Skip to main content

Area of Cooperation: Employment and inclusion

Невладината организација „Мозаик“ ги омоќува лицата со инвалидитет во Црна Гора

Приказна за општествена инклузија, креативност и поддршка преку програмата „ReLOaD2“, финансирана од ЕУ.

Во Црна Гора, лицата со инвалидитет честопати се соочуваат со предизвици при учеството во општествените процеси во нивните локални заедници. Тоа се должи на недостатокот од инфраструктура која ги исполнува нивните потреби, финансиски тешкотии или, пак, недостаток од мотивација. Ова е особено забележливо во Никшиќ, вториот град по големина; со население од околу 60000 жители. За решавање на овој проблем беше основана нова невладина организација, наречена „Мозаик“. Според организацијата, има јасен недостаток од општествена инклузија за луѓето со инвалидитет во Никшиќ; со тоа што многумина од нив се изолирани и немаат доволен пристап до општествените активности или поддршка за подобрување на квалитетот на нивниот живот.

Во 2019 година, Благоје Штурановиќ и двајца негови другари со инвалидитет, ја основале невладината организација „Мозаик“ со цел преземање акција за решавање на овие проблеми. Благоје објаснува дека во Никшиќ немало други организации кои специфично биле посветени на потребите на лицата со инвалидитет и дека тој и останатите основачи на „Мозаик“ имале потреба од поддршка. Иако имало други организации кои давале некаков вид поддршка, нивниот фокус не бил целосно посветен на лицата со инвалидитет.

„За жал, во Никшиќ и, општо, во Западен Балкан, пристапноста е сериозен проблем за лицата со инвалидитет кога станува збор за пристап до места/згради. Повеќето кафулиња, ресторани и други места не се пристапни за лица во инвалидска количка; а, за време на летото, групата можеше да се собира единствено на тераси.“

Од самиот почеток, основачките партнери на „Мозаик“ имале идеја за создавање општествен клуб во кој лицата со инвалидитет ќе можат да се собираат, да се социјализираат и да учествуваат во најразлични културни и општествени активности. „За жал, во Никшиќ и, општо, во Западен Балкан, пристапноста е сериозен проблем за лицата со инвалидитет кога станува збор за пристап до места/згради. Повеќето кафулиња, ресторани и други места не се пристапни за лица во инвалидска количка; а, за време на летото, групата можеше да се собира единствено на тераси,“ вели Благоје.

Пандемијата дополнително ги направи предизвикувачки проблемите за пристап. За да ја олесни социјализацијата и интеграцијата на лицата со инвалидитет во Никшиќ, „Мозаик“ го основа првиот општествен клуб за лица со различен вид инвалидитет; со поддршка на програмата „ReLOaD2“, финансирана од ЕУ, а имплементирана од Програмата за развој на ОН.

Општествениот клуб, лоциран во простории обезбедени од општината Никшиќ, нуди 15 мотивациски работилници за психолошка поддршка и 15 работилници засновани на занимање. Дополнително, „Мозаик“ основале и малечко ателје за печатење и нудат креативни курсеви за печатење за лица со инвалидитет. Благоје потенцира дека ателјето и курсот за печатење се најпопуларните активности во клубот; со најголемо учество на членовите.

„На пример, жена со инвалидитет, во своите шеесетти, која претходно никогаш не излегла од својот дом, сега скоро секој ден излегува во градот, учествува во работилници и различни активности.“

За проектот

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е продолжение на иницијативите, поддржани од ЕУ – Проект за зајакнување на локалната демократија (LOD, 2009-2016) и проширената Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD, 2017-2020). Севкупната цел на проектот е зајакнување на партиципативните демократии и интеграција на ЕУ во Западен Балкан преку зајакнување на граѓанското општество и охрабрување на младите да земат активно учество во процесите на носење одлуки, како и преку подобрување на поддржувачка правна и финансиска средина за граѓанското општество.

Влијанието на проектот врз животот на луѓето со инвалидитет е значајно. „На пример, жена со инвалидитет, во своите шеесетти, која претходно никогаш не излегла од својот дом, сега скоро секој ден излегува во градот, учествува во работилници и различни активности,“ вели Благоје.

Идните планови на невладината „Мозаик“ вклучуваат повеќе проекти кои понатамошно ќе го подобрат животот на луѓето со инвалидитет во Никшиќ. Благоје се надева дека членовите на клубот кои, според него, имаат висок потенцијал, ќе имаат повеќе можности за интегрирање и придонесување во заедницата.

Зголемување на вработеноста на ранливите повратници во Северна Македонија

Проект, финансиран од ЕУ, ја поддржува реинтеграцијата на ранливите повратници од ЕУ; со особено внимание на Ромите во Северна Македонија.

Демир Демирели е 38 годишен повратник од Европа, во моментов хонорарен градежен работник во неговиот роден град во Северна Македонија. Со завршувањето на летната сезона, побарувачката во секторот значително се намалува; оставајќи го Демир со ниска плата и долги претстојни зимски месеци, едвај успевајќи да се грижи за својата болна жена и четири деца. „Се разбира дека би сакал да имам постојана работа и плата, но не знам да читам и пишувам,“ вели Демир. Според Програмата за развој на ОН, не е мал бројот на луѓе со слична судбина во Северна Македонија. Мноштвото повратници се Роми кои одлучиле да ја напуштат државата поради сиромаштијата, невработеноста и дискриминација. Проценките спроведени од Програмата за развој на ОН, во 2021 година, покажуваат дека повеќето баратели на азил и повратници спаѓаат во возрасната група од 30 до 44 години, со низок степен на образование. Вработеноста се издвојува како најголемиот предизвик со кој се соочуваат повратниците. Вработувањето е, исто така, значаен канал за обезбедување економски и општествен просперитет на ранливите граѓани.

