѓанство.

Хатиџе Зека, раководителка на програмата, објаснува дека многу држави го вклучуваат волонтерството во нивниот систем за формално образование преку програми за волонтирање. Меѓутоа, Косово е меѓу оние кои не нудат волонтерство како дел од формалното образование. „Причината за иницирање на програмата беше многу едноставна. Имаме за цел да ги активираме младите за прашања кои ја засегаат заедницата и сакаме да придонесеме, истовремено, за нивното неформално образование,“ вели Хатиџе.

На почетокот, програмата започнала со повик за учество отворен за сите наставници ширум Косово, проследен од шестдневен тренинг, за избраните кандидати, за координирање и иницирање волонтерски училишни активности. Потоа, обучените наставници се вратиле во своите училишта и започнале со организација на волонтерски клубови со своите ученици. Активностите продолжиле со состаноци, во текот на неделата, на коишто наставниците и учениците започнале да разговараат за конкретни волонтерски активности. На овие состаноци, со поддршка од програмата, наставниците тестирале одредени модули за обука така што членовите на волонтерските клубови би биле подобро подготвени за волонтерски активности.

Првиот модул бил за размислување за вештините и капацитетите на самите учесници, вториот вовел циклус на подготовка за волонтерска акција; вклучително анализа на потребите на заедницата и развивање идеи за решавање проблеми, а третиот се однесувал на успесите и недостатоците на проектот. Волонтерските клубови во секое училиште редовно се состанувале во текот на неколку месеци, а покрај учењето нови вештини, секој клуб имплементирал најмалку еден волонтерски проект до крајот на програмата. Секој проект бил финансиски поддржан преку симболичен придонес таму каде што било потребно.

„Навистина беше инспиративно да се биде сведок на трудот и страста кои наставниците и учениците ги посветија на своите волонтерски проекти – а постои уште поголем интерес за новите клубови кои ќе започнеме да ги иницираме набрзо.“

За проектот

„ТОКА“ ја имплементира програмата за волонтерство уште од 2017 година. Во рамките на оваа програма, „ТОКА“ вклучи 2500 млади, на возраст помеѓу 12 и 17 години, од повеќе од 80 училишта и 20 општини во Косово. Овие млади се дел од клубовите за волонтерство, поддржани од „ТОКА“. Клубовите се предводени од наставници или членови на граѓанското општество; на возраст над 18 години, обучени со методологијата за учење преку искуство која го интегрира учењето преку искуство. Програмата ги изложува младите на конкретни искуства преку имплементирање волонтерски проекти, изработка каталог потреби за потребите на нивната заедница, решавање или намалување на проблемите во нивната заедница, поставување цели, менаџирање останати активности, собирање средства, подготвување буџети, мониторирање и оценување проекти. Од 2019 година, проектот е поддржан од Бирото на ЕУ во Косово, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (European Instrument for Democracy and Human Rights (EIDHR)).

Во текот на пет години, проектот успеал да иницира 29 клубови за волонтерство во 15 општини ширум Косово, ангажирајќи 60 лидери на волонтерски клубови со повеќе од 500 волонтери кои се приклучиле во клубовите. За време на училишната година, биле имплементирани 60 волонтерски проекти во различни заедници низ Косово. Како резултат, преку 50000 ранливи луѓе биле поддржани, на директен или индиректен начин, преку проектите имплементирани како дел од волонтерските клубови. „Навистина беше инспиративно да се биде сведок на трудот и страста кои наставниците и учениците ги посветија на своите волонтерски проекти – а постои уште поголем интерес за новите клубови кои ќе започнеме да ги иницираме набрзо,“ вели Хатиџе.

