Skip to main content

Јавна дискусија за “Локални младински совети” во Кавадарци

Ѓорѓи Ристов, Млад европски амбасадор (YEA) од Северна Македонија, организираше јавна дискусија во Кавадарци, неговата општина, фокусирана на важноста на Локалните младински совети. Овој настан послужи како продолжение на посетата на Германската амбасада, поддржана од Europe House Скопје. Сесијата започна со преглед на „ЗАКОНот ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО И МЛАДИНСКИ ПОЛИТИКИ“, со цел да го инспирира, води и поврзе Локалниот младински совет (LYC) Кавадарци со младата популација во градот. Оваим даде можност на младите повеќе да се запознаат со функционирањето и перспективата на LYC.

 

Во втората фаза од настанот, присутните имаа можност да предложат идеи, корисни за младите. Најдобрата идеја би била доставена до Советот на Кавадарци, кој треба да го подготви буџетот за 2024 година до 15 ноември. Крајната цел е оваа идеја да биде прифатена и имплементирана во 2024 година. Europe House Скопје даде поддршка за овој настан, продолжувајќи ја својата дискусија за LYC.

Комисијата го усвои Пакетот за проширување за 2023

Денес, Европската комисија го усвои Пакетот за проширување за 2023 година, обезбедувајќи детална оценка за состојбата и напредокот постигнат од страна на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Турција и за прв пат и Украина, Република Молдавија и Грузија, на нивните соодветни патишта кон пристапување во Европската унија. Извештајот особено се фокусира на напредокот вооднос на имплеменацијата на фундаменталните реформи, како и на обезбедувањето јасни насоки за реформските приоритети кои претстојат. Пристапувањето е и ќе остане процес заснован на заслуги, целосно зависен од објективниот напредок постигнат од секоја земја.  
Западен Балкан  
Напредокот во реформите за пристапување во ЕУ во голема мера е отежнат, бидејќи Црна Гора претрпе длабока поларизација и политичка нестабилност во периодот на известување. ЕУ го поздравува конституирањето на новиот парламент и формирањето на влада, која очекуваме брзо да го покаже својот капацитет и посветеност на патот на Црна Гора кон ЕУ и да ги спроведе реформите поврзани со пристапувањето кон ЕУ. Севкупно, напредокот во пристапните преговори ќе зависи од реформите во областа на владеењето на правото (т.е. исполнување на привремените критериуми утврдени во Поглавјата 23 и 24). Црна Гора продолжува целосно да се усогласува со Заедничката политика за надворешна безбедност.   
Србија продолжи со спроведувањето на реформите поврзани со пристапувањето кон ЕУ, вклучително и во областа на владеењето на правото. Србија почна да ги спроведува уставните амандмани од 2022 година за зајакнување на независноста на судството и усвои нови закони за медиумите. Имплементацијата на законите за медиумите може значително да ја подобри регулаторната средина. Сепак, ќе бидат потребни дополнителни измени за да бидат целосно усогласени со правото на ЕУ и европските стандарди. Србија треба да го подобри, како прашање на приоритет, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучувајќи рестриктивни мерки и изјави за Русија. Исто така, потребна е дополнителна работа и политичка посветеност за спроведување на реформите во областа на владеењето на правото. Останува оценката на Комисијата дека Србија технички ги исполнила критериумите за отворање на кластерот 3 (конкурентност и инклузивен раст). Србија мора целосно да соработува и да ги преземе сите неопходни чекори за да се понесеодговорност за насилниот напад врз косовската полиција од 24 септември и нападот врз КФОР на 29 мај. За нормализација на односите со Косово, додека беше постигнат Договор во Дијалогот олеснет од ЕУ, Србија и Косово допрва треба да започнат со спроведување на нивните соодветни обврски, кои се обврзувачки за Страните и клучен дел од нивните европски патишта.  
