Skip to main content

Отворање на изложба која го промовира „Зелениот договор“ на ЕУ

После две изложби, инспирирани од пандемијата, на теми за трансформирање на досадата во креативност и уметноста како начин за бегство од реалноста; Резиденцијата на амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија е повторно во својство на домаќин на уште една изложба.

 

Изложбата која беше отворена на 10. март од страна на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, како и Првата дама – Елизабета Ѓоргиевска, е дел од кампањата на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија која ги промовира целите и можностите на „Европскиот зелен договор“. „Зелениот договор“ подразбира живеење, производство и задоволување на нашите потреби со минимално „трошење“ на планетата и нејзините ресурси. Во него, исто така, станува збор и за справување со последиците од климатските промени, заштита на биодиверзитетот и креирање одржлив развој.

 

Уметничките дела се на Озбек Ајваз, Маја Кировска, Зоран Тодовиќ, Ненад Тонкин, Вана Урошевиќ и Велимир Жерновски, а беа избрани од страна на галеријата Акантус – Скопје. Истите претставуваат видувања на темата рециклирање; не само како начин за зачувување на ресурсите, но и како начин за инспирирање креативност, покренување на свеста за нашата зависност од природата, како и исцелителната моќ на природата. Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 20. мај. Посетителите можат да резервираат термин и бесплатни билети преку Фејсбук страната EU za Kultura Facebook page

„EIB“ ја потврдува посветеноста кон зелена транзиција во Северна Македонија

На посета во Северна Македонија, заменик-претседателката на Европската инвестициска банка (ЕИБ) (European Investment Bank – EIB) ја потврди посветеноста на банката на ЕУ кон зелена транзиција. Заменик-претседателката – Лилјана Павлова ја истакна поддршката за декарбонизација на „EIB“ – органот за позајмување на ЕУ – преку клучни проекти изнесени во „Економскиот и инвестициски план“.

 

Билатералните состаноци со Премиерот Димитар Ковачевски и министрите, вклучувајќи го Министерот за финансии – Фатмир Бесими, со Градоначалникот на Скопје и Директорот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, помогнаа да се идентификуваат нови можности за проширување на соработката под раководство на новата филијала „EIB Global“. Филијалата „EIB Global“ има за цел зголемување на поддршката за државите надвор од Европската Унија.

 

Заменик-претседателката Павлова ја потенцира поддршката за развој на современа железничка инфраструктура, енергетска мрежа, водоводна инфраструктура и инфраструктура за отпадна вода, како помош на државата за адаптирање на климатските промени и заштита на животната средина. Банката, исто така, има намера да развие и нови инструменти за гаранции и споделување на ризик за приватниот сектор во соработка со Европската Комисија.

 

Од почетокот на пандемијата КОВИД-19, „EIB“ одвои 156 милиони евра за Северна Македонија; со цел да им овозможи побрзо закрепнување на малите и средни претпријатија, како и да ја олесни изградбата на нова гасоводна мрежа неопходна за стабилно и безбедно енергетско снабдување. Во иднина, Банката ќе им помогне на своите партнери во Северна Македонија да го зголемат својот капацитет за проектна подготовка и имплементација, кој ќе овозможи да се реализираат инвестиции во корист на државата и нејзиниот народ.

Постигнат напредок на најголемиот проект за животна средина во Северна Македонија

Клучен чекор во имплементација на проектот, поддржан од ЕУ, во вредност од 136 милиони евра, беше постигнат со најавата за отворање на тендерски повик за изградба на најголемиот проект за животна средина во Северна Македонија – Фабрика за обработка на отпадни води Скопје (Skopje wastewater plant).

 

Фабриката за обработка на отпадни води Скопје (The Skopje wastewater treatment plant) е еден од вкупно 21 предводнички проекти избрани во февруари за финансирање од ЕУ во 2022 преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Инвестициониот пакет е чекор напред кон имплементација на Инвестицискиот и економски план за Западен Балкан 2021 – 2027 (Economic and Investment Plan for the Western Balkans 2021-2027). Фабриката за обработка на отпадни води Скопје е еден од проектите за животна средина избран за финансирање во рамки на Предводникот 7 – Управување со отпад и отпадни води (Flagship 7 – Waste and Wastewater Management).

 

ЕУ го финансира проектот со грант во вредност од 70 милиони евра, надополнет со заем од 35 милиони евра од Европската инвестициска банка, како и со заем од 30 милиони евра од Европската банка за реконструкција и развој и финансиски фондови од билатерални донатори. Земајќи предвид дека отпадната вода во Скопје се исфрла во Вардар без обработка; се очекува проектот да има значајни еколошки и придобивки за јавното здравје на жителите на Скопје. Истиот ќе придонесе и за усогласувањето на Северна Македонија со релевантните еколошки закони и стандарди за вода на ЕУ.

