Skip to main content

Area of Cooperation: Culture and youth

Високиот претставник / Заменик-претседателот Жозеп Борел во Западен Балкан

Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика / Заменик-претседателот на Европската Комисија – Жозеп Борел, во понеделникот, беше во Северна Македоника пред да отпатува, во вторникот, за Албанија, и во Босна и Херцеговина во средата. Неговата посета ја потврдува посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот, особено во насока на руската војна против Украина и нејзиното влијание на безбедноста во Европа во целост.

 

Високиот претставник / Заменик-претседателот Борел во Скопје оствари средба со Претседателот Стево Пендаровски и Премиерот Димитар Ковачевски, заменик-министерот за европски прашања – Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи – Бујар Османи и министерката за одбрана – Славјанка Петровска. Во вторник, високиот претставник ќе отпатува за Тирана каде што ќе оствари средба со Премиерот Еди Рама и други претставници на албанските авторитети и граѓанското општество, а ќе ја посети, исто така, и реставрацијата на мозаикот во Музејот за национална историја, реновиран под покровителство на програмата Поддршка на ЕУ за оправување по земјотресот (EU’s post-earthquake recovery assistance).

 

Во среда, високиот претставник / заменик-претседателот ќе биде во Сараево каде, најпрво, ќе ја посети операцијата „EUFOR Althea“ чиј капацитет на земјени трупи неодамна се зголеми за приближно двапати. Ќе се состане и со босанските авторитети, претставници на политичката опозиција и граѓанското општество

YEAs го одбележаа International Women’s Day низ цел Западен Балкан

За овогодишниот Ден на жената – 8 Март, WeBalkans и Младите европски амбасадори ги здружија силите во промоција на кампањата #BreakTheBias (https://www.internationalwomensday.com/). Промоцијата се одвиваше преку видео приказни (reels) и други содржини за социјални медиуми, како и преку уличните акции ширум Западен Балкан во Бања Лука, Белград, Куманово, Ниш, Нови Сад, Подгорица, Приштина, Сараево, Скопје и Тирана.

 

Кампањата има за цел да ја скрши пристрасноста за родовите стереотипи. #BreakTheBias треба да ги зајакне жените и да ја засили нивната улога во општеството и слободата за определување кои се и што сакаат да бидат.

 

Мрежата WeBalkans Млади европски амбасадори (Young European Ambassadors (YEA)) е основана во август 2020  од страна на регионалната комуникациска програма за Западен Балкан на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија (DG NEAR), како креативна мрежа од идни, млади придвижувачи на промени ширум Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Овие 120 млади визионери сакаат да научат за вредностите на ЕУ и да ги промовираат можностите што ЕУ ги нуди, но исто така се залагаат за теми како родова еднаквост, интерукултурно учење, заштита на животната средина и човековите права и да учествуваат во заеднички регионални младински иницијативи.

Route WB6 волонтерскиот караван ќе мине низ осум града во Западен Балкан

Route WB6 волонтерскиот караван тргна на пат! Овој единствен креативен караван е составен од 40 млади европски амбасадори, Route WB6 волонтери и млади новинари од платформата Hajde од целиот Западен Балкан. Како дел од последната фаза од проектот Route WB6, кој ги промовира младинската мобилност, волонтирањето и градењето мир во регионот, караванот има за цел да промовира регионална размена на волонтери и младинско волонтерство низ целиот регион. Волонтерскиот караван на тркала патува во осум градови од регионот во период од една недела каде младите волонтери заедно со локалните партнери ќе се вклучат во активности како што се акции за заштита на животната средина, реставрации, детски креативни работилници, средби и младински совети. Активноста се спроведува во соработка со мрежата на Млади европски амбасадори.

 

Патувањето започна од Подгорица на 9 март, а завршува во Тирана на 15 март. На својот пат волонтерите ќе имаат можност да ги посетат Мостар, Сараево, Копаоник, Приштина и Битола каде што ќе се дружат со своите врсници и ќе придонесуваат во локалните заедници.

