Area of Cooperation: Economy
Претприемач од Босна и Херцеговина го претвори Кањонот Тара во извор на примања за земјите поврзани со реката.
Кампот за сплаварење „Encijan“ е сместен во Кањонот Тара кој ја поврзува Босна и Херцеговина со Црна Гора. Кањонот се смета за еден од најубавите во Западен Балкан, а кампот, пак, е еден од најспецифичните во кањонот.
Со сместување во дрвени куќарки, традиционална кујна, тераса над реката и воодушевувачка природа, кампот е, преку 15 години, омилена дестинација за љубителите на сплаварење и одмор во природа.
Од хоби до сериозно деловно претпријатие
Милан Шупиќ, од околниот град Фоча, е сопственик на кампот. Уште пред 20 години, сплаварењето било негово омилено хоби, но, потоа, одлучил да го претвори во бизнис. Одлуката целосно го променила неговиот живот, а создала, исто така, и нов извор на примања за бројни граѓани во неговиот роден град. „На почетокот, бизнисот не тргна најдобро. Но, во следните четири-пет години, кампот стана сериозно деловно претпријатие. Кога правиш нешто што сакаш, успехот е неизбежен,“ вели Милан.
Дигиталната економија: можност во време на криза
Млади луѓе во Косово и Црна Гора започнуваат општествена иновација и влегуваат во дигиталната економија со поддршка на проект финансиран од ЕУ.
Глобалните и национални мерки за ограничување на вирусот; од социјално дистанцирање до затворање на бизниси, намалени приходи и потрошувачка на домаќинствата, резултираат со економска криза ширум светот. Во овој поглед, Западен Балкан не е исклучок: Редовниот економски извештај за Западен Балкан: Есен 2020, објавен од Светската банка, предвиде дека економската активност во регионот ќе се намали за 4,8 проценти во 2020; предизвикувајќи поголема рецесија од неодамнешната глобална економска криза.
Но, истовремено, пандемијата создаде нови можности. Резимето за е-трговија во време на Ковид-19, објавено од Организацијата за економска соработка и развој, идентификува како КОВИД-19 го забрза ширењето на е-трговијата во насока на нови фирми, купувачи и производи.
Ветувачка иницијатива која може да се претвори во голем бизнис
Милош Лаковиќ, 27 години, е средношколски наставник и претприемач од Црна Гора. Тој е еден од визионерите кои во пандемијата виделе можност. Милош имал бизнис идеја за онлајн платформа која би ги поврзувала давателите и корисниците на услуги. Идејата постоела веќе некое време, но пандемијата го натерала посериозно да размисли и да преземе иницијатива за нејзино остварување. „Како наставник, знам дека голем број од моите колеги даваат приватни часови надвор од работното време. Ситуацијата којашто ја наметна пандемијата ме натера да размислам: ‘зошто овие услуги да не се промовираат и нудат онлајн?’ и одлучив да ја доразвијам идејата,“ вели Милош.
„Како наставник, знам дека голем број од моите колеги даваат приватни часови надвор од работното време. Ситуацијата којашто ја наметна пандемијата ме натера да размислам ‘зошто овие услуги да не се промовираат и нудат онлајн?’“
Со тек на време, Милош и неговиот тим смислиле повеќе видови услуги кои би можеле да се рекламираат и нудат преку платформата; од продажба на уметнички дела, па сè до козметика. Сега се во крајна фаза на пазарното истражување и наскоро ќе започнат со развивање на платформата. Милош објаснува дека голем дел од заслугата за развој на иницијативата препишува на поддршката која ја добил од учеството во работилниците на проектот финансиран од ЕУ – “Самовработување и општествено младинско претприемништво“. „Со учеството во овие работилници, успеавме да ја доразвиеме идејата и да ја доведеме до ниво на вистинска претприемничка иницијатива,“ вели тој.„Со учеството во овие работилници, успеавме да ја доразвиеме идејата и да ја доведеме до ниво на вистинска претприемничка иницијатива“
Во врска со проектот Проектот за Самовработување и општествено младинско претприемништво беше имплементиран во рамки на ИПА програмата за Меѓугранична соработка Црна Гора – Косово 2014 – 2020, финансиран од ЕУ. Проектот се имплементира од страна на граѓанските здруженија „Здружение за демократски просперитет – Зид“, „Ленс“, „Либерален демократски центар“ и „Центар за креативни вештини“. Проектот започна во јануари 2019, а се очекува да заврши на почетокот од 2021 година. Простор „I2“ – место за иновација Целта на проектот е да го подобри пристапот до пазарот на труд за младите луѓе во Црна Гора и Косово. Сржта на идејата е воспоставување на физички средини во формат познат како „Хакер простор“ – опремување на овие простори со неопходните алатки и обезбедување на младите со обука и менторство од доменот на општествена иновација и дигитална технологија. Проектот основал две вакви места: едно во Пеќ, Косово, и друго во Подгорица, Црна Гора. Местата биле наречени Простор „I2“. За време на двете години од проектот, повеќе од 200 млади ги искористиле активностите на просторот „I2“ во Пеќ и Подгорица. Дел од нив веќе започнале да заработуваат преку вработување или нудење на хонорарни услуги. Проектот обезбедил курсеви и менторски програми за кодирање и веб приспособување, 3Д печатење и електроника, дигитален маркетинг, графички дизајн и фотографија. Божина Стешевиќ е проектен менаџер во граѓанското здружение „Здружение за демократски просперитет – Зид“ кое е водечки партнер за проектот од Црна Гора. Вели дека едно од главните достигнувања на проектот е замислата и ефективното функционирање на самата заедница Простор „I2“. „Постои внатрешен круг на корисници на Простор „I2“ кои меѓусебно соработуваат на заедничко место. Дополнително, постои и цел круг млади луѓе кои учествувале во обуката и, најнакрај, има поширок круг кој ги поврзува младите од двете страни на границата кои веќе соработуваат и разменуваат идеи и бизнис перспективи, но и ги кршат предрасудите.“ Менторството еден-на-еден било еден од клучните елементи на проектот. Како негов дел, од учесниците се очекувало да развијат иновативни идеи за стартап бизнис прототипи кои имаат потенцијал за понатамошно развивање. До денес, апликантите од програмата прототипирале 23 стартап идеи, вклучувајќи ја и замислата на Милош.Традицијата, модата и уметноста сочинуваат бизнис
Жена од Рожаје, Црна Гора, ги меша традицијата, модата и уметноста за да започне нов бизнис.
