Skip to main content

Area of Cooperation: Democracy and fundamental rights

СЕ ГРИЖИМЕ – ЗАЕДНО ПОДОБРО!

„Се грижиме за Европа, се грижиме за Србија и нејзините граѓани – подобро е кога сме заедно,“ е главната порака на кампањата во која учествуваат амбасадорите на ЕУ во Србија, заедно со амбасадорите на државите-членки.

 

На отпочнувањето на кампањата, амбасадорот Џауфрет и неговите колеги ги пречекаа претставниците на медиумите во резиденцијата на ЕУ во Белград. На настанот присуствуваше и министерката за европски интеграции, Тања Мишчевиќ, во дух на партнерството помеѓу Србија и ЕУ, како доказ за продолжувањето на патот кон европска интеграција на Србија.

 

Амбасадорот Џауфрет ја објасни мотивацијата за отпочнување на кампањата.

 

„Зошто ја отпочнуваме оваа кампања? Честопати, нè гледате во медиумите како дискутираме за политички прашања; како, на пример, дијалогот помеѓу Белград и Приштина или хармонизирање со надворешната политика. Се работи за важни теми, но, понекогаш, не објаснуваме зошто инвестираме толку енергија и ресурси. Одговорот се наоѓа во слоганот на кампањата: Се грижиме за Европа, се грижиме за Србија и нејзините граѓани – подобро е кога сме заедно,“ изјави амбасадорот Џауфрет.

 

Амбасадорите изјавија дека со оваа кампања сакаат да потенцираат дека се грижат за граѓаните на Србија, како и за истите работи кои ги засегаат – успешно земјоделство, зајакнување на компаниите, животна средина, обезбедување подобар квалитет на воздухот, патна инфраструктура и поврзаност, енергетска ефикасност и поддршка за надминување на енергетската криза, културно наследство, владеење на правото, образование и бројни други теми.

Непосредната финансиска помош на ЕУ за Косово надминува 1,3 милијарда евра

На 24. март, во Приштина, амбасадорот на ЕУ во Косово, Томас Суњог, ја претстави пред заменик премиерот, Бесник Бислими, шеснаесеттата последователна годишна финансиска спогодба помеѓу ЕУ и Косово во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Спогодбата, вредна 62 милиони евра, е дел од ИПА III за периодот 2021 – 2027 година, и го подигнува целосниот износ директна финансиска помош од ЕУ на над 1,3 милијарда евра, потврдувајќи дека ЕУ и нејзините земји-членки се главните финансиски донатори на Косово.

 

Ова е вториот договор за финансиска помош помеѓу ЕУ и Косово годинава; минатиот месец, ЕУ обезбеди 75 милиони евра за Косово во рамки на Пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан; со цел помош за подобро справување на граѓаните и бизнисите со зголемените енергетски цени, стимулирање штедење енергија и подобрување на енергетската ефикасност.

 

Спогодбата за финансирање, потпишана денес од заменик премиерот Бислими ќе му помогне на Косово да ја подобри социо-економската интеграција на немнозинските заедници и повратниците, овозможувајќи развој на инфраструктурата за управување со отпад и отпадни води, вклучително и канализацискиот систем во главниот град Приштина, подобрување на енергетската ефикасност во јавниот сектор и хармонизирање на косовските закони со владеењето на правото во ЕУ, како и поддршка за професионалците од сферата на правото.

 

ЕУ започна со обезбедување на ИПА средства уште во 2007 година. Програмите ИПА I и ИПА II го опфаќаат периодот од 2007 до 2020 година; вклучително и 14 годишни финансиски спогодби вредни 1,2 милијарда евра. Програмата ИПА III го опфаќа периодот меѓу 2021 и 2027 година, а годишните финансиски спогодби започнаа да се имплементираат лани; почнувајќи со спогодбата за 2021 година, вредна 64 милиони евра, како и спогодбата за 2022 година, доделена денес, во вредност од 62 милиони евра.

ЕУ и Албанија ги финализираат спогодбите ИПА22 и ИПА23, обезбедувајќи 162,6 милиони евра помош од ЕУ за Албанија

На 24. март, Советот министри при владата на Албанија ги одобри финансиските спогодби помеѓу Европската комисија и Република Албанија; во рамки на Годишните акциски планови за 2022 и 2023 година, како дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) III.

 

Програмата за 2022 година (ИПА22) вклучува придонес од ЕУ, во висина од 82,6 милиони евра, кој ќе ги опфати сферите на заштита на животна средина, развивање перспективи за младите, зајакнување на демократијата, усогласување со правото на ЕУ, продолжување на борбата против организиран криминал, зајакнување на судството; како и поддршка за реформите за исполнување на нормите и стандардите на ЕУ. Програмата за 2023 година (ИПА23) ќе овозможи дополнителни 80 милиони евра поддршка за справување на Албанците со социо-економските последици од енергетската криза. Средствата од двете програми доаѓаат во форма на грантови кои не треба да се отплаќаат од страна на Албанија.

