Skip to main content

Обука за медиумска писменост во „Europe House“ Подгорица

Како дел од своите постојани активности, „Europe House“ Подгорица организираше обука за медиумска писменост, за граѓани над 30 години, во соработка со Институтот за медиуми на Црна Гора. Главните учесници беа наставници од средните училишта „Цетиње“ и „Саво Пејановиќ“ и основното училиште од Подгорица. Во текот на четири часа, учесниците имаа прилика да ја подобрат својата медиумска писменост и да ја сфатат нејзината важност, особено кога ситуацијата на медиумскиот пазар е предизвикувачка.

 

Обучувачите ги споделија главните принципи на функционирање на медиумите, како и техники за подобро анализирање на содржините. На обуката се презентираа и форми на манипулација како лажни новости, пропаганда или притаено рекламирање; со цел учесниците да научат како да ги разликуваат од професионалните новинарски содржини.

Регионалната програма за домување им ги додели клучевите од ново изградените станови на десет семејства бегалци во Краљево, Србија

Клучеви од десет ново изградени станови, во рамки на Регионалната програма за домување, беа доделени на семејства во Краљево, Србија. Досега, повеќе од 6700 домови се доделени на корисници ширум Србија, еден од четирите партнери на Регионалната програма за домување.  
Покрај корисниците, на церемонијата за доделување клучеви, беа присутни и Светлана Велимировиќ – заменик комесар за бегалци и миграција во Република Србија; Предраг Трезиќ – градоначалник на Краљево; Урс Шмид – амбасадор на Швајцарија во Србија; Мирјана Максимовиќ – претставничка на Делегацијата на ЕУ во Србија и Душан Ковачевиќ – директор на Единицата за управување со проекти д.о.о.  
Финансиската помош на ЕУ за поддршка за мир, помирување и добрососедски односи во Србија достигна повеќе од 300 милиони евра. Помошта е насочена кон зацврстување на регионалната соработка, стабилноста и решавање тековни билатерални прашања, како и наследство од минатото. ЕУ обезбеди 74 милиони евра во форма на поддршка за домување и вработување на најранливите семејства бегалци и внатрешно раселени лица. Целта на регионалната програма, имплементирана во овој сектор, е да го подобри животот на 74000 луѓе или околу 27000 семејства, од територијата на поранешна Југославија. Целосниот буџет е проценет на околу 584 милиони евра за период од пет години.

Комесарот Вархелеј ја посетува Србија со цел дискутирање за приоритетите за пристап кон ЕУ и енергетска соработка

Комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархелеј, на 1. и 2. декември 2022 година, ќе допатува во Србија за да дискутира за приоритетите на пристапниот процес кон ЕУ, со силен фокус на енергетска соработка. Во текот на попладнето, заедно со министерката за енергија, Дубравка Ѓедовиќ, и министерот за европска интеграција, Мишчевиќ, ќе ја посети „Elektromreža Srbije (EMS)“, за презентација на имплементацијата на Трансбалканскиот електричен коридор; енергетски проект, кофинансиран од ЕУ, кој ќе овозможи поголема енергетска стабилност и ефикасност на Србија. Вечерта, ќе се состане со претседателот, Александар Вучиќ; премиерката, Ана Брнабиќ; собранискиот спикер, Владимир Орлиќ; заменик премиерот и министер за надворешни работи, Дачиќ; како и со министерот за внатрешни работи, Гашиќ. Исто така, ќе биде присутен и на потпишувањето на спогодбата за финансирање, од ЕУ, кое ќе ја постави правната рамка за идна претпристапна помош на ЕУ за Србија; како и на два проекта, финансирани од ЕУ, за поддршка на капацитетот на Србија за управување со миграциските текови и граничната контрола.

