Склучени нови регионални договори и потврдена определеноста за членство во ЕУ на Берлинскиот Самит
„Европската Унија ќе биде целосна само кога Западен Балкан ќе стане дел од неа. Се надевам дека нема да поминат уште 10 години додека сите шест земји ѝ се приклучат на Унијата.“
– Германскиот канцелар Олаф Шолц И Урсула фон дер Лајен оптимистички изјави дека процесот на проширување на ЕУ е повторно во фокусот:„Патот кон ЕУ е отворен, но секоја земја мора да напредува според нејзините заслуги. Напредокот зависи од реформите и регионалната соработка, од кои на крајот имаат корист граѓаните.“
Пристапувањето во СЕПА ќе донесе значајни придобивки На денот на одржувањето на самитот, Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на ЕУ, оствари средба со гувернерите на централните банки од Западен Балкан: „Средбата со гувернерите на централните банки од Западен Балкан ми претставуваше задоволство. Разговаравме како напредува реализацијата на Планот за раст, особено во однос на пристапувањето во СЕПА. Поедноставувањето на прекуграничното плаќање ќе донесе значајни придобивки за граѓаните и бизнисите!“ Оваа иницијатива има за цел земјите од Западен Балкан да пристапат во СЕПА (Единствената област за плаќања во евра), со што ќе се поедностави прекуграничното плаќање и ќе овозможат поекономични и попристапни трансакции за правните и физичките лица. Нормализацијата на односите и решавањето на конфликтите остануваат од суштинско значење Канцеларот Шолц ја пофали одлуката на Косово да ја укине забраната за српски производи, нарекувајќи ја значаен чекор кон исполнување на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и подобрување на регионалната соработка. Шолц и фон дер Лајен истакнаа дека решавањето на отворените прашања помеѓу Косово и Србија е клучно за стабилноста и напредокот кон членството во ЕУ. Фон дер Лајен изјави: „Регионалното единство е од суштинско значење, и конфликтите не смеат да го попречат патот напред.“ Решавање на геополитичките предизвици За време на самитот се разговараше и за зголемениот геополитички притисок во регионот, при што Урсула фон дер Лајен го потенцираше растечкото руско влијание на Западен Балкан: „Руската агресивна војна во Украина јасно ни дава до знаење дека треба да ја застанете на вистинската страна на историјата и да го почитувате меѓународното право“.Колективното дејствување ги руши стереотипите и избавува од сиромаштија
Во културните центри ширум Србија, младите Ромки и Роми имаат уметнички настапи кои поттикнуваат на размислување со провокативното прашање „Што мислите, како треба да изгледа еден Ром?“. Нивниот наратив ги предизвикува стереотипите и ги урива бариерите за инклузија на Ромите во општеството.
Младите Роми во Берат, Албанија, нурнуваат во нивните маала за да ги истражат и доловат приказните на Ромите повратници. Нивната цел е да ги споделат овие приказни со пошироката јавност, за да придонесат да се надминат препреките кои ја отежнуваат нивната реинтеграција.
Во меѓувреме, во Шуто Оризари, Северна Македонија, Ромите и повратниците на форумите на заедницата ги истакнуваат нивните потреби за подобри услуги од државата. Нивната сплотеност резултира со создавање простор каде што услугите ќе бидат подостапни за ранливите групи и ќе се овозможи дијалог меѓу владата, граѓанското општество и заедниците.
Овие три примери се само дел од четириесетте иницијативи на заедницата за поддршка на Ромите повратници да се реинтегрираат и да се спасат од сиромаштија, во рамките на Регионалниот проект за реинтеграција на повратниците на УНДП, финансиран од ЕУ. Проектот опфаќа девет општини во Албанија, Северна Македонија и Србија.
Со поддршка од ЕУ и УНДП, Ромите, повратниците и локалните заедници заедно учат, работат и се забавуваат. Нивната соработка ги предизвикува предрасудите, ги урива бариерите за инклузија и ја подобрува економската благосостојба на Ромите и повратниците.
Оваа соработка беше поздравена на Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, за време на кој се истакна дека колективната моќ може да поттикне промени и да ги подобри економската благосостојба и положбата на Ромите и повратниците во општеството.
Креативно изразување за инклузија
Во Нови Сад, Србија, младите Роми ја користат нивната креативност за да ја предизвикаат стигмата. За време на нивните настапи, тие ја предизвикуваат публиката со прашањето „Што мислите, како треба да изгледа еден Ром?“ и ја поттикнуваат публиката да се соочи со нејзините предрасуди.
Актерката Александра Милојковиќ Новикова ѝ вдахнува живот на оваа порака во Српскиот народен театар со нејзината монодрама „Сама“. Претставата ја повикува публиката на размислување и нѐ потсетува дека сите ние имаме моќ да поттикнеме промена.
Поддржани од ЕУ и УНДП, овие претстави имаат за цел да ги урнат стереотипите и да покажат дека секој поединец има улога во создавањето инклузивни општества.
Нека се слушне гласот на заедницата
Заедниците на Ромите и на повратниците често се погрешно прикажани во медиумите. За да го променат ова, младите Роми ги здружија силите за да станат „репортери на заедницата“.
Со поддршка од ЕУ и УНДП, тие учат новинарски вештини и вештини за раскажување приказни, за да се слушне гласот на Ромите и повратниците.
Во Берат, Албанија, овие репортери поминаа време со Ромите повратници, документирајќи ги нивните битки и успеси додека се обидуваат повторно да ги изградат нивните животи. Една од приказните е за група повратнички кои започнале социјален бизнис кој нуди услуги за чистење. Нивниот бизнис расте, благодарение на медиумската покриеност.
