Skip to main content

Поддршката на ЕУ го зајакнува Системот за водење на матични книги на Косово, при тоа поплочувајќи го патот за ефикасност и доверливост

Матичната служба на Косово објави успешна интеграција на над 3 милиони исчезнати евиденции за граѓански статус во нивниот систем за управување со идентитетот. Ова достигнување беше овозможено софинансирање од Европската унија (ЕУ) и со поддршка на Данскиот совет за бегалци, во периодот од 2012 до 2023 година. Целта на проектот е да се исполни мандатот на агенцијата во рамките на процесот на дијалог меѓу Косово и Србија.

 

На 1 јуни 2023 година, Матичната служба на Косово може официјално да го објави успешното завршување на интеграцијата на податоците од над 12.000 регистри за граѓански статус во нивниот систем. Ова достигнување го означи финализирањето на проектот „Дигитализација на заверените копии од Матичните книги –фаза III “, кој имаше за цел да ги поврзе е-архивата на заверени копии и Централната матична служба на Косово. Проектот, финансиран од ЕУ, имаше буџет од 2 милиони евра и беше спроведен од Данскиот совет за бегалци во период од 42 месеци, почнувајќи од 2 декември 2019 година.

 

Главната цел на проектот беше да придонесе за создавање на единствен, сеопфатен надграден систем на податоци за граѓанскиот статус за подобрување на веродостојноста на системот за регистрација на Косово во рамките на дијалогот Белград-Приштина. Клучниот персонал на Матичната служба на Косово, Министерството за внатрешни работи, како и општинските канцеларии за граѓански статус, (кои обезбедуваат услуги на локално ниво) учествуваа во проектот.

Напредок на дигиталните трендови и пазарната конкурентност во БиХ со поддршка на ЕУ и германската влада

Викендов во Сараево се одржа првиот Форум за дигитални иновативни центри (DIH Форум), како дел од Sarajevo Maker Faire, кој воедно е и прва иницијатива на Центарот за дигитални иновации (DIH) во Босна и Херцеговина. Sarajevo Maker Faire, кој викендов го посетија околу 12.000 посетители и ентузијасти за иновации, е меѓу најголемите светски фамилијарни фестивали на пронајдоци, креативност и технологија, каде што сите центри за дигитални иновации ги претставија своите активности во Сараево.

 

Проектот EU4DigitalSME отвори четири центри за дигитални иновации (DIH) во Босна и Херцеговина (два во Сараево, еден во Тузла и еден во Бања Лука), со цел развој на дигитална технологија како би се зголемилаконкурентноста на домашните производи и услуги на пазарот, што би резултирало со нови работни места, економски раст и развој. DIH центрите се од витално значење за Босна и Херцеговина бидејќи им овозможуваат на малите и средни претпријатија да развиваат вештини, да стимулираат иновации и да привлечат инвестиции преку совладување на можностите на дигиталната технологија. Важен момент е секако воспоставувањето на платформа за соработка, со која Босна и Херцеговина ќе остане конкурентен играч на глобалниот пазар.

 

Воспоставувањето на центри за дигитални иновации и воспоставувањето на екосистем за дигитализација во Босна и Херцеговина се заеднички финансирани од Европската Унија и Сојузното Министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ) преку проектот Иновации и дигитализација на мали и средни претпријатија во Босна и Херцеговина/EU4DigitalSME.

Објавен натпреварот за млади европски создавачи на наследство за 2023 година

„Млади европски создавачи на наследство“ е натпревар за младите во Европа. Истиот претставува можност за истражување нови околини, учење за локалното материјално и нематеријално културно наследство и споделување приказна за Европа. Целта на натпреварот „Млади европски создавачи на наследство“ е собирање искуства и приказни за начинот на кој децата и младите ја разбираат европската димензија на нивното локално наследство. Тука може да се вброи материјалното наследство, како што се споменици, згради и елементи на природниот пејзаж или нематеријалното наследство како, на пример, танците, песните или локалните културни традиции. Притоа, се охрабруваат креативни интерпретации.

