Skip to main content

Претседателката Фон дер Лајен во Западен Балкан за дискусии за поддршка на ЕУ со цел справување со енергетската криза

Руското енергетско уценување и манипулирање на пазарите не го поштеди регионот на Западен Балкан. ЕУ е одлучна да ги поддржи своите партнери за справување со високите енергетски цени, како и за подобрување на нивната енергетска безбедност на долг рок. Ова е контекстот на посетата на претседателката фон дер Лајен на Западен Балкан оваа седмица. Претседателката, најпрво, ја посети Северна Македонија каде што оствари средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Во четвртокот, на утро, претседателката фон дер Лајен отпатува за Приштина, Косово, каде што се сретна со претседателката Вјоса Османи-Садриу и премиерот Албин Курти. Попладнето, претседателката отпатува за Тирана, Албанија, каде што се состана со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама.

 

Во петокот, на утро, претседателката ќе отпатува во Сараево, БиХ. Таму, ќе се состане со ново избраните членови на претседателството, како и со избрани членови на парламентарното собрание и избрани претставници од општеството. Во текот на попладнето, претседателката фон дер Лајен ќе отпатува за Белград, Србија, каде што ќе се состане со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ. Исто така, заедно со претседателот Вучиќ, ќе ја посети и гасоводната поврзница Србија-Бугарија, во селото Јелашница. Најпосле, во сабота, претседателката ќе биде во Подгорица, Црна Гора, каде што ќе се сретне со претседателот Мило Џукановиќ и премиерот Дритан Абазовиќ. Ќе го посети и проектот „Транс-балкански коридор за електрична енергија: мрежен дел во Црна Гора“.

Гранично управување: ЕУ потпишува договор со Северна Македонија

На 26. октомври, ЕУ и Северна Македонија потпишаа договор за оперативна соработка за гранично управување со Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс). Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, го посведочија потпишувањето на договорот од страна на комесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, и чешкиот амбасадор во Северна Македонија, Јарослав Лудва, кој го претставуваше чешкото претседателство со Советот, во име на ЕУ, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во име на Северна Македонија.

 

Потпретседателот за промоција на европски начин на живот, Маргаритис Схинас, изјави: „Блиската соработка за миграција на Северна Македонија е дел од нејзиниот пат кон ЕУ. Потпишувањето на овој договор со Фронтекс е силен доказ за тоа. Миграцијата е нешто со кое можеме да се справиме само со заедничка работа.“

 

Комесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, изјави: „Горда сум што денес ја потпишувам оваа спогодба за статус, затоа што со неа ќе се зајакне нашата соработка во доменот на миграцијата и граничното управување. Фронтекс ќе може да ги распореди своите служби за да работат рамо до рамо со граничните стражи од Северна Македонија, спречувајќи прекуграничен криминал; особено криумчарење на луѓе, обезбедувајќи сигурност за граѓаните на Северна Македонија и Европската Унија.“

 

Зајакнувањето на оперативната соработка помеѓу партнерите од Западен Балкан и Фронтекс ќе придонесе за справување со нелегалната миграција и ќе ја подобри безбедноста на надворешните граници на ЕУ. Во рамки на тековните спогодби за статус, Фронтекс веќе распоредува 300 офицери во регионот; вклучително преку заеднички операции на надворешните граници на Унијата со Албанија, Црна Гора и Србија. За обезбедување на имплементација на спогодбата за статус, директно ќе биде договорен операциски план помеѓу Фронтекс и државните авторитети на Северна Македонија. Овој план ќе му овозможи на Фронтекс да ја придружува Северна Македонија во граничното управување, со спроведување заеднички операции и распоредување персонал, како на границата со ЕУ, така и на границите со соседните партнери од Западен Балкан. На овој начин, ќе се овозможи помош за справување со растечката нелегална миграција и прекуграничниот криминал.

