Skip to main content

Автор: WeBalkans

Комисијата презентира нов План за раст за Западен Балкан, кој вклучува 6 милијарди евра во грантови и заеми со цел забрзување на економската конвергенција со ЕУ

Денес, Европската комисија усвои нов План за раст за Западен Балкан, со цел да приближи дел од придобивките од членството во регионот пред пристапувањето, да поттикне економски раст и да ја забрза многу потребната социо-економска конвергенција. Целта треба да биде да им се овозможи на партнерите да ги засилат реформите и инвестициите со цел значително да се забрза процесот на проширување и растот на нивните стопанства. За оваа цел, предложен е нов Фонд за реформи и раст на Западен Балкан од 6 милијарди евра за периодот 2024-2027 година. Плаќањата ќе се реализираат дури по исполнување на договорените реформи.

 

Како дел од Планот за раст, секој партнер од Западен Балкан ќе биде поканет да подготви Реформска агенда заснована на постоечките препораки, вклучително и од годишниот Пакет за проширување и Програмите за економски реформи (ERP) на земјите. Оваа Реформска агенда ќе биде консултирана, оценувана и усвоена од страна на Комисијата.

 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави: „Со денешното усвојување на новиот План за раст за Западен Балкан од 6 милијарди евра, ги приближуваме економиите од Западен Балкан поблиску до ЕУ. Потенцијалот на овој План за раст е исклучително голем. Овој план за раст може да ја удвои економијата на Западен Балкан во следните 10 години. Со комбинацијата на реформи и инвестиции, Планот ќе му овозможи на Западен Балкан наскоро да има корист од клучните области на нашиот единствен пазар, вклучувајќи го слободното движење на стоки, услуги и работници, единствената зона за плаќања во евра, транспортот, енергијата и единствениот дигитален пазар.”

 

Следни чекори

 

Сега останува на Европскиот парламент и на Советот да го испитаат предлогот за Фондот во рамките на пакетот за среднорочна ревизија на MFF. Откако ќе бидат усвоени, шесте партнери од Западен Балкан ќе бидат поканети да ги поднесат своите индивидуални реформски агенди во кои ќе се наведат социо-економските и фундаменталните реформи што ќе ги преземат за да ги поттикнат растот и конвергенцијата според Планот за раст во периодот од 2024 до 2027 година. Како неопходен предуслов, Србија и Косово треба да се вклучат конструктивно во Дијалогот за нормализација на односите поддржан од ЕУ, предводен од Високиот претставник.

Младите европски амбасадори (YEAs) организираат работилници за медиумска информативна писменост во Србија и Црна Гора

На 24-ти и 25-ти октомври, Младите Европски Амбасадори (YEAs) успешно спроведоа серија работилници за Медиумска информативна писменост (MIL) во Нови Сад и Ниш, Србија, како и во Подгорица, Црна Гора. За време на овие работилници, Младите Европски Амбасадори имаа важна можност да го споделат своето знаење за теми поврзани со медиумите, новинарството и различните аспекти на медиумската писменост со своите колеги. Настаните беа овозможени благодарение на посветеноста и напорите на Младите европски амбасадори меѓу кои Бојана Мараш, Анѓела Мициќ, Маја Трајковиќ, Ања Кафеџиска, Теодора Цекиќ и Александра Грбовиќ Битиќ.

Проектот EU SHAI транформира животи преку социјални домови

Проект во Србија, финансиран од Европската Унија, им помага на ранливите заедници да постигнат социјална инклузија.

Миљана, 27-годишна жителка на ромска населба во Свилајнац, си има свои животни предизвици. По завршувањето на средното трговско училиште, таа се нашла во улога на самохрана мајка на својата седумгодишна ќерка, Петра. Нивното претходно живеалиште, мала, запуштена куќа, нудела далеку од идеални услови за живеење.

Меѓутоа, неодамна, во нивните животи се случи позитивна промена. Тие се вселиле во новоизградената зграда за социјални станови веднаш спроти тесната улица од нивната стара населба. Оваа навидум мала транзиција направи огромна разлика во нивните услови за живот. Нивниот нов стан не само што е простран, туку е и целосно опремен со нов мебел и модерни апарати за домаќинство.