Игбала Муриќ, 49 години, живее во малото гранично гратче Рожаје во Црна Гора. Уште од рана возраст уживала да шие традиционални ткаенини како постелнина, облека и салфети. Веќе во средношколските денови била одлучна дека со помош на своите шивачки способности ќе изгради професионална кариера. Имајќи ја согласноста на своите родители, се запишала во стручно средно училиште за текстилно производство.
Подоцна, во животот, работела како кројачка во компании во Црна Гора и Турција, но ваквата работа не вклучувала традиционални изработки. „Ми недостигаше работата на традиционална облека и ткаенини. Нашите традиционални облеки се уникатни и убави, а истовремено се и дел од нашето културно наследство“, вели таа.
Игбала отсекогаш сакала да направи нешто за зачувување на традиционалното текстилно наследство. Нејзината замисла била да основа свој бизнис специјализиран во доменот на нејзините омилени традиционални облеки. Но, за да го направи тоа, ѝ била потребна финансиска поддршка, како и знаење за отпочнување и управување со бизнис. Времето поминувало, но таа не била во можност да отпочне со нешто што би било одржливо.
„Нашите традиционални облеки се уникатни и убави, а истовремено се и дел од нашето културно наследство“
Наоѓање соодветна поддршка Во 2019 година, Игбала дознала за проектот „Занаетчија“ (Craftsman), дел од ИПА програмата за меѓугранична соработка Србија – Црна Гора 2014 – 2020, финансирана од Европската Унија. Проектот нудел поддршка за жени и млади во регионот Рожаје во Црна Гора и Сјеница во Србија. Ја регистрирала својата компанија и се пријавила за поддршка. Учествувала во тренинг програма за бизнис менаџмент, добила нова машина за шиење и станала дел од претприемничкиот свет. Проектот обезбедил поддршка за повеќе од 90 индивидуи како Игбала преку нивно инволвирање во програмата за тренинг и менторирање. Како резултат на поддршката, од почетокот на годината, таа го зголемила своето производство и планирала да вработи и други жени; сè додека нејзините планови не биле нарушени поради пандемијата. „Обично, работев на рачни изработки. Поддршката од проектот ми овозможи прилика да го проширам својот бизнис, да го зголемам производството и да продавам во останатите делови на Црна Гора“, вели таа.„Поддршката од проектот ми овозможи прилика да го проширам својот бизнис, да го зголемам производството и да продавам во останатите делови на Црна Гора“
Амела Ковачевиќ Календер, проектна менаџерка, вели: „Општината Рожаје со гордост го поддржува локалниот економски развој, со фокус на создавање нови работни места и претприемништво. Нашата цел е да ги охрабриме луѓето да ги остварат своите идеи и да покажеме дека дури и малите иницијативи можат да имаат значајно влијание врз локалната економија.“ Партнерите за имплементација на проектот се Општините Рожаје и Сјеница, во соработка со двете стручни средни училишта во овие градови. Проектот „Занаетчија“ („Craftsman“) е дел од ИПА програмата за меѓугранична соработка Србија – Црна Гора 2014 – 2020, финансиран од Европската Унија. Помагање на традиционалните бизниси Микро, малите и средни претпријатија играат клучна улога во вработувањето на разновидна работна сила и генерирање профит за локалните заедници во Црна Гора и Србија. Под раководството на локалните авторитети, проектот иницирал соработка помеѓу средните стручни училишта од целните општини и тоа со цел обновување на интересот за традиционалните бизниси како, на пример, рачните изработки. Проектот создал нови работни места за ранливите категории на население; вклучувајќи ги младите и жените, нудејќи им ја помошта која им била потребна во поглед на бизнис знаење, поддршка за млади бизниси во зачеток, тренинг и менторирање. Дополнително, проектот обезбедил и специјализирани занаетчиски алатки за средните училишта во Рожаје и околината на Сјеница во Србија, ставени на располагање не само на учениците туку и на други потенцијални претприемачи.Авантури во природата на Западен Балкан со Нол и неговата компанија
Млад косовски претприемач ја развива својата компанија за рурален туризам со поддршка на ЕУ.