Во Северна Македонија, властите постојано изјавуваат дека пристапот во ЕУ останува нивна стратешка цел. Северна Македонија продолжи целосно да се усогласува со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (CFSP). Земјата, исто така, постигна одреден напредок во областа на правдата, слободата и безбедноста, вклучително и борбата против организираниот криминал и управувањето со миграцијата. Како преговарачка земја, Северна Македонија треба да работи на успешно спроведување на реформите поврзани со ЕУ, вклучително и во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на јавната администрација, вклучително и управувањето со јавните финансии и јавните набавки. Северна Македонија се обврза да отпочне и да постигне релевантни уставни измени како прашање на приоритет, со цел да вклучи граѓани кои се дел од други народи. Процесот на проверка на EU acquis  напредуваше непречено, а властите покажаа високо ниво на посветеност. Комисијата во јули му ги претстави на Советот извештаите од скринингот за „основните кластери“ за Северна Македонија и со нетрпение ги очекуваследните чекори, со можност за отворање на преговорите за овој кластер до крајот на годината  
Албанија продолжи да ја демонстрира својата решителност во имплементирањето на ЕУ реформите и постигнувањето напредок во реформите во рамките на „кластерот на основните принципи“. Континуираното целосно усогласување со CFSP на ЕУ беше, исто така, силен сигнал на стратешкиот избор на земјата за пристапување кон ЕУ. Потребни се дополнителни напори во насока на слободата на изразување, малцинските прашања и имотните права, како и во клучните области на владеењето на правото, како што се борбата против корупцијата и организираниот криминал. Процесот на проверка на EU acquis  напредуваше непречено, а властите покажаа високо ниво на посветеност. Комисијата во јули му ги претстави на Советот извештаите од скринингот за „кластерот за основните принципи“ за Албанија и со нетрпение ги очекува следните чекори. Таа има за цел да ги отвори пристапните преговори за кластерот 1 (основни принципи) до крајот на годината.  
Во Босна и Херцеговина, минатогодишниот кандидатски статус донесе многу потребна позитивна динамика. Новата влада беше формирана брзо по изборите и почна да спроведува реформи, особено преку амандманите со кои се воведува проверка на интегритетот во судството. Сепак, потребни се дополнителни напори. Ова вклучува усвојување важни реформи за владеење на правото и судство и продолжување со уставните и изборните реформи, кои се од најголем приоритет за обезбедување еднакви права за сите граѓани. Исто така, важно е да се зачува уставниот поредок на државата. Сецесионистичките и авторитарни мерки воведени во ентитетот на Republika Srpska не се во согласност со патот кон ЕУ. Потребни се дополнителни напори за Босна и Херцеговина да ги исполни клучните приоритети наведени во Мислењето на Комисијата за нејзината апликација за членство. Затоа, Комисијата препорачува отворање на пристапните преговори на ЕУ со Босна и Херцеговина, откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство  
Косово остана посветено на својот европски пат. Продолжи доброволно целосно да се усогласува со CFSP на ЕУ, вклучително и со осуда на руската агресивна војна против Украина и усвојување на рестриктивни мерки против неа. Извештајниот период беше период на законодавни достигнувања, вклучително и важна изборна реформа. Сепак, треба да се работи повеќе, вклучително и на акциониот план за реформи во правосудството. На 1 јануари 2024 година, ќе стапи на сила визната либерализација за Косово. Ситуацијата на северот на Косово беше погодена од неколку кризи, од кои последната беше насилниот напад врз косовската полиција на 24 септември 2023 година. Кон нормализација на односите со Србија, додека беше постигнат Договор во Дијалогот олеснет од ЕУ, Косово и Србија допрва треба да започнат со спроведување на нивните соодветни обврски, кои се обврзувачки за Страните и клучен дел од нивните европски патишта.  
Следни чекори  
Сега останува на Советот да ги разгледа денешните препораки на Комисијата и да донесе одлуки за чекорите што претстојат во процесот на проширување.

