Skip to main content

Кампањата „ОД НАС НАПРАВЕНО“ денес пристигнува во БиХ

Кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“, финансирана од ЕУ, а до вас доведена од страна на „WeBalkans“, неделава продолжува во БиХ. Кампањата за сензибилизација има за цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Протагонисти на кампањата се 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан кои ќе патуваат ширум регионот, во парови. Секој пар ќе ги споделува искуствата од патувањето преку креирање сопствена онлајн содржина.

 

Делегацијата на ЕУ во БиХ беше домаќин на медиумски „бранч“ за објавување на почетокот на патувањето во БиХ. Орели Валта, заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во БиХ, и Патрик Туросик, заменик шеф на мисијата и конзул при амбасадата на Словачка во БиХ, ги поздравија влогерите и ги пофалија за нивниот придонес за промовирање на ЕУ и БиХ.

 

Влогерите Милош Кузмановиќ (@miloskuzmanov1c) од БиХ и Симона Гавалкова (@vecinko) од Словачка, денес поаѓаат на нивното патување. Ќе патуваат седум дена, од 9. април до 15. мај, прикажувајќи го најдоброто од БиХ, како и инвестиции од ЕУ во регионот. Ќе посетат различни места; вклучително и историскиот град Травник, проекти поврзани со човекови права и туристички бизниси поддржани од ЕУ. Ќе го посетат и Музејот за детството во војната, добитник на награда од ЕУ, кој е целосно посветен на искуствата на децата кои растеле за време на војната; меѓу проектите финансирани од ЕУ ќе го посетат проектот „Старата железничка патека“ („The Old Rail Trail“) кој вклучува поставување велосипедска патека на стариот железнички пат, а ќе го посетат и кампот за сплаварење „Енцијан“, сместен на течението на реката Тара – една од најубавите реки во Западен Балкан.

 

Кампањата започна на 18. април и ќе трае до 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од шесте партнерски држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот на патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

 

Не пропуштајте ниту една секунда од ова возбудливо патување – заследете ги веднаш „WeBalkans“ и сите влогери на Инстаграм!

Намалување на цените за роаминг на податоци помеѓу Западен Балкан и ЕУ

38 телекомуникациски оператори од ЕУ и Западен Балкан се согласија да го направат роамингот на податоци помеѓу Западен Балкан и ЕУ попристапен за граѓаните и бизнисите во двата региона; во процес поддржан од Регионалниот совет за соработка и Европската комисија. Овој договор е во согласност со Декларацијата за роаминг потпишана во декември на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана.  
Со нивното доброволно согласување, операторите се посветуваат на значајно намалување на јазот помеѓу домашните цени за користење податоци и цените во роаминг; во двете насоки помеѓу ЕУ и Западен Балкан. Максималните малопродажни цени за 1 гигабајт ќе се намалат, од октомври 2023 до 2028 година, по следниот ред: 18 евра од октомври 2023, 14 евра од 2026 и 9 евра од 2028 година. Предвидени се годишни извештаи за оценување и предвидување на влијанието и идните мерки.  
Предводникот на договорот, комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархелеј, изјави: „Градејќи го успехот на режимот „Во роаминг исто како и дома“, за ЕУ и Западен Балкан, го поздравувам потпишувањето на овој доброволен договор помеѓу 38 телекомуникациски оператори. Намалувањето на цените за роаминг помеѓу ЕУ и Западен Балкан од 1. октомври, годинава, ќе донесе бројни придобивки за граѓаните и бизнисите во ЕУ и Западен Балкан. Посветени сме да го дадеме својот максимум за да ја забрзаме интеграцијата на Западен Балкан на нашиот единствен пазар.“  
Воведувањето ограничувања на цените се очекува да ги намали цените за роаминг за корисниците кои патуваат меѓу ЕУ и Западен Балкан. Ценовните ограничувања ќе ги охрабрат и поедностават деловните, културните, туристичките и другите размени помеѓу ЕУ и Западен Балкан и ќе ги зајакнат врските помеѓу овие соседски региони. Во моментов, операторите работаат на креирање производи со цени пониски од оние наведени во ценовните ограничувања кои ќе бидат достапни за купување за најголемиот можен број корисници.  
Сите останати телекомуникациски оператори од ЕУ и Западен Балкан се добредојдени да се приклучат на иницијативата.

