Skip to main content

Автор: WeBalkans

ЕУ потпишува финансиска спогодба за пакет енергетска поддршка, вреден 70 милиони евра, за БиХ

Европската комисија ја потпиша и испрати во БиХ финансиската спогодба за пакет енергетска поддршка, вреден 70 милиони евра, кој ќе овозможи помош за најранливите домаќинства за справување со растечките цени и ќе ја поддржи енергетската транзиција.  
Советот на министри од БиХ треба да ја одобри и потпише спогодбата за да ја добие првата транша средства во висина од околу 63 милиони евра. Пред средствата да бидат распределени, се очекува БиХ да добие позитивна оценка од Европската комисија за имплементација на Акцискиот план одобрен од Советот на министри од БиХ на 22. декември 2022 година. Овој Акциски план ги дефинира мерките кои авторитетите во БиХ треба да ги преземат за намена на средствата од Пакетот енергетска поддршка со кој ќе се овозможи енергетска транзиција во државата.  
Пакетот енергетска поддршка за Западен Балкан беше објавен од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на регионот во октомври 2022 година. Пакетот доделува вкупно 1 милијарда евра за регионот; 500 милиони евра непосредна помош и 500 милиони евра долгорочна поддршка.

Делегацијата на ЕУ во Албанија ја отпочнува иницијативата „Следи ја вистината“ во рамки на кампања за подигнување на свеста за дезинформации.

„Следи ја вистината“ (Track the Truth“) доаѓа како повик од Делегацијата на ЕУ во Албанија за заедничка борба против искривените перцепции за реалноста. Оваа кампања за подигнување на свеста за дезинформации веќе го започна своето патување во вторникот, 31. јануари, со свечено отворање на уникатна инсталација на плоштадот „Скендербег“; во близина на Националниот историски музеј. Се работи за графички тунел, прекриен со дезинформации и, навидум, провокативни пораки, кои ја покануваат публиката да ги следи вистините зад секоја една од нив.  
Граѓаните, проверувачите на факти и медиумските професионалци се поканети да размислат за влијанието на дезинформациите, поминувајќи преку овој тунел, долг девет метри; прекриен, од внатрешната страна, со вистинити пораки, графички изопачени за да личат на некои од најчестите лаги за КОВИД-19, војната во Украина или проблемите поврзани со климатските промени. Тунелот е опремен со QR код кој има врска до сајтот на кој пораките се разоткриени, благодарение на проверени и објективни информации. Истата платформа нуди совети за тоа како да се забележат содржини со дезинформации.

Работилница за ЕУ комуникација со младите европски амбасадори во Скопје, Северна Македонија

По успешните работилници за комуникација организирани во Тирана, Албанија, во октомври 2022 година и Белград, Србија, во декември 2022 година; третата работилница за комуникација, насловена „Комуницирање на ЕУ со младите – комуницирање на младите со младите“, беше организирана на 4. февруари во „Europe House“, Скопје, Северна Македонија.

 

Работилницата беше поделена на две сесии:

 

За време на утринската сесија, на младите европски амбасадори им се обратија: г-ѓа Гиада Труко (службеник за комуникација за Западен Балкан при „DG NEAR“), г. Жилиан Васало (заменик директор на делегацијата при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија), г-ѓа Селена Ташиќ (управник за јавна дипломатија при „WeBalkans“) и г-ѓа Мишела Ди Стефано (тим лидер при „WeBalkans“). Исто така, тројца млади европски амбасадори (Иван Дургутов од Северна Македонија, Ањеса Јашари од Косово и Кристиан Петро од Албанија) споделија инспиративни приказни за активизам во нивните локални заедници.

 

Попладневната сесија започна со игра за запознавање „Нацртај и води“ која беше проследена од работилницата за комуникација со Герет Хардинг. На крајот, беше организирана сесија со прашања и одговори, а на учесниците им беше поделен и формулар за евалуација.

 

На 5. февруари (недела наутро), младите европски амбасадори организираа посета на „Даут Паша Амам“, историски споменик изграден во втората половина од XV век, кој денес служи како седиште на Националната галерија на Република Северна Македонија.

Отворен повик за искажување интерес за културно лидерство и програми за медиуми

УНЕСКО, „British Council“ и Италијанската агенција за развојна соработка ги обединија силите со цел управување со програмата „Култура и креативност за Западен Балкан“. Програмата е финансирана од ЕУ и цели кон поттикнување меѓукултурен дијалог и зголемување на општествено-економското влијание на културниот и креативен сектор во Западен Балкан (Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.)

 

Преку широк партиципативен пристап насочен кон јавните авторитети, приватниот сектор, организациите на граѓанското општество во културната сфера; како и индивидуални професионалци во секторот, програмата „Култура и креативност за Западен Балкан“ има за цел: подобрување на изведбата на културниот и креативниот сектор во Западен Балкан, зајакнување на културната соработка со и во регионот, како и подобрување на инклузивното културно наследство за локален развој.