Комисијата презентира нов План за раст за Западен Балкан, кој вклучува 6 милијарди евра во грантови и заеми со цел забрзување на економската конвергенција со ЕУ

Денес, Европската комисија усвои нов План за раст за Западен Балкан, со цел да приближи дел од придобивките од членството во регионот пред пристапувањето, да поттикне економски раст и да ја забрза многу потребната социо-економска конвергенција. Целта треба да биде да им се овозможи на партнерите да ги засилат реформите и инвестициите со цел значително да се забрза процесот на проширување и растот на нивните стопанства. За оваа цел, предложен е нов Фонд за реформи и раст на Западен Балкан од 6 милијарди евра за периодот 2024-2027 година. Плаќањата ќе се реализираат дури по исполнување на договорените реформи.

 

Како дел од Планот за раст, секој партнер од Западен Балкан ќе биде поканет да подготви Реформска агенда заснована на постоечките препораки, вклучително и од годишниот Пакет за проширување и Програмите за економски реформи (ERP) на земјите. Оваа Реформска агенда ќе биде консултирана, оценувана и усвоена од страна на Комисијата.

 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави: „Со денешното усвојување на новиот План за раст за Западен Балкан од 6 милијарди евра, ги приближуваме економиите од Западен Балкан поблиску до ЕУ. Потенцијалот на овој План за раст е исклучително голем. Овој план за раст може да ја удвои економијата на Западен Балкан во следните 10 години. Со комбинацијата на реформи и инвестиции, Планот ќе му овозможи на Западен Балкан наскоро да има корист од клучните области на нашиот единствен пазар, вклучувајќи го слободното движење на стоки, услуги и работници, единствената зона за плаќања во евра, транспортот, енергијата и единствениот дигитален пазар.”

 

Следни чекори

 

Сега останува на Европскиот парламент и на Советот да го испитаат предлогот за Фондот во рамките на пакетот за среднорочна ревизија на MFF. Откако ќе бидат усвоени, шесте партнери од Западен Балкан ќе бидат поканети да ги поднесат своите индивидуални реформски агенди во кои ќе се наведат социо-економските и фундаменталните реформи што ќе ги преземат за да ги поттикнат растот и конвергенцијата според Планот за раст во периодот од 2024 до 2027 година. Како неопходен предуслов, Србија и Косово треба да се вклучат конструктивно во Дијалогот за нормализација на односите поддржан од ЕУ, предводен од Високиот претставник.

Младите европски амбасадори (YEAs) организираат работилници за медиумска информативна писменост во Србија и Црна Гора

На 24-ти и 25-ти октомври, Младите Европски Амбасадори (YEAs) успешно спроведоа серија работилници за Медиумска информативна писменост (MIL) во Нови Сад и Ниш, Србија, како и во Подгорица, Црна Гора. За време на овие работилници, Младите Европски Амбасадори имаа важна можност да го споделат своето знаење за теми поврзани со медиумите, новинарството и различните аспекти на медиумската писменост со своите колеги. Настаните беа овозможени благодарение на посветеноста и напорите на Младите европски амбасадори меѓу кои Бојана Мараш, Анѓела Мициќ, Маја Трајковиќ, Ања Кафеџиска, Теодора Цекиќ и Александра Грбовиќ Битиќ.

Отворен е повикот на Creative Europe за проекти за европска соработка

Овој повик ќе поддржи проекти за спроведување на широк спектар на активности и иницијативи кои вклучуваат уметници и учесници активни во различни културни и креативни сектори. Со буџет од околу 60 милиони евра, акцијата ќе ја поттикне соработката меѓу организациите активни на полето на културата со целда се зголеми прекуграничната димензија на создавање и циркулација на европска уметничка содржина. Исто така, ќе го поттикне развојот, експериментирањето, ширењето и примената на нови и иновативни практики. Акцијата ќе поддржи најмалку 130 проекти.  
Проектите за европска соработка се отворени за сите културни и креативни сектори. Сепак, имајќи предвид дека оваа акција е дел од делот Култура на Програмата, проектите со ексклузивна аудио-визуелна содржина и/или исклучиво составени од организации од аудио-визуелниот сектор не се подобни за аплицирање.