Започнува скрининг на кластерот за конкурентност и инклузивен раст како дел од преговарачкиот процес со Албанија и Северна Македонија

На 17. октомври, Европската комисија го продолжи скрининг процесот со Албанија и Северна Македонија. Скринингот е првиот чекор во пристапниот преговарачки процес, а самиот скрининг процес е структуриран во шест тематски кластери. Овие кластери опфаќаат релевантните поглавја на достигнување на широки теми поврзани со добро управување, меѓународен пазар, економска конкурентност и поврзаност.

 

Експерти од Европската комисија, Албанија и Северна Македонија започнаа со испитување на правните политики на ЕУ, во рамки на третиот кластер кој се однесува на конкурентност и инклузивен раст. Кластерот опфаќа дигитална трансформација и медиуми, наука и истражување, политика на претпријатија и индустрии, како и општествена политика и вработување, образование и култура. Поглавјата вклучуваат царински сојуз, економска и монетарна политика и оданочување.

 

Аналитичкото испитување на достигнувањето на правното тело на ЕУ, така наречено скрининг, им овозможува на земјите-кандидати да се запознаат со законите и стандардите на ЕУ; како и со обврските кои тие ги повлекуваат. Исто така, овозможува и испитување на нивото на подготвеност на државите, како и планови за понатамошно усогласување; нудејќи прелиминарни насоки за проблемите кои би се појавиле при преговорите.

Потпретседателот на Европската комисија, Схинас, ја нагласи целосната поддршка на ЕУ за управувањето со миграции при својата посета на БиХ

Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, ја посети БиХ како дел од неговата посета на четири држави во Западен Балкан, со цел ангажирање со партнери во регионот, подобро сфаќање на ситуацијата на терен и изнаоѓање начин за справување со растечкиот број нелегални гранични премини ширум рутата на Западен Балкан; во дух на партнерство и соработка.

 

За време на неговата посета на БиХ, потпретседателот Схинас најави нов проект, вреден 39,5 милиони евра, фокусиран на поддршка за БиХ во мешаните миграциски трендови и управување со границите. Како дел од посетата на БиХ, Схинас посети и приемен центар за нелегални мигранти, во Ушивак, во близина на Сараево. Покрај средбата со мигранти, потпретседателот Схинас имаше прилика да ги согледа и подобрените услови во центарот; кои се резултат на поддршка од ЕУ, вклучително и шивачница која беше основа за отпочнување на успешна модна марка, водена од мигранти, под името „Мода без нација“ (‘No Nation Fashion’)

Пакет за проширување 2022: Европската комисија ги оценува реформите во Западен Балкан и Турција и предлага кандидатски статус за Босна и Херцеговина

На 12. октомври 2022 година, Европската комисија го усвои Пакетот за проширување 2022, обезбедувајќи детална проценка за состојбата и напредокот постигнати во Западен Балкан и Турција, на нивниот пат кон ЕУ; со посебен фокус на имплементирање суштински реформи, како и јасно водство за реформските приоритети кои им претстојат.

 

Секоја година, Комисијата усвојува „Пакет за проширување“ – збир документи кои ја објаснуваат политиката за проширување на ЕУ. Суштината на пакетот е Комуникацијата за проширување која ги собира сите развојни достигнувања во текот на изминатата година. Го испитува напредокот кој го постигнале земјите-кандидати и потенцијални кандидати, предизвиците со кои се соочиле и реформите на кои треба да се насочат; нудејќи збир предлози за патот кој им претстои. Покрај главната Комуникација, пакетот содржи Извештаи во кои различните сектори на Комисијата ги претставуваат своите детални оценувања за состојбата и реформскиот напредок во секоја земја-кандидат, како и во потенцијалните кандидати, за време на минатата година. Оценувањата се придружени од препораки и насоки за реформските приоритети.