Исто така, програмата вклучува и студенти од факултетот за образование, како и од катедрата за психологија, при универзитетот во Приштина, кои, во иднина, треба да станат наставници и психолози. И тие извлекле полза од неформалните наставни техники обезбедени како дел од клубовите. Според Хатиџе, целосното влијание на проектот бил трократ: наставниците научиле нови наставни методологии кои се покажале како ефикасни и практични; членовите на клубовите стекнале поголема самодоверба за координирање, аналитички и „меки“ вештини; а студентите при факултетот за образование и катедрата за психологија се здобиле со вредно искуство за фацилитирање активности за учење преку искуство, како менаџирање млади лица, клубови и проектна имплементација во нивните заедници.

Понатаму, Хатиџе објаснува дека поддршката на ЕУ за оваа програма била неопходна и тоа не само од финансиски аспект. „Поддршката на ЕУ ги зголеми кредибилитетот и важноста на програмата меѓу чинителите на општинско и централно ниво и обезбеди значаен поттик во последните три години,“ вели таа.

Издигнување на родителството на повисоко ниво

ЕУ и УНИЦЕФ ги здружуваат силите за поддршка на Црна Гора со цел изработка на ефикасна програма за ран детски развој која ќе ја подобри добросостојбата на децата и ќе ги поддржи родителите/старателите.

Мишо Обрадовиќ е татко на две деца, а и познат актер во Црна Гора. Обожава да го поминува своето слободно време со четиригодишната ќеркичка и едногодишното синче. Но, покрај неговата амбиција да биде совршен родител, имал комуникациски проблеми со ќерката. „Ќерка ми, за време на ручек, долго време остануваше на маса; што е проблем со кој се соочуваат многумина родители, но не знаев на кој начин да го решам ова,“ вели Мишо.

 

Признава дека се обидел да најде решение за овој предизвик на најразлични начини; од поткупување на ќерка си со слатки, па сè до опомени со казна. Меѓутоа, сфатил дека ваквиот пристап не вродува со резултати. „Понекогаш, ќе изгубев трпение. Другпат, ќе бев претерано трпелив и во тој случај оброкот ќе траеше цела вечност,“ вели тој.

„Одлучив да се пријавам за програмата „Грижливи семејства“ (Caring Families) не само поради овој конкретен проблем, туку поради општата желба да бидам подобар родител за моите деца,“ објаснува тој. Применувајќи ги принципите од програмата, придружени со совети од експерти и разговори со други татковци кои учествувале во програмата, Мишо научил како да ја мотивира својата ќерка да го заврши оброкот со позитивно поттикнување. „Ќерка ми смирено ја прифати новата ситуација, а јас се потрудив да останам смирен; па, сега, веќе не сме фрустрирани и не се задржуваме на маса дополнителни час и половина после ручек.“

„Програмите за родителство не само што ни помагаат да ја намалиме строгата дисциплина, туку ни овозможуваат, исто така, и да ги поддржиме децата за да бидат ненасилни. Родителите се модел за однесувањето на децата; па, оттука, растењето деца во ненасилни семејства може да придонесе за ненасилни заедници.“

„Грижливи семејства“ (Caring Families) е програма за родителство која ги поддржува родителите при воспоставување и одржување негувачки односи со своите деца. Програмата е директно финансирана преку ЕУ во Црна Гора како дел од проектот „Ран детски развој“, имплементиран од УНИЦЕФ. Ида Фердинанди е одговорна за ран детски развој при УНИЦЕФ, во Црна Гора, и објаснува дека програмите за родителство се меѓународно признаени како клучни стратегии за спречување насилство кон децата. „Всушност, програмите за родителство не само што ни помагаат да ја намалиме строгата дисциплина, туку ни овозможуваат, исто така, и да ги поддржиме децата за да бидат ненасилни. Родителите се модел за однесувањето на децата; па, оттука, растењето деца во ненасилни семејства може да придонесе за ненасилни заедници.“

Ида објаснува дека во светот постојат неколку програми, како и оваа, засновани на докази, но дека тешко е да се добие пристап до нив поради скапите лиценци. Притоа, Светската здравствена организација (СЗО), како и експерти од различни универзитети и УНИЦЕФ, ја развиле оваа посебна програма (Родителство за доживотно здравје, наречена „Грижливи семејства“ во Црна Гора) како лиценцирана, но јавно отворена програма, заснована на докази,  за држави со ниски и средни примања; како што е случајот со Црна Гора.