 „Зборувајќи со повратниците, сфативме дека првите шест месеци по враќањето се особено важни, бидејќи во тој период одлучуваат дали да заминат повторно ако се соочени со сериозни предизвици. Согледавме, исто така, дека имаат минимална или никаква поддршка од институциите или останатите органи во текот на овие шест месеци.“

Затоа Програмата за развој на ОН започна проект со холистички пристап кој ќе ги зголеми можностите за вработување на повратниците и Ромите. Проектот ги поддржува институциите со решенија за економска и општествена реинтеграција на ранливите повратници. Проектот е финансиран од ЕУ, а покрај Северна Македонија ги опфаќа и Албанија и Србија. Сузана Ахмети од Програмата за развој на ОН во Северна Македонија објаснува дека потребата од овој проект била очигледна, бидејќи моменталниот начин на кој се третираат повратниците е импровизиран и нема систем кој се фокусира на проблемите и потребите на повратниците. Дополнително, државната поддршка за реинтеграција е скоро невидлива во првите шест до дванаесет месеци.

„Зборувајќи со повратниците, сфативме дека првите шест месеци по враќањето се особено важни, бидејќи во тој период одлучуваат дали да заминат повторно ако се соочени со сериозни предизвици. Согледавме, исто така, дека имаат минимална или никаква поддршка од институциите или останатите органи во текот на овие шест месеци,“ вели Сузана.

Проектот веќе започнал со интервенции за подобрување на ситуацијата. Како што објаснува Сузана, најпрво започнале со подигнување на свеста на институциите на локално и централно ниво за проблемите на повратниците. На ниво на централна власт, започнале со поставување на специфично координативно тело кое ќе ги решава проблемите на повратниците.

На локално ниво, успеале да ја интегрираат проблематиката за повратниците во локалните економски стратегии за развој; со специфичен буџет наменет за нивна поддршка. Како најголемо постигнување во овој поглед, Сузана ја смета мерката за вработување врз чија основа повратниците се сметаат како специфична ранлива група со потреба од дополнителни услуги како дел од националниот план за вработување – значаен стратешки документ на централно ниво. „Ова е еден вид на специфична и реална интервенција, а во процес сме на започнување со конкретна имплементација која вклучува обуки и слично,“ вели Сузана.

„Повратниците се навистина вреден човечки капитал за работодавците. Не е како порано кога илјадници бараа работа; ситуацијата се сврти.“

За проектот

Проектот „Реинтеграција на повратниците во Западен Балкан“ е фокусиран на отстранување на клучните институционални бариери за реинтеграција на ранливите повратници, како и изворите на социјално и економско исклучување и емиграција во Западен Балкан; како што се ограничени можности за вработување, лошо платени работни места, широк неформален сектор и лош квалитет на социјалните услуги.

Проектот е дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) II – акција во повеќе држави, поддршка на ЕУ за основните права на ромската заедница и реинтеграција на повратниците; доверен на Програмата за развој на ОН, Светската банка и Советот на Европа. Севкупната цел на проектот е да придонесе за ефективна реинтеграција на ранливите повратници од ЕУ со особено внимание на Ромите. Поддршката за Ромите ќе придонесе и за намалување на постоечкиот општествено-економски јаз помеѓу жените, мажите и децата Роми и неромското население.

Повратниците и Ромите се соочени со предизвици кога имаат добра бизнис идеја или претприемнички дух за започнување сопствен бизнис. Честопати, имаат ограничен финансиски капитал и деловна мрежа потребни за започнување бизнис; како и лимитирани вештини за менаџмент и знаење на теми како што се деловно планирање, финансиски менаџмент или законодавство; вклучително и даночни регулации и други. Многу одржливи бизнис идеи на повратниците или Ромите остануваат неформални пореди недостаток од систематска поддршка. За да ги поддржиме, особено младите и иновативни повратници со идеи кои можат да генерираат приход и работни места, проектот обезбедува стартап грантови за отворање нови или формализирање на веќе постоечки бизниси. Проектот обезбедува, исто така, и насочена поддршка за подобрување на нивните деловни менаџерски вештини, знаење за управување со формален бизнис и пристап до мрежи со претприемачи.

Сузана објаснува дека поради порастот на динамиката во миграциите, компаниите сè повеќе ја препознаваат достапноста на вештите работници. Оттука, проектот сака да инвестира повеќе во образование за возрасни затоа што, според Сузана, повеќето од повратниците немаат основно или средно образование. „Повратниците се навистина вреден човечки капитал за работодавците. Не е како порано кога илјадници бараа работа; ситуацијата се сврти,“ вели Сузана.

Патувањето на една трудољубива Ромка која заработува за својот син со инвалидитет

Проект, финансиран од ЕУ, поддржува реинтеграција на повратниците во Западен Балкан.

Цели 25 години, Блерта Лушњари од Албанија оди од Албанија во други земји, и се враќа назад, мотивирана да обезбеди соодветна здравствена грижа за својот син. Антонио е роден со инвалидитет и има сложена мешавина дијагнози; а во родниот град на Блерта – Елбасан нема ни соодветни капацитети за соодветна дијагноза ниту, пак, обезбедување бесплатни здравствени услуги за лица со инвалидитет. Со оглед на економската ситуација на Блерта, за неа било невозможно да плати приватни доктори.

Беше страшно без соодветна дијагноза. Блерта не можела соодветно да се грижи за Антонио без да знае која терапија или лекарства би можеле да му ја олеснат болката. Ниту, пак, знаела како да обезбеди достоен живот во иднината. Во потрага по подобро здравствено внимание, повторно заедно заминале во странство, конечно добивајќи дијагноза – параплегија и лесен интелектуален инвалидитет; но и соодветна грижа. Меѓутоа, без решен статус, морале да се вратат назад дома во Албанија. „Кога бевме во странство, докторот еднаш неделно го посетуваше Антонио, а добиваше и психотерапија. Но, кога се вративме во Албанија, не постоеше таква услуга; всушност, не постоеше ништо. Затоа, неговата болест се влоши.“

„Животот беше потежок. Не можев да си ги прехранам децата. Немав дом и се преселував од еден роднина кај друг: една недела кај еден, друга кај друг.“

Многумина од Западен Балкан одат во странство за работни можности, но Ромите се соочуваат со особени предизвици при повторното интегрирање кога се враќаат. Најчестиот проблем кој го истакнуваат повратниците во регионот, вклучително и Албанија, е вработувањето, проследено со недостаток на достоинствено домување и пристап до образование. Во Албанија, нема програма за социјална заштита наменета посебно за повратниците. Во случајот на Блерта, недостатокот на формално образование ѝ го отежнал барањето профитабилна работа и резултирал со предизвици за документацијата неопходна за стабилен живот. „Животот беше потежок. Не можев да си ги прехранам децата. Немав дом и се преселував од еден роднина кај друг: една недела кај еден, друга кај друг,“ вели Блерта.