Нол Красниќи е член на косовскиот тим за качување по карпи, активист за животна средина и планинарски водич. Живее во Пеќ, Косово; град опкружен од планинскиот масив Проклетие – еден од највеличествените планински венци во Западен Балкан. Само со еден поглед врз варовничките гребени може да се сфати зошто овие планини се вистинска атракција за многумина туристи. Уште од својата осумнаесет годишна возраст, Нол работи како самостоен планинарски водич, а во 2014 година одлучил својата пасија да ја трансформира во постојан бизнис; заедно со својот деловен партнер Виртит.
Подобра понуда
Нол објаснува дека започнале да размислуваат за бизнисот за планински туризам кога бројот на посетители на градот и околните планини почнал да расте и првите туристички оператори се појавиле на пазарот. „Се нудеа многу малку опции за тури. Сметавме дека можеме да понудиме нешто подобро, па, така, ја создадовме компанијата“, вели тој. Шест години подоцна, „Balkan Natural Adventure“ е важен конкурент во секторот на планински туризам, не само во Косово, туку и во соседните Албанија и Црна Гора.
„Поддршката од Европската Унија беше важен чекор за одржливоста на нашата компанија“
Нова пазарна стратегија Компанијата веќе пречекала преку 700 туристички групи. Но, покрај успехот, биле соочени и со тешкотии и предизвици. Уште од самиот почеток, туристичкиот транспорт бил сериозен проблем поради цената и сигурноста на услугата. На почетокот, склучувале поддоговори со мини автобуси и такси возила во зависност од бројот на посетители во групата. Но, тоа било само краткотрајно решение. „Структурата на нашите групи е, од прилика, осум лица. Пазарот не нудеше најдобри решенија за групите од овој размер: честопати моравме да изнајмуваме мини автобуси со 20 седишта или два автомобила. Финансиски не беше изводливо“, вели Нол. Дополнително, компаниите за изнајмување автомобиле не беа секогаш сигурни, а тоа беше дополнителен предизвик. „Се концентриравме на планински туризам и забележавме дека културните тури стануваа сè побројни – неопходно беше да внесеме разновидност во нашата понуда.“ Пред три години, деловниот партнер на Нол, Виртит, забележал, на социјалните медиуми, отворен повик од ЕУ за поддршка на компании; вклучително и оние кои работат во доменот на туризам. Земајќи предвид дека во „Balkan Natural Adventure“ имале потреба од помош, одлучиле да се пријават. Побарале помош за меѓународно рекламирање, истражување за развој на културни тури и купување на комбе со осум патнички седишта за да ги решат тешкотиите со транспортот. Нивниот предлог бил одобрен и Европската Унија им понудила кофинансирање за сите нивни потреби. „Поддршката од Европската Унија беше важен чекор за одржливоста на нашата компанија. Не само што ја зголемивме сигурноста и волуменот на нашите услуги, туку вработивме и повеќе луѓе. Денес, располагаме со тројца постојано вработени во отсекот на продажба и администрација, а имаме и 15 вработени со скратено работно време кои работат како водичи и возачи“, вели Нол. Сегашниот тим, Нол го опишува како професионален и објаснува дека се состои од водичи од Албанија и Црна Гора. „На почетокот, тешко беше да најдеме посветени водичи. Но, откако поставивме неколку добри примери за тоа дека како водич во четири месеци можете да заработите колку за цела година; ситуацијата почна да се менува.“ Да не беше пандемијата КОВИД-19, „Balkan Natural Adventure“ годинава ќе пречекаше 500 туристички групи. Тоа ќе беше важен раст. Но, и покрај пандемијата, Нол и неговиот партнер предвидуваат светла иднина за нивната компанија: во текот на следните десет години, очекуваат да додадат 40 водичи и возачи со скратено работно време, како и дополнително да го зголемат постојаниот персонал до бројка од десет вработени.„Сè повеќе и повеќе луѓе гледаат иднина во одржливиот туризам“
Но, сè уште претстојат предизвици. Едни од најголемите се нелегалното градење во планините, хидроцентралите и загадувањето на воздухот. Меѓутоа, Нол останува оптимист. „Сè повеќе и повеќе луѓе гледаат иднина во одржливиот туризам“, вели тој. „По рекламната кампања, во 2020 имавме повеќе резервации отколку во сите три изминати години заедно. КОВИД го направи своето, но, за среќа, повеќето од клиентите само ги одложија резервациите без откажување, па, така, нашата инвестиција не беше изгубена“, потенцира Нол.Претворање на шар планина во омилена дестинација за рурален туризам
Спој од природа, спорт и култура – еве како еден регион во Косово го користи својот туристички потенцијал благодарение на проект финансиран од ЕУ.
