Skip to main content

Автор: WeBalkans

Настанот „Отворени за бизнис“ („Open4Business“) е отворен за пријавување

Дали си сопственик на мал бизнис во Западен Балкан? Сакаш ли да ги прошириш своите хоризонти и да имаш поголемо влијание? Придружи се на информативниот настан кој ќе одговори на твоите прашања за финансиски можности за микро, мали и средни претпријатија.

 

„Отворени за бизнис – Направено во Западен Балкан – Поддржано до ЕУ“ е настан посветен на микро, мали и средни претпријатија во Западен Балкан со цел истите да дознаат за финансиски можности, вклучително од ЕУ, обезбедени преку Инвестициската рамка Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework (WBIF)).

 

Поддржувањето развој на робустен приватен сектор, зголемувајќи ја конкурентноста и создавајќи работни места во регионот се клучни цели на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан; план за закрепнување на регионот имплементиран во 2020 година од ЕУ, а поддржан од партнерите во Западен Балкан.

 

Значајни инвестиции поддржуваат мали бизниси, особено во области како еколошки инвестиции и технологии, микрофинансирање, енергетска ефикасност, проекти за обновлива енергија, одржливо земјоделство, циркуларна економија, еколошки туризам и претпријатија управувани од жени и млади.

 

Учествувај со присуство, далечински или онлајн

 

Организирана од Генералниот директорат на Европската комисија за соседство и преговори за проширување („DG NEAR“), во соработка со Економската комора на Северна Македонија и Комората на инвестицискиот форум Западен Балкан 6 („WB6CIF“), утринската сесија на настанот ќе се одржи во живо во Скопје, односно далечински во останатите пет престолнини во Западен Балкан, а ќе биде пристапна и онлајн. Постојат различни начини за учество и максимизирање на можностите за вмрежување.

 

Доколку не можеш да бидеш присутен во Скопје, заедно со твоите колеги, можеш далечински да ја следиш утринската сесија со трговските комори во останатите главни градови во регионот.

 

Попладневната сесија ќе се одржи истовремено, во сите шест престолнини, така што можеш да закажеш термин за дискусија со твоите локални институции во една од шесте регионални престолнини.

 

Доколку, пак, не си во можност да присуствуваш на некоја од шесте локации, имаш можност да го следиш настанот и да закажеш консултација со избраната финансиска институција, користејќи ја нашата онлајн платформа за настани.

Нова ера на субвенции за енергетска ефикасност во Косово

Во значаен потег дизајниран за промовирање на енергетска ефикасност и зајакнување на употребата не обновлива енергија во Косово, подобрувајќи ја, истовремено, добросостојбата на своите граѓани – иницијатива поддржана од ЕУ, на 18. август, 2023 година, беше официјално отворено аплицирањето за пакет субвенции. Косовското министерство за економија објави дека овој пакет субвенции е наменет за семејствата кои сакаат да инвестираат во енергетско-ефикасни домашни уреди и соларни системи за греење на вода. „Поддршката на ЕУ во оваа иницијатива го потенцира нашето заедничко посветување за одржлив развој и социјална инклузија,“ изјави Алесандро Бјанкарди на денот на објавувањето, илустрирајќи ја интегралната улога на ЕУ во овој прогресивен потег.

 

Како дел од поголемиот Пакет за енергетска поддршка, поддржан од ЕУ, новиот пакет субвенции е создаден со цел олеснување на финансискиот товар на домаќинствата, правејќи ги неопходните домашни уреди подостапни и помагајќи го Косово на патот кон одржлива и еколошка транзиција. Субвенционираните уреди вклучуваат машини за перење, машини за миење чинии, фрижидери, па дури и соларни системи дизајнирани за греење на санитарна вода. Иако пакетот е отворен за општата јавност, посебен акцент е ставен на обезбедување финансиска помош за ранливите групи. Тука, особено се вбројуваат самохраните родители и граѓани корисници на социјална помош од шемите I и II. Што се однесува на машините за перење, стандардната субвенција изнесува 200 евра, додека, пак, за самохраните мајки и корисниците на социјална помош истата изнесува 300 и 400 евра. Машините за миење садови се субвенционирани со 150 евра, односно 250 и 300 евра за самохраните родители и корисници на социјална помош. Фрижидерите и замрзнувачите се субвенционирани со 100 евра за општата јавност; односно 150 и 200 евра за целните ранливи групи.