Младите европски амбасадори учествуваат на настанот „Блокирај ја омразата. Сподели инклузија!“ во Пљевља, Црна Гора

Овозможувањето простор за младите да ги искажат своите мислења и да дискутираат за предизвиците со кои се соочуваат во своите локални заедници е неопходно за градење поинклузивно општество, ослободено од дискриминација. Ова беше потенцирано на работилница за студенти која се одржа во Пљевља, на 23. ноември, како дел од иницијативата на ЕУ и Советот на Европа, „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, во соработка со Бирото за регионална младинска соработка. Настанот обедини студенти, претставници на институции, локални невладини организации од Пљевља и претставници од мрежата „Млади европски амбасадори“.

 

На настанот, младите европски амбасадори и другите млади имаа можност да дискутираат со носители на одлуки; пред општината Пљевља, народниот правобранител, министерството за образование, како и министерството за спорт и млади. Како дел од дискусиите, разговараа за начините на кои омразата се шири низ системот и општеството и што можат да направат младите за да ги поддржат институциите во борбата против говорот на омраза; покажувајќи колку се важни почитта и заедништвото. Исто така, ги потенцираа и придобивките на мултикултурните средни и потребата за охрабрување на другите млади со цел да не се откажуваат и да продолжат со својата работа во доменот на активизмот, за заедничка придобивка на нивните општества.

Завршување на работата на најсовремениот затвор во Крагујевац, Србија

Во четвртокот, 16. ноември 2022 година, високи офицери од Србија, ЕУ и други донаторски држави присуствуваа на отворањето на затворот во Крагујевац. Целосната вредност на новиот затвор изнесува 40 милиони евра. Затворот беше делумно финансиран со заем, во вредност од 17 милиони евра, од Банката за развој, на Советот на Европа, и техничка помош, во форма на грантови, од 3 милиони евра, од билатерални донатори на Инвестициската рамка за Западен Балкан.  
Како една од најсовремените и најбезбедни казнено-поправни институции во Европа, затворот во Крагујевац може да смести 500 затвореници во 265 ќелии, вклучително и ќелии за затвореници со инвалидитет. Комплексот се состои од 11 згради, на целосна површина од 22000 метри квадратни; овозможувајќи простор за социјализирање, работни активности, стручна обука; како и модерна опрема и здравствени објекти. Во затворот ќе бидат вработени 270 луѓе.  
Од 2009 година, со поддршка на ЕУ, билатерални донатори на Инвестициската рамка за Западен Балкан и Банката за развој, на Советот на Европа; Србија започна програма за модернизирање на затворските објекти во согласност со европските затворски правила. Во склоп на програмата беше отпочнат проект на Инвестициската рамка за Западен Балкан, кој опфати конструкција и опремување на два нови затворски објекти во Панчево и Крагујевац. Затворскиот објект во Панчево, со капацитет од 500 затвореници, беше завршен во 2018 година.

ЕУ, Европската банка за реконструкција и развој и донатори му помагаат на градот Градачац во БиХ да го подобри своето водоснабдување

Градачац е мал, но динамичен град во БиХ, со околу 40000 жители и бројни локални бизниси. Градот е познат по својот претприемнички дух и агробизнисот, но се соочува со проблеми поради нестабилното и недоволно водоснабдување. Со поддршка на ЕУ, Европската банка за реконструкција и развој и билатерални донатори на Инвестициската рамка за Западен Балкан, Градачац ја прошири својата водоводна мрежа и ја надогради инфраструктурата за отпадни води.

 

Со поддршка на ЕУ, Европската банка за реконструкција и развој и останати донатори, градот постави 100 км нови водоводни цевки кои помогнаа да се зголеми бројот на домаќинства поврзани со главното водоснабдување за 80 %. Исто така, проектот вклучи и замена на старите азбестни цевки, кои се сметаат за небезбедни, во центарот на градот; правејќи го првиот град во БиХ кој целосно ги отстрани азбестните цевки од својата водоводна мрежа.