Покрај сите предизвици, Блерта била полна со позитивна енергија која е очигледна во топлината на грижата за нејзиното семејство: нејзина главна цел била да ги задоволи потребите на своите деца. Се приклучила на бројни активности од невладини организации развиени за жени и нивната интеграција во општеството, а била особено вклучена во програмата за стручна обука за жени повратнички. Проектот бил наречен „Зајакнување на националните и локални системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратници во Западен Балкан“, финансиран од ЕУ, а имплементиран од Програмата за развој на ОН. Мирјета Рамизи од Програмата за развој на ОН во Албанија објаснува дека Блерта била активна во бројни проектни активности. Една од активностите била бизнис идеја за изработка и рекламирање на природен и рачно изработен сапун. Заедно со други жени, Блерта била обучена за овој занает и добила суровини и помош за маркетинг. Активноста која генерира профит е во својата почетна фаза и добро се одвива, но, според Мирјета, жените имаат високи амбиции, а нивната новоформирана  компанија бара начини за проширување на нивниот пазар.

Како амбициозна и трудољубива жена, Блерта се приклучила на програмата; фокусирана на развој на индивидуални бизнис идеи. Откако се вратила во Албанија, заработува за живот преку поправање и препродавање половни добра. Сега, со поддршка на проектот, планира оваа активност да ја претвори во целосно развиен бизнис. Проектот ѝ помага да развие бизнис план за отворање на мобилна продавница во приколка во која ќе може да ги продава половните добра.

„Преку овој проект воспоставивме ефективни локални и национални партнерства и вниманието го посветивме на потребите и предизвиците на ранливите заедници и повратниците.“

За проектот

Проектот „Зајакнување на националните и локални системи за поддршка на ефективна социо-економска интеграција на повратниците во Западен Балкан“ е дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) II – Акциска програма во неколку држави, доверена на Програмата за развој на ОН, Светската банка и Советот на Европа; за поддршка на основните права на Ромите и останатите ранливи повратници во Албанија, Северна Македонија и Србија. Проектот има за цел реинтеграција на значаен број повратници од ЕУ во текот на последните години, затоа што државите во Западен Балкан беа прогласени како „безбедни земји на потекло“. Проектот има тесна соработка со локалните институции одговорни за обезбедување услуги за реинтеграција на повратниците, со фокус на оние од ромското и египетското етничко малцинство; како и со локални чинители од граѓанското општество и локалната бизнис заедница. Заедницата повратници се смета како корисник и партнер во текот на имплементацијата, имајќи за цел создавање сопственост на активностите од страна на самите повратници.

Во Албанија, проектот овозможува поддршка во општините Берат, Девол и Фиер, каде што бројот повратници е поголем отколку во останатите општини. Освен директната помош за повратниците, имплементирана во соработка со партнерски невладини организации, проектот обезбедува помош за локалната и централна влада во Албанија за развивање стратегии и акциски планови за одговарање на потребите на повратниците. Мирјета, од Програмата за развој на ОН Албанија, објаснува дека економската криза предизвикана од војната во Украина и претходните кризи предизвикани од пандемијата КОВИД-19 го пренасочиле вниманието на владата во овие итни проблеми. „Преку овој проект воспоставивме ефективни локални и национални партнерства и вниманието го посветивме на потребите и предизвиците на ранливите заедници и повратниците,“ вели таа.

Синот на Блерта сега има 17 години и му е многу подобро. Добива редовна физиотерапија дома и во локалниот центар, поддржан преку проектот на Програмата за развој на ОН со финансирање од ЕУ и Фондот за одржлив развој. Има пристап до подобра здравствена грижа и е опкружен од своето семејство кое го сака и внимава на неговиот развој. Ќерката на Блерта, Леје, која сега е тинејџерка, се интересира за јазици, добила неколку медали и обожава да се дружи со својот брат. Семејството сè уште се соочува со борба за наоѓање живеалиште; барајќи дом, со основни услови за живот, кој ќе можат да си го дозволат. Блерта вели: „Најголемиот сон е да имам дом за моите две деца, за тогаш и кога нема да бидам со нив, да бидат организирани и да имаат достоинствен живот.“

Едношалтерски пристап кој го трансформира вработувањето на младите

Нов образовен пристап, финансиран од ЕУ, функционира низ Западен Балкан

Организациите на граѓанското општество во Западен Балкан ги здружија силите за да воведат нов образовен пристап кој има за цел зголемување на вработеноста кај младите. Проектот има една позначајна партнерска организација во Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора и Србија. Во секоја држава, проектот работи на пополнување на празнините во услугите на образовните институции.

 

Не постојат брзи решенија за образовните предизвици, а тоа добро го знае Центарот за младинска работа од Нови Сад во Србија. Оваа организација со години работи со млади. Нуделе курсеви, работеле на застапување на младите, но тоа што навистина им го привлекло вниманието е вработувањето на младите.

 

„Добивме идеја за пилотирање интегрирани услуги за млади засновани на едношалтерски принцип.“

Центарот за младинска работа „CZOR“ воочил дека услугите до кои младите имаат пристап се поделени меѓу различни организации, па затоа корисниците морале да преминуваат од една кон друга програма за да се стекнат со неопходните вештини за вработување.

„Добивме идеја за пилотирање интегрирани услуги за млади засновани на едношалтерски принцип,“ вели Вања Калаба од „CZOR“. Пристапот бил успешен, а приближно повеќе од половина од младите кои биле дел од програмата добиле вработување или понуда за стаж. На тој начин, Калаба била убедена дека овој модел може да се развие во регионален проект.

Образованието добива регионален дострел

Центарот за младинска работа „CZOR“ успеал да ја издигне на регионално ниво својата специјализирана интервенција во младинското образование; и тоа со финансирање од ЕУ. Во пристапот им се придружиле организации од Албанија, БиХ, Косово и Црна Гора; со надеж за зголемување на можностите на младите за наоѓање работа. „Сакавме да ги зајакнеме организациите преку креирање мрежа која ќе ги направи чинителите препознатливи и порелевантни; поддржувајќи ги да соработуваат со владата за младинско вработување и пристап до младите,“ вели Калаба од „CZOR“.