Во Црна Гора, програмата се имплементира преку пет години. Со два циклуса годишно, програмата допрела до 800 родители во седум општини. 700 од родителите успешно ја завршиле програмата. Студија, која го мери влијанието на програмата меѓу учесниците, покажа дека постои намалување од 70 % на насилното родителство, а забележано е намалување од 30 % на проблемите со однесување на децата; како и 45 % намалување на родителската депресија. „Влијанието на проектот е неверојатно,“ вели Ида.

Онлајн верзија на програмата „Грижливи семејства“, наречена „ParentChat“, беше тестирана за време на КОВИД-19 во обид за ублажување на влијанието на КОВИД-19 врз децата и родителите во Западен Балкан и Турција.

„Се трудиме да создадеме капацитети за човечки ресурси со цел програмата да се развива на одржлив начин. Исто така, соработуваме и со Министерството за здравство во насока на креирање национална стратегија за ран детски развој, така што програмата би била интегрирана во владината политика и акција како редовна услуга.“

За проектот

Иницијативата за ран детски развој во Црна Гора е тригодишна програма која ќе трае до јули 2023 година. Програмата е финансирана од ЕУ, со средства во висина од 1 милион евра, а е имплементирана од УНИЦЕФ, во соработка со министерствата за здравство, образование, труд и социјална заштита. Благодарение на иницијативата, ЕУ и УНИЦЕФ ќе им помогнат на авторитетите во Црна Гора да развијат и имплементираат национална стратегија за ран детски развој; подигнувајќи ја, притоа, општата свест за важноста на раниот детски развој. Исто така, ќе биде зголемен и капацитетот на здравствени, заштитни и образовни услуги со цел овозможување соодветни услуги за семејствата и малите деца; вклучително и децата со попреченост. Преку програмата, родителите и старателите ќе добијат, исто така, прилика да се стекнат со нови знаења и вештини; со цел олеснување на улогата на давање позитивна, одговорна и негувачка грижа за своите деца.

Програмата „Грижливи семејства“ во Црна Гора се спроведува преку примарните здравствени центри за грижа кои поседуваат единици за советување; како и преку градинки, граѓански организации и основни училишта. УНИЦЕФ работи и на проширување на програмата за да обезбеди нејзина одржливост. Програмата овозможува обука за нови локални фацилитатори со цел креирање тим од национални обучувачи, така што не би зависела само од меѓународни експерти. „Се трудиме да создадеме капацитети за човечки ресурси со цел програмата да се развива на одржлив начин. Исто така, соработуваме и со Министерството за здравство во насока на креирање национална стратегија за ран детски развој, така што програмата би била интегрирана во владината политика и акција како редовна услуга,“ вели Ида.

Мишо вели дека моделот за родителство се променил од времето кога тој бил дете и дека татковците сакаат да бидат повеќе инволвирани во растењето на своите деца. „Сакам да бидам татко кој ќе биде близок со своите деца, особено за време на критичните период во нивниот живот; поддржувајќи ги и давајќи им насоки за одлуките кои ги чекаат во животот,“ вели тој.

Зајакнување на земјоделството во Црна Гора

Фондови на ЕУ создаваат нови работни места и производи со подобар квалитет.

Миленко Недиќ има 47 години и бил дел од армијата. Во 2005, како дел од владините реформи, заедно со 3000 други колеги бил прогласен како технолошки вишок; останувајќи, преку ноќ, без работа. Кога морал да одлучи за следниот чекор, се потсетил на земјоделското искуство на своите родители; што, всушност, била единствената дополнителна работа која знаел да ја работи.