Објавени добитниците на Европската награда за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција за 2023 година

На 27. април, Европската комисија ги објави 14-те добитници на петтата Европската награда за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција. Годинешната награда оддава признание на достигнувањата за промовирање на инклузија на Ромите во рамки на Дигиталната агенда и зелена економија. Церемонијата за доделување на наградите се одржа во склоп на Европската недела на Ромите 2023 (од 24. до 27. април 2023 г.), чиј домаќин беше Европскиот парламент.

 

Оливер Вархелеј, комесарот за соседство и проширување, изјави: „Честитки на сите добитници за нивната одлична работа! Се надевам дека оваа награда ќе помогне за проширување на нивните значајни активности; за да можат да инспирираат и други чинители кои сакаат да ја подобрат ромската заедница.“

 

Започната пред 10 години, Европската награда за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција има за цел да ја потенцира важноста на интеграцијата на Ромите во процесот за проширување на ЕУ, како и да покаже одлучност и посветување за подобрување на општествената инклузија на Ромите во општеството и да овозможи вистински резултати на терен.

 

Преку оваа награда, ЕУ оддава признание за сите напори и резултати за засилување на Ромите со цел постигнување на нивниот целосен потенцијал како рамноправни членови на сите општества во кои живеат и работат. Фокусот на годинешното издание е инклузија на Ромите во Дигиталната агенда и зелената економија, кои претставуваат нови можности за подобрување на положбата на ранливите жени и мажи Роми, како и на младите Роми во регионот, во иднина. Динамиката на инклузија на Ромите е погодена од општествениот напредок, вклучително и полето на дигитална агенда и зелена економија и мораме да се осигураме дека Ромите нема да бидат изоставени. Затоа, со цел подобрување на условите за живот на Ромите и нивно учество, особено е важно да градиме силни мерки кои одговараат на овие предизвици; преку овозможување прилики за олеснување на пристапот до образование и вработување, здравство и социјални услуги, како и преку мобилизација на заедницата.

 

Победничките организации на граѓанското општество добија парична награда од 7500 евра за прво место, односно 4500 евра за второ место, а победниците од приватниот и јавниот сектор добија непарични награди. Сите победници добија студиска посета во Брисел, трофеј и сертификат за награда.

Денес, во Северна Македонија, пристигна кампањата „ОД НАС НАПРАВЕНО“

Кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“, финансирана од ЕУ, а до вас доведена од страна на „WeBalkans“, неделава пристигна во Северна Македонија. Кампањата за сензибилизација има за цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Протагонисти на кампањата се 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан кои ќе патуваат ширум регионот, во парови. Секој пар ќе ги споделува искуствата од патувањето преку креирање сопствена онлајн содржина.

 

Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија беше домаќин на медиумски „бранч“ за објавување на почетокот на патувањето во Северна Македонија. Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Северна Македонија, ги поздрави влогерите и ги пофали за нивниот придонес за промовирање на ЕУ и Северна Македонија.

 

Влогерите Елена Василевска (@vasilevska_elena) од Северна Македонија и Ник Ван Путт’ (@traveltower) од Белгија, денес поаѓаат на нивното патување. Ќе патуваат седум дена, од 2. до 8. мај, прикажувајќи го најдоброто од Северна Македонија, како и инвестиции од ЕУ во регионот. Ќе посетат различни места; вклучително и историскиот град Охрид, иновативни проекти и туристички бизниси поддржани од ЕУ. Меѓу проектите, финансирани од ЕУ, кои ќе ги посетат се: Авантуристичкиот парк Скопје; проект кој им овозможува на жителите на Скопје да искусат авантуристичка забава; и извидничкиот камп Струга – познат камп за одмор во близина на градот Струга; како и Хераклеја Битола – еден од најпознатите археолошки локалитети во Северна Македонија.

