Skip to main content

Area of Cooperation: Culture and youth

Фудбалскиот фестивал за девојчиња е многу повеќе од игра

Фудбалскиот фестивал за девојчиња до 15 години се одржа во Сараево, од 24 до 26 јануари 2025 година. 

„По учеството на Фудбалскиот фестивал за девојчиња, почувствував нов наплив на ентузијазам и создадов сосема поинаква перцепција за мојата иднина како спортистка. Најмногу уживавме додека игравме заедно, не ни значеше која од каде доаѓа – покажавме колку е моќна тимската работа, поддршката и истрајноста“, вели Далила Комарица од Сараево, тренер во женскиот фудбалски клуб „Респект“. Таа истакнува дека „целта на овој фестивал не е само да се победи, туку и да се ужива на теренот и надвор од него“. 

Клубот „Респект“ е еден од деветте клубови што учествуваа на фестивалот. Фестивалот го организираше иницијативата „Да играме заедно“ и по неколку години одржување во Виена, тој за првпат се одржа во Босна и Херцеговина. Организацијата на фестивалот беше во соработка со иницијативата „ФерПлеј“, која работи во рамките на Институтот за меѓународна соработка и развој во Виена. 

„Фестивалот нѐ научи на вредни лекции. Научивме дека победата не се состои само во резултатот, туку и во процесот на учење, работа и растење. Фестивалот ни покажа од колкаво значење се охрабрувачката средина и позитивната атмосфера. ФФД несомнено има големо влијание врз развојот на младите спортистки и нивните тренери“, вели Далила. 

Едита Чаврк, ученичка во средното медицинско училиште во Сараево, е членка на женскиот фудбалски клуб „Респект“. 

„Секое девојче се чувствуваше слободно да проба нешто ново на фестивалот и излезе од својата комфорна зона. Имавме работилници кои ни покажаа колку е уникатна секоја од нас и како сите придонесуваме за нашата заедница на свој начин – дека вредиме. Но најубавиот дел беше маестралноста на теренот, комбинацијата од различни стилови на игра и тоа што создадовме нешто навистина посебно. Се чувствувам посамоуверено и се надевам дека ќе можам го применам наученото како спортистка“, изјави Едита за „WeBalkans“. Таа нагласува дека со душа го чека следниот фестивал. 

Членката на организациониот тим, Мирна Храповиќ од иницијативата „Да играме заедно“, објаснува дека претходните години на фестивалот учествувале тимови од целиот Западен Балкан – Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Хрватска и Косово, и се надеваат дека и во иднина ќе продолжи оваа традиција. Годинава Сараево беше домаќин на девет екипи од Босна и Херцеговина (Зеница, Орашје, Горњи Вакуф, Пале) и Црна Гора (Бјело Поље, Беране и Подгорица), со 150 учеснички, од кои повеќето беа спортистки на возраст од 13 до 15 години. 

„Според досегашното искуство, оваа возраст е идеална за работа, бидејќи се наоѓаат на крстопат во животот – покрај тоа што веќе размислуваат за нивната иднина во спортот, тие се и доволно зрели за да ги разберат концептите што им ги пренесуваме за време на работилниците за човекови права, односно за дискриминација, родова еднаквост, ментално здравје и друго“, вели Храповиќ. Таа нагласува дека иницијативата „Да играме заедно“ се залага сето тоа што го прави да има пошироко влијание и дека спортот го гледа како алатка за општествена преобразба. 

„Идејата е учесниците да се сретнат, да ги срушат предрасудите и да ги надминат прашањата како тоа дали фудбалот е игра за девојчиња. Од година во година, гледаме дека иако на почетокот можеби се воздржани, после првите активности играат како да се познаваат отсекогаш“, вели Храповиќ, напоменувајќи дека некои од девојчињата дури и продолжиле да играат за нивните национални тимови по учеството на претходните фестивали.  

Во Сараево играа 11 девојчиња на возраст од 12 до 14 години од три клуба од Црна Гора. Еден од женските тимови беше од „Академија Беране“ и постои само шест месеци. 

„Атмосферата беше фантастична и тешко е да се издвои во што најмногу уживаа девојчињата, но би ја истакнал структурата на турнирот, каде што сите клубови беа измешани, каде се создаваа нови тимови и пријателства. Овој фестивал им помага на девојчињата да сфатат колку вредат, да разберат дека фудбалот нуди многу и да станат свесни дека иднината на женскиот фудбал во Црна Гора и Босна и Херцеговина е во нивните раце“, вели Александар Раковиќ, тренерот на „Академија Беране“. Клубот се надева дека следниот фестивал ќе се одржи во Црна Гора и со нетрпение очекуваат да бидат домаќини на пријателите од Босна и Херцеговина.  

Европската Унија истакнува дека е посветена на родовата еднаквост во сите аспекти на животот, вклучително спортот. 

„Женскиот фудбал станува сè попопуларен, но девојчињата и жените во фудбалот сè уште се соочуваат со препреки во овој спорт, особено во споредба со машкиот фудбал. Меѓутоа, ЕУ финансира голем број иницијативи за зголемување на бројот на жените во спортот, вклучително спортските награди на ЕУ #BeInclusive, иницијативата „HealthyLifestyle4All“ и програмата „Еразмус+ спорт“. „Се гордееме што го финансиравме првиот Фудбалски фестивал за девојчиња во Босна и Херцеговина, бидејќи оваа иницијатива промовира еднакви можности, придонесува кон уривањето на стереотипите и им помага жените да имаат пристап до спортот како мажите“, вели Фердинанд Кениг од Делегацијата на ЕУ во БиХ. 

Судејќи според фестивалот и останатите тековни заложби, иднината на женскиот спорт се движи во добар правец. Олимпискиот комитет на Босна и Херцеговина додели стипендија од 100.000 американски долари за поддршка на женската кошаркарска репрезентација на Босна и Херцеговина, а следната стипендија ќе биде наменета за женската рагби репрезентација. Во меѓувреме, иницијативата „Да играме заедно“ најавува дека ќе продолжи да го поддржува формирањето нови женски фудбалски клубови. 

Културата поврзува луѓе и иницијативи

Кампањата „Културата поврзува“ на „WeBalkans“ беше претставена на Регионалната конференција за младинска културна соработка, која се одржа во Европската куќа во Белград. Настанот беше организиран од Младинската лабораторија за Западен Балкан 2 на Советот за регионална соработка (СРС). 