Овој пристап кон известувањето предводено од заедницата покажува како медиумите можат да играат клучна улога во заложбата за инклузија на ранливите групи. За нивната работа може повеќе да се дознае од видео документарци и подкасти, кои нудат детален увид во предизвиците и успесите на Ромите повратници.
Јавни простори и услуги по мерка на граѓаните
Во Шуто Оризари, Скопје, се гради нов простор за заедницата што ќе придонесе да се зајакнат врските помеѓу владата и ранливите групи и ќе доведе до подобар пристап до јавните услуги. Ресурсниот центар во Шуто Оризари, кој функционира како едношалтерски систем за повратници и други ранливи поединци, беше формиран во консултација со локалните заедници, за да одговори на нивните потреби.
Со поддршка од ЕУ и УНДП, овој центар покрај тоа што нуди услуги, создава и простор за дијалог и соработка помеѓу владата и заедницата. Понатаму, тој ќе продолжи да се развива согласно потребите и придонесот на неговите корисници.
За проектот
Проектот за реинтеграција на повратниците во Западен Балкан се фокусира на рушење на бариерите со коишто се соочуваат ранливите повратници кога се обидуваат да се интегрираат во општеството. Овој проект, кој е дел од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА) II, ги поддржува правата на ромската заедница и процесот на реинтеграција на повратниците, во соработка со партнерите УНДП, Светска банка и Советот на Европа.
Во Албанија, Северна Македонија и Србија, проектот пробува нови пристапи за одржлива реинтеграција на локално ниво. Покрај тоа, го олеснува дијалогот за подобрување на политиките и програмите ширум Западен Балкан, со цел да се обезбеди поголема поддршка за ранливите повратници.
Соработка за инклузија и намалување на сиромаштијата
Соработката и дејствувањето на заедницата се од суштинска важност за да се постигне инклузија и намалување на сиромаштијата. Со заеднички заложби, како во рамките на ромската заедница така и пошироко, може да се случи вистинска промена. Овие заложби не само што се насочени кон решавање на непосредните потреби, како што е подобрување на јавните услуги, туку и кон справување со долгорочните предизвици.
Кога ќе се здружат заедниците, тие можат да постигнат многу повеќе од поединците. Доколку колективно дејствуваат, луѓето може да ја надминат сиромаштијата. На 17 октомври, Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, а и секој ден, треба да бидеме свесни дека моќта произлегува од заедничкото работење во насока на рушење на стигмата и создавање поинклузивен свет.
Зелената револуција на „ЦЕМПРОМ“: како ЕУ ѝ помага на оваа српска компанија да стане предводничка за одржливост
„Нашиот непоколеблив стремеж да водиме еколошки бизнис отсекогаш ни бил приоритет. Ова патување ни отвори нови хоризонти, овозможувајќи ни да испорачуваме поголеми количини за значајни проекти и да го прошириме асортиманот со нови услуги, како транспорт на цемент.“
Посветеноста на „ЦЕМПРОМ“ кон одржливоста не се однесува само на трансформацијата на нејзиниот возен парк. Компанијата користи отпадна вода во процесот на производство, а остатоците од материјалите служат за локална употреба, што е одраз на нејзиното посветено пружање поддршка на заедницата и ефикасното управување со ресурсите. Овој проактивен пристап им служи за пример на другите компании, поставувајќи висок стандард за енергетска ефикасност и еколошка одговорност. Програмата „Ecoloans“, којашто е од суштинска важност за патот на Србија кон позелена економија, има за цел да се справи со два клучни предизвици за малите и средните претпријатија: ограниченото долгорочно финансирање и потребата од подигање на свеста за одржливо работење. Со износ од 120 милиони евра префрлен во српските банки, оваа програма им помага на бизнисите да ги намалат енергетските трошоци и емисијата. Програмата е дел од REEP, во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан, и е одраз на силната поддршка од ЕУ и Германија. И покрај почетните високи трошоци за усвојување зелени практики, Исаиловиќ ги охрабрува малите и средните претпријатија да ја прифатат одржливоста, истакнувајќи дека за краток период ќе им се врати инвестицијата, а за возврат ќе имаат бројни придобивки. Програмата „Ecoloans“, финансирана од Германската банка за развој и поддржана од ЕУ, обезбеди 120 милиони евра во српските комерцијални банки. Оваа програма е суштинска компонента на Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP). „Потребно е под итно да се подигне свеста за одржливо и еколошко работење“, вели тој. „Најдобар начин да се отстранат сомнежите е да се води отворен дијалог и да се учи од компании кои веќе чекорат по овој пат и може да се пофалат со заштеда и унапредено производство.“Европската Унија го поддржува живописното културно наследство на Западен Балкан
Европската Унија посветено се залага за зачувување и промовирање на живописното и уникатното културно наследство на Западен Балкан. Со илјадниците проекти финансирани од ЕУ се ревитализира богатиот културен пејзаж на регионот и се поттикнува единство и прекугранична соработка.
„Култура и креативност за Западен Балкан“ („CC4WB“)
Со цел да се унапреди културната соработка и развојот на Западен Балкан, ЕУ започна со проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ („CC4WB“). Оваа иницијатива е финансирана од ЕУ, а ја спроведува УНЕСКО во соработка со Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка, и преку неа им се овозможува поддршка на државните институции, културните и креативните организации, компаниите, граѓанското општество и професионалците со буџет од 8 милиони евра.
