Skip to main content

Автор: WeBalkans

Придобивките од Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан

За време на одржувањето на прославите на Денот на Европа, на тимот на WeBalkans му се укажа можност да се сретне со Дејвид Хадсон, виш експерт за политика и регионална стратегија за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) при Европската комисија. Неговата работа е да ја промовира економската интеграција во регионот и тој ги сподели со нас придобивките од Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан. Прочитајте го текстот до крај за да дознаете повеќе за тоа!

 

Каков е Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан?

Целта е да се подобри животот на граѓаните во Западен Балкан со создавање можности за бизнис и со зголемување и забрзување на економскиот раст на регионот. Тоа е една од клучните цели на Планот за раст, бидејќи има потреба од поголем економски раст, да се отворат повеќе работни места, да се донесат инвестиции и да станат попривлечни бизнисите во регионот.

Меѓутоа, Планот за раст има и политичка цел: сакаме да го забрзаме процесот на пристапување и Планот за раст ќе придонесе за тоа на два начина. Како прво, со зголемувањето на економскиот раст ќе се зголемат и ресурсите кои ќе им бидат достапни на владите, со кои тие ќе инвестираат во процесот на пристапување. Втората причина се однесува на начинот на кој е конструиран Планот за раст – тој навистина се заснова на спроведување и усогласување со законодавството на ЕУ, како и на напредокот при заложбите за пристапување.

Како овој план ќе го подобри животот на обичните луѓе во Западен Балкан?

Со овој план ќе се подобри животот на луѓето, бидејќи тој ќе го поттикне економскиот раст и ќе создаде нови работни места и нови можности, но ќе овозможи и во регионот да циркулираат поквалитетни и побезбедни производи со попристапни цени. Накратко кажано, ќе резултира со повеќе можности, како во регионот, така и во Европската Унија, за граѓаните од Западен Балкан и нивните семејства.

Може ли да посочите конкретни проекти коишто ќе започнат во рамките на овој план?

Да земеме еден актуелен пример за кој заложбите на владите се огромни: Единствената европска платежна област, или попозната како „СЕПА“. Едноставно кажано, тоа е област во која има многу ниски давачки за трансфер на евра. Меѓутоа, доколку во моментов сте работник од Западен Балкан кој работи во Германија, на пример, имате високи трошоци за префрлање пари на Вашето семејство. Стапките за тоа се многу високи, додека сличен трансфер во рамките на Европската Унија е далеку поевтин. Станувањето членка на Единствената европска платежна област, според Планот за раст, може да им заштеди до 500 милиони евра годишно на домаќинствата во Западен Балкан, врз основа на тековните трансфери коишто ги реализираат лицата во странство до нивните семејства дома.

Како ќе придонесе Планот за раст да се отворат нови работни места во Западен Балкан?

Планот ќе помогне да се отворат нови работни места, бидејќи ќе ја зголеми атрактивноста на регионот. Тоа значително ќе ја поедностави можноста за извоз во Европската унија, како на готови производи, така и на оние што ние ги нарекуваме полупроизводи, што се стоки што се произведуваат во регионот како дел од синџирот на снабдување и потоа одат во европските компании, како делови за автомобили или електронски компоненти. Понатаму, ќе овозможи во иднина полесно да се препознаваат стандардите за квалитет на производите, што ќе го олесни и извозот. Дополнително, тоа ќе помогне да се намали чекањето на граница за стоки, кое во моментов може да трае и 16-18 часа. Со скратување на времето поминато на граница, ќе биде и поевтино да се извезат производите. Сето ова ќе го направи регионот поатрактивен за потенцијалните инвеститори. А повеќе инвестиции подразбираат повеќе работни места и подобро платени работни места во сектори со повисока вредност. Тоа ќе биде од корист за економијата, семејствата и жителите на Западен Балкан.

Повеќе информации за Планот на Европската Унија за раст на Западен Балкан може да најдете овде.

 

 

 

 

 

 

 

 

Какви можности ќе им се укажат н младите благодарение на Планот за раст?

Планот за раст ќе им овозможи широк спектар на придобивки на младите. Една од работите што сакаме да ги направиме е да ги продолжиме постоечките договори од пред неколку години: договорите за мобилност, признавањето на професионалните квалификации и признавањето на академските квалификации. Како што објаснив, со поголем регионален пазар, луѓето ќе можат да најдат можности за работа што одговараат на нивните вештини и очекувања во регионот. Тоа ќе ги поттикне младите и ќе ја спречи потребата од иселување на друго место. Истовремено, сакаме наскоро да им овозможиме на лицата кои сакаат да стекнат искуство да работат надвор од регионот, во ЕУ, но на начин што ним им одговара.

Младите од регионот ќе можат да ги искористат и конкретните мерки кои треба да стапат наскоро на сила, како што е Wi-Fi за Западен Балкан. Ова е веќе направено во рамките на Европската Унија: финансиравме Wi-Fi во општините ширум земјите-членки на ЕУ. Ова сакаме да го направиме и за Западен Балкан. Оттаму, до 500 општини ќе добијат Wi-Fi во областите во коишто досега немале, до крајот на оваа година или во првата половина на 2025 година. Ова повторно ќе го направи регионот попривлечен, вклучително за туристите.

Настрана од краткорочните резултати, кои се долгорочните придобивки што луѓето од Западен Балкан можат да ги очекуваат од Планот за раст?

На крајот, тој ќе го забрза патот кон пристапување во ЕУ. Од една страна, важно е да се разбере дека Планот за раст, со интегрирање на Западен Балкан во единствениот пазар, ќе донесе некои од економските придобивки од пристапувањето во регионот, пред самиот датум на пристапување. Од друга страна, даваме поттик да ги прифатиме стандардите на ЕУ и да ги имплементираме законите на ЕУ пред членството преку Планот за раст. Со усвојувањето и спроведувањето на тие закони ќе се забрзаат пристапните преговори, бидејќи партнерите од Западен Балкан ќе можат да покажат дека се подготвени да се приклучат на Европската Унија во тие области.

За крај, но подеднакво важно, како Планот за раст ги адресира проблемите со коишто се соочува животната средина и одржливоста на животната средина на Западен Балкан?

Еколошките прашања се очигледно многу важни и затоа животната средина е опфатена во Планот за раст. Веќе имаме Зелена агенда за Западен Балкан за која владите се согласија. Тоа е план којшто опфаќа долгорочна одржливост и декарбонизација. Сега ги интегриравме елементите на Зелената агенда во рамките на Планот за раст, поконкретно во она што го нарекуваме реформски агенди. Тие се договори меѓу ентитетите од Западен Балкан и Европската Унија, според кои Европската Унија ќе распределува средства откако ќе се спроведат одредени реформи: тоа е сосема нов начин на управување со нашата помош. И постои важен фокус на зелените реформи во овие реформски агенди, поконкретно на декарбонизацијата и оддалечувањето од фосилните горива, така што ќе биде клучен поттик да се направат реформи кои ќе ги адресираат еколошките прашања и ќе ја поттикнуваат одржливоста.

Зелена транзиција на Црна Гора

Пакетот за енергетска поддршка на ЕУ ја поттикнува одржливоста и економскиот раст во Црна Гора.