Призрен е шармантно историско гратче и омилена дестинација за бројни локални и меѓународни туристи. Според Косовската агенција за статистика, Призрен привлекува повеќе туристи од која било друга општина во Косово. Меѓутоа, ваквиот проток на посетители не се одразува во престои со преноќевања. Пред четири години, општинските авторитети ја детектирале оваа контрадикција и спровеле анкета за да ја разберат причината. Анкетата ги разјаснила причините: Призрен е малечок град така што повеќето од важните културни знаменитости можат да се посетат за ден или два. Оттука, повеќето туристи не остануваат подолго.
Сместен на подножјето на Шар Планина, покрај своето културно наследство, Призрен има прекрасна природна средина подготвена за откривање преку скијање и други активности поврзани со природата кои, воедно, претставуваат мотив за туристите да останат подолго. Но, сè до пред три години, инфраструктурата не била доволно развиена за туристите да можат да уживаат во планините. Здружението “ Sharri Mountaineers“, невладина организација од Призрен, одлучило да дејствува. Заедно со колеги од друга, поискусна, невладина организација – Здружението на алпинци “ Marimangat“ од Пеќ, започнале со планови за маркирање и означување на нови планинарски патеки, како и развивање на промотивна кампања за рекламирање на регионот како природна авантуристичка дестинација.
“ Ова беше одлична можност, бидејќи ни беа потребни средства за ја да спроведеме нашата идеја. Но, за да се пријавиме за повикот, потребно беше да најдеме партнер од другата страна на границата.“
Прекугранични партнери Истовремено, програмата за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија, финансирана од ЕУ, објавила повик за проекти кои би придонеле за поттикнување на туризмот и културното наследство во меѓуграничниот простор помеѓу Косово и Северна Македонија. Градот Тетово, на страната на Северна Македонија, имал слични проблеми како Призрен во поглед на недостиг на туристички престои со преноќевања. Шарпланинскиот ланец се протега низ Косово и Северна Македонија, оттука се појавил и потенцијал за заедничка работа. “ Ова беше одлична можност, бидејќи ни беа потребни средства за ја да спроведеме нашата идеја. Но, за да се пријавиме за повикот, потребно беше да најдеме партнер од другата страна на границата“, вели Дени Хамели од здружението “ Sharri Mountaineers“. Кога ги разгледувале своите контакти, здружението склучило партнерство со невладината организација “ ALKA“ од Северна Македонија. Дени објаснува дека невладината “ ALKA“ била совршената партнерска организација затоа што веќе имала искуство со слични проекти. “ Навистина беа од голема вредност во процесот на составување на предлогот, како и за имплементација на проектот“, вели Дени. Предлогот бил одобрен и во текот на следните години, партнерските организации работеле на имплементација на проектот кој сега наближува кон својот крај. Холистички пристап Проектот зазел холистички пристап со цел зголемување на привлечноста на регионот како туристичка дестинација. Работата вклучувала подобрување на инфраструктурата преку мапирање и означување 21 нова планинарска патека, покривајќи 200 километри. Проектот, исто така работел на зголемување на капацитетите на домаќинствата и туристичките водичи за примање гости. Најнакрај, проектот развил видеа, летоци; како традиционални, така и кампањи на социјалните медиуми, сè со цел рекламирање на регионот како туристичка дестинација за локалните и меѓународните туристи.“Дополнително, низ планинските патеки, туристите ќе можат да ги видат и културните знаменитости. На овој начин, ја спојуваме природата со културата: совршена дестинација за планински туризам.“
Проектот насловен “ Поддржување на потенцијал за регионален туризам“ беше финансиран од ЕУ во рамки на програмата “ Прекугранична соработка Косово – Северна Македонија“ како инструмент на претпристапната програма (ИПА). Проектот беше имплементиран со невладините организации “ ALKA“ и “ Balkania“ од Северна Македонија и планинарските здруженија “ Marimangat“ и “ Sharri Mountaineers“ како невладини организации од Косово. Јован Божиноски е туристички водич и член на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово, Северна Македонија. Земајќи предвид дека сите нови планинарски патеки проаѓаат покрај ресторани и домаќинства кои нудат храна и сместување, Јован верува дека проектот ќе има значаен економски исход во поглед на привлекување повеќе клиенти во регионот. “ Дополнително, низ планинските патеки, туристите ќе можат да ги видат и културните знаменитости. На овој начин, ја спојуваме природата со културата: совршена дестинација за планински туризам“, вели Јован.Прекугранично растење со нови управувачки споспобности
Млада и успешна албанска претприемачка добива пристап до меѓународниот пазар со поддршка од програма финансирана од ЕУ.
