Area of Cooperation: Economy
Претставувајќи го босанскиот лук пред светот
Преку 300 сончеви дена и почва богата со варовник се дел од карактеристиките кои го одликуваат теренот околу градот Љубиње во јужна БиХ. Со децении наназад, полињата на Љубиње биле насадени со босански тутун кој, благодарение на квалитетот, овозможувал пристојна живеачка за населението во регионот. Меѓутоа, поради падот на домашната тутунска индустрија, земјоделците морале да го диверзифицираат својот производ.
Со оглед на тоа што почвата е исклучиво плодна, немале проблем да го постигнат тоа; фокусирајќи се на лук кој со векови наназад се одгледувал во регионот како здрава намирница за готвење, но и во борбата против болести. Бизнис можноста која ја понудил лукот била забележана од „Farmavit“, претпријатие во регионот Љубиње, кои се обиделе не само да одгледуваат лук, туку истиот и да го преработуваат со цел дистрибуција до големите маркети.
„Анализи, изработени од светски познати институции, покажуваат дека босанскиот лук е рангиран меѓу првите пет во светот; според својот квалитет и влијание врз здравјето.“
Модерна технологија за подобрување на квалитетот
Стефан Шалварица е менаџер одговорен за производство и преработка на лук во претпријатието на кое му се приклучил во 2020 година. Претпријатието е формирано во 2000 година; на почетокот со фокус на производство на храна за добиток. Но, забележувајќи го потенцијалот на производството на палета други култури, одлучиле да пробаат нешто што би било поинтересно и би одговарало на поширокиот пазар. „Анализи, изработени од светски познати институции, покажуваат дека босанскиот лук е рангиран меѓу првите пет во светот; според својот квалитет и влијание врз здравјето,“ вели Стефан.
Денес, „Farmavit“ е водечко претпријатие за производство на лук во БиХ, со поголем дел од своето производство насочено кон извоз, вклучително и кон ЕУ. На патот кон успехот, биле поддржани од иницијативата „EU4 Business“, финансирана од ЕУ, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите Нации. Со оваа поддршка, претпријатието решило значаен проблем со грејните извори, како и проблем со пареата која се создава во процесот на термална преработка на лукот и истиот го отежнува. „Со вентилација и климатизација на нашите простории се ослободуваме од пареата за неколку минути. Исто така, во минатото, значаен дел од работата се одвиваше мануелно, а сега, со помош на неколку нови машини, процесот на полнење, ставање етикети и затворање на теглите е подобрен и забрзан,“ објаснува Стефан.
Претпријатието има сопствени насади со лук, но, исто така, откупува одредена количина од своите кооперанти во БиХ. По откупот, лукот се праќа на анализи, пред да биде преработен во производи достапни за купувачите на полиците во супермаркетите во БиХ под брендот „Мирисот на Херцеговина“.
„Благодарение на проектот „EU4Business“, успеавме да ги подобриме условите за работа и производството; намалувајќи ги трошоците и понудувајќи им уникатни производи на нашите купувачи. Преку подобрување на производството на лук, нашите годишни количини достигнаа 10 тона.“
За проектот
„EU4Business“ е проект на ЕУ кој цели кон зајакнување на капацитетот за економски развој и вработување преку поттикнување конкурентност и иновација во одредени сектори во БиХ. Проектот располага со буџет од 16,1 милиони евра: 15 милиони евра финансирани од ЕУ и 1,1 милион евра од Федералната Република Германија.
„EU4Business“ е дел од програмата Стратегии за локален развој – локално самоуправување и економски развој во БиХ на германското министерство за економска соработка и развој.
Понатаму, Стефан објаснува дека произведуваат пире од лук и маринади со лук и зачини, маслинки и сончогледово масло. Дополнително, благодарение на поддршката од проектот „EU4Business“, сега произведуваат и, така наречен, црн лук. Црниот лук се добива како резултат од ферментација на свежиот лук. Во процесот на забрзано зреење, лукот ја менува својата боја и карамелизира, а неговите својства се подобрени. Овој вид лук е високо вреднуван на светскиот пазар; а со набавката на машина за ферментација, благодарение на поддршката од ЕУ, претпријатието „Farmavit“ стана единствениот производител на ваков вид лук во БиХ.
„Благодарение на проектот „EU4Business“, успеавме да ги подобриме условите за работа и производството; намалувајќи ги трошоците и понудувајќи им уникатни производи на нашите купувачи. Преку подобрување на производството на лук, нашите годишни количини достигнаа 10 тона,“ вели Стефан.