Пакетот на енергетска директна буџетска поддршка на ЕУ за Црна Гора, вреден 30 милиони евра, официјално беше промовиран на церемонија во Подгорица во март оваа година. Овие средства се користат за да им се помогне на најранливите групи во Црна Гора да се справат со повисоките трошоци за живот предизвикани од руската агресивна војна против Украина, но и да се олесни транзицијата на земјата кон зелена енергија. Како дел од регионалниот пакет од една милијарда евра наменет за поддршка на нашите партнери од Западен Балкан во справувањето со енергетската ситуација и високите цени предизвикани од руската агресивна војна против Украина, Црна Гора доби брзи 27 милиони евра, додека вкупната вредност на пакетот директнабуџетска поддршка за Црна Гора изнесува 30 милиони евра. Исплатата на овие средства вклучува директен паричен надоместок на сметките за електрична енергија за семејствата кои примаат социјална помош и како единствен начин да се обезбеди долгорочна одржливост снабдување со енергија-инвестирање во обновливи извори и зголемување на енергетската ефикасност.

“Моментално реновираме три училишта изградени во 1960-тите. Според нашите првични проценки овие училишта ќе постигнат заштеда на енергија до 50%“.

Покрај директната буџетска поддршка, пакетот за енергетска поддршка на ЕУ вклучува и втор дел, кој се состои од грантови за унапредување на енергетската транзиција, ефикасност и независност на Западен Балкан, на краток и среден рок. Една од иницијативите во Црна Гора која вклучува поддршка од Вториот дел од енергетскиот пакет е проектот „Промоција на енергетска ефикасност во јавни згради – позеленување на јавната инфраструктура во Црна Гора“ во административниот, социјалниот и образовниот сектор, кој го спроведува Министерството за капитални инвестиции на Црна Гора. Целта е да се подобри енергетската ефикасност во избрани јавни згради, што ќе придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови и постигнување на Наменскиот национално определен придонес (INDC). Дополнително, треба да се користи обновлива енергија (на пример, сончева енергија или биоенергија), каде што е можно. Проектот се спроведува како дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP).

Фокус на проектот се јавни згради кои главно биле изградени во периодот помеѓу 1930-тите и 1980-тите и кои се дотрајани. Хроничните проблеми се: застарени системи за греење со ниска ефикасност, покриви со лошаизолација кои протекуваат, истрошени едностаклени прозорци и топлински мостови – што доведува до мувла и многу други дефекти. Потрошувачката на енергија е соодветно висока, погордноста за користење (клима во затворен простор, удобност) е строго ограничена, а многу згради речиси го достигнаа крајот на својот корисен економски и технички век. По спроведувањето на структурните мерки и мерките за енергетска ефикасност, условите за користење ќе се подобрат и значително ќе се намалат оперативните трошоци. Високата видливост на инвестициите во јавниот сектор, исто така, ќе послужи како пример за приватните домаќинства и приватниот сектор. Проектот ќе опфати приближно 20 згради (училишта, еден студентски дом, еден дом за стари лица и една административна зграда).

Надзор на проектот е Ѓорѓина Ловриќ, која е на позиција менаџер на проектот во име на Министерството за енергетика и рударство на Црна Гора. Таа го нагласува длабокото значење на проектот за јавните згради во Црна Гора. „Моментално реновираме три училишта изградени во 1960-тите. Според нашите првични проценки овие училишта ќе постигнат заштеда на енергија до 50%“, вели Ѓорѓина. Таа понатаму нагласува дека, освен економските придобивки, интервенциите на проектот ќе имаат клучна улога и во намалувањето на емисиите на CO2, а со тоа ќе придонесат за зачувување на животната средина и за подобрување на целокупното ниво на удобност на учениците и наставниците во овие образовни институции.

“Училиштата работат со фиксен годишен буџет, а покрај различните поволности, тие исто така, ќе имаат можност финансискиот вишок остварен преку заштедата на енергија да го распределат за други намени. Тоа би можело да вклучи набавка на нова опрема, компјутери и други ресурси со цел подигнување на образовните стандарди во овие институции“.

За проектот

Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP) е основана во 2013 година, од страна на EBRD, заедно со Европската комисија, Секретаријатот на Енергетската заедница, WBIF и билатерални донатори. Програмата ја комбинира поддршката на политиките со заеми, техничка помош и субвенции за поддршка на инвестициите во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во јавниот и приватниот сектор во Западен Балкан. EBRD и KfW ја имплементираат програмата, која работи и директно и преку посредници и е инвестициски предводник на Економскиот – инвестициски план. Од своето основање, интегрираниот пакет понуден преку REEP достигна 1.000 мали и средни претпријатија, над 12.700 домаќинства и 290 јавни згради низ 700 градови и населени места. Поврзаните инвестиции се претвораат во заштеда на енергија од 842.000 MWh/годишно, спречени емисии од 540.000 tCO2/годишно и инсталиран капацитет за обновлива енергија од 120 MW. До крајот на 2021 година, REEP мобилизираше 630 милиони евра вкупни инвестиции, со 78,8 милиони евра од грант од ЕУ. Во 2022 година, REEP доби надополнување од 102 милиони евра во дополнителен грант од ЕУ преку Energy Support Package.

Со зголемување на енергетската ефикасност на јавните згради, овие инвестиции се во согласност сообврските предвидени со Законот за ефикасно користење на енергијата на Црна Гора – моделиран според директивите на ЕУ. Оваа иницијатива ќе резултира со намалување на емисиите на стакленички гасови, со штоќе придонесе за постигнување на предодредените цели на нацијата за зачувување на животната средина. Понатаму, овие инвестиции ќе играат важна улога во зачувувањето и создавањето работни места во домашниот градежен и консултантски сектор.

Г-ѓа Ѓорѓина Ловриќ детално објаснува за широко распространетото признание и очигледните предности што ги нуди проектот за училиштата и другите институции. „Училиштата работат со фиксен годишен буџет, а покрај различните поволности, тие исто така, ќе имаат можност финансискиот вишок остварен преку заштедата на енергија да го распределат за други намени. Тоа би можело да вклучи набавка на нова опрема, компјутери и други ресурси со цел подигнување на образовните стандарди во овие институции“, нагласува Ѓорѓина.

Заштита на културното наследство на Сараево

Проект финансиран од ЕУ го поддржува невладинот сектор во Сараево за промоција на културното и традиционалното наследство.

Пандемијата со COVID-19 не само што имаше длабоко влијание врз глобалното здравје, туку остави и свој белег врз културните, социјалните и економските аспекти ширум светот. Ова негативно влијание е силно почувствувано во Босна и Херцеговина. На пример, Ведад Штаљо, кој го претставува Културно-уметничкотодруштво „ЛОЛА“, невладина организација со седиште во Сараево, укажува на значителен пад во нивните активности. Овој пад продолжи дури и во периодот по пандемијата, со намален интерес кај младите за учество во фолклорот и другите традиционални настани организирани од невладината организација. Ведад размислува за оваа ситуација, изјавувајќи: „Потоа почнавме да бараме начини да го обновиме интересот на помладата генерација за традициите и активностите на нашата организација.”

“Нашата цел беше да вклучиме што е можно повеќе млади луѓе во овој проект, овозможувајќи им личен развој, а истовремено придонесувајќи за растот на нашата локална заедница“.