На настанот присуствуваа уметници, претставници на Европската Унија, како и претставници од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РКМС) и СРС, коишто ги разгледуваа можностите за културна соработка во регионот. 

Огњен Марковиќ, тим-лидер на Младинската лабораторија за Западен Балкан 2 на СРС, ја отвори конференцијата со повик за унапредување на системите за поддршка во насока на целосно исполнување на креативниот и визионерскиот потенцијал на младите. „Вложувањето во нашите млади таленти и пружањето поддршка за нивните иницијативи не само што го зајакнува културното ткиво на Западен Балкан, туку и ги поставува темелите за поинклузивна и подинамична иднина“, истакна тој. 

Презентацијата на кампањата „Културата поврзува“ ја истакна важноста на културната соработка и нагласи дека различните култури на Западен Балкан придонесуваат регионот да биде подинамичен и поотпорен. Таа напомена дека особено важна е поддршката што ја пружа ЕУ преку програми како што се „Креативна Европа“ и „CC4WB“, со кои се поттикнуваат културните иницијативи во регионот.  

Ричард Маша, раководител за операции во Дел II на Делегацијата на ЕУ во Србија, ја потврди посветеноста на ЕУ на негувањето на младинскиот потенцијал и зајакнувањето на културната соработка. 

Поддршката на културата и културниот дијалог е клучна за поврзување на луѓето и негување на единството во нашата различност.

На конференцијата се истакна клучната улога на културниот сектор како катализатор за економски раст и кохезија на заедницата, што претставува важен чекор за обединување на културниот пејзаж, во кој младите уметници не само што учествуваат, туку и активно го обликуваат културниот наратив на регионот. 

Со Марија Булат, раководителка на локалната канцеларија на РКМС, разговаравме за трансформативната моќ на културниот дијалог. „Дијалогот е од клучно значење за уривање на бариерите, поттикнување емпатија и промовирање на регионалната соработка“, објасни таа, додавајќи дека Младинскиот културен фонд на РКМС на Западен Балкан отвора нови можности за градење мир преку уметноста и културата.  

Покрај претставувањето на кампањата „Културата поврзува“, на конференцијата се зборуваше и за тесната соработка со „WeBalkans“. Младиот европски амбасадор Ади Софтиќ ја модерираше сесијата „Создавање одржливи културни мрежи“. Нашата културна амбасадорка, Мара Прохаска, се придружи на експертот за кампањата за да претстави сегмент за создавањето документарци како дел од уметноста. Дополнително, главниот говор го одржа младата уметница Хана Дујмовиќ, која исто така ја носи титулата културна амбасадорка на кампањата „Култура поврзува“. 

Заживување на старите традиции: Грнчарското патешествие на Велешките тинејџери

Млади занаетчии во Велес повторно го откриваат своето наследство преку оживување на традиционалното грнчарство. Прошетката низ тесните, стрмни улици на Велес, Северна Македонија, прави да се чувствувате како да патувате назад во времето. Градот, со својата калдрма и традиционалните куќи од камен, сведочи за минатото, кога цветало грнчарството. Едно од најкултните места во Велес е Сокачето на поезијата, каде што е роден славниот поет Кочо Рацин. Но, Рацин не бил само поет, тој се занимавал и со грнчарство — занает што некогаш бил сржта на градот. Неговите изработки и изработките на велешките мајстори биле толку ценети што некои парчиња успеале да најдат пат до пазарите во Западна Европа.  Денес, грнчарството во Велес е речиси на работ на исчезнување. Сепак, благодарение на една нова иницијатива, овој занает се враќа, предводен од новата генерација млади занаетчии. Анастасија Давчева и Антонио Трајковски, двајцата на возраст од 14 години, се дел од групата што ја сочинуваат 25 ученици од Велес кои ја открија својата страст за грнчарството преку работилниците поддржани од ЕУ и УНДП. Овие работилници се во рамките на проектот „Етно креативни работилници за заживување на старите занаети“, финансиран како дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD2).   На почетокот, Антонио беше скептичен во однос на учеството на работилниците.

„На почетокот грнчарството ми се чинеше чудно, но со време стануваше сè поинтересно. Денес повеќе уживам кога создавам работи од глина отколку кога играм игри на телефонот. Грнчарството е навистина фасцинантен занает.“

Антонио Трајковски  „На почетокот грнчарството ми се чинеше чудно, но со време стануваше сè поинтересно. Денес повеќе уживам кога создавам работи од глина отколку кога играм игри на телефонот. Грнчарството е навистина фасцинантен занает.“   И на Анастасија работилниците ѝ се забавни, и таа особено ужива додека работи на грнчарското тркало и кога црта дезени.  Овие работилници ги води Гоце Станчев, еден од последните четворица останати грнчари во Велес. Иако на почетокот беше скептичен, тој наиде на голем интерес и ентузијазам кај децата. 

„Да постигнеме барем две од 20 деца да станат грнчари, ќе биде голем успех.“ 

За повеќе информации за програмата ReLOaD, којашто е финансирана од ЕУ, посетете ја нејзината официјална веб-страница.               Грнчарството има длабоки корени во Велес. На почетокот од 20 век, многу велешки семејства се занимавале со грнчарство и создавале парчиња што биле прочуени надалеку, надвор од Северна Македонија. Оваа силна врска со традицијата го прави заживувањето на грнчарството уште позначајно, не само за зачувување на културното наследство на градот, туку и за неговата иднина.  Станчев верува дека за да се сочуваат грнчарството и другите традиционални занаети неопходно е тие да се интегрираат во образовниот систем. „Има иднина во грнчарството, но потребен е поттик“, истакнува тој. „Јас и сопругата професионално се занимаваме со овој занает веќе 15 години. На пазарот има побарувачка, но недостасуваат луѓе коишто можат да ја задоволат. Јас сум жив доказ дека може да се живее од грнчарство.“  Оваа иницијатива во Велес е само еден од 50-те проекти поддржани од програмата ReLOaD во Северна Македонија изминативе три години. Проектите се фокусирани на оснажување на младите, промовирање на социјалната кохезија, заштита на животната средина и зачувување на културното наследство.  За овие млади учесници, работилниците за грнчарство се многу повеќе од воннаставна активност – тие се нишка што ги поврзува со нивното културно наследство и им нудат потенцијал за идна успешна кариера. Како што вели Анастасија: „Би било убаво грнчарството да се зачува како занает, бидејќи е дел од традицијата на нашата земја.“  Оваа приказна сведочи како старите занаети може повторно да заживеат со ентузијазмот на младите, со ветар во грбот што ќе им го даде мудроста на оние кои со години ги одржуваат во живот овие традиции.  Тоа ни е јасен показател дека дури и во дигиталната ера, креативноста и врската со наследството продолжуваат да бидат значајни и да нè исполнуваат.