Поврзување на културите и заедниците
Младата режисерка Мирјана од Сараево учествуваше на меѓурегионален филмски проект во рамките на „CC4WB“, притоа соработувајќи со уметници од Србија, Северна Македонија и Црна Гора. Нејзиниот филм, којшто ги истражува темите младост и стремеж, одекна низ Балканот и послужи за пример како културата може да ги поврзе луѓето и да поттикне заедничко чувство на надеж и нови почетоци.
Засилување на локалните гласови
Проектот „CC4WB“ ги засилува локалните гласови, прикажувајќи го уникатното културно богатство на Западен Балкан пред пошироката европска публика. Музичкиот фестивал „Гласовите на Балканот“ ги обедини музичарите кои создаваат традиционална музика и оние кои создаваат современа музика, со што привлече илјадници посетители и поттикна раст на локалниот туризам, славејќи го разноликото музичко наследство на регионот.
Поттикнување на економскиот и социјалниот развој
Проектот „CC4WB“ придонесува и за поттикнување на економскиот и социјалниот развој на регионот. Со вложување во креативните индустрии, програмата создава нови работни места, ја стимулира локалната економија и привлекува меѓународни инвестиции. Проектот ги оснажува недоволно застапените групи преку работилници, обуки и програми за менторство за млади уметници, жени и малцинства.
Одржливо културно влијание
Одржливоста е клучен аспект на проектот „CC4WB“. Проектите како што е иницијативата „Патеки на наследството“ го промовираат културниот туризам и ги вклучуваат локалните заедници во зачувувањето и толкувањето на нивното културно наследство. Со овие заложби се гарантира дека културното богатство на Западен Балкан ќе се зачува за идните генерации.
Креативна Европа: Поширока визија за културно единство
Со нејзиниот премин од регионална соработка во поширок европски контекст, програмата „Креативна Европа“ игра клучна улога во обединувањето на културните и креативните сектори ширум континентот. Со расположив буџет од 2,4 милијарди евра за периодот 2021-2027 година, програмата „Креативна Европа“ ги поддржува културните и креативните сектори, меѓу кои и аудиовизуелните сектори, ширум Европа, вклучувајќи го и Западен Балкан. Преку оваа програма се поттикнува единство со прекуграничната соработка и може да се пружи поддршка за културна ревитализација преку многубројните видови уметничка и културна соработка.
Негување врски преку културата
Проектот „Креативна Европа“ претставуваше катализатор за промени, за оснажување на поединците и зајакнување на врските ширум регионот. Младата македонска режисерка Ана, благодарение на финансиските средства доделени од овој проект, ги документираше усните преданија од нејзиниот регион, во соработка со уметници и историчари од Србија, Албанија и Косово. Проектот беше сосредоточен на заедничкото наследство што ги пробива современите граници и вроди со низа документарци, аудио снимки и дигитална архива.
Босанскиот музичар Емир ги спојува традиционалните балкански инструменти со модерен џез. Преку проектот финансиран од „Креативна Европа“, „Балканска џез фузија“ („Balkan Jazz Fusion“), тој со неговиот бенд настапуваше ширум Европа и се поврза со нова публика и со други музичари, со што покажа колкава е моќта на културната размена.
Оснажување на жените во уметноста
Проектот „Креативна Европа“ ги оснажува и жените во уметноста. Младата сликарка Лина од Црна Гора ги претстави нејзините дела во галериите низ Италија и Франција, преку проектот за визуелни уметности поддржан од „Креативна Европа. Оваа изложеност вроди со свежи гледишта во нејзината работа, поттикнувајќи и подобрувајќи го нејзиното уметничко изразување.
Патот кој води напред
Проектите „CC4WB“ и „Креативна Европа“ и понатаму се приспособуваат на променливите културни и политички пејзажи на Западен Балкан. Овие програми се важен сегмент од заложбата на ЕУ за културниот напредок и единство во регионот. Тие го покажуваат трансформативното влијание на културната дипломатија и соработка во региони со белези од историски поделби.
Европската Унија го поддржува богатото и уникатно културно наследство на Западен Балкан преку илјадниците проекти што ги финансира, во насока на поттикнување прекугранична соработка и збогатување на културниот пејзаж на регионот. Со овие проекти се слави богатата културна разноликост на регионот, а истовремено се промовира заедничкото наследство и меѓусебна почит. Како што се развиваат, приказните за поединци како што се Мирјана, Ана, Емир и Лина го истакнуваат длабокото влијание на културната соработка во градењето на покохезивна, подинамична и обединета европска иднина.
Дознајте повеќе за огромното влијание коешто програмите „Културна соработка на Западен Балкан“ („CC4WB“) и „Креативна Европа“ го имаат врз животите на луѓето и врз заедниците. Следете нè и информирајте се на нашите социјални мрежи и веб-страницата на „WeBalkans“.
Придобивките од Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан
За време на одржувањето на прославите на Денот на Европа, на тимот на WeBalkans му се укажа можност да се сретне со Дејвид Хадсон, виш експерт за политика и регионална стратегија за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) при Европската комисија. Неговата работа е да ја промовира економската интеграција во регионот и тој ги сподели со нас придобивките од Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан. Прочитајте го текстот до крај за да дознаете повеќе за тоа!
Каков е Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан?
Целта е да се подобри животот на граѓаните во Западен Балкан со создавање можности за бизнис и со зголемување и забрзување на економскиот раст на регионот. Тоа е една од клучните цели на Планот за раст, бидејќи има потреба од поголем економски раст, да се отворат повеќе работни места, да се донесат инвестиции и да станат попривлечни бизнисите во регионот.