 

Еден од Младите европски амбасадори (YEA) вклучен во Route WB6 волонтерскиот караван рече „Како YEAs сме патувале низ Западен Балкан за студиски патувања, прашања што ја засегаат животната средина, сме се дружеле, дебатирале, пееле и играле на фестивали. Многу сум возбуден што сме дел од Route WB6 волонтерскиот караван. Сите се движиме кон иста цел: регион кој ги прифаќа европските вредности. Ајде заедно да му се приклучиме на овој караван, да одиме по истиот пат кој води до помирување и стабилност, како и заедничка европска иднина за регионот.“

Српски воени доктори и персонал се приклучуваат во Мисијата за воена обука на ЕУ во Сомалија

Шест српски воени доктори и персонал ќе се приклучат во Мисијата за воена обука на ЕУ во Сомалија (EUTMS). Мисијата беше лансирана во 2010 година со цел да се зајакнат федералните сомалиски институции за одбрана преку обуки, менторства и советување. Мисијата има персонал од околу 200 лица од седум земји-членки на ЕУ, плус Србија.

 

Емануеле Жофре, Амбасадорот на ЕУ во Србија, им се заблагодари на српските војници кои се приклучуваат на мисијата и им посака среќа. Тој изјави: „Благодарни и горди сме што можеме да сметаме на Србија во нашите цивилни и воени мисии и операции. Слободата, демократијата и безбедноста имаат висока цена, а српскиот кадар презема клучни улоги кои се суштински за успехот на овие мисии. Војниците на ЕУ ја имаат привилегијата да се чувствуваат безбедно во рацете на српскиот медицински тим. Се надеваме дека нашето партнерство ќе расте и ќе се продлабочува, со што ќе се прошири и глобалната безбедност и стабилност.“

 

Улогата на српскиот медицински контингент во оваа мисија се однесува на лекување, евакуација, снабдување и други функции кои се суштински за одржување на здравјето на воените сили. Тоа вклучува и пружање на прва помош, непосредни мерки за спасување на живот и тријажа. Дополнително, тие ќе придонесат за подобрување на здравјето и благосостојбата на единицата преку советување и насоки за превенција од болести, неборбени повреди и борбен и оперативен стрес.

Нови програми за магистерски студии во Erasmus Mundus каталогот

Дваесет и седум нови Еразмус Мундус (Erasmus Mundus) здружени програми за магистерски студии ќе овозможат пристап до стипендии на студенти од Западен Балкан и други места во светот. Ова се првите програми под Еразмус+ (Erasmus+) за 2021-2027.

 

Првиот прием на студенти ќе започне оваа година и овие новоизбрани програми опфаќаат повеќе од 170 програми достапни во Еразмус Мундус каталогот (Erasmus Mundus catalogue). Речиси 127 милиони евра се инвестирани во овие нови програми кои поддржуваат повеќе од 2.000 стипендии за студенти од целиот свет. Еразмус Мундус здружените програми за магистерски студии се достапни веќе 17 години и во овој период повеќе од 28.000 студенти од 195 држави добија стипендија за студирање во 566 програми.

 

Здружените програми ја спојуваат најдобрата настава од различни универзитети, често преку комбинирање на различни факултети и дисциплини. Студентите следат настава на два или повеќе партнерски универзитети во период од две години. Најголем дел од нив добиваат и ангажман во некоја компанија или организација со цел да се стекнат со практично искуство. На овој начин студентите дипломираат со вистинските вештини и меѓународни вредности кои ги подготвуваат за кариера како практичари, администратори или истражувачи во клучни и/или тесно дефинирани сектори.