На само еден клик: предизвикување на стереотипите и ослободување на креативноста

Во денешниот дигитален свет, совладувањето на дигиталните вештини повеќе не е луксуз. Дигиталните вештини можат да премостат празнини, да отворат можности и да предизвикаат длабоко вкоренети предрасуди. Замислете млад Ром кој живее на Западен Балкан, којшто се соочува со пречки да се вработи и веројатно спаѓа во категоријата лица коишто не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (НЕЕТ). Според анкетата на Ромите спроведена од УНДП во 2017 година, стапката на НЕЕТ кај Ромите изнесува од 73% до 86%, додека кај Ромките во некои региони достигнува и до алармантни 93%.  За да се справиме со невработеноста кај младите Роми, потребни се сеопфатни решенија, при што дигиталните вештини играат клучна улога. Со пристап до обуки за дигитални вештини, младите Роми ќе имаат можност да се стекнат со вредни знаења во области како дигитален маркетинг, програмирање или анализа на податоци. На овој начин, ќе им се укаже можност да го искористат нивниот претприемачки потенцијал и да ги пораснат нивните бизниси. Оваа промена ќе вроди со нов наратив – од ексклузија до инклузија, како и од предрасуди до отворање нови можности.  Во рамките на Регионалниот проект за реинтеграција на повратниците, финансиран од ЕУ и спроведен од УНДП во Албанија, Северна Македонија и Србија, со партнерите и повратниците се работи на истакнување на значајноста на дигиталната инклузија и се вложува во обуките за дигитални вештини согласно потребите на повратниците и Ромите. Преку овие иницијативи, Ромите и повратниците се стекнаа со основни дигитални вештини, придонесувајќи кон создавање поправедно и поинклузивно општество.  Дигиталните вештини истовремено ја поттикнуваат иновативноста и креативноста, кои отсекогаш биле длабоко вкоренети во ромската заедница. Со овие вештини, младите Роми може да го споделат нивниот талент со светот – преку социјалните мрежи, онлајн бизниси или дигитално раскажување приказни.  Доан Узеироски од Прилеп, Северна Македонија, пред неколку месеци ја заврши обуката за дигитални вештини во рамките на Регионалниот проект за реинтеграција на повратниците, финансиран од ЕУ и спроведен од УНДП. Сега тој е еден од 145-те млади Роми и повратници кои успешно ја завршија обуката во партнерските општини во Северна Македонија.   Очите на Доан блескаат кога зборува за неговиот животен сон.  Се гордеам со себе што ја завршив обуката за дигитални вештини и сега планирам да ги користам вештините што ги стекнав за да создадам свој канал на Јутуб. Следно, сакам да отворам своја берберница, да креирам сопствено лого и веб-страница, да снимам видеа како работам и да се промовирам на тој начин. Дигиталниот свет е огромен и нуди многу можности. Иако сум на самиот почеток, се чувствувам самоуверено дека ќе го пронајдам своето „катче во дигиталниот свет! Доан Узеироски, ПрилепСеверна Македонија Дигиталната трансформација ги менува и општествата, честопати преместувајќи ги владините услуги онлајн. Во Албанија, Регионалниот проект за реинтеграција на повратниците помага да се премости дигиталниот јаз за ранливите повратници во руралните заедници. Со поддршка од ЕУ и УНДП, а во партнерство со Националната агенција за вработување и вештини на Албанија, 195 млади Роми и Египќани завршија обука за дигитални вештини, со што си ги зголемија шансите за вработување и помагање на нивните заедници.

„Благодарение на обуката за компјутерски вештини, сега сум навистина важна личност во моето село Балтез. Секојдневно им помагам на луѓето да пристапат до јавните услуги преку Е-Албанија!“

  Со градењето дигитални вештини кај повратниците и младите Роми, проектот не само што помага да се намали дигиталниот јаз, туку и ги предизвикува предрасудите, го менува наративот и гради иднина во која секој има можност да напредува.            И во Србија, 150 млади Роми и повратници се корисници на програмата за обука за дигитални вештини, со која ќе стекнат практични вештини кои ќе им користат на пазарот на трудот. За да се посетуваат обуките не е потребно да се поседува одреден степен на образование или предзнаење.    Завршувањето на обуката за работење со WORDPRESS значително ми ги зголеми шансите за вработување. Се надевам дека ќе се вработам на место каде што ќе можам да продолжам да се надградувам и да ги уривам предрасудите за ромската заедница!“  Марина Милосављевиќ, Ваљево – Србија 

Колективното дејствување ги руши стереотипите и избавува од сиромаштија

Во културните центри ширум Србија, младите Ромки и Роми имаат уметнички настапи кои поттикнуваат на размислување со провокативното прашање „Што мислите, како треба да изгледа еден Ром?“. Нивниот наратив ги предизвикува стереотипите и ги урива бариерите за инклузија на Ромите во општеството. 

Младите Роми во Берат, Албанија, нурнуваат во нивните маала за да ги истражат и доловат приказните на Ромите повратници. Нивната цел е да ги споделат овие приказни со пошироката јавност, за да придонесат да се надминат препреките кои ја отежнуваат нивната реинтеграција. 

Во меѓувреме, во Шуто Оризари, Северна Македонија, Ромите и повратниците на форумите на заедницата ги истакнуваат нивните потреби за подобри услуги од државата. Нивната сплотеност резултира со создавање простор каде што услугите ќе бидат подостапни за ранливите групи и ќе се овозможи дијалог меѓу владата, граѓанското општество и заедниците. 

Овие три примери се само дел од четириесетте иницијативи на заедницата за поддршка на Ромите повратници да се реинтегрираат и да се спасат од сиромаштија, во рамките на Регионалниот проект за реинтеграција на повратниците на УНДП, финансиран од ЕУ. Проектот опфаќа девет општини во Албанија, Северна Македонија и Србија. 

Со поддршка од ЕУ и УНДП, Ромите, повратниците и локалните заедници заедно учат, работат и се забавуваат. Нивната соработка ги предизвикува предрасудите, ги урива бариерите за инклузија и ја подобрува економската благосостојба на Ромите и повратниците. 

