Skip to main content

БиХ потпишува спогодба за финансирање, вредна 70 милиони евра, во рамки на Пакетот за енергетска поддршка на ЕУ

На церемонија во Сараево, која се одржа на 4. април, претседателката на Советот министри на БиХ, Борјана Кришто, му ја предаде потпишаната финансиска спогодба, во рамки на Пакетот за енергетска поддршка, на претседателот на Делегацијата на ЕУ и посебен претставник на ЕУ во БиХ, амбасадорот Јохан Сатлер. Европската комисија наскоро ќе ја додели првата рата (90 %), од пакетот вреден 70 милиони евра, која ќе обезбеди помош за најранливите домаќинства во БиХ за справување со растечките цени, како и поддршка за енергетска транзиција.

 

Спогодбата за финансирање ќе биде испратена до Европската комисија со извештај кој ќе образложи како ќе биде имплементиран Акцискиот план за Пакетот за енергетска поддршка; одобрен од Советот министри на БиХ на 22. декември 2022 година. Извештајот ги опишува методологиите и критериумите врз чија основа ќе бидат поделени средствата од страна на релевантните авторитети во БиХ; како и очекуваниот број корисници и временската рамка за имплементација. Од доделените 70 милиони евра непосредна помош за БиХ, 50 милиони евра ќе бидат наменети за поддршка на ранливи семејства, а 20 милиони евра за поддршка на напорите за енергетска ефикасност.

 

Авторитетите во Федерацијата на БиХ; Република Српска и Областа Брчко, ќе работат на наменување на средствата преку релевантните министерства, субјектите за животна заштита и административните единици во Областа Брчко.

 

Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан беше објавен на крајот од октомври, минатата година, од страна на претседателката на Европската комисија; Урсула фон дер Лајен, на почетокот од нејзината посета на регионот. Целосниот пакет е во вредност од една милијарда евра, во форма на грантови; со 500 милиони евра доделени како итна непосредна помош за регионот. Дополнителни 500 милиони евра се доделени, во форма на грантови, како поддршка на среден и долг рок за инвестиции кои ќе ја поддржат енергетската ефикасност и енергетската независност; и тоа преку подобрување на гасоводната и електричната инфраструктура, вклучително и интерконектори со природен течен гас.

СЕ ГРИЖИМЕ – ЗАЕДНО ПОДОБРО!

„Се грижиме за Европа, се грижиме за Србија и нејзините граѓани – подобро е кога сме заедно,“ е главната порака на кампањата во која учествуваат амбасадорите на ЕУ во Србија, заедно со амбасадорите на државите-членки.

 

На отпочнувањето на кампањата, амбасадорот Џауфрет и неговите колеги ги пречекаа претставниците на медиумите во резиденцијата на ЕУ во Белград. На настанот присуствуваше и министерката за европски интеграции, Тања Мишчевиќ, во дух на партнерството помеѓу Србија и ЕУ, како доказ за продолжувањето на патот кон европска интеграција на Србија.

 

Амбасадорот Џауфрет ја објасни мотивацијата за отпочнување на кампањата.

 

„Зошто ја отпочнуваме оваа кампања? Честопати, нè гледате во медиумите како дискутираме за политички прашања; како, на пример, дијалогот помеѓу Белград и Приштина или хармонизирање со надворешната политика. Се работи за важни теми, но, понекогаш, не објаснуваме зошто инвестираме толку енергија и ресурси. Одговорот се наоѓа во слоганот на кампањата: Се грижиме за Европа, се грижиме за Србија и нејзините граѓани – подобро е кога сме заедно,“ изјави амбасадорот Џауфрет.

 

Амбасадорите изјавија дека со оваа кампања сакаат да потенцираат дека се грижат за граѓаните на Србија, како и за истите работи кои ги засегаат – успешно земјоделство, зајакнување на компаниите, животна средина, обезбедување подобар квалитет на воздухот, патна инфраструктура и поврзаност, енергетска ефикасност и поддршка за надминување на енергетската криза, културно наследство, владеење на правото, образование и бројни други теми.

Непосредната финансиска помош на ЕУ за Косово надминува 1,3 милијарда евра

На 24. март, во Приштина, амбасадорот на ЕУ во Косово, Томас Суњог, ја претстави пред заменик премиерот, Бесник Бислими, шеснаесеттата последователна годишна финансиска спогодба помеѓу ЕУ и Косово во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Спогодбата, вредна 62 милиони евра, е дел од ИПА III за периодот 2021 – 2027 година, и го подигнува целосниот износ директна финансиска помош од ЕУ на над 1,3 милијарда евра, потврдувајќи дека ЕУ и нејзините земји-членки се главните финансиски донатори на Косово.