Ако ги следеше советите на своите родители, сега Едона би била инженерка. И двајцата нејзини родители имаат дипломирано во доменот на науките и нивната желба била Едона да го следи истиот пат. Но, таа избрала различна професија. Раскажува како почнала да ја пополнува пријавата за факултетот за инженерство. “ Знаев дека ќе биде голема одлука која ќе има влијание врз остатокот од мојот живот. Чувствував дека не треба да продолжам со пополнување на пријавата, па запрев“, вели таа. Заминала и се упатила кон факултетот за економија каде што ја пополнила пријавата за бизнис администрација.
Можеби изгледало како ненадејна одлука, но не било така. Веќе некое време Едона имала скриена пасија за бизнис менаџерка. Десет години подоцна, нејзината одлука се оправдала.
Станување успешен менаџер
Запишувањето на факултетот за економија бил почеток на една успешна кариера. Неколку години после запишувањето, станала асистентка, а потоа била унапредена и во звање професор. Истовремено, започнала да работи и во консултантска компанија каде што била унапредена во управувачи партнер.
“ Нашиот пазар беше ограничен на Албанија и Косово, а јас сакав да истражиме нови пазари затоа што нашиот персонал, главно сочинет од жени, е компетентен и способен за поголем волумен на работа.“
Компанијата обезбедува советување за бизниси во врска со имплементација на ИСО (Меѓународна организација за стандардизација ) стандардите и развивање проектни предлози за локални и меѓународни шеми за донаторски грантови. Годишно, нудат услуги на преку 200 бизниси и компанијата расте. “ Сепак, нашиот пазар беше ограничен на Албанија и Косово, а јас сакав да истражиме нови пазари затоа што нашиот персонал, главно сочинет од жени, е компетентен и способен за поголем волумен на работа“, вели таа. Пристапот до меѓународни пазари, особено во консултантскиот бизнис, е предизвикувачки подвиг. Ова е уште позабележливо во Албанија; држава која се соочува со бројни економски предизвици. На Едона ѝ било потребна помош. Пријател ја советувал да побара поддршка од Претприемничката мрежа за развојни иницијативи (ENGI4NE-2). Овој проект, финансиран од ЕУ, на младите претприемачи им нуди можност за поминување одредено време со искусен претприемач во странство; сè со цел стекнување нови способности за бизнис менаџмент. Подобрување вештини со нова технологија На почетокот, Едона не била сигурна дали да учествува затоа што мислела дека искуството можеби ќе ѝ одземе од времето неопходно за управување со нејзината компанија. Но, на крајот, се разубедила и донела одлука да се пријави за нешто за коешто воопшто не жали. Избрала домаќинска компанија во Австрија затоа што таму веќе била запишана на докторски студии.” Бев заинтересирана за помала компанија, како нашата, а не за голема корпорација, како, на пример, Deloitte или некоја слична голема меѓународна компанија. Во помала компанија, предизвиците би биле слични со нашите, а мене ме интересираше како тие се соочуваат со нив“, објаснува таа.“Беше искуство кое “ ми ги отвори очите“ и направи да сфатам колку брзо нештата се развиваат во нашиот сектор. Особено научив за подобрување на комуникацијата со помош на технологија.“
За проектот Проектот беше поддржан од Еразмус за млади претприемачи; програма за прекугранична размена, финансирана од ЕУ, која им нуди на младите и надежни претприемачи можности да учат од искусни претприемачи кои управуваат со мали бизниси во земјите учеснички. Домаќинот добива можност за откривање нови перспективи и можности, градење врски со странски партнери и учење за нови пазари. Албанија, заедно со останатите држави од Западен Балкан, учествува во оваа програма. Вели дека многу научила од престојот кој се протегал седум месеца.“Беше искуство кое “ ми ги отвори очите“ и направи да сфатам колку брзо нештата се развиваат во нашиот сектор. Особено научив за подобрување на комуникацијата со помош на технологија“, вели таа. Едона објаснува дека сè дотогаш комуницирала со своите клиенти, а и со нејзиниот тим, со потрадиционални методи. Благодарение на искуството во Австрија вовела апликации, како Slack, за интерна комуникација, и Google Drive за комуникација со клиентите. Како последица, сега нејзината компанија е многу поефикасна во далечинското функционирање; што се покажало особено корисно во новата средина наметната со пандемијата КОВИД-19. Меѓутоа, главната цел на нејзиното учество во проектот била да истражи и научи како да пристапи до меѓународни пазари. И во овој поглед, исто така, Едона била успешна; за време на нејзиниот престој добила австриска компанија како клиент. Растечки претприемачи Покрај Едона, 126 други претприемачи (75 нови и 51 веќе утврден) го искористиле овој проект и оствариле успешни размени. Конзорциумот за имплементација на проектот е со мешовит географски состав, обезбедувајќи, на тој начин, целосно покривање на дестинациите кои се привлечни за новите претприемачи, вклучително и Албанија и Турција. Водечкиот партнер беше “ Confindustria Ancona (CA)“ во Италија, а партнерот во Албанија беше Тиранската агенција за регионален развој.Мала компанија која сака да остане таква каква што е
Српски текстилен бизнис кој сплотува креативност и еко-дизајн, расте благодарение на поддршката на ЕУ.
