Skip to main content

Area of Cooperation: Democracy and fundamental rights

Забелешки на претседателката фон дер Лејен на отворањето на самитот Берлински процес

Ви благодарам многу, премиере, драг Еди,

 

Господин Бундесканзлер,

 

Драги пријатели,

 

Каква приказна штотуку видовме на екранот, каква приказна. И колку моќна порака e тоа што ова не е само десетти Берлински процес, туку и првпат во земја од Западен Балкан. Моќна порака во светот што го опиша, Еди, каде што сме сведоци на страшна војна што ја започна Русија против Украина. Украина се бори за својот суверенитет и територијален интегритет и за нашите вредности. Исто така, видовме и грозоморен терористички напад на Хамас во кој загинаа повеќе од 1.400 луѓе, мажи, жени, деца, бебиња, само затоа што се Евреи. Живееме на планета што гори. Ние сме предизвикани од GenAI. Во овие времиња, ви требаат најдобри пријатели. И како што рековте вие, вие сте најдобриот пријател што можеме да го посакаме. Дозволете ни да работиме за да се приклучите на Европската унија која докажа дека е возможно заедно да имаме траен мир и одржлив просперитет.

 

И навистина, каква моќна порака упативме вчера, кога започнавме со регистрацијата на Тиранскиот колеџ на Европа. А тие млади студенти сега ќе учат европски прашања. Тие потекнуваат од Албанија, од целиот Западен Балкан, од Европската Унија. Каква моќна порака за следната генерација која ќе ја унапреди идејата за Европската унија.

 

Берлинскиот процес, како што рековте, започна во 2014 година. И вреди да се разгледаат трудовите од тоа време: „Целта да се постигне вистински напредок во реформскиот процес и регионалната економска соработка“. Затоа сме тука. И веќе поставивме добра основа со нашиот економски и инвестициски план од 30 милијарди евра. Се испорачуваат резултати. Половина од планот, 16 милијарди евра, всушност се веќе распоредени. Но, треба да се направи повеќе. И сакам да се фокусирам неколку минути на тоа.

 

Нашите економии, Западниот Балкан и Европскиот единствен пазар, сè уште се премногу оддалечени. Економиите од Западен Балкан се 35% од ЕУ просекот. Значи, ние навистина треба да го искористиме потенцијалот што е овде во Западен Балкан и да го доближиме до Европскиот единствен пазар. А токму ова е целта на Планот за раст. Знаеме дека, од искуството од проширувањето, силата на проширувањето секако лежи во вредностите што нè обединуваат со земјите кои, чекор по чекор, се приклучија на Европската унија. Но, втората сила е економскиот развој. Секогаш кога имаше проширување, не само што оние земји кои пристапија кон Европската унија имаа огромен поттик во нивниот економски развој бидејќи се приклучија на Единствениот пазар, туку и Европската унија се подобруваше затоа што Единствениот пазар стана поголем.

 

И ова е сега принципот на Планот за раст. Сакаме практично да ги отвориме вратите на Единствениот пазар, Европскиот единствен пазар, на компаниите од Западен Балкан во специфични области. И ние треба да го организираме ова сега. Ги отвораме вратите во области, во форма на слободно движење на стоки и услуги, патниот транспорт, енергијата, електричната енергија, Единствениот дигитален пазар на ЕУ и, што е многу важно, ги олеснуваме безготовинските плаќања со единствена европска платежна област – само како примернаведувам неколку елементи.

 

Но, се разбира, отворањето на вратите не е доволно. Земјите од Западен Балкан, исто така, треба да го комплетираат својот Заеднички регионален пазар. А тоа значи дека услов е и земјите од Западен Балкан да им дадат пристап на соседите до нивниот пазар [да им дадат на соседите пристап до нивниот пазар]. Со други зборови, ако го свртам ова од другата страна, доколку има блокади, единствениот што можете да го блокирате сте самите вие. Останатите ќе продолжат понатаму.

 

И за да се продолжи понатаму, потребни се реформи, длабоко вкоренети реформи, исто така, за подобрување на бизнис климата, со цел да се направи околината поатрактивна. Овие реформи ќе бидат придружени со финансирање на инвестиции од Европската Унија, доколку се случат. Овој План за раст е многу силен поттик. Поттик економски да се отворат вратите, но и да се побара отворање на границите меѓу земјите од Западен Балкан и да се направат потребните реформи. Со тоа доаѓа и финансирањето на инвестиции.