Со фокус на овие цели, Културно-уметничкото друштво „ЛОЛА“ иницираше проект насловен „Низ патеките на традициите“. Овој проект доби поддршка преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансирана од ЕУ и имплементирана од UNDP. Преку оваа иницијатива беа спроведени разновидни културни и уметнички активности, како и за младите, така и за возрасните луѓе, во општина Ново Сараево. Овие активности одиграа важна улога во зачувувањето на културното наследство и традициите на различните заедници и националности во Босна и Херцеговина. Дополнително, тие послужија како катализатор за имплементирање на Стратегијата за млади на општина Ново Сараево за 2022-2027 година. Ведад детално ги објаснува целите на проектот, наведувајќи: „ Нашата цел беше да вклучиме што е можно повеќе млади луѓе во овој проект, овозможувајќи им личен развој, а истовремено придонесувајќи за растот на нашата локална заедница.”

Проектот беше структуриран во два различни модула. Првиот модул опфати активности како што се подготовка и организација на изложба на фотографии со традиционални народни носии. Дополнително, проектот вклучува подготовка и организација на инаугуративната изложба на традиционални носии кои ги претставуваат различните народи и националности на Босна и Херцеговина. Од друга страна, вториот модул предвидува организирање на целовечерен културно-уметнички концерт

 “Примарната цел на проектот МОСТ е да воспостави врски меѓу различни генерации и да всади кај младите почит кон културните традиции во области како што се: храната, музиката и многу повеќе.”

За проектот

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е продолжение на иницијативите поддржани од ЕУ – Проект за зајакнување на локалната демократија (LOD, 2009-2016) и последователно проширената Регионална програма за локална демократија на Западен Балкан (ReLOaD, 2017-2020). Како и претходните, овој проект е финансиран од Европската Унија (ЕУ) и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). ReLOaD2 се спроведува во Западен Балкан, особено во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово*, Северна Македонија, Црна Гора и Србија

Неодамна, Културно-уметничкото друштво „ЛОЛА“ започна со нов проект, насловен МОСТ-„Меѓугенерациски односи, соработка и традиција“, финансиран од Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Оваа иницијатива заеднички ја имплементираат Културно-уметничкото друштво „ЛОЛА“ и Здружението Партнерство за јавно здравје, во рамките на општина Ново Сараево. Преку овој проект, партнерите – имплементатори имаат за цел да одговорат на потребите на населението на општината преку обезбедување на подобрени културни и уметнички искуства и поттикнување на меѓугенерациската соработка. Тие се обидуваат да го премостат генерацискиот јаз меѓу помладите луѓе и оние од третата возрасна групапреку организирање активности кои ги спојуваат овие два демографски сегменти. Ведад говори за целта на проектот, објаснувајќи: „Примарната цел на проектот МОСТ е да воспостави врски меѓу различни генерации и да всади кај младите почит кон културните традиции во области како што се: храната, музиката и многу повеќе.”

Проектот МОСТ е дизајниран да трае во период од шест месеци, при што ќе се спроведат серија различни работилници со цел да се вклучат учесници во текот на целата временска рамка на проектот.

Достапен роаминг на податоци: премостување на јазот помеѓу ЕУ и Западен Балкан

Со поддршка на ЕУ и RCC, телекомуникациските оператори обезбедуваат достапни цени за роаминг на податоци помеѓу Западен Балкан и ЕУ

Во декември 2022 година, 38 телекомуникациски оператори од ЕУ и од Западен Балкан се согласија да ги намалат роаминг цените. Овој договор сега стапи на сила од 1 октомври 2023 година, што значи дека роамингот меѓу Западен Балкан и ЕУ стана подостапен како за граѓаните, така и за бизнисите во овие региони. Овие оператори доброволно се обврзаа да го намалат јазот помеѓу цените за интернет во странство и дома за време на патување во ЕУ и Западен Балкан во двете насоки. Првичните намалувања на цените во моментов ги спроведуваат телекомуникациските оператори – учесници. Многу од нив нудат пакети со цени далеку под договорените максимални лимити, што ги прави достапни за широк опсег на потрошувачи. Дополнителни намалувања се планирани за 2026 година, следејќи ја договорената линија на намалување, со цел роаминг цените да се приближат до домашните цени до 2028 година.

Виртит Гакафери е бизнисмен од Косово кој редовно патува во земјите на ЕУ. Г-дин Гакафери има значаен удел и е на позицијата управен партнер во една од најуспешните косовски тур-оператори, позната како Balkan Natural Adventure. Секоја година, неговата компанија пречекува стотици посетители од сите страни на светот, вклучително и земјите од ЕУ, кои ги истражуваат атракциите на Косово. Дополнително, тој е и претседател на одборот на првата косовска компанија за финансиска технологија, франшиза на литванската компанија Paysera. Поради природата на неговата професија, г-дин Гакафери често патува во земјите на ЕУ за да учествува на туристички изложби и да соработува со своите партнери од ЕУ. Виртит многу го цени договорот за намалувањето на роаминг цените. „Како чест деловен патник, ова ќе има важно позитивно влијание врз нашите патни и деловни трошоци воопшто“, вели Виртит.

  “По спроведувањето на регионалниот RLAH, комесарот Вархелји свика инаугуративен состанок на телекомуникациските оператори од ЕУ и Западен Балкан. Овој состанок внесе импулс во процесот, нагласувајќи ја политичката поддршка и значењето на претстојните чекори“.

Адриен Кирали од DG NEAR, ја појаснува генезата на овој потфат. Овој потфат настана по успешното имплементирање на регионален договор „Roam Like at Home“ меѓу шесте економии од Западен Балкан, кој започна на 1 јули 2021 година.  Ова достигнување послужи како клучен претходник на размислувањата во врска со намалувањето на трошоците за роаминг што ги поврзува Западен Балкан и ЕУ. Таа уверува: „По спроведувањето на регионалниот RLAH, комесарот Вархелји свика инаугуративен состанок на телекомуникациските оператори од ЕУ и Западен Балкан. Овој состанок внесе импулс во процесот, нагласувајќи ја политичката поддршка и значењето на претстојните чекори.

Во 2018 година, беше утврдено дека проширувањето на Roam Like at Home кон Западен Балкан не е законски изводливо. Следствено, намалувањето на трошоците за роаминг помеѓу Западен Балкан и ЕУ мораше да се потпира на Комерцијални доброволни договори, земајќи ги предвид бизнис модели на операторите, комерцијалните интереси и усогласеноста со релевантните прописи за конкуренција и трговија. Процесот на преговори беше надгледуван од страна на Регионалниот совет за соработка, во соработка со Европската комисија и DG NEAR, со советодавно учество од DG CNECT. Се одржаа повеќе преговарачки рунди помеѓу операторите од ЕУ и Западен Балкан пред да биде договорена и потпишана конечната доброволна декларација за роаминг на 6 декември 2022 година, за време на Самитот ЕУ-Западен Балкан.

По потпишувањето на декларацијата, продолжија преговорите за утврдување на прецизни ценовни ограничувања за намалување на роаминг трошоците на мало за услугите за роаминг на податоци. До 1 мај 2023 година, вкупно 36 оператори, меѓу кои и истакнати групи од ЕУ како DT, Orange, A1, United Group и 4IG, како и оператори од Западен Балкан, го потпишаа конечниот договор. Договорената линија на намалување ќе се движи вака: почнувајќи од 1 октомври 2023 година, ограничувањето на малопродажната цена на податоци ќе биде 18 EUR/GB, по што ќе следи цена од 14 EUR/GB почнувајќи од 1 јануари 2026 година и 9 EUR/GB почнувајќи од 1 јануари 2028 година.