Меѓутоа, Планот за раст има и политичка цел: сакаме да го забрзаме процесот на пристапување и Планот за раст ќе придонесе за тоа на два начина. Како прво, со зголемувањето на економскиот раст ќе се зголемат и ресурсите кои ќе им бидат достапни на владите, со кои тие ќе инвестираат во процесот на пристапување. Втората причина се однесува на начинот на кој е конструиран Планот за раст – тој навистина се заснова на спроведување и усогласување со законодавството на ЕУ, како и на напредокот при заложбите за пристапување.
Како овој план ќе го подобри животот на обичните луѓе во Западен Балкан?
Со овој план ќе се подобри животот на луѓето, бидејќи тој ќе го поттикне економскиот раст и ќе создаде нови работни места и нови можности, но ќе овозможи и во регионот да циркулираат поквалитетни и побезбедни производи со попристапни цени. Накратко кажано, ќе резултира со повеќе можности, како во регионот, така и во Европската Унија, за граѓаните од Западен Балкан и нивните семејства.
Може ли да посочите конкретни проекти коишто ќе започнат во рамките на овој план?
Да земеме еден актуелен пример за кој заложбите на владите се огромни: Единствената европска платежна област, или попозната како „СЕПА“. Едноставно кажано, тоа е област во која има многу ниски давачки за трансфер на евра. Меѓутоа, доколку во моментов сте работник од Западен Балкан кој работи во Германија, на пример, имате високи трошоци за префрлање пари на Вашето семејство. Стапките за тоа се многу високи, додека сличен трансфер во рамките на Европската Унија е далеку поевтин. Станувањето членка на Единствената европска платежна област, според Планот за раст, може да им заштеди до 500 милиони евра годишно на домаќинствата во Западен Балкан, врз основа на тековните трансфери коишто ги реализираат лицата во странство до нивните семејства дома.
Како ќе придонесе Планот за раст да се отворат нови работни места во Западен Балкан?
Планот ќе помогне да се отворат нови работни места, бидејќи ќе ја зголеми атрактивноста на регионот. Тоа значително ќе ја поедностави можноста за извоз во Европската унија, како на готови производи, така и на оние што ние ги нарекуваме полупроизводи, што се стоки што се произведуваат во регионот како дел од синџирот на снабдување и потоа одат во европските компании, како делови за автомобили или електронски компоненти. Понатаму, ќе овозможи во иднина полесно да се препознаваат стандардите за квалитет на производите, што ќе го олесни и извозот. Дополнително, тоа ќе помогне да се намали чекањето на граница за стоки, кое во моментов може да трае и 16-18 часа. Со скратување на времето поминато на граница, ќе биде и поевтино да се извезат производите. Сето ова ќе го направи регионот поатрактивен за потенцијалните инвеститори. А повеќе инвестиции подразбираат повеќе работни места и подобро платени работни места во сектори со повисока вредност. Тоа ќе биде од корист за економијата, семејствата и жителите на Западен Балкан.
Повеќе информации за Планот на Европската Унија за раст на Западен Балкан може да најдете овде.
Какви можности ќе им се укажат н младите благодарение на Планот за раст?
Планот за раст ќе им овозможи широк спектар на придобивки на младите. Една од работите што сакаме да ги направиме е да ги продолжиме постоечките договори од пред неколку години: договорите за мобилност, признавањето на професионалните квалификации и признавањето на академските квалификации. Како што објаснив, со поголем регионален пазар, луѓето ќе можат да најдат можности за работа што одговараат на нивните вештини и очекувања во регионот. Тоа ќе ги поттикне младите и ќе ја спречи потребата од иселување на друго место. Истовремено, сакаме наскоро да им овозможиме на лицата кои сакаат да стекнат искуство да работат надвор од регионот, во ЕУ, но на начин што ним им одговара.
Младите од регионот ќе можат да ги искористат и конкретните мерки кои треба да стапат наскоро на сила, како што е Wi-Fi за Западен Балкан. Ова е веќе направено во рамките на Европската Унија: финансиравме Wi-Fi во општините ширум земјите-членки на ЕУ. Ова сакаме да го направиме и за Западен Балкан. Оттаму, до 500 општини ќе добијат Wi-Fi во областите во коишто досега немале, до крајот на оваа година или во првата половина на 2025 година. Ова повторно ќе го направи регионот попривлечен, вклучително за туристите.
Настрана од краткорочните резултати, кои се долгорочните придобивки што луѓето од Западен Балкан можат да ги очекуваат од Планот за раст?
На крајот, тој ќе го забрза патот кон пристапување во ЕУ. Од една страна, важно е да се разбере дека Планот за раст, со интегрирање на Западен Балкан во единствениот пазар, ќе донесе некои од економските придобивки од пристапувањето во регионот, пред самиот датум на пристапување. Од друга страна, даваме поттик да ги прифатиме стандардите на ЕУ и да ги имплементираме законите на ЕУ пред членството преку Планот за раст. Со усвојувањето и спроведувањето на тие закони ќе се забрзаат пристапните преговори, бидејќи партнерите од Западен Балкан ќе можат да покажат дека се подготвени да се приклучат на Европската Унија во тие области.
За крај, но подеднакво важно, како Планот за раст ги адресира проблемите со коишто се соочува животната средина и одржливоста на животната средина на Западен Балкан?
