Skip to main content

Градот Скопје добива предлог за статус на Европска престолнина на културата 2028

На 20. септември, по дводневен состанок во Брисел, претседавачот на експертскиот панел за Европски престолнини на културата објави дека градот Скопје (Северна Македонија) е предложен за Европска престолнина на културата 2028 во држава во Европската асоцијација за слободна трговија, држава-членка или држава потенцијален кандидат за членство во ЕУ.

 

Во согласност со одлуката на Европскиот парламент и Советот на ЕУ кои ја раководат акцијата за Европски престолнини на културата, ќе има три европски престолнини на културата во 2028 г. Една во Франција, една во Чешка и една во држава во Европската асоцијација за слободна трговија, држава-членка или држава потенцијален кандидат за членство во ЕУ која учествува во тековната програма „Креативна Европа“.

 

Во однос на натпреварот за избор на престолнина од држава во Европската асоцијација за слободна трговија, држава-членка или држава потенцијален кандидат за членство во ЕУ, Комисијата отвори процес на апликации во декември 2021 година. Градовите Будва (Црна Гора) и Скопје (Северна Македонија) влегоа во потесна селекција на 16. декември 2022 година. Истите добија рок до 28. август 2023 г. да ги комплетираат своите апликации и, потоа, беа поканети на состанок за финална селекција во Брисел на 19. септември. Панел, составен од десет експерти назначени од институциите и органите на ЕУ (Европскиот парламент, Европскиот совет и Европскиот комитет на регионите), ги разгледа апликациите.

 

Со почеток во 1985 година, иницијативата Европски престолнини на културата се разви во еден од најамбициозните проекти во Европа и една од најценетите активности во ЕУ.

ЕУ организира чистење на плажите на Преспанското Езеро

Во неделата, 17. септември 2023 г., во 12.00 часот, на Преспанското Езеро, шефот на Делегацијата на ЕУ – Бен Нупнау и градоначалникот на Ресен – Јован Тозиевски, ја започнаа првата акција #ЕУЧистењеНаПлажи (#EUBeachCleanup) во Северна Македонија. Акцијата за чистење е глобална иницијатива која годинава ќе биде организирана на плажата Сливница преку мрежата Млади европски амбасадори „Западен Балкан“ („We Balkans”), финансирана од ЕУ.

 

Иницијативата за чистење плажи се случува на глобално ниво секоја трета недела од септември. #ЕУЧистењеНаПлажи (#EUBeachCleanup) е кампања организирана од Европската комисија во соработка со Европската служба за надворешно дејствување и ОН. Иницијативата се случува на секаков вид крајбрежја, со крајна цел покренување на свеста за предизвиците кои ги носи морското ѓубре и пластичниот отпад.

 

Се проценува дека годишно околу 37 милиони тони пластичен отпад ќе допрат до океанот до 2040 г. Денес, пластичното загадување е масивен проблем, но дури и најмалите акции можат да направат значителна разлика. Секое шише, сламка и отпадок кои ќе бидат исчистени ќе придонесат за почиста и поздрава планета.

 

Годинава, брегот на Преспанското Езеро беше исчистен од 20 млади европски амбасадори од Западен Балкан кои им се придружија на своите врсници од Северна Македонија за да ја исчистат плажата Сливница. Ова е третпат како Младите европски амбасадори од регионот учествуваат на настанот организиран преку проектот „Западен Балкан“, финансиран од ЕУ. Оваа активност на заедницата, поддржана од Делегацијата на ЕУ, „Europe House“, како и општината Ресен, ќе го охрабрат населението да ги исчистат плажите на Преспанското Езеро од отпадоците кои ги загадуваат езерото и неговата околина. 

„Обединети во различноста“ – ЕУ на Парадата на гордоста во Белград

Под слоганот #ЕУзаСите и „Обединети во различноста“, членови на делегацијата на ЕУ во Србија и амбасадите не земјите-членки присуствуваа на Парадата на гордоста во Белград. „Среќни сме што учествуваме на Парадата на гордоста и сакаме да потенцираме дека се заложуваме за еднаквост и сме против секаква форма на дискриминација. Сакаме сите да уживаат во истите човекови права, самите да избираат кого ќе љубат, а мисијата на Парадата на гордоста е луѓето од ЛГБТ+ заедницата да ги имаат истите права како сите други,“ изјави амбасадорот на ЕУ во Србија – Емануеле Џауфрет.
 

Заедно со амбасадите на земјите-членки, Џауфрет испрати порака за толеранција, љубов и недискриминација.