 

Најголемите добитници од програмата се граѓаните од Западен Балкан кои ќе имаат најразлични можности за пријавување за професионален развој и активности за градење капацитети, како и финансирања со грантови во склоп на специфични тематски прозорци.

 

Програмата „Култура и креативност за Западен Балкан“ објави отворен повик за искажување интерес за културно лидерство и програми за медиуми. Овој повик е организиран во склоп на Тематскиот прозорец 2 од портфолиото отворени повици во рамки на програмата „Култура и креативност за Западен Балкан“. Повикот е насочен кон индивидуални апликанти кои сакаат да учествуваат во специфичните циклуси на програмата кои придонесуваат за културниот сектор и предизвиците помеѓу секторите.

 

За повеќе информации, посетете го следниов линк.

ЕУ – Северна Македонија: Комисијата предлага сума до 100 милиони евра помош за Северна Македонија

На 6. февруари, Комисијата предложи да обезбеди сума до 100 милиони евра за макро-финансиска помош за Северна Македонија. Со овој предлог, Комисијата стои рамо до рамо со Македонија во услови на време исполнето со предизвици затоа што, по Руската воена агресија против Украина, надворешниот баланс на државата брзо се влоши поради зависноста од увоз на гориво и електрична енергија. Северна Македонија се соочува и со високи потреби за исплата на надворешни долгови во 2023 година во контекст на предизвикувачки финансиски услови.  
Предложената помош ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија во 2023 и 2024 година; поддржувајќи, истовремено, фискална одржливост и структурни реформи. Денешниот предлог доаѓа во придружба од 24 месечна програма за поддршка склучена со Меѓународниот монетарен фонд, во висина до 530 милиони евра.  
Помошта ќе дојде во форма на заеми кои ќе бидат исплатени во две транши. Двете исплати ќе бидат условени од имплементација на политички мерки кои треба да бидат договорени помеѓу Северна Македонија и ЕУ во рамки на „Меморандум за разбирање“. „Меморандумот за разбирање“ најверојатно ќе се фокусира на политички реформи во сферата на фискално владеење, даночна политика, управување со јавни инвестиции, јавно-приватни партнерства, деловна средина, транспарентност во државната помош, енергетска ефикасност, судски реформи и борба против корупција. Исплатите ќе бидат условени од позитивната евалуација на имплементирањето на програмата на Меѓународниот монетарен фонд. Овие реформи ќе ја поддржат Северна Македонија на патот за членство во ЕУ.

ЕУ ја поддржува крајната секција на Трансбалканскиот коридор за електрична енергија во Србија

На 23. јануари, министерката за рударство и енергија на Србија, Дубравка Џедовиќ; директорот на канцеларијата на Германската банка за развој во Белград, Рудигер Хартман; министерката за европска интеграција, Тања Мишчевиќ, и директорката на „Elektromreža Srbije“, Јелена Матејиќ, ја потпишаа инвестицијата, вредна 8,9 милиони евра, за имплементација на 84 километарската секција на Трансбалканскиот коридор за електрична енергија во Србија.  
ЕУ придонесе за проектот со грант од Инвестициската рамка Западен Балкан, вреден 11 милиони евра, надополнет со заем од 30 милиони евра од Германската банка за развој.  
Секцијата инволвира изградба на интерконективен далновод од 400 kV кој ќе се протега од потстаницата Бајина Башта до границите со БиХ и Црна Гора.  
Почетокот на изградбата е предвиден на почетокот од 2025 година, по започнување на изградбата на третата секција која ќе ги поврзе Обреновац и Бајина Башта, а крајот е предвиден во 2027 година. На српска територија се веќе изградени 127 километри од Трансбалканскиот коридор за електрична енергија; од Панчево до границата со Романија и од Крагујевац до Краљево.  
Трансбалканскиот коридор за електрична енергија е дел од Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан, вреден 1 милијарда евра, отпочнат од претседателката Фон дер Лајен, на 6. декември, по повод Самитот ЕУ – Западен Балкан.

Запознајте ги 16-те наградени „суперучилишта“ од Северна Македонија

Регионалната канцеларија за младинска соработка, во соработка со „Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit“ („ГИЗ“) го организираше воведниот настан „Запознајте ги „суперучилиштата“ од Северна Македонија“, на 26. јануари, во Скопје; во рамки на програмата за размена на „суперучилишта“. Состанокот обедини 16 наградени средни училишта од Северна Македонија, претставени од своите директори и наставници, одговорни за координирање на претстојните регионални размени, кои имаа прилика не само меѓусебно да се запознаат, туку и да бидат дел од еден значаен момент како што е потпишувањето на спогодбите за партнерство.

 

Директорите и професорите кои ќе ги координираат и имплементираат овие младински размени ги презентираа нивните идеи кои ќе бидат дополнително развиени со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка. Состанокот послужи како простор во чии рамки училиштата учесници ги презентираа своите програми за размена пред неколку значајни локални и меѓународни чинители. Исто така, настанот им помогна да создадат јасна претстава за следните чекори на програмата. Младите кои ги претставуваа 16-те училишта добија можност да го искусат уникатното искуство кое го нуди програмата „суперучилишта“.

