Area of Cooperation: Democracy and fundamental rights
Балканската истражувачка репортерска мрежа обучува 30 новинари за известување за ангажирање на публиката
ЕУ: Кандидатски статус – порака на шефот на Делегацијата на ЕУ во БиХ и специјален претставник во БиХ; амбасадорот Јохан Сатлер
Драги граѓани на Босна и Херцеговина!
Среќен сум што ја споделувам, со вас, радоста дека БиХ доби кандидатски статус за членство во ЕУ!
„Обединети во различностите“ е водечки принцип и основна вредност на ЕУ. БиХ и остатокот од ЕУ почиваат на истата основа – принципот „обединети во различностите“ е наша заедничка вредност, сила и богатство.
Оваа држава изобилува со енергија и талент. Каде и да одите, тука ќе најдете културно наследство и природна убавина, достигнувања во доменот на уметноста и спортот, иновации и традиција; а, што е најважно, непоколеблив дух.
Кандидатскиот статус е нашиот знак дека веруваме во оваа држава и дека ги споделуваме вашите надежи за подобра иднина. Подобра заштита на човековите права, поголема доверба, ефективна борба против корупција, функционални државни институции, појака економија, подобра здравствена грижа и образование.
Ова е охрабрување за сите граѓани кои знаат дека патот кон ЕУ е пат кон подобра Босна и Херцеговина. Но, исто така, е и порака за политичките лидери да свртат нова страна и да ги имплементираат неопходните реформи кои ќе им донесат добро на граѓаните и ќе ја доближат БиХ до ЕУ.
Знаеме дека претстојат многу предизвици, но новиот политички импулс е тука. Да го искористиме!
Веруваме во оваа држава. Држава која отсекогаш била во срцето на Европа!
Вечни ривали обединети против насилство
Обединети против насилството врз жени – ова е слоганот на овогодинешната глобална кампања за шеснаесетдневен активизам – „Обој го светот портокалово“. Портокаловата боја ги обедини кошаркарите на Црвена ѕвезда и Партизан, кои месецов, за првпат, се соочија на дерби во најдобриот европски кошаркарски натпревар – Евролигата. Капитените на двата белградски тимови снимија заедничка видео порака: „Насилството врз жени мора да запре. Наша должност е да ги заштитиме сите жени: мајки, сестри, сопруги, пријателки… Веднаш пријавете насилство – не постојат изговори! Да им помогнеме на оние кои претрпуваат насилство. Насилникот е кукавица – да бидеме храбри. Да ги заштитиме жртвите.“ На играчите им се придружи српскиот национален тренер – Светислав Пешиќ, како и тренерот на Партизан – Жељко Обрадовиќ.
Секоја трета жена, како во ЕУ, така и во светот, искусила физичко, сексуално, социо-економско и/или вербално насилство најмалку еднаш во животот. Родово заснована дискриминација, сексуално вознемирување и родово засновано насилство се проблеми поврзани со основните човекови права. Годинава, Делегацијата на ЕУ во Србија се придружува на глобалната кампања од шеснаесетдневен активизам против родово засновано насилство преку промовирање еманципирани жени и преку соработка со широката заедница против физичко, вербално и социо-економско насилство.
За време на оваа глобална кампања, Делегацијата на ЕУ во Србија склучи партнерства со познати личности од сферата на модата, уметноста, спортот, литературата и кинематографијата во Србија.
ЕУ ќе обезбеди поддршка од дополнителни 10 милиони евра за вооружените сили на БиХ
„MADE OF US“: неверојатна авантура започнува, на пролет, во 2023 година
„WeBalkans“ со гордост го отвора повикот за апликации за млади влогери од Западен Балкан кои сакаат да станат дел од патувањето „Made of Us“ низ Западен Балкан. Оваа авантура ќе се случи на пролет, во 2023 година. Ги покануваме сите талентирани влогери од Западен Балкан, на возраст помеѓу 21 и 30 години, да се пријават преку Интернет страницата WeBalkans.eu.