Модернизацијата на пристаништето Брчко е во напредок

Градежните работи во склоп на Инвестициската рамка за Западен Балкан – Реконструкција и модернизација на речното пристаниште Брчко – Фаза 1 (Reconstruction and Modernisation of the River Port of Brčko Phase 1) се во напредок, со тоа што платформата е целосно завршена. Ова е првиот чекор во проектот кој започна во јуни 2021. Изградбата ќе продолжи со набавка на нов кран и реконструкција на пристапниот пат од пристаништето до Бјелинска Цеста, како и на индустриската железничка пруга од пристаништето до железничката станица Брчко Ново.

 

Опремата на пристаништето Брчко е дотраена, а порталните кранови се стари повеќе од 50 години. Нов кран со носечки капацитет до 16 тона (трипати поголем од сегашните капацитети) ќе придонесе за зголемување на капацитетот за ракување со стоки до 150-200 тона на час.

 

Целосната вредност на проектот изнесува 10 милиони евра; финансирани од Европската Унија преку инвестициски грант од над 3 милиони евра и заем од Европската банка за реконструкција и развој (European Bank for Reconstruction and Development) во висина од 7 милиони евра.

 

Рехабилитацискиот проект за пристаништето Брчко е назначен во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан (Economic and Investment Plan for the Western Balkans), на Европската Комисија, како „Предводник 1 (Поврзување на исток со запад)“ во рамки на инвестициската зона за Одржлив транспорт.

YEAs го одбележаа International Women’s Day низ цел Западен Балкан

За овогодишниот Ден на жената – 8 Март, WeBalkans и Младите европски амбасадори ги здружија силите во промоција на кампањата #BreakTheBias (https://www.internationalwomensday.com/). Промоцијата се одвиваше преку видео приказни (reels) и други содржини за социјални медиуми, како и преку уличните акции ширум Западен Балкан во Бања Лука, Белград, Куманово, Ниш, Нови Сад, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје и Тирана.

 

Кампањата има за цел да ја скрши пристрасноста за родовите стереотипи. #BreakTheBias треба да ги зајакне жените и да ја засили нивната улога во општеството и слободата за определување кои се и што сакаат да бидат.

 

Мрежата WeBalkans Млади европски амбасадори (Young European Ambassadors (YEA)) е основана во август 2020  од страна на регионалната комуникациска програма за Западен Балкан на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија (DG NEAR), како креативна мрежа од идни, млади придвижувачи на промени ширум Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Овие 120 млади визионери сакаат да научат за вредностите на ЕУ и да ги промовираат можностите што ЕУ ги нуди, но исто така се залагаат за теми како родова еднаквост, интерукултурно учење, заштита на животната средина и човековите права и да учествуваат во заеднички регионални младински иницијативи.

Route WB6 волонтерскиот караван ќе мине низ осум града во Западен Балкан

Route WB6 волонтерскиот караван тргна на пат! Овој единствен креативен караван е составен од 40 млади европски амбасадори, Route WB6 волонтери и млади новинари од платформата Hajde од целиот Западен Балкан. Како дел од последната фаза од проектот Route WB6, кој ги промовира младинската мобилност, волонтирањето и градењето мир во регионот, караванот има за цел да промовира регионална размена на волонтери и младинско волонтерство низ целиот регион. Волонтерскиот караван на тркала патува во осум градови од регионот во период од една недела каде младите волонтери заедно со локалните партнери ќе се вклучат во активности како што се акции за заштита на животната средина, реставрации, детски креативни работилници, средби и младински совети. Активноста се спроведува во соработка со мрежата на Млади европски амбасадори.

 

Патувањето започна од Подгорица на 9 март, а завршува во Тирана на 15 март. На својот пат волонтерите ќе имаат можност да ги посетат Мостар, Сараево, Копаоник, Приштина и Битола каде што ќе се дружат со своите врсници и ќе придонесуваат во локалните заедници.

 

Еден од Младите европски амбасадори (YEA) вклучен во Route WB6 волонтерскиот караван рече „Како YEAs сме патувале низ Западен Балкан за студиски патувања, прашања што ја засегаат животната средина, сме се дружеле, дебатирале, пееле и играле на фестивали. Многу сум возбуден што сме дел од Route WB6 волонтерскиот караван. Сите се движиме кон иста цел: регион кој ги прифаќа европските вредности. Ајде заедно да му се приклучиме на овој караван, да одиме по истиот пат кој води до помирување и стабилност, како и заедничка европска иднина за регионот.“

Награда за зелени вештини 2022

Европската фондација за обуки (The European Training Foundation (ETF)) објави повик за примери за важноста на вештините за засилување на зелената транзиција. Повикот кој е насловен како „Зелена транзиција: образование, обука и вештини“ има за цел да собере приказни за тоа како образованието, обуката и развојот на вештини помагаат во преминот кон одржливи, чисти, јаглеродно-неутрални кружни економии и општества.

 

Целта е да се обезбедат идеи и инспирација за креаторите на политиките во образованието и обуките, како и за практичарите во ЕУ соседството и пошироко.

