Skip to main content

Area of Cooperation: Economy

Денес, во Северна Македонија, пристигна кампањата „ОД НАС НАПРАВЕНО“

Кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“, финансирана од ЕУ, а до вас доведена од страна на „WeBalkans“, неделава пристигна во Северна Македонија. Кампањата за сензибилизација има за цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Протагонисти на кампањата се 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан кои ќе патуваат ширум регионот, во парови. Секој пар ќе ги споделува искуствата од патувањето преку креирање сопствена онлајн содржина.

 

Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија беше домаќин на медиумски „бранч“ за објавување на почетокот на патувањето во Северна Македонија. Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Северна Македонија, ги поздрави влогерите и ги пофали за нивниот придонес за промовирање на ЕУ и Северна Македонија.

 

Влогерите Елена Василевска (@vasilevska_elena) од Северна Македонија и Ник Ван Путт’ (@traveltower) од Белгија, денес поаѓаат на нивното патување. Ќе патуваат седум дена, од 2. до 8. мај, прикажувајќи го најдоброто од Северна Македонија, како и инвестиции од ЕУ во регионот. Ќе посетат различни места; вклучително и историскиот град Охрид, иновативни проекти и туристички бизниси поддржани од ЕУ. Меѓу проектите, финансирани од ЕУ, кои ќе ги посетат се: Авантуристичкиот парк Скопје; проект кој им овозможува на жителите на Скопје да искусат авантуристичка забава; и извидничкиот камп Струга – познат камп за одмор во близина на градот Струга; како и Хераклеја Битола – еден од најпознатите археолошки локалитети во Северна Македонија.

 

Кампањата започна на 18. април и ќе трае до 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од шесте партнерски држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот на патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

Недела на можности во ЕУ – откриј што ти нуди ЕУ

ЕУ нуди најразлични можности за граѓаните на Србија, институциите, компаниите и организациите; од финансиска помош, па сè до бесплатно патување и програми за размена. Ова е првичната порака на Неделата на можности во ЕУ – уникатен настан кој ќе се одржи од 15. до 21. мај во Белград (МТС Хол), Ниш (Хотел Амбасадор) и Нови Сад (Саем во Нови Сад). Неделата на можности во ЕУ е организирана во соработка со Делегацијата на ЕУ во Србија и Владата на Република Србија.

 

Во текот на шест дена, ќе се одржат преку 120 информативни сесии; нудејќи им на присутните можност да научат како да се пријават за програмите, проектите и фондовите на ЕУ. Ќе им бидат претставени и бројни можности на претприемачите, бизнисмените, земјоделците, студентите, учениците, иноваторите, институциите, локалните влади, организациите на граѓански здруженија и останатите организации.

 

Бројни говорници ќе анализираат теми од областа на економијата и ќе споделат конкретни информации во врска со фондовите од различни полиња како, на пример, бизнис, иновации, образование, култура и останати сегменти на соработка. Неделата на можности во ЕУ ќе заврши со фокус на земјоделството, а сесиите ќе се одржат за време на годинешниот „Саем на земјоделство“ во Нови Сад.

Кампањата „ОД НАС НАПРАВЕНО“ денес пристигнува во Косово

Кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“, финансирана од ЕУ, а до вас доведена од страна на „WeBalkans“, неделава продолжува во Косово. Кампањата за сензибилизација има за цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Протагонисти на кампањата се 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан кои ќе патуваат ширум регионот, во парови. Секој пар ќе ги споделува искуствата од патувањето преку креирање сопствена онлајн содржина.

 

Канцеларијата на ЕУ во Косово беше домаќин на медиумски ручек за објавување на почетокот на патувањето во Косово. Алесандро Бјанкарди, шеф на Одделот за соработка при канцеларијата на ЕУ во Косово, ги поздрави влогерите и ги пофали за нивниот придонес за промовирање на ЕУ и Косово.

 

Влогерите Алб Муџахири (@albfilmss) од Косово и Брајан Рокка (@brianrocca) од Холандија, денес поаѓаат на нивното патување. Ќе патуваат седум дена, од 25. април до 1. мај, прикажувајќи го најдоброто од Косово, како и инвестиции од ЕУ во регионот. Ќе посетат различни места; вклучително и историскиот град Призрен, планините Ругова, филмски фестивали, проекти за иновација и туристички бизниси поддржани од ЕУ. Дел од проектите, финансирани од ЕУ, кои ќе ги посетат се „Labbox“ – проект кој им овозможува на децата да експериментираат со мали проекти од доменот на инженерството и електрониката; „Докуфест“ – меѓународно признаен филмски фестивал и „Balkan Natural Adventure“ – компанија за туристички оператори која привлекува посетители од ширум светот во Косово.