Миљана е корисник на проектот „Нови домови и инклузивна средина за ранливите категории на населението во Свилајнац“, дел од ЕУ програмата за поддршка на социјалното домување и активна инклузија (EU SHAI). Покрај тоа што ѝ обезбеди удобен нов дом, оваа иницијатива ја охрабри и кон финансиска независност и социјална инклузија. Миљана активно учествуваше на работилници со цел подобрување на нејзината вработосособност, вклучително и обука за добивање возачка дозвола, Б категорија.

“Мерките за активна инклузија играат клучна улога во обезбедувањето одржливост на проектот, бидејќи истиот е прецизно дизајниран и имплементиран во согласност со уникатните потреби на семејствата и поединечните членови на семејството.”

Во однос на социјалните станови, проектот вклучува три начини на поддршка: изградба на нови станови и куќи, обезбедување веќе постоечки куќи за корисниците и реновирање на куќи кои веќе се во сопственост на корисниците. До денес, вкупно 127 семејства, составени од 361 член на семејството (171 машки и 190 женски), успешно се преселија во своите нови живеалишта во новоизградените социјални станови, лоцирани во Чачак, Свилајнац, Лозница, Врњачка Бања, Љубовија, Шабац, и Рашка. Дополнително, изградени се 14 семејни куќи во Коцељева и Загубица, во кои се сместени семејствата кои сега ги нарекуваат свој дом. Дополнително, проектот набави 56 селски куќи и заврши реновирањето на 92 куќи, сите насочени кон подобрување на условите за домување за оние на кои им е потребно.

Драгана Милошевиќ, проект менаџер на програмата на ЕУ SHAI, елаборира за сеопфатната поддршка што им се нуди на семејствата избрани за социјални станови. Оваа поддршка е сложено прилагодена на специфичните потреби на секој член на семејството, утврдена преку темелна проценка по процесот на селекција на социјални станови. Таа вели: „На пример, доколку семејството се состои од четири члена на кои им е потребна поддршка, ние обезбедуваме помош соодветно на тоа. Во случаи кога поединецот има уникатни потреби, како на пример, лице со попреченост на кое му треба инвалидска количка или, во еден пример, младо момче кое посетува средно училиште во друг град за што му беше потребно да плаќа студентски дом, ние ги покривме тие трошоци, овозможувајќи му да го заврши своето средно образование. Некои поединци можеби ќе треба да посетуваат одредени курсеви; на пример, понудивме курсеви за заварување, многу барана професија денес и го олеснивме нивното учество.”

До денес, проектот ја прошири својата поддршка на 324 семејства, со опфатени над 1.000 поединци, преку низа активни мерки за инклузија. Од нив, 167 деца добиле образовна поддршка, додека 104 возрасни мажи и 221 жена поминале образовна обука. Дополнително, 146 семејства имаат корист од грантови за генерирање приходи, 42 корисници се привремено ангажирани на работа, а 29 корисници се самовработени. Психосоцијална поддршка е дадена на 135 семејства, во кои се вклучени 391 член. Дополнително, околу 280 семејства добија помош во форма на мебел и апарати за домаќинство. Драгана го нагласува значењето на компонентата на активна инклузија, наведувајќи: „Ова игра клучна улога во обезбедувањето одржливост на проектот, бидејќи е прецизно дизајнирана и имплементирана во согласност со уникатните потреби на семејствата и индиидуалните членови на семејствата.”

“Проектот EU SHAI донесе значителни промени во животот на луѓето и тие се многу свесни за оваа трансформација.”

За проектот

Програмата за поддршка на социјално домување и активна инклузија на Европската унија (EU SHAI) е дизајнирана да ја подобри имплементацијата на политиките за социјална инклузија во Србија и да обезбеди одржливи решенија за домување придружени со активни мерки за инклузија за најранливото население. Европската унија (EU) додели 27 милиони евра преку Инструментот за претпристапна помош (IPA) 2018 година за 63-месечната имплементација на Програмата, а Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS) е избрана за партнер за импементација .

