Skip to main content

Младите европски амбасадори (YEA) учествуваат во дебата за зајакнување на жените во Белград

Хибридниот мини фестивал „EU4Balkans“ зазеде место во Белград на крајот од март. Настанот беше дел од активностите за соработка организирани од страна на Генералната дирекција за регионална и урбана политика на Европската Комисија и организаторите на фестивалот „Balkan Trafik“. Преку дебата, културни настани и состаноци со заменик министерот за култура и медиуми на Србија, настанот опфати серија значајни прашања како, на пример: невработеноста кај младите, инклузија и развој на руралните подрачја во Западен Балкан.

 

Во дебатата учествуваа и младите европски амбасадори (Young European Ambassadors (YEAs)) и се фокусираа на проблематиката за зајакнување на жените. Учесниците потенцираа дека зајакнувањето на жените подразбира овозможување на средства и вештини за напредување, за да бидат независни и да можат да го променат општеството.

 

Настаните „EU4Balkans“ целат кон подигнување на видливоста на меѓурегионалната соработка како дел од ИПА инструментот за претпристапна помош и позитивно влијание на политиките за проширување на ЕУ.

Отворен повик за наградата на ЕУ за истражувачко новинарство

Повикот за наградата за истражувачко новинарство на ЕУ за 2022 година е официјално отворен. Индивидуално или групно, новинарите од Западен Балкан и Турција можат да се пријават во секаква новинарска форма (печатена, онлајн, радио или ТВ) објавена или емитувана во медиумите на секоја држава на официјални, малцински или меѓународни јазици во текот на 2021 година. Крајниот рок за поднесување на пријавите е 8. мај 2022.  
Право на учество имаат истражувачките приказни поврзани со слобода на изразување, владеење на правото, транспарентност, злоупотреба на сила и основни права, корупција и организиран криминал. Фондот на наградата, во секоја држава, изнесува 10000 евра; а е сочинет од прва награда во вредност од 5000 евра, втора награда во вредност од 3000 евра и трета награда во вредност од 2000 евра.  
Наградите за истражувачко новинарство на ЕУ во Западен Балкан и Турција имаат за цел да ги чествуваат и промовираат високите достигнувања на истражувачките новинари, како и да ја подобрат видливоста на квалитетното новинарство во регионот. Наградите се дел од тековниот проект со наслов „Зацврстување на квалитетни вести и независно новинарство во Западен Балкан и Турција“, финансиран од Европската Унија.

Младите од Црна Гора дискутираат со дипломати за европските вредности

Црногорската филијала на Регионалното биро за младинска соработка (Regional Youth Cooperation Office (RYCO)) го организира настанот „Младите земаат збор“ (Youth Talks) во Херцег Нови на 7. април. Над 30 млади, помеѓу 15 и 25 години, зедоа учество во настанот во соработка со Амбасадата на Франција, а поддржан од Секретаријатот за култура и образование на Херцег Нови. Целта беше доближување на младите од Црна Гора до основачките идеи и вредности на ЕУ.
 
На настанот присуствуваше амбасадорот на Франција во Црна Гора, Кристијан Тимонје; заменик-шефот на мисијата на амбасадата на Чешка, Петра Али Долакова; ополномоштениот министер на амбасадата на Словенија, Горанка Крошељ; заменик-шефот на мисијата на амбасадата на Унгарија, Мира Вуити; и Изабел Тома Делиќ од Европското биро за интеграција. Младите кои присуствуваа добија можност директно да им се обратат на дипломатите и да дознаат повеќе за вредностите на ЕУ, како и за можностите кои ЕУ им ги нуди на младите.
 
Во насока на приоритетите на француското претседавање со Советот на ЕУ, амбасадата на Франција во Црна Гора и Регионалното биро за младинска соработка во Црна Гора планираат да организираат серија настани „Младите земаат збор“ (Youth Talks) во различни делови во Црна Гора. Следните настани ќе се организираат во Беране, Пљевља и Улцињ.

4,65 милиони евра за поддршка на претприемништвото во Ромските заедници

Европскиот инвестициски фонд (European Investment Fund (EIF)) потпиша гарантен договор со „REDI Economic Development S.A.“ кој ќе обезбеди 4,65 милиони евра за претприемачите кои работат во Ромските заедници во Романија, Бугарија, Србија и Северна Македонија. Оваа иницијатива, поддржана од ЕУ, а обезбедена под покровителство на Програмата за вработување и општествена иновација, на ЕУ, ќе обезбеди финансии за преку 300 мали бизниси и создавање на, најмалку, 1000 работни места.  
Финансиите ќе бидат достапни за микро претпријатијата, активни во маргинализираните Ромски заедници, кои ќе можат да добијат заем до 25000 евра. Покрај финансиска поддршка, „REDI“ обезбедува, исто така, и техничка поддршка за претприемачите, како и поддршка за достапност за Ромските задници. Станува збор за првиот финансиски инструмент на ЕУ, специјално насочен за Ромски заедници, кој обезбедува инклузивни можности за вработување.