Иднината на Европа на мурал

Делегацијата на Европската унија во Србија во соработка со „Њу момент њу идеас компани“ и во партнерство со Советот за култура на Нови Сад и фондацијата „Нови Сад 2022“, ги кани уметниците да се пријават на „Нацртај ми ја иднината на Европа“ (Paint Me the Future of Europe). Иницијативата на Нови Сад, овогодинешната европска престолнина на културата, е немента за уметници кои треба да се на возраст меѓу 18 и 35 години и да се жители на Србија, Западен Балкан или на Европа.  
Преку муралот и активнoто учество во други културни активности во Нови Сад, избраните уметници ќе го демонстрираат својот креативен квалитет, нивната способност да се осврнат на општествено значајни теми и нивната визија за заедничка иднина на европскиот континент. Заинтересираните уметници треба да пополнат формулар, да поднесат кратка биографија, портфолио, како и скица од нивната визија на темата futureofeurope.newmoment.com. На веб-страницата ќе можат да се информираат за деталите поврзани со пријавувањето на иницијативата, како и за настаните за подготовка и изработка на муралот.  
Конкурсот е отворен до 18 март. Ќе бидат избрани осум уметници кои заедно ќе сликаат на ѕид на Петроварадинската тврдина за време на нивниот престој во Нови Сад, од 18 април до 9 мај. Муралот официјално ќе биде промовиран во рамки на одбележувањето на Денот на Европа на 9 мај. на Осум

Креативна Европа објави повик за проекти за европска соработка за 2022 година

Европската комисија во февруари објави повик за предлози во рамки на линијата култура на програмата Креативна Европа за поддршка на проекти за европска соработка. Со овој повик, Европската комисија ги поддржува професионалците од културниот и креативниот сектор преку широк спектар на активности и иницијативи.

 

Акцијата ги интегрира меѓусекторските прашања за инклузивност, заштита на животната средина и родовата еднаквост, како и тематските приоритети релевантни за the New European Bauhaus.

 

Со буџет од 68 милиони евра, акцијата ќе поттикнува соработка меѓу организациите од креативниот сектор. Целите на повикот се зајакнување на транснационалното творештво, овозможување на движењето на европските дела и уметници, како и негување на таленти. На тој начин ги поддржува иновациите, напредокот, креирањето на работни места и економскиот раст.

 

Градење на капацитетите или активности за обуки во секторите за културно наследство, музика, книги и издаваштво, архитектура, мода и дизајн, како и културен туризам се приоритетите во оваа рунда на акции. Проектите можат исто така да се фокусираат на развој на публиката, социјална инклузија, одржливост, дигитализација или развој на меѓународни врски за професионалци во културата.

RYCO и ЕУ ги прославуваат успесите на поддржаните проекти во Албанија

Регионалната канцеларија за младинска соработка (Regional Youth Cooperation Office (RYCO) организираше завршен онлајн настан во рамки на својот проект поддржан од ЕУ – „Подобрување на младинската соработка и младинската размена во WB6 во Тирана на 3 февруари. На настанот беа презентирани резултатите од два проекти од Албанија кои беа поддржани во рамките на четвртиот отворен повик на RYCO за предлог проекти. Во воведното обраќање,  Шефот на локалната подружница на RYCO во Албанија, Крешник Лока, зборуваше за тоа како младите уште еднаш ја потврдиле својата посветеност и интерес за запознавање и работа со своите врсници од регионот и нагласи дека овој проект го отворил патот за одржлива соработка не само меѓу младите туку и за граѓанското општество во регионот.
 
Проектите поддржани од RYCO и ЕУ во рамки на четвртиот отворен повик во Западен Балкан се насочени кон помирување и регионална младинска соработка, како и зајакнување на капацитетите на граѓанското општество за прилагодување кон Ковид-19 реалноста. Проектите беа имплементирани од февруари до октомври 2021 година.  
Во фазата за пријавување примени се 129 апликации со кои се креирани 400 партнерства во регионот. Вкупниот финансиски пакет на повикот изнесуваше 333.000 евра.

Ценети артефакти на изложба во ценет објект

Проект, финансиран од ЕУ, помогна отоманска палата да се претвори во културен ресурс за локалното население и посетителите во предел помеѓу Косово и Северна Македонија. Свадбен ковчег стар преку двесте години, традиционален костум, чевларски и сребрарски алатки, како и бројни други историски артефакти сега можат да бидат видени од посетителите на етнолошкиот музеј Гнилане, во источно Косово. Сместени се во зграда позната, од мештаните, како Хусеин Пашина Палата затоа што била изградена од Хусеин Паша Милла; еден од водечките отомански администратори во регионот. Била изградена во 1887 година и неколку децении употребувана како семеен дом, сè до нејзината конфискација од југословенската влада после Втората светска војна и нејзино неколку децениско користење како училиште. Денес, палатата е едно од највпечатливите архитектонски парчиња од отоманската ера во Косово. Особено, нејзините резбани тавани коишто од неа прават уникатно место за посета, но, до неодамна, нејзината намена како музичко училиште значеше дека посетителите имаа ограничен пристап до неа. Ваквата ситуација се променила со иницијатива на општината Гнилане и поддршка на ЕУ.

