Skip to main content

Автор: WeBalkans

Европската инвестициска банка обезбедува 1,5 милион евра за енергетска ефикасност во Приштина

Европската инвестициска банка (ЕИБ) – органот за позајмување на ЕУ, обезбеди грант во висина од 1,5 милион евра за техничка помош преку новата ЕИБ Глобална експозитура, со цел финансирање на проектна подготовка за проширување на системот за централно греење во Приштина. Проектот ќе резултира со енергетски-ефикасен систем за греење во градот и ќе помогне за намалување на воздушното загадување и подобрување на условите за живот на околу 210000 луѓе.

 

Техничката помош на ЕИБ ќе го поддржи развојот на планот за декарбонизација на грејниот систем во Приштина, подготовката на неопходните еколошки и општествени проценки за влијание, како и проектната имплементација. Средствата се обезбедени како дел од одговорот на банката и ЕУ за зајакнување на клучната инфраструктура која го подобрува животот на луѓето. Со цел поддршка на издржлив и инклузивен раст во Западен Балкан, банката на ЕУ обезбедува финансиска поддршка за развој на инфраструктурата и приватниот сектор.

 

Од почетокот на пандемијата, ЕИБ обезбеди 70 милиони евра за Косово во знак на поддршка за побрзо закрепнување на малите бизниси и изградба на прочистителни станици во Гнилане и Митровица.

81 дом за корисниците на Регионалната програма за домување во Србија

На 20. јуни, во Белград, беше одбележан светскиот ден на бегалците со церемонијално доделување на договори за купување на 60 станови, во рамки на Регионалната програма за домување во Србија, за семејства на бегалци од БиХ и Република Хрватска.

 

Покрај корисниците на програмата, во настанот зедоа учество и Немања Старовиќ, државен секретар при Министерството за надворешни работи; Никола Бертолини, шеф за соработка при Делегацијата на ЕУ во Србија; Ричард Коли, шеф за соработка при амбасадата на Швајцарија во Србија; Стефани Кроз, претставничка на УНХЦР во Србија; Владимир Цуциќ, српски комесар за бегалци и миграција; Наташа Станисављевиќ, секретар за општествена заштита во градот Белград, и Душан Ковачевиќ, шеф на единицата за управување со проекти.

 

Во име на ЕУ, најзначајниот донатор во Програмата за регионално домување, г. Бертолини потенцира: „Една од главните цели на ЕУ е да овозможи достоен живот за нашите граѓани. Оваа програма им помогна на преку 6000 семејства во Србија да ја достигнат оваа цел.“

 

Три дена пред настанот во Белград, беа доделени договори за купување на 21 рурална куќа, на семејства бегалци, во Оџаци, Србија.

Младите европски амбасадори на Форумот Преспа

Младите европски амбасадори од Северна Македонија учествуваа во годинешното издание на „Преспа форум за дијалог“, организиран од 16. до 18. јуни во Охрид. Нивното учество вклучи и панел-дискусија насловена „Следната генерација на Западен Балкан“. Младата европска амбасадорка, Ирена Шуменковска, елаборираше на прашања кои ги засегаат младите; како, на пример, поголема инклузија во носењето одлуки и борбата за работа и можности.

 

„Преспа форум за дијалог“ е платформа создадена од Владата на Република Северна Македонија со цел да им овозможи на државите, лидерите, организациите и граѓаните да градат долготрајни врски и да ги зајакнат партнерствата. Овогодинешниот настан ги обедини високите претставници од Западен Балкан и останатите држави.

 

Платформата на млади европски амбасадори е креативна мрежа од млади активисти ширум Западен Балкан (Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Младите европски амбасадори доаѓаат од различни средини, но споделуваат заедничка визија: обединет Западен Балкан во различностите. Заедно учат еден за друг и за ЕУ, спроведуваат креативни проекти, стекнуваат нови вештини и се поврзуваат преку социјалните медиуми, организираат инспиративни настани; секогаш водени од идејата дека младинскиот активизам е најголемата моќ за општествена промена.

 

 Целите на мрежата се: споделување на вредностите на ЕУ, подигнување на свеста за соработката на ЕУ со партнерите во Западен Балкан, покажување на видливи резултати од соработката, придонесување за политички дијалог на различни теми и зголемување на општествениот активизам.

УНИЦЕФ и ЕУ го прославуваат месецот на родителството во Црна Гора

За да го одбележи месецот на родителството, УНИЦЕФ организираше презентација на програмите кои ги поддржуваат родителите во остварување на нивните важни улоги. Во соработка со Делегацијата на ЕУ во Црна Гора, во „ Europe House“ беа претставени две програми – „Грижливи семејства“ и апликацијата „Беббо“, наменети за родителите на најмладите деца.