 

Натпреварот е дел од Европските денови на наследство. Со приближно 70000 настани организирани секоја година во земјите-потписнички на Европската конвенција за култура и, отприлика, 30 милиони посетители, оваа заедничка акција на Советот на Европа и Европската комисија е уникатен пример за иницијатива на народот организирана и споделена од милиони луѓе кои живеат во Европа. Провери го веб сајтот на Европските денови на наследство за да дознаеш повеќе за натпреварот, вклучително и за начинот на пријавување, статусот на учество на твојата држава и улогата на менторите во натпреварот.

Кампањата „ОД НАС НАПРАВЕНО“ денес пристигнува во Албанија

Кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“, финансирана од ЕУ, а до вас доведена од страна на „WeBalkans“, неделава продолжува во Албанија. Кампањата за сензибилизација има за цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Протагонисти на кампањата се 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан кои ќе патуваат ширум регионот, во парови. Секој пар ќе ги споделува искуствата од патувањето преку креирање сопствена онлајн содржина. Делегацијата на ЕУ во Албанија беше домаќин на медиумски ручек за објавување на почетокот на патувањето во Албанија. Шефот на политичката секција на ЕУ во Албанија, Алекси Ипин, ги пречека влогерите и ги пофали за нивниот придонес за промоција на ЕУ и Албанија.

 

Влогерите Орнела Зани (@ornela.zani) од Албанија и Наталиа Орда (@natalia_orda) од Полска, денес поаѓаат на нивното патување. Ќе патуваат седум дена, од 16. до 22. мај, прикажувајќи го најдоброто од Албанија, како и инвестиции од ЕУ во регионот. Нивното патување опфаќа посети на различни локации, вклучително туристички, културни и уметнички проекти кои добиле поддршка од ЕУ. Меѓу проектите, финансирани од ЕУ, кои ќе ги посетат, се: „ЕУзаКултура“ („EU4 Culture“) – проект кој обезбедува помош за реставрирање на локалитети и споменици погодени од земјотресот во 2019 година. Ќе присуствуваат, исто така, и на музичкиот фестивал „Za Fest“, кој во фокус го става северниот регион на Албанија; како и винската патека на римските императори – колекција од виртуелни патеки кои го покриваат целиот регион на Западен Балкан, вклучително и Албанија.

 

Кампањата започна на 18. април и ќе трае до 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од шесте партнерски држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот на патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

Возобновениот иконичен мозаик на Албанија го добива својот оригинален сјај на главниот плоштад во Тирана

16.мај го одбележа официјалното прикажување на возобновената фасада на мозаикот на Националниот историски музеј сместен на плоштадот Скендер Бег во Албанија. Церемонијата беше дел од прославата на Неделата на Европа и на неа присуствуваа претставници од Делегацијата на ЕУ, Министерството за култура, ОН и Бирото на ОН за поддршка на проекти, медиуми, експерти за наследство, како и креаторите на мозаикот. Мозаикот беше реставриран во рамки на програмата „ЕУзаКултура“ („EU4Culture“), финансирана од ЕУ, а имплементирана од Бирото на ОН за поддршка на проекти, во блиска соработка со Министерството за култура на Албанија.  

Мозаикот на фасадата од Националниот историски музеј се смета за еден од најдобрите примери на доцниот албански социјалистички реализам. Поставен во 1981 година, мозаикот ги прикажува, на површина од 565 м2, едни од најзначајните достигнувања во историјата на државата, од стариот период, па сè до ерата на Комунизмот. Дизајнот е изработен од реномирани уметници; вклучително Вилсон Килика, Јосиф Дробонику, Агим Небиу, Анастас Костандини и Александар Филипи.

 

Во ноември, 2019 година, Албанија ја погоди еден од најсмртоносните земјотреси во последните 50 години. Последиците беа ужасни, причинувајќи голема штета во 11 општини, вклучително и бројни локалитети на културно наследство, меѓу кои и мозаикот. Како одговор на кризата, ЕУ го започна проектот „ЕУзаКултура“ („EU4Culture“), имплементиран од Бирото на  ОН за поддршка на проекти, во блиска соработка со Министерството за култура на Албанија. Проектот се фокусира на реновирање и ревитализирање на локалитетите на културно наследство кои беа оштетени од земјотресот и е една од најголемите програми за културно наследство, на светско ниво, со целосен буџет од 40 милиони евра.