Пристапот имал посебен фокус на младите кои не се во образовен процес или, пак, во процес на вработување или обука. Стотици кандидати се пријавиле, надевајќи се да се стекнат со потребните вештини по едногодишна програма која вклучува дигитални вештини и претприемништво.

Партнерите кои ја нудат оваа услуга имаат богата експертиза за кариерно советување, претприемништво, дигитални вештини и социјални медиуми. Сега, овие организации ги обединуваат силите и на едно место ги подготвуваат кандидатите; од споделување на нивната експертиза, па сè до контактирање на потенцијалните работодавци.

„Запишувањето во овој образовен формат направи подобро да го разберам ИТ секторот и да го применам знаењето во иднина.“

За проектот

Проектот „Мојата кариера од 0 до херој“ (“My Career from Zero to Hero” (02hero)), финансиран од ЕУ, има за цел зајакнување на капацитетите на организациите на граѓанското општество; за да можат да бидат ефикасни и одговорни независни чинители кои ќе можат конструктивно да се вклучат во соработки со владите на идентификувани тематски приоритети за иновативни решенија за вработување на младите во Стратегијата за Западен Балкан. Проектот е интегриран модел за вработување на младите според „NEET“ (Not in Education, Employment, or Training) („NEET – Не во образование, вработување или обука“), заснован на едношалтерска методологија која ги овозможува на едно место сите услуги за вработување на младите и развивање на вештини потребни за идните работни места во дигиталната револуција 4.0.

Сајра Хаџиараповиќ учествувала на обуката организирана од партнерската организација во БиХ – „Центар за младинско образование“, во градот Травник. Вели дека специјално осмислениот курс од предавачи специјализирани за програмирање и веб-дизајн ги пополнил празнините во нејзиното образование. Особено го вреднува запознавањето со успешни претприемачи во улога на гости-говорници. „Запишувањето во овој образовен формат направи подобро да го разберам ИТ секторот и да го применам знаењето во иднина,“ вели Сајра Хаџиараповиќ која се надева дека сега има поголеми шанси за вработување.

Конзорциумот организации сега се фокусира на одржливост на моделот за да може да стане неопходната адреса за охрабрување вработување меѓу младите.

Претворање на детската пасија во професија

Проект, финансиран од ЕУ, им помага на младите во Косово да ги исполнат своите професионални амбиции во секторот на информациско-комуникациските технологии и дигиталниот сектор.

Детјон Чочај има 21 година и е од Призрен, Косово. Тој е еден од многуте млади кои во последните години гледаат на информациските технологии како привлечен сектор за нивниот професионален живот. Одлуката да го започне своето професионално патување во доменот на информациско-комуникациските технологии, за Детјон, не била техничка, туку започнала како пасија уште кога имал само 10 години. На таа возраст, Детјон го имал првото искуство со компјутер; и тоа преку пријател кој поседувал компјутер. „Беше поле во кое новите информации може бескрајно да се истражуваат: беше љубов на прв поглед,“ вели тој. Првото искуство со компјутер направило да ги замоли своите родители да му купат компјутер. Тие ги послушале и така започнало возбудливото патување за Детјон.

„Иако универзитетот на кој сум запишан е прилично во чекор со трендовите; сепак, не може целосно да држи ритам со брзиот развој во сферата на информациско-комуникациските технологии. Професионалните курсеви се секогаш добар начин за пополнување на оваа празнина.“

Детјон ги доразвил своите вештини за информациско-комуникациски технологии и дигитални вештини, а кога дошло време за запишување на факултет, немал сомнеж за тоа што сака да студира. Во 2020 година ги започнал своите студии, но имал желба да учи повеќе и побрзо. Оттука, почнал да бара дополнителни можности за подобрување на своите вештини и наишол на објава од проект, финансиран од ЕУ, кој нудел бесплатни курсеви за информациско-комуникациски технологии за младите во Косово. „Иако универзитетот на кој сум запишан е прилично во чекор со трендовите; сепак, не може целосно да држи ритам со брзиот развој во сферата на информациско-комуникациските технологии. Професионалните курсеви се секогаш добар начин за пополнување на оваа празнина,“ вели Детјон.

Проектот за поддршка на конкурентноста во секторот на информациско-комуникациските технологии во Косово, финансиран од ЕУ, е фокусиран на овозможување обука за информациско-комуникациски технологии, дигитални вештини и бизнис менаџмент; вклучително и веб развој, Јава програмирање, кибер безбедност, „Python“, „big data“ (големи/мега податоци), машинско учење, информациско-технолошки проектен менаџмент и „меки вештини“ („soft skills“). Дополнително, проектот овозможил курсеви за бизнис обука за менаџмент и лидерство во секторот на информациско-комуникациските технологии. Детјон присуствувал на два модули: Јава и Андроид развој и веб развој.

„Знаењето со кое се стекнав на курсот многу ми помогна. На пример, имаше одредени технички прашања на моето интервју за работа чии одговори ги бев научил на курсот; па, тоа влијаеше на успехот на интервјуто.“

За проектот

Проектот за поддршка на конкурентноста во секторот на информациско-комуникациските технологии во Косово, финансиран од ЕУ; брендиран како „Информациско-комуникациските технологии за развој на Косово“, цели кон зголемување на конкурентноста на дигиталните и традиционални бизниси во Косово преку поддршка за експанзија на секторот за информациско-комуникациски технологии во Косово; водејќи до создавање нови работни места. Дополнително, проектот има за цел да го премости јазот на дигитални и деловни вештини; и тоа на одржлив начин кој ќе ги исполни потребите на пазарот, зголемувајќи го извозот на косовските бизниси во сферата на информациско-комуникациските технологии, како и зголемување на конкурентноста на косовските дигитални и традиционални бизниси преку употреба на информациско-комуникациските технологии. Со проектот управува Канцеларијата на ЕУ во Косово, а истиот е имплементиран од „WeGlobal“, во партнерство со „European Projects Management Ltd“ и „Prishtina REA“. Проектот трае 42 месеци; од јануари 2020 до јули 2023 година.

