Skip to main content

Area of Cooperation: Democracy and fundamental rights

ЕУ ја поддржува регионалната соработка за одржлив развој

Петтиот заеднички повик на ЕУ и Фондот за Западен Балкан за доставување проекти за зајакнување на регионалната соработка и кохезија во регионот на Западен Балкан, со трите најважни аспекти за интервенција, односно културна соработка, образование и наука, и одржлив развој, укажува од колкава важност е соработката меѓу земјите од Западен Балкан за изнаоѓање решенија кои ќе им помагаат на организациите и поединците да го подобрат животот во регионот. 

Преку овој повик поддршка добија разни иницијативи, од иницијативи за справување со неодложните еколошки проблеми до иницијативи за воспоставување регионална соработка и размена за промовирање и зачувување на традиционалните занаетчиски производи, вклучително насочени локални интервенции, како и иницијативи за оснажување на жените. 

Со новиот повик на Фондот за Западен Балкан и ЕУ којшто ќе биде наскоро објавен, ќе ги пренесеме успешните приказни за спроведување регионални проекти на здружението „Пријатели на Корча“ од Албанија и на организацијата „Еднаквост“ од Косово. 

 

Соларна енергија за жителите на Западен Балкан 

 

Неколку граѓански организации од Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Србија се обединија со една мисија: здружено да работат на ублажување на последиците од климатските промени на Западен Балкан и да ги промовираат придобивките од користењето соларна енергија. Под водство на здружението „Пријатели на Корча“ од Албанија, овој проект ги обедини партнерите „Балканска водна мрежа“ од Северна Македонија, Центарот за одржлив развој на заедницата од Северна Македонија, Фондот за иновации на Црна Гора и МСЈА од Црна Гора, заедно со Еколошките амбасадори за одржлив развој од Србија, Политехничкиот универзитет во Тирана од Албанија и Политехничкиот универзитет во Корча од Албанија. Овие партнери ја создадоа мрежата Солар-PV4 на Западен Балкан (Solar-PV4Western Balkans Network), чија цел е да ги вклучи чинителите од институциите на ниво на локалните заедници, за да ги застапуваат и промовираат најдобрите практики на самостојните производители на соларна енергија. 

Размената на информации и знаење за законодавството, иницијативите и иновативните решенија за соларната енергија беа клучни за поставувањето на темелите за заложба и образовни активности во државите кои се дел од мрежата. 

 

Денес, сончевата енергија за граѓаните, заедниците и малите бизниси нуди исклучителна можност. Европската Унија одобри важни програми и закони за развој на соларна енергија. Едноставно, треба што поскоро да ги усвоиме овие закони и да ги спроведеме овие програми во нашите земји, да обезбедиме чиста и поволна енергија за нашите граѓани, работни места и приходи за локалната економија“, изјави Ѓерѓи Ѓинко, претседател на здружението „Пријатели на Корча“, кој го водеше проектот „Соларна енергија за граѓаните на Западен Балкан“. 

 

Експертите од сите партнерски организации вклучени во проектот дадоа придонес за проектот со нивната експертиза, која варира од искуство во препознавање и промовирање добри практики за женско лидерство во областа на одржливата енергија и родово коректни одржливи енергетски услуги за средини со ниски приходи, по ниски цени, до разгледување на прашањето за климатската криза на академско ниво.  

Од проектот произлегоа извештаи за четири држави (Албанија, Северна Македонија, Црна Гора и Србија) со кои ќе се информираат граѓаните за законите, можностите и придобивките од користењето соларна енергија, како и за потребата од креирање нови политики. Веб-страницата креирана во рамките на проектот ја отсликува смислата на мисијата на партнерите, и гарантира долготрајни резултати од проектот, поширок опсег и продолжување на мисијата и целите на партнерите. 

 

Оснажување на жените преку изработка на традиционални ракотворби 

 

„Се поврзавме со организацијата „Пазарски базар на ракотворби“ и со центарот „Жени во јавните служби“ со цел да ги промовираме жените од Косово, Албанија и Србија во нашиот регион и да обезбедиме поддршка за заштита и развој на традиционалните занаети. Сакавме да покажеме и да го зачуваме од заборав трудот на вредните жени од нашето општество и да му ги претставиме на нашиот регион сите посебни одлики и детели за нашите традиции, кои ќе опстанат и ќе живеат и во иднина“, вели Убејда Османи од невладината организација „Еднаквост“ од Призрен, Косово посветена на промовирање на бошњачката заедница и зголемување на влијанието во јавниот, политичкиот и културниот живот, преку различни форми на образование, волонтерство и преку оснажување на улогата на жените и младите во општеството. 