Регенерик (Regenerik) е дел од новиот бран иновативни брендови за облека кои земаат замав во Србија. Компанијата произведува урбана облека и рачно изработени додатоци од природни влакна, рециклирани и биоразградливи материјали. Овој начин на производство не е многу застапен во Србија ниту, пак, во остатокот на Западен Балкан.
Даница Томиќ е една од основачките на Регенерик (Regenerik). Дипломирана архитектка која до пред една година воопшто не ни замислувала да работи во некој друг домен. По дипломирањето, започнала со стаж во архитектонска фирма, но, набрзо потоа, била фрустрирана од административните обврски со кои се занимаваат стажантите. Даница во себе носела нескротлива пасија за креативност.
Од архитектура до мода
Кога близок пријател ја напуштил работата и ѝ предложил да му се придружи во новиот бизнис, таа прифатила, но само под еден услов – работата во старт-ап бизнисот да се заснова на нејзината креативност. Сестра ѝ набрзо се приклучила во тимот, така што ново формираното трио изобилувало со енергија, но им недостасувала конкретна бизнис идеја. Немале никаков поим ниту каде да се обратат за совет.
“Кога учествував во првата работилница, немав јасна идеја за тоа каков бизнис сакам да започнам… Архитектка сум, но отсекогаш сум имала пасија за моден дизајн.“
Даница е проактивна личност, па веднаш започнала да пребарува на Интернет, а ги замолила и своите пријатели за совети како да започне бизнис. Еден пријател ѝ кажал за програма наменета за старт-ап бизниси, финансирана од ЕУ, која нуди поддршка за младите претприемачи заинтересирани да ги развијат своите бизнис вештини. “Кога учествував во првата работилница, немав јасна идеја за тоа каков бизнис сакам да започнам… Архитектка сум, но отсекогаш сум имала пасија за моден дизајн, па, по дискусијата и анализата со менторите на курсот, одлучив да го основам Регенерик (Regenerik)“ – објаснува Даница. На овие работилници, Даница ги подобрила своите вештини за развој на производи и претставување, а научила, исто така, и за бизнис менаџмент. Спојувајќи го стекнатото знаење со својата пасија, таа и нејзиниот пријател успешно го отпочнале нивниот бизнис. Оттогаш се прошириле, така што денес вработуваат дополнителни работници кои заедно работат на производството на Регенерик (Regenerik).“Се чувствувам подобро и поудобно кога знам дека и други луѓе ќе растат заедно со нас. Ова е идејата водилка на Регенерик (Regenerik): заедничка работа, заедничка придобивка и заштита на животната средина.“
Проектот имаше, исто така, за цел да влијае на вработувањето кај младите и тоа на долгорочен план. Проектните партнери стремеа кон развивање на капацитетите на 120 организации на граѓанското општество во Западен Балкан со цел да овозможат соработка во доменот на креирање и имплементација на иновативни приоди за вработување на младите. Овој проект е под раководство на Belgrade Open School во соработка со партнери од Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, како и Olof Palme International Centre(Шведска). Мала е најдобрата величина Даница не мечтае за голема компанија. Вели дека би била прерадосна ако нејзиниот бизнис рамномерно расте за да може да ангажира повеќе луѓе кои би работеле на рачното производство на Регенерик (Regenerik). “Се чувствувам подобро и поудобно кога знам дека и други луѓе ќе растат заедно со нас. Ова е идејата водилка на Регенерик (Regenerik): заедничка работа, заедничка придобивка и заштита на животната средина“ – вели таа. Тренинг програмата во која учествуваше Даница беше организирана од проектот WeB4YES финансиран од ЕУ. Покрај Даница, преку 1000 млади од Западен Балкан извлекоа бројни придобивки и се стекнаа со нови вештини, креираа свој бизнис или беа вработени од други компании веднаш по учеството во овој проект.Започнување во време на економска криза
Стартап основан од млад претприемач од Србија расте и покрај предизвикувачката деловна клима.
Страхиња Тирнаниќ, 31 година, е претприемач од Србија. Ја започнал својата кариера како веб администратор во компанија која управува со онлајн портал за вработување и набрзо напредувал, добивајќи унапредување во менаџер за маркетинг и односи со јавноста и деловен развивач.
Во еден момент, сфатил дека би можел да стартува и раководи со свој сопствен бизнис. “Долго време имав идеја да започнам сопствен бизнис. После шест годишно деловно искуство, континуирано образование и добра основа со деловни контакти, самодовербата ми порасна. Одлучив дека е добро време за да земам претприемнички залет“, вели тој.
Земање залет
Неговото истражување покажало недостаток од консултантски маркетинг и менаџмент услуги на пазарот. Развил бизнис план, дал отказ и ја регистрирал својата стартап консултантска компанија специјализирана во овие домени. Но, како и многумина други млади претприемачи во Западен Балкан, му била потребна дополнителна поддршка; особено за истражување на нови пазари надвор од Србија и далечинско управување со проекти. Истовремено, благодарение на промоција на социјалните медиуми, дознал за програмата “Еразмус за млади претприемачи“ (EYE), финансирана од ЕУ.