Како резултат на неговата напорна работа, стекнатото знаење на факултет и, особено, знаењето со кое се здобил на курсевите финансирани од проектот на ЕУ, Детјон добил работа во „Bottomline Technologies“ – компанија која работи во повеќе од 90 држави ширум светот. „Знаењето со кое се стекнав на курсот многу ми помогна. На пример, имаше одредени технички прашања на моето интервју за работа чии одговори ги бев научил на курсот; па, тоа влијаеше на успехот на интервјуто.“ Детјон има големи амбиции за иднината во секторот на информациско-комуникациските технологии и дигиталниот сектор. „Во иднина, се гледам себеси како сопственик на производ и извршен директор на важна компанија за информациско-комуникациски технологии која вработува и создава позитивни перспективи за другите млади,“ вели тој.

Достапна и здрава храна за младите

Проект, финансиран од ЕУ, поддржува стручни средни училишта во производство на здрава храна без алергени.

Дебелината (обезноста) е растечки феномен меѓу младите во БиХ и Србија. Според научни трудови, изработени во двете држави, приближно 15 % од младите се соочуваат со обезност, а преку 35 % од нив се наоѓаат во, така наречена, пред-обезна состојба. Од друга страна, пак, дури 10 % од населението имаат развиено нетолеранција кон одредена храна; манифестирајќи алергиски реакции кои го нарушуваат здравјето. Научното истражување дојде до заклучок дека главниот причинител е брзата храна; а членови од невладината организација „Limitless Association“, од Србија, презедоа акција со цел да придонесат за подобрување на ситуацијата.

Во соработка со средните стручни училишта во прекуграничните градови; Рума, во Србија, и Зворник, во Бих, невладината организација „Limitless Association“ започна проект чија цел е стимулирање вработеност за младите во прекуграничниот предел преку понуда на гастрономски производи. Заедно со вработувањето, проектот цели кон креирање здрав и безбеден избор на храна за младите и ранливите групи; и тоа по достапни цени.

„За жал, во прекуграничниот регион, здравата храна без алергени скоро и да не постои; па, затоа, моравме да преземеме акција.“

Нови хранливи авантури

Јован Јовановиќ е проектен менаџер при „Limitless Association“. Објаснува дека нивната идеја е да ги комбинираат целта за зголемување на вработувањето меѓу младите во прекуграничниот простор со мисијата за обезбедување здрава храна за младите; особено младите од ранливите групи со финансиски предизвици. „За жал, во прекуграничниот регион, здравата храна без алергени скоро и да не постои; па, затоа, моравме да преземеме акција,“ вели Јован.

Стручното средно училиште „Бранко Радичевиќ“, од Рума, и „Петар Кочиќ“, од Зворник, се дел од проектот и нудат обука за кетеринг и неколку децениско искуство во работата со млади. Меѓутоа, им недостасуваше опрема и тековна експертиза за да ги научат учениците како да подготвуваат здрава храна. Најпрво, проектот им помогна при реновацијата на нивните кујни; опремувајќи го со современа опрема. Потоа, проектот отпочна и две помошни програми за обука за наставници и ученици во доменот на здрава храна без алергени.

Здравата храна подготвена од учениците во училиштата ќе биде понудена во училишните мензи по достапни цени. Јован објаснува дека овие мензи ќе бидат регистрирани како општествени претпријатија, така што ќе се обезбеди и нивната одржливост. Мензите ќе бидат непрофитни, но, со остварените приходи, ќе можат да купат квалитетни суровини за подготовка на храната. Истовремено, учениците ќе се стекнат со значајно искуство; па, дури стигнат до моментот на матурирање, ќе бидат подготвени за пазарот на труд.

„Поддршката од ЕУ беше неопходна за спроведувањето на проектот; затоа што ниту едно од училиштата, ниту, пак, локалните влади, не беа во можност да го спроведат истиот.“

За проектот

Проектот „Здрави и безбедни гастрономски производи како потенцијал за ново вработување“, финансиран од ЕУ, е поддржан како дел од Прекуграничната програма Србија – БиХ 2014 – 2020; во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), со распределби за 2016, 2017 и 2018 година. Проектот започна во мај 2022 година, а се очекува да заврши на крајот од 2022 година.

Невладината организација „Limitless Association“ забележа недостаток од органска и здрава храна без алергени во училиштата во прекуграничниот простор; па, затоа, проектот ќе преземе активности за промоција на специјализираното знаење на матурантите на пазарот на труд. Проектот ќе отпочне, исто така, и веб пазарен портал за угостители кој ќе им овозможи на работодавците директно да се поврзат со квалифицираните ученици чија експертиза ќе биде загарантирана од страна на училиштето.

Овој проект е финансиран од ЕУ со преку 250000 евра. Јован објаснува дека без поддршката на ЕУ, реализацијата на проектот не би била возможна. „Поддршката од ЕУ беше неопходна за спроведувањето на проектот; затоа што ниту едно од училиштата, ниту, пак, локалните влади, не беа во можност да го спроведат истиот,“ вели тој. Исто така, се надева дека спроведените активности, во рамки на проектот, ќе послужат како пример за училиштата во другите градови ширум Србија и дека владата ќе ги употреби овие примери за умножување на проектот.

Споделувањето повеќе љубов, најнакрај, ќе ја запре омразата

Познати личности во Србија се придружуваат во борбата против говор на омраза против ЛГБТИ заедницата и други целни групи.

„Блокирај ја омразата. Сподели љубов“ е слоганот на новата инцијатива на ЕУ и Советот на Европа која има за цел борба против говорот на омраза; вклучително и растечкиот волумен на негативни содржини, особено на социјалните медиуми. Признавајќи дека станува збор за тешка битка за повлекување линија помеѓу слободата за изразување и говорот на омраза; регулирањето на тоа што е соодветно и каде се потребни филтри, кампањата цели кон едуцирање на корисниците на социјалните медиуми за обрнување внимание на тоа што го објавуваат на своите профили или на останатите јавни платформи.