Со цел да се воспостави регионална соработка и дијалог за промовирање и зачувување на традиционалните занаетчиски ракотворби, вклучително насочени локални интервенции, а истовремено да се промовира економското оснажување на жените, проектот започна со теренски посети низ повеќе села и заедници во Призрен, како и посети на жени кои изработуваат традиционални занаетчиски ракотворби, компании кои ги водат жени и самовработени жени. Следеа две работилници, кои ги организираа учеснички од Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Едната од овие работилници се однесуваше на промоција и брендирање на занаетчиски ракотворби, а втората беше посветена на составување бизнис план и привлекување инвестиции. Регионалната конференција одржана во Драч, Албанија со околу триесет учеснички од Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, се фокусираше на регионалната промоција на занаетчиските ракотворби и нематеријалното културно наследство од страна на жените. 

Фондот за Западен Балкан (WBF) е меѓународна организација со седиште во Тирана, Албанија, основана од владите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Основањето на овој фонд, како сеопфатна и регионална иницијатива, се смета за јасен показател дека заживува соработката на Балканот. Фондот за Западен Балкан има за цел да ја промовира соработката и заедничките вредности кај граѓаните, граѓанското општество и поединците, преку финансирање на малите и средните проекти во клучните области. 

„Поддршката од Фондот за Западен Балкан ни помогна да ја унапредиме и зацврстиме регионалната соработка“, изјави г-ѓа Османи, притоа истакнувајќи го учеството на жените со различна етничка припадност и потекло од Косово, Албанија и Србија во проектот. „Во проектните активности учествуваа жени и девојки со различно етничко потекло, на возраст од 20 до 65 години, вешти во изработката на традиционални ракотворби, и тие покажаа интерес за старт-ап иницијативите и иницијативите за самовработување, кои беа дел од проектните активности. Меѓу нив имаше самохрани мајки, вдовици, мажени жени и жени кои живеат сами, со различен степен и вид на образование, занимања и интереси од Косово, Албанија и Србија и од различни заедници, вклучително албанската, српската, бошњачката, турската и ромската заедница, како и повозрасни жени“, додаде таа. 

 

Приказните за жените кои учествуваа во проектот се дел од документарниот филм во продукција на невладината организација „Еднаквост“ и нејзините партнери. 

Уметноста и културата како мост за обединување на поделената заедница

„Отсекогаш сме се гордееле со тоа што живееме во мултиетнички град, но сфативме дека немаме простор каде што можеме да се обединиме и да се собереме без етнички поделби. Локалните власти честопати ја користат културата во Суботица како средство за продлабочување на поделбите меѓу различните етнички заедници,“ вели Гордана Вуков Цигањик, соосновачка на културното здружение „Клара и Роса“ во Војводина, Србија.  

„На пример, доколку локалните власти одлучат да изградат три споменици, Хрватите ќе го добијат најмалиот и ќе се постави надвор од центарот на градот; Унгарците ќе добијат поголем споменик кој ќе биде поблиску до центарот; а најголемиот и највпечатливиот споменик ќе го добијат Србите. Иако не сме целосно поделени и има многу мешани бракови, човекот секогаш се гледа низ призмата на неговата националност, наместо на неговата личност,“ појаснува таа. 

Со здружението „Клара и Роса“, Гордана, која е актерка по професија, и соосновачката Данијела Мамужиќ, која е скулпторка по професија, сакаа да создадат простор за културна размена, дијалог и граѓански ангажман преку уметноста, надминувајќи ги етничките разлики. 

„Сметаме дека уметноста е моќна алатка за општествени промени,“ вели Гордана. „Денес, особено по пандемијата, луѓето се сè поотуѓени и поосамени, а општеството е сè позатворено за новодојденците. За нас, улогата на уметноста и културата е да лекува и поврзува, да гради заедници и да отвора дијалог за теми што инаку би останале табу.“ 

Поврзување на луѓето преку културни активности  

 

Првите девет години од постоењето на „Клара и Роса“, членовите беа принудени да ги одржуваат своите активности на јавни простори – паркови, плоштади и улици. Тие го преуредија дворот на едно напуштено старо кино и го преобразија во првата отворена галерија во Суботица, каде што организираат уметнички изложби секој месец. Финансиската поддршка од Европскиот фонд за поддршка на демократијата (ЕФД) им овозможи за првпат да изнајмат сопствен простор за нивните активности. 

Организираат разни настани, од филмски проекции и концерти до курсеви по грнчарство и театарски работилници, сите во духот на културната размена и градењето на заедницата преку уметноста. 