 

Програмата ИПА23 ќе ги поддржи Албанците за справување со социо-економските последици на енергетската криза преку финансирање на одговорот на владата на Албанија за енергетската криза; кој предвидува:

 

– Субвенции за сметките за енергија за над 1 милион албански домаќинства;

 

– Поддршка за 168000 мали и средни претпријатија во Албанија за надоместување на високите енергетски цени.

 

Оваа поддршка е дел од пакетот за енергетска поддршка за Западен Балкан, вреден 1 милијарда евра, објавен на Самитот Западен Балкан во Тирана во 2022 година.

EU4Municipalities: Зајакнување на локалното управување за подобра испорака на услуги во Албанија

Шема на грантови за модернизација на локалната јавна инфраструктура и градење капацитети за подобро локално управување.

Албанија е земја со население од околу 2,8 милиони луѓе и се соочува со бројни предизвици во врскасо управувањето и испораката на услуги. И покрај значителниот напредок постигнат во изминатите децении, албанските јавни институции и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со одговорноста, транспарентноста и ефикасноста. Процесот на децентрализација отпочнат во земјата во 2014 година имаше за цел да одговори на некои од овие предизвици со пренесување на поголема моќ и одговорност од централната власт на локалните власти. Сепак, процесот на децентрализација наиде на различни пречки, меѓу кои и недостаток на ресурси и капацитети на локално ниво.

За поддршка на Албанија во надминување на овие предизвици, меѓу другото, во 2021 година започна проектот EU4Municipalities. Целта на проектот е да се поддржи развојниот потенцијал на општините и да се подобрат социо-економските и еколошките услови на локалните заедници во Албанија. Проектот има за цел да ги реши главните проблеми кои влијаат на квалитетот на животот и економските перспективи на заедницата, преку подобрување на локалните јавни услуги и нивно усогласување со европските стандарди. Проектот го спроведува конзорциум партнери предводен од НАЛАС, мрежа на здруженија на локални власти од Југоисточна Европа и вклучува невладини организации Ко-план Институт за развој на живеалишта, Еко партнери за одржлив развој и членовите на НАЛАС во Албанија, Здружение за Локална автономија и поранешното Здружение на албански општини.

“Потребата од проектот беше препознаена со директните размени помеѓу амбасадорот на ЕУ и претставниците на ЕУ Делегацијата со општинските власти и локалните заедници изминативегодини, што укажува на пристап што почнува од индивидуалните компоненти па се движи кон целиот систем.”

Елтон Стафа, Тим лидер на проектот EU4Municipalities во НАЛАС, го истакнува значајниот придонес на проектот за локалната власт. „Потребата од проектот беше препознаена преку средбите помеѓу претставниците на ЕУ Делегацијата и општинските власти изминативе години, што укажува на пристап што почнува од индивидуалните компоненти па се движи кон целиот систем“, вели Елтон.

Примарното средство за поддршка на локалните управи на проектот е шемата на грантови наменета за подобрување на локалната јавна инфраструктура, подобрување на квалитетот на јавните услуги, спроведување на општинските стратешки планови и градење на капацитети на локалната управа за управување со фондовите на ЕУ. На првиот повик за предлози објавен во 2021 година, проектот обезбеди поддршка за шест општини преку грантови до 200.000 евра. Вториот повик, објавен во 2022 година, ја прошири поддршката на дополнителни 13 општини, со грантови до 50.000 евра. Проектите кои добија грантови покриваа најразлични области, вклучувајќи локален економски развој, заштита на животната средина, подобрување на локалната јавна инфраструктура и услуги, еманципирање на младите и заедницата итн. До денес, проектот има потпишано 19 договори за грантови во износ од 1,7 милиони евра – придонес на ЕУ.

“Општините имаат голем интерес за проектот, а финализираниот грант проект покажа многу опипливи резултати. Сè на сè, EU4 Municipalites стана важен елемент за севкупниот развој на општините во Албанија.“

За проектот

ЕУ за општините (EU4M) е проект финансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да го поттикне развојниот потенцијал на општините и да ги подобри социо-економските и еколошките услови на локалните заедници во Албанија. Проектот „ЕУ за општините“ ќе го поддржи развојот на локалната инфраструктура преку обезбедување подобри јавни услуги и одржлив локален економски развој. Проектот ќе има директно влијание врз подобрувањето на квалитетот на животот и иднината на албанските граѓани во нивните заедници, а истовременоќе им помогне на локалните управи да ги зајакнат своите капацитети за управување со фондовите на ЕУ.

