Skip to main content

Автор: WeBalkans

Младите европски амбасадори организираат панел-дискусија во Скопје, Северна Македонија, за застапување против неплатено стажирање

Младите европски амбасадори Рената Пенчова, Дамјан Златановски и Станиша Станковиќ организираа дискусија насочена кон младите, со фокус на имплементирање забрана за неплатено стажирање. Ова прашање привлече големо внимание ширум Европа, особено откако Европскиот парламент неодамна ја усвои иницијативата предводена од Европскиот младински форум.

 

Настанот беше експертски модериран од младиот европски амбасадор Дамјан Златановски, а како еден од главните говорители беше Рената Пенчова – млад европски амбасадор. Рената, која исто така е и амбасадор на кампањата #ЗабранаЗаНеплатеноСтажирање, ја потенцираше важноста од усогласувањето на правото во Северна Македонија со предложената забрана, како и неопходната улога на младите при застапувањето за оваа промена.

 

За време на настанот, учесниците добија можност да го погледнат неодамнешното интервју помеѓу претседателот на Европскиот младински форум и Европскиот комесар Шмит. Интервјуто послужи како доказ за поддршката на комесарот за предлог-законот кој се очекува да биде одобрен од Европската комисија во блиска иднина.

 

Настанот зазеде место во „Europe House“ Скопје.

„Поп-ап“ настан, организиран од младите европски амбасадори, на Универзитетот во Регенсбург, привлекува интерес на студентите во ЕУ

На 13. јули, како дел од летниот фестивал на Универзитетот во Регенсбург, се одржа „поп-ап“ настан. Јована Јаќимовиќ, млад европски амбасадор и студентка на универзитетот, ја претстави мрежата на млади европски амбасадори заедно со проектот „Webalkans“ и кампањата „Од нас направено“ („Made of Us“). Ова беше прилика да се прикаже регионот и неговите убавини. Студенти од различни држави на ЕУ учествуваа во настанот и покажаа голем ентузијазам за мрежата млади европски амбасадори, како и желба да дознаат повеќе за младите европски амбасадори и регионот на Западен Балкан. На настанот присуствуваше и Силвана Фаруку, млад европски амбасадор од Албанија, која е докторантка на Универзитетот во Регенсбург.

Кластерот за ресурси, земјоделство и кохезија започнува со Албанија и Северна Македонија

На 17. јули се одржа првиот објаснувачки состанок на кластерот за ресурси, земјоделство и кохезија (Кластер 5). Овој кластер опфаќа земјоделство и рурален развој, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, рибарство, регионална политика и координација на структурни инструменти, како и финансиски и буџетски одредби. Фокусот на првите два дена од состанокот беше ставен на земјоделство, рурален развој и рибарство, безбедност на храна и буџетски одредби. Билатералните скрининзи за Кластерите 1, 2, 3 и 4 се финализирани.

 

Аналитичкото испитување на правото на ЕУ, т.н. скрининг, им овозможува на земјите-кандидати да се запознаат со правото на ЕУ, стандардите и обврските кои произлегуваат од истите. Исто така, овозможува и испитување на подготвеноста на државата за понатамошно усогласување и на тој начин добивање прелиминарни индикации за проблемите кои најверојатно би искрснале за време на преговорите. Скринингот е првиот чекор во процесот на претпристапни преговори. Истиот е составен од шест тематски кластери кои ги вклучуваат релевантните поглавја на правото на ЕУ заедно со поопштите теми поврзани со добро управување, меѓународен пазар, економска конкурентност и поврзаност.

 

За Албанија и Северна Македонија, скринингот започна на 19. јули 2022 година, веднаш по Меѓувладините конференции, а продолжи во септември со Кластер 1 – Основи, во октомври со Кластер 2 – Меѓународен пазар, во февруари со Кластер 3 – Конкурентност и инклузивен развој и во јуни со Кластер 4 – Зелена агенда и одржлива поврзаност.