Тие го отворија и „Плац“, радио канал на којшто секој може да креира содржини. Во нивните простории, наставничка по философија од локално средно училиште води јавни дебати на најразлични теми – од политика до љубов и смрт. Нивните активности се одвиваат на српски, босански и хрватски јазик (БХС) и унгарски јазик, а сè почесто и на англиски јазик, со цел да ги вклучат и странците кои неодамна се доселени во Суботица и да им овозможат на локалните жители да го користат англискиот јазик.“ 

Гордана ја опишува годишната творечка колонија на жени уметници и активистки како еден од најголемите успеси на здружението: „Некои од учесничките рекоа дека искуството им го променило животот. Дојдоа жени од целиот Балкан и имаа единствена можност да се запознаат, да се поврзат и да започнат нови проекти.“ 

Друга успешна иницијатива беше интерактивната театарска работилница инспирирана од делото „Ромео и Јулија“, со средношколци од Суботица, од кои половина зборуваат БХС, а другата половина унгарски. „Овие тинејџери одат во исто училиште, но обично се поделени по класови според нивниот мајчин јазик,“ вели Гордана. „Овој проект им овозможи заедничко место за средби и соработка. Во недостиг на можности за интеракција меѓу врсниците од различни јазични заедници, се зголемува ризикот од посилна политичка поларизација.“ 

Понекогаш идеите за нови настани се раѓаат сосема спонтано – разговор за храна со волонтер од Русија ја инспирираше идејата за час по готвење. Понекогаш, луѓето сами доаѓаат во здружението „Клара и Роса“ со свои предлози. „Важно ни е секогаш да ни е отворена вратата за нови иницијативи,“ вели Гордана. „Тоа ни помага да го прошириме кругот на корисници и да продолжиме да нудиме разновидна и интересна програма. На тој начин се оснажува заедницата, бидејќи кај луѓето се создава чувство на припадност и го доживуваат како своина нашиот културен простор.“ 

Поддршката од заедницата се отслика и преку кампањата за собирање средства, која му овозможи на здружението „Клара и Роса“ да собере средства во износ од 3.800 евра за идни активности. „Можеби не се чини дека износот е голем, но за нас е значаен показател имаме поддршка од заедница со заеднички интереси и цели,“ вели Гордана. 

Оваа статија ги одразува ставовите на споменатите корисници на грант и не мора нужно да го претставува официјалното мислење на ЕФД и WeBalkans.

Раст со поддршката од ЕФД 

Гордана смета дека поддршката од ЕФД ги охрабри да постават амбициозни цели за понатаму. Тие започнаа дијалог со локалните власти, а продолжија и да го прошируваат нивниот аудиториум со младите, особено младите чијшто мајчин јазик е унгарскиот. Исто така, планираат да ги прошират соработката и активностите за градење капацитети со нивни истомисленици, со цел да ѝ служат на својата заедница на најдобар можен начин. 

„Имаме големи планови и соништа, и верувам дека благодарение на нашиот тим ќе успееме,“ вели Гордана. „Нашето најголемо богатство се луѓето. Сакаме да продолжиме да ги поврзуваме луѓето преку уметноста и да создаваме мостови со луѓето кои доаѓаат од други места. Сакаме да ја споделиме нашата култура и да им помогнеме на луѓето да сфатат дека не треба да ја напуштат Суботица за да имаат подобар живот, дека токму овде може да си бидат среќни.“

Колективното дејствување ги руши стереотипите и избавува од сиромаштија

Во културните центри ширум Србија, младите Ромки и Роми имаат уметнички настапи кои поттикнуваат на размислување со провокативното прашање „Што мислите, како треба да изгледа еден Ром?“. Нивниот наратив ги предизвикува стереотипите и ги урива бариерите за инклузија на Ромите во општеството. 

Младите Роми во Берат, Албанија, нурнуваат во нивните маала за да ги истражат и доловат приказните на Ромите повратници. Нивната цел е да ги споделат овие приказни со пошироката јавност, за да придонесат да се надминат препреките кои ја отежнуваат нивната реинтеграција. 

Во меѓувреме, во Шуто Оризари, Северна Македонија, Ромите и повратниците на форумите на заедницата ги истакнуваат нивните потреби за подобри услуги од државата. Нивната сплотеност резултира со создавање простор каде што услугите ќе бидат подостапни за ранливите групи и ќе се овозможи дијалог меѓу владата, граѓанското општество и заедниците. 

Овие три примери се само дел од четириесетте иницијативи на заедницата за поддршка на Ромите повратници да се реинтегрираат и да се спасат од сиромаштија, во рамките на Регионалниот проект за реинтеграција на повратниците на УНДП, финансиран од ЕУ. Проектот опфаќа девет општини во Албанија, Северна Македонија и Србија. 

Со поддршка од ЕУ и УНДП, Ромите, повратниците и локалните заедници заедно учат, работат и се забавуваат. Нивната соработка ги предизвикува предрасудите, ги урива бариерите за инклузија и ја подобрува економската благосостојба на Ромите и повратниците. 

