Skip to main content

Area of Cooperation: Education and training

Промена на насоката за традиционалните занаети

Црногорското дрвено бродоградежништво станува светски бренд

Одредено време, Петар Боковац беше единствениот ширум црногорското крајбрежје кој применува стара техника за градење дрвени бродови. Немал формална обука за бродоградежништво; но, уште од 1960-те, нуди услуги за поправка, користејќи традиционални техники за градење бродови во својата работилница „Bokovac Calafat“ во Бар.

Поправањето бродови не носело значаен профит, но, пред дваесет години, Петар и неговиот син, Ненад, го изградиле нивниот прв рибарски брод кој тежел 30 тона. Тогаш, сопругата на Ненад, Мирославка, одлучила да ѝ се приклучи на компанијата и да го издигне бизнисот; претворајќи ја работилницата „Bokovac Calafat“ во светски познат бренд. Мирославка понудила маркетинг за дрвените бродови изработени од нејзиниот сопруг и свекорот; промовирајќи го занаетот, како значаен елемент на културното наследство и туристички потенцијал, пред локалната заедница, властите и меѓународниот пазар.

„Тоа што можеме да го споделиме е нашиот уникатен пристап.“

Локална уметност претставена пред светот

Мирославка објаснува дека кога за првпат ја претставила идејата за промоција на изработка на дрвени бродови на традиционален начин, локалната заедница имала сериозни сомнежи. „Прашаа кој би бил заинтересиран за нашите дрвени бродови во време на модерни јахти и напредна технологија,“ вели таа.

Но, таа била упорна. „Мислев дека тоа што можеме да го споделиме е нашиот уникатен пристап.“

За да ја задржи марката на ексклузивен бренд, семејството Боковац морало да го исполни условот 80 % од употребениот материјал при изградбата на бродовите да биде од црногорско потекло. Дрвото кое главно го употребуваат за изградба е црница, добро познато ширум црногорското крајбрежје, а кое семејството Боковац го нарекува „црногорска тиковина“. Се одликува со особена леснотија, но и со цврстина; клучни за квалитетот на завршниот производ, бидејќи дрвото мора да помине важни етапи на трансформација пред да биде употребено во бродот. Мирославка вели: „Не е лесно да се набави црница, но, со оглед на тоа што сè повеќе луѓе во областа знаат дека овие материјали се потребни, добиваме сè почести повици од сопствениците кои на своите поседи имаат црница и ја нудат за продажба.“

Настанот за бродоградежништво кој го привлече интересот на медиумите во Црна Гора и регионот во текот на последните неколку години е дека работилницата „Bokovac Calafat“ е признаена од кралското семејство во Абу Даби; и тоа преку порачка на три брода: еден мал брод со мотор, еден брод за метар поголем од првиот, и трет кој е десет метри подолг. Ненад и Петар напорно работеле со својот тим за да ги исполнат барањата и на време да ги завршат бродовите. Со пристигнувањето на бродовите во Емиратите, семејството Боковац станало светски признаен бренд.

„Проектот „ReLOaD“ ни помогна за понатамошна промоција на нашите вештини во заедницата и ширум светот. Што е уште поважно, ни помогна овие вештини да ги пренесеме на младите генерации.“

За програмата

 Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (Regional Programme for Local Democracy in the Western Balkans (ReLOaD)) е финансирана од ЕУ, а имплементирана од Програмата за обединет национален развој. Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан е, моментално, во својата втора фаза; со траење до 2024 година.