” Овој процес ја подобрува предвидливоста и, што е најважно, помага во спречување клиентите да доживеат шокови во сметките.“

За проектот

38 телекомуникациски оператори од ЕУ и од Западен Балкан се согласија да го направат роамингот на податоци меѓу Западен Балкан и ЕУ подостапен за граѓаните и бизнисите во двата региони, во процес поддржан од Регионалниот совет за соработка (RCC) и Европската комисија. Овој договор е усогласен со Декларацијата за роаминг потпишана на декемврискиот самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана.

Преку нивниот доброволен договор, операторите се обврзаа значително да го намалат јазот помеѓу роаминг и домашните цени за користење податоци во двете насоки меѓу ЕУ и Западен Балкан. Максималните малопродажни цени („ограничувања на цените“) за 1 гигабајт ќе се намалат од октомври 2023 до 2028 година на следниов начин: 18 € од 1 октомври 2023 година, 14 € од 2026 година и 9 € од 2028 година. Предвидени се годишни ревизии за да се проценат влијанијата и следните чекори.

Сара Меиќ од DG NEAR го истакнува значењето на декларацијата како иницијатива која ја подобрува предвидливоста и помага во спречувае клиентите да доживеат шокови во сметките. Тоа, исто така, ја покажува добрата волја од пазарот. Во претстојните фази, Европската комисија има за цел да ја прошири оваа иницијатива за да ги вклучи телекомуникациските оператори кои моментално не се дел од процесот. Дополнително, тие ќе настојуваат дополнително да ги намалат ограничувањата на цените преку годишниот процес на ревизија. Сара вели: „Во следните чекори, ние, исто така, би сакале да го решиме прашањето за големопродажните роаминг цени, што би имало позитивен ефект врз последователно намалување на малопродажните роаминг цени.”

Скок на Србија во програмата Еразмус плус: Поттикнување меѓусебно разбирање и можности

Преглед на поддршката на ЕУ преку програмата ЕРАЗМУС + за Србија

На 5 февруари 2019 година, Србија направи значителен скок во програмата Еразмус плус, преминувајќи од обична земја-партнер во земја-активен учесник. На овој историски ден, комесарот Навракич потпиша значаендоговор со српскиот министер за образование, наука и технолошки развој, г-дин Младен Сарчевиќ. Патот кон овој статус и договор беше обележан со бројни процедури за проценка, со цел осигурување дека Србија е целосно подготвена да преземе подинамична улога во европските рамки. Со ова достигнување, Србија гордо стана 34-та земја што се приклучи на ценетата лига на земјите од програмата Еразмус плус во Европа.

Србија пред 2019 година беше активно вклучена во оваа глобална програма преку различни проекти. Земјата издржа многу предизвикувачки иницијативи, а српските организации имаа акумулирано значително искуство како партнерски ентитети во рамките на Еразмус плус. Еминентна илустрација за ова е фактот дека речиси 7.000 српски студенти тргнале на патувања за студирање во странство, додека од 2014 година па наваму, близу 4.300 европски поединци ја посетиле Србија како дел од неколку проекти Еразмус плус.

“Преку проектите ЕРАЗМУС + имав можност да стекнам мноштво нови знаења, да воспоставам врски со луѓе и пријатели од речиси секоја европска земја и да стекнам нови перспективи. Овие искуства несомнено ми го променија животот.”

Станувајќи програмска земја отвори мноштво можности за Србија во последните четири години, во рамките на Еразмус плус. Овој нов статус ѝ овозможи на Србија да се вклучи во поширок спектар на проекти, кои опфаќаат разновиден опсег на активности. Имено, Србија се приклучи на проекти чиј фокус се: спортот, стручното образование и обука (VET), како и училишето и образованието за возрасни. Овој договор ефективно создаде врски меѓу Србија и другите земји од ЕУ.

Теодора Цекиќ, млада музичарка со потекло од Србија со завршени додипломски и магистерски студии по Музичка уметност, е доказ за трансформативната моќ на проектите ЕРАЗМУС +. Теодора не само што е Млад европски амбасадор, туку таа е и посветен младински активист, кој преку волонтерска работа, соработувал со бројни невладини организации. Меѓу многуте млади Срби кои ги искористија придобивките од проектите ERASMUS +, патувањето на Теодора беше особено извонредно. Таа активно учествуваше во преку 20 краткорочни проекти и програми на ERASMUS + во последниве неколлку години, што опфаќаат различни категории како што се младинска размена и иницијативи за градење капацитети.

Размислувајќи за нејзиното искуство со проектите ERASMUS +, Теодора го нагласува нивното длабоко влијание како врз нејзиниот професионален, така и врз нејзиниот личен развој. „Преку проектите ЕРАЗМУС + имав можност да стекнам мноштво нови знаења, да воспоставам врски со луѓе и пријатели од речиси секоја европска земја и да стекнам нови перспективи. Овие искуства несомнено ми го променија животот“, страсно изразува Теодора.

“Сметам дека промоцијата е многу важна бидејќи повеќето луѓе од Србија што ги среќавам преку ЕРАЗМУС + се речиси секогаш истите луѓе. Значи, потребна ни е поголема промоција за повеќе млади луѓе да можат да имаат корист од програмата“.

За програмата

Еразмус+ е најголемата европска образовна програма која се занимава со финансирање на проекти за мобилност и соработка во областа на образованието, обуката, младите и спортот. Создадена е во 2014 година, а во 2021 година влезе во нов седумгодишен период на имплементација кој ќе трае до 2027 година. Предвидениот буџет за овој седумгодишен период на новата програма Еразмус+ е поголем од кога било и изнесува 26 милијарди евра

ЕРАЗМУС + се покажа како извонреден пат до успехот за Србија, што нуди единствена можност да се поттикнат врските меѓу луѓето и да се негува меѓусебното разбирање. Имено, програмта ѝ овозможи на Србија да го прошири својот досег надвор од границите на Европската област, создавајќи партнерства со меѓународните соработници. Ова проширување е во согласност со пошироката цел на ЕУ за унапредување на соработката со земјите од Западен Балкан, а вклучувањето на Србија во земјите од програмата Еразмус плус претставува значаен чекор во оваа насока.

Размислувајќи за влијанието на проектите ЕРАЗМУС +, Теодора ја нагласува нивната огромна вредност за младите поединци во Србија. Сепак, таа верува дека пошироката промоција е од суштинско значење за да се обезбеди поширок круг на млади луѓе да може да учествуваат во оваа програма. Теодора ревносно се залага за зголемена промоција, истакнувајќи дека повеќето луѓе од Србија со кои таа се среќава во иницијативите ЕРАЗМУС + се обично познати лица. Таа вели: „Сметам дека промоцијата е многу важна бидејќи повеќето луѓе од Србија што ги среќавам преку ЕРАЗМУС + се речиси секогаш истите луѓе. Значи, потребна ни е поголема промоција за повеќе млади луѓе да можат да имаат корист од програмата“, нагласува Теодора.

Поттикнување уметност и креативност во Србија

Програмата Креативна Европа, финансирана од ЕУ, поддржува уметници и културни институции во Србија.