 

Финалистите ќе добијат награда „ЕТФ вештини за зелена транзиција“ која ќе им биде доделена на Неделата на европски стручни вештини 2022 во организација на Европската комисија. Најдобрите приказни ќе бидат претставени во публикациите и комуникациските материјали на ЕТФ, а ЕТФ ќе продуцира и кратки филмови од најинтересните приказни, од кои некои ќе бидат презентирани на Неделата на европски стручни вештини 2022 и на социјалните мрежи на ЕТФ.

Награда за најпријателски настроен градоначалник кон Ромите од Западен Балкан и Турција

Мрежата ERGO објави повик за избор на градоначалник – „најпријател кон Ромите“ како дел од проектот „Моќта на промените на жените Ромки во Западен Балкан и Турција“ кој заеднички го спроведуваат Активни Роми Албанија (Roma Active Albania) и мрежата ERGO. Повикот е дел од поширока кампања која има за цел да ја зголеми свесноста и да ги промени ставовите кон вклучувањето на Ромите и да придонесе за надминување на многуте пречки.

 

Наградените градоначалници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Турција ќе учествуваат на специјален настан во Брисел од 16 до 19 мај како дел од Неделата на Ромите каде ќе се сретнат со висок претставник од Директоратот за соседство и проширување на Европската комисија (DG NEAR).

 

Конкурсот ќе биде отворен до 15 април и во секоја земја ќе се формира независно жири кое ќе го избере победникот на изборот според дефинираните критериуми. Партнерите на проектот „Моќта на промените на жените Ромки во Западен Балкан и Турција“ ќе спроведат информативни сесии на локално ниво за дополнително да ги запознаат заинтересираните општини за кампањата и за изборот.

 

Кампањата и изборот се финансирани од Европската унија.

Работна група за дезинформации за војната во Украина

Нова работна група ќе собира и анализира материјали што ќе помогнат во разбирањето на трендовите за дезинформации во врска со војната во Украина. Работната група ќе се фокусира на дезинформациите во земјите на ЕУ и ЕЕА, како и на Западен Балкан, преку собирање и сортирање на релевантни материјали како проверка на факти, истраги, брзи анализи и истражувања на кампањи за дезинформација и иницијативи за медиумска писменост. Работната група, исто така, има за цел да ги идентификува збирките на податоци потребни за разбирање на кампањите за дезинформација.

 

Европската опсерваторија за дигитални медиуми (The European Digital Media Observatory (EDMO)) веќе го објави редовно ажурираниот список (list) на онлајн материјали со дезинформации во врска со војната. Ваквите збирки можат да им послужат на креаторите на политиките, вклучително и на Европската комисија, во разбирањето на феноменот на дезинформации и да придонесат во процесот на донесување на одлуки за војната во Украина базиран на докази.

 

Членовите на работната група ќе соработуваат со националните и регионалните центри на EDMO, со мали онлајн медиумски проекти, како и со други релевантни чинители низ Европа.

Комесарот Вархеји присуствуваше на Инвестицискиот самит за Западен Балкан 2022

Европската банка за обнова и развој (EBRD) вчера ги пречека еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји и шефовите на владите на Албанија (Albania), Босна и Херцеговина (Bosnia and Herzegovina), Косово (Kosovo), Црна Гора (Montenegro), Северна Македонија (North Macedonia) и Србија (Serbia) на Инвестицискиот самит за Западен Балкан 2022 (Western Balkans Investment Summit 2022).

 

Настанот го отвори претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо (EBRD President Odile Renaud Basso), која во својот говор истакна (stressed in her speech) дека регионалната соработка е клучна за економските перспективи и политичката стабилност на Западен Балкан.

 

Еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, во своето обраќање ги истакна плановите на Европската унија (European Union’s) за зголемување на економската поддршка за регионот на 30 милиони евра во наредните години. Финансирањето, спроведено во партнерство со институционални и приватни инвеститори, има за цел да го забрза социјалното и економското приближување на регионот кон ЕУ со што се очекува раст на бруто домашниот производ од 3,6%.

 

„Европа не завршува во Загреб или Будимпешта“ рече г-дин Вархеји. „Западнот Балкан исто така природно припаѓа тука“.

 

Во своите говори и одговори на прашањата од инвеститорите, шефовите на владите ги сумираа своите инвестициски приоритети. Сите лидери зборуваа за плановите за развој на обновливи извори на енергија за што е потребен регионален енергетски систем за балансирање на приливот на обновлива енергија во националните мрежи, а во некои земји и промена на законодавството за овозможување на големи приватни инвестиции.

 

Денешниот настан беше петти ваков самит на ЕБОР. Воведниот самит за Западен Балкан (Western Balkans Summit), на кој за прв пат се собраа сите премиери од регионот, се одржа во седиштето на ЕБОР во Лондон во февруари 2014 година.