Оваа соработка беше поздравена на Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, за време на кој се истакна дека колективната моќ може да поттикне промени и да ги подобри економската благосостојба и положбата на Ромите и повратниците во општеството. 

 

Креативно изразување за инклузија 

Во Нови Сад, Србија, младите Роми ја користат нивната креативност за да ја предизвикаат стигмата. За време на нивните настапи, тие ја предизвикуваат публиката со прашањето „Што мислите, како треба да изгледа еден Ром?“ и ја поттикнуваат публиката да се соочи со нејзините предрасуди. 

Актерката Александра Милојковиќ Новикова ѝ вдахнува живот на оваа порака во Српскиот народен театар со нејзината монодрама „Сама“. Претставата ја повикува публиката на размислување и нѐ потсетува дека сите ние имаме моќ да поттикнеме промена. 

Поддржани од ЕУ и УНДП, овие претстави имаат за цел да ги урнат стереотипите и да покажат дека секој поединец има улога во создавањето инклузивни општества. 

 

Нека се слушне гласот на заедницата 

Заедниците на Ромите и на повратниците често се погрешно прикажани во медиумите. За да го променат ова, младите Роми ги здружија силите за да станат „репортери на заедницата“.  

Со поддршка од ЕУ и УНДП, тие учат новинарски вештини и вештини за раскажување приказни, за да се слушне гласот на Ромите и повратниците.

Во Берат, Албанија, овие репортери поминаа време со Ромите повратници, документирајќи ги нивните битки и успеси додека се обидуваат повторно да ги изградат нивните животи. Една од приказните е за група повратнички кои започнале социјален бизнис кој нуди услуги за чистење. Нивниот бизнис расте, благодарение на медиумската покриеност. 

Овој пристап кон известувањето предводено од заедницата покажува како медиумите можат да играат клучна улога во заложбата за инклузија на ранливите групи. За нивната работа може повеќе да се дознае од видео документарци и подкасти, кои нудат детален увид во предизвиците и успесите на Ромите повратници.  

 

Јавни простори и услуги по мерка на граѓаните 

Во Шуто Оризари, Скопје, се гради нов простор за заедницата што ќе придонесе да се зајакнат врските помеѓу владата и ранливите групи и ќе доведе до подобар пристап до јавните услуги. Ресурсниот центар во Шуто Оризари, кој функционира како едношалтерски систем за повратници и други ранливи поединци, беше формиран во консултација со локалните заедници, за да одговори на нивните потреби. 

Со поддршка од ЕУ и УНДП, овој центар покрај тоа што нуди услуги, создава и простор за дијалог и соработка помеѓу владата и заедницата. Понатаму, тој ќе продолжи да се развива согласно потребите и придонесот на неговите корисници. 

За проектот 

Проектот за реинтеграција на повратниците во Западен Балкан се фокусира на рушење на бариерите со коишто се соочуваат ранливите повратници кога се обидуваат да се интегрираат во општеството. Овој проект, кој е дел од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА) II, ги поддржува правата на ромската заедница и процесот на реинтеграција на повратниците, во соработка со партнерите УНДП, Светска банка и Советот на Европа.  

Во Албанија, Северна Македонија и Србија, проектот пробува нови пристапи за одржлива реинтеграција на локално ниво. Покрај тоа, го олеснува дијалогот за подобрување на политиките и програмите ширум Западен Балкан, со цел да се обезбеди поголема поддршка за ранливите повратници. 

Соработка за инклузија и намалување на сиромаштијата 

Соработката и дејствувањето на заедницата се од суштинска важност за да се постигне инклузија и намалување на сиромаштијата. Со заеднички заложби, како во рамките на ромската заедница така и пошироко, може да се случи вистинска промена. Овие заложби не само што се насочени кон решавање на непосредните потреби, како што е подобрување на јавните услуги, туку и кон справување со долгорочните предизвици. 

Кога ќе се здружат заедниците, тие можат да постигнат многу повеќе од поединците. Доколку колективно дејствуваат, луѓето може да ја надминат сиромаштијата. На 17 октомври, Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, а и секој ден, треба да бидеме свесни дека моќта произлегува од заедничкото работење во насока на рушење на стигмата и создавање поинклузивен свет. 

Европската Унија го поддржува живописното културно наследство на Западен Балкан

Европската Унија посветено се залага за зачувување и промовирање на живописното и уникатното културно наследство на Западен Балкан. Со илјадниците проекти финансирани од ЕУ се ревитализира богатиот културен пејзаж на регионот и се поттикнува единство и прекугранична соработка.

 

„Култура и креативност за Западен Балкан“ („CC4WB“)

 

Со цел да се унапреди културната соработка и развојот на Западен Балкан, ЕУ започна со проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ („CC4WB“). Оваа иницијатива е финансирана од ЕУ, а ја спроведува УНЕСКО во соработка со Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка, и преку неа им се овозможува поддршка на државните институции, културните и креативните организации, компаниите, граѓанското општество и професионалците со буџет од 8 милиони евра.

Поврзување на културите и заедниците

Младата режисерка Мирјана од Сараево учествуваше на меѓурегионален филмски проект во рамките на „CC4WB“, притоа соработувајќи со уметници од Србија, Северна Македонија и Црна Гора. Нејзиниот филм, којшто ги истражува темите младост и стремеж, одекна низ Балканот и послужи за пример како културата може да ги поврзе луѓето и да поттикне заедничко чувство на надеж и нови почетоци.

Засилување на локалните гласови

Проектот „CC4WB“ ги засилува локалните гласови, прикажувајќи го уникатното културно богатство на Западен Балкан пред пошироката европска публика. Музичкиот фестивал „Гласовите на Балканот“ ги обедини музичарите кои создаваат традиционална музика и оние кои создаваат современа музика, со што привлече илјадници посетители и поттикна раст на локалниот туризам, славејќи го разноликото музичко наследство на регионот.

Поттикнување на економскиот и социјалниот развој

Проектот „CC4WB“ придонесува и за поттикнување на економскиот и социјалниот развој на регионот. Со вложување во креативните индустрии, програмата создава нови работни места, ја стимулира локалната економија и привлекува меѓународни инвестиции. Проектот ги оснажува недоволно застапените групи преку работилници, обуки и програми за менторство за млади уметници, жени и малцинства.