 

Драгана ја нагласува најголемата важност на поддршката на образованието и професионалното напредување меѓу корисниците, признавајќи дека само обезбедувањето на социјални станови не  значи сеопфатно справување со нивните предизвици. Таа елаборира: „За да ја подобрат својата социјална положба, поединците мора да ги зголемат своите вештини и образование. Со подобрување на нивните можности за вработување, тие можат да направат транзиција од приматели на државна социјална поддршка“. Таа дополнителнозабележува: „Програмата на EU SHAI донесе значителни промени во животот на луѓето и тие се многу свесни за оваа трансформација.”

Заштита на реката Вардар со поддршка од ЕУ

Водоводниот систем во главниот град на Северна Македонија, Скопје, добива поддршка, што покажува дека развојот оди рака под рака со ЕУ интеграцијата.

Градовите мора постојано да се прилагодуваат со цел да излезат во пресрет на брзо растечкото урбано население, да се справат со предизвиците на климатските промени и да управуваат со ограничените ресурси. Скопје, главниот град на Северна Македонија, активно работи на трансформирање во одржлива, модерна европска метропола со силен акцент на заштитата на животната средина. Пример за оваа посветеност е значајната  иницијатива за заштита на животната средина на градот преку изградба на пречистителна станицаза третман на отпадни води. Оваа станица ќе ги прошири санитарните услуги на повеќе од половина милион жители, а истовремено ќе го спречи загадувањето во реката Вардар, најдолгата река во Северна Македонија.

Во Скопје, водите на оваа позната река, која тече низ главниот град на земјава, до сега не биле подложени на соодветен третман. Во рамките на канализационата мрежа со која управува ЈП Водовод и канализација, отпадните води се испуштаат на повеќе точки долж левиот и десниот брег на реката Вардар. Иако постои одредено ниво на контрола и првичен третман за овие испуштања, тие на крајот завршуваат директно во реката Вардар.

“Долги години вредно работиме на воспоставување на неопходните услови за реализација на овој неопходен и многу значаен инфраструктурен проект“.

Г-ѓа Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, го истакнува критичното значење на изградбата на пречистителна станица за Град Скопје. Таа нагласува дека ова било, и продолжува да биде, една од најгорливите прашања не само за Министерството и Владата, туку пред сè, за граѓаните и нивното здравје и добросостојба. Министерката Шукова забележува „Долги години вредно работиме на воспоставување на неопходните услови за реализација на овој неопходен и многу значаен инфраструктурен проект.”

Во текот на својата подготвителна фаза, проектот доби вредни грантови за техничка помош од неколку ценети институции, вклучително и Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, Инвестициската рамка за Западен Балкан и француската влада. Оваа поддршка ја одразува непоколебливата посветеност на Тим Европа за Северна Македонија. Примарната цел на оваа помош е да се решат ограничувањата на капацитетите во рамките на локалните партнери, зголемувајќи ги нивните способности запланирање, оперирање со и одржување на инвестициските проекти.

Пречистителната станица во Скопје е дизајнирана да опслужува 650.000 жители. Фазата на изградба се предвидува да трае три години, по што ќе следи двегодишен пробен период посветен на тестирање на функционалноста на пречистителната станица и обука на персоналот одговорен за нејзиното функционирање. Пречистителната станица ќе се простира на површина од 13 хектари, сместена во општина Гази Баба, на левиот брег на реката Вардар, во областа Трубарево. Проектот е заеднички напор во кој се вклучени ЈП Водовод и канализација – Скопје, Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за финансии. Откако ќе заврши изградбата, Пречистителната станица – Скопје ќе стане сопственост на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Проектот ќе се одвива во две различни фази. Почетната фаза опфаќа предтретман и биолошки третман на отпадните води, најмалку до 2035 година, додека следната фаза ќе се фокусира на отстранување на азот и фосфор од отпадните води што се влеваат во реката Вардар, што треба да се заврши најдоцна до 2045 година. По целосното функционирање на пречистителната станица, приближно 74,7% од потребниот капацитет на нацијата за третман на отпадни води ќе биде исполнет до 2027 година.