Како дел од поддршката за зајакнување на капацитетите на општините, проектот досега обезбеди 15 обуки за подготовка на предлог-проекти и управување со грантови на 200 општински претставници. Ентела Пингули, заменик тим лидер на EU4 Municipalites го смета дека овој проект за многу успешен. „Општините имаат голем интерес за шемата на грантови на EU4M и пристапот на проектот, бидејќи тие носат опипливи резултати. Сè на сè, EU4Municipalites станаа важен елемент за севкупниот развој на општините во Албанија“, вели Стафа.

Како дел од напорите за подобрување на капацитетите на општините, проектот спроведе 12 обуки за подготовка на предлог-проекти и управување со грантови, од кои корист имаат 490 општински претставници. Компонентата за градење капацитет е составен дел од грант шемата на EU4Municipalities. Ентела Пингули, заменик тим лидер на EU4 Municipalites ја смета оваа иницијатива за многу ефикасна“ Општините покажаа голем интерес за проектот, а имплементацијата на грант проектите се очекува да даде високо видливи резултати, кои ќе ги подобрат општинските услуги и ќе ги допрат животите на луѓето.

Во иднина, проектот EU4 Municipalities се очекува да продолжи да игра важна улога во зајакнувањето на локалната власт за подобра испорака на услуги во Албанија.

Започнуваат работилници за медиумска и информациска писменост, предводени од младите европски амбасадори, во Западен Балкан

На 7. март, младите европски амбасадори во Западен Балкан започнаа со имплементација на работилници за медиумска и информациска писменост. Станува збор за врснички настани кои ќе бидат спроведени од младите европски амбасадори кои присуствуваа на обука за медиумска и информациска писменост.

 

Првата работилница беше организирана во „Europe House“ Тирана, Албанија. Работилницата ја спроведоа двајцата млади европски амбасадори – Ериса Земзадја и Бенард Бабај. Учесниците можеа да научат за медиумска и информациска писменост преку практични и теоретски вежби. Работилницата го одбележа процесот на имплементација на работилници ширум Западен Балкан. За повеќе информации во врска со датумите, следете нè на www.webalkans.eu!

Младите европски амбасадори организираат улична акција за одбележување на 8. март – меѓународниот ден на жените

По повод меѓународниот ден на жените, младите европски амбасадори ширум Западен Балкан одлучија да се приклучат на кампањите #IWD2023 и #EmbraceEquity. Младите европски амбасадори организираа „флеш моб“ и разговараа со граѓаните за положбата на жените, нивните права и статус во општествата ширум регионот.

 

Еве што открија:

 

– Вработеноста во Западен Балкан изнесува 45 % за жени, наспроти 65 % за мажи;

– Бруто домашниот производ во Западен Балкан би бил за 20 % повисок доколку жените подеднакво учествуваат на пазарот на труд како и мажите;

– Просечниот процент на жени пратенички во Западен Балкан изнесува 33 %, а 27 % за жени министри;

– Само 12,4 % од жените дипломираат во дисциплини од доменот на науки, технологии, инженерство и математика, споредено со 49,8 % мажи;

– Само 48 % жени во Западен Балкан користат Интернет, споредено со 58 % мажи.

 

Темата на кампањата по повод меѓународниот ден на жените 2023, #EmbraceEquity, има за цел да го покрене прашањето „Зошто еднаквите можности не се доволни?“. Луѓето започнуваат од различни места; па, на тој начин, вистинската инклузија и припадност бараат рамноправна акција.

Балканската мрежа за истражувачко новинарство го започнува проектот „Зајакнување на квалитетното новинарство во Западен Балкан и Турција II“

Во текот на следните три години, центарот на Балканската мрежа за истражувачко новинарство ќе продолжи да обезбедува системска поддршка за подобрување на квалитетот и професионалното новинарство во Западен Балкан и Турција преку програмата „Зајакнување квалитетно новинарство II“, финансирана од ЕУ.  
Ќе се обезбедуваат различни обуки за млади новинари и новинари во својата средна кариера, проследени со уредничка поддршка. Истовремено, општоприфатените и јавни медиумски сервиси ќе бидат вклучени во проектните активности; особено насочени кон продукција на содржини со помош на прекугранични соработки. Преку веќе докажаната шема за награди на ЕУ и новата регионална награда, проектот ќе промовира високи стандарди во истражувачкото новинарство. Академската сфера ќе биде инволвирана преку различни активности, меѓу кои и програма за постдипломски студии за истражувачко новинарство.  
Во текот на три дена, центарот на Балканската мрежа за истражувачко новинарство се состана со седум партнерски организации со цел планирање проектни акции кои ќе обезбедат поддршка за 600 млади новинари и новинари во средината на својата кариера за креирање квалитетни новости и спроведување истражувачко новинарство, обезбедување обука за новинарство, фондови за креирање содржини и награди за успех во истражувачкото новинарство.

