Skip to main content

Area of Cooperation: Employment and inclusion

Да се биде горд повеќе од еднаш во годината

Да се допре срцето на луѓето преку активизам за поддршка на една од најдискриминираните заедници во Албанија. „Љубовта е единствената вакцина против хомофобијата“ беше годинешниот слоган на активностите кои ја слават разноликоста и гордоста на сите геј, лезбијки, трансродови и интерсекс луѓе (LGBTQI/ЛГБТКИ) во Албанија. Се работи за повик, од страна на ЛГБТИ заедницат,а за разбирање и прифаќање; по она што Алијансата против ЛГБТИ дискриминација го опишува како тешка година, полна со несигурности, страв и изолација за време на пандемијата со Коронавирус. Алијансата е една од водечките организации зад активизмот  кој го одбележува Меѓународниот ден против хомофобија, бифобија и трансфобија и се случува за време на неделата од 17-ти мај.   Џени Карај, директорка на Алијансата, е водечки активист повеќе од една деценија. Годинешните иницијативи се фокусираат на јавни прикажувања и уметнички перформанси. „Нашата заедница мора да знае дека сме тука за да ја поддржиме, а 17-ти мај е одлична прилика да се соопшти својата сексуална ориентација,“ вели Карај. „Не треба да се чувствуваат засрамено или виновно.“

„Семејството би требало да биде сигурно засолниште [за ЛГБТКИ луѓето]. Преку уметноста, стремиме да ги освоиме срцата на луѓето за да го промениме нивното мислење.“

Меѓу главните моменти на програмата беше квир монодрамата прикажана на сцената на културниот центар во главниот град, Тирана. Во драмата станува збор за најголемите стравови на ЛГБТКИ луѓето во Албанија; вклучувајќи ги самоприфаќањето и важноста да се биде прифатен од страна на семејството. „Семејството би требало да биде сигурно засолниште. Преку уметноста, стремиме да ги освоиме срцата на луѓето за да го промениме нивното мислење,“ вели Карај. Таа е првиот член на ЛГБТКИ заедницата во државата која јавно ја споделила својата сексуална ориентација како лезбијка. Карај ја црпи мотивацијата за својата работа од храброста на ЛГБТИ луѓето да го предизвикуваат конзервативното албанско општество. Напоредно со подигнувањето совест, ЛГБТ организациите ги ангажирале јавните институции да се заложат за стратешко ставање крај на дискриминацијата против ЛГБТКИ луѓето во државата. Истражувањата покажуваат дека двојно повеќе ЛГБТКИ луѓе се цел на дискриминација и исклучување во споредба со остатокот од населението. Со поддршка на заедничката програма на ЕУ и Советот на ЕУ, „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција“, организациите на граѓанското општество како, на пример, Алијансата можат подобро да ја пополнат празнината помеѓу заедницата и институциите за спроведување на законот. Пример за ова е Државната полициска дирекција која назначила контактни точки со ЛГБТКИ заедницата и ги подобрила своите протоколи за пријавување случаи на злосторства од омраза. Прилики за дијалог помеѓу заедницата и полицијата се поттикнуваат преку иницијативите на програмата, како во Албанија, така и ширум регионот. Советот на Европа неодамна адаптира и преведе на албански јазик прирачник со насоки за полицијата за професионално постапување при вакви случаи и, исто така, организираше активности за зголемување на капацитетот во рамки на силите. Прирачникот покренува воспоставување на низа последователни иницијативи кои ќе се однесуваат на дискриминацијата, нееднаквоста и ќе ја зајакнат инклузијата во полицијата и во односот на полицијата и граѓаните. Овие иницијативи се водени од стандардите на ЕУ и Советот на Европа за почитување и промовирање на човековите права.

