Skip to main content

Поврзување на Западен Балкан преку Транс-балканскиот коридор за електрична енергија

Заедно со останатите партнери од Западен Балкан, Србија е во процес на изградба и поврзување преку Транс-балканскиот коридор за електрична енергија, долг 371,3 километри, за кој Инвестициската рамка Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework (WBIF)) обезбедува 32,1 милион евра неповратен фонд од ЕУ.

   

Данко Гавриловиќ, координатор на Инвестициската рамка Западен Балкан за Србија, ја истакнува важноста на проектот за економијата, поврзувањето и одржливоста на развојот на обновлива енергија. „Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан 2021 – 2027 е одраз на напорите на ЕУ да поттикне долготрајно зацврстување на државата и регионот, со поддршка на така наречената зелена и дигитална трансформација и забрзување на регионалното поврзување, како и поврзувањето со ЕУ. Забрзаниот развој на одржливите капацитети бара и развој на преносната мрежа,“ изјави Гавриловиќ.

   

Проектот беше категоризиран како водечки проект за транзицијата од јаглен, а, исто така, претставува и инвестициски приоритет за чиста енергија; како што е одлучено во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан 2021 – 2027. Проектот е дел од пошироката поддршка на ЕУ наменета за енергетскиот сектор; во текот на изминатите две децении, ЕУ инвестираше преку 830 милиони евра во енергетскиот сектор. Само во 2022 година, поддршката на ЕУ за енергетскиот сектор на Србија е проценета на 100 милиони евра.

   

Диверзификација на енергетските извори, безбедност на снабдување, енергетска ефикасност и декарбонизација на економијата, во согласност со Договорот од Париз, се главните цели на поддршката на ЕУ, која се имплементира во соработка со Владата на Србија. ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Србија во достигнувањето на правото на ЕУ и при креирањето на структури кои ќе поттикнат инвестиции во процесот на декарбонизација на енергетскиот сектор.

Почеток на кампањата „Не за омразата. Сподели љубов!“ во Тирана

Кампањата против говор на омраза – „Не за омразата. Сподели љубов!“, започна, на 25. март, во Тирана. Церемонијата за отворање ги собра, на едно место, лидерите, активистите и високите претставници од властите кои го дигнаа својот глас против говорот на омраза и се обврзаа да промовираат еднакво општество, без омраза и дискриминација.

 

Директорот на политичката секција на Европската делегација во Албанија, Алексис Ипан, ја потенцира важноста од зајакнувањето на процесите за борбата против говор на омраза. „Би сакал да ве поканам заедно да ја водиме оваа борба, да ги осудиме и пријавиме случаите на говор на омраза, и да сметаме еден на друг во обидот да направиме од Албанија подобро место, ослободено од дискриминација и омраза, со еднакви можности за сите.“

 

Даниела Корточи, млада европска амбасадорка од Албанија, го изјави следното: „Како млади европски амбасадори, нашиот главен интерес е наменско влијание ширум Западен Балкан. Да се влијае на младите подразбира меѓусебно слушање, споделување искуства и приказни поврзани со онлајн омразата и како да ја надминеме. Па, затоа, ајде да ја започнеме кампањата: не за омразата, споделете љубов.“

 

Кампањата „Не за омразата. Сподели љубов!“ претставува движење за подигнување на свеста започнато, во Западен Балкан, минатата година со цел информирање и ангажирање на локалните заедници во борба против различните форми на говор на омраза насочени кон ранливи групи или индивидуи како оние од ЛГБТИ заедницата, имигранти, луѓе со посебни потреби и етнички малцинства. Кампањата ќе продолжи во следните месеци со серија јавни настани кои ќе се промовираат преку веб сајтови и социјалните медиуми, но, исто така, и преку традиционалните медиуми.

 

Кампањата е имплементирана во рамки на иницијативата „Промоција на диверзитет и еднаквост во Албанија“ (Promotion of diversity and equality in Albania), како дел заедничката соработка помеѓу ЕУ и Советот на Европа; под наслов „Хоризонтален фонд за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022“ (Horizontal Facility for the Western Balkans and Turkey 2019-2022), која поддржува реформи во доменот на човекови права, владеење на правото и демократијата во согласност со европските стандарди и во склоп на процесот на проширување на ЕУ.