Избраните влогери ќе посетат проекти, поддржани од ЕУ, и ќе запознаат интересни и инспиративни личности; прикажувајќи ги, притоа, природните пејзажи, неверојатните знаменитости и уникатното културно наследство кое Западен Балкан може да го понуди. Избраните патници ќе ги снимат искуствата со своја опрема и ќе ги претворат во високо квалитетни содржини за социјалните медиуми и Интернет; во форма на слики и видеа, кои ќе бидат споделени преку нивните канали и каналите на WeBalkans.
Патувањето ќе биде уште повозбудливо, бидејќи шесте победници не ќе патуваат сами. На почетокот на 2023 година, ќе им се придружат шест млади креатори од ЕУ со кои ќе патуваат заедно и ќе соработуваат при креирањето содржини. Шесте патнички пара од Западен Балкан ќе имаат прилика да ги истражат најубавите делови од Западен Балкан; раскажувајќи му за нив, со свои зборови, на остатокот од светот во периодот помеѓу април и мај 2023 година.
Ги покануваме сите заинтересирани да ја посетат нашата Интернет страница webalkans.eu за повеќе информации во врска со процесот на селекција; вклучително и условите за учество. Фазата на пријавување започнува на 7. декември и ќе биде отворена до 7. јануари 2023 година. „Made of Us” е третата регионална кампања за сензибилизација, реализирана од WeBalkans, како проект финансиран од ЕУ.
Самитот ЕУ – Западен Балкан, во Тирана, ја реафирмира перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ и стратешкото партнерство на ЕУ со регионот
Денес, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен; претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел; високиот претставник/потпретседател, Јозеп Борел; комесарот Оливер Вархелеј; како и шефови на држави или влади од земјите членки на ЕУ и партнери од Западен Балкан, присуствуваа на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана. Организирањето на самитот, за првпат во регионот, е јасен знак за силната заложба на ЕУ за Западен Балкан и патот кон ЕУ.
Лидерите од ЕУ ја реафирмираа целосната и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ. Повикаа, исто така, и на забрзување на пристапниот процес, врз основа на веродостојни реформи од страна на партнерите, фер и ригорозна условеност и принцип на сопствени заслуги.
Руската ескалирачка воена агресија против Украина претставува ризик за мирот и безбедноста во Европа и светот, нагласувајќи ја важноста на стратешкото партнерство помеѓу ЕУ и регионот на Западен Балкан.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави: „Овој самит, кој за првпат се одржува во земја од Западен Балкан, дава јасна порака за нашето залагање, единство и силно партнерство. ЕУ е повеќе од кога било посветена за заедничка иднина со нашите партнери од Западен Балкан во ЕУ. Ја користиме секоја можност за доближување на нашите региони и луѓе; и тоа од заедничко соочување со енергетската криза, па сè до создавање повеќе прилики за нашите граѓани и бизниси; вклучително и преку намалување на трошоците за роаминг. Ова е големо достигнување.“
Дополнително, самитот овозможи и прилика за преглед на напредокот на имплементацијата на Економскиот и инвестициски план, вреден околу 30 милијарди евра, фокусиран на водечки проекти во доменот на зелена и дигитална транзиција, одржлив транспорт, чиста енергија, поддршка за приватниот сектор и развој на човечки капитал, со цел премостување на социоекономскиот јаз помеѓу Западен Балкан и ЕУ. Досега, ЕУ усвои 40 водечки проекти за транспорт, поврзаност, енергетска транзиција, зелена агенда, дигитална транзиција и развој на човечки капитал, со 1,8 милијарди евра поддршка од ЕУ и целосна инвестициска вредност од 5,7 милијарди евра.
Тука се вбројуваат 12 инвестициски проекти, усвоени на 5. декември, од кои беа забрзани 6 проекти во енергетскиот сектор; благодарение на пакетот поддршка, од 1 милијарда евра, составен од два столба:
- 500 милиони евра непосредна поддршка за сите партнери од Западен Балкан со цел ублажување на растот на цените на енергијата за бизниси и ранливи домаќинства; средствата се одобрени и ќе бидат подготвени за исплата на почетокот на 2023 година.
