Драгоценото живеалиштето на кафеавата мечка се протега низ Црна Гора и Босна и Херцеговина. Работејќи во прекуграничен проект, научниците стекнале нови сознанија за овие иконски суштества.
Борко има само пет години, но веќе е славен во Црна Гора. Лани, бил на сите црногорски медиуми и, сè уште, е набљудуван 24 часа на ден; исто како лик во ТВ реално шоу. Борко е мечка и, поради научни причини, е под надзор како дел од проектот „Bear in Mind“ финансиран од ЕУ.
Борко бил фатен пред една година кога тимот научници од проектот му ставиле ланче со GPS-трекер и сателитски предавател пред веднаш да биде ослободен. Предавателот се состои од картичка која испраќа дури седум пораки дневно до контролниот центар, обезбедувајќи ги координатите на Борко. На овој начин, проектниот тим може да дознае повеќе за неговите движења, исхрана и други навики.
„Претходниот ден, осумпати го преплива езерото Плива кое е огромно езеро. Не бевме свесни дека млада мечка е способна за тоа.“
Јасмин Муриќ е координатор на проектот. Ги опишува изненадувањата што ги доживеале од движењата на Борко: „Претходниот ден, осумпати го преплива езерото Плива кое е огромно езеро: одличен пливач е. Не бевме свесни дека млада мечка е способна за ова,“ вели тој. Опишува уште една карактеристична навика на Борко: поголем дел од времето го поминува во длабочините на кањонот на реката Сушица; можеби барајќи засолниште од студените зими, каде што воздушните струења се послаби.
Прекугранична работа
Бројот на мечки во пределот каде што живее Борко е далеку од минимумот одржлива популација, а се соочува и со бројни човечки закани. Ова се должи на тоа што Јасмин го опишува како претерана перцепција на ризик од напад на мечки, губење на живеалиштата поради урбанизација и климатски промени. Фрагментираното прекугранично управување било, исто така, проблем во минатото. Но, мечките не знаат за граници и затоа е особено важно партнерството со организации во Босна и Херцеговина; со цел споделување искуства и развивање заеднички планови. Со прекуграничната работа за набљудување мечки и управување со нивното живеалиште, Јасмин знае дека Борко и неговото пошироко семејство ќе бидат подобро.
Со помош на податоците од GPS-трекерот на Борко, тимот на Јасмин работи на развивање интензивен десетгодишен план за управување којшто ќе обезбеди стратешки приод за подобра заштита на овој животински вид и нивното окружување. На пример, доколку Борко редовно ја напушта заштитената зона на Националниот парк Дурмитор, би можеле да предложат проширување на територијата на паркот. Ако забележат дека оди кон селата, би можеле да работат на мерки за зголемување на совеста меѓу локалното население за да се осигурат дека на мечките не им претстои опасност од стапици. Со прекуграничната работа за набљудување мечки и управување со нивното живеалиште, знам дека Борко и неговото пошироко семејство ќе бидат подобро.
„Со прекуграничната работа за набљудување мечки и управување со нивното живеалиште, знам дека Борко и неговото пошироко семејство ќе бидат подобро.“
За проектот
Проектот „Bear in Mind“ е имплементиран од Центарот за заштита и истражување на птици од Црна Гора во соработка со партнерски организации од Босна и Херцеговина. Проектот е финансиран од ЕУ во рамки на ИПА програмата за Прекугранична соработка 2014 – 2020.
Градење добри резултати
Овој проект не е само за Борко или кафеавата мечка. Тимот планира да фати и означи две локални видови птици – еребица камењарка и мал тетраб. На сличен начин, ова би помогнало да се добијат значајни сознанија за подобро да се разберат нивните навики и движења.
Денес, Борко хибернира во своето дувло. Јасмин и неговиот тим очекуваат да се разбуди при крајот на април кога со нетрпение ќе очекуваат да продолжат со неговото следење.