 

Програмата „Грижливи семејства“ веќе четири години се спроведува во Црна Гора; со учество на повеќе од 700 родители. Евалуациските резултати на програмата покажуваат дека истата придонела за  намалување од 70 % на строгото и насилно родителство, како и значајно намалување од 31 % на проблемите со однесување на децата, како и родителската депресија (45 %).

 

Апликацијата „Беббо“ беше презентирана од страна на одговорната за ран детски развој при УНИЦФ Црна Гора, Ида Фердинанди, која беше придружена од Маја Мирановиќ; мајка која ја користи апликацијата веќе подолго време. Апликацијата ги снабдува родителите на деца под шест години со веродостојни информации на најразлични теми; како, на пример: здравје, исхрана, доење, безбедност, рано учење и позитивно родителство.

 

Програмата „Грижливи семејства“ и апликацијата „Беббо“ беа имплементирани во Црна Гора, со поддршка на УНИЦЕФ и финансиска поткрепа на ЕУ.

Европскиот совет усвојува мерка за помош на Балканската медицинска оперативна група

Во склоп на Европскиот механизам за поткрепа на мирот, Европскиот совет усвои мерка за помош вредна 6 милиони евра во поткрепа на „Балканската медицинска оперативна група“ („Balkan Medical Task Force (BMTF)“). Мерката за помош ќе ја потпомогне изградбата на капацитети на „Балканската медицинска оперативна група“ и тоа преку набавка на неопходната опрема и материјали за медицинските единици на вооружените сили на Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Србија; кои учествуваат во „Балканската медицинска оперативна група“.

 

Целта на мерката е да ги зајакне воено-медицинските способности на регионот и напорите за помош на цивилите, придонесувајќи, на тој начин, за регионална соработка и кохезија. За да ја оствари оваа цел, мерката за помош ќе финансира средства за мобилност, компоненти за модуларни болници, лабораториска опрема и набавки, како и комуникациска и ИТ опрема. Помошта беше побарана од Република Северна Македонија, во април, во име на „Балканската медицинска оперативна група“.

 

Европскиот механизам за поткрепа на мирот беше создаден во 2021 година за поткрепа на партнери ширум светот во областа на воените и одбранбени дејности, имајќи за крајна цел спречување конфликти, зачувување на мирот и зацврстување на меѓународната безбедност и стабилност. Балканската медицинска оперативна група беше создадена како регионална иницијатива која ги обединува шесте земји-учеснички: Албанија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија, со цел обезбедување брз и ефикасен одговор за државите и регионите засегнати од непогоди и тоа преку употреба на постоечките медицински и воени капацитети на земјите-учеснички.

Примена на вештачка интелигенција за безбедност на возовите

Запознајте го железничкиот робот, измислен од тим научници од Србија, кој ја одржува безбедноста на патниците!

За да соодветствуваат на железничките регулации, локомотивите се постојано подложни на инспекција. Тоа вклучува визуелна инспекција, подетално мерење или отворање дел од возилото. Видот инспекција зависи од серијата локомотиви или пропатуваното време и растојание. Визуелните инспекции, главно, се извршуваат во инспекциски центар, од страна на железнички инспектор кој користи рачна лампа за осветлување. Но, процесот не е толку едноставен колку што звучи.

Последниве години, либерализацијата на пазарот за железничко карго во Србија резултира со зголемен број на помали железнички оператори на пазарот. Повеќето се специјализирани со специфични карго транспортни продукти и ограничен број на локомотиви, вагони и услужни ресурси. Меѓутоа, без разлика на големината на карго операторот, сè уште важат правилата за инспекција. Со оглед на тоа што малите оператори не поседуваат депоа со инспекциски центри, возилата мораат да престојуваат, со денови или недели, во колективни депоа, за да биде извршена инспекција. Ова резултира со доцнења, прекин на услугите и загуба на приходи. За да се соочат со овој предизвик, група научници од Србија направија сериозен напор за да изнајдат решение.

„Одлучивме да ја доразвиеме оваа идеја, така што целиот операциски циклус е заокружен со поддршка на вештачка интелигенција – робот.“

Професорот Александар Милтеновиќ од Факултетот за механичко инженерство – Универзитет Ниш, во Србија, е главен на тимот научници кои го развија системот „ATUVIS“ (Autonomous Train Undercarriage Visual Inspection System/Автономен систем за визуелна инспекција на возови). Станува збор за паметно и ефикасно решение засновано на вештачка интелигенција кое ќе овозможи инспекција на оперативните возови преку избегнување на скапите и долги операции за нивно одржување, како и нивно вадење од употреба и ставање во инспекциските центри. Роботот, измислен од професор Милтеновиќ и неговиот тим, може да биде ставен под возот; со цел сликање и автоматско генерирање извештај за состојбата на возилото.