 

Кампањата започна на 18. април и ќе трае до 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од шесте партнерски држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот на патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

Говор на претседателката фон дер Лајен на Неделата на Ромите 2023, преку видео порака

Почитувани членови на Европскиот парламент,
Драги претставници на ромските заедници,
Млади Роми, академици, општествени партнери и граѓанско општество,
Дами и господа,  
Нашите демократии се засноваат на едноставно ветување: Еднакви права за сите граѓани. Тука не станува збор за тоа како некој изгледа, кој јазик го зборува или, пак, кое презиме го носи. Демократиите мораат да го исполнат тоа што се очекува од нив. Знаеме дека ова не се случува секогаш. За многумина од шесте милиони Роми Европејци, овие еднакви права не се целосно дадени. Ромите сè уште се соочуваат со предизвици при барањето работа или стан. Тажно беше да се види дека бројни Роми, бегалци од Украина, беа соочени со тешкотии и дискриминација при доаѓањето во Унијата. Ромите во Европа сè уште се соочуваат со навреди и клевети на улиците, во медиумите и, честопати, во политичките говори. Ова мора да се промени. И може да се промени. Во демократиите, напредокот е секогаш возможен; дури и најдлабоко вкоренетите предрасуди и дискриминации можат да бидат искоренети доколку јавните авторитети и граѓанското општество работат рамо до рамо со заедничка визија за движење кон еднаквост и еднакви права.  
Затоа, во 2020 г., предложивме нова стратешка рамка за Ромите во ЕУ; со цел постигнување еднаквост, инклузија и учество. Сведоци сме на позитивна промена ширум Унијата. Во Романија, на пример, нашиот Европски план за закрепнување, „NextGenerationEU“, им помага на ромските семејства да добијат пристап до здравството и до матичен лекар. Во Белгија, младите Роми кои бараат работа добиваат обука и менторство благодарение на фондовите на ЕУ. Полска вработува повеќе културни медијатори за поддршка на децата Роми во училиштата. Додека, пак, во Италија; за првпат беше поставен меморијален камен, Stolperstein“, за одбележување на сеќавањето за еден млад Ром депортиран во нацистички концентрационен логор. Споменикот беше поставен на плоштадот каде што младичот свирел на виолина. Ова се значајни чекори напред. Во правец на инклузија. Во правец на поголема свесност за ромското наследство и неговиот придонес за европското културно наследство. Во правец на поголема еднаквост за сите Европејци.  
Напредокот мора да продолжи. Мораме да ги ставиме правата на Ромите во центарот на нашата политичка агенда. Од овие причини, минатиот јануари, направивме прва проценка на новите национални стратегии за Ромите. Ја потенциравме важноста за поттикнување иницијативи и добри практики ширум Европа. Но, најкритичните прашања по однос на кои останува најмногу работа се, на пример, борбата против антициганизмот и сегрегацијата. За да се подобри квалитетот на живот на Ромите, Стратегијата за Роми на ЕУ постави прецизни цели кои треба да се исполнат до 2030 година. Тука спаѓаат намалување, за 50 %, на невработеноста кај Ромите и нивното учество во раното детско образование. Бројни земји-членки ги поставија своите национални цели. Тоа ќе ни овозможи мониторирање и мерење на нашиот напредок со цел напредување во нашето патување кон еднаквоста.  
Градењето Унија заснована на еднаквост бара соодветни политики и цели. Но, исто така, што е уште поважно, размени со граѓанското општество. Размени со ромските заедници, со невладините организации кои се борат за еднакви права, со културните здруженија кои ја промовираат ромската култура во Европа. Вашиот глас мора да биде чуен. Ромските гласови мораат да бидат чуени. Како во институциите, така и во јавните дебати во нашите општества. Затоа, ви благодарам за организирањето и присуството на овој важен настан. Дозволете ми да ви посакам пријатна Недела на Ромите.  
Ви благодарам.