 

Скрининг вежбата се состои од две фази:

 

– објаснителна сесија за време на која различните отсеци на Комисијата го објаснуваат правото на ЕУ, поглавје по поглавје;

 

– билатерална сесија за време на која секоја земја-кандидат добива покана да покаже во кое поглавје се наоѓа во рамки на подготовките за примена и имплементирање на правото на ЕУ.

 

Европската комисија ќе го извести Советот и ќе ја евалуира подготвеноста на секоја држава-кандидат за одреден кластер и за плановите за идни подготовки за прелиминарни индикации за проблеми кои најверојатно ќе искрснат за време на преговорите.

 

Советот ќе одлучи, едногласно, дали да дефинира влезни стандарди за секој преговарачки кластер врз основа на предлогот од Комисијата во скрининг извештајот.

Надминување на предизвиците со водоводната инфраструктура во Северна Македонија

Северна Македонија ја трансформира својата водоводна инфраструктура со поддршка од Европската Унија.

Божин Спасов, долгогодишен жител на селото Лески во источниот дел на Северна Македонија, е сведок на предизвиците за пристап до чиста вода кои постојат скоро седум децении. Како наставник во основно училиште, тој постојано ја нагласува важноста да се внимава со пиењето на  локалната вода и да се разберенесигурната достапност на истата. „Живеејќи во толку топла клима, се соочувавме со постојани проблеми со водоснабдувањето“, објаснува Спасов. „Посебно во текот на летото, скоро секој ден бевме без вода за пиење.”

“Сега имаме пристап до вода и во лето и во зима. Не постои човек во Лески кој не е задоволен.”

Застарените и лошо поставени водоводни цевки го влошија недостигот на вода и го загрозија квалитетот на водата за пиење во селото во текот на целата година. Водата често се контаминираше со органски материи, што претставува опасност по здравјето. За да се реши овој проблем, локалната влада донесе одлука Лески да се приклучи на водоводот на Виница, поголем град во близина, преку цевковод во должина од 3,5 километри. Паралелно, во Виница беа поставени најсовремена филтрациона станица за прочистување на водата за пиење и пумпна станица.

Во февруари 2023 година, Европската инвестициска банка одобри заем од 50 милиони евра на Северна Македонија за справување со предизвиците поврзани со водата во земјата. Ваквиот развој на настаните донесе значително подобрување на состојбата во Лески. Сега имаме пристап до вода и во лето и во зима, не постои човек во Лески кој не е задоволен “, радосно забележува Спасов.

Заемот одобрен во Северна Македонија ќе ги прошири своите придобивки надвор од Лески, со што ќе достигне и во други градови и населени места кои се соочуваат со слични предизвици за водата. Познат како „рамковен заем“, истиот нуди финансирање за различни проекти. Со поддршка на гаранција од Европскиот фонд за одржлив развој, програма на ЕУ, овој рамковен заем ќе ја олесни изградбата и реновирањето на инфраструктурата за водоснабдување, за отпадни води и за заштита од поплави во 80 градови или населени места низ Северна Македонија. Дополнително, Европската инвестициска банка додели 1,2 милиони евра за техничка помош.

Влијанието на проектот ќе биде големо, при што ќе имаат корист околу 700.000 луѓе и ќе се поттикнат нови економски можности. Исто така, ќе се зајакне отпорноста на земјата на климатските промени, при што околу 40% од населението ќе имаат корист.

“Ова е приоритет во обезбедувањето подобри услови за живот и на патот кон пристапување во ЕУ, притоа усогласувајќи се со стандардите на ЕУ. Инвестицијата ќе помогне да се затвори значителниот инвестициски јаз во секторот за вода и да им обезбеди на нашите локални партнери долгорочно финансирање за исполнување на нивните потреби и цели за одржливост“.