 

Инвестирањето беше финансирано со 6 милиони евра заем од Европската банка за реконструкција и развој и грант, во вредност од 3,4 милиони евра, од Инвестициската рамка за Западен Балкан и Шведска.

ЕУ во Косово се придружува на Министерството за правда во кампања за шеснаесет дневен активизам против родово насилство

Со цел подигнување на свеста за потребата од заштита и пријавување секаква форма родово насилство, ЕУ во Косово, Швајцарија и Програмата за развој на ОН, ги здружија силите со косовското министерство за правда и невладината организација „Интегра“ во имплементирање на кампањата за шеснаесет дневен активизам против родово насилство.

 

Глобалната кампања, иницирана во 1991 година, традиционално се одвива од 25. ноември, Меѓународен ден за елиминација на насилство врз жените, сè до 10. декември, Меѓународен ден на човековите права, и се однесува на секаква форма насилство врз жените; вклучително сексуално и семејно насилство врз жени и девојчиња.

 

Во Косово, кампањата ќе вклучи палета комуникациски и теренски активности координирани од Министерството за правда; како, на пример; тркалезни маси со судии, обвинители, жени и девојки, општински посети, театарски претстави и проекција на пораки на владините згради.

Советот одобрува преговарачки мандат за безвизно патување за Косово

Амбасадорите на државите-членки на ЕУ денес го одобрија преговарачкиот мандат, на Комисијата, за регулирање на безвизно патување за имателите на пасоши издадени од Косово. Врз основа на овој мандат, претседателството ќе започне преговори со Европскиот парламент.

 

Нацрт правилата ќе им овозможат на имателите на косовски пасоши да патуваат без виза во ЕУ, за престој од 90 дена во кој било период од 180 дена. Во согласност со оваа позиција на Советот, ослободувањето од визните барања ќе се примени од почетниот датум за операцијата на Европскиот патувачки систем и авторизација, не подоцна од 1. јануари 2024 година.

Комесарот Вархелеј во посета на БиХ за да дискутира за реформските приоритети на ЕУ, миграција и енергетска безбедност.

Комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархелеј, ќе патува во БиХ, од 28. до 29. ноември 2022, за да дискутира за реформските приоритети на ЕУ и поширока соработка во клучни сфери; особено миграцијата.  
По предлогот на кандидатски статус на Европската комисија, комесарот Вархелеј, во Сараево, ќе се состане со членови на претседателството на БиХ, како и со официјални претставници, за да дискутираат за следните чекори и реформи поврзани со патот на државата кон ЕУ. Комесарот Вархелеј ќе дискутира и за соработка во доменот на управување со миграција и ќе присуствува на потпишувачката церемонија помеѓу Министерството за безбедност на БиХ и Меѓународната организација за миграција, за зголемување на доброволни и недоброволни враќања, поддржани од Европската комисија, со финансирање од 500000 евра.  
Исто така, комесарот официјално ќе го отвори „FabLab“, еден од клучните дигитални центри, поддржан од проектот „EU4DigitalSME“, за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија.

Повик на „Creative Europe“ за проекти за соработка

Повик, на „Creative Europe“, за проекти за соработка, ќе ги поддржи проектите за спроведување широк спектар активности и иницијативи, вклучувајќи уметници и чинители активни во различни културни и креативни сектори. Со буџет од преку 60 милиони евра, оваа акција ќе поттикне соработка помеѓу организациите активни во сферата на културата, со цел зголемување на европската димензија за креирање и циркулирање на европски уметнички содржини; охрабрувајќи развој, експериментирање, дисеминација и примена на нови и иновативни практики.

 

Проектите за европска соработка се отворени за сите културни и креативни сектори. Но, со оглед на тоа што оваа акција е дел од културниот отсек на програмата, проектите кои содржат исклучиво аудио-визуелни содржини и/или се исклучиво составени од организации од аудио-визуелниот сектор, не се соодветни за аплицирање.

 

Крајниот рок за аплицирање е 23. февруари 2023 година.