 

Оваа иницијатива ја претставува првата шема за енергетска ефикасност специјално дизајнирана за резиденцијалниот сектор од страна на институциите во Република Косово. Со програмата управува Фондот за енергетска ефикасност на Косово. Како што наближува зимата, се зголемува и потребата за овие енергетско-ефикасни надоградувања кои ќе им овозможат на граѓаните на Косово да имаат поудобни домови со помал јаглероден отпечаток. Овие иницијативи се дел од одлуката на ЕУ за одговор за итни потреби, со итно распределување на значајни 75 милиони евра од издвоените 1 милијарда евра во рамки на Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан. Овој пакет претставува значителна контрареакција на вртоглавото зголемување на цените на енергенсите по неочекуваната агресија на Русија кон Украина, издвојувајќи значителни средства за борба против преовладувачката енергетска криза во Косово и околните нации.

Штедење енергија за одржлива урбана мобилност: Европска недела на мобилноста во БиХ

Заедно со бројни локални партнери и организации, како и локални администрации, во Бања Лука, Мостар и Сараево, канцеларијата на ЕУ во БиХ организираше серија едукативни и рекреативни активности за сите генерации со цел потенцирање на важноста и бројните придобивки што ги нуди одржливата урбана мобилност.

 

Популарното и рекреативно возење, насловено „Доволно се две тркала“, го одбележа, годинава, на 22. септември „Денот без автомобили“ во Бања Лука. Една од целите беше градовите да се направат соодветни за велосипедизам и да се потенцира потребата за обезбедување урбани велосипедски патеки, како и еднакво и активно учество на велосипедистите во сообраќајот. На истиот ден, 22. септември, како дел од втората прослава на Европската недела на мобилноста во Мостар, голем број граѓани зедоа учество во Третото велосипедско возење во Мостар кое вклучи возење велосипед низ улиците, како и трка за најмладите.

 

Европската недела на мобилноста е водечка иницијатива на ЕУ за подигнување на свеста за одржлива урбана мобилност која се одржува секоја година од 16. до 22. септември со растечко учество на градови, организации и иницијативи ширум Европа и светот. Оваа европска иницијатива промовира промени во однесувањето во корист на активна мобилност, јавен транспорт и останати еколошки и интелигентни транспортни решенија. Годинешната тема на Европската недела на мобилноста – „Заштеди енергија“, со слоган „Мешај и движи се!“, ја отсликува поврзаноста помеѓу енергетската ефикасност и одржливата урбана мобилност. Енергијата и сиромаштијата на мобилност се во пораст поради повисоките трошоци за граѓаните и бизнисите. Операциите на јавниот транспорт продолжуваат да бидат висок трошок за градските буџети, а нивното намалување преку енергетски ефикасен транспорт поддржува пристапни и одржливи транспортни инфраструктури.

Унапредување на приватниот сектор на Косово во дигиталната ера

Косово воведува електронски систем за идентификација со поддршка на Европската унија

Приватниот сектор и дигиталната економија играат клучна улога во економскиот развој на која било нација, а Косово не е исклучок. Начинот на кој се води бизнисот денес значително се разликува од практиките пред почетокот на милениумот. Дигиталната економија претставува неспоредливи можности, револуционизирајќи ги економиите, пазарите и динамиката помеѓу организациите, добавувачите и клиентите. Таа стана клучен двигател на растот, иновациите и создавањето работни места. Во современото време, социјалните мрежи и онлајн платформите, исто така, беспрекорно се интегрираа во пејзажот на дигиталната економија, дополнително зголемувајќи го нејзиното значење. Освен тоа, дигиталната економија претставува ветувачки сектор за поттикнување на економскиот напредок на Косово.