За Иницијативата 

Лансирана во 2016 година, ERI е дел од одговорот на Европската унија на предизвиците во јужното соседство и Западен Балкан, како што се принудното раселување и миграцијата, економските падови, политичките кризи, сушите и поплавите. ERI создава работни места и економски раст во регионот со инвестирање во клучната инфраструктура и во развојот на приватниот сектор. Исто така, може да помогне во миграциските текови. ERI нуди пакет на заеми и иновативни финансиски производи, притоа комбинирајќи ги средствата од донаторската заедница со EIB финансирање. Иницијативата се спроведува во тесна соработка со земјите од ЕУ, Европската комисија и другите партнери. Бугарија, Хрватска, Италија, Литванија, Луксембург, Полска, Словачка, Словенија и Обединетото Кралство беа првите земји кои придонесоа за ERI.

Доделените средства ќе овозможат на избрани општини да ја надградат и модернизираат водоводнатаинфраструктура и инфраструктурата на отпадни води, вклучувајќи ги и дистрибутивните и собирните мрежи. Дополнително, ќе се имплементираат итни мерки за заштита од поплави за да се зголеми отпорноста. Програмата за општински инвестиции во вода ќе ја спроведува Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, со техничка поддршка од EIB во износ од 1,2 милиони евра. Оваа иницијатива е дел од Иницијативата за економска отпорност, која има за цел да мобилизира дополнително финансирање за поддршка на растот, основната инфраструктура и социјалната кохезија во Западен Балкан.

Потпретседателката на EIB, Лилјана Павлова, одговорна за активностите во Северна Македонија, ја истакна стратешката природа на оваа инвестиција, поддржана од Тим Европа. „Ова е приоритет во обезбедувањетоподобри услови за живот и на патот кон пристапување во ЕУ, притоа усогласувајќи се со стандардите на ЕУ. Инвестицијата ќе помогне да се затвори значителниот инвестициски јаз во секторот за вода и ќе им обезбеди на нашите локални партнери долгорочно финансирање за исполнување на нивните потреби и цели за одржливост“, рече Павлова. Павлова дополнително ги истакна социјалните и економските придобивки што ќе произлезат од подобрувањето на животната средина и условите за живеење, истовремено подобрувајќи јаотпорноста на водната инфраструктура на климатските промени – клучна цел за EIB како климатска банка на ЕУ.

ЕУ донира специјализирана опрема за Директоратот за координација на полициски тела во БиХ

Како дел од континуираната поддршка за капацитетите за управување со миграциски текови во БиХ, денес, во Сараево, ЕУ донираше опрема, вредна 170900 конвертибилни марки, за Директоратот за координација на полициски тела на БиХ.

 

Карел Лизерот, раководител на Секторот за правда и внатрешни работи, миграција и реформи на јавна администрација, при Делегацијата на ЕУ во БиХ, му ја предаде опремата на Енес Кариќ, директор на Директоратот за координација на полициски тела на БиХ. „ЕУ инвестира во градење капацитети на агенциите инволвирани во одговарање на миграциските текови во БиХ, вклучително и Директоратот за координација на полициски тела на БиХ. Нашата поддршка ќе продолжи во периодот што следува,“ изјави Лизерот.

 

Оваа опрема вклучува специјализирана заштитна облека и обувки и е дел од севкупната поддршка за работата на Директоратот за координација на полициски тела на БиХ која значително ќе ја олесни работата на полициските службеници на терен. Имено, во март, годинава, ЕУ донираше десет специјализирани теренски возила, вредни 725000 конвертибилни марки, за Директоратот кои ќе им помогнат на полициските службеници, зголемувајќи ја нивната мобилност и ефикасност.

 

ЕУ останува посветена на поддршката за БиХ за управување со миграциските текови во државата. Преку заедничките напори и континуирана поддршка, ЕУ има за цел да овозможи добросостојба и заштита на мигрантите; поддржувајќи ја, истовремено, водечката улога на државата во одговарањето на миграциските текови и одржливи решенија. Проектот е имплементиран од Меѓународната организација за миграција во партнерство со Високиот комесаријат на ООН за бегалци, УНИЦЕФ и Фондот за население на Обединетите нации.