Младите европски амбасадори на Косово (YEAs) на средба со Советот на Европа

На 20-ти октомври се одржа значаен состанок помеѓу Младите европски амбасадори на Косово (YEAs) и Канцеларијата на Советот на Европа во Приштина. Меѓу присутните беа Амина Каја, Елиента Цулај, Арјана Рудари и Таулант Ферати, сите претставници на YEAs. Со состанокот претседаваа Френк Пауер, директор на Канцеларијата на Советот на Европа во Приштина и Бетим Зланога. Средбата првично се фокусираше на деталното истражување на структурата, улогата и клучната улога на Советот на Европа во поддржувањето на основните принципи како што се: човековите права, демократијата и владеењето на правото.

 

Потоа, претставниците на Советот на Европа ги просветлија Младите европски амбасадори за кампањата„Блокирај ја омразата, сподели љубов“, наведувајќи ги проактивните чекори што се преземаат во рамките на оваа иницијатива. Состанокот заврши со конструктивен дијалог за потенцијалните придонеси на Младите европски амбасадори во активностите насочени кон борба против говорот на омраза.

Младите европски амбасадори дел од Неделата на гордоста во Црна Гора 2023

Неделата на гордоста во Црна Гора беше исполнета со многу активности организирани секој ден, цела недела од различни организации како Queer Montenegro, Spektra, Juventas итн. Слоганот на овогодинешната Неделана гордоста е Самоопределување. Самоопределувањето на транс луѓето би значело дека Црна Гора гарантира самоопределување на сите свои граѓани, без разлика на нивната припадност.

 

Агендата вклучуваше активности како што се: Модна ревија за човекови права, Панел дискусии на теми како: Право на самоопределување, Чие здравје е наше: Квалитетот на здравствената заштита за транс лица, стресот и разликите меѓу малцинските групи итн., активности за поврзување како: Квиз на гордоста, Драг шоуа, настапи на бенд, забави со диџеи итн. и главната активност: Црна Гора Гордост Нашите Млади европски амбасадори имаа главни улоги во дел, ако не и во сите од нив.

 

Младиот европски амбасадор Енес Пучурица беше главниот организатор на Црна Гора Гордост 2023 „Гордост оваа година се однесуваше на самоопределување, бидејќи го подразбира правото на секој човек да го дефинира сопствениот идентитет и тоа не треба да биде привилегија на избраните. Да се биде во Квир Црна Гора како главен организатор на Црна Гора Гордост во партнерство со локални организации беше прекрасно искуство. Навистина, имаше многу работа, но гледањето луѓе кои уживаат и го слават својот ден дава големо чувство на достигнување и верба во нашата заедница“, вели Енес.

 

Девет Млади европски амбасадори учествуваа на Неделата на гордоста во Црна Гора, меѓу кои Војин Четковиќ, Енес Пучурица, Валентина Остојиќ, Дадо Дервановиќ, Бојана Марас, Ивана Сречковиќ, Матија Пренкочевиќ, Стефан Вукмановиќ и Анѓела Радуловиќ.

Аплицирајте сега за вториот конкурс за домаќини за резиденцијален престој во рамките на Culture Moves Europe

Конкурсот обезбедува финансиска поддршка на организации и индивидуални уметници кои сакаат да бидат домаќини на меѓународни уметници и културни професионалци за резиденцијален проект. Вториот конкурс за домаќини за резиденцијален престој во рамките на шемата за мобилност Culture Moves Europe беше отворен на 16 октомври 2023 година. Конкурсот обезбедува грантови за организации и индивидуални уметници регистрирани како правни лица во една од 40-те Креативни европски земји, кои сакаат да бидат домаќини на меѓународни уметници и културни професионалци за резиденцијален проект.

 

Апликантите треба да ги испратат своите предлози со детали за времетраењето, целите и очекуваното влијание на нивниот проект за резиденцијален престој. Од нив се бара да обезбедат соодветна средина, опрема и ментор за поканетите уметници. Ова обезбедува учесниците да имаат добри услови за имплементација на своите проекти.