Одржливо културно влијание

Одржливоста е клучен аспект на проектот „CC4WB“. Проектите како што е иницијативата „Патеки на наследството“ го промовираат културниот туризам и ги вклучуваат локалните заедници во зачувувањето и толкувањето на нивното културно наследство. Со овие заложби се гарантира дека културното богатство на Западен Балкан ќе се зачува за идните генерации.

Креативна Европа: Поширока визија за културно единство

Со нејзиниот премин од регионална соработка во поширок европски контекст, програмата „Креативна Европа“ игра клучна улога во обединувањето на културните и креативните сектори ширум континентот. Со расположив буџет од 2,4 милијарди евра за периодот 2021-2027 година, програмата „Креативна Европа“ ги поддржува културните и креативните сектори, меѓу кои и аудиовизуелните сектори, ширум Европа, вклучувајќи го и Западен Балкан. Преку оваа програма се поттикнува единство со прекуграничната соработка и може да се пружи поддршка за културна ревитализација преку многубројните видови уметничка и културна соработка.

Негување врски преку културата

Проектот „Креативна Европа“ претставуваше катализатор за промени, за оснажување на поединците и зајакнување на врските ширум регионот. Младата македонска режисерка Ана, благодарение на финансиските средства доделени од овој проект, ги документираше усните преданија од нејзиниот регион, во соработка со уметници и историчари од Србија, Албанија и Косово. Проектот беше сосредоточен на заедничкото наследство што ги пробива современите граници и вроди со низа документарци, аудио снимки и дигитална архива.

Босанскиот музичар Емир ги спојува традиционалните балкански инструменти со модерен џез. Преку проектот финансиран од „Креативна Европа“, „Балканска џез фузија“ („Balkan Jazz Fusion“), тој со неговиот бенд настапуваше ширум Европа и се поврза со нова публика и со други музичари, со што покажа колкава е моќта на културната размена.

Оснажување на жените во уметноста

Проектот „Креативна Европа“ ги оснажува и жените во уметноста. Младата сликарка Лина од Црна Гора ги претстави нејзините дела во галериите низ Италија и Франција, преку проектот за визуелни уметности поддржан од „Креативна Европа. Оваа изложеност вроди со свежи гледишта во нејзината работа, поттикнувајќи и подобрувајќи го нејзиното уметничко изразување.

Патот кој води напред

Проектите „CC4WB“ и „Креативна Европа“ и понатаму се приспособуваат на променливите културни и политички пејзажи на Западен Балкан. Овие програми се важен сегмент од заложбата на ЕУ за културниот напредок и единство во регионот. Тие го покажуваат трансформативното влијание на културната дипломатија и соработка во региони со белези од историски поделби.

Европската Унија го поддржува богатото и уникатно културно наследство на Западен Балкан преку илјадниците проекти што ги финансира, во насока на поттикнување прекугранична соработка и збогатување на културниот пејзаж на регионот. Со овие проекти се слави богатата културна разноликост на регионот, а истовремено се промовира заедничкото наследство и меѓусебна почит. Како што се развиваат, приказните за поединци како што се Мирјана, Ана, Емир и Лина го истакнуваат длабокото влијание на културната соработка во градењето на покохезивна, подинамична и обединета европска иднина.

Дознајте повеќе за огромното влијание коешто програмите „Културна соработка на Западен Балкан“ („CC4WB“) и „Креативна Европа“ го имаат врз животите на луѓето и врз заедниците. Следете нè и информирајте се на нашите социјални мрежи и веб-страницата на „WeBalkans“.

Заштита на културното наследство на Сараево

Проект финансиран од ЕУ го поддржува невладинот сектор во Сараево за промоција на културното и традиционалното наследство.

Пандемијата со COVID-19 не само што имаше длабоко влијание врз глобалното здравје, туку остави и свој белег врз културните, социјалните и економските аспекти ширум светот. Ова негативно влијание е силно почувствувано во Босна и Херцеговина. На пример, Ведад Штаљо, кој го претставува Културно-уметничкотодруштво „ЛОЛА“, невладина организација со седиште во Сараево, укажува на значителен пад во нивните активности. Овој пад продолжи дури и во периодот по пандемијата, со намален интерес кај младите за учество во фолклорот и другите традиционални настани организирани од невладината организација. Ведад размислува за оваа ситуација, изјавувајќи: „Потоа почнавме да бараме начини да го обновиме интересот на помладата генерација за традициите и активностите на нашата организација.”

“Нашата цел беше да вклучиме што е можно повеќе млади луѓе во овој проект, овозможувајќи им личен развој, а истовремено придонесувајќи за растот на нашата локална заедница“.

Со фокус на овие цели, Културно-уметничкото друштво „ЛОЛА“ иницираше проект насловен „Низ патеките на традициите“. Овој проект доби поддршка преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2), финансирана од ЕУ и имплементирана од UNDP. Преку оваа иницијатива беа спроведени разновидни културни и уметнички активности, како и за младите, така и за возрасните луѓе, во општина Ново Сараево. Овие активности одиграа важна улога во зачувувањето на културното наследство и традициите на различните заедници и националности во Босна и Херцеговина. Дополнително, тие послужија како катализатор за имплементирање на Стратегијата за млади на општина Ново Сараево за 2022-2027 година. Ведад детално ги објаснува целите на проектот, наведувајќи: „ Нашата цел беше да вклучиме што е можно повеќе млади луѓе во овој проект, овозможувајќи им личен развој, а истовремено придонесувајќи за растот на нашата локална заедница.”

Проектот беше структуриран во два различни модула. Првиот модул опфати активности како што се подготовка и организација на изложба на фотографии со традиционални народни носии. Дополнително, проектот вклучува подготовка и организација на инаугуративната изложба на традиционални носии кои ги претставуваат различните народи и националности на Босна и Херцеговина. Од друга страна, вториот модул предвидува организирање на целовечерен културно-уметнички концерт

 “Примарната цел на проектот МОСТ е да воспостави врски меѓу различни генерации и да всади кај младите почит кон културните традиции во области како што се: храната, музиката и многу повеќе.”