Недела на можности во ЕУ – откриј што ти нуди ЕУ

ЕУ нуди најразлични можности за граѓаните на Србија, институциите, компаниите и организациите; од финансиска помош, па сè до бесплатно патување и програми за размена. Ова е првичната порака на Неделата на можности во ЕУ – уникатен настан кој ќе се одржи од 15. до 21. мај во Белград (МТС Хол), Ниш (Хотел Амбасадор) и Нови Сад (Саем во Нови Сад). Неделата на можности во ЕУ е организирана во соработка со Делегацијата на ЕУ во Србија и Владата на Република Србија.

 

Во текот на шест дена, ќе се одржат преку 120 информативни сесии; нудејќи им на присутните можност да научат како да се пријават за програмите, проектите и фондовите на ЕУ. Ќе им бидат претставени и бројни можности на претприемачите, бизнисмените, земјоделците, студентите, учениците, иноваторите, институциите, локалните влади, организациите на граѓански здруженија и останатите организации.

 

Бројни говорници ќе анализираат теми од областа на економијата и ќе споделат конкретни информации во врска со фондовите од различни полиња како, на пример, бизнис, иновации, образование, култура и останати сегменти на соработка. Неделата на можности во ЕУ ќе заврши со фокус на земјоделството, а сесиите ќе се одржат за време на годинешниот „Саем на земјоделство“ во Нови Сад.

Кампањата „ОД НАС НАПРАВЕНО“ денес пристигнува во Косово

Кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“, финансирана од ЕУ, а до вас доведена од страна на „WeBalkans“, неделава продолжува во Косово. Кампањата за сензибилизација има за цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Протагонисти на кампањата се 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан кои ќе патуваат ширум регионот, во парови. Секој пар ќе ги споделува искуствата од патувањето преку креирање сопствена онлајн содржина.

 

Канцеларијата на ЕУ во Косово беше домаќин на медиумски ручек за објавување на почетокот на патувањето во Косово. Алесандро Бјанкарди, шеф на Одделот за соработка при канцеларијата на ЕУ во Косово, ги поздрави влогерите и ги пофали за нивниот придонес за промовирање на ЕУ и Косово.

 

Влогерите Алб Муџахири (@albfilmss) од Косово и Брајан Рокка (@brianrocca) од Холандија, денес поаѓаат на нивното патување. Ќе патуваат седум дена, од 25. април до 1. мај, прикажувајќи го најдоброто од Косово, како и инвестиции од ЕУ во регионот. Ќе посетат различни места; вклучително и историскиот град Призрен, планините Ругова, филмски фестивали, проекти за иновација и туристички бизниси поддржани од ЕУ. Дел од проектите, финансирани од ЕУ, кои ќе ги посетат се „Labbox“ – проект кој им овозможува на децата да експериментираат со мали проекти од доменот на инженерството и електрониката; „Докуфест“ – меѓународно признаен филмски фестивал и „Balkan Natural Adventure“ – компанија за туристички оператори која привлекува посетители од ширум светот во Косово.

 

Кампањата започна на 18. април и ќе трае до 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од шесте партнерски држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот на патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

 

Не пропуштајте ниту една секунда од ова возбудливо патување – заследете ги веднаш „WeBalkans“ и сите влогери на Инстаграм!

Визна либерализација: ЕУ усвојува безвизно патување за Косово

Безвизното патување ќе стане реалност за имателите на косовски пасош, најдоцна, на 1. јануари 2024 година. По спогодбата со Европскиот парламент и Советот, на предлог на Комисијата, имателите на пасош од Косово ќе можат да патуваат без виза во ЕУ, најмногу 90 дена, помеѓу периоди од 180 дена.