“Основната цел на проектот е да се воспостави безбеден дигитален систем за идентификација за поединци и компании. Следствено, суштинската деловна документација, како што се лиценци, деловни регистрации, сертификати и друго, ќе биде практично достапна преку апликација на мобилниот телефон на корисникот, што претставува интегрален дел од eID решението.”

Клучен предуслов за забрзување на развојот на е-трговијата и е-бизнисот е воспоставувањето на електронски систем за идентификација и автентикација, општо познати како Системи за електронска идентификација (eID). И додека поединците и бизнисите сè повеќе го користат интернетот за задачи кои претходно бараа интеракции лично, останува предизвикот на завршување на онлајн трансакциите за кои е потребна сигурна идентификација, како што е пристапот до владините услуги или рефинансирањето на хипотеките. Електронската идентификација, исто така, значително го зголемува капацитетот на малите и средни претпријатија за работа во е-трговија, при тоа зацврстувајќи ја безбедноста на трансакцијата.

Во Косово, компаниите се генерално во раните фази на прифаќање на интернет и други електронски услуги за нивното работење. Сепак, важно е дека населението на Косово постепено станува сè поупатено во овој домен. На пример, многу мали и средни претпријатија во Косово се впуштија во социјалните медиуми и основаа бизнис страници на платформи како Фејсбук. Дополнително, со поддршка на Европската Унија, владата иницираше имплементација на Системот за електронска идентификација (eID) за Косово. Овој проект финансиран од ЕУ започна претходно оваа година и се очекува да заврши на почетокот на 2024 година. Примарниот фокус на проектот е да се изгради силен екосистем за е-бизнис и е-трговија, да се подобри испораката на електронски услуги за граѓаните и компаниите и да се подигне ефикасноста и продуктивностана приватниот сектор преку употреба на ICT.

Ахмет Јетулаху, претставник на невладината организација Приштина Реа, која е активно вклучена во имплементацијата на проектот, појаснува дека креирањето на широко прифатена форма на електронска идентификација не само што ќе ја подобри безбедноста на онлајн апликациите за поединци, туку и ќе го олесни обезбедувањето широк спектар на иновативни производи и проиводи кои ја зголемуваат продуктивноста и од јавниот и од приватниот сектор. Овие услуги често бараат потврда на нечиј идентитет или релевантен аспект за истото. Според него, овој проект ја поставува основата за неограничено користење на дигиталната сфера, како за бизнис, така и за официјални лични цели.

Тој нагласува дека примарната цел на проектот е да обезбеди безбедна дигитална идентификација за поединци и компании. Ова имплицира дека сите суштински бизнис документи, вклучувајќи лиценци, деловни регистрации, сертификати и друго, ќе бидат достапни преку апликација на мобилен телефон како дел од eID решението. Ахмет Јетулаху елаборира за овој аспект, наведувајќи: „Основната цел на проектот е да се воспостави безбеден систем за дигитална идентификација за поединци и компании. Следствено, суштинската деловна документација, како што се лиценци, деловни регистрации, сертификати и друго, ќе биде практично достапна преку апликација на мобилниот телефон на корисникот, што претставува интегрален дел од eID решението.”

“Оваа иницијатива значително ќе ја забрза транзицијата на Косово во дигиталната сфера, поттикнувајќи средина каде што компаниите и финансиските институции се мотивирани да се интегрираат и да ги искористат предностите на дигиталниот систем.”