Неодамна, работилницата „Calafat“ ги здружи силите со проектот „ReLOaD“, финансиран од ЕУ; започнувајќи мисија за промоција на нивната традиција ширум целото црногорско крајбрежје. Проектот „Cattaro Sail“ понудил обука за бродоградежништво за млади луѓе; како и промоција за едрење преку објави на социјалните мрежи. Големото финале беше настанот „Денови на едрење“ и регатата Котор. Модели на едрилици од овој проект беа донирани во Поморскиот музеј; а беше направен и значаен чекор за заштита на оваа историска вештина и нејзината важност за туризмот. Мирославка вели дека за работилницата „Calafat“, „Проектот „ReLOaD“ ни помогна за понатамошна промоција на нашите вештини во заедницата и ширум светот. Што е уште поважно, ни помогна овие вештини да ги пренесеме на младите генерации.“

Зборот „calafat може да се најде во грчкиот и арапскиот јазик, а уште од дамнешни времиња се однесува на занаетчиството за бродови со посебна експертиза за одржување дрвена рамка. Подоцна, овој термин почнал да се употребува за најискусните и најпочитувани бродоградители. Работилницата Боковац е единствената во светот која има право да го користи името „Calafat“. За нив, како и за Црна Гора, чест е што ја одржуваат оваа традиција во живот.

„Udhë“ наоѓа начин за автомобилско здружување во Косово

Група млади иноватори, со поддршка на ЕУ, започнуваат апликација за автомобилско здружување

Како студент во Приштина, Ерол Горчи морал неколкупати неделно да патува, од својот роден град Пеќ, приближно 80 км. Такси превозот бил скап, а автобусите не биле чести. Како и други бројни патници, и тој испробал алтернативни решенија; проверувајќи дали некој од неговите пријатели или роднини оди кон главниот град за да може да им се придружи.

Ерол студирал компјутерски науки и технологии и како што ги развивал своите ИТ способности, согледал дека пополнувањето на празнините во меѓуградскиот сообраќај со мрежа за автомобилско здружување може да биде интересна бизнис прилика. Така започна и „Udhë“ (зборот значи „пат“ или „патување“ на албански); прва апликација за автомобилско здружување во јужниот дел на Балканот која ги поврзува возачите со патници.

„Пред да ја развиеме апликацијата, најпрво, сакавме да го тестираме приодот преку социјалните медиуми и функционираше.“

Ерол и неговите другари дискутирале за идејата неколку години претходно и се договориле да креираат страница на социјалните медиуми за оние кои се заинтересирани за автомобилско здружување да можат да комуницираат меѓусебно и да договорат заедничко патување. „Пред да ја развиеме апликацијата, најпрво, сакавме да го тестираме приодот преку социјалните медиуми и функционираше,“ вели Ерол.

Групата за автомобилско здружување на Фејсбук добила околу 10000 члена за краток период. Ова било доказ дека луѓето се заинтересирани, а тимот препознал прилика за развивање професионална услуга. Започнале да ја развиваат апликацијата за возачи и патници на почетокот од 2020 година. Бидејќи имале малку искуство со вакви подвизи, се пријавиле за проектот „VentureUP“, финансиран од ЕУ, за техничка помош со посебен фокус на прототипирање. Ерол и неговиот тим искористиле вебинари и алатки за маркетинг, бизнис моделирање и финансирање кои биле особено важни при градењето на нивната експертиза.

„Поддршката од ЕУ беше неопходна за развојот и реализирањето на нашата идеја.“

За проектот

Проектот „VentureUP“ (проект „Venture Incubator“ на универзитетот Приштина) е поддржан од ЕУ во Косово и им овозможува на студентите и стартапови можности за развивање бизниси за креирање работни места и зголемување на нивните шанси за вработување во Косово. Во текот на првата програма за инкубација, во 2019 година, седум стартапови со вкупно 23 члена ја завршија програмата. Од нив, четири стартапови се регистрираа како законски бизниси; креирајќи приходи и вработувајќи вкупно 15 луѓе. Во 2020 година, дванаесет стартапови со 31 член ја завршија втората програма за инкубација. Како резултат, регистрирани беа пет законски бизниси кои создаваат приходи и вработуваат вкупно 18 луѓе.