“Самоуверено тврдам дека без пристап до овие европски финансиски механизми, достигнувањето на оваа последна фаза – изградбата на станицата – ќе беше голем предизвик. Ние длабоко ја цениме поддршката на ЕУ во овој поглед, како и во другите процеси преку кои се стремиме да ги достигнеме европските стандарди.”

За проектот

Како климатска банка на ЕУ, Европската инвестициска банка секоја година финансира 3 милијарди евра во водна инфраструктура, со фокус на безбедноста на водата и прилагодувањето кон климатските промени. Околу 30% од проектите за вода на банката се надвор од Европската унија, често во некои од најсиромашните и најпогодените земји во светот од суша. Во 2022 година, we have инвестиравме околу €2.17 милијарди во секторот, што ги подобри санитарните услови за 10,8 милиони луѓе и овозможи подобар пристап до безбедна вода за пиење за 25,4 милиони луѓе.

За да го зајакне овој потфат, Европската унија распредели значителен грант од 70 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Оваа распределба го означува најзначајниот придонес што досега го направила меѓународната финансиска институција во водоводниот сектор во земјата. Финансиската поддршка на ЕУ има за цел драматично да ги забрза подготовките и спроведувањето на проектот, што на крајот ќе резултира со прочистување на 90% од отпадните води во Град Скопје и 74,7% од отпадните води во државата. Овој проект беспрекорно се усогласува со Економскиот и инвестициски план на ЕУ, стратегијата Global Gateway и Зелената агенда за Западен Балкан.

Исто така, Владата на Република Северна Македонија го олесни финансирањето на изградбата на пречистителната станица преку заем добиен од две банки на ЕУ, Европската инвестициска банка (EIB) 68 милиони евра и Европската банка за обнова и развој (EBRD) 58 милиони евра. Министерката Шукова ја нагласува клучната улога на ЕУ во имплементацијата на овој критично важен капитален инфраструктурен проект. Таа забележува: „Самоуверено тврдам дека без пристап до овие европски финансиски механизми, достигнувањето на оваа последна фаза – изградбата на станицата – ќе беше голем предизвик. Ние длабоко ја цениме поддршката на ЕУ во овој поглед, како и во другите процеси преку кои се стремиме да ги достигнеме европските стандарди “. Пречистителната станица ќе користи врвна технологија, најнова опрема и енергетски ефикасни практики. Топлинската енергија генерирана од станицата ќе биде искористена за согорување на тињата во акцелераторот. Проектот, исто така, предидува дополнителни аспекти како што се техничка помош и обука на персоналот за да се обезбеди одржливост на пречистителната станица.

Отворен е повикот на Creative Europe за проекти за европска соработка

Овој повик ќе поддржи проекти за спроведување на широк спектар на активности и иницијативи кои вклучуваат уметници и учесници активни во различни културни и креативни сектори. Со буџет од околу 60 милиони евра, акцијата ќе ја поттикне соработката меѓу организациите активни на полето на културата со целда се зголеми прекуграничната димензија на создавање и циркулација на европска уметничка содржина. Исто така, ќе го поттикне развојот, експериментирањето, ширењето и примената на нови и иновативни практики. Акцијата ќе поддржи најмалку 130 проекти.  
Проектите за европска соработка се отворени за сите културни и креативни сектори. Сепак, имајќи предвид дека оваа акција е дел од делот Култура на Програмата, проектите со ексклузивна аудио-визуелна содржина и/или исклучиво составени од организации од аудио-визуелниот сектор не се подобни за аплицирање.

Истражување на прекуграничните убавини на Косово и Црна Гора: откриени убавините на Пеќ и Гусиње

Проект финансиран од ЕУ поддржува промоција на културното наследство во прекуграничниот регион меѓу Косово и Црна Гора.

