Skip to main content

Сараево дел од мисијата „100 града со 0 емисии: отпочнување коалиција за позелени проекти“

По изборот на Функционалната урбана зона на Сараево како дел од мисијата за „100 града со 0 емисии“, канцеларијата на ЕУ во БиХ и Кантонот Сараево, на 14. декември, започнаа коалиција за 0 емисии. Партнерите на коалицијата се посветени на координирање на своите активности и насочување на ресурсите кон проекти за 0 емисии во Сараево.  
Започнувањето на Коалицијата, која ќе биде темелна разлика за трошењето на средствата, претставува можност за поврзување на финансиите со целите за позелена средина; особено во загадените урбани подрачја како Сараево.  
По изборот на Функционалната урбана зона на Сараево како дел од мисијата за „100 града со 0 емисии“, потребна е изработка на 10 годишен акциски план за 0 емисии, вклучително и план за климатска неутралност во сите сектори; како, на пример, енергија, згради, управување со отпад и транспорт, заедно со поврзаните инвестициски планови. Процесот ќе ги вклучи граѓаните, организациите за истражување и приватниот сектор. Коалицијата за 0 емисии редовно ќе се состанува на работни состаноци кои ќе бидат прилика за координирање на активностите и споделување на најдобрите практики.

Регионалната програма за домување доделува клучеви од ново изградени станови за 25 семејства бегалци во Србија

Како што се приближува крајот на 2022 година, темпото на активностите на Регионалната програма за домување не се намалува; па, така, на 15. и 16. декември, 25 дополнителни семејства бегалци или раселени лица ги добија клучевите од ново изградените станови во Шид и Лучани, Србија. На првата од церемониите, која го одбележа доделувањето на клучеви на 10 семејства во општината Шид, на 15. декември, присуствуваа Светлана Велимировиќ, заменик комесар за бегалци и миграција на Република Србија; Зоран Семеновиќ, градоначалник на општината Шид; Мирјана Максимовиќ, програмски менаџер при Делегацијата на ЕУ во Србија; Ружица Банда, државен службеник за човекови права при мисијата на ОБСЕ во Србија и Јован Лазаров, заменик директор на Службата за имплементација на проекти во јавниот сектор.

 

Во име на ЕУ, главниот донатор на Регионалната програма за домување, Мирјана Максимовиќ им честита на семејствата за нивните нови домови и ја потенцира одлучноста на ЕУ да ги поддржи општествено ранливите категории луѓе. „Мило ми што ќе имаме прилика да отвориме уште многу згради пред завршувањето на програмата, следната година,“ изјави таа.

 

Прославата продолжи следниот ден, во Лучани, каде 15 семејства-корисници на Регионалната програма за домување ги добија своите нови домови. Во име на семејствата бегалци присутни на настанот; Радослав Мирковиќ, корисник на програмата, им се заблагодари на донаторите и чинителите.

263 милиони евра во грантови од ЕУ за седум проекти во Србија

Неодамна, ЕУ додели нов пакет за енергетска поддршка на Западен Балкан од кој Србија ќе има особена придобивка. Плановите, кои треба наскоро да се реализираат во Србија и регионот, се далекосежни и опфаќаат поддршка за ранливи домаќинства и бизниси со цел ублажување на растот на цените на енергијата, план за нова електрана и ветерен парк, и многу други.  
Србија и ЕУ одредија седум нови проекти за енергија, животна средина и транспортна инфраструктура. Овие проекти се најголемата инвестиција на ЕУ во Србија посветена на зелена економија. Управниот одбор на ЕУ и Инвестициската рамка за Западен Балкан, ко-финансирани од земјите-членки, го одобрија фондот од 263 милиони евра, во форма на грантови, за седум проекти во Србија. Одобрените грантови од ЕУ доаѓаат како надополнување на заем финансиран од Европската инвестициска банка, Европската банка за реконструкција и развој, „German Kreditanstalt für Wiederaufbau (KfW)“, како и државни придонеси од Србија. Средствата се продолжение на донации од ЕУ за поддршка на Зелената агенда за Западен Балкан и се дел од Економскиот и инвестициски план на ЕУ.  
Новите проекти ќе имаат директно и позитивно влијание врз квалитетот на живот ширум Србија преку подобрување на поврзаноста и намалување на непотребните штетни емисии и еколошката деградација. Со оваа инвестиција на ЕУ, вредна 263 милиони евра, ќе биде овозможен значителен економски раст преку создавање нови деловни можности и работни места во локалните заедници.  
На 6. декември, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го претстави Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана. Како што беше најавено на самитот во Тирана, донацијата за енергетскиот сектор во Србија е дел од фонд, вреден 500 милиони евра, наменет за проекти во енергетскиот сектор во Западен Балкан.

Индекс за безбедност на новинарите: Црна Гора е трета во регионот

Црна Гора се најде на третата позиција на Индексот за безбедност на новинарите, со резултат од 3,40; по Северна Македонија (3,95) и Хрватска (3,73). Споредено со минатата година, Црна Гора е на пониска позиција (со пад од 3,59 на 3,40); главно, заради рекордниот број напади врз новинари. Ова беше објаснето на презентација на Индексот за безбедност на новинарите во Црна Гора за 2021 година, која се одржа во „Europe House“ како дел од панел-дискусијата „Улогата на независните медиуми во демократското општество“, организирана од амбасадата на Република Чешка во Подгорица.