Нова поддршка за рурален развој за Албанија, Северна Македонија и Србија

The European Commission has adopted (IPARD) rural development programmes under the instrument for pre-accession assistance, offering €112 million for Albania, €97 million for North Macedonia and €288 million for Serbia. The programmes provide the basis for EU support in the field of agriculture and rural development until 2027.

 

Together with national public and private contributions, the IPARD programmes are expected to generate in total over €2 billion of investments in the rural areas of Western Balkans and Turkey. Through these programmes, countries pursue objectives related to the competitiveness of the agri-food sector, sustainable management of natural resources, climate action and improving rural areas’ attractiveness.

 

The programmes also contribute to the objectives of the European Green Deal and the Green Agenda for the Western Balkans through investments to align with EU standards including through upgrading buildings, machinery, and equipment. They also help increasing rural areas’ growth potential and their attractiveness to prevent depopulation. This can be done through better infrastructure, diversifying income-generating economic activities and fostering rural employment, in particular among women and youth. IPARD is an integral part of the broader EU pre-accession strategy under the Instrument for Pre-Accession Assistance.

Европската инвестициска банка ја зголемува поддршката за приватниот сектор во Црна Гора

Европската инвестициска банка (The European Investment Bank (EIB)), институцијата за позајмување на ЕУ, ќе обезбеди грант од 400000 евра за техничка помош на Инвестицискиот и развоен фонд на Црна Гора (Investment and Development Fund (IDF)). Грантот ќе го зајакне капацитетот на Инвестицискиот и развоен фонд за обезбедување финансиски услуги наменети за малите и средни претпријатија во Црна Гора; помагајќи им, истовремено, да ја одржат својата ликвидност, да ги прошират своите инвестиции и да одржуваат и креираат инклузивни и долготрајни работни места. Преку оваа техничка помош, Европската инвестициска банка го поддржува Инвестицискиот и развоен фонд во подобрувањето на неговиот организационен и деловен модел со цел негово хармонизирање со најдобрите практики за националните развојни банки.

 

Грантот на Европската инвестициска банка цели кон забрзување на зацврстувањето и развојот на приватниот сектор во Црна Гора и создавање нови можности за вработување; особено за младите, жените и лицата од останатите општествено ранливи групи. Грантот потекнува од Иницијативата за економски отпор, креирана од Европската инвестициска банка во 2016, која има за цел мобилизирање на финансиите за побрз развој, создавање работни места, општествена кохезија и развој на неопходните инфраструктурни проекти во Западен Балкан.

 

Од почетокот на пандемијата во 2020, Европската инвестициска банка потпиша со Инвестицискиот и развоен фонд финансиски операции во вредност од 100 милиони евра кои им помогнаа на околу 350 компании во Црна Гора побрзо да закрепнат од кризата КОВИД-19. Во 2021, Европската инвестициска банка го потпиша својот прв заем со Инвестицискиот и развоен фонд кој имаше за цел поддршка при воведувањето на енергетско-ефикасни практики и проекти за малите и средни претпријатија во Црна Гора; обезбедувајќи побрза транзиција кон одржлива и циркуларна економија во државата.

Cедум дена, 45 млади, 1540 километри, седум градови

После цела недела патување низ Западен Балкан, спроведувајќи волонтерски иницијативи и состаноци со локалните претставништва на „RYCO“, млади активисти и локални волонтерски организации, караванот „ROUTE WB6“ го заврши своето патување во Тирана. Во текот на овие седум дена, 45 млади од регионот имаа можност да ги посетат Битола, Мостар, Копаоник, Подгорица, Приштина и Сараево, поминувајќи пат од цели 1540 километри.