Сместено меѓу прекрасните пејсажи на Југоисточна Европа се наоѓа скриено богатство, каде природниот раскош на планините хармонично се спојува со богатата таписерија на култури. Прекуграничното пространство меѓу Косово и Црна Гора, кое ги опфаќа општините Пеќ и Гусиње, е волшебна дестинација што ги повикува храбрите патници и љубителите на културата. Овој прекуграничен регион може да се пофали со инспиративна глетка која стои како доказ за грандиозноста на природата. Високите планински масиви, особено Проколнатите Планини (Bjeshket e Nemuna), нудат неспоредливи можности за пешачење, планинарење и набљудување на дивиот свет.

Сепак, покрај волшебните пејзажи, оваа прекугранична територија е полна со историја и култура. За жал, културното наследство на регионот не го доби истото ниво на промоција како неговото природно богатство. Следствено, две прекугранични општини, Пеќ во Косово и Гусиње во Црна Гора, презедоа проактивни мерки за да го решат ова.

 “Одржуваме редовен контакт со посетителите на нашиот туристички информативен центар. Повеќето од нашите предлози за проекти произлегуваат од повратните информации што ги добиваме и од посетителите и од заедницата.”

Блерта Харџи Беголи ја има улогата на виш проектен референт во туристичкиот сектор во општина Пеќ. Таа образложува за постојаниот успех на општината во обезбедувањето поддршка за проектите за прекугранична соработка и наведува: „Одржуваме редовен контакт со посетителите на нашиот туристички информативен центар. Повеќето од нашите предлози за проекти произлегуваат од повратните информации што ги добиваме и од посетителите и од заедницата.”

Општините Пеќ и Гусиње веќе извесно време воспоставуваат збратимено партнерство. Препознавајчи ја заедничката потреба за засилена промоција на нивното културно наследство, тие заеднички одлучија да го иницираат и аплицираат за проектот „Културно наследство: богатство на прекуграничниот регион“. Овој проект опфаќа низа мерки насочени кон подобрување на квантитетот, квалитетот и видливоста на туристичките активности поврзани со вреднување на културното и природното наследство.

За да се подобрат условите на културните локалитети долж културната рута и да се понудат подобрени услуги за туристите, набавени се аудио водичи за Пеќ. Дополнително, на три главни влезни точки во Пеќ се поставени информативни табли со цел да се шират детали за културното наследство на градот. Таблите се стратешки поставени пред овие културни наследства во Пеќ, придружени со области за седење со цел местата да будат попогодни за посетителите.

Проектот неодамна заврши, а во негови рамки партнерските општини спроведоа опсежни истражувања за културното наследство во регионот. Тие, исто така, составија студија фокусирана на валоризација на културното наследство, воспоставија културни рути, ги надградија капацитетите на точките на културната рута за подобрување на искуствата на посетителите, обезбедија можности за градење капацитети за давателите на услуги, имплементирани патокази за промовирање на ново развиените понуди и извршија разни други иницијативи за промоција на културното наследство.

“Она што е уште поважно е што повратните информации од посетителите укажуваат на тоа дека проектните интервенции се многу корисни за нив. Културните рути често се користат, а нивниот квалитет ги задоволува посакуваните стандарди.”

За програмата

Според вториот повик за предлози во рамките на програмата IPA CBC Црна Гора Косово, Европската унија одвои средства кои надминуваат два милиони евра за проекти за прекугранична соработка. Овие иницијативи предводени од корисниците на проектот значително го зајакнаа квалитетот на животот во регионот. Тие го постигнаа ова преку промовирање на вработувањето, поттикнување на социјална инклузија и подобрување на туризмот, културното и природното наследство во регионот.

Блерта го нагласува длабоко позитивното влијание на проектот, истакнувајќи едно од неговите најзначајни достигнувања: поставувањето ориентациони знаци на културните локалитети низ градот. Таа забележува: „На пример, пред овој проект, посетителите кои влегуваа во градот Пеќ немаа никакви насоки за локацијата на локалитетите на културното наследство. Сега, посетителите имаат сеопфатни насоки за истражување на културното наследство на градот и околните области“.