За проектот

Општата цел на проектот е да се зголеми ефикасноста и продуктивноста на приватниот сектор преку зголемена употреба на ICT, да се создаде правилен и побезбеден екосистем за е-бизнис/е-трговија и да се подобри испораката на електронски услуги за граѓаните и компаниите. Оваа акција ќе допринесе за напорите на косовската влада за дигитализација и зголемување на конкурентноста и профитабилноста на косовските компании. Со обезбедување на соодветен систем за е-ID и добра средина за е-бизнис/е-трговија, интероперабилноста меѓу Косово и земјите-членки би била попродуктивна и поефикасна. Проектот го спроведува конзорциум предводен од Evoluxer.

Покрај софтверското решение, проектот ќе понуди сеопфатна обука на институциите, како на централно, така и на локално ниво, со цел да се обезбеди ефективно користење и имплементација на системот за електронска идентификација. Г-дин Јетулаху потврдува: „Оваа иницијатива значително ќе ја забрза транзицијата на Косово во дигиталната сфера, поттикнувајќи средина каде што компаниите и финансиските институции се мотивирани да се интегрираат и да ги искористат предностите на дигиталниот систем.”

Започнува Европската недела на мобилноста

„Да се движиме подобро и да заштедиме енергија“ е слоганот на годинешната Европска недела на мобилноста која започна во неделата. Секоја година, во периодот помеѓу 16. и 22. септември, се одржува манифестација која е спонзорирана и финансирана од Европската комисија. Кампањата има за цел да фаворизира безмоторни начини на транспорт во градовите наместо употреба на автомобилски сообраќај на база на фосилни горива, имајќи за цел подобрување на квалитетот на животната средина во урбаните подрачја.

 

Кампањата е имплементирана од 2002 година, а изминатата година приближно 3000 градови од 50 држави во Европа и светот го прославија настанот. Листата со градови и општини во Србија, пријавени за активностите, можете да најдете тука.

 

За општините и градовите, Европската недела на мобилноста овозможува одлична прилика за претставување одржливи алтернативи за транспорт за нивните граѓани, како и објаснувања за еколошките предизвици со кои се соочуваат. Преку земање учество во акцијата, градовите и општините можат да им ги покажат на граѓаните предностите при изборот на почисти транспортни алтернативи со што ќе се подобри состојбата на превозот во нивната локална средина.

 

Локалните влади се охрабруваат да ја искористат оваа недела за да испробаат нови транспортни мерки и да добијат повратен одговор од јавноста. Исто така, оваа иницијатива е одлична можност за локалните чинители да се соединат и да дискутираат за различните аспекти на мобилност и квалитет на воздухот, да се потрудат да изнајдат иновативни решенија за намалување на употребата на автомобили и да испробаат нови технолошки и плански решенија. Кампањата им овозможува на граѓаните да истражат нови можности за искористување на улиците во градот и експериментирање со практични решенија кои ќе придонесат за решавање на важните проблеми во градовите; како, на пример, воздушното загадување.

Градот Скопје добива предлог за статус на Европска престолнина на културата 2028

На 20. септември, по дводневен состанок во Брисел, претседавачот на експертскиот панел за Европски престолнини на културата објави дека градот Скопје (Северна Македонија) е предложен за Европска престолнина на културата 2028 во држава во Европската асоцијација за слободна трговија, држава-членка или држава потенцијален кандидат за членство во ЕУ.

 

Во согласност со одлуката на Европскиот парламент и Советот на ЕУ кои ја раководат акцијата за Европски престолнини на културата, ќе има три европски престолнини на културата во 2028 г. Една во Франција, една во Чешка и една во држава во Европската асоцијација за слободна трговија, држава-членка или држава потенцијален кандидат за членство во ЕУ која учествува во тековната програма „Креативна Европа“.