Креативна Европа е програма на ЕУ за поддршка на секторите за култура и медиуми. Програмата се состои од две потпрограми: Култура – за унапредување на секторот култура и Програма за медиуми – за поддршка на аудио-визуелниот сектор. Креативна Европа, со буџет од 1,46 милијарди евра ги поддржува европските културни и креативни сектори обезбедувајќи финансирање за 2.500 уметници и културни професионалци, 2.000 кина, 800 филмови, 4.500 преводи на книги и финансиски гаранции до 750 милиони евра за малите бизниси, активни во овој сектор. Имено, изминативе години Креативна Европа, исто така, го прошири својот дофат на културните институции и уметници од Западен Балкан, вклучително и оние во Србија.

“И двете искуства беа од големо значење за моето уметничко портфолио. Покрај професионалното исполнување, имав можност и да создадам нови пријателства и врски. Сè на сè, тоа беше едно корисноискуство од кое многу научив“

Дамјан Јовичин е талентиран српски композитор и пијанист кој живее во Белград. Тој е истакната фигура меѓу новите генерации креативни уметници и композитори на Балканот. Дамјан може да се пофали со голем бројмузички композиции, а неговите дела се изведувани од многу познати ансамбли, меѓу кои РТС оркестар и хор,Ансамблот Хермес, квартет Мивос, квартет Манојловиќ, Ансамблот за флејти Загреб, Гудачкиот оркестар приФакултетот за музичка уметност во Белград, Гитарско дуо Белград и многу други.

Неговите композиции се прикажуваат на престижни настани и места, вклучувајќи ги Летниот курс за нова музика во Дармштат, Меѓународната летна академија при Универзитетот за музика и перформинг уметности во Виена, фестивалот Time of Music во Финска, Walden Creative Music Retreat во Њу Хемпшир , САД и Белградскиот музички фестивал (BEMUS).

Дамјан е меѓу српските уметници кои ги искористија придобивките од програмата Креативна Европа. Неговите уметнички креации беа прикажани и на сцената во Балканскиот младински џез оркестар финансиран од ЕУ и беа дел од проектот „Opera: Past present Perfect!“. Според него, „И двете искуства беа од големо значење за моето уметничко портфолио. Покрај професионалното исполнување, имав можност и да создадам нови пријателства и врски. Сè на сè, тоа беше едно корисно искуство од кое многу научив “, размислува Дамјан.

Меѓународната иницијатива „Opera: Past, Present, Perfect!“, беше иницирана во рамките на Креативна Европа-Култура: Проекти за европска соработка во 2020 година. Проектот трае од септември 2020 година до февруари 2023 година. Заедно со МОТО – Организација за музика, опера и театар, која служи како водач на проектот, меѓу соработниците се Nieuw Geneco од Амстердам (Холандија), Меѓународната асоцијација на млади музичари од Грузија од Тбилиси (Грузија), Универзитетот во Доња Горица во Подгорица (Црна Гора), и Малиот театар „Душко Радовиќ“ во Србија.

“Ни беа обезбедени онлајн туторски сесии за оперска композиција, кои исто така, вклучуваа корисни повратни реакции за нашите музички композиции. Добивањето насоки од искусни композитори беше исклучително збогатувачко и значајно искуство“.

За програмата

Програмата Креативна Европа 2021-2027 има буџет од 2,44 милијарди евра, во споредба со 1,47 милијарди евра со претходната програма (2014-2020). Креативна Европа инвестира во мерки кои ја зајакнуваат културната различност и одговараат на потребите и предизвиците на културниот и креативниот сектор. Главните цели на програмата се да се заштитат, развијат и промовираат европската културна и јазична разновидност и наследство и да се зголеми конкурентноста и економскиот потенцијал на културните и креативните сектори, посебно аудиовизуелниот сектор Новините на програмата ќе придонесат за закрепнување од овие сектори, зајакнувајќи ги нивните напори да станат поинклузивни, подигитални и еколошки поодржливи.

Примарната цел на проектот „Opera: Past, Present, Perfect!“ е да поттикне врски и да понуди образование на млади професионалци, со цел олеснување на меѓусекторските, меѓунационалните и меѓугенерациските дијалози (особено помеѓу младите професионалци и менторите). Проектот има за цел да промовира соработка и размена на експертиза, крајно поместувајќи ја операта како интердисциплинарна и автентична европска уметничка форма.

Во рамките на овој проект, во Белград во театарот Душко Радовиќ, беше изведена операта „Улица на милост“ на Дамјан Јовичин. Сепак, покрај можноста да ја прикаже својата работа, Дамјан ги искористи и менторските можности што беа достапни преку Сојузот на холандските композитори, благодарение на поддршката на проектот. Според него, „Ни беа обезбедени онлајн туторски сесии за оперска композиција, кои, исто така,вклучуваа корисни реакции за нашите музички композиции. Добивањето насоки од искусни композитори беше исклучително збогатувачко и значајно искуство“, признава Дамјан.

EU4Culture грантовите ги транформираат жените занаетчии од Круја во дигитални претприемачи

Програмата финансирана од ЕУ, EU4 Culture, ги поддржува жените занаетчии во ефикасно брендирање, рекламирање и продажба на нивните рачни изработки онлајн.

Занаетчиите од Круја, заедно со претставници на општината, локалните заедници, Министерството за култура, Делегацијата на ЕУ и UNOPS, учествуваа на церемонијата за прослава на извонредните резултати постигнати преку локалната иницијатива „Занаетчии меѓу минатото и иднината“. Имплементирана од Фондацијата Прогрес и поддржана преку програмата за грантови EU4Culture, оваа иницијатива вклучи жени занаетчии на 12 обуки, фокусирани на користење на социјалните медиуми и создавање визуелно привлечна содржина за ефикасно брендирање, рекламирање и продажба на нивните ракотворби на Интернет.

 “Нашето очекување е дека обуката за брендирање, дигитален маркетинг и онлајн продажба ќе им овозможи на занаетчиите да го премостат дигиталниот јаз, овозможувајќи непречена транзиција. Покрај економските аспекти, овие „вештини на иднината“ ќе придонесат за зачувување на вековните традиции, при тоа обезбедувајќи нивно пренесување на следните генерации“.

Како дел од проектот, дигитална информативна табла е развиена и поставена на влезот од старата чаршија во Круја, која служи како вреден ресурс за туристите кои бараат информации за занаетчиите и за локалното културно наследство. Исто така, таблата ќе биде искористена од општината за важни соопштенија во заедницата. Со векови, маркетингот и продажбата на пазарот на традиционални изработки во античкиот планински град Круја, беа машка работа. Приходите беа ограничени на кратката туристичка сезона и многу зависеа од доброто време. Новите технологии беа совршено решение за да им се помогне на занаетчиите да ја подобрат својата егзистенција и да станат поотпорни за идните предизвици и шокови, како што се пандемии, лоши временски услови или рестрикции за патување.

“Нашето очекување е дека обуката за брендирање, дигитален маркетинг и онлајн продажба ќе им овозможи на занаетчиите да го премостат дигиталниот јаз, овозможувајќи непречена транзиција. Покрај економските аспекти, овие „вештини на иднината“ ќе придонесат за зачувување на вековните традиции, при тоа обезбедувајќи нивно пренесување на следните генерации,” Забележа  Памела Лама, виш програмски менаџер на EU4Culture.

“Новите вештини што ги стекнаа занаетчиите од Круја, заедно со воспоставувањето на новата инфо-табла, не само што ќе го подобрат економскиот развој на регионот, туку и ќе играат витална улога во промовирањето на туризмот. Следствено, ова ќе ја стимулира локалната економија и ќе генерира нови приходи за заедниците“, додаде таа.