„Единствениот момент во кој сексуалната ориентација беше спомната во текот на општата изборната кампања беше тогаш кога политичките противници сакаа меѓусебно да се навредуваат.“

  За програмата Акцијата на „Промоција на разноликост и еднаквост во Албанија“ има за цел зајакнување на механизмите против дискриминација во државата; и тоа преку промоција на заштита на правата на ЛГБТКИ лицата и борба против говорот на омраза, во согласност со стандардите и препораките на Советот на Европа. Активностите имаат, исто така, за цел да ги поддржат преговорите на Албанија за пристап кон ЕУ во доменот на основни права. Програмата е под финансиско покровителство на иницијативата „Horizontal Facility II за Западен Балкан и Турција (Horizontal Facility II) 2019-2022“ на ЕУ и Советот на Европа – заедничка иницијатива на двете организации да ги исполнат реформските агенди на корисниците во областа на човекови права, владеење на правото и усогласување со европските стандарди. Како дел од борбата за слободно и еднакво општество за сите сексуални и родови идентитети, Алијансата смета дека најголемиот институционален предизвик се политичките партии. Пред скоро десет години, со поддршката на Советот на Европа, биле предложени промени на два клучни закона кои дозволуваат истополови бракови и родово признавање на транссексуалните лица. Меѓутоа, Собранието никогаш не ги зело предвид. „Нема политичка волја,“ вели Карај која изгледа разочарано, но не и изненадено. Алијансата ги праша сите партии кои учествуваа во општите избори во 2021 за нивните планови за подобрување на ситуацијата на ЛГБТКИ заедницата, но одговорот беше молк. Како што Карај вели: „Единствениот момент во кој сексуалната ориентација беше спомната во текот на општата изборна кампања беше тогаш кога политичките противници сакаа меѓусебно да се навредуваат.“ Невладината организација развила јавна кампања преку која се посочувале политичарите кои употребувале такви практики во изминатата изборна кампања и во текот на минатата година. Ваквата атмосфера значи дека членовите на заедницата се обесхрабрени кога пријавуваат злоупотреба, малтретирање и домашно насилство. Но, според Џени Карај, ЛГБТКИ луѓето во Албанија се отпорна заедница која останува активна и покрај големиот притисок во секојдневниот живот. Заедницата има онлајн услуга за поддршка која обезбедува советување и правна поддршка. Солидарноста со луѓето во потреба порасна за време на пандемијата, особено со помош на донатори. Пораката која ја испраќаат е „Krenar“. На македонски се преведува како „Горди“.

Надвор и онлајн

Со поддршка на ЕУ, предводничка ЛГБТИ организација маршира во одбрана на заедницата во Косово. Како би ги карактеризирале членовите на ЛГБТИ (лезбијка, геј, бисексуалец, трансродова, и интерсеклсуална личност) заедницата? Одговорите на просечен Косовар вклучуваат: екстравагантни, знаме на виножитото и Парада на гордоста. Ваквите стереотипи се, главно, резултат на ограничените информации во масовните медиуми, комбинирани со традиционалните ограничувања кои го забавуваат процесот на отворање на општеството. Но, за косовската ЛГБТИ заедница може да се каже многу повеќе отколку Парада на гордоста и не сè е така шарено како што изгледа на сликите. „Ја организираме Парадата на гордоста за да ја подигнеме свеста за правата на ЛГБТИ заедницата, но и за да го дигнеме гласот поради загриженоста за кршењето на овие права. Всушност, се работи за протестен марш,“ вели Арбер Нухиу од „CSGD“ – „Center for Social Group Development“ (Центар за развој на социјалните групи). Организацијата е еден од најважните органи на граѓанското општество кој работи за подобрување на позицијата на заедницата и е клучниот организатор на сите настани кои се случуваат во склоп на Парадата на гордоста. Последните години, насловот на настанот беше истополовиот брак; законско право кое е одбиено од косовските институции иако е загарантирано со Уставот. „CSGD“ и другите ЛГБТИ и организации за човекови права со години лобираат за оваа одредба да биде вклучена во Граѓанскиот законик, но, досега, нивните повици се игнорирани.