Еколошките прашања се очигледно многу важни и затоа животната средина е опфатена во Планот за раст. Веќе имаме Зелена агенда за Западен Балкан за која владите се согласија. Тоа е план којшто опфаќа долгорочна одржливост и декарбонизација. Сега ги интегриравме елементите на Зелената агенда во рамките на Планот за раст, поконкретно во она што го нарекуваме реформски агенди. Тие се договори меѓу ентитетите од Западен Балкан и Европската Унија, според кои Европската Унија ќе распределува средства откако ќе се спроведат одредени реформи: тоа е сосема нов начин на управување со нашата помош. И постои важен фокус на зелените реформи во овие реформски агенди, поконкретно на декарбонизацијата и оддалечувањето од фосилните горива, така што ќе биде клучен поттик да се направат реформи кои ќе ги адресираат еколошките прашања и ќе ја поттикнуваат одржливоста.
Зелена транзиција на Црна Гора
Пакетот на енергетска директна буџетска поддршка на ЕУ за Црна Гора, вреден 30 милиони евра, официјално беше промовиран на церемонија во Подгорица во март оваа година. Овие средства се користат за да им се помогне на најранливите групи во Црна Гора да се справат со повисоките трошоци за живот предизвикани од руската агресивна војна против Украина, но и да се олесни транзицијата на земјата кон зелена енергија. Како дел од регионалниот пакет од една милијарда евра наменет за поддршка на нашите партнери од Западен Балкан во справувањето со енергетската ситуација и високите цени предизвикани од руската агресивна војна против Украина, Црна Гора доби брзи 27 милиони евра, додека вкупната вредност на пакетот директнабуџетска поддршка за Црна Гора изнесува 30 милиони евра. Исплатата на овие средства вклучува директен паричен надоместок на сметките за електрична енергија за семејствата кои примаат социјална помош и како единствен начин да се обезбеди долгорочна одржливост снабдување со енергија-инвестирање во обновливи извори и зголемување на енергетската ефикасност.
“Моментално реновираме три училишта изградени во 1960-тите. Според нашите првични проценки овие училишта ќе постигнат заштеда на енергија до 50%“.
Покрај директната буџетска поддршка, пакетот за енергетска поддршка на ЕУ вклучува и втор дел, кој се состои од грантови за унапредување на енергетската транзиција, ефикасност и независност на Западен Балкан, на краток и среден рок. Една од иницијативите во Црна Гора која вклучува поддршка од Вториот дел од енергетскиот пакет е проектот „Промоција на енергетска ефикасност во јавни згради – позеленување на јавната инфраструктура во Црна Гора“ во административниот, социјалниот и образовниот сектор, кој го спроведува Министерството за капитални инвестиции на Црна Гора. Целта е да се подобри енергетската ефикасност во избрани јавни згради, што ќе придонесе за намалување на емисиите на стакленички гасови и постигнување на Наменскиот национално определен придонес (INDC). Дополнително, треба да се користи обновлива енергија (на пример, сончева енергија или биоенергија), каде што е можно. Проектот се спроведува како дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP).
Фокус на проектот се јавни згради кои главно биле изградени во периодот помеѓу 1930-тите и 1980-тите и кои се дотрајани. Хроничните проблеми се: застарени системи за греење со ниска ефикасност, покриви со лошаизолација кои протекуваат, истрошени едностаклени прозорци и топлински мостови – што доведува до мувла и многу други дефекти. Потрошувачката на енергија е соодветно висока, погордноста за користење (клима во затворен простор, удобност) е строго ограничена, а многу згради речиси го достигнаа крајот на својот корисен економски и технички век. По спроведувањето на структурните мерки и мерките за енергетска ефикасност, условите за користење ќе се подобрат и значително ќе се намалат оперативните трошоци. Високата видливост на инвестициите во јавниот сектор, исто така, ќе послужи како пример за приватните домаќинства и приватниот сектор. Проектот ќе опфати приближно 20 згради (училишта, еден студентски дом, еден дом за стари лица и една административна зграда).
Надзор на проектот е Ѓорѓина Ловриќ, која е на позиција менаџер на проектот во име на Министерството за енергетика и рударство на Црна Гора. Таа го нагласува длабокото значење на проектот за јавните згради во Црна Гора. „Моментално реновираме три училишта изградени во 1960-тите. Според нашите првични проценки овие училишта ќе постигнат заштеда на енергија до 50%“, вели Ѓорѓина. Таа понатаму нагласува дека, освен економските придобивки, интервенциите на проектот ќе имаат клучна улога и во намалувањето на емисиите на CO2, а со тоа ќе придонесат за зачувување на животната средина и за подобрување на целокупното ниво на удобност на учениците и наставниците во овие образовни институции.
“Училиштата работат со фиксен годишен буџет, а покрај различните поволности, тие исто така, ќе имаат можност финансискиот вишок остварен преку заштедата на енергија да го распределат за други намени. Тоа би можело да вклучи набавка на нова опрема, компјутери и други ресурси со цел подигнување на образовните стандарди во овие институции“.
За проектот
Регионалната програма за енергетска ефикасност (REEP) е основана во 2013 година, од страна на EBRD, заедно со Европската комисија, Секретаријатот на Енергетската заедница, WBIF и билатерални донатори. Програмата ја комбинира поддршката на политиките со заеми, техничка помош и субвенции за поддршка на инвестициите во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во јавниот и приватниот сектор во Западен Балкан. EBRD и KfW ја имплементираат програмата, која работи и директно и преку посредници и е инвестициски предводник на Економскиот – инвестициски план. Од своето основање, интегрираниот пакет понуден преку REEP достигна 1.000 мали и средни претпријатија, над 12.700 домаќинства и 290 јавни згради низ 700 градови и населени места. Поврзаните инвестиции се претвораат во заштеда на енергија од 842.000 MWh/годишно, спречени емисии од 540.000 tCO2/годишно и инсталиран капацитет за обновлива енергија од 120 MW. До крајот на 2021 година, REEP мобилизираше 630 милиони евра вкупни инвестиции, со 78,8 милиони евра од грант од ЕУ. Во 2022 година, REEP доби надополнување од 102 милиони евра во дополнителен грант од ЕУ преку Energy Support Package.