Сараево е домаќин на панелна дискусија за еволуцијата на наративните пропаганди за Украина

За одбележување на една година од почетокот на руската инвазија на Украина, Службата за надворешна акција на ЕУ (European Union External Action Service (EEAS)) и канцеларијата на ЕУ во БиХ, на 24. февруари 2023 г., во Сараево, организираа панелна дискусија „Еволуција на наративните пропаганди за Украина“. Дискусијата обедини панелисти од Западен Балкан, Украина и Блискиот Исток.  
Амбасадорот Јохан Сатлер, шеф на делегацијата на ЕУ и специјален претставник на ЕУ во БиХ изјави: „Оваа војна не се одвива само на военото поле, туку се случува и на бројни други полиња; вклучително и на полето за информирање. Механизмите за манипулирање со информации кои ги создаде Русија, вклучително и во годините пред војната, станаа моќен инструмент за војна кој се користи на глобално ниво. Интегритетот, професионалното новинарство и силното граѓанско општество се неопходни во време на војна; кога се случува манипулација со информациите и ширење дезинформации.“  
Панелната дискусија е дел од поширока активност на ЕУ – „Поврзување на медиумските заедници во време на дезинформации“, која се одржува на 24. и 25. февруари во Сараево. Настанот обединува новинари, проверувачи на информации, медиумски професионалци и академици од Западен Балкан, државите од Источното партнерство, Блискиот Исток, Северна Африка и пошироко. Целта на активноста е поддржување синергии преку границите, како и мапирање на потребите на медиумските заедници и обезбедување поддршка за нивната работа.

ЕУ го подобрува животот на Албанците

На 22. февруари 2023 г., Советот министри го одобри потпишувањето на Спогодбата за финансирање помеѓу Европската комисија и Република Албанија во рамки на Годинешниот акциски план за 2022 г.; како дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) III. Придонесот на ЕУ, во вредност од 82,6 милиони евра, ќе поддржи шест акции во доменот на животна средина, младина, демократија, усогласување со владеење на правото на ЕУ, борба против организиран криминал и судство.

 

Финансиската спогодба ќе биде потпишана од страна на Европската комисија и ќе биде доставена до авторитетите на Република Албанија за потпишување од нивна страна и понатамошно одобрување од Советот министри. Инструментот за претпристапна помош (ИПА) ги поддржува земјите-кандидатки за членство во ЕУ за усвојување и имплементација на клучни политички, институционални, општествени и економски реформи за усогласување со вредностите на ЕУ и прогресивно хармонизирање со правилата, стандардите и политиките на ЕУ.

Инвестициите на „EIB Global“ во Западен Балкан во 2022 година достигнаа 824 милиони евра, надополнети со 11,2 милиони евра во форма на грантови

Банката на ЕУ, преку својот орган посветен на активности надвор од ЕУ – „EIB Global“, инвестираше 824 милиони евра ширум Западен Балкан во 2022 година за забрзување на одржлива поврзаност, чиста околина, зелена транзиција, дигитализација и раст на приватниот сектор. Овие проекти придонесуваат за спроведување на Економскиот и инвестициски план на ЕУ за регионот и иницијативата на ЕУ – „Global Gateway“. Дополнително, банката мобилизираше 11,2 милиони евра во грантови за иницирање одржлив, урбан развој, енергетска ефикасност и проекти за обновлива енергија. Најголемиот дел нови потписи беше во доменот на одржлив, безбеден и ефикасен транспорт преку железнички и водни патишта; во висина од 75 % од вкупното позајмување минатата година, проследено од инвестиции во малите бизниси, заштита на животната средина и дигитализација.

 

Како еден од главните чинители на Инвестициската рамка Западен Балкан, „EIB Global“ развива и имплементира инвестиции во тесна соработка со Европската комисија, меѓународни финансиски институции и економии од Западен Балкан. Ваквиот пристап ја максимизира употребата на финансии достапни за потребните инвестиции. Банката на ЕУ дизајнираше и иновативни финансиски инструменти; вклучително и мешавина од заеми, гаранции и грантови, во рамки на Европскиот фонд за одржлив развој + (European Fund for Sustainable Development Plus (EFSD+)), за поддршка на општините, производителите на енергија, корпорациите, малите бизниси и комерцијални банки за инвестиции во секторите на енергија, поврзаност и дигиталниот сектор.