Заедно со сопругата, зеле банкарски заем и купиле три крави со кои ја започнале својата скромна фарма. Почетокот бил особено тежок поради високите каматни стапки за заемот и недостатокот на капацитети. Но, тогаш, се појавила прилика за Миленко и неговата сопруга да го развијат и стабилизираат нивниот бизнис со поддршка на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД II), на ЕУ. „Преку програмите ИПАРД, успеавме да ја комплетираме нашата механизација и да добиеме системи за молзење, како и сета опрема која ми е потребна за фармата. Преку последниот повик, добив поддршка од 48000 евра, кои ги надополнив со мој сопствен придонес од 32000 евра,“ вели Миленко. Денес, Миленко поседува околу 50 крави и ја има една од најголемите фарми во регионот.

„Пред почетокот на имплементацијата на програмата ИПАРД II, имавме само два или три погони за преработка кои ги задоволуваа националните стандарди за безбедност на храната. Денес, имаме преку 21 погон и сите ги исполнуваат стандардите. Овој факт, сам по себе, го претставува позитивното влијание кое ИПАРД II го има во Црна Гора.“

Побезбедна храна

Приказната на Миленко Недиќ не единствената успешна приказна во Црна Гора. Досега, околу 254 земјоделци ги искористиле фондовите ИПАРД II; како и можности за подобрувања на работните услови на фармите. Гордана Дујовиќ, од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, објаснува: „Пред почетокот на имплементацијата на програмата ИПАРД II, имавме само два или три погони за преработка кои ги задоволуваа националните стандарди за безбедност на храната. Денес, имаме преку 21 погон од кои сите ги исполнуваат стандардите. Овој факт, сам по себе, го претставува позитивното влијание кое ИПАРД II го има во Црна Гора.“ Според Гордана, досега се креирани преку 100 нови работни места со поддршка на ИПАРД II; од кои најголема полза извлекле младите.

Моментално, Црна Гора ги користи средствата од програмата ИПАРД II; која може да се искористи до крајот на 2023 година, а, неодамна, ЕУ ја усвои и програмата ИПАРД III за Црна Гора за периодот 2021 – 2027. Гордана е позитивно убедена дека ИПАРД III ќе биде дури поуспешна од претходните програми. „Ја започнуваме програмата ИПАРД III со значително повеќе искуство и знаење; стекнати преку имплементација на повиците преку ИПАРД II. Ние, како и корисниците, имаме многу повеќе искуство и верувам дека придобивките значително ќе пораснат. Планирана е, исто така, и акредитација на нови мерки; па, на овој начин, ќе се отворат повеќе можности за корисниците да добијат поголема поддршка; а, Црна Гора, како држава, да добие повеќе од средствата на ЕУ, достапни за оваа намена,“ вели таа.

„Фармата ни овозможува добар живот. Бара и многу работа, а поголемиот дел од заработените средства треба да бидат повторно инвестирани во производството; но, фармата расте.“

За програмата

Како дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), дизајниран за поддршка на реформите во државите-кандидатки за членство во ЕУ, Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД), се фокусира на земјоделско-прехранбените сектори во овие држави и нивните рурални подрачја. Преку оваа алатка, ЕУ им овозможува на корисниците да добијат финансиска и техничка помош; со цел постигнување поголема одржливост на земјоделскиот сектор и руралните подрачја; усогласувајќи ги со заедничката земјоделска политика на ЕУ.

Миленко е убеден дека без проектите ИПАРД, девет од десет земјоделци би морале да се откажат од земјоделството. Според него, недоволен број од работоспособното население имаат волја да се ангажираат во земјоделството; па, затоа, механизацијата обезбедена преку повиците на програмата ИПАРД се од значаен придонес. „Фармата ни овозможува добар живот. Бара и многу работа, а поголемиот дел од заработените средства треба да бидат повторно инвестирани во производството; но, фармата расте,“ вели Миленко.