“Зајакнувајќи ги локалните занаетчии со дигитални вештини, ги спојуваме минатото и иднината, при тоа обезбедувајќи традиционалните занаети да опстанат во современиот свет. Оваа иницијатива не само што ја зајакнува заедницата на талентирани жени – занаетчии од Круја, туку и ја слави безвременската убавина на нашето наследство, трансформирајќи ја историјата во живо ремек дело за генерациите што доаѓаат“.

За проектот

Во ноември 2019 година, Албанија беше погодена од најсмртоносниот земјотрес во земјата во последните 50 години. Проценет со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, земјотресот предизвика голема штета во 11 општини. Проектот EU4Culture е финансиран од Европската унија (ЕУ) и го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS), во тесно партнерство со Министерството за култура на Албанија. Фокус на проектот е реновирање и ревитализација на големите културни локалитети оштетени од земјотресот и претставува една од најголемите програми за културно наследство финансирани од Европската Унија со вкупен буџет од 40 милиони евра. Водени од принципот „Да се возобновиме подобро“, EU4Culture се фокусира на реновирање на главните културни локалитети во согласност со Рамката на ОН за намалување на ризикот од катастрофи. Паралелно, проектот има за цел да го подобри туристичкиот потенцијал на Албанија, со што директно ќе придонесе за локално и регионално социо-економско закрепнување. За таа цел, посебен фокус е даден на иновативните технологии, вклучувајќи дигитално раскажување приказни и создавање мултимедијални производи дизајнирани да бидат достапни за сите. Истовремено, проектот ги поддржува локалното претприемништво, занаетчиство и културните иницијативи кои се развиваат околу избрани локации преку распределба на грантови, обезбедувајќи директен поттик за локалната економија.

EU4Culture обезбеди грантови за пет локални иницијативи чија цел е поддршка на занаетчиите и поттикнување на културниот туризам во Круја, со што корист имаат над 500 поединци. Овие активности создадоа 41 нова можност за вработување, вклучувајќи 29 специјално за жени. Иницијативите, исто така, придонесоа за создавање на 42 културни туристички производи, вклучувајќи информативна дигитална табла, различни пакети за брендирање, промотивни видеа, веб-страници и многу повеќе.

Јуљан Ага, извршен директор на Фондацијата ПРОГРЕС објаснува дека за нив „Занаетчиите помеѓу минатото и иднината“ е повеќе од проект. Тоа е длабока посветеност на зачувување на културната таписерија. „Зајакнувајќи ги локалните занаетчии со дигитални вештини, ги спојуваме минатото и иднината, при тоа обезбедувајќи традиционалните занаети да опстанат во современиот свет. Оваа иницијатива не само што ја зајакнува заедницата на талентирани жени – занаетчии од Круја, туку и ја слави безвременската убавина на нашето наследство, трансформирајќи ја историјата во живо ремек дело за генерациите што доаѓаат“, вели Ага.

Туризам за иднината: Иницијативата за еко-етикети во Косово и Црна Гора

Проект финансиран од ЕУ ги поддржува бизнисите во прекуграничниот регион меѓу Косово и Црна Гора за да ги зголемат капацитетите во туристичкиот сектор.

Еко-етикетите и меѓународно признатите сертификати се ознаки што се доделуваат на производи и услуги признати поради нивното намалено штетно влијание врз животната средина во споредба со слични производи и услуги, што ги прави истите поеколошки избор. Во угостителската индустрија, еко-етикетирањето служи како корисна алатка за клиентите, што кажува многу за одржливите практики кои хотелите ги вклучуваат во нивната работа. Според Извештајот за одржливо патување на Booking.com за 2019 година, неверојатни 70% од глобалните патници изразиле поголема склоност кон резервирање сместување чиј приоритет знаат дека е екологијата, без разлика дали нивна примарна цел е одржлив престој или не.

За еко-етикетите да го задржат својот кредибилитет, тие мора да се доделени од независни надворешни акредитирани тела за сертификација, кои поседуваат експертиза за темелна проценка на хотелите и сместувачките капацитети. Критериумите што се користат за сертификација со еко-етикета треба да бидат јавно достапни за потрошувачите, со тоа обезбедувајќи транспарентност во процесот. Идеално, сеопфатната еколошка ознака треба да ги опфати сите аспекти на одржливоста. Покрај еколошките стандарди, тука сеопфатени социјалните стандарди, како што се условите за работа во хотелот, како и културните и економските фактори. Важно е туризмот да допринесе за дестинацијата и нејзините локални заедници, овозможувајќи им активно да учествуваат и да ја обликуваат туристичката индустрија.

“Нашата цел со овој проект е да поттикнеме нов пристап на размислување „Way Ahead“ во туристичката индустрија во прекуграничниот регион. Ова вклучува воведување на еколошки етикети, кои претставуваат еден од најистакнатите стандарди во глобалната туристичка индустрија, стандард кој претходно беше недостапен во нашиот регион.”

Покрај исполнувањето на бараните критериуми, самиот процес на сертификација вклучува сложени процедури и значителни финансиски обврски што може да биде предизвик за исполнување. Признавајќи го ова, партнерските невладини организации (NGOs) и општините во прекуграничниот регион меѓу Косово и Црна Гора започнаа иницијатива да му помогнат на локалниот угостителски сектор да добие сертификат за еко етикети.

Ахмет Јетулаху-мети, на позиција извршен директор на Prishtina REA, го води прекуграничниот конзорциум одговорен за спроведување на проектот „Туризам за иднината“. Помеѓу повеќето цели, овој проект има за цел да обезбеди поддршка за хотели и слични угостителски установи во прекуграничните региони за да им помогне да ја прифатат сертификацијата со еко етикети. Јетулаху објаснува: „Нашата цел со овој проект е да поттикнеме нов напреден пристап во туристичката индустрија во прекуграничниот регион. Ова вклучува воведување на еко етикети, кои претставуваат еден од најважните стандарди во глобалната туристичка индустрија, стандард кој претходно беше недостапен во нашиот регион“. Вреди да се напомене дека овој проект е кофинансиран преку програмата за прекугранична соработка (CBC) меѓу Косово и Црна Гора, поддржана од ЕУ, како и од општина Пеќ, општина Колашин, Prishtina REA и IPER.

Меѓународната сертификација за еко етикети опфаќа опсежен сет на критериуми за подобност, што покриваат аспекти како што се инфраструктура, еколошка одржливост, професионалност на персоналот, набавка на свежи и еколошки производи од локално подрачје и инкорпорирање на културното наследство во нивните понуди.

Во моментов, во тек се обуки за овие клучни теми за компании и туристички практичари, што се наоѓаат во прекуграничните региони. Овие обуки, спроведени одделно во Пеќ и Колашин, вклучуваат учество на околу 30 учесници од секоја страна на границата, избрани преку процес на отворен конкурс. Дополнително, проектот планира да обезбеди обука и сертификација на 15 ревизори специјализирани за еко етикети. Како што нагласува Ахмет Јетулаху-мети, „Моментално, постои забележително отсуство на овластени ревизори за екоетикети во Косово, Црна Гора или во која било соседна земја. Затоа, постигнувањето на оваа сертификација ќе биде значајна пресвртница за туристичката индустрија во регионот“. Наша цел е да сертифицираме најмалку 20 грантисти со меѓународно призната сертификација за еколошка ознака (10 од регионот на Пеќ и 10 од регионот на Колашин), усогласувајќи се со транспарентен повик за апликации за грант, одобрен од онлајн е-платформата, развиена од страна на проектот.