„Ја организираме Парадата на гордоста за да ја подигнеме свеста за правата на ЛГБТИ заедницата, но и за да го дигнеме гласот поради загриженоста за кршењето на овие права. Всушност, се работи за протестен марш.“

„Нашиот пристап е систематичен во постигнувањето на нашата цел. Знаеме што сакаме и знаеме како да постапиме,“ вели Нухиу, осврнувајќи се кон работата за застапување на заедницата. Исто така, ѝ дава заслуга на ЕУ која била тука за нив која најмногу имале потреба. „CSGD“ примиле операциски грант од ЕУ за зајакнување на капацитетите на организацијата, овозможувајќи им подобро да ѝ служат на заедницата. Неодамна, ЛГБТИ заедницата во Косово го прослави своето прво достигнување кога успеаја да ја вклучат одредбата за проширување на законската заштита на ЛГБТИ луѓето во новиот Кривичен законик. Ова беше директен успех на стратешко застапување. Меѓутоа, сè уште има постојана борба за имплементација на законската рамка. Случаите на злосторства поттикнати од омраза против ЛГБТИ индивидуи не се истражуваат соодветно и не се носат пред суд. Заедницата верува дека следното подобрување треба да заземе место меѓу државните органи кои тужат, истражуваат и донесуваат одлуки. Поради тоа, ЛГБТИ заедниците се, исто така, активни во обуките за подобри практики на полицијата, обвинителите и судиите. Носење на услуги до местото на проблемот Искуството на „CSGD“ се протега преку две децении посветени на интеракција и поддршка за заедницата. Нивното искуство покажува дека постојат две реалности поврзани со ЛГБТИ заедницата во Косово: една е животот во престолнината – Приштина, а другата е во остатокот на државата каде што ситуацијата е прилично сива. Главниот град е местото каде ЛГБТИ луѓето добиваат одредена слобода, но пандемијата со Коронавирус, од најразлични причини; како, на пример испрекинато образование и губење на работа, ги натерала да се вратат дома.

„Најголемиот страв на ЛГБТИ луѓето е стравот од неприфаќање, главно, од страна на семејството. Не можеме ни да го замислиме притисокот со кој тие се соочуваат во своите домови. Секој ден. Потоа, следува стравот од неприфаќање од страна на општеството.“

За програмата Европската Унија ја основа организацијата „Центар за развој на социјални групи“ и нејзините клучни активности во рамки на Националниот механизам за граѓанско општество 2015. Целта на оперативниот грант беше да се зголемат активностите за застапување, профилирање, вмрежување и градење коалиции. Глобалната цел беше овозможување и поттикнување на партиципативна демократија во Косово и тоа преку креирање на средина која промовира партнерство и дијалог помеѓу граѓанското општество и јавните институции, како и преку зголемување на капацитетот на организациите на граѓанско општество за да бидат ефективни и одговорни независни чинители. „Најголемиот страв на ЛГБТИ луѓето е стравот од неприфаќање, главно, од страна на семејството. Не можеме ни да го замислиме притисокот со кој тие се соочуваат во своите домови. Секој ден. Потоа, следува стравот од неприфаќање од страна на општеството,“ вели Нухиу. Како последица, од почетокот на пандемијата има пораст на бројот луѓе кои бараат советодавна поддршка, како и на бројот на случаи на насилство. Одговорот на „CSGD“ веќе бил развиен: онлајн платформа која нуди професионална и бесплатна советодавна и правна поддршка за секој. Платформата е последното во низата постигнувања на „CSGD“ кое води кон еманципирање на заедницата. Сега, организацијата е достапна и во дигитална форма за секој ЛГБТИ Косовар кој има потреба од неа, без разлика каде живее.