Младите европски амбасадори се приклучуваат на акција за чистење во Косово

На 16. септември, младите европски амбасадори им се придружија на Канцеларијата на ЕУ во Косово и „ГИЗ“ Косово кои ја организираа акцијата за чистење на Езерото Бадовац; како дел од годинешниот Европски ден за чистење на плажите. Останати официјални партнери на акцијата за чистење беа „ПАМКОС“ (Здружение за еколошка заштита и чистење во Косово) и регионалната компанија за отпад „Pastrimi“. Вкупно, беа собрани повеќе од 200 вреќи отпад како дел од иницијативата. Со оглед на тоа што Езерото Бадовац има огромно значење за жителите на Приштина, бидејќи претставува главен извор на вода за пиење; беше особено важно да се испрати порака за тоа како езерото да се одржува без отпад додека, на него, се поминува време за одмор и релаксација.

 

Потоа, активностите на Европскиот ден за чистење на плажите продолжија во „Europe House“ Косово; каде 30 млади европски амбасадори од Западен Балкан имаа жива дебата на тема за еколошките проблеми во Западен Балкан со еколошки специјалисти од ЕУ; и Мирка Ниќи, млада екологистка и инфлуенсерка од Косово. Младите европски амбасадори од ширум Западен Балкан ги споделија своите лични идеи за мали, но значајни, чекори кои можат да се преземат за постигнување позитивна разлика и поддршка за чиста околина. Примерите вклучија чистење и намалување на отпадот во заедниците, изработка на кратки видеа за подигнување на свеста за еколошка заштита, како и промоција на алтернативни превозни средства.

 

Европскиот ден за чистење на плажите е глобална иницијатива за заштита на океанот, коорганизирана од ЕУ и ОН, заедно со Штрумфовите. Настанот зазема место секоја година, во септември, за време на Светскиот ден за чистење на крајбрежјата, и е особено значаен за подигнување на свеста за еколошки проблеми. Во 2022 година, кампањата на петтото издание на Европскиот ден за чистење на плажите беше насочена кон младите во склоп на Европската година на младите. Во рамки на сеопфатната тема „Обединети против морскиот отпад“, наредната генерација работи, рамо до рамо, со меѓународни организации, национални лидери и невладини организации за борба против овој проблем.

ЕУ и Косово потпишуваат договор за првата ИПА III годишна програма за финансирање

На 13. септември, Косово и ЕУ го потпишаа првиот годишен договор за финансирање во рамки на Инструментот за претпристапна помош III (ИПА III), вреден 63,96 милиони евра. По потпишувањето и стапувањето на сила на Партнерскиот договор за финансиска рамка помеѓу ЕУ и Косово, ова беше еден од последните формални чекори кој овозможува постепено отплаќање на финансиската помош на ЕУ за Косово, во склоп на договорот за партнерска рамка ИПА III, за периодот 2021 – 2027. Потребно е Собранието на Косово да го ратификува договорот исто така.

 

Преку 14 последователни годишни програми за финансирање, од 2007 до 2020 година, во склоп на ИПА I и ИПА II, ЕУ обезбеди финансиска помош за Косово во висина од 1,21 милијарда евра.

 

„Првичните 63,96 милиони евра од ИПА III ќе се употребат за зголемување на конкурентноста на косовскиот земјоделско-прехранбен сектор, како и постигнување на економските пристапни критериуми на ЕУ. Финансирањето, понатаму, ќе биде насочено кон подобрување на заштитата на човекови права и застапување за родова еднаквост; како и подобрување на обезбедувањето општински услуги и јавна безбедност во Косово,“ изјави амбасадорот на ЕУ во Косово, Томаш Суњог.

 

Годинешните финансиски средства, во рамки на ИПА III, ќе бидат комбинирани со дополнителни 16 милиони евра од косовската влада, како и финансирања од останати партнери во висина од 3,8 милиони евра. ЕУ останува најголемиот трговски партнер и обезбедувач на финансиска помош за Косово.