 “Учеството и интересот на овие компании се исклучително високи и тие многу ја ценат поддршката што ја дава проектот“.

За програмата

Глобалната цел на IPA Програмата за прекугранична соработка Црна Гора-Косово е да го подобри стандардот и квалитетот на живеење на луѓето во програмската област, преку еколошки одржлив и социјално инклузивен економски развој на регионот, со почитување на неговото заедничко културно и природно наследство. Ова ќе се постигне преку заеднички проекти кои спаѓаат во следните програмски тематски приоритети: Промовирање на вработување, мобилност на трудот и социјална и културна инклузија преку граница; заштита на животната средина, промовирање адаптација и ублажување на климатските промени, превенција и управување со ризици и поттикнување на туризмот и културното и природното наследство.

Покрај сертификацијата за еко етикета, проектот активно им помага на корисниците во регионот преку олеснување на развојот и имплементацијата на Интегрирани стратегии за туризам и комуникација, како и промоција на културното наследство и локалната економија преку креативна платформа за е-туризам развиена со цел промоција и интернационализирање на прекуграничните сектори за туризам и културно наследство. Дел од значајните активности вклучуваат фестивали за прекуграничен туризам и организација и промоција на две еко патеки. Ахмет Јетулаху-Мети ја објаснува позадината на проектот, истакнувајќи дека беше спроведено опсежно истражување во кое беа вклучени над 136 бизниси од меѓуграничните региони. Мнозинството од овие бизниси изразија голем интерес да добијат поддршка за меѓународно признатасертификација за еко етикети. Џетулаху го нагласува високото ниво на учество и ентузијазам меѓу претставниците на компаниите, наведувајќи: „Учеството и интересот од овие компании се исклучително високи и тие длабоко ја ценат поддршката што ја дава проектот .”

Со брза линија до промена

Големото финансирање за модернизација на железницата Белград-Ниш ги зајакнува регионалните врски, трговијата, растот и интеграцијата во ЕУ .

Историјата на железничкиот транспорт во Србија започна во средината на 19 век, кога значителен дел од регионот сè уште беше под контрола на австроунгарската и отоманската империја. Почетокот на железничкиот сообраќај во денешна Србија се случи на 20 август 1854 година со поврзување на Лисава-Оравица-Базијаш. Првично, возовите ги влечеле коњи, метод кој потоа бил заменет со парни локомотиви. Сепак, најзначајната експанзија се случи по Берлинскиот конгрес и прогласувањето на независноста на Кнежевството Србија, во втората половина на 19 век.

Корените на српските железници како корпорација датираат наназад во 1881 година кога принцот Милан I официјално ја основал Српската национална железница. Инаугуративното патување од Белград до Ниш се одржа на 23 август 1884 година, означувајќи го официјалното основање на компанијата според српските железници. Оваа железничка рута има огромно значење во Србија и функционира повеќе од 130 години.

“Обезбедувањето беспрекорен транспорт бара значителни инвестиции“.

Во 1990-тите, по распадот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, железничкиот систем на Србија се соочи со значителни предизвици. Одржувањето на инфраструктурата беше занемарено, што доведе до голем пад на железничкиот сообраќај, особено во транспортот на стоки. Превирањата во 1990-тите, вклучувајќи ги конфликтите, меѓународните санкции и НАТО бомбардирањето, заедно со последователните економски кризи, дополнително го попречија неопходното одржување на железничката мрежа на Србија, особено на виталната линија Белград-Ниш.

Анита Димоски, вршител на должноста помошник министер за железници и интермодален транспорт во Владата на Србија, ја расветлува ситуацијата. Таа објаснува дека и владата и железницата имале воспоставен план за редовна реконструкција на одредена должина на пруги секоја година. Сепак, поради финансиските кризи и влијанието на пандемијата со COVID-19, овие рутински активности за одржување мораше да се одложат. „Обезбедувањето беспрекорен транспорт бара значителни инвестиции“, посочува г-ѓа Димоски. Следствено, тие беа принудени да ја намалат брзината на делниците каде што не можеше да се интервенира, а една таква делница беше железничката линија Белград-Ниш.

Многу посакуваната визија за непречено функционирање на железницата на оваа траса конечно е на пат да стане реалност. Европската унија вети значителни 2,2 милијарди евра средства од ЕУ за железничката линија Белград-Ниш. Благодарение на оваа финансиска поддршка, патувањето со воз меѓу овие два српски града наскоро ќе трае помалку од два часа, со брзина до 200 км/ч. Моментално, возењето со воз трае минимум шест часа, додека патувањето со автомобил трае приближно три часа. Поточно, Европската унија ќе придонесе со грантови до 610 милиони евра, со што ова ќе стане најзначајниот грант на ЕУ за еден проект во Србија досега. Овој сеопфатен пакет, исто така, опфаќа заем од 1,1 милијарди евра од Европската инвестициска банка (EIB) и заем од 550 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (EBRD). Останатиот дел од инвестицијата ќе го покрие Владата на Србија.

Оливер Вархелји, европскиот комесар за преговори за проширување, го нагласи значењето на овој проект, изјавувајќи: „Го избравме овој проект бидејќи овој проект е способен да ја промени реалноста на терен за народот на Србија, за народот на јужна Србија, а со тоа и за целиот регион“. Тој ги даде овие забелешки на настанот за промоција на ЕУ финансирањето во Белград на 28 февруари оваа година.

“Овој сегмент од железничката линија има огромно значење за Србија. Покрај економските и еколошкитеимпликации, истиот има и културно и општествено значење. Поврзувањето на луѓето не само што поттикнува одржување на постоечките пријателства, туку и создавање на нови, како и негување на социјалните односи“.

За проектот

Рехабилитацијата на пругата Белград-Ниш ќе ги подобри врските на Србија со другите европски железнички мрежи. Тоа ќе овозможи побрз товарен транспорт и значително ќе го намали времето за патување. Бидејќи железницата е чист начин на транспорт, модернизацијата на железничкиот систем придонесува и за почиста животна средина. Транспортните проекти финансирани од ЕУ во Србија имаат за цел да ги подобрат врските и, на тој начин, да ја поттикнат економската интеграција – за Србија во регионот и за регионот во ЕУ. Тие придонесуваат за реформи во железницата и за воведување модерно, исплатливо одржување на патната инфраструктура.

По завршувањето, новата железница ќе донесе значителни придобивки, со предвидено годишно возење нанад 2,3 милиони патници и транспорт на 9,4 милиони тони товар. Ова ветува создавање нови деловни можности и перспективи за работа. „Овој сегмент од железничката линија има огромно значење за Србија. Покрај економските и еколошките импликации, истиот има и културно и општествено значење. Поврзувањето на луѓето не само што поттикнува одржување на постоечките пријателства, туку и создавање на нови, како и негување на социјалните односи“, потенцира г-ѓа Димоски.

Г-ѓа Анита Димоски ја нагласува клучната улога на поддршката од ЕУ во овој проект. „Со потпирањето исклучиво на сопствени ресурси значително ќе се продолжеше временската рамка на проектот и ќе наметнеше големо финансиско оптоварување на нашата влада. Благодарение на оваа поддршка, ќе можеме да го завршиме проектот многу побргу“, тврди Димоски.