Покрај плановите за нови маринади и пласманот на црн и свеж лук на меѓународниот пазар, претпријатието „Farmavit“ продолжува да инвестира во значајни планови за задржување на својата позиција на лидер на пазарот. „Инвестиравме дополнителни сопствени средства во набавка на опрема која ќе ни помогне во производството на желатински капсули полнети со екстракт од лук. Ќе бидеме првото претпријатие во регионот кое ќе произведува прехранбени додатоци од овој вид,“ со задоволство изјавува Стефан.
Претпријатието „Farmavit“ беше поддржано преку проектот „EU4Business“ со 15000 босански марки, а вредноста на инвестицијата изнесува 300000 босански марки.
Регионалниот совет за соработка домаќин на министерска конференција за развој на туризам во Западен Балкан
На 12. мај, Регионалниот совет за соработка организираше министерска конференција во Тирана на тема развој на туризмот во Западен Балкан. Настанот ги собра, на едно место, министрите одговорни за туризам во Западен Балкан, претставници на Европската комисија и други важни чинители од туристичкиот домен. Со наслов „Подигнување на бариерите за одржлив туристички развој“, настанот послужи како форум за дискусија на важни теми за туризмот во регионот.
Настанот го отвори Мајлинда Брегу – генерален секретар на Регионалниот совет за соработка; Мирела Кумбаро – министер за туризам и животна средина на Албанија; Ерион Велиај – градоначалник на Тирана; како и вршителот на должност шеф на Европската делегација во Албанија – Алекси Ипен. Панелисти во склоп на четири тематски панел-дискусии беа Татјана Матиќ – министер за трговија, туризам и телекомуникации во Србија; Крешник Бектеши – министер за економија во Северна Македонија; Сташа Кошарац – министер за надворешна трговија и економски односи во БиХ; Розета Хајдари – министер за трговија и индустрија во Косово; и Александра Гардашевиќ-Славуљица – генерален директор во Министерството за економски развој и туризам во Црна Гора.
Дополнителен настан со наслов „Совладување на тековните предизвици во туристичката индустрија“ треба да се случи на 13. мај кој ќе ги обедини сите туристички оператори, креатори на политики и државни туристички организации, со цел дискутирање за предизвиците во туристичката индустрија и начинот на кој може да се подобри туристичката понуда во регионот.
Западен Балкан го прославува Денот на Европа
Како секоја година во текот на две децении, Денот на Европа се прослави во Западен Балкан на 9. мај. Граѓаните имаа можност да уживаат во активности како музички концерти, уметнички изложби и спортови. Младите европски амбасадори (Young European Ambassadors) беа, исто така, дел од активностите за Денот на Европа ширум балканските градови; придонесувајќи преку работилници, дискусии и акции за подигнување на свеста кои вклучуваа теми како човечки права, дигитална и зелена иднина, градење мир и родова еднаквост.
Денот на Европа го одбележува потпишувањето на Шумановата декларација на 9. мај 1950 година. Се работи за амбициозен план кој го обезбеди долгорочниот мир во пост-воената Европа и се смета за почеток на денешната Европска Унија. Во својот говор во Париз, во 1950 година, тогашниот француски министер за надворешни работи, Роберт Шуман, ја претстави својата идеја за нова форма на соработка во Европа, која би ја направила невозможна војната помеѓу нациите во Европа. Овој ден е прилика да се потсетиме на Шумановата декларација; првиот основен документ во создавањето на денешната Европска Унија, прославувајќи ги, истовремено, европските вредности.
ЕУ и Европската банка за реконструкција и развој прошируваат нови финансирања за бизниси во Србија
Европската инвестициска банка ќе го поддржи Западен Балкан во справувањето со тековната криза
1,9 милиони евра за поголема соработка помеѓу Србија и Северна Македонија
Претставници на Министерството за европски интеграции на Србија, оперативните структури на Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 година и Министерството за локална самоуправа на Северна Македонија во соработка со Министерството за финансии на Србија го претставија вториот јавен повик за унапредување на прекуграничната соработка помеѓу Србија и Северна Македонија на онлајн-конференција.
Помошникот министер за европски интеграции Михајило Дашиќ на онлајн-конференцијата истакна дека Програмата Србија – Северна Македонија овозможила надградба на постоечките капацитети и го отворила патот за соработка што недостасува, со цел да се подобри животот во локалните и пограничните области со иновативни и одржливи решенија за заедничките проблеми.