Со зголемување на енергетската ефикасност на јавните згради, овие инвестиции се во согласност сообврските предвидени со Законот за ефикасно користење на енергијата на Црна Гора – моделиран според директивите на ЕУ. Оваа иницијатива ќе резултира со намалување на емисиите на стакленички гасови, со штоќе придонесе за постигнување на предодредените цели на нацијата за зачувување на животната средина. Понатаму, овие инвестиции ќе играат важна улога во зачувувањето и создавањето работни места во домашниот градежен и консултантски сектор.
Г-ѓа Ѓорѓина Ловриќ детално објаснува за широко распространетото признание и очигледните предности што ги нуди проектот за училиштата и другите институции. „Училиштата работат со фиксен годишен буџет, а покрај различните поволности, тие исто така, ќе имаат можност финансискиот вишок остварен преку заштедата на енергија да го распределат за други намени. Тоа би можело да вклучи набавка на нова опрема, компјутери и други ресурси со цел подигнување на образовните стандарди во овие институции“, нагласува Ѓорѓина.
Заштита на културното наследство на Сараево
Пандемијата со COVID-19 не само што имаше длабоко влијание врз глобалното здравје, туку остави и свој белег врз културните, социјалните и економските аспекти ширум светот. Ова негативно влијание е силно почувствувано во Босна и Херцеговина. На пример, Ведад Штаљо, кој го претставува Културно-уметничкотодруштво „ЛОЛА“, невладина организација со седиште во Сараево, укажува на значителен пад во нивните активности. Овој пад продолжи дури и во периодот по пандемијата, со намален интерес кај младите за учество во фолклорот и другите традиционални настани организирани од невладината организација. Ведад размислува за оваа ситуација, изјавувајќи: „Потоа почнавме да бараме начини да го обновиме интересот на помладата генерација за традициите и активностите на нашата организација.”
“Нашата цел беше да вклучиме што е можно повеќе млади луѓе во овој проект, овозможувајќи им личен развој, а истовремено придонесувајќи за растот на нашата локална заедница“.
Со фокус на овие цели, Културно-уметничкото друштво „ЛОЛА“ иницираше проект насловен „Низ патеките на традициите“. Овој проект доби поддршка преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансирана од ЕУ и имплементирана од UNDP. Преку оваа иницијатива беа спроведени разновидни културни и уметнички активности, како и за младите, така и за возрасните луѓе, во општина Ново Сараево. Овие активности одиграа важна улога во зачувувањето на културното наследство и традициите на различните заедници и националности во Босна и Херцеговина. Дополнително, тие послужија како катализатор за имплементирање на Стратегијата за млади на општина Ново Сараево за 2022-2027 година. Ведад детално ги објаснува целите на проектот, наведувајќи: „ Нашата цел беше да вклучиме што е можно повеќе млади луѓе во овој проект, овозможувајќи им личен развој, а истовремено придонесувајќи за растот на нашата локална заедница.”
Проектот беше структуриран во два различни модула. Првиот модул опфати активности како што се подготовка и организација на изложба на фотографии со традиционални народни носии. Дополнително, проектот вклучува подготовка и организација на инаугуративната изложба на традиционални носии кои ги претставуваат различните народи и националности на Босна и Херцеговина. Од друга страна, вториот модул предвидува организирање на целовечерен културно-уметнички концерт
“Примарната цел на проектот МОСТ е да воспостави врски меѓу различни генерации и да всади кај младите почит кон културните традиции во области како што се: храната, музиката и многу повеќе.”
За проектот
Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е продолжение на иницијативите поддржани од ЕУ – Проект за зајакнување на локалната демократија (LOD, 2009-2016) и последователно проширената Регионална програма за локална демократија на Западен Балкан (ReLOaD, 2017-2020). Како и претходните, овој проект е финансиран од Европската Унија (ЕУ) и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). ReLOaD2 се спроведува во Западен Балкан, особено во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово*, Северна Македонија, Црна Гора и Србија
Неодамна, Културно-уметничкото друштво „ЛОЛА“ започна со нов проект, насловен МОСТ-„Меѓугенерациски односи, соработка и традиција“, финансиран од Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Оваа иницијатива заеднички ја имплементираат Културно-уметничкото друштво „ЛОЛА“ и Здружението Партнерство за јавно здравје, во рамките на општина Ново Сараево. Преку овој проект, партнерите – имплементатори имаат за цел да одговорат на потребите на населението на општината преку обезбедување на подобрени културни и уметнички искуства и поттикнување на меѓугенерациската соработка. Тие се обидуваат да го премостат генерацискиот јаз меѓу помладите луѓе и оние од третата возрасна групапреку организирање активности кои ги спојуваат овие два демографски сегменти. Ведад говори за целта на проектот, објаснувајќи: „Примарната цел на проектот МОСТ е да воспостави врски меѓу различни генерации и да всади кај младите почит кон културните традиции во области како што се: храната, музиката и многу повеќе.”
Проектот МОСТ е дизајниран да трае во период од шест месеци, при што ќе се спроведат серија различни работилници со цел да се вклучат учесници во текот на целата временска рамка на проектот.