Заживување на културното наследство: Обнова на поранешната архиепископија на Драч во Албанија

Проектот EU4 Culture финансиран од ЕУ во тесно партнерство со Министерството за култура ја обновува историската архиепископија на Драч во Албанија

Во 1850 година, архиепископот Рафаеле Д’Амброзио наишол на противење од отоманската администрација при обидот да го основа седиштето на Католичката црква во Албанија во Драч. Поради ова, тој се одлучил за Делбништ како нова локација. Од оваа гледна точка, архиепископот ја надгледуваше и водеше мрежата од првенствено осумнаесет парохии што никнаа низ регионот, заедно со четири други епархии кои згаснаа за време на отоманската администрација. Покрај тоа, оваа област служеше како центар за различни собири посветени на зачувување на културниот идентитет, особено во рамките на општествените и политичките сфери за време на владеењето на Отоманската империја. Под раководство на оваа архиепископија, првите албански училишта се појавија во Шен е Премте на Курбин во 1632 година, по што следеа училишта во самиот Делбништ во 1856 година, а подоцна во Тирана и Драч во 1872 година. Во 1903, 1904 и 1905 година се одржаа клучни собири во Делбништ, предизвикувајќи ги даночните политики на османлиската влада и потврдувајќи ги правата на народот.

Во ова здание, архиепископот Прен Бард Камбери донесе важна одлука да го испрати својот најблизок помошник, Дом Николе Качори, како претставник на Курбин и на сите територии под јурисдикција на Архиеископот на Драч, да присуствува на церемонијата на подигнување на знамето во Валона за време на прогласувањето на независност на 28 ноември 1912 година. Истиот ден во 10 часот, наредбата за подигање на албанското знаме во Милот, одекна од зградата во Делбништ. Оваа архиепископија претрпе значителна штета од рацете на востаниците за време на тешкиот напад предводен од Хаџи Ќамили против кралот Вилхелм одВид од Албанија, во септември 1914 година. Околу 1967 година, за време на комунистичкиот режим, црквата и централното седиште на Архиепископијата беа насилно затворени. Во текот на следните години, локацијата постепено попуштала и пропаѓала. Сепак, оваа зграда има големо историско значење: два пати е посетена од албанската светица, Мајка Тереза од Калкута, по 1990 година. Настаните поврзани со оваа градба не се составен дел само на историјата на црквата, туку и на самата албанска култура. Како резултат на ова, Министерството за култура ја прогласи за „споменик на културата“ во март 2014 година.

“Оттука, оваа реставрација има значење во демонстрирањето, како физички, така и симболично, на желбата за повторно воспоставување на чувството на припадност, не само во рамките на Католичката црква, туку и низ целото албанско општество во целата негова религиозна различност“.

Поранешната архиепископија на Драч во Делбништ (Лач) претрпе голема штета во земјотресот во 2019 година. Поради нејзиното огромно историско значење, таа беше избрана за реставрација како дел од проектот EU4 Culture, финансиран од ЕУ и реализиран од UNOPS во Албанија во тесно партнерство со Министерството за култура.

Дон Масимилијано Марија Специја Ф.д.Ц, судски викар на архиепископијата Тирана-Драч, зборува за важноста на реставрацијата на овој споменик. Тој нагласува дека оваа реставрација има за цел да заживее локалитет што ги опфаќа, не само сеќавањата на историските настани, туку и поврзаноста со етнолошките, социјалните и културните вредности за кои предците на нацијата направиле огромни жртви. „Оттука, оваа реставрација е од големо значење во демонстрирањето, како физички, така и симболично, на желбата за повторно воспоставување на чувството на припадност, не само во рамките на Католичката црква, туку и низ целото албанско општество во целата негова религиозна различност“, потврдува тој.

Проектот за реставрација на оваа зграда, со вкупна вредност од 620.000 евра, започна во јули 2022 година и продолжи во период од една година. Опсежните работи опфатија поправки на покривот, зајакнување на основата на конструкцијата и соседните градби и внимателно обновување на прозорците, вратите, подовите и деталите, сето тоа во согласност со одобрените проекти. Понатаму, беа заменети и модернизирани механичките, електричните и останатите фитинзи. Проектот, исто така, вклучува и ископ на нов бунар и поставување на високонапонски електрични кабли.

Лејла Хаџиќ од UNOPS појаснува дека зградата била сериозно дотрајана, како резултат на недостиг на одржување и на дополнителната штета предизвикана за време на земјотресот во 2019 година. Таа напоменува дека реставрираниот објект ќе има двојна намена и ќе функционира и како своевиден манастир. Меѓутоа, бидејќи ова е јавна инвестиција, истата ќе биде достапна и за употреба од страна на заедницата. „Во таа насока, првиот кат на зградата е обновен како студентски соби, додека приземјето ќе се користи како кујнски простор, трпезариски и простории за престој. Вака, локалните ученици ќе можат да го користат просторот за пишување домашно или други училишни активности. Во суштина, заедницата ќе има можност да го цени и користи овој простор“, забележува Лејла

 “Целта е да се ревитализира, не само физичката структура на резиденцијата, туку и целата околина, трансформирајќи ја истата во пристапен и функционален простор, соодветен за посета за сите. Овој сеопфатен пристап ќе опфати различни аспекти, почнувајќи од историски, до натуралистички, а со тоа ќе го олесни повторното откривање на историјата на регионот и обичаите – составен дел на христијанската и албанската култура.”

За проектот

Во ноември 2019 година, Албанија беше погодена од најсмртоносниот земјотрес во земјата во последните 50 години. Проценет со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, земјотресот предизвика голема штета во 11 општини. Проектот EU4Culture е финансиран од Европската унија (ЕУ) и го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS), во тесно партнерство со Министерството за култура на Албанија. Фокус на проектот е реновирање и ревитализација на големите културни локалитети оштетени од земјотресот и претставува една од најголемите програми за културно наследство финансирани од Европската Унија со вкупен буџет од 40 милиони евра. Водени од принципот „Да се возобновиме подобро“, EU4Culture се фокусира на реновирање на главните културни локалитети во согласност со Рамката на ОН за намалување на ризикот од катастрофи. Паралелно, проектот има за цел да го подобри туристичкиот потенцијал на Албанија, со што директно ќе придонесе за локално и регионално социо-економско закрепнување. За таа цел, посебен фокус е ставен на иновативните технологии, вклучувајќи дигитално раскажување приказни и создавање мултимедијални производи дизајнирани да бидат достапни за сите. Во исто време, проектот го поддржува локалното претприемништво, занаетчиството и културните иницијативи кои се развиваат околу избрани локации преку распределба на грантови, обезбедувајќи директен поттик за локалната економија.

Дон Масимилијано Марија Специја предвидува дека реставрираниот споменик ќе има големо влијание каковрз христијанската заедница, така и врз поширокото албанско население, со огромно значење како во општествените, така и во духовните димензии. Тој објаснува дека општественото влијание произлегува од стремежот на монсињор Додај, во зависност од поволните услови, особено оние што се однесуваат на комуникациските рути. „Целта е да се ревитализира, не само физичката структура на резиденцијата, туку и целата околина, трансформирајќи ја истата во пристапен и функционален простор, соодветен за посета за сите. Овој сеопфатен пристап ќе опфати различни аспекти, почнувајќи од историски, до натуралистички, а со тоа ќе го олесни повторното откривање на историјата на регионот и обичаите – составен дел на христијанската и албанската култура.”