„Сламка за спас“ за младите Роми во време на коронавирус

Игротека во Босна и Херцеговина им нуди можност на деца од ранливи категории да играат и учат во екот на пандемијата. Петгодишниот Денис се гледа како доктор и тоа сака да биде кога ќе порасне. Секој ден, Денис црта луѓе во медицинска облека и игра доктор со другите деца на кои им се обраќа со „пациенти“. Оваа креативност ќе останеше незабележана доколку не постоеше иновативната игротека креирана во центарот за поддршка – „Ромален Рома“; во градот на Денис – Какањ, во централна Босна и Херцеговина. Висококвалитетните едукативни играчки и сликовници во игротеката се вистински успех во заедницата; игротеката ја посетуваат преку 84 деца, од кои повеќето се од ромската заедница. Ромите се една од најголемите и најмаргинализирани малцински групи во Европа. Дискриминацијата против ромската заедница е вообичаена појава која го поттикнува нивното исклучување. Проблемите со кои се соочуваат Ромите можат да започнат рано и имаат доживотно влијание. Малкумина учествуваат во предучилишното образование, а само 50% го завршуваат задолжителното образование. Оттука, неопходна е поддршката на раниот детски развој во обид да се прекине кругот.

„Игротеката е местото каде што се случува целата магија на образованието. Децата играат, создаваат свој универзум и, истовремено, го откриваат светот.“

Иницијативата, поддржана од ЕУ, е спроведена од „Рома Едукативен Фонд (РЕФ)“ (Roma Education Fund (REF)). Од 2017, РЕФ основал 64 игротеки во 13 држави низ Централна и Источна Европа, вклучувајќи го и Западен Балкан каде илјадници деца се инволвирани во иницијативата. „Посветени сме на креирање вакви места за децата Роми, наменети за играње и учење,“ вели Јоан Танасе, проектен менаџер при РЕФ.  „Игротеката е местото каде што се случува целата магија на образованието. Децата играат, создаваат свој универзум и, истовремено, го откриваат светот. Истовремено се преплетуваат играта и образованието – волшебно е.“ Поврзани при одржување дистанца Како и бројни други активности ширум светот, така и активностите на игротеката во Какањ беа стопирани поради пандемијата со коронавирус во 2020. Центарот беше затворен во раната пролет, но концептот продолжи да опстојува благодарение на два неопходни фактори. Прво, децата сè уште можеа да позајмуваат играчки, сложувалки и книги. Второ, концептот на игротеката го охрабруваше ангажманот на целата заедница; особено во насока на градење врски помеѓу децата, семејствата и персоналот во игротеката. Родителите знаеја дека игротеката нуди решение за ненадејниот прекин во образованието на нивните деца.

„Игротеките им нудат нешто на родителите кои не се во можност да ги испратат своите деца во градинка.“

За проектот Проектот: „Регионална акција на ЕУ за едукација на Ромите: Зголемени образовни можности за младите и студентите Роми во Западен Балкан и Турција“ е кофинансиран од ИПА II годишна мулти-државна акциска програма 2017 и Рома едукациски фонд кој е дел од имплементацијата на проектот. „Игротеките им нудат нешто на родителите кои не се во можност да ги испратат своите деца во градинка, а тоа е секојдневна прилика да поминат време некаде каде што децата ќе добијат можност да ги развијат своите вештини и во значителна мера да го зголемат степенот на вклучување,“ вели Танасе. Центарот за поддршка „Ромален Рома“ морал брзо да изнајде решенија за своите деца. Креирале далечинска едукативна програма, користејќи апликации за видео комуникација на кои децата можеле да се поврзат. Немало никаква гаранција дека ваквиот систем ќе функционира или дека ќе биде успешен, но резултатите биле воодушевувачки. Инспирирани од напредокот пред пандемијата и одлучноста да ја одржат врската помеѓу центарот, семејствата и децата, бројот на учесници останал сличен како и во времето пред КОВИД-19. Што се однесува, пак, до малиот Денис; брзо се адаптирал на новиот комуникациски формат наметнат од пандемијата и за кратко време станал главниот лидер во својата дигитална заедница. Сега е уште поодлучен во својата посветеност да стане доктор и да дава медицинска помош во својата заедница и секому кому му е потребна. *Името на детето е сменето за да се заштити неговиот идентитет.