Во однос на одржливоста, Блерта забележува дека партнерските општини, кои работат во соработка со граѓанското општество и другите засегнати страни, доследно ги одржуваат културните рути и знаци. Таа нагласува: Она што е уште поважно е што повратните информации од посетителите укажуваат на тоа дека проектните интервенции се многу корисни за нив. Културните рути често се користат, а нивниот квалитет ги задоволува посакуваните стандарди.”

Младите европски амбасадори на Косово (YEAs) на средба со Советот на Европа

На 20-ти октомври се одржа значаен состанок помеѓу Младите европски амбасадори на Косово (YEAs) и Канцеларијата на Советот на Европа во Приштина. Меѓу присутните беа Амина Каја, Елиента Цулај, Арјана Рудари и Таулант Ферати, сите претставници на YEAs. Со состанокот претседаваа Френк Пауер, директор на Канцеларијата на Советот на Европа во Приштина и Бетим Зланога. Средбата првично се фокусираше на деталното истражување на структурата, улогата и клучната улога на Советот на Европа во поддржувањето на основните принципи како што се: човековите права, демократијата и владеењето на правото.

 

Потоа, претставниците на Советот на Европа ги просветлија Младите европски амбасадори за кампањата„Блокирај ја омразата, сподели љубов“, наведувајќи ги проактивните чекори што се преземаат во рамките на оваа иницијатива. Состанокот заврши со конструктивен дијалог за потенцијалните придонеси на Младите европски амбасадори во активностите насочени кон борба против говорот на омраза.

Младите европски амбасадори дел од Неделата на гордоста во Црна Гора 2023

Неделата на гордоста во Црна Гора беше исполнета со многу активности организирани секој ден, цела недела од различни организации како Queer Montenegro, Spektra, Juventas итн. Слоганот на овогодинешната Неделана гордоста е Самоопределување. Самоопределувањето на транс луѓето би значело дека Црна Гора гарантира самоопределување на сите свои граѓани, без разлика на нивната припадност.

 

Агендата вклучуваше активности како што се: Модна ревија за човекови права, Панел дискусии на теми како: Право на самоопределување, Чие здравје е наше: Квалитетот на здравствената заштита за транс лица, стресот и разликите меѓу малцинските групи итн., активности за поврзување како: Квиз на гордоста, Драг шоуа, настапи на бенд, забави со диџеи итн. и главната активност: Црна Гора Гордост Нашите Млади европски амбасадори имаа главни улоги во дел, ако не и во сите од нив.

 

Младиот европски амбасадор Енес Пучурица беше главниот организатор на Црна Гора Гордост 2023 „Гордост оваа година се однесуваше на самоопределување, бидејќи го подразбира правото на секој човек да го дефинира сопствениот идентитет и тоа не треба да биде привилегија на избраните. Да се биде во Квир Црна Гора како главен организатор на Црна Гора Гордост во партнерство со локални организации беше прекрасно искуство. Навистина, имаше многу работа, но гледањето луѓе кои уживаат и го слават својот ден дава големо чувство на достигнување и верба во нашата заедница“, вели Енес.

 

Девет Млади европски амбасадори учествуваа на Неделата на гордоста во Црна Гора, меѓу кои Војин Четковиќ, Енес Пучурица, Валентина Остојиќ, Дадо Дервановиќ, Бојана Марас, Ивана Сречковиќ, Матија Пренкочевиќ, Стефан Вукмановиќ и Анѓела Радуловиќ.

Права на земјиште, реинтеграција и патувањето на повратниците на Албанија

Истражување на патувањето на албанските повратници и трансформацијата на обработливо земјиште во нови можности со поддршка на EU и UNDP.