„Бидејќи немавме посебно место, моравме да ги изложуваме нашите археолошки и етнолошки артефакти во националниот музеј во главниот град.“

Нова музејска зграда за културно наследство Градот Гнилане и околното подрачје изобилуваат со археолошки и етнолошки артефакти, но, до пред пет години, немало посебен простор за нивно изложување. „Бидејќи немавме посебно место, моравме да ги изложуваме нашите археолошки и етнолошки артефакти во националниот музеј во главниот град,“ вели Ѓилшен Доко Бериша, раководител на музеите во Гнилане. Ситуацијата се променила во 2016 со отворањето на археолошкиот музеј, а понатаму била подобрена и со отворањето на етнолошкиот музеј, со поддршка на ЕУ. Ѓелза Адеми била координаторка на проектот, финансиран од ЕУ, за прекугранична соработка со фокус на зголемување на вредноста на културното и природно наследство, кој ја овозможил реновацијата на зградата и отворањето на етнолошкиот музеј. Таа објаснува дека општината Гнилане има значаен број посетители ширум годината; особено оние од дијаспората кои редовно го посетуваат градот еднаш или двапати годишно. „И покрај богатото културно и природно наследство, можевме само малку да им понудиме на посетителите,“ вели Ѓелза. На иницијатива на општината и во соработка со општината Куманово, од другата страна на границата, во Северна Македонија, одлучиле да создадат подобра туристичка атракција. Повикот за прекугранична соработка помеѓу Косово и Северна Македонија бил одлична прилика за ваквата иницијатива, бидејќи и двете општини имале недостаток на средства и експертиза. 

„Општината Гнилане, во минатите години, искористила неколку проекти финансирани од ЕУ; како и со овој, без поддршка на ЕУ, би било навистина тешко да се имплементираат овие активности.“

За проектот Целта на проектот за прекугранична соработка “Зголемување на вредноста на културното и природно богатство“, финансиран од ЕУ, беше да донесе инвестиции и да го промовира прекуграничниот предел како туристичка дестинација, да ги зголеми вредностите на културното и природно наследство преку зачувување и реставрација на стара зграда и да понуди традиционални културни настани во прекуграничниот предел. Резултатите на проектот вклучуваат зачувување и реставрација на локалитети за културно наследство, изградба на локации за спорт и зголемена промоција на културното наследство. Целокупната вредност на проектот изнесуваше преку 477000 евра и истиот беше завршен во рок од 20 месеци. Со поддршка на ЕУ, двете партнерски општини успеале да ја реставрираат старата зграда и да ја адаптираат за да може да се пренамени во Етнографски музеј, да изградат амфитеатар и да креираат простор за фудбал, кошарка и тенис во Куманово. Дополнително на инфраструктурните подобрувања, проектните партнери креирале и онлајн платформа со сите информации поврзани со туристичките оператори и даватели на услуги; како и дополнителни активности за промоција на прекуграничниот регион како туристичка дестинација. „Општината Гнилане, во минатите години, искористила неколку проекти финансирани од ЕУ; како и во овој случај, без поддршка на ЕУ, би било навистина тешко да се имплементираат овие активности,“ вели Ѓелза Адеми.

Традиционална уметност со пластични капачиња

Невладина организација од Сараево создава возбудливи уметнички дела користејќи пластични капачиња

Прекрасен килим изложен на видливо место во сараевското предградие Циглане. Има нешто различно во така наречениот „Čepoćilim“: изработен е од 25000 пластични капачиња. Неговото име, во превод, значи „килим од капачиња“, а е дизајниран и изработен како дел од проект на здружението „Green Art“; невладина од Сараево, во БиХ. Алма Храсница Дервишиќ, претседателка на здружението, објаснува дека сè започнало пред десет години кога добила идеја за креирање уметнички дела со пластични капачиња како дел од Европската недела за намалување на отпад во Сараево. „На времето, ова беше амбициозен проект за нас, бидејќи не знаевме дали луѓето ќе ја ценат иницијативата и каква повратна реакција ќе добиеме,“ вели Алма.