На конференцијата беа претставени седум проекти реализирани во рамки на првиот повик, како што се „Семиња за инклузија – социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“, „Подобрување и заштита на здравјето на луѓето и животната средина преку намалување на ризикот од загадување со ефикасно управување на отпадот“ и „Помалку ѓубре, помали ризици, подобро здравје“.
Предлози на проекти за вториот циклус на Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија која предвидува речиси 1,9 милиони евра за промовирање на вработувањето, мобилноста на работната сила, социјална и културна иклузија, како и за поттикнување на туризмот, културното и природното наследство на двете земји, може да се поднесат до 8 јуни.
Златниот вез повторно во мода
Црногорскиот златен вез се користи на традиционални носии повеќе од три века, но беше во ризик од изумирање поради промените на модните вкусови и непренесување на занаетот од старите на младите генерации. Дополнителна причина беше тоа што дури и кога имаше интерес за златен вез; додавање злато на прилично скапа носија или свилена кошула чини многу. Меѓутоа, од неодамна, занаетот добива нов елан благодарение на иницијатива од локална црногорска организација на граѓанското општество и поддршка од ЕУ.
Бисерка Раичевиќ е во нејзините шеесетти години и доаѓа од црногорско семејство кое ја негува традицијата; особено поврзана со рачните изработки. Иако поголемиот дел од животот го поминала работејќи како економист, продолжила, истовремено, да ги практикува, како хоби, традиционалните рачни изработки кои ги научила како млада девојка. Но, до неодамна, не беше пробала да работи со златен вез – врвот на црногорската занаетчиска традиција. Ова се сменило кога се приклучила на работилницата организирана со поддршка на проектот „ReLoAD“, финансиран од ЕУ.
„Работата со златен вез бара многу трпение и посебни занаетчиски способности.“
Оживување заборавени техники
Бисерка објаснува дека дознала за работилницата преку својот сопруг; кој го видел повикот на социјалните медиуми и ѝ кажал за можноста, знаејќи ја нејзината љубов кон рачните изработки. Се двоумела дали да се пријави, затоа што работата со златен вез е исклучително напорна, а истовремено и скапа поради златниот конец кој се користи за везот. Но, одлучила да се пријави, водена од љубовта кон традицијата; иако од искуството научила дека „работата со златен вез бара, како што таа вели: – многу трпение и посебни занаетчиски способности.“
Обуката била организирана преку проектот „Зачувување и развој на традиционалните црногорски занаети – златен вез“, финансиран од ЕУ, кој вклучил жени на различна возраст и од различни општествени средини. Постарите експерти во занаетот биле ангажирани како обучувачи за да го пренесат своето знаење. Во текот на обуката, проектот вклучил, исто така, и поддршка за комуникација и создавање маркетинг план за промоција на златниот вез; како и лансирање на публикација која ја раскажува историјата и важноста на занаетот.
„Оваа обука беше огромна инспирација за мене“
За проектот
Проектот „Зачувување и развој на традиционалните црногорски занаети – златен вез“ е имплементиран од Институтот за претприемништво и економски развој, во соработка со здружението за уметности и рачни изработки „NIT“. Проектот е поддржан од Регионалната програма за локална демократија („ReLOaD“), финансирана од ЕУ, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите Нации.
Проектот цели кон промоција на црногорскиот златен вез преку развој на маркетинг план, подобрувајќи го економскиот и општествен статус на жените преку споделување на вештините за златен вез и популаризирање на истиот во соработка со модни дизајнери.
„Оваа обука беше огромна инспирација за мене,“ вели Бисерка, а со вештините кои ги стекнала од проектот, одлучила да започне мал бизнис со цел претставување и овозможување поголем пристап до овие прекрасни креации. Дизајните кои содржат златен вез се централни за повеќето производи во нејзиниот бизнис, „RB Ethno Fashion Hand Made“; вклучувајќи и модерни предмети за секојдневна употреба како торби, шалови или маски.
Покрај нејзините производствени и продажни активности, Бисерка организира, исто така, и бесплатни работилници преку кои придонесува за пренесување на вештините на други жени во нејзината заедница. „Верувам дека оваа традиција треба да живее, па, затоа, сакам колку е можно повеќе млади луѓе да ја научат техниката,“ вели таа.