 

Ова е вториот договор за финансиска помош помеѓу ЕУ и Косово годинава; минатиот месец, ЕУ обезбеди 75 милиони евра за Косово во рамки на Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан; со цел помош за подобро справување на граѓаните и бизнисите со зголемените енергетски цени, стимулирање штедење енергија и подобрување на енергетската ефикасност.

 

Спогодбата за финансирање, потпишана денес од заменик премиерот Бислими ќе му помогне на Косово да ја подобри социо-економската интеграција на немнозинските заедници и повратниците, овозможувајќи развој на инфраструктурата за управување со отпад и отпадни води, вклучително и канализацискиот систем во главниот град Приштина, подобрување на енергетската ефикасност во јавниот сектор и хармонизирање на косовските закони со владеењето на правото во ЕУ, како и поддршка за професионалците од сферата на правото.

 

ЕУ започна со обезбедување на ИПА средства уште во 2007 година. Програмите ИПА I и ИПА II го опфаќаат периодот од 2007 до 2020 година; вклучително и 14 годишни финансиски спогодби вредни 1,2 милијарда евра. Програмата ИПА III го опфаќа периодот меѓу 2021 и 2027 година, а годишните финансиски спогодби започнаа да се имплементираат лани; почнувајќи со спогодбата за 2021 година, вредна 64 милиони евра, како и спогодбата за 2022 година, доделена денес, во вредност од 62 милиони евра.

ЕУ и Албанија ги финализираат спогодбите ИПА22 и ИПА23, обезбедувајќи 162,6 милиони евра помош од ЕУ за Албанија

На 24. март, Советот министри при владата на Албанија ги одобри финансиските спогодби помеѓу Европската комисија и Република Албанија; во рамки на Годишните акциски планови за 2022 и 2023 година, како дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) III.

 

Програмата за 2022 година (ИПА22) вклучува придонес од ЕУ, во висина од 82,6 милиони евра, кој ќе ги опфати сферите на заштита на животна средина, развивање перспективи за младите, зајакнување на демократијата, усогласување со правото на ЕУ, продолжување на борбата против организиран криминал, зајакнување на судството; како и поддршка за реформите за исполнување на нормите и стандардите на ЕУ. Програмата за 2023 година (ИПА23) ќе овозможи дополнителни 80 милиони евра поддршка за справување на Албанците со социо-економските последици од енергетската криза. Средствата од двете програми доаѓаат во форма на грантови кои не треба да се отплаќаат од страна на Албанија.

 

Програмата ИПА23 ќе ги поддржи Албанците за справување со социо-економските последици на енергетската криза преку финансирање на одговорот на владата на Албанија за енергетската криза; кој предвидува:

 

– Субвенции за сметките за енергија за над 1 милион албански домаќинства;

 

– Поддршка за 168000 мали и средни претпријатија во Албанија за надоместување на високите енергетски цени.

 

Оваа поддршка е дел од пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан, вреден 1 милијарда евра, објавен на Самитот Западен Балкан во Тирана во 2022 година.

Северна Македонија: ЕУ обезбедува грант, во висина од 70 милиони евра, за најголемиот проект за заштита на животната средина

„EIB Global“, органот на Европската инвестициска банка за активности надвор од ЕУ, потпиша инвестициски грант, во вредност од 70 милиони евра, со владата на Република Северна Македонија за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје. Потпишан на Светскиот ден на водата, се работи за најголемиот инвестициски грант на ЕУ доделен на земја во рамки на Инвестициската рамка Западен Балкан. Овој значаен еколошки проект ќе овозможи подобри услови за живот за околу 500000 луѓе и е дел од Економскиот и инвестициски план на Европската комисија; како и од Зелената агенда за Западен Балкан.