Апликацијата е на пазарот преку „Google Play“ и „Apple store“ од јануари 2021. Денес, онлајн заедницата има преку 30000 следбеници на социјалните мрежи и приближно 15000 корисници на мобилната апликација. Преку неа, наоѓаат решение за транспортните проблеми на неколку стотици патници дневно. Сега, четиричлениот тим е во потрага на позначаен опсег и помош за обезбедување бизнис-ангелска инвестиција за проширување. Планираат да ја предложат услугата во Албанија и на балканскиот пазар каде што најголемата платформа за автомобилско здружување не успеа во подвигот.

Ерол објаснува дека во косовскиот едукативен систем има недостаток на учење на претприемништвото и начините за развивање на идеите во производи, како и начини за монетизирање на идеите. За него, проектите за инкубација се неопходни за овозможување на првите чекори во светот на бизнисот и претприемништвото. „Поддршката од ЕУ беше неопходна за развојот и реализирањето на нашата идеја,“ вели тој.

Образование за сите во Косово

Проект на ЕУ за инклузивно образование во Косово нуди поддршка за деца со посебни потреби и од ранливи заедници. Арти е дванаесет годишно дете кое е тврдоглаво за својата независност. Живее со Даунов синдром, генетско нарушување кое, обично, е поврзано со потешкотии при учење. Косовскиот закон се изменил за време на образованието на Арти, па, отсега, децата со Даунов синдром и другите деца со посебни потреби ќе можат да одат во стандардните училишта. Денес, учениците како Арти учат во нова ера. Може да биде предизвикувачки да се вклучат децата со посебни потреби во стандардните училишта без асистент на час. Со оглед на тоа што училиштето не можело да обезбеди асистент, таа улога ѝ припаднала на мајката на Арти. Тоа траело неколку години; сè додека проектот „Образование за сите“, финансиран од ЕУ, не настапил со помош за асистент за Арти и другите деца со посебни потреби во неговото училиште. Со помош на посветениот асистент, Арти успеа да биде целосно независен од мене и да развие вештини преку исполнување на повеќето од целите во неговиот индивидуален план за учење,“ вели мајката на Арти, Флорентина.

„Децата со посебни потреби се соочуваат со различни предизвици: некои имаат потешкотии при читањето, други, пак, со математика или некои останати материи. Затоа, изработуваме и спроведуваме индивидуален план за учење на секое дете со посебни потреби.“

Арти добива придружба во своите секојдневни училишни активности од Џенета Шабани, дипломка на педагошкиот факултет која се придружила на проектниот тим како стажантка. Веднаш штом започнала со работа, се состанала со класниот наставник за да состават индивидуален план за учење за Арти и започнале со негова имплементација. „Децата со посебни потреби се соочуваат со различни предизвици: некои имаат потешкотии при читањето, други, пак, со математика или некои останати материи. Затоа, изработуваме и спроведуваме индивидуален план за учење на секое дете со посебни потреби,“ вели Џенета. Џенета му помага на Арти за време на часот и е присутна през целиот час во училницата заедно со наставникот. Покрај работата со Арти, им дава поддршка и на другите деца. Нејзин долгорочен план е да работи како училиштен советник, па, затоа, искуството кое го добила преку работата на овој проект е особено значајно. „Можеби најдобриот дел од мојот ангажман во проектот е тоа што кога ќе започнам да работам како училиштен советник, ќе можам да го пренесам сето знаење од проектот во училиштето во кое работам, за, на тој начин, и други наставници и деца да можат да извлечат корист,“ вели таа. Проектот „Образование за сите“ е имплементиран од чешката невладина организација „Луѓе во потреба“ (People in Need) и други партнери од Косово. Њомза Емини од „Луѓе во потреба“ објаснува колку е неопходен проектот за децата со посебни потреби во Косово. „Имавме случаи кога училиштата беа неволни да прифатат деца со посебни потреби затоа што имаат потреба од посветување внимание, а училиштата немаат доволно персонал за поддршка. Дури и да имаат време за децата со посебни потреби, на постоечките наставници им недостига посебна обука за исполнување на потребите на овие деца,“ вели Њомза. Оттука, нејзиниот проект спроведува програма која ангажира 42 стажанти кои обезбедуваат поддршка за 250 деца како Арти кои имаат посебни потреби или, пак, доаѓаат од ранливи заедници. Проектот нуди, исто така, и обука за постојаните наставници за инклузивно образование на децата со посебни потреби. Досега, проектот обучил преку 150 наставници и планираат да достигнат бројка од 225 до неговиот крај. Проектот вклучува теми како принципи на инклузија, комуникација со деца со посебни потреби, како и препознавање и управување со случаи на задевање. „Проектот беше добредојден од страна на училишните управители и наставниците кои учествуваа,“ вели Њомза.