Оваа соработка беше поздравена на Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, за време на кој се истакна дека колективната моќ може да поттикне промени и да ги подобри економската благосостојба и положбата на Ромите и повратниците во општеството. 

 

Креативно изразување за инклузија 

Во Нови Сад, Србија, младите Роми ја користат нивната креативност за да ја предизвикаат стигмата. За време на нивните настапи, тие ја предизвикуваат публиката со прашањето „Што мислите, како треба да изгледа еден Ром?“ и ја поттикнуваат публиката да се соочи со нејзините предрасуди. 

Актерката Александра Милојковиќ Новикова ѝ вдахнува живот на оваа порака во Српскиот народен театар со нејзината монодрама „Сама“. Претставата ја повикува публиката на размислување и нѐ потсетува дека сите ние имаме моќ да поттикнеме промена. 

Поддржани од ЕУ и УНДП, овие претстави имаат за цел да ги урнат стереотипите и да покажат дека секој поединец има улога во создавањето инклузивни општества. 

 

Нека се слушне гласот на заедницата 

Заедниците на Ромите и на повратниците често се погрешно прикажани во медиумите. За да го променат ова, младите Роми ги здружија силите за да станат „репортери на заедницата“.  

Со поддршка од ЕУ и УНДП, тие учат новинарски вештини и вештини за раскажување приказни, за да се слушне гласот на Ромите и повратниците.

Во Берат, Албанија, овие репортери поминаа време со Ромите повратници, документирајќи ги нивните битки и успеси додека се обидуваат повторно да ги изградат нивните животи. Една од приказните е за група повратнички кои започнале социјален бизнис кој нуди услуги за чистење. Нивниот бизнис расте, благодарение на медиумската покриеност. 

Овој пристап кон известувањето предводено од заедницата покажува како медиумите можат да играат клучна улога во заложбата за инклузија на ранливите групи. За нивната работа може повеќе да се дознае од видео документарци и подкасти, кои нудат детален увид во предизвиците и успесите на Ромите повратници.  

 

Јавни простори и услуги по мерка на граѓаните 

Во Шуто Оризари, Скопје, се гради нов простор за заедницата што ќе придонесе да се зајакнат врските помеѓу владата и ранливите групи и ќе доведе до подобар пристап до јавните услуги. Ресурсниот центар во Шуто Оризари, кој функционира како едношалтерски систем за повратници и други ранливи поединци, беше формиран во консултација со локалните заедници, за да одговори на нивните потреби. 

Со поддршка од ЕУ и УНДП, овој центар покрај тоа што нуди услуги, создава и простор за дијалог и соработка помеѓу владата и заедницата. Понатаму, тој ќе продолжи да се развива согласно потребите и придонесот на неговите корисници. 

За проектот 

Проектот за реинтеграција на повратниците во Западен Балкан се фокусира на рушење на бариерите со коишто се соочуваат ранливите повратници кога се обидуваат да се интегрираат во општеството. Овој проект, кој е дел од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА) II, ги поддржува правата на ромската заедница и процесот на реинтеграција на повратниците, во соработка со партнерите УНДП, Светска банка и Советот на Европа.  

Во Албанија, Северна Македонија и Србија, проектот пробува нови пристапи за одржлива реинтеграција на локално ниво. Покрај тоа, го олеснува дијалогот за подобрување на политиките и програмите ширум Западен Балкан, со цел да се обезбеди поголема поддршка за ранливите повратници. 

Соработка за инклузија и намалување на сиромаштијата 

Соработката и дејствувањето на заедницата се од суштинска важност за да се постигне инклузија и намалување на сиромаштијата. Со заеднички заложби, како во рамките на ромската заедница така и пошироко, може да се случи вистинска промена. Овие заложби не само што се насочени кон решавање на непосредните потреби, како што е подобрување на јавните услуги, туку и кон справување со долгорочните предизвици. 

Кога ќе се здружат заедниците, тие можат да постигнат многу повеќе од поединците. Доколку колективно дејствуваат, луѓето може да ја надминат сиромаштијата. На 17 октомври, Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, а и секој ден, треба да бидеме свесни дека моќта произлегува од заедничкото работење во насока на рушење на стигмата и создавање поинклузивен свет. 