 

Акцијата за резиденцијален престој е насочена кон домаќини кои работат во архитектура, културно наследство, дизајн и моден дизајн, литература, музика, перформанс уметности и визуелни уметности. Процесот на аплицирање е поделен во две фази:

 

Избор на домаќини и потврда на поканетите уметници, творци и културни професионалци избрани од страна на домаќините.

 

Пристапноста и инклузивноста се во срцето на Culture Moves Europe. Посебна финансиска поддршка им се нуди на учесниците кои живеат со попреченост и оние кои имаат деца на возраст под 10 години. Исто така, постои посебна поддршка за оние кои патуваат во и од прекуокеанските земји и територии, како и најоддалечените региони на ЕУ. Culture Moves Europe е подеднакво посветена да работи на одржлив и еколошки одговорен начин и апликантите се поканети да ги вклучат тие аспекти во нивните проекти за резиденцијален престој. Уметниците и културните професионалци кои учествуваат се охрабруваат да користат поодржливи транспортни средства. Оние кои ќе изберат да не патуваат со авион ќе добијат дополнителен износ за компензација на повисоките трошоци за зелено патување.

Млади европски амбасадори (YEA) од Албанија се сретнаа со претседателката фон дер Лејен во ЕУ Куќата во Тирана

Само еден ден пред Самитот Берлински процес во Тирана, Младите европски амбасадори (YEA) имаа привилегија да се сретнат со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, на поднесувањето на апликациите за кампусот на Колеџот на Европа во Тирана за академската 2024-2025 година.

 

Дополнително, ректорот на Колеџот на Европа, Федерика Могерини, упати покана до Младите европски амбасадори да ги посетат канцелариите на Колеџот на Европа во Тирана за разговори во врска со потенцијална идна соработка. Како регионална мрежа, Младите европски амбасадори со задоволство ќе ја прошират оваа вредна можност не само кон младите студенти во Албанија, туку и кон оние од #Западен Балкан и низ Европа.

 

Колеџот на Европа започна постдипломска програма „Магистер по европска трансформација и интеграција – ЕУ и Југоисточна Европа“ која ќе биде понудена во новоформиранот кампус во Тирана. На својот нов кампус во Тирана, Колеџот ја поддржува својата цврста посветеност на највисоките стандарди за академска извонредност по кои оваа институција е позната.

 

Магистер по европска трансформација и интеграција е замислена да одговори на зголемената побарувачка за експерти кои покажуваат темелно разбирање на процесот на проширување на Европската унија и добро оформена, критичка перспектива за истакнатите предизвици на 21 век, со особен акцент на односите во Југоисточна Европа и ЕУ-Западен Балкан.

 

За време на 10-месечната програма, почнувајќи од септември 2024 година, учесниците ќе се стекнат со темелно знаење за институционалната архитектура на ЕУ и нејзиното функционирање низ различни димензии. Студентите ќе ги истражуваат можностите и предизвиците на пристапниот процес во ЕУ, ќе развијат регионална експертиза за Југоисточна Европа и ќе се занимават со важни современи прашања како што се дигитализацијата, климатските промени и енергетската транзиција.

Забелешки на претседателката фон дер Лејен на отворањето на самитот Берлински процес

Ви благодарам многу, премиере, драг Еди,

 

Господин Бундесканзлер,

 

Драги пријатели,

 

Каква приказна штотуку видовме на екранот, каква приказна. И колку моќна порака e тоа што ова не е само десетти Берлински процес, туку и првпат во земја од Западен Балкан. Моќна порака во светот што го опиша, Еди, каде што сме сведоци на страшна војна што ја започна Русија против Украина. Украина се бори за својот суверенитет и територијален интегритет и за нашите вредности. Исто така, видовме и грозоморен терористички напад на Хамас во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, мажи, жени, деца, бебиња, само затоа што се Евреи. Живееме на планета што гори. Ние сме предизвикани од GenAI. Во овие времиња, ви требаат најдобри пријатели. И како што рековте вие, вие сте најдобриот пријател што можеме да го посакаме. Дозволете ни да работиме за да се приклучите на Европската унија која докажа дека е возможно заедно да имаме траен мир и одржлив просперитет.