 

Индексот за безбедност на новинарите во Западен Балкан е механизам кој врши мерење и мониторинг на промените во општествените и политички средни кои имаат директно или индиректно влијание врз безбедноста на новинарите и медиумските професионалци додека ја вршат својата професија; истиот се состои од четири различни единици кои се однесуваат на севкупната состојба на новинарската безбедност. Црна Гора доби најлоши оценки во категоријата Реална безбедност, забележувајќи најголем пад од 3,58 на 3,20 за 2021 година. За ваквата ситуација најмногу придонесе рекордниот број напади, закани и притисоци врз новинарите.

ЕУ во Косово овозможува помош за борба против корупција, поддржувајќи ги напорите за јавни информации на Анти-корупциската агенција

Анти-корупциската агенција, поддржана од ЕУ во Косово, започна кампања за јавни информации, промовирајќи ја својата улога во контролирањето на пријавување имот од страна на службениците; спречувајќи конфликти на интерес и истражувајќи извештаи за поткажување. Кампањата, наречена „За Косово без корупција“, ја повикува јавноста да пријави корупција и истата започна по усвојувањето нови закони кои го зајакнуваат мандатот на Агенцијата, давајќи ѝ дополнителни овластувања и задачи; вклучително и санкционирање службеници и докажување корупција во законодавството.  
Со поддршка на ЕУ во Косово, кампањата ќе вклучи пет видеа и брошура со информации за мандатот на Агенцијата, начини на кои јавноста може да пријави корупција, како и казни и санкции кои им претстојат на службениците и институциите доколку не го почитуваат законот. ЕУ во Косово работи заедно со институциите на законодавната и извршната власт со цел косовските закони и практики да бидат хармонизирани со оние на ЕУ како дел од интегративниот процес во ЕУ.

Балканската истражувачка репортерска мрежа обучува 30 новинари за известување за ангажирање на публиката

Од 5. до 8. ноември, Балканската истражувачка репортерска мрежа одржа четиридневна онлајн обука за ангажирање на публиката за 30 новинари од држави од Балканот и Вишеградската група. Триесет новинари од десет медиумски куќи добија обука за ангажирано новинарство во рамки на работилница одржана од Ариана Тибин, уредник за ангажирање при „ProPublica“ и искусните обучувачи и ментори на Балканската истражувачка репортерска мрежа; Александра Богдани, Ана Петрушева, Ѓула Чак и Катарина Зрињски.  
Во склоп на програмата, избраните медиумски куќи имаа можност за учество во обука и менторирање со цел иновирање на нивните редакции, вклучување на заедниците и развивање истражувачки приказни користејќи ја алатката „B-engaged“ – дигитална алатка дизајнирана и создадена од Балканската истражувачка репортерска мрежа со цел ангажирање на публиката. Обуката, која комбинираше технички вештини и уреднички знаења беше првиот чекор во програмата за обезбедување помош за медиумските куќи за развивање ангажирани стории.  
Грантовите за новинарство кое ја ангажира публиката се дел од проектот „Media Innovation Europe“, финансиран од Европската комисија. Програмата ја предводи Меѓународниот институт за печат, Фондацијата „Thomson“, Фондацијата за медиумски развој и Балканската истражувачка репортерска мрежа; имајќи за цел зајакнување на медиумските куќи на пат кон нивната дигитална транзиција, снабдувајќи ги со новинарски алатки и вештини за различни производи и деловни структури, со цел допирање до публиката и постигнување одржливост.

Пакет енергетска поддршка, вреден 1 милијарда евра, за Западен Балкан

На 6. декември 2022 година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го презентираше Пакетот енергетска поддршка за Западен Балкан, на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана. Пакетот изнесува 1 милијарда евра помош за Западен Балкан, во форма на грантови, со цел справување со директните последици од енергетската криза и градење отпорност на краток и среден рок.

 

Првата половина од пакетот изнесува 500 милиони евра буџетска поддршка за ублажување на економското и општествено влијание врз ранливите домаќинства и мали и средни претпријатија, како и поддршка за енергетска транзиција и безбедност на регионот. 90 % од фондовите ќе бидат исплатени во јануари 2023 година, додека, пак, остатокот ќе биде исплатен подоцна или при крајот на 2024 година; по успешната имплементација на национални акциски планови, за справување со енергетската криза, од шесте партнери во Западен Балкан.

 

Втората половина од пакетот изнесува 500 милиони евра наменети за унапредување на енергетската диверзификација, генерирање обновлива енергија, како и електрично и гасоводно поврзување преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Пакетот опфаќа доделување 100 милиони евра за надополнување на Регионалната програма за енергетска ефикасност, дополнителни 170 милиони евра грантови на ЕУ за мешање на јавниот и приватниот сектор, и до 230 милиони евра финансии на ЕУ за шесте гарантни шеми за поддршка на енергетскиот сектор. Поголемиот дел од овој пакет за финансирање веќе беше одобрен од Оперативниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан на 5. декември 2022 година во Брисел.