 

Кампањата започна на 18. април и ќе трае до 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од шесте партнерски држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот на патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

 

Не пропуштајте ниту една секунда од ова возбудливо патување – заследете ги веднаш „WeBalkans“ и сите влогери на Инстаграм!

ОД НАС НАПРАВЕНО: Тукушто започна неверојатна авантура!

„WeBalkans“ и Директоратот за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) при Европската комисија со гордост го најавуваат почетокот на кампањата за сензибилизација „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“ со цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Форматот на кампањата вклучува 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан како протагонисти кои ќе патуваат ширум регионот, во парови; составени од еден влогер од ЕУ и еден од Западен Балкан. Секој пар ќе патува во една од шесте држави од Западен Балкан, споделувајќи ги искуствата преку креирање сопствена онлајн содржина.

 

Амбасадорката на ЕУ во Црна Гора, г-ѓа Оана Кристина Попа, амбасадорот на Италија, г-ѓа Андреина Марсела, и останати говорители, зедоа збор на настанот за отворање на кампањата кој се одржа во „Europe House“  Подгорица. Настанот вклучи храна инспирирана од ЕУ и Западен Балкан, музика и вмрежување со учесници на претходните кампањи „WeBalkans“, како и со локални црногорски инфлуенсери.

 

Влогерите кои ќе патуваат низ Црна Гора; Емир Цирикови, од Црна Гора, и Алис Франки, од Италија, беа присутни на настанот и одржаа говори заедно со останатите десет влогери кои се приклучија онлајн. По настанот, веднаш тргнаа на пат со автомобил.

 

Кампањата ќе трае вкупно шест недели, помеѓу 18. април и 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од партнерските држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

 

Не пропуштајте ниту една секунда од ова возбудливо патување – заследете ги веднаш сите влогери на Инстаграм!

СЕ ГРИЖИМЕ – ЗАЕДНО ПОДОБРО!

„Се грижиме за Европа, се грижиме за Србија и нејзините граѓани – подобро е кога сме заедно,“ е главната порака на кампањата во која учествуваат амбасадорите на ЕУ во Србија, заедно со амбасадорите на државите-членки.

 

На отпочнувањето на кампањата, амбасадорот Џауфрет и неговите колеги ги пречекаа претставниците на медиумите во резиденцијата на ЕУ во Белград. На настанот присуствуваше и министерката за европски интеграции, Тања Мишчевиќ, во дух на партнерството помеѓу Србија и ЕУ, како доказ за продолжувањето на патот кон европска интеграција на Србија.

 

Амбасадорот Џауфрет ја објасни мотивацијата за отпочнување на кампањата.

 

„Зошто ја отпочнуваме оваа кампања? Честопати, нè гледате во медиумите како дискутираме за политички прашања; како, на пример, дијалогот помеѓу Белград и Приштина или хармонизирање со надворешната политика. Се работи за важни теми, но, понекогаш, не објаснуваме зошто инвестираме толку енергија и ресурси. Одговорот се наоѓа во слоганот на кампањата: Се грижиме за Европа, се грижиме за Србија и нејзините граѓани – подобро е кога сме заедно,“ изјави амбасадорот Џауфрет.

 

Амбасадорите изјавија дека со оваа кампања сакаат да потенцираат дека се грижат за граѓаните на Србија, како и за истите работи кои ги засегаат – успешно земјоделство, зајакнување на компаниите, животна средина, обезбедување подобар квалитет на воздухот, патна инфраструктура и поврзаност, енергетска ефикасност и поддршка за надминување на енергетската криза, културно наследство, владеење на правото, образование и бројни други теми.

Непосредната финансиска помош на ЕУ за Косово надминува 1,3 милијарда евра

На 24. март, во Приштина, амбасадорот на ЕУ во Косово, Томас Суњог, ја претстави пред заменик премиерот, Бесник Бислими, шеснаесеттата последователна годишна финансиска спогодба помеѓу ЕУ и Косово во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Спогодбата, вредна 62 милиони евра, е дел од ИПА III за периодот 2021 – 2027 година, и го подигнува целосниот износ директна финансиска помош од ЕУ на над 1,3 милијарда евра, потврдувајќи дека ЕУ и нејзините земји-членки се главните финансиски донатори на Косово.