Изложба за поддршката на ЕУ за транспортниот сектор во Србија

Како начин за доближување на жителите на градот Ниш до развојните приоритети во транспортниот сектор, организирана е изложбата со наслов „Поддршка на ЕУ за транспортниот сектор во Србија“ која зазема место во просториите на EU Info Point во Ниш. Изложбата прикажува клучни инвестициски проекти; како, на пример: реформите во патниот транспорт, воведувањето на модерни и ефикасни практики за одржување на инфраструктурата, како и поддршка за патната безбедност.  
Изложбата следува по потпишувањето на договорот за соработка помеѓу Европската инвестициска банка (European Investment Bank (EIB)) и градот Ниш, на почетокот од годината, со цел финансирање на развојот на одржлив транспортен план. Договорот создава услови за воведување поефикасен транспортен систем, како и отстранување на товарниот сообраќај од меѓуградскиот железнички коридор.  
Иницијативата е во контекст на инвестицијата на Европската Комисија, вредна 3,2 милијарди евра, која поддржува 21 проект во доменот на транспортно, дигитално, климатско и енергетско поврзување во регионот на Западен Балкан. Ова е првиот позначаен пакет проекти во рамки на амбициозниот Инвестициски план за Западен Балкан 2021 – 2027 на ЕУ. Истиот ќе им овозможи на жителите на Ниш да дознаат повеќе за инвестициите, планирани од ЕУ, по должината на патниот и железнички Коридор 10; модернизацијата на железничките линии Белград – Ниш и Ниш – Прешево – Димитровград, како и долго најавуваната обиколница „Ниш“ и инфраструктурната модернизација на внатрешните водни патишта во Србија.

Соларна централа, финансирана од ЕУ, во Северна Македонија започнува со производство на електрична енергија

Првата голема соларна централа во Северна Македонија е поврзана со електричната мрежа и веќе произведува електрична енергија. Централата е финансирана со поддршка на билатералните донатори на Инвестициската рамка за Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework (WBIF)) и Европската банка за реконструкција и развој (European Bank for Reconstruction and Development (EBRD).  
Фотоволтаичката централа, со капацитет од 10 мегавати, беше изградена од јавното претпријатие ЈСЦ Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) на местото на поранешниот рудник за лигнитен јаглен – Осломеј. Централата е дел од поголем напор за прочистување на местото, диверзификација на енергетските извори, како и поддршка за декарбонизација. Се очекува, годишно, да произведува приближно 15 гигавати електрична енергија и да заштедува 12,177 тони CO2.  
Во насока со пристапот на Тимот Европа, Европската банка за реконструкција и развој обезбеди заем од 5,9 милиони евра, надополнет со грант во висина од 1,6 милиони евра од билатералните донатори на Инвестициската рамка за Западен Балкан и државен придонес од 1,3 милиони евра. Дополнително, Италија го поддржа проектот преку финансирање на проценката за техничка изводливост.  
Соларната централа „Осломеј 1“ е еден од 21 водечки проекти во регионот на Западен Балкан, избрани за финансирање од ЕУ преку Инвестициската рамка за Западен Балкан во 2022. Проектот беше идентификуван како Водечки проект 4, за обновлива енергија, во рамки на Инвестицискиот и економски план на ЕУ за Западен Балкан за периодот 2021 – 2027.

Фондот Западен Балкан прогласува 30 победнички проекти

Фондот Западен Балкан ја објави листата со 30 победнички проекти од четвртиот повик за предлози, ко-финансиран од ЕУ преку Инструментот за претпристапна помош.

 

Севкупната цел на проектите кои треба да се имплементираат во рамки на овој повик за предлози е промоција на учеството на организациите на граѓанското општество и групните организации во регионални проекти во Западен Балкан. Станува збор за можности за соработка на општествени, културни, научни и економски теми; вклучувајќи родова еднаквост и инклузија на хендикепи, со цел подобрување на соседските односи и помирување.

 

Преку 800 организации на граѓанското општество ширум Западен Балкан поднеле свои предлози во рамките на овој повик. Работилниците и церемонијата за доделување на награди ќе се одржат во Тирана на 13. и 14. април.

Новинарите се обучуваат за безбедно и етичко известување во кризни ситуации

Со цел подобрување на новинарското известување во кризни ситуации, „BIRN“ Косово организираше обука за 18 новинари и студенти по новинарство, снабдувајќи ги, притоа, со неопходно знаење и нудејќи им, исто така, добри практики за известување во време на протести; со посебен фокус на контексти со насилство.