Извиднички камп, отворен за авантури, во Северна Македонија

Проект, финансиран од ЕУ, поддржува подобрување на капацитетите и услугите на извидничкиот камп во Струга.

Извидничкиот камп „Крсте-Јон“ можете да го најдете на одлична локација: во близина на малечка шума, на плажа, крај Охридското Езеро. Исто така, се наоѓа недалеку од центарот на градот Струга. Извидничкиот камп бил отворен во 1970-те; со основна инфраструктура, а првите дополнителни инвестиции во кампот биле направени во 2003 година; кога општината финансирала изградба на првата бетонска зграда, во чиј склоп се наоѓаат осум соби.

„Имавме сериозни проблеми поврзани со инфраструктурата: немавме тоалети, топла вода и осветлување.“

Марјан Главинчески е одговорен на граѓанската организација „Крсте-Јон Струга“ и управува со кампот. Објаснува дека иако кампот е сместен во прекрасна срдина, не бил привлечен за посетители. „Имавме сериозни проблеми поврзани со инфраструктурата: немавме тоалети, топла вода и осветлување.“

За среќа, пред три години, се појавиле можности за кампот кога управата одлучила да побара поддршка за подобрување на условите. Поддршката дошла од ЕУ и заедно го претвориле кампот во еден од најпривлечните во Западен Балкан.

Проектот за локална и регионална конкурентност, финансиран од ЕУ, го поддржал кампот за подобрување на физичката инфраструктура, како и за лансирање нови атракции за посетителите. До денес, кампот изградил седум издигнати дрвени бунгалови, ја надоградил постоечката зграда и ја подобрил инфраструктурата на парцелите за шатори. Како резултат, денес кампот може да смести 200 посетители истовремено, овозможувајќи им соодветни тоалети и топла вода.

Исто така, проектот лансирал и нови авантуристички услуги за туристи; вклучително и нуркање, велосипедизам, планинарски тури и кајакарство. Со помош на проектот, купиле опрема за овие атракции и обучиле соодветни инструктори. „Сега, на посетителите, можеме да им понудиме активности за време на нивниот престој; доколку остануваат пет дена, имаат можност да пробаат различна активност секој ден. Нуркањето во Охридското Езеро е, моментално, една од најбараните атракции меѓу посетителите,“ вели Марјан.

 „Поддршката на ЕУ беше неопходна. Ние сме мала организација која работи на локално ниво и немавме потенцијал за раст без оваа поддршка.“

За проектот

Проектот за локална и регионална конкурентност (Local and Regional Competitiveness Project (LRCP)) претставува четиригодишна операција; финансирана, со грант, од ЕУ (Инструмент за претпристапна помош – ИПА II). Проектот овозможува холистички пристап во туристичкиот развој и дестинацискиот менаџмент, обезбедувајќи средства за инвестирање и градење капацитети; со цел поддршка на секторски развој, инвестирање во дестинации, како и просперитет на специфични дестинации. Целта на Проектот за локална и регионална конкурентност е зголемување на придонесот на туризмот во локалниот економски развој и подобрување на капацитетот на владините и јавни субјекти за поттикнување туристички развој и олеснување на дестинацискиот менаџмент.

Марјан објаснува дека како резултат на проектот, бројот на посетители значително пораснал, а лани, бројот на странски посетители бил поголем од оној на посетители од Северна Македонија. „Поддршката на ЕУ беше неопходна. Ние сме мала организација која работи на локално ниво и немавме потенцијал за раст без оваа поддршка,“ вели Марјан.

Кампот го инвестирал минатогодишниот профит во понатамошно подобрување на инфраструктурата и, во иднина, имаат планови за воведување нови атракции; како, на пример, параглајдерство. „Сакаме уште да се развиваме и да станеме значаен играч на пазарот за авантуристички туризам во Западен Балкан,“ вели Марјан.