 

Во однос на натпреварот за избор на престолнина од држава во Европската асоцијација за слободна трговија, држава-членка или држава потенцијален кандидат за членство во ЕУ, Комисијата отвори процес на апликации во декември 2021 година. Градовите Будва (Црна Гора) и Скопје (Северна Македонија) влегоа во потесна селекција на 16. декември 2022 година. Истите добија рок до 28. август 2023 г. да ги комплетираат своите апликации и, потоа, беа поканети на состанок за финална селекција во Брисел на 19. септември. Панел, составен од десет експерти назначени од институциите и органите на ЕУ (Европскиот парламент, Европскиот совет и Европскиот комитет на регионите), ги разгледа апликациите.

 

Со почеток во 1985 година, иницијативата Европски престолнини на културата се разви во еден од најамбициозните проекти во Европа и една од најценетите активности во ЕУ.

Заживување на литературното наследство на Албанија

Напредната технологија финансирана од ЕУ ги отвора вратите за скапоцените литературни богатства во Албанија

Центарот „Сотир Колеа“ во Тирана го носи името на реномирана личност од албанската култура. Работејќи на позицијата директор на Националната библиотека на Албанија од 1928 до 1937 година, тој одигра клучна улога во обликувањето на темелите на библиотекарството во Албанија. Дополнително, тој значително ги прошири збирките на библиотеката со албанолошки материјали. Сместен во историски значајно здание, Центарот „Сотир Колеа“ има двојна важност. Во 1912 година, по прогласувањето на независноста во Валона, токму тука за прв пат во Тирана беше истакнато албанското знаме. Последователно, во 1920 година, ова место послужи како место за основање на Тирана како нов главен град и формирање на инаугуративната влада по Конгресот на Лушња.

Низ годините, центарот функционираше како „Анекс“ на Националната библиотека, каде се сместени стотици илјади книги, од кои многу беа конфискувани од поединци и институции за време на комунистичката ера во Албанија. Денес, по обемните реновирања, оваа богата книжевна ризница конечно е достапна за јавноста

“Ова се книги кои никогаш не биле достапни за јавноста. Тие се чувани под најразлични услови, но сега им се достапни на читателите. Ова е значаен настан, многу важен за секого.”

Центарот Сотир Колеа, порано познат како анекс на Националната библиотека, претрпе големи оштетувања за време на земјотресот во 2019 година. Благодарение на поддршката на албанската влада и UNOPS преку проектот EU4 Culture, финансиран од ЕУ, библиотеката е ревитализирана. Албанскиот национален библиотечен фонд сега може да се пофали со најсовремена опрема вредна 668.922 евра, која опфаќа сервери, скенери за книги и баркодови, лаптоп компјутери, таблети, специјализирани правосмукалки за прашина и за книги, средства за дезинфекција, комори за одвлажнување, како и машини за чистење и одкиселување книги. Оваа технологија ќе игра клучна улога во зачувувањето на богатата култура и наследство на Албанија, истовремено овозможувајќи книгите ќе бидат достапни на интернет.

На почетокот на летото, библиотеката беше официјално повторно отворена и прими угледни посетители, меѓу кои и Нејзината екселенција, Министерката за култура г-ѓа Елва Маргарити, Нејзината екселенција,Амбасадорката на ЕУ во Албанија, г-ѓа Кристијане Хоман, Регионалниот менаџер на UNOPS во Албанија, г-ѓа Памела Лама, заедно со други експерти од областа и претставници на медиумите. Директорот на Националната библиотека г. Пиро Миша срдечно им посака добредојде и направи обиколка низ извонредните простории на библиотеката, при што ја прикажа новата опрема и ги откри нејзините функционалности за гостите и претставниците на медиумите. Директорот Миша забележа: „ Ова се книги кои никогаш не биле достапни за јавноста. Тие се чувани под најразлични услови, но сега им се достапни на читателите. Ова е значаен настан, многу важен за секого.”