 

Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир, изјави: „Патот кон ЕУ е процес на трансформација, подобрување на животите и на животните стандарди. Инвестицијата од „Тимот Европа“ во пречистителната станица во Скопје е практичен пример за тоа. Пречистителната станица ќе овозможи безбедно прочистување на отпадната вода создадена од приближно една третина од населението во државата. На тој начин, ќе се придонесе за позелена европска иднина на оваа држава.“

 

Во својата подготвителна фаза, проектот исползува техничка помош, во форма на грантови, од Европската инвестициска банка, Европската банка за реконструкција и развој и Владата на Република Франција; како доказ за посветеноста на „Тимот Европа“ кон Северна Македонија и нејзините приоритетни проекти. Водниот сектор е меѓу клучните приоритети на „EIB Global“ во државата. Се работи за втората инвестиција во овој сектор во временски размер од помалку од пет месеци, веднаш по заемот од 50 милиони евра, потпишан во ноември 2022 година, за изградба и рехабилитација на инфраструктурата за снабдување со вода, собирање и прочистување отпадна вода; како и итни заштитни мерки во услови на поплава за 80 општини ширум Северна Македонија.

Од Белград до Ниш со 200 км/ч. – финансиски пакет од ЕУ, вреден 2,2 милијарди евра, за железничкиот Коридор Х

На 28. февруари 2023 г., Европската комисија, Европската банка за инвестиции, Европската банка за реконструкција и развој и Србија објавија заеднички финансиски пакет, вреден 2,2 милијарди евра, за модернизација на Коридорот Х. Пакетот се фокусира на возобнова на железничката секција меѓу Белград и Ниш; овозможувајќи брзо железничко поврзување од 200 км/ч. меѓу двата града, со побрз дотур на добра и услуги, како и брза интеграција во железничката мрежа на ЕУ.  
Пакетот вклучува инвестициски грант од ЕУ во висина до 598 милиони евра – најголемиот грант доделен за проект во Србија; заем од 1,1 милијарда евра од Европската инвестициска банка и дополнителен заем од 550 милиони евра од Европската банка за реконструкција и развој. ЕУ веќе одобри 265 милиони евра во форма на ИПА грантови, а првата транша од 82,8 милиони евра беше потврдена со протоколарно потпишување во воз од Белград до Ниш.  
Потпишувањето се одвиваше во присуство на европскиот комесар за соседство и преговори за проширување, Оливер Варела, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ; како и директорот на канцеларијата на Европската инвестициска банка за Западен Балкан, Александра Бронзи, директорот на Европската банка за реконструкција и развој за Западен Балкан, Матео Колнела, министерката за интеграција во ЕУ, Тања Миличевиќ, министерот за изградба, транспорт и инфраструктура, Горан Васиќ, министерот за финансии, Синиша Мали, и други дипломати од земјите членки на ЕУ.   
Железничкиот коридор Х е еден од паневропските коридори кои ја поврзуваат Централна Европа со Солун, Грција. Се работи за проект идентификуван како Водечки проект 1 – Поврзување на исток со запад; во рамки на Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан. Планот има за цел мобилизирање на инвестициите во доменот на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција, креирање одржлив раст и работни места кои ќе достигнат една третина од бруто домашниот производ во Западен Балкан.

Започнуваат работилници за медиумска и информациска писменост, предводени од младите европски амбасадори, во Западен Балкан

На 7. март, младите европски амбасадори во Западен Балкан започнаа со имплементација на работилници за медиумска и информациска писменост. Станува збор за врснички настани кои ќе бидат спроведени од младите европски амбасадори кои присуствуваа на обука за медиумска и информациска писменост.

 

Првата работилница беше организирана во „Europe House“ Тирана, Албанија. Работилницата ја спроведоа двајцата млади европски амбасадори – Ериса Земзадја и Бенард Бабај. Учесниците можеа да научат за медиумска и информациска писменост преку практични и теоретски вежби. Работилницата го одбележа процесот на имплементација на работилници ширум Западен Балкан. За повеќе информации во врска со датумите, следете нè на www.webalkans.eu!

Младите европски амбасадори организираат улична акција за одбележување на 8. март – меѓународниот ден на жените

По повод меѓународниот ден на жените, младите европски амбасадори ширум Западен Балкан одлучија да се приклучат на кампањите #IWD2023 и #EmbraceEquity. Младите европски амбасадори организираа „флеш моб“ и разговараа со граѓаните за положбата на жените, нивните права и статус во општествата ширум регионот.

 

Еве што открија:

 

– Вработеноста во Западен Балкан изнесува 45 % за жени, наспроти 65 % за мажи;

– Бруто домашниот производ во Западен Балкан би бил за 20 % повисок доколку жените подеднакво учествуваат на пазарот на труд како и мажите;

– Просечниот процент на жени пратенички во Западен Балкан изнесува 33 %, а 27 % за жени министри;

– Само 12,4 % од жените дипломираат во дисциплини од доменот на науки, технологии, инженерство и математика, споредено со 49,8 % мажи;

– Само 48 % жени во Западен Балкан користат Интернет, споредено со 58 % мажи.