“Видов Фејсбук настан за запознавање со програмата кој требаше да се одржи во мојот град. Со оглед на тоа што само што бев тргнал на одмор во Швајцарија, ги контактирав организаторите и ги замолив да договориме средба штом се вратам. Се согласија, јас тргнав за Женева и, истовремено, почувствував дека и мојата деловна одисеја започнува!“
“Одлучив дека е добро време за да земам претприемнички залет “
Проектот којшто му овозможил поддршка на Страхиња се вика “StartUp2“. Овој проект има за цел да ги олесни размената, учењето и креирањето на деловни врски помеѓу новите претприемачи. Размената се случува за време на престој во странство со искусен претприемач кој му помага на новиот колега да стекне вештини потребни за раководење на мала фирма. Страхиња го барал токму тоа. На пат кон Словенија За својата размена ја избрал Словенија, односно Луксембуршко-словенечкиот деловен клуб како приемна организација. Бил привлечен од широката палета активности во кои клубот е вклучен, новите работни методи, како и креативната и меѓукултурна средина. “Сигурен бев дека ова ќе биде голем предизвик за мене и со нетрпение очекував да ја истражам Словенија и нејзиното деловно окружување.“ Три месеца останал во Словенија; период кој го смета како најдоброто кариерно и животно искуство. Со советници кои работат глобално, Луксембуршко-словенечкиот деловен клуб поседува огромно искуство во доменот на далечински операции. Едно од најзначајните нешта кои Страхиња ги научил за време на неговиот престој е далечинското менаџирање. Но, најважната придобивка од целото искуство за него е ново воспоставената мрежа на контакти. Мрежата на контакти создава бизнис За време на својот престој, Страхиња учествувал во бројни деловни настани и значително ја проширил својата мрежа на контакти. Оттука, неговиот систем за управување на односи со корисници ги вбројува имињата на околу 60 извршни директори кои ги запознал на настаните – со особена гордост истакнувајќи го светски реномираниот американски претприемач и основач на бројни стартап компании, Џеф Хофман! Страхиња се вратил со пет клиенти и партнери од Словенија со кои сè уште соработува. Еден од нив е PGN.global, стартап за иновативни технологии и негов најголем клиент. Оттогаш, вработил двајца нови колеги, се преселил во нови канцеларии и стекнал уште два нови клиенти. И покрај пандемијата КОВИД-19, Страхиња искусил значителен раст и развој во текот на последните шест месеца. За својот успех особено е благодарен на проектот “StartUp2“. “Верувам дека овој успех е резултат на способноста за далечинска работа и фокус на интернационален пазар. Ова се нешта кои ги научив во Луксембуршко-словенечкиот деловен клуб во Словенија“, вели тој.“Верувам дека овој успех е резултат на способноста за далечинска работа и фокус на интернационален пазар. Ова се нешта кои ги научив во Луксембуршко-словенечкиот деловен клуб во Словенија“
Проектот “StartUp2“ е поддржан од програмата “Еразмус за млади претприемачи“ (EYE). Се работи за меѓугранична програма за рамена која на младите и надежни претприемачи им овозможува да учат од искусни претприемачи кои управуваат мали бизнис во останатите држави-учеснички. Домаќинот добива свежи перспективи и можности за креирање врски со странски партнери, како и прилика за откривање нови пазари. Србија учествува во оваа програма заедно со останатите држави од Западен Балкан. Страхиња е еден од многуте млади кои бенефитирале од проектот “StartUp2“. Досега, проектот обезбедил поддршка за 128 претприемачи од различни држави и тоа во насока на работни тренинзи, потпомагање и консолидирање на успешни стартап компании, како и помош за мали фирми за стекнување поголема видливост на европските пазари. Со проектот управува конзорциум од осум партнери од Финска, Франција, Италија, Латвија, Португалија, Србија, Шпанија и Обединетото Кралство, во координација со Европскиот центар за студии и иницијативи (CESIE) од Италија. Проектниот партнер од Србија е Центарот за деловен развој од Крагуевац.Учење на бизнис уметноста на необично место
Млад претприемач од Србија патува во малечко селце во Шпанија за да ја научи уметноста на бизнисот
Торралба де Рибота (Torralba de Ribota) е место со само 120 жители, а неговата економија е далеку од динамична. Ова селце во североисточна Шпанија поседува само еден бар, а агростопанството е основниот извор на примања за мештаните. Посекако, триесет и едно годишниот српски претприемач, Младен Савковиќ, токму тука одлучил да помине цел еден месец за да ги подобри своите бизнис вештини.
Младен е професионалец во доменот на односи со јавноста кој, по десет години работа во новинарство, а и како хонорарец за односи за јавност и културни активности, неодамна отвори своја агенција за односи со јавност. Но, Младен заклучил дека му е потребна поддршка за да работи подобро. “ Налетав на приказна за една жена од Србија која основала компанија за домашни тестенини. За да го подобри својот бизнис, успешно аплицирала за финансии од ЕУ со цел да оди неколку месеци во Сицилија и да го научи занаетот од локалните експерти. Ова ми делуваше совршено! Оттука, започнав со истражување како успеала да стигне до таму“, вели тој.