„Има значајни празнини во инклузивното образование во Косово и, сè додека нашите институции не успеат да ги пополнат истите, поддршката од ЕУ и други донатори е особено важна.“

За проектот Проектот „Образование за сите“, финансиран од ЕУ, бил основан во 2018 година и се фокусира на правото за еднакво образование за деца и адолесценти со посебни потреби, како и Ромите кои доаѓаат од ранливи заедници. Финансиран под покровителство на Европскиот инструмент за демократија и човекови права, проектот е имплементиран од чешката невладина организација, „Луѓе во потреба“ („People in Need“), во партнерство со косовските невладини „Autizmi Flet“ и  „Партнерство за идеи“ („The Ideas Partnership“). Во осмислувањето на обуката за наставници, проектот го искористил искуството на образовниот отсек „Varianty“ на организацијата „Луѓе во потреба“ во Република Чешка и нивната примена на насоките од Европската агенција за инклузивно образование. „Има значајни празнини во инклузивното образование во Косово и, сè додека нашите институции не успеат да ги пополнат истите, поддршката од ЕУ и други донатори е особено важна,“ вели Њомза. Проектот содржи и дополнителен сегмент кој се фокусира на подобрување на инклузивното образование на институционално ниво. Инклузивни едукативни платформи биле поставени на секоја од проектните локации; вклучувајќи ги и локалните чинители како што се општините, организациите за човекови права, а, исто така, и родителите. Инклузивната едукативна платформа во градот Јањево обезбедила стабилност во одржливоста на програмата за стажирање преку нејзино вклучување во општинскиот буџет по завршувањето на проектот. Во Обилич, пак, со поддршка на општината, успеале да реновираат специјална училница за дека со посебни потреби.

Патување во времето: како едно Скопско училиште се пресели во дигиталната ера

Како големите инфраструктурни инвестиции ослободија ресурси за финансирање модерни, дигитални наставни алатки во училиште во Северна Македонија. Едно од најстарите училишта во главниот град на Северна Македонија, Скопје, се вика „25 Мај“. Изградено во 1967 година, во моментов брои околу 1.500 ученици. Речиси 50 години не биле спроведени никакви значајни активности за реновирање. Прозорците, тоалетите, покривот, па дури и столиците и клупите биле исти како во 1970-тите, правејќи го училиштето да изгледа речиси како музеј. Фадил Муртезани како дете учел во ова училиште во 70-тите години на минатиот век. Се сеќава дека тогаш училиштето било познато како едно од најпрекрасните во градот. Четириесет години подоцна, во 2011 година, тој стана директор на училиштето. „Кровот прокиснуваше, имавме проблеми со студ во зима, па дури и столицата и клупата на кои седев беа сè уште беа таму. Го видов моето име на неа“, вели тој со малку носталгија. Заедно со новиот менаџерски тим, Фадил презеде иницијатива за итно подобрување на работите.

„Инвестициите во инфраструктурата на училиштето ослободија ресурси за финансирање модерни, дигитални наставни алатки.