 

И навистина, каква моќна порака упативме вчера, кога започнавме со регистрацијата на Тиранскиот колеџ на Европа. А тие млади студенти сега ќе учат европски прашања. Тие потекнуваат од Албанија, од целиот Западен Балкан, од Европската Унија. Каква моќна порака за следната генерација која ќе ја унапреди идејата за Европската унија.

 

Берлинскиот процес, како што рековте, започна во 2014 година. И вреди да се разгледаат трудовите од тоа време: „Целта да се постигне вистински напредок во реформскиот процес и регионалната економска соработка“. Затоа сме тука. И веќе поставивме добра основа со нашиот економски и инвестициски план од 30 милијарди евра. Се испорачуваат резултати. Половина од планот, 16 милијарди евра, всушност се веќе распоредени. Но, треба да се направи повеќе. И сакам да се фокусирам неколку минути на тоа.

 

Нашите економии, Западниот Балкан и Европскиот единствен пазар, сè уште се премногу оддалечени. Економиите од Западен Балкан се 35% од ЕУ просекот. Значи, ние навистина треба да го искористиме потенцијалот што е овде во Западен Балкан и да го доближиме до Европскиот единствен пазар. А токму ова е целта на Планот за раст. Знаеме дека, од искуството од проширувањето, силата на проширувањето секако лежи во вредностите што нè обединуваат со земјите кои, чекор по чекор, се приклучија на Европската унија. Но, втората сила е економскиот развој. Секогаш кога имаше проширување, не само што оние земји кои пристапија кон Европската унија имаа огромен поттик во нивниот економски развој бидејќи се приклучија на Единствениот пазар, туку и Европската унија се подобруваше затоа што Единствениот пазар стана поголем.

 

И ова е сега принципот на Планот за раст. Сакаме практично да ги отвориме вратите на Единствениот пазар, Европскиот единствен пазар, на компаниите од Западен Балкан во специфични области. И ние треба да го организираме ова сега. Ги отвораме вратите во области, во форма на слободно движење на стоки и услуги, патниот транспорт, енергијата, електричната енергија, Единствениот дигитален пазар на ЕУ и, што е многу важно, ги олеснуваме безготовинските плаќања со единствена европска платежна област – само како примернаведувам неколку елементи.

 

Но, се разбира, отворањето на вратите не е доволно. Земјите од Западен Балкан, исто така, треба да го комплетираат својот Заеднички регионален пазар. А тоа значи дека услов е и земјите од Западен Балкан да им дадат пристап на соседите до нивниот пазар [да им дадат на соседите пристап до нивниот пазар]. Со други зборови, ако го свртам ова од другата страна, доколку има блокади, единствениот што можете да го блокирате сте самите вие. Останатите ќе продолжат понатаму.

 

И за да се продолжи понатаму, потребни се реформи, длабоко вкоренети реформи, исто така, за подобрување на бизнис климата, со цел да се направи околината поатрактивна. Овие реформи ќе бидат придружени со финансирање на инвестиции од Европската Унија, доколку се случат. Овој План за раст е многу силен поттик. Поттик економски да се отворат вратите, но и да се побара отворање на границите меѓу земјите од Западен Балкан и да се направат потребните реформи. Со тоа доаѓа и финансирањето на инвестиции.

 

Само со заедничка работа ќе го доведеме Западен Балкан таму каде што припаѓате, во срцето на Европската унија. Историјата, навистина, е во движење. Мојата порака е: Ова е одлучувачки момент сега. Не пропуштајте ја можноста, зграпчете ја можноста, искористете го моментот и ние работиме заедно со вас за тоа.

 

Благодарам многу, Еди.