За проектот

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2) е продолжение на иницијативите поддржани од ЕУ – Проект за зајакнување на локалната демократија (LOD, 2009-2016) и последователно проширената Регионална програма за локална демократија на Западен Балкан (ReLOaD, 2017-2020). Како и претходните, овој проект е финансиран од Европската Унија (ЕУ) и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). ReLOaD2 се спроведува во Западен Балкан, особено во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Косово*, Северна Македонија, Црна Гора и Србија

Неодамна, Културно-уметничкото друштво „ЛОЛА“ започна со нов проект, насловен МОСТ-„Меѓугенерациски односи, соработка и традиција“, финансиран од Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 (ReLOaD2). Оваа иницијатива заеднички ја имплементираат Културно-уметничкото друштво „ЛОЛА“ и Здружението Партнерство за јавно здравје, во рамките на општина Ново Сараево. Преку овој проект, партнерите – имплементатори имаат за цел да одговорат на потребите на населението на општината преку обезбедување на подобрени културни и уметнички искуства и поттикнување на меѓугенерациската соработка. Тие се обидуваат да го премостат генерацискиот јаз меѓу помладите луѓе и оние од третата возрасна групапреку организирање активности кои ги спојуваат овие два демографски сегменти. Ведад говори за целта на проектот, објаснувајќи: „Примарната цел на проектот МОСТ е да воспостави врски меѓу различни генерации и да всади кај младите почит кон културните традиции во области како што се: храната, музиката и многу повеќе.”

Проектот МОСТ е дизајниран да трае во период од шест месеци, при што ќе се спроведат серија различни работилници со цел да се вклучат учесници во текот на целата временска рамка на проектот.

Поттикнување уметност и креативност во Србија

Програмата Креативна Европа, финансирана од ЕУ, поддржува уметници и културни институции во Србија.

Креативна Европа е програма на ЕУ за поддршка на секторите за култура и медиуми. Програмата се состои од две потпрограми: Култура – за унапредување на секторот култура и Програма за медиуми – за поддршка на аудио-визуелниот сектор. Креативна Европа, со буџет од 1,46 милијарди евра ги поддржува европските културни и креативни сектори обезбедувајќи финансирање за 2.500 уметници и културни професионалци, 2.000 кина, 800 филмови, 4.500 преводи на книги и финансиски гаранции до 750 милиони евра за малите бизниси, активни во овој сектор. Имено, изминативе години Креативна Европа, исто така, го прошири својот дофат на културните институции и уметници од Западен Балкан, вклучително и оние во Србија.

“И двете искуства беа од големо значење за моето уметничко портфолио. Покрај професионалното исполнување, имав можност и да создадам нови пријателства и врски. Сè на сè, тоа беше едно корисноискуство од кое многу научив“

Дамјан Јовичин е талентиран српски композитор и пијанист кој живее во Белград. Тој е истакната фигура меѓу новите генерации креативни уметници и композитори на Балканот. Дамјан може да се пофали со голем бројмузички композиции, а неговите дела се изведувани од многу познати ансамбли, меѓу кои РТС оркестар и хор,Ансамблот Хермес, квартет Мивос, квартет Манојловиќ, Ансамблот за флејти Загреб, Гудачкиот оркестар приФакултетот за музичка уметност во Белград, Гитарско дуо Белград и многу други.

Неговите композиции се прикажуваат на престижни настани и места, вклучувајќи ги Летниот курс за нова музика во Дармштат, Меѓународната летна академија при Универзитетот за музика и перформинг уметности во Виена, фестивалот Time of Music во Финска, Walden Creative Music Retreat во Њу Хемпшир , САД и Белградскиот музички фестивал (BEMUS).

Дамјан е меѓу српските уметници кои ги искористија придобивките од програмата Креативна Европа. Неговите уметнички креации беа прикажани и на сцената во Балканскиот младински џез оркестар финансиран од ЕУ и беа дел од проектот „Opera: Past present Perfect!“. Според него, „И двете искуства беа од големо значење за моето уметничко портфолио. Покрај професионалното исполнување, имав можност и да создадам нови пријателства и врски. Сè на сè, тоа беше едно корисно искуство од кое многу научив “, размислува Дамјан.

Меѓународната иницијатива „Opera: Past, Present, Perfect!“, беше иницирана во рамките на Креативна Европа-Култура: Проекти за европска соработка во 2020 година. Проектот трае од септември 2020 година до февруари 2023 година. Заедно со МОТО – Организација за музика, опера и театар, која служи како водач на проектот, меѓу соработниците се Nieuw Geneco од Амстердам (Холандија), Меѓународната асоцијација на млади музичари од Грузија од Тбилиси (Грузија), Универзитетот во Доња Горица во Подгорица (Црна Гора), и Малиот театар „Душко Радовиќ“ во Србија.

“Ни беа обезбедени онлајн туторски сесии за оперска композиција, кои исто така, вклучуваа корисни повратни реакции за нашите музички композиции. Добивањето насоки од искусни композитори беше исклучително збогатувачко и значајно искуство“.

За програмата

Програмата Креативна Европа 2021-2027 има буџет од 2,44 милијарди евра, во споредба со 1,47 милијарди евра со претходната програма (2014-2020). Креативна Европа инвестира во мерки кои ја зајакнуваат културната различност и одговараат на потребите и предизвиците на културниот и креативниот сектор. Главните цели на програмата се да се заштитат, развијат и промовираат европската културна и јазична разновидност и наследство и да се зголеми конкурентноста и економскиот потенцијал на културните и креативните сектори, посебно аудиовизуелниот сектор Новините на програмата ќе придонесат за закрепнување од овие сектори, зајакнувајќи ги нивните напори да станат поинклузивни, подигитални и еколошки поодржливи.

Примарната цел на проектот „Opera: Past, Present, Perfect!“ е да поттикне врски и да понуди образование на млади професионалци, со цел олеснување на меѓусекторските, меѓунационалните и меѓугенерациските дијалози (особено помеѓу младите професионалци и менторите). Проектот има за цел да промовира соработка и размена на експертиза, крајно поместувајќи ја операта како интердисциплинарна и автентична европска уметничка форма.

Во рамките на овој проект, во Белград во театарот Душко Радовиќ, беше изведена операта „Улица на милост“ на Дамјан Јовичин. Сепак, покрај можноста да ја прикаже својата работа, Дамјан ги искористи и менторските можности што беа достапни преку Сојузот на холандските композитори, благодарение на поддршката на проектот. Според него, „Ни беа обезбедени онлајн туторски сесии за оперска композиција, кои, исто така,вклучуваа корисни реакции за нашите музички композиции. Добивањето насоки од искусни композитори беше исклучително збогатувачко и значајно искуство“, признава Дамјан.

EU4Culture грантовите ги транформираат жените занаетчии од Круја во дигитални претприемачи

Програмата финансирана од ЕУ, EU4 Culture, ги поддржува жените занаетчии во ефикасно брендирање, рекламирање и продажба на нивните рачни изработки онлајн.