Поттикнување инклузија и креативност меѓу децата во Градишка

Проект финансиран од ЕУ поддржува иницијатива за инклузија на децата со развојни тешкотии во Градишка, Босна и Херцеговина.

Невена Гвозденац е психолог од Градишка, мал град во северозападниот дел на Босна и Херцеговина, со население од нешто повеќе од 14.000 жители. Нејзин особен фокус е работата со деца, особено оние со тешкотии во развојот. Иако студиите спроведени од меѓународните организации укажуваат на одредено подобрување на целокупната ситуација на децата со попреченост во Босна и Херцеговина во текот на изминатите 20 години, сепак истата сè уште е далеку од стандардите поставени со меѓународните правни рамки, како што е Конвенцијата на ОН за правата на лицата со хендикеп (CRPD), како и законодавството и Политиката за попреченост на Босна и Херцеговина.

Г-ѓа Гвозденац лично ги доживеа овие предизвици додека работеше во Градишка и реши да преземе мерки преку обезбедување дополнителни бесплатни активности за поддршка на социјалната интеграција на децата со попреченост. Таа дизајнираше работилници каде децата со попреченост би можеле да комуницираат со деца со типичен развој, со цел да поттикне прифаќање меѓу децата со попреченост и емпатија кај другите.

“Ова не е сегрегирана работилница за деца со тешкотии во развојот. Невена го олесни нивното вклучување и можеме да видиме дека овие заеднички работилници не претставуваат значителен предизвик за нив, што еод клучно значење за нас како родители“.

Нејзиниот концепт беше добро прифатен од страна на Младинскиот центар „Петар Кочиќ“, кој соработуваше со г-ѓа Гвозденац со цел развивање на проектот наречен „Креативни другари’,имплементиран во Градишка од мај 2022 година, како дел од проектот ReLOaD2 (Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан ), финансиран од Европската Унија и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). Жана Ковачевиќ, координатор на проектот и претседател на Младинскиот центар, ја сподели својата перспектива како мајка на дете со тешкотии во развојот. Според неа, идејата на Невена е можност да им пристапи на овие деца поинаку, преку нивно интегрирање со деца во типичен развој. „Ова не е сегрегирана работилница за деца со тешкотии во развојот. Невена го олесни нивното вклучување и можеме да видиме дека овие заеднички работилници не претставуваат значителен предизвик за нив, што е одклучно значење за нас како родители “, објасни Ковачевиќ.

Во текот на 2022 година, Младинскиот центар „Петар Кочиќ“ во Градишка организираше серија креативни и едукативни работилници за деца со тешкотии во развојот и нивните пријатели со типичен развој. Под водство на стручен кадар, овие млади луѓе поминаа драгоцено време заедно, што придонесе значително за нивниот раст и социјална инклузија. Во текот на летото, улиците на Градишка често беа сведоци на глетката на разиграните деца кои се занимаваат со разни занаетчиски активности. Приказната зад нивната имагинативна игра носи важна порака препознаена од локалната заедница.

Жана Ковачевиќ од Младинскиот центар „Петар Кочиќ“ истакна дека родителите најчесто самите или со поддршка од терапевти доаѓаат до идеи за дополнителни едукативни и креативни активности. „Овие деца првенствено имаат потреба од неформално образование, како што се овие работилници. Многу од нив се борат да ги стекнат вештините што се учат во основно училиште. Можеби се мачат со правилно пишување или зборување, но од клучно значење е да продолжиме да ги учиме. Најважно за нив е тие да поминуваат време со други деца и да се вклучат во колаборативна креативност“, нагласи Ковачевиќ.

“Сите работилници беа дизајнирани со цел поттикнување тимска работа, а ние се потрудивме да ги вклучиме децата по случаен избор. Првенствено се фокусиравме на креативни активности кои им овозможија на децата да ја ослободат својата имагинација и да создадат разни изработки користејќи природни материјали“.