YEAs придонесуваат за Храбар нов медиумски форум

Од 17-ти до 18-ти декември, Младите европски амбасадори (YEAs) од целиот регион на Западен Балкан (WB6) активно учествуваа на динамичниот настан @bravenewmedia. Овој собир обезбеди платформа за младите гласови да се спојат и да ја обликуваат иднината на медиумите. Како дел од #BNMF23, нашите YEAs, претставени од @maja.trajkovic и @arlindhamza, се вклучија во сесија за стратешко планирање. За време на оваа сесија, тие разговараа за мрежата YEA, поврзаноста и врските меѓу нејзините членки и значењето на оваа соработка, како за сегашноста, така и за иднината на регионот. Беше пренесена следнава сеопфатна порака: „Минатото му припаѓа на минатото, сегашноста и иднината ни припаѓаат нам“. Меѓу учесниците од Мрежата YEA беа Кристијан Петро, Тарик Бицо, Арлинд Хамза, Ива Коровиќ, Дмитриј Чурин, Елица Матевска, Станиша Станковиќ, Маја Трајковиќ, Адријана Нијитовиќ и Теодора Цекиќ.

Montenegro’s LGBTQ+ заедницата во Црна Гора слави самоопределување

Во Подгорица беше организирана единаесеттата црногорска Парада на гордоста под слоганот „Самоопределување” (“Samoodređenje”)

Во јули 2020 година, црногорскиот парламент тесно гласаше за легализација на граѓанските бракови меѓуистополови двојки, со што стана првата балканска држава, која не е членка на ЕУ, што го направи тоа. Една година подоцна, првиот истополов брак е склучен во приморскиот град Будва. Официјалните лица ја прославија оваа пресвртница и ветија дека соодветно ќе ја прилагодат правната рамка. Сепак, важно е да се забележи дека хомосексуалноста и понатаму останува чувствително прашање во Црна Гора, социјално конзервативна земја, како и во другите балкански земји. Во барањата испратени до надлежните институции и до Народниот правобранител се посочува дека во периодот од 2019 до 2022 година, пријавени се повеќе од 400 случаи на дискриминација и говор на омраза. (Еднаков пристап до правдата за LGBTIQ+ лицата во Црна Гора – Мит или остварлива реалност? Queer Montenegro 2023).

Годинава, под знамето „Самоопределување“ се одржа единаесеттата црногорска Парада на гордоста. Организирана од невладината организација Queer Montenegro, парадата имаше за цел да ја пренесе пораката дека насилството врз ЛГБТ заедницата не треба да се толерира во Црна Гора.

“Парадата на гордоста е движење; тоа е мирен протест за човекови права и е од суштинско значење, не само за Црна Гора, туку и за целиот свет. Особено во овие времиња кога десничарските движења ги загрозуваат не само правата на LGBTQI, туку и човековите права воопшто.”

Овогодинешната Парада на гордоста се фокусираше на темата на самоопределување, нагласувајќи го правото на секој поединец да го дефинира сопствениот идентитет. Тоа беше инклузивен настан, наменет да биде достапен за сите. Неделата на гордоста опфати различни активности, вклучително и модна ревија за човекови права, панел дискусии на теми како што се Правото на самоопределување и квалитетот на здравствената нега за трансродовите лица, дискусии за малцинскиот стрес и разлики и многу повеќе. Имаше и пријатни активности за вмрежување како што се Квиз на гордоста, Драг шоуа, настапи на бенд во живо, забави со диџеи и, се разбира, главниот настан, Парада на гордоста Црна Гора.

Енес Пучурица, млад европски амбасадор, имаше улога во организацискиот одбор. Тој сподели: „Парадата на гордоста е движење; тоа е мирен протест за човекови права и е од суштинско значење не само за Црна Гора,туку и за целиот свет. Особено во овие времиња кога десничарските движења ги загрозуваат не само правата на LGBTQI, туку и човековите права воопшто.”

Размислувајќи за историјата на настаните на Гордоста во Црна Гора, првиот Марш на гордоста во 2014 година се соочи со значителни предизвици, со над 500 демонстранти, пред се фудбалски хулигани, кои се вклучија во насилни конфронтации со мала група геј активисти. Ова резултираше со повреди на дваесет полицајци и приведување на 60 лица. Минатата година беше организиран јавен молитвен собир пред катедралата во знак на протест против Парадата на гордоста. Сепак, оваа година организаторите се соочија со релативно мали предизвици, главно во врска со дождливото време на денот на Маршот на гордоста. Енес истакна дека и покрај загриженоста за слабата излезност поради дождот, стотици луѓе, меѓу кои и меѓународни гости, учествуваа, а настанот беше огромен успех.

” Покрај тоа што е форма на протест, Парадата на гордоста е и прослава на нашиот идентитет. Таа служи како потсетник дека постоиме и не одиме никаде.”