Професор Милтеновиќ објаснува дека преку пет години работеле на ова решение; и тоа на барање од страна на приватните железнички оператори. На почетокот, развиле попримитивен уред со решение засновано на механичка камера, но со потреба од човечка поддршка. „Меѓутоа, одлучивме да ја доразвиеме оваа идеја, така што целиот операциски циклус е заокружен со поддршка на вештачка интелигенција – робот,“ вели професор Милтеновиќ.

Од прототип до пазар

Ништо од ова не би било возможно без поддршка на шемата „Proof of Concept“ („Доказ за концепт“) (EU4TECH PoC), финансирана од ЕУ. Оваа шема овозможува помош за возбудливите технологии за напредок и тоа преку поддржување тимови за јавно истражување, како и мали и средни претпријатија кои имаат идеи во фазата „Доказ за концепт“; вклучително преку прототипирање и патентирање, со цел нивно крајно доведување на пазарот. Поддршката за прототипирање на „EU4TECH PoC“ за шемата „ATUVIS“ беше фокусирана на проверка на изводливоста на инспекцијата на груб терен и способноста на компонентната камера; дел од системот да заземе каква било положба на подвозјето, како и да биде поставена во странична насока. Дополнително, „EU4TECH PoC“ му помогна на тимот да ја истражи можноста за патентирање на изумот и да го одреди соодветниот бизнис модел.

„Само што го завршивме проектот „EU4TECH“, се пријавивме за дополнително финансирање и добивме позитивен одговор. Без „EU4TECH“, нашата идеја сè уште ќе останеше само на хартија.“

За проектот

„ EU4TECH Proof of Concept“ (PoC) Западен Балкан беше двегодишен повеќе државен инструмент за претпристапна помош, финансиран од ЕУ преку Фондот за претприемништво и иновации за развој на Западен Балкан. Проектот ги покри шесте економии во регионот на Западен Балкан. Поддржаните проекти, пак, потекнуваа од јавни организации за истражување и стартапови/мали и средни претпријатија.

Фондот за претприемништво и иновации за развој на Западен Балкан е еден од инструментите на приватниот сектор, поддржан од Инвестициската рамка за Западен Балкан – заедничка иницијатива на ЕУ, финансиски организации, билатерални донатори и корисници; кој цели кон зголемување на хармонизацијата и соработката во доменот на инвестиции за општествено-економски развој на регионот и придонесување за европска перспектива на Западен Балкан.

Фондот за претприемништво и иновации за развој на Западен Балкан е главното средство за имплементација на амбициозниот Економски и инвестициски план за Западен Балкан на ЕУ. Во сржта на планот се зголемувањето на конкурентноста на приватниот сектор и поддршката за истражување и иновација.

Со поддршка на „EU4TECH“ тимот можеше да го развие следниот прототип кој е многу понапреден од претходниот. „Само што го завршивме проектот „EU4TECH“, се пријавивме за дополнително финансирање и добивме позитивен одговор. Без „EU4TECH“, нашата идеја сè уште ќе останеше само на хартија,“ вели професор Милтеновиќ.

За следната и крајна фаза на развојот на нивната идеја, тимот од Факултетот за механичко инженерство Ниш доби 300000 евра како поддршка од Фондот за иновации од Србија; кофинансиран од ЕУ. За две години, планираат да го направат „ATUVIS“ достапен на железничкиот пазар. „Кога го отворивме факултетот, во доцните 90-ти, не се надевав дека еден ден ќе развиваме роботи за вакви потреби. Сè уште ми се чини дека е сон,“ вели професор Милтеновиќ.

Започнува изградбата на прочистителна станица за отпадни води во Подгорица

На 10. јуни беше потпишан договор за изградба на прочистителна станица за отпадни води во Подгорица. Изградбата на прочистителната станица е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на Подгорица. Од финансиски и градежен аспект, договорот официјално го одбележува почетокот на најнапорната фаза од овој сеопфатен инвестициски проект: реалната изградба на прочистителната станица и инсталација на модерна опрема за третман на отпадни води.

 

Целосниот проект подразбира изградба на нова прочистителна станица за градот, како и станица за согорување на кал и проширување на канализациската мрежа. Оваа инвестиција ќе овозможи собирање и третман на отпадните води, кои ги создава градот, во согласност со стандардите на ЕУ.

 

Проектот започна во 2009 година со студија за изводливост изработена со поддршка и техничка помош од Инвестициската рамка Западен Балкан („Western Balkans Investment Framework“ (WBIF)). Поддршката од Инвестициската рамка Западен Балкан продолжи преку техничка помош и инвестициски грантови кои овозможија овој проект да финансира и имплементира компоненти; вклучувајќи ја изградбата на примарен колектор, примарна канализациска мрежа и останата хидро-техничка инфраструктура.