 

Обуката, финансирана од ЕУ, беше сочинета од две сесии – првата, одржана од Амир Гергури, Командант на специјалните единици во косовската полиција, фокусирана на комуникација со безбедносните институции во време на кризни ситуации, а втората, одржана од Крешник Гаши, главен уредник на KALLXO.com, која се однесуваше на безбедно и етичко известување во кризни ситуации. На учесниците им беа дадени примери од теоретската рамка во пракса и можност да поставуваат прашања и да ги споделат своите искуства.

 

Обуката беше организирана како дел од проектот „Обезбедување на безбедна средина за новинарите за време на протести“, финансиран од канцеларијата на ЕУ во Косово.

Почеток на кампањата „Не за омразата. Сподели љубов!“ во Сараево

Европската Унија и Советот на Европа, официјално ја започнаа кампањата „Не за омразата. Сподели љубов!“ на настан во Сараево; пренесувајќи порака дека секој граѓанин на Босна и Херцеговина може да има важна улога при намалувањето на говорот на омраза преку позитивен јазик и меѓусебна почит.

 

За време на настанот беше потенцирано дека секој еден може да биде изложен на говор на омраза, но дека најпогодени, без сомнеж, се ранливите категории. Спречувањето на говорот на омраза е нешто што најмногу зависи од секоја индивидуа, но секој може да се едуцира за последиците и да преземе акција.

 

Заменик раководителот на делегацијата на ЕУ, Јургис Вилцинскас, изјави дека ЕУ нема да остане со скрстени раце, туку ќе ѝ помогне на Босна и Херцеговина во борбата против говорот на омраза. „Насилството кое се случува на социјалните медиуми не останува на социјалните медиуми; тоа е вистинско насилство, но, затоа, пак, социјалните медиуми ни нудат начини за да се соочиме со оваа ситуација и да промовираме толеранција и меѓусебно разбирање онлајн. Верувам дека оваа кампања ќе ни помогне да ги прошириме пораките за мир и диверзитет,“ сподели Вилцинскас.

 

Кампањата „Не за омразата. Сподели љубов!“ има за цел борба против различните форми на говор на омраза насочени кон специфични заедници или индивидуи во Босна и Херцеговина, но, исто така, цели и кон информирање на јавноста, особено младите генерации, преку споделување на содржини против говорот на омраза на социјалните медиуми, а и преку организирање на јавни настани. Овие активности вклучуваат проминентни лица од јавниот живот, институции и активисти кои ќе промовираат диверзитет и еднаквост во Босна и Херцеговина и регионот, преку раскажување на лични приказни, сведоштва и размена на добри практики.

 

Кампањата е имплементирана во рамки на иницијативата „Промоција на диверзитет и еднаквост во Босна и Херцеговина“, дел од заедничката соработка на ЕУ и Советот на Европа во склоп на програмата „Хоризонтален фонд за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“.

Советот за регионална соработка ја започнува наградата „Иновација пеперутка“

Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council (RCC)) ја започнува наградата „Регионална иновација пеперутка“ во потрага по иновативни, развојни и пазарно засновани решенија од Западен Балкан. Фондот на наградата „Иновација пеперутка“ изнесува 30000 евра; со тоа што најдобрите решенија во шест категории добиваат награда од 5000 евра.

 

Кандидатите можат да се пријават за, најмногу, две од следните категории:

 
  • Индустриска иновација вклучително преработување метали, креативни индустрии, земјоделско-прехранбена индустрија, зелена и циркуларна економија, туризам, биотехнологија, како и технологија во образовниот и здравствениот сектор;
  • Зелена иновација, на пример: климатска акција, одржлива енергија, мобилност и земјоделство, борба против загадување, заштита на природата и биодиверзитет;
  • Иновација „ STEM“ (наука, технологија, инженерство и математика);
  • Младинска иновација која ги препознава студентите на додипломски или постдипломски студии;
  • Универзитетска иновација која ја препознава претприемничката култура на универзитет;
  • Иновација на жени која ги препознава жените иноватори и претприемнички.
   

Првата регионална награда „Иновација пеперутка“ е креирана за охрабрување, промоција и поддршка на иновации и иноватори од Западен Балкан. Процесот за пријавување е отворен до 13. мај. Добитниците на наградата ќе бидат објавени на 27. јуни на настан кој ќе биде пренесен во живо на социјалните медиуми преку профилот на Советот за регионална соработка. Наградата е финансирана од ЕУ, а имплементирана од Советот за регионална соработка како дел од Заедничкиот регионален пазарно-акционен план (Common Regional Market Action Plan) за Западен Балкан.