Кампањата „ОД НАС НАПРАВЕНО“ денес пристигнува во Србија

Кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“, финансирана од ЕУ, а до вас доведена од страна на „WeBalkans“, неделава продолжува во Србија. Кампањата за сензибилизација има за цел промовирање позитивна слика за ЕУ меѓу луѓето од Западен Балкан и обратно. Протагонисти на кампањата се 12 млади влогери од ЕУ и Западен Балкан кои ќе патуваат ширум регионот, во парови. Секој пар ќе ги споделува искуствата од патувањето преку креирање сопствена онлајн содржина.

 

Делегацијата на ЕУ во Србија беше домаќин на медиумски ручек за објавување на почетокот на патувањето во Србија. Г-ѓа Пламена Халачева, шеф на делегацијата на ЕУ во Србија ги пречека влогерите.

 

Влогерите Јелена Радовановиќ (fluorescentni_producent) од Србија и Џошуа Стеиб (joshua.steib) од Германија, денес поаѓаат на нивното патување. Ќе патуваат седум дена, од 16. до 22. мај, прикажувајќи го најдоброто од Србија, како и инвестиции од ЕУ во регионот. Ќе посетат различни места; вклучително и проекти од доменот на технологија, култура и здравство, поддржани од ЕУ. Меѓу проектите, финансирани од ЕУ, кои ќе ги посетат, се: „Anoris“ – компанија која создаде „паметна ракавица“ за поддржување лица со оштетен вид; институтот „BioSense“ кој е креатор на неколку изуми, вклучително и робот кој помага при земјоделството; и проект во градот Рума кој им помага на младите за нивниот професионален развој и производство на здрава храна.

 

Кампањата започна на 18. април и ќе трае до 30. мај, а секоја недела фокусот ќе биде ставен на една од шесте партнерски држави од Западен Балкан. Влогерите ќе покријат вкупно 18 проекти, поддржани од ЕУ; 6000 километри со автомобил, и ќе запознаат бројни интересни и инспиративни локалци во текот на патувањето; прикажувајќи ги, истовремено, природните пејзажи, исклучителните обележја и уникатното културно наследство кое го нуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери со своја опрема ќе ги снимат искуствата и ќе ги споделат на каналите на социјалните медиуми, трансформирајќи го своето патување во висококвалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет, слики и видеа, кои ќе бидат споделени на каналите на „WeBalkans“.

Поврзување на Европа: Комисијата потпишува договори на високо ниво со Западен Балкан за подобрување на транспортните врски

На 16. мај, Комисијата потпиша договори на високо ниво со БиХ, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Договорите ја адаптираат трансевропската транспортна мрежа, европската мрежа на железнички линии, патишта, пристаништа и внатрешни водни патишта кои ги поврзуваат градовите во ЕУ, преку нивно поврзување со Западен Балкан. Ова е значаен чекор кон поголема транспортна поврзаност помеѓу ЕУ и партнерите од Западен Балкан.  
Комесарката за транспорт, Адина Валеан, изјави: „Со потпишувањето на овие договори, и со нашиот предлог за Европски транспортен коридор Западен Балкан, ја поставуваме основата за интегрирање на транспортната мрежа на Западен Балкан во ЕУ. На овој начин, ќе промовираме развој на одржлива и ефикасна транспортна поврзаност помеѓу ЕУ и овие држави. Важноста на поблиски и континуирани транспортни врски не може да биде потценета.“  
Транспортната заедница која ги зближува земјите членки на ЕУ, претставена преку Комисијата и партнерите од Западен Балкан, активно го поддржува спроведувањето на проектите со кои се поврзуваат шесте држави меѓусебно и со ЕУ.  
Интеграцијата на транспортните мрежи во Западен Балкан со трансевропската транспортна мрежа ќе им помогне на земјите кандидати, како и на потенцијалните земји кандидати за членство во ЕУ за нивното идно пристапување кон Унијата.