Достапен роаминг на податоци: премостување на јазот помеѓу ЕУ и Западен Балкан
Во декември 2022 година, 38 телекомуникациски оператори од ЕУ и од Западен Балкан се согласија да ги намалат роаминг цените. Овој договор сега стапи на сила од 1 октомври 2023 година, што значи дека роамингот меѓу Западен Балкан и ЕУ стана подостапен како за граѓаните, така и за бизнисите во овие региони. Овие оператори доброволно се обврзаа да го намалат јазот помеѓу цените за интернет во странство и дома за време на патување во ЕУ и Западен Балкан во двете насоки. Првичните намалувања на цените во моментов ги спроведуваат телекомуникациските оператори – учесници. Многу од нив нудат пакети со цени далеку под договорените максимални лимити, што ги прави достапни за широк опсег на потрошувачи. Дополнителни намалувања се планирани за 2026 година, следејќи ја договорената линија на намалување, со цел роаминг цените да се приближат до домашните цени до 2028 година.
Виртит Гакафери е бизнисмен од Косово кој редовно патува во земјите на ЕУ. Г-дин Гакафери има значаен удел и е на позицијата управен партнер во една од најуспешните косовски тур-оператори, позната како Balkan Natural Adventure. Секоја година, неговата компанија пречекува стотици посетители од сите страни на светот, вклучително и земјите од ЕУ, кои ги истражуваат атракциите на Косово. Дополнително, тој е и претседател на одборот на првата косовска компанија за финансиска технологија, франшиза на литванската компанија Paysera. Поради природата на неговата професија, г-дин Гакафери често патува во земјите на ЕУ за да учествува на туристички изложби и да соработува со своите партнери од ЕУ. Виртит многу го цени договорот за намалувањето на роаминг цените. „Како чест деловен патник, ова ќе има важно позитивно влијание врз нашите патни и деловни трошоци воопшто“, вели Виртит.
“По спроведувањето на регионалниот RLAH, комесарот Вархелји свика инаугуративен состанок на телекомуникациските оператори од ЕУ и Западен Балкан. Овој состанок внесе импулс во процесот, нагласувајќи ја политичката поддршка и значењето на претстојните чекори“.
Адриен Кирали од DG NEAR, ја појаснува генезата на овој потфат. Овој потфат настана по успешното имплементирање на регионален договор „Roam Like at Home“ меѓу шесте економии од Западен Балкан, кој започна на 1 јули 2021 година. Ова достигнување послужи како клучен претходник на размислувањата во врска со намалувањето на трошоците за роаминг што ги поврзува Западен Балкан и ЕУ. Таа уверува: „По спроведувањето на регионалниот RLAH, комесарот Вархелји свика инаугуративен состанок на телекомуникациските оператори од ЕУ и Западен Балкан. Овој состанок внесе импулс во процесот, нагласувајќи ја политичката поддршка и значењето на претстојните чекори.
Во 2018 година, беше утврдено дека проширувањето на Roam Like at Home кон Западен Балкан не е законски изводливо. Следствено, намалувањето на трошоците за роаминг помеѓу Западен Балкан и ЕУ мораше да се потпира на Комерцијални доброволни договори, земајќи ги предвид бизнис модели на операторите, комерцијалните интереси и усогласеноста со релевантните прописи за конкуренција и трговија. Процесот на преговори беше надгледуван од страна на Регионалниот совет за соработка, во соработка со Европската комисија и DG NEAR, со советодавно учество од DG CNECT. Се одржаа повеќе преговарачки рунди помеѓу операторите од ЕУ и Западен Балкан пред да биде договорена и потпишана конечната доброволна декларација за роаминг на 6 декември 2022 година, за време на Самитот ЕУ-Западен Балкан.
По потпишувањето на декларацијата, продолжија преговорите за утврдување на прецизни ценовни ограничувања за намалување на роаминг трошоците на мало за услугите за роаминг на податоци. До 1 мај 2023 година, вкупно 36 оператори, меѓу кои и истакнати групи од ЕУ како DT, Orange, A1, United Group и 4IG, како и оператори од Западен Балкан, го потпишаа конечниот договор. Договорената линија на намалување ќе се движи вака: почнувајќи од 1 октомври 2023 година, ограничувањето на малопродажната цена на податоци ќе биде 18 EUR/GB, по што ќе следи цена од 14 EUR/GB почнувајќи од 1 јануари 2026 година и 9 EUR/GB почнувајќи од 1 јануари 2028 година.
” Овој процес ја подобрува предвидливоста и, што е најважно, помага во спречување клиентите да доживеат шокови во сметките.“
За проектот
38 телекомуникациски оператори од ЕУ и од Западен Балкан се согласија да го направат роамингот на податоци меѓу Западен Балкан и ЕУ подостапен за граѓаните и бизнисите во двата региони, во процес поддржан од Регионалниот совет за соработка (RCC) и Европската комисија. Овој договор е усогласен со Декларацијата за роаминг потпишана на декемврискиот самит ЕУ-Западен Балкан во Тирана.
Преку нивниот доброволен договор, операторите се обврзаа значително да го намалат јазот помеѓу роаминг и домашните цени за користење податоци во двете насоки меѓу ЕУ и Западен Балкан. Максималните малопродажни цени („ограничувања на цените“) за 1 гигабајт ќе се намалат од октомври 2023 до 2028 година на следниов начин: 18 € од 1 октомври 2023 година, 14 € од 2026 година и 9 € од 2028 година. Предвидени се годишни ревизии за да се проценат влијанијата и следните чекори.