Европската Унија донира комбе („миниван“) за босанско-подринскиот кантон Горажде

ЕУ ја продолжува поддршката за полициските агенции во БиХ во нивните секојдневни теренски операции. Како дел од оваа поддршка, ЕУ донираше комбе („миниван“), во вредност од 79900 босански марки, за Министерството за внатрешни работи на босанско-подринскиот кантон Горажде. Комбето ќе овозможи зголемен капацитет при транспортот на луѓе, како и поголема мобилност на полициските службеници на терен; како во кантонот, така и, доколку потребно, ширум БиХ.

 

Од 2018 година, ЕУ ја продолжува поддршката за БиХ во доменот на миграциски и гранични системи за управување; во контекст на зголемен број на бегалци и мигранти, присутни во државата, уште од крајот на 2017 година. Досега, ЕУ инвестирала повеќе од 8 милиони евра во поддршка на полициските агенции во БиХ преку обезбедување опрема и градење на капацитети. Од 2017 година, ЕУ наменила преку 100 милиони евра за поддршка на миграциски и гранични системи за управување во БиХ.

 

Проектот „Поддршка на ЕУ за миграциски и гранични системи за управување во БиХ“ е финансиран од ЕУ преку Инструментот за претпристапна помош и е имплементиран од страна на Меѓународната организација за миграција, во партнерство со Данскиот совет за бегалци, Фондот за население на Обединетите нации, Високиот комесаријат за бегалци на ОН и УНИЦЕФ.

ЕУ го поддржува првиот „Талент пикник фестивал“ во БиХ

Околу 3000 млади од ширум БиХ уживаа во првото издание на „Талент пикник фестивал“, одржан на 9. и 10. септември во Сараево. За време на дводневниот фестивал, млади музичари, бендови, уметници и дизајнери имаа можност да ја претстават својата музичка и уметничка креативност. По ова прво издание, фестивалот би требало да прерасне во редовен настан.

 

Во текот на две последователни вечери, публиката уживаше во концерти на познати регионални и босански музичари и музички групи. Во петокот на вечер; Post Rem, Muha, Grše, и TBF направија одлична атмосфера, а саботната вечер беше резервирана за Mustra Orchestra, Frenkie, Kontra, Indigo, Z ++, и Velahavle. Сите активности во рамки на фестивалот беа бесплатни, а многумина ја искористија приликата лично да се запознаат со некои од познатите уметници од регионот.

   

Делегацијата на ЕУ и Посебното претставништво во БиХ го поддржаа „Талент пикник фестивал“ како дел од програмата „EU4All“; која има за цел да поттикне позитивна европска свест меѓу граѓаните за да станат доследни поддржувачи на интегративниот процес во ЕУ во корист на нивните локални заедници. Програмата промовира заеднички европски вредности и идентитет, еднаквост, социјална инклузија, разноликост, активно граѓанство и недискриминација во БиХ.

Говор за состојбата на Унијата 2022 на претседателката Урсула фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе го одржи својот трет говор за Состојбата на Унијата, пред Парламентот на Европа, на 14. септември 2022. Како и секоја година, говорот ќе изврши преглед на досегашните постигнувања, исцртувајќи ја визијата за иднината. Говорот ќе биде проследен од пленарна дебата.

 

По две години пандемија и со тековна војна, на европско тло, поради руската агресија кон Украина; претседателката на Европската комисија ќе сподели значајни соопштенија со цел соочување со овие предизвици, претставувајќи ја нејзината визија за иднината на Европската Унија. Со оглед на исклучителниот геополитички контекст, годинава, дури повеќе од изминатите години, говорот за состојбата на Унијата се очекува со нетрпение и надвор од ЕУ исто така.

 

Говорот за состојбата на Унијата 2022 ќе се емитува, во живо, на Ebs, како и на каналите на социјалните медиуми на Европската комисија: Facebook, Twitter, LinkedIn, Youtube и Telegram; како и на профилот на претседателката фон дер Лајен на социјалните мрежи: Twitter, Instagram и LinkedIn.