 

Темата на кампањата по повод меѓународниот ден на жените 2023, #EmbraceEquity, има за цел да го покрене прашањето „Зошто еднаквите можности не се доволни?“. Луѓето започнуваат од различни места; па, на тој начин, вистинската инклузија и припадност бараат рамноправна акција.

Балканската мрежа за истражувачко новинарство го започнува проектот „Зајакнување на квалитетното новинарство во Западен Балкан и Турција II“

Во текот на следните три години, центарот на Балканската мрежа за истражувачко новинарство ќе продолжи да обезбедува системска поддршка за подобрување на квалитетот и професионалното новинарство во Западен Балкан и Турција преку програмата „Зајакнување квалитетно новинарство II“, финансирана од ЕУ.  
Ќе се обезбедуваат различни обуки за млади новинари и новинари во својата средна кариера, проследени со уредничка поддршка. Истовремено, општоприфатените и јавни медиумски сервиси ќе бидат вклучени во проектните активности; особено насочени кон продукција на содржини со помош на прекугранични соработки. Преку веќе докажаната шема за награди на ЕУ и новата регионална награда, проектот ќе промовира високи стандарди во истражувачкото новинарство. Академската сфера ќе биде инволвирана преку различни активности, меѓу кои и програма за постдипломски студии за истражувачко новинарство.  
Во текот на три дена, центарот на Балканската мрежа за истражувачко новинарство се состана со седум партнерски организации со цел планирање проектни акции кои ќе обезбедат поддршка за 600 млади новинари и новинари во средината на својата кариера за креирање квалитетни новости и спроведување истражувачко новинарство, обезбедување обука за новинарство, фондови за креирање содржини и награди за успех во истражувачкото новинарство.

Пакетот за енергетска поддршка во акција – рехабилитација на шест хидроцентрали во Северна Македонија

Спогодби за финансирање, во вредност од 36,2 милиони евра, беа потпишани на 23. февруари 2023 г., за рехабилитација на шест хидроцентрали во Северна Македонија. Инвестицијата се состои од 11,2 милиони евра грантови од ЕУ, 25 милиони евра заем од банката за развој „KfW“ и 200000 евра од Владата на Германија; сите средства канализирани преку Инвестициската рамка Западен Балкан.  
Инвестицијата ќе биде завршена во текот на следните две години и е третата фаза од рехабилитацијата на шест големи хидроцентрали (ХЦ Вруток, ХЦ Врбен, ХЦ Равен, ХЦ Тиквеш, ХЦ Шпилје и ХЦ Глобочица) кои обезбедуваат помеѓу 20 % и 30 % од вкупното производство на електрична енергија во државата.  
Инвестициите ќе го продолжат животниот век на централите, зголемувајќи го нивниот производствен капацитет за околу 13.5 MW. Производството на електрична енергија ќе се зголеми за околу 47.5 GW. Проектот е во согласност со Зелената агенда за Западен Балкан за транзиција кон чиста енергија, придонесувајќи за Стратегијата за енергетски развој на Северна Македонија. На овој начин, се цели кон намалување на стакленичките гасови за 61 %, споредено со нивоата во 2005 година и зголемување на уделот на обновливи извори енергија на 45 % до 2040 година.  
Заемот, грантот и спогодбите за гаранција беа потпишани помеѓу директорот на Отсекот за енергија и транспорт во Југоисточна Европа и Турција, при „KfW“, Пабло Обрадор Алварез; министерот за финансии на Северна Македонија, Фатмир Бесими; и директорот на државната компанија АД ЕСМ – Скопје, Васко Ковачевски. На церемонијата за потпишување присуствуваа и европскиот амбасадор, Дејвид Гир, како и вршителот на должноста амбасадор на Германија во државата, Отто Граф.  
Проектот, идентификуван како Водечки проект 4 – Обновлива енергија во економскиот и инвестициски план на ЕУ, е дел од напорот на Европската комисија за подобрување на енергетската безбедност во регионот, проследен од усвојувањето на Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан, вреден 1 милијарда евра. Проектот е финансиран преку Инвестициската рамка Западен Балкан, како дел од пакет, во висина од 500 милиони евра, кој опфаќа приоритетни водечки инвестиции за диверзификација на енергетското снабдување, зајакнување на обновливата енергија и подобрување на енергетската ефикасност.