 

Алумни волонтерите „ROUTE WB6“, младите новинари „HAJDE“ и Младите европски амбасадори (Young European Ambassadors (YEA)) ги здружија своите сили во заедничка акција за регионалните проблеми поврзани со социјализирање, поддршка на локалните заедници и борба против предрасудите и стереотипите кои сè уште постојат во регионот. Беа креирани и алумни клубови „ROUTE WB6“ ширум регионот.

 

Младата европска амбасадорка од Бања Лука, Анастасија Ѓорѓа Босанчиќ, го опиша караванот како искуство кое ѝ го променило животот. „Одредени нешта не можеме да ги разбереме сè додека не ги посетиме општествата во Западен Балкан и поминеме време со нашите врсници од различни перспективи и средини и, се разбира, сè додека не сме доволно храбри да го отвориме срцето и да кажеме „да“ за една ваква необична, но волшебна авантура. Моја најискрена желба е, во иднина, да можеме да ги споделиме вибрациите кои ги почувствувавме за време на овој караван,“ вели Анастасија.

Корисниците на Програмата за регионално домување добиваат нови домови во Србија

Триесет семејства го добија клучот од својот нов дом во Лозница, Србија, како дел од поддршката на Програмата за регионално домување (Regional Housing Programme (RHP).

 

Покрај корисниците на програмата, на настанот присуствуваше и Славица Јелача, Генерален секретар во Министерството за надворешни работи на Србија; Владимир Цуциќ, комесар за бегалци и миграција на Србија, и Видоје Петровиќ, градоначалник на Лозница. При доделувањето на клучовите, г-ѓа Јелача им посака на семејствата среќа во новите домови.

 

Оливера Дунжиќ, корисничка на програмата, побегнала со својот сопруг, во 1995 година, од Босна и Херцеговина во Србија, и нејзините две деца се родени во Лозница. „Тешките години се зад нас и со решителност гледаме кон иднината,“ рече таа. „Досега, живеевме како потстанари во неколку станови. Денес, конечно, имаме сигурен дом. Би сакала, уште еднаш, да им се заблагодарам на донаторите, како и на сите оние кои ни обезбедија нов почеток.“

 

Европската Унија е најголемиот донатор на Програмата за регионално домување, а останатите клучни донатори се Германија, Италија, Норвешка, Швајцарија и САД.

Преку 1500 граѓани учествуваат во уличната акција на „YEA“ на 8 Март

За овогодинешниот Меѓународен ден на жената, Осми март, „WeBalkans“ и Млади европски амбасадори (YEA) заедно се здружија во промоција на кампањата #BreakTheBias. Истата ја спроведоа преку видео клипови и други содржини на социјалните мрежи, како и преку улична акција ширум Западен Балкан вклучувајќи ги Бања Лука, Белград, Куманово, Ниш, Нови Сад, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје и Тирана.

 

Преку 1500 жени зедоа учество во уличните акции кои имаа за цел да ја разбијат тенденциозноста кон родови стереотипи. Акциите вклучуваа запирање на жените на улица и поставување на прашањата „Која сум јас како жена во Западен Балкан?“ и „Како би се опишале себеси како жена?“ и забележување на нивните одговори на тотеми кои младите амбасадори „YEA“ ги поставиле на улицата.

 

Дел од одговорите, запишани на тотемите, од страна на жените кои зеле учество во акцијата, вклучуваат: „Сакам да видам повеќе еднаквост“, „Извонредна“, „Никогаш посилна“, „Научничка сум“ и „Горда“.

 

Мрежата „WeBalkans YEA“ беше креирана во август 2020 година како дел од Програмата за регионална комуникација за Западен Балкан (WeBalkans); управувана од Генералната дирекција за соседство и преговори за проширување (Directorate-General for Neighbourhood and Enlargement Negotiations – DG NEAR) на Европската Комисија. Платформата претставува креативна мрежа од идни млади носители на промени од Западен Балкан. Овие 120 млади визионери се интересираат за вредностите на ЕУ, како и за промоција на можностите кои ги нуди ЕУ; но, исто така, се залагаат за теми како што се родова еднаквост, меѓукултурно учење, заштита на животната средина и човекови права.