 

Имплементацијата на проектите ќе биде поделена на два дела: првиот дел размени ќе се случува од април до јуни, а вториот ќе продолжи од август до октомври 2023 година. Секое училиште-партнер ќе организира една размена со друго училиште-партнер, со траење до 7 дена и со група до 12 ученика и еден или два наставници. Преку оваа шема за размени, учениците и наставниците ќе добијат можност да патуваат, да се претстават себеси и своето училиште, како и нивните обичаи, пред домаќините, а ќе можат и да научат нешто ново за локалните заедници ширум регионот.

Младите европски амбасадори учествуваат на конференција, организирана во Данска, за предизвици и можности во ЕУ и односи со Западен Балкан

Советодавната група за политики „Балканот во Европа“ и Европскиот фонд за Балкан, во соработка со Данското општество за надворешна политика и три клучни дански политички партии – Социјалдемократите, Либералната партија и Зелената левичарска партија, беа домаќини на тридневна конференција, која се одржа на 25. јануари 2023 година, во данскиот парламент.  
Дискусијата привлече значаен интерес, имаше публика од околу 100 учесници и беше, главно, фокусирана на неодамнешните случувања и тековните предизвици во односот помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан со кандидатски статус за членство во ЕУ.  
Во центар на дебатата беа можностите и пречките за државите од Западен Балкан во напредокот за пристап кон ЕУ преку дијалог меѓу креатори на политики, активисти и аналитичари од Данска, ЕУ и Западен Балкан, и тоа како да се направи интеграцискиот процес за Западен Балкан поочигледен, донесувајќи го регионот поблиску до ЕУ и како Данска може да го поддржи процесот.  
На конференцијата учествуваше и младиот европски амбасадор, Иван Дургутов, кој беше дел од панел-дискусијата „Предизвици за доверба и трансформација во Западен Балкан“. Панел-дискусијата беше составена од млади кои ги посочија предизвиците на младинскиот ангажман и инволвирање во односите Западен Балкан – ЕУ.

Младите европски амбасадори организираат дискусија за поголемо инволвирање на младите во општеството во Северна Македонија

Дамјан Златановски, млад европски амбасадор, организираше дискусија за поголемо инволвирање на младите во општеството во Северна Македонија. На настанот присуствуваа околу 40 учесници; вклучително и млади од градот Куманово и претставници на институциите и граѓанското општество кои се ангажираат за подобрување на животните стандарди на младите и имплементирање на политики поврзани со локалната младина.
 
На настанот, претседателката на општинскиот совет во Куманово, г-ѓа Ивана Ѓорѓиевска даде осврт на ситуацијата и плановите на Општина Куманово за зголемување на инволвирањето на младите во носењето одлуки. Претседателите на локалните младински совети од североисточниот регион ги споделија нивните примери од локалните младински совети и младинските работници од младинскиот центар „Мултикулти“ и невладината организација „Центар за меѓукултурен дијалог“, објаснувајќи ја улогата на граѓанскиот сектор како поддржувач и партнер на функционирањето на локалните младински совети и поттикнувач на поголемо младинско инволвирање при носењето одлуки. 

Растечка врска

Компанијата „BULGARTRANSGAZ“, на 1. февруари, организираше настан на високо ниво за прослава на значајното отпочнување на градежните работи на „Gas Interconnection Bulgaria-Serbia“. Претседателот на Бугарија, Румен Радев, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, заедно со министрите за енергија на двете држави и амбасадорот на ЕУ во Србија, Емануеле Џауфрет, присуствуваа на настанот и учествуваа на обиколка на рутата за интерконекција.
 
Новиот гасен интерконектор ќе ја поврзе постоечката српска мрежа во Ниш со бугарската мрежа во главниот град, Софија; протегајќи се ширум 109 километри на српска територија. Делот од проектот на српска територија е делумно финансиран преку грантови од ЕУ, со 49,6 милиони евра, и поволен заем од Европската инвестициска банка во висина од 25 милиони евра.  
Работењето на српската територија од интерконекторот започна во јануари 2022 година, а со работа на бугарската страна се започна на 1. февруари.  
Бугарскиот дел од интерконекторот е проект со заеднички интерес, кофинансиран од ЕУ, во рами на Програмата „Connecting Europe Facility Energy“ („Енергетски инструмент за поврзување на Европа“) вредна 27,6 милиони евра. Поддршката на ЕУ ќе придонесе за конструкција на целата должина на гасениот интерконектор на бугарска територија (62 километри); од градот Нови Искар до бугарско-српската граница. Покрај гасоводната мрежа, ќе бидат изградени и други технолошки објекти; како, на пример, објекти за одржување на гасоводната мрежа, склопови на вентили, две автоматизирани станици за регулирање на гас (кај Сливница и Драгоман), како и мерна станица за гас кај Калотина.