Занаетчиите од Круја, заедно со претставници на општината, локалните заедници, Министерството за култура, Делегацијата на ЕУ и UNOPS, учествуваа на церемонијата за прослава на извонредните резултати постигнати преку локалната иницијатива „Занаетчии меѓу минатото и иднината“. Имплементирана од Фондацијата Прогрес и поддржана преку програмата за грантови EU4Culture, оваа иницијатива вклучи жени занаетчии на 12 обуки, фокусирани на користење на социјалните медиуми и создавање визуелно привлечна содржина за ефикасно брендирање, рекламирање и продажба на нивните ракотворби на Интернет.

 “Нашето очекување е дека обуката за брендирање, дигитален маркетинг и онлајн продажба ќе им овозможи на занаетчиите да го премостат дигиталниот јаз, овозможувајќи непречена транзиција. Покрај економските аспекти, овие „вештини на иднината“ ќе придонесат за зачувување на вековните традиции, при тоа обезбедувајќи нивно пренесување на следните генерации“.

Како дел од проектот, дигитална информативна табла е развиена и поставена на влезот од старата чаршија во Круја, која служи како вреден ресурс за туристите кои бараат информации за занаетчиите и за локалното културно наследство. Исто така, таблата ќе биде искористена од општината за важни соопштенија во заедницата. Со векови, маркетингот и продажбата на пазарот на традиционални изработки во античкиот планински град Круја, беа машка работа. Приходите беа ограничени на кратката туристичка сезона и многу зависеа од доброто време. Новите технологии беа совршено решение за да им се помогне на занаетчиите да ја подобрат својата егзистенција и да станат поотпорни за идните предизвици и шокови, како што се пандемии, лоши временски услови или рестрикции за патување.

“Нашето очекување е дека обуката за брендирање, дигитален маркетинг и онлајн продажба ќе им овозможи на занаетчиите да го премостат дигиталниот јаз, овозможувајќи непречена транзиција. Покрај економските аспекти, овие „вештини на иднината“ ќе придонесат за зачувување на вековните традиции, при тоа обезбедувајќи нивно пренесување на следните генерации,” Забележа  Памела Лама, виш програмски менаџер на EU4Culture.

“Новите вештини што ги стекнаа занаетчиите од Круја, заедно со воспоставувањето на новата инфо-табла, не само што ќе го подобрат економскиот развој на регионот, туку и ќе играат витална улога во промовирањето на туризмот. Следствено, ова ќе ја стимулира локалната економија и ќе генерира нови приходи за заедниците“, додаде таа.

“Зајакнувајќи ги локалните занаетчии со дигитални вештини, ги спојуваме минатото и иднината, при тоа обезбедувајќи традиционалните занаети да опстанат во современиот свет. Оваа иницијатива не само што ја зајакнува заедницата на талентирани жени – занаетчии од Круја, туку и ја слави безвременската убавина на нашето наследство, трансформирајќи ја историјата во живо ремек дело за генерациите што доаѓаат“.

За проектот

Во ноември 2019 година, Албанија беше погодена од најсмртоносниот земјотрес во земјата во последните 50 години. Проценет со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, земјотресот предизвика голема штета во 11 општини. Проектот EU4Culture е финансиран од Европската унија (ЕУ) и го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS), во тесно партнерство со Министерството за култура на Албанија. Фокус на проектот е реновирање и ревитализација на големите културни локалитети оштетени од земјотресот и претставува една од најголемите програми за културно наследство финансирани од Европската Унија со вкупен буџет од 40 милиони евра. Водени од принципот „Да се возобновиме подобро“, EU4Culture се фокусира на реновирање на главните културни локалитети во согласност со Рамката на ОН за намалување на ризикот од катастрофи. Паралелно, проектот има за цел да го подобри туристичкиот потенцијал на Албанија, со што директно ќе придонесе за локално и регионално социо-економско закрепнување. За таа цел, посебен фокус е даден на иновативните технологии, вклучувајќи дигитално раскажување приказни и создавање мултимедијални производи дизајнирани да бидат достапни за сите. Истовремено, проектот ги поддржува локалното претприемништво, занаетчиство и културните иницијативи кои се развиваат околу избрани локации преку распределба на грантови, обезбедувајќи директен поттик за локалната економија.

EU4Culture обезбеди грантови за пет локални иницијативи чија цел е поддршка на занаетчиите и поттикнување на културниот туризам во Круја, со што корист имаат над 500 поединци. Овие активности создадоа 41 нова можност за вработување, вклучувајќи 29 специјално за жени. Иницијативите, исто така, придонесоа за создавање на 42 културни туристички производи, вклучувајќи информативна дигитална табла, различни пакети за брендирање, промотивни видеа, веб-страници и многу повеќе.

Јуљан Ага, извршен директор на Фондацијата ПРОГРЕС објаснува дека за нив „Занаетчиите помеѓу минатото и иднината“ е повеќе од проект. Тоа е длабока посветеност на зачувување на културната таписерија. „Зајакнувајќи ги локалните занаетчии со дигитални вештини, ги спојуваме минатото и иднината, при тоа обезбедувајќи традиционалните занаети да опстанат во современиот свет. Оваа иницијатива не само што ја зајакнува заедницата на талентирани жени – занаетчии од Круја, туку и ја слави безвременската убавина на нашето наследство, трансформирајќи ја историјата во живо ремек дело за генерациите што доаѓаат“, вели Ага.

Заживување на културното наследство: Обнова на поранешната архиепископија на Драч во Албанија

Проектот EU4 Culture финансиран од ЕУ во тесно партнерство со Министерството за култура ја обновува историската архиепископија на Драч во Албанија

Во 1850 година, архиепископот Рафаеле Д’Амброзио наишол на противење од отоманската администрација при обидот да го основа седиштето на Католичката црква во Албанија во Драч. Поради ова, тој се одлучил за Делбништ како нова локација. Од оваа гледна точка, архиепископот ја надгледуваше и водеше мрежата од првенствено осумнаесет парохии што никнаа низ регионот, заедно со четири други епархии кои згаснаа за време на отоманската администрација. Покрај тоа, оваа област служеше како центар за различни собири посветени на зачувување на културниот идентитет, особено во рамките на општествените и политичките сфери за време на владеењето на Отоманската империја. Под раководство на оваа архиепископија, првите албански училишта се појавија во Шен е Премте на Курбин во 1632 година, по што следеа училишта во самиот Делбништ во 1856 година, а подоцна во Тирана и Драч во 1872 година. Во 1903, 1904 и 1905 година се одржаа клучни собири во Делбништ, предизвикувајќи ги даночните политики на османлиската влада и потврдувајќи ги правата на народот.