За проектот

Montenegro Pride е национален LGBTIQ марш на гордоста во градот Подгорица, главниот град на Црна Гора, кој првпат се одржа за прв пат во 2013 година. Оттогаш, црногорската Парада на гордоста стана годишен настан. Истата е самоидентификувана како LGBTIQ собир на гордоста. Парадата на гордоста Црна Гора е организирана од страна на волонтерски и грасрут Организациски одбор кој се формира одново секоја година. Организацискиот одбор на Парадата на гордоста Црна Гора е нехиерархиска групација и е логистички поддржан од невладината организација Queer Montenegro. Парадата на гордоста добива поддршка и финансирање од различни донатори и спонзори, вклучувајќи ја и Европската Унија.

Според Енес, една забележителна разлика од претходните години е пристапот кон организирањето на овогодинешната програма. Пристапот беше повеќе насочен кон заедницата, со фокус на собирање информации од заедницата за тоа што им треба и што сакаат да се случи. Енес забележа: „Исто така, прикажавме успешна модна ревија за трансвестити и човекови права, заедно со панел дискусии и други интересни активности“.

Енес понатаму објаснува дека оваа или следната година се очекува црногорските власти да донесат закон за родов идентитет. Ова е една од основните причини зошто овогодинешниот слоган на Парадата на гордоста беше „самоопределување“. Енес додаде: „Покрај тоа што е форма на протест, Парадата на гордоста е и прослава на нашиот идентитет. Таа служи како потсетник дека постоиме и не одиме никаде.”

Комисијата го усвои Пакетот за проширување за 2023

Денес, Европската комисија го усвои Пакетот за проширување за 2023 година, обезбедувајќи детална оценка за состојбата и напредокот постигнат од страна на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Турција и за прв пат и Украина, Република Молдавија и Грузија, на нивните соодветни патишта кон пристапување во Европската унија. Извештајот особено се фокусира на напредокот вооднос на имплеменацијата на фундаменталните реформи, како и на обезбедувањето јасни насоки за реформските приоритети кои претстојат. Пристапувањето е и ќе остане процес заснован на заслуги, целосно зависен од објективниот напредок постигнат од секоја земја.  
Западен Балкан  
Напредокот во реформите за пристапување во ЕУ во голема мера е отежнат, бидејќи Црна Гора претрпе длабока поларизација и политичка нестабилност во периодот на известување. ЕУ го поздравува конституирањето на новиот парламент и формирањето на влада, која очекуваме брзо да го покаже својот капацитет и посветеност на патот на Црна Гора кон ЕУ и да ги спроведе реформите поврзани со пристапувањето кон ЕУ. Севкупно, напредокот во пристапните преговори ќе зависи од реформите во областа на владеењето на правото (т.е. исполнување на привремените критериуми утврдени во Поглавјата 23 и 24). Црна Гора продолжува целосно да се усогласува со Заедничката политика за надворешна безбедност.   
Србија продолжи со спроведувањето на реформите поврзани со пристапувањето кон ЕУ, вклучително и во областа на владеењето на правото. Србија почна да ги спроведува уставните амандмани од 2022 година за зајакнување на независноста на судството и усвои нови закони за медиумите. Имплементацијата на законите за медиумите може значително да ја подобри регулаторната средина. Сепак, ќе бидат потребни дополнителни измени за да бидат целосно усогласени со правото на ЕУ и европските стандарди. Србија треба да го подобри, како прашање на приоритет, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, вклучувајќи рестриктивни мерки и изјави за Русија. Исто така, потребна е дополнителна работа и политичка посветеност за спроведување на реформите во областа на владеењето на правото. Останува оценката на Комисијата дека Србија технички ги исполнила критериумите за отворање на кластерот 3 (конкурентност и инклузивен раст). Србија мора целосно да соработува и да ги преземе сите неопходни чекори за да се понесеодговорност за насилниот напад врз косовската полиција од 24 септември и нападот врз КФОР на 29 мај. За нормализација на односите со Косово, додека беше постигнат Договор во Дијалогот олеснет од ЕУ, Србија и Косово допрва треба да започнат со спроведување на нивните соодветни обврски, кои се обврзувачки за Страните и клучен дел од нивните европски патишта.  
Во Северна Македонија, властите постојано изјавуваат дека пристапот во ЕУ останува нивна стратешка цел. Северна Македонија продолжи целосно да се усогласува со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ (CFSP). Земјата, исто така, постигна одреден напредок во областа на правдата, слободата и безбедноста, вклучително и борбата против организираниот криминал и управувањето со миграцијата. Како преговарачка земја, Северна Македонија треба да работи на успешно спроведување на реформите поврзани со ЕУ, вклучително и во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформата на јавната администрација, вклучително и управувањето со јавните финансии и јавните набавки. Северна Македонија се обврза да отпочне и да постигне релевантни уставни измени како прашање на приоритет, со цел да вклучи граѓани кои се дел од други народи. Процесот на проверка на EU acquis  напредуваше непречено, а властите покажаа високо ниво на посветеност. Комисијата во јули му ги претстави на Советот извештаите од скринингот за „основните кластери“ за Северна Македонија и со нетрпение ги очекуваследните чекори, со можност за отворање на преговорите за овој кластер до крајот на годината  
Албанија продолжи да ја демонстрира својата решителност во имплементирањето на ЕУ реформите и постигнувањето напредок во реформите во рамките на „кластерот на основните принципи“. Континуираното целосно усогласување со CFSP на ЕУ беше, исто така, силен сигнал на стратешкиот избор на земјата за пристапување кон ЕУ. Потребни се дополнителни напори во насока на слободата на изразување, малцинските прашања и имотните права, како и во клучните области на владеењето на правото, како што се борбата против корупцијата и организираниот криминал. Процесот на проверка на EU acquis  напредуваше непречено, а властите покажаа високо ниво на посветеност. Комисијата во јули му ги претстави на Советот извештаите од скринингот за „кластерот за основните принципи“ за Албанија и со нетрпение ги очекува следните чекори. Таа има за цел да ги отвори пристапните преговори за кластерот 1 (основни принципи) до крајот на годината.  
Во Босна и Херцеговина, минатогодишниот кандидатски статус донесе многу потребна позитивна динамика. Новата влада беше формирана брзо по изборите и почна да спроведува реформи, особено преку амандманите со кои се воведува проверка на интегритетот во судството. Сепак, потребни се дополнителни напори. Ова вклучува усвојување важни реформи за владеење на правото и судство и продолжување со уставните и изборните реформи, кои се од најголем приоритет за обезбедување еднакви права за сите граѓани. Исто така, важно е да се зачува уставниот поредок на државата. Сецесионистичките и авторитарни мерки воведени во ентитетот на Republika Srpska не се во согласност со патот кон ЕУ. Потребни се дополнителни напори за Босна и Херцеговина да ги исполни клучните приоритети наведени во Мислењето на Комисијата за нејзината апликација за членство. Затоа, Комисијата препорачува отворање на пристапните преговори на ЕУ со Босна и Херцеговина, откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство  
Косово остана посветено на својот европски пат. Продолжи доброволно целосно да се усогласува со CFSP на ЕУ, вклучително и со осуда на руската агресивна војна против Украина и усвојување на рестриктивни мерки против неа. Извештајниот период беше период на законодавни достигнувања, вклучително и важна изборна реформа. Сепак, треба да се работи повеќе, вклучително и на акциониот план за реформи во правосудството. На 1 јануари 2024 година, ќе стапи на сила визната либерализација за Косово. Ситуацијата на северот на Косово беше погодена од неколку кризи, од кои последната беше насилниот напад врз косовската полиција на 24 септември 2023 година. Кон нормализација на односите со Србија, додека беше постигнат Договор во Дијалогот олеснет од ЕУ, Косово и Србија допрва треба да започнат со спроведување на нивните соодветни обврски, кои се обврзувачки за Страните и клучен дел од нивните европски патишта.  
Следни чекори  
Сега останува на Советот да ги разгледа денешните препораки на Комисијата и да донесе одлуки за чекорите што претстојат во процесот на проширување.