 

Ова е вториот договор за финансиска помош помеѓу ЕУ и Косово годинава; минатиот месец, ЕУ обезбеди 75 милиони евра за Косово во рамки на Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан; со цел помош за подобро справување на граѓаните и бизнисите со зголемените енергетски цени, стимулирање штедење енергија и подобрување на енергетската ефикасност.

 

Спогодбата за финансирање, потпишана денес од заменик премиерот Бислими ќе му помогне на Косово да ја подобри социо-економската интеграција на немнозинските заедници и повратниците, овозможувајќи развој на инфраструктурата за управување со отпад и отпадни води, вклучително и канализацискиот систем во главниот град Приштина, подобрување на енергетската ефикасност во јавниот сектор и хармонизирање на косовските закони со владеењето на правото во ЕУ, како и поддршка за професионалците од сферата на правото.

 

ЕУ започна со обезбедување на ИПА средства уште во 2007 година. Програмите ИПА I и ИПА II го опфаќаат периодот од 2007 до 2020 година; вклучително и 14 годишни финансиски спогодби вредни 1,2 милијарда евра. Програмата ИПА III го опфаќа периодот меѓу 2021 и 2027 година, а годишните финансиски спогодби започнаа да се имплементираат лани; почнувајќи со спогодбата за 2021 година, вредна 64 милиони евра, како и спогодбата за 2022 година, доделена денес, во вредност од 62 милиони евра.

ЕУ и Албанија ги финализираат спогодбите ИПА22 и ИПА23, обезбедувајќи 162,6 милиони евра помош од ЕУ за Албанија

На 24. март, Советот министри при владата на Албанија ги одобри финансиските спогодби помеѓу Европската комисија и Република Албанија; во рамки на Годишните акциски планови за 2022 и 2023 година, како дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) III.

 

Програмата за 2022 година (ИПА22) вклучува придонес од ЕУ, во висина од 82,6 милиони евра, кој ќе ги опфати сферите на заштита на животна средина, развивање перспективи за младите, зајакнување на демократијата, усогласување со правото на ЕУ, продолжување на борбата против организиран криминал, зајакнување на судството; како и поддршка за реформите за исполнување на нормите и стандардите на ЕУ. Програмата за 2023 година (ИПА23) ќе овозможи дополнителни 80 милиони евра поддршка за справување на Албанците со социо-економските последици од енергетската криза. Средствата од двете програми доаѓаат во форма на грантови кои не треба да се отплаќаат од страна на Албанија.

 

Програмата ИПА23 ќе ги поддржи Албанците за справување со социо-економските последици на енергетската криза преку финансирање на одговорот на владата на Албанија за енергетската криза; кој предвидува:

 

– Субвенции за сметките за енергија за над 1 милион албански домаќинства;

 

– Поддршка за 168000 мали и средни претпријатија во Албанија за надоместување на високите енергетски цени.

 

Оваа поддршка е дел од пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан, вреден 1 милијарда евра, објавен на Самитот Западен Балкан во Тирана во 2022 година.

Бонтекс: Иновации во текстилната индустрија во Босна и Херцеговина

Инспиративната приказна за успешно враќање на претприемач во својата родна земја.

Сенаид Хусиќ замина од својата татковина, Босна и Херцеговина, кон крајот на 1980-тите. Поради тоа штоекономијата во Југославија се влошуваше, тој се пресели во Швајцарија со стремеж да обезбеди подобар живот за себе и за своето семејство. Во текот на неколку години, тој имаше различни менаџерски позиции во различни индустрии, вклучувајќи го и секторот за информатичка технологија. По успешната професионална кариера која траеше повеќе од 25 години во Швајцарија, Сенаид реши да се врати во својата родна земја, во почетокот 2000-те и да основа компанија во Босна и Херцеговина. Во консултација со неговите деловни соработници и пријатели во Швајцарија, тој одлучи да инвестира во фабрика запроизводство на кошули, што доведе до основање на Бонтекс (Bontex) во 2004 година.

“Моментално, доминираме на околу 80% од пазарот на кошули во Швајцарија, а во догледно време, ќе воспоставиме уште едно меѓународно партнерство во Австрија, каде што снабдуваме медицинска облека. Во последниве години, соработувавме и со партнери во Германија и други земји“.