Во ова здание, архиепископот Прен Бард Камбери донесе важна одлука да го испрати својот најблизок помошник, Дом Николе Качори, како претставник на Курбин и на сите територии под јурисдикција на Архиеископот на Драч, да присуствува на церемонијата на подигнување на знамето во Валона за време на прогласувањето на независност на 28 ноември 1912 година. Истиот ден во 10 часот, наредбата за подигање на албанското знаме во Милот, одекна од зградата во Делбништ. Оваа архиепископија претрпе значителна штета од рацете на востаниците за време на тешкиот напад предводен од Хаџи Ќамили против кралот Вилхелм одВид од Албанија, во септември 1914 година. Околу 1967 година, за време на комунистичкиот режим, црквата и централното седиште на Архиепископијата беа насилно затворени. Во текот на следните години, локацијата постепено попуштала и пропаѓала. Сепак, оваа зграда има големо историско значење: два пати е посетена од албанската светица, Мајка Тереза од Калкута, по 1990 година. Настаните поврзани со оваа градба не се составен дел само на историјата на црквата, туку и на самата албанска култура. Како резултат на ова, Министерството за култура ја прогласи за „споменик на културата“ во март 2014 година.

“Оттука, оваа реставрација има значење во демонстрирањето, како физички, така и симболично, на желбата за повторно воспоставување на чувството на припадност, не само во рамките на Католичката црква, туку и низ целото албанско општество во целата негова религиозна различност“.

Поранешната архиепископија на Драч во Делбништ (Лач) претрпе голема штета во земјотресот во 2019 година. Поради нејзиното огромно историско значење, таа беше избрана за реставрација како дел од проектот EU4 Culture, финансиран од ЕУ и реализиран од UNOPS во Албанија во тесно партнерство со Министерството за култура.

Дон Масимилијано Марија Специја Ф.д.Ц, судски викар на архиепископијата Тирана-Драч, зборува за важноста на реставрацијата на овој споменик. Тој нагласува дека оваа реставрација има за цел да заживее локалитет што ги опфаќа, не само сеќавањата на историските настани, туку и поврзаноста со етнолошките, социјалните и културните вредности за кои предците на нацијата направиле огромни жртви. „Оттука, оваа реставрација е од големо значење во демонстрирањето, како физички, така и симболично, на желбата за повторно воспоставување на чувството на припадност, не само во рамките на Католичката црква, туку и низ целото албанско општество во целата негова религиозна различност“, потврдува тој.

Проектот за реставрација на оваа зграда, со вкупна вредност од 620.000 евра, започна во јули 2022 година и продолжи во период од една година. Опсежните работи опфатија поправки на покривот, зајакнување на основата на конструкцијата и соседните градби и внимателно обновување на прозорците, вратите, подовите и деталите, сето тоа во согласност со одобрените проекти. Понатаму, беа заменети и модернизирани механичките, електричните и останатите фитинзи. Проектот, исто така, вклучува и ископ на нов бунар и поставување на високонапонски електрични кабли.

Лејла Хаџиќ од UNOPS појаснува дека зградата била сериозно дотрајана, како резултат на недостиг на одржување и на дополнителната штета предизвикана за време на земјотресот во 2019 година. Таа напоменува дека реставрираниот објект ќе има двојна намена и ќе функционира и како своевиден манастир. Меѓутоа, бидејќи ова е јавна инвестиција, истата ќе биде достапна и за употреба од страна на заедницата. „Во таа насока, првиот кат на зградата е обновен како студентски соби, додека приземјето ќе се користи како кујнски простор, трпезариски и простории за престој. Вака, локалните ученици ќе можат да го користат просторот за пишување домашно или други училишни активности. Во суштина, заедницата ќе има можност да го цени и користи овој простор“, забележува Лејла

 “Целта е да се ревитализира, не само физичката структура на резиденцијата, туку и целата околина, трансформирајќи ја истата во пристапен и функционален простор, соодветен за посета за сите. Овој сеопфатен пристап ќе опфати различни аспекти, почнувајќи од историски, до натуралистички, а со тоа ќе го олесни повторното откривање на историјата на регионот и обичаите – составен дел на христијанската и албанската култура.”

За проектот

Во ноември 2019 година, Албанија беше погодена од најсмртоносниот земјотрес во земјата во последните 50 години. Проценет со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала, земјотресот предизвика голема штета во 11 општини. Проектот EU4Culture е финансиран од Европската унија (ЕУ) и го спроведува Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS), во тесно партнерство со Министерството за култура на Албанија. Фокус на проектот е реновирање и ревитализација на големите културни локалитети оштетени од земјотресот и претставува една од најголемите програми за културно наследство финансирани од Европската Унија со вкупен буџет од 40 милиони евра. Водени од принципот „Да се возобновиме подобро“, EU4Culture се фокусира на реновирање на главните културни локалитети во согласност со Рамката на ОН за намалување на ризикот од катастрофи. Паралелно, проектот има за цел да го подобри туристичкиот потенцијал на Албанија, со што директно ќе придонесе за локално и регионално социо-економско закрепнување. За таа цел, посебен фокус е ставен на иновативните технологии, вклучувајќи дигитално раскажување приказни и создавање мултимедијални производи дизајнирани да бидат достапни за сите. Во исто време, проектот го поддржува локалното претприемништво, занаетчиството и културните иницијативи кои се развиваат околу избрани локации преку распределба на грантови, обезбедувајќи директен поттик за локалната економија.

Дон Масимилијано Марија Специја предвидува дека реставрираниот споменик ќе има големо влијание каковрз христијанската заедница, така и врз поширокото албанско население, со огромно значење како во општествените, така и во духовните димензии. Тој објаснува дека општественото влијание произлегува од стремежот на монсињор Додај, во зависност од поволните услови, особено оние што се однесуваат на комуникациските рути. „Целта е да се ревитализира, не само физичката структура на резиденцијата, туку и целата околина, трансформирајќи ја истата во пристапен и функционален простор, соодветен за посета за сите. Овој сеопфатен пристап ќе опфати различни аспекти, почнувајќи од историски, до натуралистички, а со тоа ќе го олесни повторното откривање на историјата на регионот и обичаите – составен дел на христијанската и албанската култура.”