Сара Меиќ од DG NEAR го истакнува значењето на декларацијата како иницијатива која ја подобрува предвидливоста и помага во спречувае клиентите да доживеат шокови во сметките. Тоа, исто така, ја покажува добрата волја од пазарот. Во претстојните фази, Европската комисија има за цел да ја прошири оваа иницијатива за да ги вклучи телекомуникациските оператори кои моментално не се дел од процесот. Дополнително, тие ќе настојуваат дополнително да ги намалат ограничувањата на цените преку годишниот процес на ревизија. Сара вели: „Во следните чекори, ние, исто така, би сакале да го решиме прашањето за големопродажните роаминг цени, што би имало позитивен ефект врз последователно намалување на малопродажните роаминг цени.”
Скок на Србија во програмата Еразмус плус: Поттикнување меѓусебно разбирање и можности
На 5 февруари 2019 година, Србија направи значителен скок во програмата Еразмус плус, преминувајќи од обична земја-партнер во земја-активен учесник. На овој историски ден, комесарот Навракич потпиша значаендоговор со српскиот министер за образование, наука и технолошки развој, г-дин Младен Сарчевиќ. Патот кон овој статус и договор беше обележан со бројни процедури за проценка, со цел осигурување дека Србија е целосно подготвена да преземе подинамична улога во европските рамки. Со ова достигнување, Србија гордо стана 34-та земја што се приклучи на ценетата лига на земјите од програмата Еразмус плус во Европа.
Србија пред 2019 година беше активно вклучена во оваа глобална програма преку различни проекти. Земјата издржа многу предизвикувачки иницијативи, а српските организации имаа акумулирано значително искуство како партнерски ентитети во рамките на Еразмус плус. Еминентна илустрација за ова е фактот дека речиси 7.000 српски студенти тргнале на патувања за студирање во странство, додека од 2014 година па наваму, близу 4.300 европски поединци ја посетиле Србија како дел од неколку проекти Еразмус плус.
“Преку проектите ЕРАЗМУС + имав можност да стекнам мноштво нови знаења, да воспоставам врски со луѓе и пријатели од речиси секоја европска земја и да стекнам нови перспективи. Овие искуства несомнено ми го променија животот.”
Станувајќи програмска земја отвори мноштво можности за Србија во последните четири години, во рамките на Еразмус плус. Овој нов статус ѝ овозможи на Србија да се вклучи во поширок спектар на проекти, кои опфаќаат разновиден опсег на активности. Имено, Србија се приклучи на проекти чиј фокус се: спортот, стручното образование и обука (VET), како и училишето и образованието за возрасни. Овој договор ефективно создаде врски меѓу Србија и другите земји од ЕУ.
Теодора Цекиќ, млада музичарка со потекло од Србија со завршени додипломски и магистерски студии по Музичка уметност, е доказ за трансформативната моќ на проектите ЕРАЗМУС +. Теодора не само што е Млад европски амбасадор, туку таа е и посветен младински активист, кој преку волонтерска работа, соработувал со бројни невладини организации. Меѓу многуте млади Срби кои ги искористија придобивките од проектите ERASMUS +, патувањето на Теодора беше особено извонредно. Таа активно учествуваше во преку 20 краткорочни проекти и програми на ERASMUS + во последниве неколлку години, што опфаќаат различни категории како што се младинска размена и иницијативи за градење капацитети.
Размислувајќи за нејзиното искуство со проектите ERASMUS +, Теодора го нагласува нивното длабоко влијание како врз нејзиниот професионален, така и врз нејзиниот личен развој. „Преку проектите ЕРАЗМУС + имав можност да стекнам мноштво нови знаења, да воспоставам врски со луѓе и пријатели од речиси секоја европска земја и да стекнам нови перспективи. Овие искуства несомнено ми го променија животот“, страсно изразува Теодора.
“Сметам дека промоцијата е многу важна бидејќи повеќето луѓе од Србија што ги среќавам преку ЕРАЗМУС + се речиси секогаш истите луѓе. Значи, потребна ни е поголема промоција за повеќе млади луѓе да можат да имаат корист од програмата“.
За програмата
Еразмус+ е најголемата европска образовна програма која се занимава со финансирање на проекти за мобилност и соработка во областа на образованието, обуката, младите и спортот. Создадена е во 2014 година, а во 2021 година влезе во нов седумгодишен период на имплементација кој ќе трае до 2027 година. Предвидениот буџет за овој седумгодишен период на новата програма Еразмус+ е поголем од кога било и изнесува 26 милијарди евра.
ЕРАЗМУС + се покажа како извонреден пат до успехот за Србија, што нуди единствена можност да се поттикнат врските меѓу луѓето и да се негува меѓусебното разбирање. Имено, програмта ѝ овозможи на Србија да го прошири својот досег надвор од границите на Европската област, создавајќи партнерства со меѓународните соработници. Ова проширување е во согласност со пошироката цел на ЕУ за унапредување на соработката со земјите од Западен Балкан, а вклучувањето на Србија во земјите од програмата Еразмус плус претставува значаен чекор во оваа насока.
Размислувајќи за влијанието на проектите ЕРАЗМУС +, Теодора ја нагласува нивната огромна вредност за младите поединци во Србија. Сепак, таа верува дека пошироката промоција е од суштинско значење за да се обезбеди поширок круг на млади луѓе да може да учествуваат во оваа програма. Теодора ревносно се залага за зголемена промоција, истакнувајќи дека повеќето луѓе од Србија со кои таа се среќава во иницијативите ЕРАЗМУС + се обично познати лица. Таа вели: „Сметам дека промоцијата е многу важна бидејќи повеќето луѓе од Србија што ги среќавам преку ЕРАЗМУС + се речиси секогаш истите луѓе. Значи, потребна ни е поголема промоција за повеќе млади луѓе да можат да имаат корист од програмата“, нагласува Теодора.