Стар рецепт за сирење во пресрет на нови клиенти
Кога Томислав Пуџа имал 20 години, неговиот татко починал, а Томислав ја наследил семејната традиција за производство на сирење. Семејството Пуџа специјализира во производство на сирењето „Ливно“; биено сирење, од кравјо или овчо млеко или, пак, мешавина од двете. Во форма на тркало, сирењето природно зрее под кората, најмалку 60 дена, и има остар и јак вкус. Рецептот бил воведен во регионот Ливно за да одговара на вкусот на кралското благородништво во времето на австро-унгарското владеење.
„Татко ми отсекогаш сонуваше за проширување на нашиот бизнис и отворање мала млекарница. Брат ми и јас, одлучивме овој сон да го претвориме во реалност.“
Од работилница за сирење до голема компанија
Бабата и дедото на Томислав произведувале сирење, во мали количини, во нивната визба. Во 1970-те, одлучиле да го комерцијализираат својот производ и да го продаваат во туристичкиот регион ширум јадранското крајбрежје. Иако количините не биле големи, продажбата добро се одвивала, а заработувачката била доволна за семејството. Таткото на Томислав ја продолжил традицијата, а Томислав помогнал.
„Татко ми отсекогаш сонуваше за проширување на нашиот бизнис и отворање мала млекарница. Брат ми и јас, одлучивме овој сон да го претвориме во реалност,“ вели Томислав.
Млекарницата „Puđa Eco Cheese“ била основана во 2003 година и, оттогаш, постојано расте. Денес, млекарницата произведува дузина видови сирење, а добиле и бројни меѓународни награди за квалитет меѓу кои посебно се издвојува медалот добиен на Меѓународниот семинар за сирење; одржан во Австрија во 2014 година.
Во 2019 година, водени од идејата за модернизирање на производствениот процес и зацврстување на долгогодишната позиција на млекарницата, како на домашниот, така и на странскиот пазар; компанијата „Пуџа“ одговорила на јавен повик за грантови, објавен во рамки на проектот „EU4Business“; финансиран од ЕУ и германската влада, а имплементиран од Програмата за развој на Обединетите Нации, Меѓународната организација на трудот и германската организација за кооперативен развој – ГИЗ. Благодарение на проектот „EU4Business“, млекарницата ги заменила старите буриња за сирење со поголеми и софистицирани, а инсталирале и системи за одржување микро клима во млекарницата. Градежната работа придонела, исто така, за подобрување на целосниот квалитет на производствениот процес во млекарницата.
Целосната вредност на инвестицијата изнесува преку 380000 евра, од кои ЕУ обезбедила приближно 150000 во форма на грантови. Модерната опрема го подобрила работниот тек, како и квалитетот; ги намалила производствените трошоци и придонела за зголемување на продуктивноста. „Модерната технологија ги сведе грешките на минимум, што е особено важно за нас, во насока на одржување континуитет на квалитетот. Тоа што веднаш забележавме е дека новата опрема овозможува подобро искористување на млекото; што значи дека денес добиваме повеќе сирење од истата количина млеко. Оттука, нашата пазарна конкурентност се подобри,“ вели Томислав. Подобрувањата, постигнати преку проектот „EU4Business“, значат и нови можности за проширување на производството надвор од границите на БиХ.
„Луѓето се нашиот најсилен адут. Со новите машини, нашите работници имаат подобри работни услови и можат побрзо и полесно да ја завршат својата работа.“
За проектот
„EU4Business“ е проект на ЕУ кој има за цел зајакнување на капацитетот за економски развој и вработување во БиХ преку поттикнување конкурентност и иновација во одредени сектори. Истиот располага со буџет од 16,1 милион евра: 15 милиони евра обезбедени од ЕУ и 1,1 милион евра од страна на Федералната република Германија.
„EU4Business“ е дел од програмата за Локален развој на стратегии – локално самоуправување и економски развој во БиХ на германското федерално министерство за економска соработка и развој.
Приближно 40 работници се вработени во млекарницата, вклучително и седуммина вработени благодарение на инвестицијата преку „EU4Business“. Новите вработувања го зголемуваат производственото ниво, придонесувајќи, исто така, и за подобра контрола на квалитетот. Како што Томислав вели: „Луѓето се нашиот најсилен адут. Со новите машини, нашите работници имаат подобри работни услови и можат побрзо и полесно да ја завршат својата работа.“