Почетен предизвик било собирањето пластични капачиња. Алма отворила локација за собирање капачиња и контактирала училишта, компании и други институции со цел и тие да придонесат за проектот преку собирање и достава на пластични капачиња. „На мое изненадување, одговорот беше позитивен и за кратко време успеавме да собереме значајна количина капачиња; на овој начин започна трендот „Čepoćilim““, вели Алма.

„Čepoćilim“ е совршен спој од уметност, културно наследство и екологија. Целта на проектот е подигнување свест за собирањето отпадни амбалажи и верувам дека покажавме дека постои начин за повторно употребување на отпадот и искористување на неговата вредност.“

Креирање по еден килим од пластични капачиња годишно

По успехот и честитките за првиот килим од капачиња, Алма и нејзините колеги од здружението „Green Art“ одлучиле иницијативата да ја претворат во годишна активност чија цел би била креирање на, најмалку еден, килим од пластични капачиња. За дизајнот, одлучиле да продолжат со мотивите на традиционалниот босански килим, затоа што иницијативата би била, истовремено, уметничка и туристичка атракција; придонесувајќи за промоција на културното наследство.

„„Čepoćilim“ е совршен спој од уметност, културно наследство и екологија. Целта на проектот е подигнување свест за собирањето отпадни амбалажи и верувам дека покажавме дека постои начин за повторно употребување на отпадот и искористување на неговата вредност,“ вели Алма.

Преку инволвирањето млади луѓе, Алма верува дека успеале да ја подигнат свеста меѓу групи кои можат да придонесат за идната еколошка заштита преку намалување и управување со отпадот.

Неодамна, здружението „Green Art“ доби поддршка од програмата „ReLOaD“ (Регионална програма за локална демократија), финансирана од ЕУ. Програмата им помогна во последниот проект кој вклучува дизајнирање и изработка клупи од пластични капачиња, со визуелен дизајн инспириран од босанските килими. Во рамките на оваа активност, инволвираа деца од основното училиште „Vladislav Skarić“, училиштето „Mjedenica“ за деца со потешкотии во учењето, како и домот за деца без родители „Bjelave“. Како дел од проектот, спроведоа 30 еколошко-уметнички работилници за претворање на отпадот во еко-уметност. Во овие работилници, употребуваа материјали како пластични капачиња и лименки. Во завршниот проект, употребија околу 15000 пластични капачиња за изработка на клупите.

„Благодарение на овој проект, имавме можност да инволвираме повеќе деца и млади во нашата активност и, на тој начин, да ја подигнеме нивната свест за еколошките прашања; па, затоа, сме особено благодарни на програмата „ReLOaD“ на ЕУ.“

За програмата

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан („ReLOaD“) е основана од ЕУ, а имплементирана од Програмата за обединет национален развој. Програмата „ReLOaD“, моментално, е во својата втора фаза која ќе трае до 2024 година.

Проектот овозможи креирање средина во која децата и младите можат да развијат културни иницијативи, со еколошки карактер; истовремено овозможувајќи им на учесниците да се социјализираат преку уметнички активности. „Благодарение на овој проект, имавме можност да инволвираме повеќе деца и млади во нашата активност и, на тој начин, да ја подигнеме нивната свест за еколошките прашања; па, затоа, сме особено благодарни на програмата „ReLOaD“ на ЕУ,“ вели Алма.

Клупата од капачиња сега е изложена во центарот на Сараево, на улицата „Gimnazijska“; опколена од основни и средни училишта. За Алма, ова е голема гордост и сите деца кои помогнаа во изработката, како и нивните соученици, можат секој ден да ја гледаат и да се потсетат на важноста на намалување на отпадот и доброто управување со истиот.