За проектот

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е продолжение на иницијативите поддржани од ЕУ – Проект за зајакнување на локалната демократија (LOD, 2009-2016) и последователно проширената Регионална програма за локална демократија на Западен Балкан (ReLOaD, 2017-2020). Како и претходните, овој проект е финансиран од Европската Унија (ЕУ) и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). ReLOaD2 се спроведува во Западен Балкан, особено во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово*, Северна Македонија, Црна Гора и Србија

Младинскиот центар „Петар Кочиќ“ ја организираше првата серија младински работилници на почетокот на јуни 2022 година, која продолжи до октомври истата година. Невена Гвозденац истакна: „Сите работилници беа дизајнирани со цел поттикнување тимска работа, а ние се потрудивме да ги вклучиме децата по случаен избор. Првенствено се фокусиравме на креативни активности кои им овозможија на децата да ја ослободат својата имагинација и да создадат разни изработки користејќи природни материјали“.

Младинскиот центар „Петар Кочиќ“ преку работилниците спроведени во рамките на проектот „Креативни другари“ воведе нов модел за промоција на културата на Градишка. Вработените во центарот објаснуваат дека рачните изработки што децата ги изработиле за време на работилниците биле искористени за изработка на мапа на градот и селото, која потоа била изложена во Културниот центар Градишка. Оваа изложба, одржана на крајот на 2022 година, ја покажа извонредната креативност на децата со тешкотии во развојот.

Повикот за наградата за истражувачко новинарство на ЕУ за 2023 г. е затворен

Новинарите од Западен Балкан и Турција испратија преку 260 апликации на повикот за наградата за истражувачко новинарство на ЕУ за 2023 година. Вкупно беа примени 267 апликации во двете категории – национална и регионална. Апликациите потекнуваат од седум различни држави. Престижната награда оддава признание на истражувачките стории објавени во текот на изминатата календарска година.

 

Од добиените апликации, жирито за евалуација ќе избере три најдобри стории од секоја од седумте држави, со што ќе се добијат 21 избрана сторија. Ваквиот процес на селекција овозможува признание за исклучителните стории од секоја држава. Годинава, наградата воведе и дополнување во вид на регионална награда. Оваа категорија има за цел да оддаде признание на најдобрите стории кои ги надминуваат националните граници и третираат проблеми важни за целиот регион. Преку оваа категорија, наградата има за цел да ги инспирира новинарите да ги прошират своите перспективи и да адресираат прашања кои имаат пошироко влијание.

 

Ќе биде формирано посебно жири за евалуација на сториите во трка за регионалната награда. Жирито ќе ги прегледа сите стории и ќе ги избере најдобрите три кои имаат најзначајно регионално влијание. Ваквата иницијатива ќе поттикне дух за соработка меѓу новинарите и ќе ги охрабри да се интересираат за регионални прашања кои ја засегаат пошироката публика. Во текот на изминатите четири години, беа наградени 84 истражувачки стории од Западен Балкан и Турција, напишани од 124 новинари. Овие стории придонесоа за решавање случаи на злоупотреба на моќ, корупција, организиран криминал, загадување на екосистемот и други злодела.

 

Европската награда за истражувачко новинарство 2023 е дел од проектот „Зајакнување на квалитетно новинарство во Западен Балкан и Турција II“. Проектот има за цел оддавање признание и промовирање на исклучителните постигнувања во истражувачкото новинарство и подобрување на видливоста на квалитетното новинарство во Западен Балкан и Турција.

3,6 милиони евра за соработка помеѓу Србија и Северна Македонија

Поддршка за здравство, општествена и културна инклузија, како и промоција на туризам, се дел од целите на новата програма за прекугранична соработка помеѓу Србија и Северна Македонија, финансирана од ЕУ. Овој трилатерален договор беше потпишан денес, во Ниш, во склоп на Неделата за можности на ЕУ, од страна на министерката за европска интеграција Тања Мишичевиќ, заменик премиерот на Северна Македонија – Бојан Маричиќ и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија – Емануеле Џауфрет.