ЕУ инвестира 91 милиони евра во железници во Косово за подобрување на поврзаноста со Европа

Амбасадорот на ЕУ во Косово, Томас Суњог, и косовскиот премиер, Албин Курти, го одбележаа, денес, во Косово Поле, отпочнувањето на кофинансираните работи, од ЕУ,  за обнова и надоградба на 34 метарска железничка линија помеѓу Косово Поле и Митровица.

 

Целосната вредност на работите кои треба да се извршат во текот на следните 15 месеци изнесува 68 милиони евра; од кои ЕУ обезбедува 27 милиони евра, преку Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, додека, пак, преостанатата сума од 41 милион евра ја обезбедуваат Европската банка за реконструкција и развој и Европската инвестициска банка. „Сега започнуваме со обнова и надоградување на втората секција од регионалниот Железнички пат 10 во Косово кој е дел од Транс-европската транспортна мрежа и го поврзува Косово со регионот и остатокот од Европа,“ изјави Суњог.

 

Железничкиот пат 10 кој се протега низ Северна Македонија, Косово и Србија е долг 256 километри од кои 148 поминуваат низ Косово. Надоградбата на првата секција од границата со Северна Македонија до Косово Поле, долга 66 километри, започна во август 2019 година и треба да биде завршена до крајот на 2023 година; додека, пак, подготовките за третата секција, од Митровица, па натаму, се во тек.

 

Железничкиот пат 10 беше во општа лоша состојба; со сериозни структурни пречки кои ја ограничуваа брзината на железничкиот сообраќај на 60 километри на час. Неговата обнова е првата значајна инвестиција во железничкиот сектор во Косово и вклучува замена на застарените прекинувачи, шини и прагови и реновирање на тунели и мостови.

Комисијата објавува нов извештај за култура за одржлив развој во акциите на ЕУ

На 9. декември 2022 година, Европската комисија објави извештај за културната димензија на одржливиот развој во акциите на ЕУ.  
Извештајот ја потенцира неопходната улога на културата во имплементирањето на политиките на ЕУ, програмите и иницијативите поврзани со Агендата за одржлив развој 2030 на Обединетите Нации. Комисијата одреди клучни домени во кои треба стратешки да се зајакне соработката со културните и креативни сектори со цел поттикнување одржлив развој. Исто така, се објаснува, од аспект на различни перспективи и политики, колку културните и креативни сектори се уникатно позиционирани со цел толкување и имплементирање економски, општествени и еколошки димензии во Агендата 2030. Доброволниот преглед на ЕУ за имплементација на цели за одржлив развој, кој треба да биде претставен на Форумот на високо ниво на ОН, во средината на 2023 година, може да извлече полза од предлозите кои се претставени во извештајот.  
Извештајот ги надополнува и се повикува на некои од препораките на Отворениот метод за координирање; работна група на земјите-членки за културната димензија на одржливиот развој, во чии рамки беше објавен извештај насловен „Бурни времиња. Природата и луѓето: културна храброст за промена“, на 20. септември 2022 година. Истиот се надоврзува на резултатите од конференцијата на УНЕСКО „MONDIACULT 2022“, која повика културата да биде вклучена како посебна цел во следните развојни цели на Обединетите Нации.

ЕУ: Кандидатски статус – порака на шефот на Делегацијата на ЕУ во БиХ и специјален претставник во БиХ; амбасадорот Јохан Сатлер

Драги граѓани на Босна и Херцеговина!

 

Среќен сум што ја споделувам, со вас, радоста дека БиХ доби кандидатски статус за членство во ЕУ!

 

„Обединети во различностите“ е водечки принцип и основна вредност на ЕУ. БиХ и остатокот од ЕУ почиваат на истата основа – принципот „обединети во различностите“ е наша заедничка вредност, сила и богатство.

 

Оваа држава изобилува со енергија и талент. Каде и да одите, тука ќе најдете културно наследство и природна убавина, достигнувања во доменот на уметноста и спортот, иновации и традиција; а, што е најважно, непоколеблив дух.

 

Кандидатскиот статус е нашиот знак дека веруваме во оваа држава и дека ги споделуваме вашите надежи за подобра иднина. Подобра заштита на човековите права, поголема доверба, ефективна борба против корупција, функционални државни институции, појака економија, подобра здравствена грижа и образование.

 

Ова е охрабрување за сите граѓани кои знаат дека патот кон ЕУ е пат кон подобра Босна и Херцеговина. Но, исто така, е и порака за политичките лидери да свртат нова страна и да ги имплементираат неопходните реформи кои ќе им донесат добро на граѓаните и ќе ја доближат БиХ до ЕУ.

 

Знаеме дека претстојат многу предизвици, но новиот политички импулс е тука. Да го искористиме!

 

Веруваме во оваа држава. Држава која отсекогаш била во срцето на Европа!