 

Безвизното патување носи бројни придобивки за двете страни и дополнително ги зајакнува односите на ЕУ со Косово. Косово доследно ги исполнува сите критериуми и континуирано ја покажува својата посветеност. Со ова достигнување, сите партнери од Западен Балкан наскоро ќе добијат безвизен пристап до ЕУ.

 

Уште во 2016 година, Комисијата им предложи на Европскиот парламент и Советот да овозможат безвизно патување за граѓаните на Косово. Комисијата процени дека Косово ги исполнува барањата, уште од 2018 година; задоволувајќи ги сите критериуми во склоп на Патоказот за визна либерализација.

Голема забава на ЕУ – Засекогаш млади

Како дел од прославата на денот на Европа и како подарок за граѓаните на Србија, Делегацијата на ЕУ организира голема забава на ЕУ, која ќе се одржи на 12. мај, во Хангарот на пристаништето во Белград, а главна ѕвезда на настанот ќе биде германскиот бенд „Alphaville“ кој за првпат ќе настапи во Србија.

 

Концептот на голема забава на ЕУ ќе ги задоволи сите музички вкусови и генерации; па, затоа, покрај „Alphaville“ ќе настапи и мистериозното хрватско дуо под маски – „Nipplepeople“, како и неодоливиот бенд од Ниш – „Stereo Banana“. Со дел од најдобрите претставници на локалната диџеј сцена, забавата ќе трае до утро; а Дејан Миличевиќ, Леа Добричиќ, „Luton“, „Cosmic G“ и „Gavra“ ќе се погрижат за сите да имаат незаборавно искуство.

 

Настанот претставува одлична прилика за танцување, пеење и славење на љубовта, слободата и толеранцијата – универзалните вредности на ЕУ, но и на бендот „Alphaville“ кои преку 40 години творат на светската музичка сцена; а, на 12. мај, за првпат ќе настапат во Србија. Нивните хитови „Forever Young“, „Big in Japan” и „Sounds Like a Melody” немаат рок на траење. Првиот албум, „Forever Young“, кој ги содржи нивните најголеми хитови, на неколку анкети беше прогласен најдобар електро-поп албум на сите времиња. Германскиот бенд кој пее за Јапонија ја освои Европа во осумдесеттите, а фактот дека нивните песни се препеани и ремиксирани од едни од најпознатите светски музичари и диџеи докажува колкав белег оставиле во музиката.

ОД НАС НАПРАВЕНО: Тукушто започна неверојатна авантура!

„WeBalkans“ и Директоратот за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) при Европската комисија со гордост го најавуваат почетокот на кампањата за сензибилизација „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“ со цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Форматот на кампањата вклучува 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан како протагонисти кои ќе патуваат ширум регионот, во парови; составени од еден влогер од ЕУ и еден од Западен Балкан. Секој пар ќе патува во една од шесте држави од Западен Балкан, споделувајќи ги искуствата преку креирање сопствена онлајн содржина.

 

Амбасадорката на ЕУ во Црна Гора, г-ѓа Оана Кристина Попа, амбасадорот на Италија, г-ѓа Андреина Марсела, и останати говорители, зедоа збор на настанот за отворање на кампањата кој се одржа во „Europe House“  Подгорица. Настанот вклучи храна инспирирана од ЕУ и Западен Балкан, музика и вмрежување со учесници на претходните кампањи „WeBalkans“, како и со локални црногорски инфлуенсери.

 

Влогерите кои ќе патуваат низ Црна Гора; Емир Цирикови, од Црна Гора, и Алис Франки, од Италија, беа присутни на настанот и одржаа говори заедно со останатите десет влогери кои се приклучија онлајн. По настанот, веднаш тргнаа на пат со автомобил.

 

Кампањата ќе трае вкупно шест недели, помеѓу 18. април и 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од партнерските држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

 

Не пропуштајте ниту една секунда од ова возбудливо патување – заследете ги веднаш сите влогери на Инстаграм!