” Оваа опрема ги гарантира највисоките стандарди во зачувувањето и реставрацијата на книгите, ќе ја подобри ефикасноста преку овозможување третман на поголем обем на книги во пократок временски рок и ќе го прошири пристапот до збирките за истражувачите, научниците и пошироката јавност. Дополнително, опремата поставува преседан за пофалба за другите библиотеки и архиви низ целата земја.”

За проектот

Проектот EU4Culture е финансиран од Европската унија (EU) и го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS) во тесно партнерство со Министерството за култура на Албанија. Фокусот на проектот е на реновирање и ревитализација на главните објекти на културно наследство оштетени од земјотресот и претставува една од најголемите програми за културно наследство финансирани од Европската Унија со вкупен буџет од 40 милиони евра.

Памела Лама, Регионален менаџер на UNOPS за Албанија, ја пренесе својата благодарност до Европската делегација во Албанија за изборот на UNOPS како доверлив партнер во спроведувањето на овој проект и го пофали Министерството за култура за нивната продуктивна соработка. Таа изјави: „Оваа опрема ги гарантира највисоките стандарди во зачувувањето и реставрацијата на книгите, ќе ја подобри ефикасноста прекуовозможување третман на поголем обем на книги во пократок временски рок и ќе го прошири пристапот до збирките за истражувачите, научниците и пошироката јавност. Дополнително, опремата поставува преседан за пофалба за другите библиотеки и архиви низ целата земја “,нагласи г-ѓа Лама.

ЕУ организира чистење на плажите на Преспанското Езеро

Во неделата, 17. септември 2023 г., во 12.00 часот, на Преспанското Езеро, шефот на Делегацијата на ЕУ – Бен Нупнау и градоначалникот на Ресен – Јован Тозиевски, ја започнаа првата акција #ЕУЧистењеНаПлажи (#EUBeachCleanup) во Северна Македонија. Акцијата за чистење е глобална иницијатива која годинава ќе биде организирана на плажата Сливница преку мрежата Млади европски амбасадори „Западен Балкан“ („We Balkans”), финансирана од ЕУ.

 

Иницијативата за чистење плажи се случува на глобално ниво секоја трета недела од септември. #ЕУЧистењеНаПлажи (#EUBeachCleanup) е кампања организирана од Европската комисија во соработка со Европската служба за надворешно дејствување и ОН. Иницијативата се случува на секаков вид крајбрежја, со крајна цел покренување на свеста за предизвиците кои ги носи морското ѓубре и пластичниот отпад.

 

Се проценува дека годишно околу 37 милиони тони пластичен отпад ќе допрат до океанот до 2040 г. Денес, пластичното загадување е масивен проблем, но дури и најмалите акции можат да направат значителна разлика. Секое шише, сламка и отпадок кои ќе бидат исчистени ќе придонесат за почиста и поздрава планета.

 

Годинава, брегот на Преспанското Езеро беше исчистен од 20 млади европски амбасадори од Западен Балкан кои им се придружија на своите врсници од Северна Македонија за да ја исчистат плажата Сливница. Ова е третпат како Младите европски амбасадори од регионот учествуваат на настанот организиран преку проектот „Западен Балкан“, финансиран од ЕУ. Оваа активност на заедницата, поддржана од Делегацијата на ЕУ, „Europe House“, како и општината Ресен, ќе го охрабрат населението да ги исчистат плажите на Преспанското Езеро од отпадоците кои ги загадуваат езерото и неговата околина. 

„Обединети во различноста“ – ЕУ на Парадата на гордоста во Белград

Под слоганот #ЕУзаСите и „Обединети во различноста“, членови на делегацијата на ЕУ во Србија и амбасадите не земјите-членки присуствуваа на Парадата на гордоста во Белград. „Среќни сме што учествуваме на Парадата на гордоста и сакаме да потенцираме дека се заложуваме за еднаквост и сме против секаква форма на дискриминација. Сакаме сите да уживаат во истите човекови права, самите да избираат кого ќе љубат, а мисијата на Парадата на гордоста е луѓето од ЛГБТ+ заедницата да ги имаат истите права како сите други,“ изјави амбасадорот на ЕУ во Србија – Емануеле Џауфрет.
 