Иницијативата има за цел да се бори против различните форми на говор на омраза насочени кон одредени заедници и ранливи социјални групи. Во Србија, како и на другите места во Балканот, кампањата инволвира јавни личности во својство на амбасадори за промена. Личности познати по своите достигнувања во доменот на уметноста, глумата, спортот, и други, ги охрабруваат своите публики и следбеници да дискутираат и усвојат позитивно однесување во разнолики општества; да ги променат предрасудите и да промовираат еднаквост. Лидерите на кампањата веруваат дека на овој начин може да се иницира потребната промена на јавното мислење и да се намали проблематичниот јазик во онлајн сферата.

„Ги повикуваме луѓето двапати да размислат пред да објават нешто онлајн: да бидат свесни дека токсичните приказни брзо се шират, а нивните ефекти се непоправливи затоа што можат да поттикнат омраза, а и насилство против одредена индивидуа или група; без разлика на намерата.“

Нинослав Младеновиќ од отсекот за антидискриминација, при Советот на Европа, е член на тим кој работи на проектот „Промоција на разноликост и еднаквост во Западен Балкан“. Објаснува дека е важно да се пренесе оваа порака до луѓето кои не се свесни за штетата која ја предизвикуваат; можеби ненамерно, со цел да бидат свесни за тоа како останатите можат да се чувствуваат во врска со нивните изјави. „Ги повикуваме луѓето двапати да размислат пред да објават нешто онлајн: да бидат свесни дека токсичните приказни брзо се шират, а нивните ефекти се непоправливи затоа што можат да поттикнат омраза, а и насилство против одредена индивидуа или група; без разлика на намерата.“

Размислување за онлајн трагата

Регионалната кампања на Советот на Европа доби дополнителна димензија во Србија каде што корисниците на онлајн медиуми добија блиц прашање: „Каква трага оставате онлајн?“ Ова ги поттикна корисниците да размислат пред да објават нешто; потсетувајќи ги дека содржината останува и нема веднаш да исчезне; без разлика на тоа дали поттикнува насилство или емпатија.

„Важно е што ја имаме моќта да го користиме нашиот јавен простор за промовирање емпатија, разбирање и заедничка почит, бидејќи тоа е тоа што, несомнено, недостасува во општеството.“

За програмата

Оваа програма ги поддржува клучните локални чинители и кориснички институции во Србија, и пошироко во Западен Балкан, во борбата против дискриминација, говор на омраза и злосторства од омраза насочени кон малцинства, луѓе од ЛГБТИ заедницата и ранливи групи во општеството. Исто така, ги поддржува напорите на Србија и останатите земји-кориснички од Западен Балкан во контекст на пристапните преговори со ЕУ во доменот на основни права. Оваа програма е финансирана во рамки на Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и Турција 2019 – 2022, на ЕУ и Советот на Европа.

Една од највпечатливите фигури во светот на глумата, Славен Дошло, ѝ се придружи на националната кампања како амбасадор за споделување на пораката за инклузивност. „Важно е што ја имаме моќта да го користиме нашиот јавен простор за промовирање емпатија, разбирање и заедничка почит, бидејќи тоа е тоа што, несомнено, недостасува во општеството,“ изјави Дошло во медиумско интервју како дел од кампањата. Познатиот актер толкуваше актерски улоги кои третираат проблеми кои, според него, мора да се решат; како, на пример, злоупотреба на човекови права и нееднаквост. Во една прилика кога Славен Дошло одиграл улога на лице од заедницата ЛГБТИ добил бран критики, па дури и пораки со омраза од Интернет корисници кои го поистоветувале актерот со неговата улога.

Ваквиот вид говор на омраза не е изненадувачки за организаторите на кампањата „Блокирај ја омразата. Сподели љубов“. Според студија, објавена од Центарот за слободни избори и демократија, годинешен гарант на програмата за Советот на Европа, помалку од 20 % од граѓаните во Србија имаат позитивен однос кон ЛГБТИ заедницата; а 50 % од испитаниците имаат негативен однос. Една од препораките на оваа студија е развивање стратегија за инволвирање на корисниците на онлајн медиуми и социјални мрежи, на возраст под 40 години, да влијаат врз останатите членови на општеството.

Оваа препорака веќе се имплементира во кампањата и тоа преку вклучување посебен вид „инфлуенсери“ – млади европски амбасадори за „не-омраза“. Нивната мрежа промовира младински активизам, во рамки на локалните заедници, како моќна алатка за општествена промена. Младите европски амбасадори учествуваа во маршови на гордоста, филмски проекции, дискусии за истополови партнерства, како и начини за подобрување на ситуацијата на ЛГБТИ луѓето кои се меѓу едни од најдискриминираните општествени групи. Околу 25 млади европски амбасадори, членови на мрежата, беа обучени од тимот на Советот на Европа, да ја зголемат својата свест за говорот на омраза, како и нивните вештини за развивање приказни за човекови права при земањето збор во јавност и однесувањето на социјалните медиуми.

Меѓутоа, потребна е долгорочна акција за промена на перцепциите и однесувањето кон ЛГБТИ заедницата. Младеновиќ објаснува дека започнале со работа во мај, пред Денот на Европа, и продолжиле со училишни посети за подигнување свест за штетата која говорот на омраза може да ја предизвика во општеството.

Покрај активностите за подигнување на свеста, Советот на Европа соработува со партнери за воведување структурни и систематски промени во системот. Еден од примерите е соработката со локалните институции за зајакнување на нивните капацитети за вклучување на правата на ЛГБТИ во локалните политички документи и подзаконски акти.

Не можеме сите да направиме такви промени на ниво на политика, но кампањата нè потсетува дека сите можеме да ја блокираме омразата и да споделиме љубов.

Заштита на правата на луѓето во движење

Со поддршка на ЕУ, црногорска невладина организација ги поддржува мигрантите со бесплатни правни услуги.

Ирфан* има 30 години и потекнува од Мароко, но за својата татковина вели: „Човековите права не се почитуваа, немаше работа: економијата беше слаба. Сè беше лошо!“. Пребегнал од Мароко во 2011 година; најпрво во Турција, со обичен лет. Набрзо, морал да ја напушти државата и притоа за првпат стапил во контакт со криумчари. Го префрлиле во Грција, а потоа во Албанија, сè додека, на крај, не пристигнал во Црна Гора. „Мојот живот беше во рацете на криумчарите. Можеа да направат што сакаат со мене; немав право на збор. Пристигнав во Црна Гора и се обидов да избегам, но немав сила да продолжам,“ додава Ирфан.