Во комунистичка Албанија, семејствата и поединците кои не ги почитуваа правилата на партијата често беа испраќани во колективни логори, каде што беа ангажирани во задачи како што се рударството и земјоделството. Семан, земјоделско село, беше една од овие колективни фарми основани за време на комунистичкиот режим. Покрај семејствата со сомнителна репутација, режимот во ова село населил и ранливи групи како Роми и Египќани. Земјиштето што го обработуваа овие земјоделци официјално и припаѓаше на државата, голем дел од кое беше конфискуван од првичните сопственици кога режимот ја презеде власта по Втората светска војна. Меѓутоа, работите станаа посложени по падот на комунизмот во 1990 година, кога беше воведена демократијата. Демократската албанска влада иницираше реформи за земјиштето и одлучи да ја распредели земјата меѓу селаните и земјоделците кои работеа на неа за време на комунистичката ера.

Овој потфат се покажа како поголем предизвик од очекуваното, бидејќи некои земјишта имаа претходни сопственици кои си ги бараа своите права кон истите. Од друга страна, семејствата кои работеа на земјиштатанемаа права на истите или каква било документација за доказ на сопственоста. Сепак, селаните морале да водат правните процеси и некои од нив успеале да добијат права на земјиштето. Меѓитоа, тоа не беше случај и со ранливите групи, како Ромите и Египќаните. Примарните причини беа нивното ограничено внимание за административните процедури и недостатокот на финансиски средства за покривање на таксите и правното застапување потребни за процесот. Многумина од нив на крај мигрирале во земјите на ЕУ и на други места, но со текот на времето, некои решиле да се вратат.

Заминавме во Германија во потрага по азил и подобар живот бидејќи тука се соочувавме со големипредизвици.

По нивното враќање, бројни повратници се соочија со предизвици во продолжувањето на претходниот живот. Иако пречките со кои се соочуваат повратниците се различни, има и заеднички искуства меѓу многумина, вклучително и тешкотии во обезбедување стабилен приход и наоѓање формално вработување. Повратниците Роми и Египќани од селото Семан имаат долга историја на обработување на земја, пренесувајќи скриеноземјоделско знаење низ генерации. Меѓутоа, кога селаните почнаа да заминуваат во потрага по подобри можности во странство, земјата во селата остана необработена и запуштена. Парцелите се изнајмуваа за скромни суми, додека селаните си ја бараа среќата на друго место, а земјоделскиот начин на живот претрпе назадување, што доведе до значителни падови во локалниот развој за заедниците низ Албанија.

„Заминавме во Германија во потрага по азил и подобар живот бидејќи тука се соочувавме со големипредизвици“, објаснува Лаурета Џелали, обработувач на жито од селото, додека зборува за причините за миграција. Иако семејството на Лаурета живеело во селото со генерации и поседувало нивна земја, што ја обработувале од година во година, тие не поседувале законско право врз нивниот имот. Административните трошоци поврзани со добивањето право на земјиште едноставно беа повисоки од нивните можности. Меѓутоа, по нивното враќање, повратниците добија поддршка од Регионалниот проект за реинтеграција на повратниците, финансиран од ЕУ, спроведен од UNDP, кој им помогна да се справат со различните предизвици со кои се соочија по нивното враќање.

На пример, и покрај нивните практични земјоделски вештини и познавање на земјиштето, повратниците не можеа целосно да имаат корист од обработливото земјиште поради отсуството на право на земјиште. „Поминаа 30 години, а ние сè уште не сме добиле имотни листови за земјиштето“, забележува Лаурета Џелали. Во соработка со локалните невладини организации, UNDP го олесни процесот за 16 семејства повратници да ги добијат право на сопственост врз своите имоти. Лаурета Џелали ја изразува својата благодарност: „Благодарение на поддршката од проектот и решителноста на нашето семејство, сега ги жнееме плодовите од нашите напори со нашата прва жетва на жито“. И покрај тоа што примарниот фокус на помошта на проектот беше на добивање на право на сопственост на земјиштето и охрабрување на повратниците да продолжат со земјоделското производство, истиот, им овозможи на повратниците и да обработуваат жито на поголеми парцели обработливо земјиште. Следствено, 27 семејства добија поддршка да започнат со производство на жито. Колаборативните напори на селаните повратници, локалните невладини организации и UNDP ги овластија повратниците да ја користат својата земја попродуктивно. „Претходно можев да си дозволам да засадам само два декари земја. Благодарение на поддршката, сега имам хектар жито“, вели Анила Казанџиу, повратник и обработувач на жито.