Заедно со амбасадите на земјите-членки, Џауфрет испрати порака за толеранција, љубов и недискриминација.

 

Маршот на гордоста започна низ централните улици во Белград, со поаѓање од паркот Мањеж. Меѓу учесниците беше и министерката за европска интеграција, Тања Мишчевиќ, која потенцираше дека пораката на годинешниот марш е „заштита на правата на секој граѓанин“ за припадниците на која и да било малцинска заедница. „Неделава зборуваме за правата на ЛГБТ+ заедницата, права кои сè уште се специфични и бараат дополнителна заштита, бидејќи постои недоразбирање за тоа што го зборуваме,“ изјави Мишчевиќ на Маршот на гордоста.

 

Таа додаде дека државата работи на сите проблеми кои се важни за заштита на правата на ЛГБТИ+ заедницата, кои, според неа, се однесуваат на подобро разбирање за почитување на нивните права, но исто така и специфична заштита.

 

Директорот на Парадата на гордоста во Белград – Горан Милетиќ потсети дека станува збор за 15. Парада на гордоста, но дека пет паради биле исто така забранети. „Не сме нималку близу до исполнување на барањата, затоа што од 2014 г., па сè до лани, чувствуваме дека нешто се случува, имаше сè помало и помало присуство на полиција, се изготви Закон за истополови заедници, но истиот беше одложен, а парадата „Europride“ беше забранета,“ изјави Милетиќ.

 

Барањата кои ЛГБТ+ заедницата во Србија ги истакнува по десетти пат се закони за истополови заедници и родов идентитет, побрзо решавање на случаите со насилство против лицата од ЛГБТ+ заедницата и други.

 

За време на Неделата на гордоста, амбасадорот на ЕУ – Емануеле Џауфрет и заменик амбасадорот Пламена Халачева присуствуваа на неколку настани организирани од организаторите на Неделата на гордоста. Заедно, присуствуваа на Неделата на гордоста на Калемегдан, а заменик амбасадорот Халачева присуствуваше и на отворањето на конференцијата за човекови права.

Трансформирање на образованието во Албанија: илјадници деца ја започнуваат новата школска година во модерни објекти

Над единаесет илјади ученици и 748 наставници во Албанија ја започнаа школската година во нови објекти благодарение на поддршката од програмата „EU4Schools“. Како дел од оваа програма, беа завршени над 40 училишта, а 16 се моментално во процес на изградба. Овие модерни училишта и градинки се поцврсти, побезбедни и попристапни; изградени заедно со локалната заедница.  
„Горд сум што денес се враќам во Албанија и ги гледам овие неверојатни резултати кои ги постигнавме со нашиот партнер за имплементација – „Програма за развој на ОН“ во Албанија. Брзата и ефективна реакција на ЕУ во процесот на пост-земјотресно закрепнување на образовниот сектор во Албанија сега е голема реалност за албанскиот народ,“ изјави вршителот на должност, амбасадор Луиџи Сорека.  
„ЕУзаУчилиштата“ („EU4Schools“) е програма финансирана од ЕУ како одговор на процесот на закрепнување по земјотресот на 26. ноември, 2019 г. Програмата е имплементирана од „Програмата за развој на ОН“, во соработка со владата на Албанија. Истата има за цел да ги поддржи граѓаните на Албанија во единаесет погодени општини, особено: Круја, Драч, Курбин, Камза, Каваја, Тирана, Мирдита, Лежа, Рогожина, Шијак и Вора во доменот на образованието. Програмата ќе обезбеди брза помош за возобновување на образовните услуги во локалните заедници со цел учениците да изгубат минимум школски денови со што ќе се овозможи постепено нормализирање на животот на погоденото населени во овие општини, а образованието ќе биде најголем приоритет.