 

Маршот на гордоста започна низ централните улици во Белград, со поаѓање од паркот Мањеж. Меѓу учесниците беше и министерката за европска интеграција, Тања Мишчевиќ, која потенцираше дека пораката на годинешниот марш е „заштита на правата на секој граѓанин“ за припадниците на која и да било малцинска заедница. „Неделава зборуваме за правата на ЛГБТ+ заедницата, права кои сè уште се специфични и бараат дополнителна заштита, бидејќи постои недоразбирање за тоа што го зборуваме,“ изјави Мишчевиќ на Маршот на гордоста.

 

Таа додаде дека државата работи на сите проблеми кои се важни за заштита на правата на ЛГБТИ+ заедницата, кои, според неа, се однесуваат на подобро разбирање за почитување на нивните права, но исто така и специфична заштита.

 

Директорот на Парадата на гордоста во Белград – Горан Милетиќ потсети дека станува збор за 15. Парада на гордоста, но дека пет паради биле исто така забранети. „Не сме нималку близу до исполнување на барањата, затоа што од 2014 г., па сè до лани, чувствуваме дека нешто се случува, имаше сè помало и помало присуство на полиција, се изготви Закон за истополови заедници, но истиот беше одложен, а парадата „Europride“ беше забранета,“ изјави Милетиќ.

 

Барањата кои ЛГБТ+ заедницата во Србија ги истакнува по десетти пат се закони за истополови заедници и родов идентитет, побрзо решавање на случаите со насилство против лицата од ЛГБТ+ заедницата и други.

 

За време на Неделата на гордоста, амбасадорот на ЕУ – Емануеле Џауфрет и заменик амбасадорот Пламена Халачева присуствуваа на неколку настани организирани од организаторите на Неделата на гордоста. Заедно, присуствуваа на Неделата на гордоста на Калемегдан, а заменик амбасадорот Халачева присуствуваше и на отворањето на конференцијата за човекови права.

Трансформирање на образованието во Албанија: илјадници деца ја започнуваат новата школска година во модерни објекти

Над единаесет илјади ученици и 748 наставници во Албанија ја започнаа школската година во нови објекти благодарение на поддршката од програмата „EU4Schools“. Како дел од оваа програма, беа завршени над 40 училишта, а 16 се моментално во процес на изградба. Овие модерни училишта и градинки се поцврсти, побезбедни и попристапни; изградени заедно со локалната заедница.  
„Горд сум што денес се враќам во Албанија и ги гледам овие неверојатни резултати кои ги постигнавме со нашиот партнер за имплементација – „Програма за развој на ОН“ во Албанија. Брзата и ефективна реакција на ЕУ во процесот на пост-земјотресно закрепнување на образовниот сектор во Албанија сега е голема реалност за албанскиот народ,“ изјави вршителот на должност, амбасадор Луиџи Сорека.  
„ЕУзаУчилиштата“ („EU4Schools“) е програма финансирана од ЕУ како одговор на процесот на закрепнување по земјотресот на 26. ноември, 2019 г. Програмата е имплементирана од „Програмата за развој на ОН“, во соработка со владата на Албанија. Истата има за цел да ги поддржи граѓаните на Албанија во единаесет погодени општини, особено: Круја, Драч, Курбин, Камза, Каваја, Тирана, Мирдита, Лежа, Рогожина, Шијак и Вора во доменот на образованието. Програмата ќе обезбеди брза помош за возобновување на образовните услуги во локалните заедници со цел учениците да изгубат минимум школски денови со што ќе се овозможи постепено нормализирање на животот на погоденото населени во овие општини, а образованието ќе биде најголем приоритет.

Започнуваат работите на првото училиште поддржано од образовната програма на Инвестициската рамка за Западен Балкан во Црна Гора

На 26. август се случи значајно достигнување во сеопфатниот план за реновирање на предуниверзитетските училишта во Црна Гора и тоа со поставување на темелите на основното училиште „Владимир Назор“ во Подгорица. На церемонијата присуствуваше премиерот на Црна Гора – Дритан Абазовиќ, министерот за образование – Миомир Војиновиќ и директорката на училиштето – Лилјана Марковиќ. Изградбата на училиштето се очекува да биде завршена за 17 месеци.