Првично, Бонтекс вработи приближно 50 вработени и влезе во партнерство со швајцарска компанија за извоз на кошули во Швајцарија. Ова партнерство значително се прошири со текот на времето. Адмира Басиќ работи како генерален директор во Бонтекс повеќе од седум години. „Моментално доминираме наоколу 80% од пазарот на кошули во Швајцарија, а во догледно време, ќе воспоставиме уште едно меѓународно партнерство во Австрија, каде што снабдуваме медицинска облека. Во последниве години, соработувавме и со партнери во Германија и други земји “, објаснува Адмира.

Понатаму во овој контекстот, продолжува Амира: покрај висококвалитетните производи, клучот за нивниот успех лежи во близината на нивната фабрика до земјите од ЕУ. Покрај тоа, за разлика од нивнатаконкуренција, тие можат да опслужат нарачки во мали количини. И покрај тоа што со години снабдуваше бројни компании и брендови, Бонтекс претходно не вршеше продажба под својот бренд. „Многуинвестиравме во технологија и во нашата работна сила и немавме шанса да се фокусираме на брендирање и маркетинг на наши сопствени производи“, објаснува Адмира. Сепак, можност за такво нешто се појави со повикот за предлози лансиран од програмата EU4 Business, финансирана од ЕУ, наменета за помош на компаниите во Босна и Херцеговина да се опорават од пандемијата со Ковид-19. Со поддршка од програмата за опоравување EU4 Business, Бонтекс лансираше нова веб страна и онлајн продавница, формираше единица за дизајн во рамките на компанијата за да создаде дизајни со брендот Бонтекс и набави квалитетни материјали за нивните нови производни линии.

“Нашиот дизајнерски тим, составен од пет млади колеги, испорача импресивни резултати и јас сум оптимист за иднината на нашата компанија. Добивме шанса и покажавме дека можеме да ја оправдаме таа доверба“.

За проектот

EU4Business е проект на ЕУ кој има за цел да го зајакне капацитетот на Босна и Херцеговина за економски раст и вработување преку поттикнување на конкурентноста и иновациите во одредени сектори. Буџетот на проектот изнесува 16,1 милиони евра: 15 милиони евра финансирани од Европската Унија и 1,1 милиони евра од Сојузна Република Германија.

EU4Business е дел од Стратегиите за локален развој на германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој – Програма за локална самоуправа и економски развој во Босна и Херцеговина.

Со неодамна добиената поддршка од програмата за опоравување EU4 Business, Бонтекс предвидува раст на приходите од 30% во блиска иднина. „Нашиот дизајнерски тим, составен од пет млади колеги, испорачаимпресивни резултати и јас сум оптимист за иднината на нашата компанија. Добивме шанса и покажавме дека можеме да ја оправдаме таа доверба “, вели Адмира.

Во моментов, Бонтекс има работна сила од 200 вработени, а планираат во следните неколку годините, да го зголемат овој број на над 300. Дополнително, тие планираат да продолжат да инвестираат во технологија и маркетинг на својот бренд.

„Proton Cable“: пионер за одржливо и иновативно производство на кабли во Косово

Како поддршката на ЕУ им овозможи на протонските кабли да станат лидер на пазарот за кабли без халоген во Западен Балкан и глобално да се прошират.

„Proton Cable“, компанија специјализирана за електрични жици и производство на кабли во Косово, брзо се етаблира како клучен играч во Западен Балкан, уште од формирањето во 2010 година. Патувањето дотука било предизвикувачко, но успешно со поддршка од ЕУ. Бесим Дида, управувачки партнер на „Proton Cable“, објаснува дека визијата на компанијата уште од почетокот била да воведе новитети на пазарот за кабли. Пред да започнеме со производство, каблите на пазарот немаа брендирање. Сите знаеја дека има кабли, но немаше име на бренд отпечатен на кабелот, а каблите не беа дистрибуирани во брендирано пакување,“ вели Бесим.

„Дознавме, исто така, дека нема производство на кабли без халоген во нашиот регион, а цената на технологијата за нивно производство беше релативно висока.“

Во 2017 година, компанијата ја отворила секцијата за процесирање бакарни жици, зголемувајќи ја самостојноста за суровини и одржливоста на пазарот. Како компанија фокусирана на иновација и следење на развојот на меѓународниот пазар, откриле дека ЕУ вовела нова директива според која каблите кои се користат во јавните простори треба да бидат без халоген. Овие кабли, во контакт со оган, не треба да испуштаат штетни гасови кои би биле штетни за животната средина или за човечкото здравје. „Дознавме, исто така, дека нема производство на кабли без халоген во нашиот регион, а цената на технологијата за нивно производство беше релативно висока,“ вели Бесим.