Комисијата презентира нов План за раст за Западен Балкан, кој вклучува 6 милијарди евра во грантови и заеми со цел забрзување на економската конвергенција со ЕУ

Денес, Европската комисија усвои нов План за раст за Западен Балкан, со цел да приближи дел од придобивките од членството во регионот пред пристапувањето, да поттикне економски раст и да ја забрза многу потребната социо-економска конвергенција. Целта треба да биде да им се овозможи на партнерите да ги засилат реформите и инвестициите со цел значително да се забрза процесот на проширување и растот на нивните стопанства. За оваа цел, предложен е нов Фонд за реформи и раст на Западен Балкан од 6 милијарди евра за периодот 2024-2027 година. Плаќањата ќе се реализираат дури по исполнување на договорените реформи.

 

Како дел од Планот за раст, секој партнер од Западен Балкан ќе биде поканет да подготви Реформска агенда заснована на постоечките препораки, вклучително и од годишниот Пакет за проширување и Програмите за економски реформи (ERP) на земјите. Оваа Реформска агенда ќе биде консултирана, оценувана и усвоена од страна на Комисијата.

 

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави: „Со денешното усвојување на новиот План за раст за Западен Балкан од 6 милијарди евра, ги приближуваме економиите од Западен Балкан поблиску до ЕУ. Потенцијалот на овој План за раст е исклучително голем. Овој план за раст може да ја удвои економијата на Западен Балкан во следните 10 години. Со комбинацијата на реформи и инвестиции, Планот ќе му овозможи на Западен Балкан наскоро да има корист од клучните области на нашиот единствен пазар, вклучувајќи го слободното движење на стоки, услуги и работници, единствената зона за плаќања во евра, транспортот, енергијата и единствениот дигитален пазар.”