 

Образовните институции во Црна Гора се соочуваат со особени предизвици поради недоволното финансирање и одржување кои влијаат врз квалитетот на образованието. Оваа сеопфатна програма, поддржана преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, со цел реновирање на претшколскиот систем, вклучува изградба, реновирање и опремување на образовните објекти и градинки во Подгорица и девет други општини. Фокусот е ставен на зголемување на школските капацитети во државата преку отворање 2100 нови места и околу 530 работни места, главно за наставници. Планираниот развој ќе помогне да се намали пренатрупаноста во училиштата и да се зголеми пристапот на децата до подобри алатки за учење со што ќе се зголеми и капацитетот за вработување на младите. До 2026 година, над 10000 ученици годишно ќе исползуваат од иновативна средина за учење благодарени на овие инвестиции.

 

Преку програмата, се очекува да се инвестираат над 64 милиони евра во образовна инфраструктура, додека, пак, половина од инвестицијата доаѓа од државниот буџет на Црна Гора. Билатералните донатори и ЕУ придонесуваат со 11,4 милиони евра преку грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан, а Европската инвестициска банка учествува со заем од 18 милиони евра и грант од 2,5 милиони евра. Грантот на Европската инвестициска банка ќе ја покрие техничката и советодавна поддршка за подготовка на проектот и набавки, како и за развој на државни стандарди за мониторирање кои ќе се применуваат во слични проекти. Инвестицискиот пакет ќе ја забрза модернизацијата на инфраструктурата на државното образование во државата.

Отворен фестивалот за наивна уметност во Ковачица

Фестивалот на словачка уметност во Србија беше по вторпат отворен во галеријата Бабка во Ковачица. Изложбата „Реформатори на словенската писменост и јазик меѓу словенските народи во Европа“, на авторката Веирослава Светлик, беше отворена во присуство на амбасадорот на ЕУ во Србија – Емануеле Џауфрет, заменик премиерот на Владата на Република Србија, министерката за култура – Маја Гојковиќ, амбасадорот на Република Словачка во Србија – Федор Росоча, како и претставници на општината Ковачица и директорот на Форумот за словенски култури – Андреја Рихтер. Наивната уметност во Ковачица беше номинирана за УНЕСКО листата на културно наследство.

 

За време на церемонијата за отворање, бројни гости, вклучително уметници од наивната уметност и граѓани на Ковачица, присуствуваа на презентацијата „Основа за словачка наивна уметност во Србија“ од Јурај Хамар. На отворањето на фестивалот, амбасадорот на ЕУ во Србија ја потенцираше исклучителната соработка помеѓу ЕУ и Србија во доменот на зачувување на културното наследство и потсети за поддршката на ЕУ за реконструкција и зачувување на значајни културни центри како Голубац, тврдината Фетислам, тврдината Бач и бројни други.

 

Наивната уметност во Ковачица беше номинирана за вклучување во листата Нематеријално културно наследство на УНЕСКО, а амбасадорот Џауфрет го изрази своето задоволство од оваа прилика. ЕУ ентузијастички ја поддржува својата соработка со Србија во полето на заштита на културното наследство, а еден од покровителите на фестивалот е заменик претседателот на Европската комисија – Марош Шефчович.

Отворање на Неделата на гордоста во Србија

Отворањето на Неделата на гордоста се случи на 4. септември, на Калемегдан, во присуство на амбасадорот на ЕУ во Србија – Емануел Џауфрет, заменик шефот на Делегацијата – Пламена Халачева, како и претставници на дипломатскиот кор. Активистите носеа транспаренти со натписи „Закон за истополови заедници“, „Закон за родов идентитет“, „Не сме ни приближно блиску“.

 

За време на Неделата на гордоста планирана е серија настани за човековите права на ЛГБТ+ лицата во Србија. Најавена е и парада во сабота, 9. септември, а маршрутата ќе поминува низ центарот на Белград. „Сегашниот момент не е нималку оптимистичен за ЛГБТ+ заедницата, а ситуацијата е значително влошена во споредба со минатиот период,“ изјави Горан Милетиќ – директор на „Belgrade Pride“, на отворањето.

 

Потсети дека минатата година владата ја забрани планираната маршрута на „Europride“ и дека го забрани усвојувањето на законот за истополови заедници. Едни од основните вредности на ЕУ се еднаквоста и човековите права. Преку мотото „обединети во различностите“, ЕУ сака да изрази солидарност и да ги одбрани еднаквоста и љубовта во сите форми.

 

Неделата на гордоста се одржува од 4. до 10. септември.