 

Само со заедничка работа ќе го доведеме Западен Балкан таму каде што припаѓате, во срцето на Европската унија. Историјата, навистина, е во движење. Мојата порака е: Ова е одлучувачки момент сега. Не пропуштајте ја можноста, зграпчете ја можноста, искористете го моментот и ние работиме заедно со вас за тоа.

 

Благодарам многу, Еди.

„Обединети во различноста“ – ЕУ на Парадата на гордоста во Белград

Под слоганот #ЕУзаСите и „Обединети во различноста“, членови на делегацијата на ЕУ во Србија и амбасадите не земјите-членки присуствуваа на Парадата на гордоста во Белград. „Среќни сме што учествуваме на Парадата на гордоста и сакаме да потенцираме дека се заложуваме за еднаквост и сме против секаква форма на дискриминација. Сакаме сите да уживаат во истите човекови права, самите да избираат кого ќе љубат, а мисијата на Парадата на гордоста е луѓето од ЛГБТ+ заедницата да ги имаат истите права како сите други,“ изјави амбасадорот на ЕУ во Србија – Емануеле Џауфрет.
 

Заедно со амбасадите на земјите-членки, Џауфрет испрати порака за толеранција, љубов и недискриминација.

 

Маршот на гордоста започна низ централните улици во Белград, со поаѓање од паркот Мањеж. Меѓу учесниците беше и министерката за европска интеграција, Тања Мишчевиќ, која потенцираше дека пораката на годинешниот марш е „заштита на правата на секој граѓанин“ за припадниците на која и да било малцинска заедница. „Неделава зборуваме за правата на ЛГБТ+ заедницата, права кои сè уште се специфични и бараат дополнителна заштита, бидејќи постои недоразбирање за тоа што го зборуваме,“ изјави Мишчевиќ на Маршот на гордоста.

 

Таа додаде дека државата работи на сите проблеми кои се важни за заштита на правата на ЛГБТИ+ заедницата, кои, според неа, се однесуваат на подобро разбирање за почитување на нивните права, но исто така и специфична заштита.

 

Директорот на Парадата на гордоста во Белград – Горан Милетиќ потсети дека станува збор за 15. Парада на гордоста, но дека пет паради биле исто така забранети. „Не сме нималку близу до исполнување на барањата, затоа што од 2014 г., па сè до лани, чувствуваме дека нешто се случува, имаше сè помало и помало присуство на полиција, се изготви Закон за истополови заедници, но истиот беше одложен, а парадата „Europride“ беше забранета,“ изјави Милетиќ.

 

Барањата кои ЛГБТ+ заедницата во Србија ги истакнува по десетти пат се закони за истополови заедници и родов идентитет, побрзо решавање на случаите со насилство против лицата од ЛГБТ+ заедницата и други.

 

За време на Неделата на гордоста, амбасадорот на ЕУ – Емануеле Џауфрет и заменик амбасадорот Пламена Халачева присуствуваа на неколку настани организирани од организаторите на Неделата на гордоста. Заедно, присуствуваа на Неделата на гордоста на Калемегдан, а заменик амбасадорот Халачева присуствуваше и на отворањето на конференцијата за човекови права.

Отворање на Неделата на гордоста во Србија

Отворањето на Неделата на гордоста се случи на 4. септември, на Калемегдан, во присуство на амбасадорот на ЕУ во Србија – Емануел Џауфрет, заменик шефот на Делегацијата – Пламена Халачева, како и претставници на дипломатскиот кор. Активистите носеа транспаренти со натписи „Закон за истополови заедници“, „Закон за родов идентитет“, „Не сме ни приближно блиску“.

 

За време на Неделата на гордоста планирана е серија настани за човековите права на ЛГБТ+ лицата во Србија. Најавена е и парада во сабота, 9. септември, а маршрутата ќе поминува низ центарот на Белград. „Сегашниот момент не е нималку оптимистичен за ЛГБТ+ заедницата, а ситуацијата е значително влошена во споредба со минатиот период,“ изјави Горан Милетиќ – директор на „Belgrade Pride“, на отворањето.