Заштеда на енергија и инвестирање во дигитални алатки Работите за реновирање првично започнале како иницијатива на родителите. Започнале со мали реновирања, бојадисување на оградата на училиштето и средување на училишниот двор. Сепак, ова било далеку од доволно. На училиштето му требало многу позначајна работа, а немало средства. Сепак, поттикот и ентузијазмот од локалната заедница го привлекле вниманието на Министерството за образование и наука, кое набрзо го одобрило барањето за реновирање и реконструкција на училиштето финансирано со поддршка на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). WBIF е платформа помогната од ЕУ која здружува ресурси од различни извори, вклучувајќи ја Европската комисија, билатералните донатори и меѓународните финансиски институции. Како резултат на тоа, училиштето „25 Мај“ го обнови покривот и фасадите на училишната зграда, ги замени прозорците и ги обнови подните површини и системите за греење и електрична енергија. Овој напор за модернизација посебно ја подобри енергетската ефикасност на училиштето, овозможувајќи му да заштеди енергија додека ги подобрува условите за настава. Заштедите на енергија, над 100 % годишно, генерирани од овие инвестиции, ослободија финансиски средства кои беа наменети за друга употреба.

„Нашите часови сега се поинтересни и многу повеќе се забавуваме; ние се сметаме себеси за среќни и горди сме на нашето училиште.“

За проектот  Реновирањето на училиштето на „25 Мај“ е дел од поголем проект кој вклучува изградба на 70 нови објекти за физичко образование во основните и средните училишта и реновирање на 60 основни и средни училишта низ Северна Македонија. Проектот имаше комбинирана инвестиција на грантови и заеми канализирани преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, помогната од ЕУ. Ова вклучуваше два грантови достапни од придонесите на билатералните донатори на WBIF, како и два заеми во вкупна вредност од 42,5 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (CEB). За WBIF Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) е платформа за координација на донатори која здружува средства од различни извори, вклучувајќи ја и Европската комисија. WBIF обезбедува финансирање и техничка помош за стратешки инвестиции во енергетскиот сектор , секторот за животна срединасоцијалниот секторсекторот за транспорт и секторот за дигитална инфратруктура. Исто така обезбедува поддршка за иницијативите за развој на приватниот сектор.  Таа е заедничка иницијатива на ЕУ, финансиските институции, билатералните донатори и владите на Западен Балкан. Подобар пристап за сите Наставниците и учениците од училиштето сега имаат нов мебел и наставна опрема, како што се интерактивни табли и видео проектори во секоја училница, што ги подобрува дигиталните вештини на учениците. „Нашите часови сега се поинтересни, и многу повеќе се забавуваме, се сметаме за среќни и горди на нашето училиште“, вели Анила Ибиши, ученичка во деветто одделение во училиштето. Освен што обезбедуваат подобар дигитален пристап, реновирањето го подобрува и пристапот за учениците со попреченост. Училиштето е предводник и другите образовни институции во Северна Македонија го земаат како референтна точка за пристап до соодветна образовна инфраструктура. Постигнувањето на европските образовни стандарди во училиштето „25 Мај“ привлече внимание и прием на нови ученици. Фадил гордо вели: „Стапките на уписи се исто така значително зголемени по реновирањето бидејќи аплицираат жителите од другите општини“.

Девојчиња ја дизајнираат својата иднина во ИКТ

Растечки можности за младите во растечки сектор: тренинг програма, поддржана од ЕУ, помага во започнувањето на косовските технолошки кариери. Високата невработеност во Косово е постојан проблем и реалност која особено ги погодува младите: скоро половина од младата популација, под 24 години, не е во работен однос и многумина бараат можности во странство. Меѓутоа, една 20 годишна графичка дизајнерка одбила да се предаде на оваа сурова реалност и се посветила на својата прва прилика. „Работев случајно најдена работа кога ми се јавија од една ИКТ стартап компанија и ми понудија да се вклучам во краткорочен проект. Кога проектот беше успешно завршен, во рамки на предвидениот рок, се отвори патот за постојано вработување и, до ден денес, сè уште работам тука,“ вели Арбра Шала, постојано вработена во „АмамСтудио“ (AmamStudio) во Приштина.