Младите европски амбасадори организираат панел-дискусија во Скопје, Северна Македонија, за застапување против неплатено стажирање

Младите европски амбасадори Рената Пенчова, Дамјан Златановски и Станиша Станковиќ организираа дискусија насочена кон младите, со фокус на имплементирање забрана за неплатено стажирање. Ова прашање привлече големо внимание ширум Европа, особено откако Европскиот парламент неодамна ја усвои иницијативата предводена од Европскиот младински форум.

 

Настанот беше експертски модериран од младиот европски амбасадор Дамјан Златановски, а како еден од главните говорители беше Рената Пенчова – млад европски амбасадор. Рената, која исто така е и амбасадор на кампањата #ЗабранаЗаНеплатеноСтажирање, ја потенцираше важноста од усогласувањето на правото во Северна Македонија со предложената забрана, како и неопходната улога на младите при застапувањето за оваа промена.

 

За време на настанот, учесниците добија можност да го погледнат неодамнешното интервју помеѓу претседателот на Европскиот младински форум и Европскиот комесар Шмит. Интервјуто послужи како доказ за поддршката на комесарот за предлог-законот кој се очекува да биде одобрен од Европската комисија во блиска иднина.

 

Настанот зазеде место во „Europe House“ Скопје.

„Поп-ап“ настан, организиран од младите европски амбасадори, на Универзитетот во Регенсбург, привлекува интерес на студентите во ЕУ

На 13. јули, како дел од летниот фестивал на Универзитетот во Регенсбург, се одржа „поп-ап“ настан. Јована Јаќимовиќ, млад европски амбасадор и студентка на универзитетот, ја претстави мрежата на млади европски амбасадори заедно со проектот „Webalkans“ и кампањата „Од нас направено“ („Made of Us“). Ова беше прилика да се прикаже регионот и неговите убавини. Студенти од различни држави на ЕУ учествуваа во настанот и покажаа голем ентузијазам за мрежата млади европски амбасадори, како и желба да дознаат повеќе за младите европски амбасадори и регионот на Западен Балкан. На настанот присуствуваше и Силвана Фаруку, млад европски амбасадор од Албанија, која е докторантка на Универзитетот во Регенсбург.

Кластерот за ресурси, земјоделство и кохезија започнува со Албанија и Северна Македонија

На 17. јули се одржа првиот објаснувачки состанок на кластерот за ресурси, земјоделство и кохезија (Кластер 5). Овој кластер опфаќа земјоделство и рурален развој, безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, рибарство, регионална политика и координација на структурни инструменти, како и финансиски и буџетски одредби. Фокусот на првите два дена од состанокот беше ставен на земјоделство, рурален развој и рибарство, безбедност на храна и буџетски одредби. Билатералните скрининзи за Кластерите 1, 2, 3 и 4 се финализирани.

 

Аналитичкото испитување на правото на ЕУ, т.н. скрининг, им овозможува на земјите-кандидати да се запознаат со правото на ЕУ, стандардите и обврските кои произлегуваат од истите. Исто така, овозможува и испитување на подготвеноста на државата за понатамошно усогласување и на тој начин добивање прелиминарни индикации за проблемите кои најверојатно би искрснале за време на преговорите. Скринингот е првиот чекор во процесот на претпристапни преговори. Истиот е составен од шест тематски кластери кои ги вклучуваат релевантните поглавја на правото на ЕУ заедно со поопштите теми поврзани со добро управување, меѓународен пазар, економска конкурентност и поврзаност.

 

За Албанија и Северна Македонија, скринингот започна на 19. јули 2022 година, веднаш по Меѓувладините конференции, а продолжи во септември со Кластер 1 – Основи, во октомври со Кластер 2 – Меѓународен пазар, во февруари со Кластер 3 – Конкурентност и инклузивен развој и во јуни со Кластер 4 – Зелена агенда и одржлива поврзаност.

 

Скрининг вежбата се состои од две фази:

 

– објаснителна сесија за време на која различните отсеци на Комисијата го објаснуваат правото на ЕУ, поглавје по поглавје;

 

– билатерална сесија за време на која секоја земја-кандидат добива покана да покаже во кое поглавје се наоѓа во рамки на подготовките за примена и имплементирање на правото на ЕУ.

 

Европската комисија ќе го извести Советот и ќе ја евалуира подготвеноста на секоја држава-кандидат за одреден кластер и за плановите за идни подготовки за прелиминарни индикации за проблеми кои најверојатно ќе искрснат за време на преговорите.

 

Советот ќе одлучи, едногласно, дали да дефинира влезни стандарди за секој преговарачки кластер врз основа на предлогот од Комисијата во скрининг извештајот.