 

Потсети дека минатата година владата ја забрани планираната маршрута на „Europride“ и дека го забрани усвојувањето на законот за истополови заедници. Едни од основните вредности на ЕУ се еднаквоста и човековите права. Преку мотото „обединети во различностите“, ЕУ сака да изрази солидарност и да ги одбрани еднаквоста и љубовта во сите форми.

 

Неделата на гордоста се одржува од 4. до 10. септември.

ЕУ донира специјализирана опрема за Директоратот за координација на полициски тела во БиХ

Како дел од континуираната поддршка за капацитетите за управување со миграциски текови во БиХ, денес, во Сараево, ЕУ донираше опрема, вредна 170900 конвертибилни марки, за Директоратот за координација на полициски тела на БиХ.

 

Карел Лизерот, раководител на Секторот за правда и внатрешни работи, миграција и реформи на јавна администрација, при Делегацијата на ЕУ во БиХ, му ја предаде опремата на Енес Кариќ, директор на Директоратот за координација на полициски тела на БиХ. „ЕУ инвестира во градење капацитети на агенциите инволвирани во одговарање на миграциските текови во БиХ, вклучително и Директоратот за координација на полициски тела на БиХ. Нашата поддршка ќе продолжи во периодот што следува,“ изјави Лизерот.

 

Оваа опрема вклучува специјализирана заштитна облека и обувки и е дел од севкупната поддршка за работата на Директоратот за координација на полициски тела на БиХ која значително ќе ја олесни работата на полициските службеници на терен. Имено, во март, годинава, ЕУ донираше десет специјализирани теренски возила, вредни 725000 конвертибилни марки, за Директоратот кои ќе им помогнат на полициските службеници, зголемувајќи ја нивната мобилност и ефикасност.

 

ЕУ останува посветена на поддршката за БиХ за управување со миграциските текови во државата. Преку заедничките напори и континуирана поддршка, ЕУ има за цел да овозможи добросостојба и заштита на мигрантите; поддржувајќи ја, истовремено, водечката улога на државата во одговарањето на миграциските текови и одржливи решенија. Проектот е имплементиран од Меѓународната организација за миграција во партнерство со Високиот комесаријат на ООН за бегалци, УНИЦЕФ и Фондот за население на Обединетите нации.

Повикот за наградата за истражувачко новинарство на ЕУ за 2023 г. е затворен

Новинарите од Западен Балкан и Турција испратија преку 260 апликации на повикот за наградата за истражувачко новинарство на ЕУ за 2023 година. Вкупно беа примени 267 апликации во двете категории – национална и регионална. Апликациите потекнуваат од седум различни држави. Престижната награда оддава признание на истражувачките стории објавени во текот на изминатата календарска година.

 

Од добиените апликации, жирито за евалуација ќе избере три најдобри стории од секоја од седумте држави, со што ќе се добијат 21 избрана сторија. Ваквиот процес на селекција овозможува признание за исклучителните стории од секоја држава. Годинава, наградата воведе и дополнување во вид на регионална награда. Оваа категорија има за цел да оддаде признание на најдобрите стории кои ги надминуваат националните граници и третираат проблеми важни за целиот регион. Преку оваа категорија, наградата има за цел да ги инспирира новинарите да ги прошират своите перспективи и да адресираат прашања кои имаат пошироко влијание.

 

Ќе биде формирано посебно жири за евалуација на сториите во трка за регионалната награда. Жирито ќе ги прегледа сите стории и ќе ги избере најдобрите три кои имаат најзначајно регионално влијание. Ваквата иницијатива ќе поттикне дух за соработка меѓу новинарите и ќе ги охрабри да се интересираат за регионални прашања кои ја засегаат пошироката публика. Во текот на изминатите четири години, беа наградени 84 истражувачки стории од Западен Балкан и Турција, напишани од 124 новинари. Овие стории придонесоа за решавање случаи на злоупотреба на моќ, корупција, организиран криминал, загадување на екосистемот и други злодела.