Ирфан живее во Црна Гора преку 10 години. Набрзо, по пристигнувањето, нашол работа во хотел каде што се вљубил во Црногорката Јована*. Сега се во брак и имаат две прекрасни деца. Во меѓувреме, Ирфан го научил и црногорскиот јазик и, на многу начини, се почувствувал целосно интегриран во општеството на неговиот нов дом. Меѓутоа, ова не било случајот од правна перспектива. Имал право да се пријави за црногорско државјанство, но, поради правни компликации; а и поради фактот дека одредени закони се контрадикторни, сè уште не може да го ужива правото. За да го реши проблемот, тропнал на вратата на црногорската невладина организација, „Правен центар“, која овозможува правна помош за странци кои бараат азил во Црна Гора преку проект, финансиран од ЕУ, наречен „Мој адвокат – бесплатна и професионална правна помош за мигранти“, во соработка со „Caritas“. Сега, ја добива нивната правна помош за својот проблем.

„Поради малиот број на мигранти кои сакаат да останат во Црна Гора, владата нема политика за нивна интеграција во насока на образование и вработување.“

Бесплатна правна помош за тие кои имаат потреба

Лука Ковачевиќ е директор на невладината организација „Правен центар“, основана во 2007 година, со цел поддршка на луѓе во движење и воени бегалци во поранешна Југославија. На времето, Црна Гора не поседуваше дури ни основна правна инфраструктура поврзана со барателите на азил; како ни владин план за обезбедување поддршка за барателите на азил или раселените лица. Лука и неговиот тим, првично започнале со работа за поддршка на владата при надминување на овие пречки и владата ја вовела правната инфраструктура која се применува оттогаш.

Но, во меѓувреме, мигранти од други страни на светот започнале да пристигнуваат во Црна Гора и имале потреба од поддршка. Според статистиките на невладината организација „Правен центар“, преку 95 % од бегалците во земјата ја користат Црна Гора како пат за транзитирање, а само мал број од нив одлучуваат да останат; бидејќи повеќето од нив се насочени кон земјите со поголеми економски перспективи. Меѓутоа, тие што остануваат имаат потреба од поддршка. Лука објаснува дека владата нема многу да им понуди. „Поради малиот број на мигранти кои сакаат да останат во Црна Гора, владата нема политика за нивна интеграција во насока на образование и вработување,“ вели тој.

Обезбедување поддршка за овие мигранти и други кои гледаат на Црна Гора како пат за транзитирање е причината поради која невладината организација на Лука го отпочна проектот „Мој адвокат – бесплатна и професионална правна помош за мигранти“, во соработка со „Caritas“.

„Направивме преку 146 теренски посети: бевме во сите црногорски општини; посетувајќи ги и поддржувајќи ги мигрантите во формални и неформални собирања. Мигрантите коишто ги поддржавме минатата година беа од Авганистан, Алжир, Иран, Мароко и подалеку.“

За проектот

Проектот „Мој адвокат – бесплатна и професионална правна помош за мигранти“, финансиран од ЕУ, беше започнат на почетокот од 2020 година, а заврши во јули 2021 година. Целосната финансиска вредност на проектот беше преку 130000 евра. Проектот цели кон почитување на правата на различни категории мигранти преку обезбедување правна помош, информирање и советување, хуманитарна помош и психосоцијална помош; како и работа за зајакнување на капацитетите на локалните организации на граѓанското општество и релевантни институции за креирање политики во врска со миграцискиот менаџмент, интеграција на странци со статус на меѓународна заштита и реинтеграција на повратници.

*Имињата се променети за да се заштити приватноста

Преку овој проект, 677 корисници добија поддршка; од нередовни мигранти и луѓе кои бараат меѓународна заштита во Црна Гора, до повратници кои се враќаат врз основа на договор за повторен прием. Покрај правната помош, на мигрантите им беа доделени и 350 пакети со хуманитарна помош. „Направивме преку 146 теренски посети: бевме во сите црногорски општини; посетувајќи ги и поддржувајќи ги мигрантите во формални и неформални собирања. Мигрантите коишто ги поддржавме минатата година беа од Авганистан, Алжир, Иран, Мароко и подалеку,“ вели Лука.

Златниот вез повторно во мода

Современо женско претприемништво и традиционален црногорски занает се преплетуваат со поддршка на ЕУ.

Црногорскиот златен вез се користи на традиционални носии повеќе од три века, но беше во ризик од изумирање поради промените на модните вкусови и непренесување на занаетот од старите на младите генерации. Дополнителна причина беше тоа што дури и кога имаше интерес за златен вез; додавање злато на прилично скапа носија или свилена кошула чини многу. Меѓутоа, од неодамна, занаетот добива нов елан благодарение на иницијатива од локална црногорска организација на граѓанското општество и поддршка од ЕУ.

Бисерка Раичевиќ е во нејзините шеесетти години и доаѓа од црногорско семејство кое ја негува традицијата; особено поврзана со рачните изработки. Иако поголемиот дел од животот го поминала работејќи како економист, продолжила, истовремено, да ги практикува, како хоби, традиционалните рачни изработки кои ги научила како млада девојка. Но, до неодамна, не беше пробала да работи со златен вез – врвот на црногорската занаетчиска традиција. Ова се сменило кога се приклучила на работилницата организирана со поддршка на проектот „ReLoAD“, финансиран од ЕУ.

„Работата со златен вез бара многу трпение и посебни занаетчиски способности.“

Оживување заборавени техники

Бисерка објаснува дека дознала за работилницата преку својот сопруг; кој го видел повикот на социјалните медиуми и ѝ кажал за можноста, знаејќи ја нејзината љубов кон рачните изработки. Се двоумела дали да се пријави, затоа што работата со златен вез е исклучително напорна, а истовремено и скапа поради златниот конец кој се користи за везот. Но, одлучила да се пријави, водена од љубовта кон традицијата; иако од искуството научила дека „работата со златен вез бара, како што таа вели: – многу трпение и посебни занаетчиски способности.“

Обуката била организирана преку проектот „Зачувување и развој на традиционалните црногорски занаети – златен вез“, финансиран од ЕУ, кој вклучил жени на различна возраст и од различни општествени средини. Постарите експерти во занаетот биле ангажирани како обучувачи за да го пренесат своето знаење. Во текот на обуката, проектот вклучил, исто така, и поддршка за комуникација и создавање маркетинг план за промоција на златниот вез; како и лансирање на публикација која ја раскажува историјата и важноста на занаетот.