„Proton Cable“ одлучиле да станат првата компанија во регионот која вовела кабли без халоген, компатибилни со стандардите на ЕУ. Компанијата успешно ја отворила фабриката за кабли и бакарни жици; но, бидејќи оваа иницијатива била финансиски особено предизвикувачка, побарале помош, а поддршката дошла од ЕУ. ЕУ ги поддржала при набавката на производствена лента за кабли без халоген, како и лента за обвивање со гранулатори.

Дополнително, компанијата ја искористила приликата која се појавила поради недостатокот на произведувачи за обвивање со гранулатори предизвикан од војната во Украина. „Како што ја имавме ставено во употреба технологијата набавена со поддршка на ЕУ, одлучивме да ја искористиме приликата и да го прошириме нашиот пазар,“ вели Бесим. „Proton Cable“ започнале со извоз до соседните држави и дополнително го прошириле својот пазар во Австрија и Хрватска.

„Грантот од ЕУ беше пресвртна точка за нас. Ние сме првиот произведувач на кабли без халоген во регионот, а сега извезуваме дури и во земјите на ЕУ.“

За проектот

 Проектот „Поттикнување вработување на луѓе во неповолна ситуација и зголемување на конкурентноста на индустријата за електрична инсталација во Косово во согласност со принципите за одржлив и општествено инклузивен развој“ беше отпочната во 2020 година. Целта на проектот е да поттикне вработување, да ја зголеми општествената инклузија и да создаде одржлив модел на претпријатија во Косово.

 Во „Proton Cable“ со нетрпение очекуваат да го прошират својот пазар, а лобираат и при институциите за усвојување на директивата на ЕУ за електрични кабли во јавните простори во Косово. „Грантот од ЕУ беше пресвртна точка за нас. Ние сме првиот произведувач на кабли без халоген во регионот, а сега извезуваме дури и во земјите на ЕУ,“ вели Бесим.

Благодарение на добиената поддршка, „Proton Cable“ го зголемиле бројот на вработени. 129 лица биле обучени за основите на електричната инсталација и употреба на кабли без халоген; од кои 17 лица веднаш добиле вработување во фабриката на „Proton Cable“. Педесетмина го завршиле стажот додека, пак, останатите 58 се дообучиле и нашле работа во други компании.

ЕУ договара 24 нови гарантни програми за поттикнување инвестиции во регионите на проширување и соседството

Управниот одбор на Европскиот фонд за одржлив развој плус (EFSD+) денес одобри дополнителен пакет од 24 гарантни програми за поддршка на инвестиции во државите за проширување и во соседството. Заедно со трите гарантни програми за поддршка на малите и средни претпријатија во  Западен Балкан, одобрени во декември; новите гарантни програми, вредни 2,4 милијарди евра, се очекува да генерираат инвестиции во висина од 17 милијарди евра во приоритетни сектори, вклучително и обновлива енергија, дигитално поврзување и конкурентност на приватниот сектор; и тоа во рамки на Економските и инвестициски планови кои претставуваат начин за испорака на Глобалниот портал во Западен Балкан, како и во Јужното и Источното соседство. Европскиот фонд за одржлив развој плус (EFSD+) е финансискиот орган во чии рамки Инструментот за соседство, развој и меѓународна соработка на ЕУ – Глобална Европа, овозможува гарантни програми за ублажување на ризикот за инвестиции во насока на приоритетите на ЕУ во партнерските држави.

 

Европските и меѓународни финансиски институции; како, на пример, Европската инвестициска банка, Европската банка за реконструкција и развој и националните банки за развој во ЕУ, заеднички ќе работат со Европската комисија за да овозможат можности за инвестиции, усогласени со водечките планови на Економскиот и инвестициски план, кои се очекуваат да привлечат приватни инвеститори.

 

По потпишувањето на гарантните спогодби од страна на ЕУ и единаесет европски и меѓународни финансиски институции; како Европската инвестициска банка, Европската банка за реконструкција и развој и националните банки за развој; овие ентитети ќе добијат три години за да генерираат инвестиции во следните сфери: конкурентност на приватниот сектор и агенда за иновации во Западен Балкан, поврзаност на Црното Море со Источното соседство, енергетска транзиција и безбедност во Јужното соседство итн. Се очекува, исто така, гарантните програми на ЕУ да ги зголемат финансиите на банките за малите и средни претпријатија, како и да го зголемат издавањето на зелени обврзници во партнерските држави на ЕУ.