 

Европската награда за истражувачко новинарство 2023 е дел од проектот „Зајакнување на квалитетно новинарство во Западен Балкан и Турција II“. Проектот има за цел оддавање признание и промовирање на исклучителните постигнувања во истражувачкото новинарство и подобрување на видливоста на квалитетното новинарство во Западен Балкан и Турција.

“ИМАШ ПРАВО!” – КАМПАЊА ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ

Кампањата за промовирање бесплатна правна помош во Србија, насловена „Имаш право!“, беше претставена пред локалните медиуми и јавноста во Ниш. Оваа кампања е дел од проектните активности на „Механизмот за поддршка на владеењето на правото во Србија“, кофинансирана од ЕУ и германското федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементирана од GIZ. Кампањата е заеднички иницирана и развиена во партнерство со Министерството за правда и Министерството за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија. И има за цел да ја подигне свеста за механизмот за бесплатна правна помош.

 

Законот за бесплатна правна помош беше донесен во 2019 година со цел да се обезбеди пристап до правда и правна заштита за секој поединец, особено за најранливите граѓани. И покрај воспоставувањето на системот за бесплатна правна помош на крајот на 2019 година, сè уште постои недостиг на свест кај граѓаните за нивното право на бесплатна правна помош, како и неколку недостатоци во спроведувањето на законот.

 

“Имаш право!” кампањата ќе се спроведува во фази во подолг времнски период. Првенствено ќе се фокусира на единиците на локалната самоуправа каде што правото на бесплатна правна помош може да се оствари согласно законот. Дополнително, ќе се направат напори за зајакнување на капацитетите преку теренски обуки за службениците одговорни за буџетирање и одобрување апликации.

НАПРАВЕНО ОД НАС: Извонредната авантура заврши успешно!

Кампањата „Направено од нас – патување низ ЕУ-Западен Балкан“, поддржана од ЕУ и овозможена за вас од страна наWeBalkans, заврши со голем успех. Кампањата имаше за цел да поттикне позитивна перцепција за ЕУ кај луѓето од Западен Балкан, и обратно. На патувањето учествуваа 12 млади влогери, поточно динамични поединци од ЕУ и од Западен Балкан, кои тргнаа на заедничко патување низ Западен Балкан. Секој пар влогери ги документираше своите искуства и секојдневно споделуваа интересна онлајн содржина од патувањето.

 

Минатата недела, на 12 јуни 2023 година, влогерите имаа шанса да го посетат Берлимонт, седиштето на Европската комисија и се сретнаа со членовите на кабинетот на комесарот Вархелји како дел од завршниот настан на кампањата Направено од нас. Настанот беше шанса за влогерите да ја покажат својата најдобра содржина и да зборуваат за најнезаборавните моменти од патувањето, како и за тимот на Направено од нас да ги презентира прелиминарните резултати од кампањата. По првите презентации, влогерите го посетија седиштето на DG NEAR, каде што беа топло пречекани од Сигрид Бретел, вршител на должноста раководител на Одделението за меѓуинституционални односи и комуникации во DG NEAR. За време на оваа интеракција, влогерите имаа можност дополнително да ги споделат своите лични искуства од патувањето и влогирањето, како и вредните повратни информации и научените лекции од завршените патувања. Настанот заврши со разгледување на Брисел, што беше специјално организирано за влогерите да се збогуваат еден со друг и да го прослават завршувањето на проектот.

 

Кампањата започна на 18 април и продолжи до 30 мај, при што секоја недела фокусот се ставаше на еден од WB6партнерите. Влогерите покрија вкупно 18 проекти поддржани од ЕУ, 6000 км со автомобил и се сретнаа со интересни и инспиративни локални личности на патувањето, притоа прикажувајќи ги природните пејзажи, извонредните знаменитости и уникатното културно наследство што може да го понуди Западен Балкан. Дванаесетте влогери ги снимија своите искуства користејќи сопствена опрема и канали на социјалните медиуми, преточувајќи го патувањето во висококвалитетни содржини за на социјалните медиуми и на веб, фотографии и видеа, кои беа дистрибуирани на WeBalkans каналите.

 

За повеќе информации за ова возбудливо патување, ве молиме посетете ја Made of Us campaign page

Локална еманципација за европска интеграција на Албанија

Иницијатива финансирана од ЕУ ги зајакнува албанските општини со цел да имаат повлијателна улога во процесот на европска интеграција.