 

Се работи за втора прекугранична програма за соработка помеѓу овие две држави. Целосниот буџет на програмата, усвоен од Европската комисија на 3. јуни, 2022 година, изнесува 9,7 милиони евра, од кои 8,4 милиони евра се ко-финансирани од ЕУ. Ова е приближно двојно повеќе од средствата од минатогодишната седумгодишна финансиска перспектива. Трилатералниот договор соодветствува на двогодишно распределување средства во висина од 3,6 милиони евра, кои ќе бидат дополнети во подоцнежната фаза на програмата со цел да се овозможи целосно користење на вкупните средства од ЕУ наменети за целата програма.

 

Благодарение на програмата, се очекува социјалните и здравствени услуги за ранливи групи да бидат подостапни за граѓаните, како и поголема културна содржина за сите жители на територијата на која се имплементира програмата. Развојот на прекуграничен туризам и заштита на културното и природното наследство, на двете страни од границата, значително ќе го зголеми бројот на туристички посети и должината на престојот на туристите во граничниот предел.

 

Во пределот опфатен со програмата за прекугранична соработка спаѓаат Јабланица и општина Пчиња во Србија, и северниот регион и дел од скопскиот регион во Северна Македонија, со околу 850000 жители во двете држави.

Северна Македонија се приклучува кон програмата за животна средина и климатска акција „LIFE“

Вчера попладне, во Брисел, комесарот за животна средина, океани и рибарство – Виргинијус Синкевичиус заедно со министерката за животна средина и физичко планирање на Северна Македонија – Каја Сукова, потпишаа спогодба за приклучување на Северна Македонија кон програмата за животна средина и климатска акција „LIFE“. Северна Македонија е четвртата земја надвор од ЕУ која се приклучува кон програмата по Исланд, Украина и Молдавија. Преку приклучување кон програмата „LIFE“, Северна Македонија ќе добие можност да исползува поддршка за мобилизирање јавни и приватни ресурси за климатска акција, заштита на биодиверзитетот, циркуларна економија и транзиција кон чиста енергија.

 

Комесарот Синкевичиус изјави: „Здружувањето на Северна Македонија со  програмата „LIFE“ претставува можност за зајакнување на нашата заедничка акција за справување со климатските промени, загадувањето, зголемување на транзицијата кон чиста енергија, постигнување циркуларна економија и заштита и возобновување на биодиверзитетот. Блиската соработка ќе донесе придобивки за граѓаните, бизнисите и граѓанското општество во Северна Македонија и ќе придонесе за позелен и поодржлив континент во согласност со целите на Европскиот зелен договор.“

 

Државните и приватни организации од Северна Македонија ќе можат да добијат финансиска поддршка за проекти за еколошка и климатска акција, како, на пример, за зголемување на енергетската ефикасност, прочистување на загадени подрачја, подобрување на управувањето со водни ресурси, поддршка за развој, мониторинг и зајакнување на закони слични на оние во ЕУ.

 

Апликантите од Северна Македонија можат да ги испратат своите предлози во рамки на повикот за предлози за програмата „LIFE“ отворен во 2023 година.

Надоградување на младите луѓе со работно искуство

Отклучување на потенцијалот: Финансирањето од ЕУ ја зголемува вработливоста кај младите од Ѓаковица преку практична обука

Косово се соочува со голема побарувачка за квалификувани работници, подготвени да работат физички или онлајн за остатокот од светот. Зграпчувањето нови можности овозможени со зелената и дигиталната транзиција може да се резлизира со доживотно учење и развој на вештините кај младите. Слични јазови меѓу вештините се присутни во областа на ЕУ, каде што Европската комисија (EC) ја прогласи 2023 година за European Year of Skills. Целта е да им се обезбедат на граѓаните соодветни вештини со цел нивно прилагодување на промените на пазарот на трудот.