„Оваа обука беше огромна инспирација за мене“

За проектот

Проектот „Зачувување и развој на традиционалните црногорски занаети – златен вез“ е имплементиран од Институтот за претприемништво и економски развој, во соработка со здружението за уметности и рачни изработки „NIT“. Проектот е поддржан од Регионалната програма за локална демократија („ReLOaD“), финансирана од ЕУ, а имплементирана од Програмата за развој на Обединетите Нации.

Проектот цели кон промоција на црногорскиот златен вез преку развој на маркетинг план, подобрувајќи го економскиот и општествен статус на жените преку споделување на вештините за златен вез и популаризирање на истиот во соработка со модни дизајнери.

„Оваа обука беше огромна инспирација за мене,“ вели Бисерка, а со вештините кои ги стекнала од проектот, одлучила да започне мал бизнис со цел претставување и овозможување поголем пристап до овие прекрасни креации. Дизајните кои содржат златен вез се централни за повеќето производи во нејзиниот бизнис, „RB Ethno Fashion Hand Made“; вклучувајќи и модерни предмети за секојдневна употреба како торби, шалови или маски.

Покрај нејзините производствени и продажни активности, Бисерка организира, исто така, и бесплатни работилници преку кои придонесува за пренесување на вештините на други жени во нејзината заедница. „Верувам дека оваа традиција треба да живее, па, затоа, сакам колку е можно повеќе млади луѓе да ја научат техниката,“ вели таа.

Компанија за долна облека која се буди со дигитален импулс

Ромска претприемачка од Србија го проширува својот бизнис онлајн со поддршка на ЕУ.

Слаѓана Васиќ е ромска претприемачка од Краљево; град во централна Србија. Нејзината компанија произведува памучна долна облека; како и облека за спиење, под брендот „Arilje“; од името на малечок град во западниот дел на државата каде што се произведува квалитетниот памук. Нејзината компанија е семеен бизнис кој Слаѓана го води со своите два сина и сопругот.

Преку 15 години биле во бизнисот како трговци на памучни производи; а, од 2014 година, започнале со производство на долна облека и облека за спиење која ја продаваат во семејната продавница лоцирана во центарот на градот. Меѓутоа, пред две години, морале да ја променат оваа продажна стратегија.

„Немавме приходи и не можевме да ги продаваме производите ниту на големо, ниту, пак, во нашата продавница.“

Трансформирање на кризата во можност

Со почетокот на пандемијата КОВИД-19, Слаѓана морала да ја затвори продавницата, не знаејќи кога би можела повторно да отвори. „Немавме приходи и не можевме да ги продаваме производите ниту на големо, ниту, пак, во нашата продавница,“ вели таа.

Тогаш, ја контактирале од Иницијативата за развој на ромско претприемништво (Roma Entrepreneurship Development Initiative (REDI)); иницијатива, финансирана од ЕУ, која имплементира програма насловена „Ромски дигитален импулс“ („Roma Digital Boost“), соработувајќи со ромските заедници ширум Западен Балкан за зголемување на нивните дигитални вештини. Ѝ предложиле да ја поддржат во промената на нејзината продажна стратегија; со цел да може да ги продава своите производи онлајн и таа, неволно, прифатила да се обиде. „На почетокот се двоумев дали би можела своите производи да ги продавам онлајн, бидејќи не се работи за луксузни производи; но лицата од Иницијативата за развој на ромско претприемништво ме убедија во спротивното, па, сега, продаваме онлајн и работата добро се одвива,“ вели Слаѓана.

Иницијативата за развој на ромско претприемништво ја отпочна програмата „Ромски дигитален импулс“ („Roma Digital Boost“) со цел поддршка на онлајн транзиција на традиционалните бизниси, како и нивна формализација. Програмата ги обезбеди ромските претприемачи, како Слаѓана, со дигитални алатки и вештини за да го унапредат својот бизнис и да започнат со развивање на своето претприемништво во онлајн формат. Претприемачите кои ја проследија програмата, добија пакети за дигитализација; вклучително и индивидуално советување и менторска поддршка од експертите при Иницијативата за развој на ромско претприемништво.

„Ромите не смеат да бидат изоставени и се надевам дека ќе има повеќе програми како оваа.“

 

За проектот

 Проектот за интеграција на Ромите 2020, имплементиран од Советот за регионална соработка; со финансиска поддршка на ЕУ и Фондациите отворено општество, цели, меѓу другото, кон намалување на општествено-економскиот јаз помеѓу ромското и неромското население во Западен Балкан и Турција.

Орхан Усеин e раководител на бирото на Советот за регионална соработка и интеграција на Ромите. Тој објаснува дека е неопходно да се зајакне ромската заедница со цел употреба на дигитални вештини и следење на најновите деловни трендови. Образовните програми; како програмата „Ромски дигитален импулс“, поддржана од тимот на Советот за регионална соработка и интеграција на Ромите, како финансиски, така и со човечки ресурси, можат да го забрзаат процесот и да го зајакнат инволвирањето на ромските граѓани во промоција, обликување и имплементирање на Дигиталната агенда за Западен Балкан. „Ромите не смеат да бидат изоставени и се надевам дека ќе има повеќе програми како оваа,“ вели Орхан.

Иако пандемијата КОВИД-19 се намалува, а карантините се завршени; онлајн продажбата на Слаѓана постојано расте. Таа сонува дека, еден ден, дополнително ќе ја прошири својата компанија и ќе стане познат бренд. Нејзината порака до другите е инспиративна: „Сакам да им порачам на сите жени Ромки во бизнисот дека жените се способни да ја завршат истата работа како мажите, па дури и многу повеќе. Затоа, само напред, работете си ја работата: правете го тоа со полно срце и дајте го најдоброто од себе, а успехот загарантирано ќе дојде.“