„Уживам во мојата креативна средина која ми овозможува да го илустрирам светот онака како што го гледам.“

Пазарно-ориентирано професионално менторство во училиштата Процесот на учење нови вештини се забрзал во текот на последните две години за Арбра којашто ги комбинира следењето настава за графички дизајн на факултет и работата со клиенти во студиото. Нејзината одлучност не останала незабележана додека ја следела тренинг програмата каде што нејзиниот сегашен работодавец бил и нејзин ментор. Покрај останатите средношколци, Арбра била дел од деветмесечен тренинг, специјално дизајниран за вештини од доменот на Информациски и комуникациски технологии (ИКТ), кој вклучувал графички дизајн, дизајн на движење, социјални медиуми и мулти-медиуми. Училиштето во кое се запишала е едно од двете стручни средни училишта кои користат програма, финансирана од ЕУ, а спроведена од Центарот за иновации во Косово (ЦИК). По успешното завршување на обуката, учениците биле испратени да добијат директно искуство преку стажирање, а многумина од нив биле и вработени во добро утврдени компании. „Тука уживам во мојата креативна средина која ми овозможува да го илустрирам светот онака како што го гледам. Во секој дизајн или, пак, илустрација, има елементи на увеличување кои ме дефинираат,“ вели Арбра за својата работа. Вклучување на повеќе жени Во традиционално машки доминиран сектор, зголемувањето на бројот на жени во ИКТ е важен аспект; не само затоа што разноликоста во работната сила е значајна за бизнисот, туку на тој начин и самиот сектор нуди повеќе можности. ИКТ е еден од најперспективните сектори за економски развој во Косово. Тренинг програмите кои ги нуди Центарот за иновации во Косово се особено важни и барани, со зачудувачки резултати до сега. Шеесет и едно девојче од вкупно 205 ученици и 30 наставници во стручното образование и училиштата за обука во Приштина и Призрен зеле учество во тренинг програмата. Истата им овозможила на 51 возрасен да најдат работа во ИКТ – сектор во раст кој нуди зрак надеж за младите генерации да можат да го отклучат својот потенцијал дома и да придонесат за посветла иднина на државата. Покрај развивањето вештини, проектот придонел за збогатување на претприемничкиот екосистем, поддржувајќи 70 стартап компании и компании со прилагодени консултантски услуги и услуги за инкубација во центарот.

„Искрено верувам дека графичкиот дизајн може да биде моето професионално занимање.“

За проектот Проектот „Обука и едукација со пазарни ИКТ вештини за вработување и самовработување во Косово“, спроведен од Центарот за иновации во Косово, беше основан со ИПА финансии од ЕУ. Целта на проектот беше креирање нови работни места и бизнис просперитет во Косово преку развивање на вештини и иновација, како и поддршка за претприемачи, стартап компании и веќе постоечки компании. Вештини кои се бараат „Програмата имаше големо влијание затоа што овие вештини навистина се барани,“ вели Дорина Грезда од Центарот за иновации во Косово. „Овозможивме младите да се стекнат со неопходни вештини и истите да ги стават во пракса преку стажирање. На тој начин, ги зголемивме нивните шанси за вработување и самовработување, а младите добија можност да ги земат предвид ИКТ како кариерен пат.“ Мешавината од вештини се покажала како успешна стратегија за отворање можности за младите кои се во процес на дефинирање на својот кариерен пат. Таков е и случајот со Арбра; обуката ѝ овозможила да открие дека графичкиот дизајн е полето во коешто е најдобра. „Искрено верувам дека графичкиот дизајн може да биде моето професионално занимање,“ со самодоверба вели таа.