“ Мислев дека ако научам како да стапам во контакт со публика таму, потоа ќе успеам каде било.“
На тој начин, Младен дознал за проектот “ MOVE-YE“, под покровителство на ЕУ програмата “ COSME“. Како и бројни други млади, Младен ја зграпчил можноста за работна посета на држава во ЕУ. Со оглед на тоа што зборува шпански, Шпанија била сосема очигледен избор. Каде да се оди? Првично, размислувал да оди во Мадрид или Барселона. Вели дека можел да избира помеѓу бројни компании, повеќето од доменот на туризам, ИТ или други сектори. Но, привлечна му била можноста во културниот домен која ја добил во Торралба де Рибота. “ Ме интервјуираа две дами кои го раководат локалниот фестивал за уметност и музика “ Saltamontes“ и бев навистина импресиониран. Се работи за сосема малечко селце, а тие успеале да организираат успешен уметнички фестивал. Си помислив дека ако научам како да стапам во контакт со публика таму, потоа ќе успеам каде било и одлучив дека е вистинската можност за мене.“ Младен поминал цел еден месец работејќи на фестивалот “ Saltamontes“. Добил прилика за промоција на уметноста и културата надвор од урбаните подрачја, каде што сè уште претставуваат составен дел од секојдневието, но на потполно различен начин. “ Станав далеку посвесен за важноста од стапувањето во контакт со локалната заедница и слушањето на нивните културни потреби и интереси“, вели тој.“ Станав далеку посвесен за важноста од стапувањето во контакт со локалната заедница и слушањето на нивните културни потреби и интереси.“
Проектот “ MOVE-YE“ (Мобилизирање претприемнички вредности и идеи низ Европа), финансиран од ЕУ, цели кон издигнување на претприемничката култура и воспоставување деловни контакти помеѓу европските претприемачи. Финансиран како дел од програмата “ COSME“, проектот им овозможува како на младите, така и на искусните претприемачи, можност за набљудување на различни деловни практики, разбирање нови пазари, како и прилики за интернационализирање и иновирање на нивните бизниси преку шема за меѓугранична мобилнос Носење на искуството дома Младен работи, воглавно, со институции кои организираат културни настани и фестивали. Сега, на своите клиенти во Србија, планира да им ги претстави методите за стапување во контакт со публиката кои ги научил во Шпанија. “ Можете да организирате изложба и само да ја направите постановката. Но, научив дека е уште поважно да работиме заедно со публиката и да се фокусираме кон поактивно инволвирање на заедницата. Искуството со фестивалот “ Saltamontes“ ме натера да размислувам за идеи кои можам да ги применам во Србија“, вели тој.Наоѓање на работата од соништата во дигиталниот Облак
Нов модел на дигитална обука за разрешување на неусогласеноста на вештините и невработеноста
Стапката на невработеност кај младите во Западен Балкан е една од највисоките во Европа; варирајќи од 28,3% во Албанија до 55,4% во Косово (според Eurostat 2018). Но, од друга страна, пак, остануваат бројни непотполнети работни места. Едно од решенијата е дообучување на младите преку курсеви за обука кои се фокусираат на специфични и барани, од работодавците, вештини. Ваков приод зазеде српската младинска организација RES POLIS (Центар за младински и социјален развој), специјализирана во доменот на развој на неформални образовни стратегии за поттикнување и инспирирање млади луѓе.
“Сведоци бевме на парадокс во Србија“ – објаснува Борис Негели од RES POLIS. “Од една страна, имавме висока стапка на невработеност, но, од друга страна, пак, ИТ секторот имаше сериозен дефицит на обучени работници. За нас, решението беше едноставно: Државниот завод за вработување, одговорен за обучување на невработените, треба да вклучи ИКТ обуки во склоп на образовните програми.“ Ова беше инспирацијата за проектот ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’) кој го започна RES POLIS уште во 2009 година. Целта беше да се развијат ИКТ образовни програми во домени каде што имаше недостаток на талент.
Оттогаш, ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’) континуирано расте. Проектот е поддржан од програмата ЕРАЗМУС+ на Европската Унија, која промовира соработка на полето на образование, обуки и младинска работа, вклучувајќи го, исто така, и Западен Балкан. Овој проект обединува партнерски организации од Франција, Италија, Албанија и Кипар, кои придонесуваат со своите различни искуства. Со оглед на тоа што многу држави ширум Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици, споделувањето на искуства е од неопходна важност.
Понудените обуки покриваат најразлични полиња; од графички дизајн, веб дизајн, програмирање и 3Д моделирање, па сè до основни анимации за игри. Секој помеѓу 18 и 30 години може да се пријави, а особено ги мотивираме да аплицираат младите од маргинализираните групи. За да се здобијат со меѓународно искуство, успешните кандидати продолжуваат со обуката во некоја од државите-партнери.