Во 2014 година, Албанија презеде значајна иницијатива за реформирање на системот на локалната самоуправа, стремејќи се кон реална и суштинска децентрализација, преку надградба на претходните, но недоволни напори. Оваа иницијатива се обиде да ја зајакне локалната самоуправа со значителни финансиски и економски овластувања, права и одговорности. Целта на оваа иницијатива е подобрување на административните, инвестициските, регулаторните и услужните способности во основните функции, истовремено опфаќајќи и трансфер на дополнителни одговорности. Едновремено, територијалната административна реформа имаше за цел да ги преструктуира административните граници на земјата преку реорганизација на фрагментираните единици на локалната самоуправа. Ова преструктуирање имаше за цел да ги реши проблемите на незадоволителните јавни услуги што им се обезбедуваат на локалните заедници и отсуството на економии од обем, што резултираше во прекумерни административни трошоци. Целта беше да се создаде покохезивен и поефикасен територијален систем кој ќе може подобро да служи на потребите на населението.

“Сепак, оваа перцепција е неточна, бидејќи значителен дел од законодавството всушност се спроведува на локално ниво. Конечно, беше препознаено дека интеграцијата во ЕУ е опсежна практика, а општините играат клучна улога во овој процес.”

Друг клучен аспект што се адресира со реформата на локалната власт во Албанија се однесува на улогата на општините во процесот на интеграција во Европската Унија (EU). Јоланда Требицка, извршен директор на Организацијата за граѓанско општество Europartners Development Албанија (EPD) во тоа време беше меѓу експертите активно вклучени во реформскиот процес. Таа истакнува дека меѓу властите преовладува мислењето дека интеграцијата во ЕУ првенствено се фокусира на приближување на законодавството на централно ниво, занемарувајќи го значењето на локалното управување. „Сепак, оваа перцепција е неточна, бидејќи значителен дел од законодавството всушност се имплементира на локално ниво. Албанија го започна процесот на усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ. Како и во земјите на ЕУ, проценката во Албанија потврди дека 70% од хармонизираното/усогласеното законодавство со законодавството на ЕУ се имплементира на локално ниво. На крај, беше согледано дека ЕУ интеграцијата е сеопфатна практика и општините играат клучна улога во овој процес“, вели Требицка. Следствено, првичната стратегија за децентрализација имаше за цел да воспостави ЕУ катчиња во 30 општини во Албанија до 2020 година.

Во 2017 година, ЕУ во Албанија го иницираше проектот „Општините за Европа“. Овој проект имаше за цел да ја подигне улогата на општините во процесот на интеграција во ЕУ на повисоко ниво. Почнувајќи речиси од нула, проектот обезбеди сеопфатна поддршка во различни области, вклучително и помош за сите 61 општина во формирањето на ЕУ единиците и нивно оспособување да ги извршуваат своите должности успешно и ефикасно. Проектот организираше неколку обуки за подобрување на капацитетот на општините за пристап до фондовите на ЕУ и ги поддржа ЕУ единиците во организирање настани во локалната заедница за ширење информации поврзани со ЕУ.

“Постојат области кои бараат дополнителни подобрувања. Сепак, можам со сигурност да тврдам дека ги поставивме темелите за општините да преземат многу позначајна улога во процесот на ЕУ интеграција во иднина.”

За проектот

Општата цел на проектот Општините за Европа беше да ги зајакне капацитетите на општинското управување и да допре до албанските граѓани и албанските локални администрации со информации за ЕУ, нејзините политики, програми и фондови. Сите проектни активности беа организирани околу следните компоненти: интеграција во ЕУ и координација на донатори, институционално зајакнување и обука, вмрежување и онлајн комуникација, видливост и настани и меѓусекторски прашања. Проектот за техничка помош обезбеди поддршка за формирање и ефективно функционирање на Единиците за ЕУ прашања во секоја општина. ЕУ Единиците се од клучно значење за управувањето со внатрешните (во општините) координативни процеси за прашања поврзани со ЕУ и служат како главна структура за координација и имплементација на активностите за информирање на заедницата. Вкупната финансиска вредност на проектот (двете фази) е 3,6 милиони евра.