“Ова е проект за голема пофалба во однос на одржливоста и влијанието, бидејќи обезбедува какоспособности, така и опипливи резултати за многу краток период. Резултатите се видливи, опипливи и оставаат трајно влијание.”

За проектот

Проектот за реинтеграција на повратниците во Западен Балкан е фокусиран на решавање на клучните бариери за социо-економска реинтеграција на ранливите повратници во Западен Балкан. Проектот е дел од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (IPA) II мерка за повеќе земји, поддршка на ЕУ за фундаменталните права на ромската заедница и реинтеграција на повратниците, доверени на UNDP, Светска банка и Советот на Европа. Во сите економии од Западен Балкан, проектот ги проценува политичките и институционалните празнини и го олеснува дијалогот за механизмите за имплементација и следење на политиките и програмите за реинтеграција. Во Албанија, Северна Македонија и Србија, проектот спроведува програми на локално ниво и тестира иновативни решенија за одржлива социо-економска реинтеграција на повратниците

Благодарение на помошта со проектот, оние кои претходно не можеа да ја обработуваат својата земја сега можат да го сторат тоа, а земјоделците кои се враќаат имаат можност да ја прошират својата обработлива површина за поодржливи приходи. Како дел од поддршката на проектот, овие повратници-земјоделци добија и серија обуки за добри земјоделски практики. Оваа обука ги опремува со знаења и вештини потребни за справување со земјоделските предизвици, од садење семиња до продавање на нивните производи на пазари. За Мирјета Рамизи од UNDP Албанија овој проект се издвојува како еден од најуспешните во нејзината кариера. Таа забележува: „Ова е проект за голема пофалба во однос на одржливоста и влијанието, бидејќи обезбедува како способности, така и опипливи резултати за многу краток период. Резултатите се видливи, опипливи и оставаат трајно влијание“.

Аплицирајте сега за вториот конкурс за домаќини за резиденцијален престој во рамките на Culture Moves Europe

Конкурсот обезбедува финансиска поддршка на организации и индивидуални уметници кои сакаат да бидат домаќини на меѓународни уметници и културни професионалци за резиденцијален проект. Вториот конкурс за домаќини за резиденцијален престој во рамките на шемата за мобилност Culture Moves Europe беше отворен на 16 октомври 2023 година. Конкурсот обезбедува грантови за организации и индивидуални уметници регистрирани како правни лица во една од 40-те Креативни европски земји, кои сакаат да бидат домаќини на меѓународни уметници и културни професионалци за резиденцијален проект.

 

Апликантите треба да ги испратат своите предлози со детали за времетраењето, целите и очекуваното влијание на нивниот проект за резиденцијален престој. Од нив се бара да обезбедат соодветна средина, опрема и ментор за поканетите уметници. Ова обезбедува учесниците да имаат добри услови за имплементација на своите проекти.

 

Акцијата за резиденцијален престој е насочена кон домаќини кои работат во архитектура, културно наследство, дизајн и моден дизајн, литература, музика, перформанс уметности и визуелни уметности. Процесот на аплицирање е поделен во две фази:

 

Избор на домаќини и потврда на поканетите уметници, творци и културни професионалци избрани од страна на домаќините.

 

Пристапноста и инклузивноста се во срцето на Culture Moves Europe. Посебна финансиска поддршка им се нуди на учесниците кои живеат со попреченост и оние кои имаат деца на возраст под 10 години. Исто така, постои посебна поддршка за оние кои патуваат во и од прекуокеанските земји и територии, како и најоддалечените региони на ЕУ. Culture Moves Europe е подеднакво посветена да работи на одржлив и еколошки одговорен начин и апликантите се поканети да ги вклучат тие аспекти во нивните проекти за резиденцијален престој. Уметниците и културните професионалци кои учествуваат се охрабруваат да користат поодржливи транспортни средства. Оние кои ќе изберат да не патуваат со авион ќе добијат дополнителен износ за компензација на повисоките трошоци за зелено патување.