- 500 милиони евра краткорочна и среднорочна поддршка преку Инвестициската рамка Западен Балкан за унапредување на енергетската транзиција и енергетската безбедност. Пакетот опфаќа надополнување на Програмата за регионална енергетска ефикасност за енергетско-ефикасно реновирање на приватните и државни згради, шест нови инвестициски грантови за обновливи извори на енергија, три грантови шеми за енергетска транзиција на приватниот сектор и серија гаранции за поддршка на обновлива енергија и енергетска ефикасност. Во соработка со меѓународни финансиски институции, се очекува да се мобилизираат околу 2,5 милијарди евра во целосни инвестиции.
Лидерите беа, исто така, присутни и на потпишувањето на спогодба помеѓу претставници од телекомуникациските оператори од ЕУ и Западен Балкан за првото доброволно намалување на трошоците за роаминг помеѓу регионот и ЕУ, со почеток во октомври 2023 година. Европската комисија и Советот за регионална соработка ги фацилитираа преговорите за договорот, а одлуките за понатамошни намалување се очекуваат во мај 2023 година.
Најнакрај, самитот беше можност за дискусии за продлабочување на соработката помеѓу ЕУ и регионот за управување со миграции, кибер безбедност, образование и млади. Неодамна, Комисијата одобри фонд од 70 милиони евра за подобрување на капацитетите за гранично управување и зајакнување на борбата против криумчарење на мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан. ЕУ ја зголемува помошта и соработката со Западен Балкан за зајакнување на кибер отпорноста по серија кибер напади во регионот; вклучително преку нова програма, вредна 5 милиони евра, за целиот регион, со почеток во раната 2023-та. Универзитетите од Западен Балкан ќе бидат, исто така, вклучени во програмата ЕРАЗМУС+, на исто рамниште како и земјите-членки на Унијата, со цел создавање подобри можности за младите.
Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тирана ја потврдува стратешката врска на ЕУ со пристапните партнери
Миграциски рути: Комисијата предлага Акционен план за соработка со Западен Балкан за справување со заедничките предизвици
Пред Самитот на ЕУ – Западен Балкан, на 6. декември 2022 година, и Советот за правда и внатрешни работи, на 8. декември; Комисијата го претставува Акциониот план на ЕУ за Западен Балкан. Акциониот план следува по Вонредниот совет за правда и внатрешни работи, на 25. ноември, на којшто министрите се заложија за имплементирање на Акциониот план на ЕУ за регионот на Централен Медитеран; предложен од страна на Комисијата на 21. ноември.
Акциониот план за Западен Балкан идентификува 20 оперативни мерки, структурирани во 5 столба: (1) зајакнување на граничното управување ширум патиштата; (2) брзи процедури за азил и поддршка на капацитетите за прием; (3) борба против криумчарење на мигранти; (4) зајакнување на соработката за реадмисија и враќање; како и (5) усогласување на визната политика. Овие мерки се фокусираат на поддршка на акции од партнерите на Западен Балкан, како и на акции во ЕУ. Имаат за цел да ја зацврстат соработката за миграција и гранично управување со партнерите на Западен Балкан; во насока на нивниот единствен статус со перспективата за прием во ЕУ; како и нивниот континуиран напор за усогласување со правилата на ЕУ.
Обука за медиумска писменост во „Europe House“ Подгорица
Како дел од своите постојани активности, „Europe House“ Подгорица организираше обука за медиумска писменост, за граѓани над 30 години, во соработка со Институтот за медиуми на Црна Гора. Главните учесници беа наставници од средните училишта „Цетиње“ и „Саво Пејановиќ“ и основното училиште од Подгорица. Во текот на четири часа, учесниците имаа прилика да ја подобрат својата медиумска писменост и да ја сфатат нејзината важност, особено кога ситуацијата на медиумскиот пазар е предизвикувачка.
Обучувачите ги споделија главните принципи на функционирање на медиумите, како и техники за подобро анализирање на содржините. На обуката се презентираа и форми на манипулација како лажни новости, пропаганда или притаено рекламирање; со цел учесниците да научат како да ги разликуваат од професионалните новинарски содржини.