Српските училишта се подготвуваат за дигиталното доба

Училиштата во Србија преминуваат кон дигитално образование со поддршка на Европската инвестициска банка. Затворањето на училиштата и универзитетите поради Коронавирусот погоди повеќе од 90% од светската ученичка популација во 194 држави. Владите мораа брзо да реагираат и да воспостават далечинско учење; повеќето усвојувајќи онлајн програми за учење. На овој начин, кризата го потенцира дигиталниот јаз не само помеѓу државите, туку и во нивната внатрешност; како и светската потреба за дигитална трансформација на образовната инфраструктура. Европската инвестициска банка (ЕИБ) со задоволство ја поддржа Србија на овој пат, а помошта на Банката значи дека сите училишта во Србија ќе бидат дигитализирани до крајот на 2021.

„Подобра дигитална инфраструктура ја подобрува ефикасноста на училиштето во итни случаи.“

Проект кој навремено ги задоволува потребите Кога Србија прогласи затворање во март 2020, часовите се преселија од училница на телевизиско плато. Министерството за образование, наука и технолошки развој започна да емитува образовни содржини, за основците и средношколците, на српските јавни државни телевизиски канали. Како многу други држави, Србија мораше сталожено да размисли и да се адаптира на „новото нормално“ преку креирање специјализирани содржини за различни одделенија. Меѓутоа, Србија ги подготвуваше дигиталните едукативни содржини од пред веќе две години. Министерството за трговија, туризам и телекомуникации заедно со Министерството за образование, започнаа со имплементација на нивниот проект „Поврзани училишта“ во 2019, со целосна проценета вредност од 111 милиони евра. Пред овој проект, имаше 2000 дигитално опремени училници низ Србија, но во 2019 бројот се искачи на преку 10000. Според Евростат, нивото на индивидуални дигитални вештини во Србија пораснало од 32% во 2015 на 46% во 2019.   

„До крајот на следната година, повеќе од 1800 поголеми училишта ќе бидат покриени со пристап до брз безжичен Интернет.“

Во врска со Европската инвестициска банка (ЕИБ) Европската инвестициска банка е органот за кредитирање на Европската Унија. ЕИБ е најголемата мултилатерална финансиска институција во светот и еден од најголемите обезбедувачи на климатско финансирање и инвестирање во одржлива иднина за сите нас. Лани, во ноември, ЕИБ одлучи да го поддржи овој проект со заем од 65 милиони евра. Денес, проектот ги модернизира основните и средни училишта во Србија со нова дигитална опрема и вмрежување. На овој начин, инвестицијата на ЕИБ ќе ја поддржи државната образовна стратегија на Србија и ќе придонесе за раст на продуктивноста, вработување на младите и развој на способноста за иновација на државата. „Пандемијата КОВИД-19 и општествените рестрикции предизвикаа строг застој во образовниот процес и систем. Овие невидени околности покажаа дека подобрата дигитална структура ја подобрува ефикасноста на училиштето во состојба на итни случаи,“ вели Изабел Стофел (Isabelle Stoffel), висок службеник за заеми при ЕИБ, кој работеше на договорот. Милан Добријевиќ го предводи секторот за дигитална агенда на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија и работи на проектот уште од самиот зачеток. „До крајот на следната година, повеќе од 1800 поголеми училишта ќе бидат покриени со пристап до брз безжичен Интернет, додека останатите далечински ќе се поврзат со користење на мобилни широкопојасни единици,“ вели тој. Покрај дигиталната инфраструктура, проектот инвестира во обука на наставници на национално ниво. Вкупно, околу 50000 наставници од целата држава ќе ги подобрат своите дигитални вештини преку оваа обука. Почнувајќи од следната година, компјутерските науки ќе станат задолжителен предмет за првооделенците додека, пак, програмирањето ќе се воведе во трето одделение.