„YEA“ и „US Youth Council Albania“ подготвуваат иницијатива која забранува пластични кеси

На 16. март, во Тирана, зазеде место втората отворена дискусија помеѓу амбасадорите на ЕУ и САД во Албанија, Младите европски амбасадори и „US Youth Council“. Сите страни дискутираа за нивната соработка; со почеток од првиот состанок во јуни 2021, како и за можната идна соработка меѓу двете младински мрежи.

 

Севкупно, двата амбасадори ги охрабрија да се ангажираат, да разменуваат идеи и да учествуваат во градењето подобра и побезбедна иднина за нивната држава; потсетувајќи ги, истовремено, за нивното место во светот и разликата која можат да ја направат.

 

Се согласија дека „YEA“ и „US Youth Council“ ќе изготват нацрт верзија за заедничка иницијатива за забрана на пластичните кеси во Албанија. Следниот состанок помеѓу мрежите ќе биде во насока на споделување на резултатите.

ЕУ во Северна Македонија за првпат ја претставува наградата „Европска жена на годината“

Пет извонредни жени кои носат разлики во својот домен; давајќи, истовремено инспирација за целото општество, беа номинирани од #TeamEurope во Северна Македонија за наградата „Европска жена на годината“ за 2022 година.

 

Петте номинирани кандидатки се: националната координаторка за трансплантација – Маја Мојсовска Мијовска, алпинистката Илина Арсова, филмската режисерка – Дина Дума, директорката на Националната галерија – Дита Старова Ќерими, и основачката на компанијата „MaMa Organa“ – Наталија Бургиева. Истите се предложени од страна на амбасадорите на Хрватска (Нивес Тигањ), Германија (Анке Холстејн), Романија (Моника Аксинте), Шведска (Кристен Форсгрен Бенгтссон) и ЕУ (Дејвид Гир).

 

„Го одбележуваме Меѓународниот ден на жената со чествување на пет извонредни жени кои покажаа дека само небото е граница во обидот за постигнување на соништата и работа за општото добро. Нивните приказни се инспиративни. Тие ги рушат предрасудите. Покажуваат дека родот не е поврзан со можноста и дека способноста и одлучноста не препознаваат род,“ рече амбасадорот Гир на церемонијата на која присуствуваше и Првата дама – Елизабета Ѓоргиевска.

 

Наградата „Европска жена на годината“ – комплементарна на наградата „Европеец на годината“ која Делегацијата ја воведе во 2019 – цели кон подигнување на свеста за пречки и родова еднаквост, притоа, оддавајќи признание на жени кои претставуваат пример и помагаат светот да биде еднакво место за сите.

Високиот претставник / Заменик-претседателот Жозеп Борел во Западен Балкан

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика / Заменик-претседателот на Европската Комисија – Жозеп Борел, во понеделникот, беше во Северна Македоника пред да отпатува, во вторникот, за Албанија, и во Босна и Херцеговина во средата. Неговата посета ја потврдува посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот, особено во насока на руската војна против Украина и нејзиното влијание на безбедноста во Европа во целост.

 

Високиот претставник / Заменик-претседателот Борел во Скопје оствари средба со Претседателот Стево Пендаровски и Премиерот Димитар Ковачевски, заменик-министерот за европски прашања – Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи – Бујар Османи и министерката за одбрана – Славјанка Петровска. Во вторник, високиот претставник ќе отпатува за Тирана каде што ќе оствари средба со Премиерот Еди Рама и други претставници на албанските авторитети и граѓанското општество, а ќе ја посети, исто така, и реставрацијата на мозаикот во Музејот за национална историја, реновиран под покровителство на програмата Поддршка на ЕУ за оправување по земјотресот (EU’s post-earthquake recovery assistance).

 

Во среда, високиот претставник / заменик-претседателот ќе биде во Сараево каде, најпрво, ќе ја посети операцијата „EUFOR Althea“ чиј капацитет на земјени трупи неодамна се зголеми за приближно двапати. Ќе се состане и со босанските авторитети, претставници на политичката опозиција и граѓанското општество