“Постои голем јаз во вештините на пазарот на труд на Косово, кој само се продлабочи по пандемијата“.

Постигнување позначајно влијание во помалите градови  

 

Пазарот на труд во Косово се соочува со најразлични предизвици, но во помалите градови има уште помалку можности за работодавците и за работниците. На врвот на листата на проблеми е јазот во вештините: компаниите не ги наоѓаат работниците што им се потребни, додека оние кои бараат работа не се доволно квалификувани за да се вработат. Во западниот град Ѓаковица, Jakova Innovation Centre (JIC) идентификуваше голем потенцијал во адресирањето на неусогласеноста на потребите на пазарот на труд и образовните вештини. Овој феномен веројатно придонесува за невработеноста на повеќе од половина од младите во Косово.

„Постои голем јаз во вештините на пазарот на трудот на Косово кој само се продлабочи по пандемијата“, вели Фатос Аџеми, проект менаџер на кофинансираниот проект меѓу Европската унија и општина Ѓаковица кој се однесува на вработливоста на младите, жените и обесправените групи…

За да се справи со проблемот, JIC примени двонасочен пристап: работа со работодавачот и со оние кои бараат работа. Откако ги наведоа потенцијалните можности во приватниот и јавниот сектор, тие идентификуваа осум барани вештини преку анализа на пазарот на труд и проценка на потребите – резултатот: 31 вработен и над сто завршени пракси.

„Нашите методи за ангажирање млади луѓе на пазарот на трудот се покажаа успешни, за што имавме многу позитивни критики“, вели Аџеми. „Тие завршија пракси каде што ја носеа тежината на работата на своите раменици, вршеа професионални должности врз основа на тоа што се вешти да го работат“.

Покрај обуката, учесниците растеа во текот на нивното искуство со програмата за менторство во текот на двегодишниот проект.

Ги поставивме темелите на голема мрежа на постоечки и нови компании кои работат во Ѓаковица, преку којапродолжува активно да се идентификува недостигот на вештини кај јавните власти, што е уште едно од нашите достигнувања како проект“.

За проектот

Како водечки партнер, Центарот за иновации во Ѓаковица и општина Ѓаковица го имплементираа проектот „Обединети кон зајакнување на младите, жените и обесправените групи“ во текот на две години, финансиран од Канцеларијата на Европската Унија во Косово. Главната цел на проектот беше да се анализира сегашниот пазар на труд и да се создадат нови можности за младите, жените и обесправените групи. Дополнително, проектот имаше за цел да им ги обезбеди на целните групи вештините потребни за пазарот на трудот, поврзување и усогласување на работодавците со вработените за обука на работното место, пракси и редовно вработување и финансирање на нови иновативни идеи за создавање нови старт-ап компании.

Старт-ап компании, надминување на првата препрека

JIC, исто така, ги поддржа старт-ап компаниите на кои им беше потребна помош за да ја надминат почетната линија, особено оние кои работат во мали градски средини како Ѓаковица и соседните општини Јуник и Дечан. Помеѓу 16-те грантисти, проектот поддржа жени претприемачи и сопственици на старт-ап компании со попреченост во различни индустрии, како што се преработка на храна, ИТ, консултации за исхрана, раст на бизнисот и многу други.

„Ги поставивме темелите на голема мрежа на постоечки и нови компании кои работат во Ѓаковица, преку којапродолжува активно да се идентификува недостигот на вештини кај јавните власти, што е уште едно однашите достигнувања како проект“, вели Аџеми.

Континуираното идентификување и адресирање на недостигот на вештини е задолжително за сите актери, како што е и потребата за доживотно учење и стекнување вештини за да се вклопат во транзициите, како се зголемуваат шансите за вработување на сите. Повеќе од три четвртини од компаниите во ЕУ имаат потешкотии да најдат работници со потребните вештини, а само една третина од возрасните се обучуваат, вели EC.