 

За севкупниот инвестициски проект, ЕУ обезбеди 22,9 милиони евра, а билатерални донатори учествуваа со дополнителни 9,9 милиони евра во форма на грантови преку Инвестициската рамка Западен Балкан. Ова беше надополнето со заем, во висина од повеќе од 35 милиони евра, од Банката за развој „KfW“ и кориснички придонес од околу 7,5 милиони евра.

Завршна конференција на проектот „Western Balkans Youth Lab“

Настан со наслов „UNMUTE: A region fit for YOU(th)“ („Гласно: регион погоден за тебе/младината“), организиран од проектот „Western Balkans Youth Lab“ („Младинска лабораторија Западен Балкан“), на Регионалниот совет за соработка, обедини повеќе од 40 млади луѓе и креатори на политики од целиот регион. Заедно, ги претставија своите активности и решенија за проблемите на младите во работен однос, за оние кои се невработени, а зборуваа и за образование и обуки. Настанот го одбележа, исто така, и успешното финализирање на проектот „Youth Lab“ („Младинска лабораторија“) под раководство на Регионалниот совет за соработка.  
„Нашето патување беше нешто повеќе од научен проект – истото е реално и создаде резултати кои вистински ќе го трансформираат начинот на кој ги правиме нештата: проектот „Youth Lab“ изнесе 11 препораки, изгради капацитет преку обука и разви решенија. Честитки, генерацијо 2020 – 2022! Вие сте пионери. Докажавте дека процес кој беше експериментален; целејќи да ги здружи младите и креаторите на политики за да создадат подобри политики, фокусирани кон младите, може да функционира. Не само што покажавте дека истиот е возможен, туку и го поставивте патот за групата експерти во вториот проект „Youth Policy Lab“ со фокус на менталното здравје,“ изјави Огњен Марковиќ, тим лидер на проектот „Western Balkans Youth Lab“ на Регионалниот совет за соработка.

Јавна анкета покажува силна поддршка за ЕУ во Црна Гора

Членството на Црна Гора во ЕУ продолжува да биде поддржано од поголемото мнозинство граѓани кои имаат позитивен став кон заедницата и би гласале, на потенцијален референдум, за Црна Гора да биде следната земја членка. Ова беше уште еднаш потврдено со јавна анкета спроведена од „DeFacto Consultancy“ за ЕУ и Владата на Црна Гора во мај. Тие ги испитаа граѓаните за нивниот став за интеграцијата во ЕУ и пристапниот процес, преку репрезентативен примерок од 1008 испитаници ширум државата.

 

Силната поддршка за европската идеја, пресликана во бројки, покажува дека 76 % од граѓаните имаат позитивен став кон ЕУ, а скоро подеднаков број (74,6 %) го поддржуваат пристапувањето на Црна Гора кон ЕУ. Доколку утре се одржи референдум, приближно 90 % од граѓаните би го дале својот глас; од кои преку четири петтини или 83,5 % би гласале за Црна Гора да ѝ се придружи на ЕУ.

  ЕУ беше признаена од 43 % од граѓаните како најголем странски донатор во Црна Гора, а 39 % изјавиле дека ЕУ покажала најголема солидарност кон Црна Гора во борбата против КОВИ

Младите европски амбасадори се среќаваат со претседателот на Европскиот совет во Косово

Младите европски амбасадори (Young European Ambassadors (YEAs)) од Косово се запознаа и имаа дискусија со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за време на неговата посета на Косово. Младите европски амбасадори му ја претставија нивната мрежа, објаснувајќи ја нивната цел и мотивации за да станат млади европски амбасадори.

 

По воведната презентација, дискусијата премина на регионалните и глобални проблеми; како, на пример, конфликтот во Украина и важноста на мирот. Во завршниот дел на дискусијата, младите европски амбасадори ја иницираа темата за слобода на движење на младите од Западен Балкан и се согласија со претседателот за важноста на програмите како, на пример, ЕРАЗМУС+ и останатите иницијативи и програми, финансирани од ЕУ, за личен и професионален развој на младите во Западен Балкан.

 

Платформата на млади европски амбасадори е креативна мрежа од млади активисти ширум Западен Балкан (Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Младите европски амбасадори доаѓаат од различни средини, но споделуваат заедничка визија: обединет Западен Балкан во различностите. Заедно учат еден за друг и за ЕУ, спроведуваат креативни проекти, стекнуваат нови вештини и се поврзуваат преку социјалните медиуми, организираат инспиративни настани; секогаш водени од идејата дека младинскиот активизам е најголемата моќ за општествена промена.

 

Целите на мрежата се: споделување на вредностите на ЕУ, подигнување на свеста за соработката на ЕУ со партнерите во Западен Балкан, покажување на видливи резултати од соработката, придонесување за политички дијалог на различни теми и зголемување на општествениот активизам.