Кампањата #IDecide/#ЈасОдлучувам ја подигнува свеста за локалните избори во Албанија

За време на неодамнешните локални избори во Албанија, младите европски амбасадори во Албанија ја продолжија традицијата на кампањата за подигнување свест #IDecide/#ЈасОдлучувам, насочена кон промовирање активно учество во локалните избори. Кампањата успешно беше спроведена во четири града: Корча, Решен, Селеница и Булчица, каде што младите европски амбасадори ги едуцираа луѓето за нивните политички права; потенцирајќи ја важноста од учеството во изборните процеси и охрабрувајќи ги да пријават секаков вид на изборни нерегуларности.

 

За завршување на кампањата, се одржа завршна конференција. Конференцијата беше со фокус на дискусија за заклучоците и препораките за кампањата, анализирајќи ги гласачките трендови за време на изборите и потенцирајќи го влијанието на корупција врз излезеноста на гласачите во демократиите.

Отворен повикот за Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2023

Наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2023 веќе прифаќа пријави за годинешното издание. И оваа година, престижната награда оддава признание на истражувачките приказни објавени во минатата календарска година и е отворена за новинари од Западен Балкан и Турција.  
Годинава, покрај државните награди, воведена е и регионална награда за најдобрите приказни од целиот регион засновани на јасно дефинирани критериуми. Новата категорија е возбудлив развој кој ќе ги охрабри новинарите да размислуваат надвор од националните граници и да се интересираат за прашања кои го засегаат целиот регион.  
Годинешниот фонд на наградата за секоја држава е 10000 евра, а фондот за регионалните награди изнесува, исто така, 10000 евра. Наградени се трите најдобри приказни на годината, а износот на државните и регионални награди е: 5000 евра (прво место), 3000 евра (второ место) и 2000 евра (трето место).  
Приказните кои можат да бидат номинирани треба да придонесуваат за слободата на изразување, владеењето на правото и транспарентност. Треба да опфаќаат палета теми кои ги тангираат државните и регионалните економии, предизвиците на државите при процесите на интеграција во ЕУ и проблеми како организиран криминал, корупција, пораст на екстремизам, различни форми на странско влијание, кршење на човекови права; вклучително и оние во дигиталната сфера, како и други теми со кои јавноста, инаку, не би била запознаена.  
Номинациите можат да бидат за државната или регионалната награда или, пак, за двете истовремено, а оваа можност доаѓа преку самата апликација. Дополнително, еден кандидат може да се пријави со неколку приказни.  
Добитниците на државни награди во регионот на Западен Балкан и Турција автоматски стануваат кандидати за регионалната награда за истражувачко новинарство на ЕУ, доколку така е наведено во нивната апликација. Жирито за државните и регионалните награди е составено од локални и меѓународни експерти за медиуми, уредници, членови на академската заедница и новинари со заслуги.

Младите европски амбасадори на Денот на Европа 2023 во Брисел

Младите европски амбасадори од Западен Балкан беа поканети да учествуваат на годинешната прослава на Денот на Европа во Брисел, Белгија, заедно со другите млади европски амбасадори од соседството на ЕУ и Јужното соседство. Вкупно 12 млади европски амбасадори од Западен Балкан добија можност да стапат во интеракција со своите врсници и претставници од ЕУ и соседските региони, како и да учествуваат на најразлични настани.

 

Младите европски амбасадори се вклучија во дискусии со различни единици во рамки на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување („DG NEAR“), со што добија увид во проектите и домените на кои се фокусира „DG NEAR“. Дополнително, имаа прилика да се запознаат со колеги млади европски амбасадори од Источното соседство и Јужното соседство на ЕУ. Исто така, го посетија универзитетот „Колеџ на Европа“ во Бруж каде што се вклучија во дискусии со ректорот на универзитетот, г-ѓа Федерика Могерини, во врска со улогата на младите и академската заедница. На последниот ден од активностите, организираа спектар различни настани за време на Отворениот ден во Берлемон, претставувајќи го регионот на Западен Балкан на креативен начин.