 

Следни чекори

 

Сега останува на Европскиот парламент и на Советот да го испитаат предлогот за Фондот во рамките на пакетот за среднорочна ревизија на MFF. Откако ќе бидат усвоени, шесте партнери од Западен Балкан ќе бидат поканети да ги поднесат своите индивидуални реформски агенди во кои ќе се наведат социо-економските и фундаменталните реформи што ќе ги преземат за да ги поттикнат растот и конвергенцијата според Планот за раст во периодот од 2024 до 2027 година. Како неопходен предуслов, Србија и Косово треба да се вклучат конструктивно во Дијалогот за нормализација на односите поддржан од ЕУ, предводен од Високиот претставник.

Младите европски амбасадори (YEAs) организираат работилници за медиумска информативна писменост во Србија и Црна Гора

На 24-ти и 25-ти октомври, Младите Европски Амбасадори (YEAs) успешно спроведоа серија работилници за Медиумска информативна писменост (MIL) во Нови Сад и Ниш, Србија, како и во Подгорица, Црна Гора. За време на овие работилници, Младите Европски Амбасадори имаа важна можност да го споделат своето знаење за теми поврзани со медиумите, новинарството и различните аспекти на медиумската писменост со своите колеги. Настаните беа овозможени благодарение на посветеноста и напорите на Младите европски амбасадори меѓу кои Бојана Мараш, Анѓела Мициќ, Маја Трајковиќ, Ања Кафеџиска, Теодора Цекиќ и Александра Грбовиќ Битиќ.

Младите европски амбасадори на Косово (YEAs) на средба со Советот на Европа

На 20-ти октомври се одржа значаен состанок помеѓу Младите европски амбасадори на Косово (YEAs) и Канцеларијата на Советот на Европа во Приштина. Меѓу присутните беа Амина Каја, Елиента Цулај, Арјана Рудари и Таулант Ферати, сите претставници на YEAs. Со состанокот претседаваа Френк Пауер, директор на Канцеларијата на Советот на Европа во Приштина и Бетим Зланога. Средбата првично се фокусираше на деталното истражување на структурата, улогата и клучната улога на Советот на Европа во поддржувањето на основните принципи како што се: човековите права, демократијата и владеењето на правото.

 

Потоа, претставниците на Советот на Европа ги просветлија Младите европски амбасадори за кампањата„Блокирај ја омразата, сподели љубов“, наведувајќи ги проактивните чекори што се преземаат во рамките на оваа иницијатива. Состанокот заврши со конструктивен дијалог за потенцијалните придонеси на Младите европски амбасадори во активностите насочени кон борба против говорот на омраза.

Младите европски амбасадори дел од Неделата на гордоста во Црна Гора 2023

Неделата на гордоста во Црна Гора беше исполнета со многу активности организирани секој ден, цела недела од различни организации како Queer Montenegro, Spektra, Juventas итн. Слоганот на овогодинешната Неделана гордоста е Самоопределување. Самоопределувањето на транс луѓето би значело дека Црна Гора гарантира самоопределување на сите свои граѓани, без разлика на нивната припадност.

 

Агендата вклучуваше активности како што се: Модна ревија за човекови права, Панел дискусии на теми како: Право на самоопределување, Чие здравје е наше: Квалитетот на здравствената заштита за транс лица, стресот и разликите меѓу малцинските групи итн., активности за поврзување како: Квиз на гордоста, Драг шоуа, настапи на бенд, забави со диџеи итн. и главната активност: Црна Гора Гордост Нашите Млади европски амбасадори имаа главни улоги во дел, ако не и во сите од нив.

 

Младиот европски амбасадор Енес Пучурица беше главниот организатор на Црна Гора Гордост 2023 „Гордост оваа година се однесуваше на самоопределување, бидејќи го подразбира правото на секој човек да го дефинира сопствениот идентитет и тоа не треба да биде привилегија на избраните. Да се биде во Квир Црна Гора како главен организатор на Црна Гора Гордост во партнерство со локални организации беше прекрасно искуство. Навистина, имаше многу работа, но гледањето луѓе кои уживаат и го слават својот ден дава големо чувство на достигнување и верба во нашата заедница“, вели Енес.

 

Девет Млади европски амбасадори учествуваа на Неделата на гордоста во Црна Гора, меѓу кои Војин Четковиќ, Енес Пучурица, Валентина Остојиќ, Дадо Дервановиќ, Бојана Марас, Ивана Сречковиќ, Матија Пренкочевиќ, Стефан Вукмановиќ и Анѓела Радуловиќ.