Дополнително, проектот даде своја поддршка на ЕУ Делегацијата во спроведувањето на информативните и комуникациските активности на општинско ниво. Ова вклучува помош во кампањи против илегалната миграција, промовирање на програмата ЕРАЗМУС+ на млади поединци во општините и подигање на свеста за ЕУ програмите за поддршка на руралните средини на локално ниво. Важна кампања беше „Европа е тука“ која се состоеше од информирање на локалното население за придонесот на ЕУ за социјалниот и економскиот развој на локалните заедници.

Генерално, проектот даде значаен и суштински придонес во зајакнувањето на капацитетите за управување на општините во однос на прашањата поврзани со ЕУ, при тоа придонесувајќи со позитивни резултати. Проектот се смета за најдобра практика во земјите од Западен Балкан за време на настанот организиран од Комитетот на регионот во рамките на Денот на проширувањето, на 6 јули 2022 година. Сепак, г-ѓа Требицка признава дека сè уште има простор за подобрување. „Постојат области кои бараат дополнителни подобрувања. Треба да се направи повеќе за да се информираат и подигнат капацитетите на целата локална администрација и да се поддржат градските совети за да играат попроактивна улога во важните процеси на интеграција во ЕУ на терен. Сепак, можам самоуверено тврдам дека ги поставивме темелите за општините да преземат многу позначајна улога во процесот на ЕУ интеграција во иднина“, потврдува Требицка.

Извештај во сенка за Поглавје 27 “Напредок во мирување” презентиран во Европска куќа Подгорица

Пред Европската зелена недела, Коалицијата 27 го претстави Извештајот во сенка за Поглавјето 27: „Напредок во мирување“, со цел да се обезбеди севкупна слика за напредокот на Црна Гора во ЕУ пристапниот процес од јануари 2022 до мај 2023 година, во однос на подобрувањето на заштитатаживотната средина и состојбата со климатските промени.

 

Оценката за спроведените активности на ова поле е веќе наведена во насловот на извештајот „Напредок во мирување“ (нацрт). Покрај анализата на суштински прашања, извештајот вклучува и сет препораки за зајакнување на процесот на транспонирање и имплементација на ЕУ законодавството опфатено со Поглавје 27.

 

Извештајот е изготвен како дел од проектот „Зајакнување на учеството на граѓанското општество во секторот за животна средина во ЕУ пристапниот процес (4E)“, финансиски поддржан од Европската Унија преку Програмата за граѓанско општество 2021 и Тематската програма за човекови права и Демократија 2021 година.

Поддршката на ЕУ го зајакнува Системот за водење на матични книги на Косово, при тоа поплочувајќи го патот за ефикасност и доверливост

Матичната служба на Косово објави успешна интеграција на над 3 милиони исчезнати евиденции за граѓански статус во нивниот систем за управување со идентитетот. Ова достигнување беше овозможено софинансирање од Европската унија (ЕУ) и со поддршка на Данскиот совет за бегалци, во периодот од 2012 до 2023 година. Целта на проектот е да се исполни мандатот на агенцијата во рамките на процесот на дијалог меѓу Косово и Србија.

 

На 1 јуни 2023 година, Матичната служба на Косово може официјално да го објави успешното завршување на интеграцијата на податоците од над 12.000 регистри за граѓански статус во нивниот систем. Ова достигнување го означи финализирањето на проектот „Дигитализација на заверените копии од Матичните книги –фаза III “, кој имаше за цел да ги поврзе е-архивата на заверени копии и Централната матична служба на Косово. Проектот, финансиран од ЕУ, имаше буџет од 2 милиони евра и беше спроведен од Данскиот совет за бегалци во период од 42 месеци, почнувајќи од 2 декември 2019 година.

 

Главната цел на проектот беше да придонесе за создавање на единствен, сеопфатен надграден систем на податоци за граѓанскиот статус за подобрување на веродостојноста на системот за регистрација на Косово во рамките на дијалогот Белград-Приштина. Клучниот персонал на Матичната служба на Косово, Министерството за внатрешни работи, како и општинските канцеларии за граѓански статус, (кои обезбедуваат услуги на локално ниво) учествуваа во проектот.