Наоѓање на работата од соништата во дигиталниот Облак

Нов модел на дигитална обука за разрешување на неусогласеноста на вештините и невработеноста Стапката на невработеност кај младите во Западен Балкан е една од највисоките во Европа; варирајќи од 28,3% во Албанија до 55,4% во Косово (според Eurostat 2018). Но, од друга страна, пак, остануваат бројни непотполнети работни места. Едно од решенијата е дообучување на младите преку курсеви за обука кои се фокусираат на специфични и барани, од работодавците, вештини. Ваков приод зазеде српската младинска организација RES POLIS (Центар за младински и социјален развој), специјализирана во доменот на развој на неформални образовни стратегии за поттикнување и инспирирање млади луѓе.   “Сведоци бевме на парадокс во Србија“ – објаснува Борис Негели од RES POLIS. “Од една страна, имавме висока стапка на невработеност, но, од друга страна, пак, ИТ секторот имаше сериозен дефицит на обучени работници. За нас, решението беше едноставно: Државниот завод за вработување, одговорен за обучување на невработените, треба да вклучи ИКТ обуки  во склоп на образовните програми.“ Ова беше инспирацијата за проектот ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’) кој го започна RES POLIS уште во 2009 година. Целта беше да се развијат ИКТ образовни програми во домени каде што имаше недостаток на талент. Оттогаш, ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’) континуирано расте. Проектот е поддржан од програмата ЕРАЗМУС+ на Европската Унија, која промовира соработка на полето на образование, обуки и младинска работа, вклучувајќи го, исто така, и Западен Балкан. Овој проект обединува партнерски организации од Франција, Италија, Албанија и Кипар, кои придонесуваат со своите различни искуства. Со оглед на тоа што многу држави ширум Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици, споделувањето на искуства е од неопходна важност. Понудените обуки покриваат најразлични полиња; од графички дизајн, веб дизајн, програмирање и 3Д моделирање, па сè до основни анимации за игри. Секој помеѓу 18 и 30 години може да се пријави, а особено ги мотивираме да аплицираат младите од маргинализираните групи. За да се здобијат со меѓународно искуство, успешните кандидати продолжуваат со обуката во некоја од државите-партнери.

“Од една страна, имавме висока стапка на невработеност, но, од друга страна, пак, ИТ секторот имаше сериозен дефицит на обучени работници. За нас, решението беше едноставно: Државниот завод за вработување, одговорен за обучување на невработените, треба да вклучи ИКТ обуки  во склоп на образовните програми.“

Излез од затворен круг Ериселд, 26 години, од Албанија, е еден од многуте млади кои се пријавиле за обука. “Иако имам дипломирано во доменот на информатички технологии, за да заработам за живот морав да работам во фабрика наместо според професијата“ – вели тој. Ериселд објаснува дека иако учеле премногу теорија на факултет, му недостигало практично знаење.

“Моите работни перспективи се променија кога дознав за ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’). Беше тоа што навистина ми требаше.“

Поглед кон иднината Побарувачката континуирано расте, а RES POLIS постојано гледа кон иднината. Програмите редовно се евалуираат со цел да ги исполнуваат потребите на бројните предизвици со кои се соочува ИТ секторот на долгорочен план. Крајната цел е нивните веќе испробани и тестирани ИКТ програми да бидат инкорпорирани во портфолиото обуки за невработени на Државниот завод за вработување. Ситуацијата наликувала на безизлезен круг – му требало искуство за да го искачи првото професионално скалило, но, најпрво, некој требало да го вработи. “Моите работни перспективи се променија кога дознав за иницијативата ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’). Беше тоа што навистина ми требаше,“ – вели Ериселд. Ериселд учествувал во две десет дневни обуки како дел од иницијативата ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’) во Србија и Италија, благодарение на коишто се стекнал со нови вештини и видувања од странство. Кратко потоа, добил и работна понуда од InTech; ИТ компанија со седиште во Тирана, каде што Ериселд ја завршил практичната обука за време на проектот. Откако се здобил со работно искуство, Ериселд презел решителен чекор и одлучил да работи хонорарно, нудејќи ИТ услуги за локални и меѓународни клиенти. Неговите планови за иднината вклучуваат започнување сопствена компанија и вработување други луѓе.