Јасмин објаснува дека информациите за видот на живеалиште кое мечките го користат за хибернација, како и времето поминато во зимски сон и моментот на излегување од истиот, се важни исто така. „Овие податоци можат да бидат значајни за нас за да дојдеме до одредени заклучоци за тоа како менувањето на климата се поврзува со сезонските навики на мечката.“
Чистење на потонати бродови од Втората светска војна придонесува за побезбеден Дунав и зголемување на економијата на Србија.
Дунав е втората најдолга европска река која тече низ десет држави. Нејзиното целосно течение во Србија (588 км) е пловно, но нејзиниот воден пат е значително потесен кај кањонот Џердап поради многуте потонати бродови при крајот на Втората светска војна.
Во тој дел на Дунав, нагоре по течението на пристаништето Прахово, водниот пат е широк само 180 метри, а дваесет и трите потонати брода дополнително го стеснуваат протокот на само 100 метри. Оттука, проектот, поддржан од Европската инвестициска банка, за отстранување на потонатите бродови е од исклучителна важност, затоа што подводните пречки ја отежнуваат пловидбата; особено кога нивото на реката е ниско. Првиот дел од проектот е фокусиран на изнаоѓање соодветен начин за отстранување на мини и опасни супстанции од бродовите; како и наоѓање на нивната точна локација.
„Инвестицијата ќе го подобри речниот транспорт во Србија затоа што државата годишно губи сè до 5 милиони евра поради небезбедна пловидба во овој дел на Дунав.“
Побрза и побезбедна пловидба по Дунав
Одредени делови од бродовите коишто повеќе од седум декади лежат на дното на Дунав ќе бидат изложени, а остатокот ќе се биде вратен во Германија. Чистењето на речното корито ќе ја направи пловидбата во овој дел на Дунав далеку побезбедна и побрза, а ќе биде, истовремено, и еколошко подобрување. Инвестицијата ќе го подобри речниот транспорт во Србија затоа што државата годишно губи сè до 5 милиони евра поради небезбедна пловидба во овој дел на Дунав, според поранешната министерка за Конструкција, транспорт и инфраструктура – Зорана Михајловиќ.
Проектот за отстранување бродови ќе биде финансиран преку заем од Европската инвестициска банка (ЕИБ), со исклучително поволни услови, во соработка со Владата на Србија.
„Начинот на којшто сакаме да работиме стреми кон враќање на безбедноста при пловидбата на Дунав: отстрануваме пречки, рушејќи ги видливите и невидливите бариери; во конкретниот случај подводно,“ вели Сем Фабризи, амбасадорот на ЕУ во Србија. Европската интеграција е, пред сè, процес на мир и обединетост. Уште од основањето, ЕУ е фокусирана на надминување на пречките од минатото и прочистување на патот кон понатамошна интеграција. „Нашата заложба е насочена кон тоа Србија и целиот регион на Западен Балкан да бидат дел од оваа голема авантура,“ вели Фабризи.
„Секој еден во оваа држава е емоционално приврзан за оваа река која открива значајни приказни од минатото.“
Во врска со Европската инвестициска банка (ЕИБ)
Европската инвестициска банка е органот за кредитирање на Европската Унија. ЕИБ е најголемата мултилатерална финансиска институција во светот и еден од најголемите обезбедувачи на климатско финансирање и инвестирање во одржлива иднина за сите нас. Европската инвестициска банка во Србија е активна од 1977, со инвестиции од преку 6 милијарди евра во најразлични проекти. Најголемиот дел од средствата, скоро 40% (2,1 милијарди евра), се инвестирани во транспортни проекти, со 165 милиони евра инвестирани во енергетскиот сектор.
Реката претставува, исто така, непроценлив извор на енергија, храна и вода за пиење; сочинувајќи 22% од енергетското снабдување на државата. Истовремено, се протега ширум клучна пловидбена рута, нудејќи економични транзит можности како за регионалните, така и за пазарите на ЕУ.
Дубравка Негре, директорка на Европската инвестициска банка во Западен Балкан, вели дека овој проект не само што е значаен за економскиот развој на Србија, но е, исто така, и од голема историска важност. „Секој еден во оваа држава е емоционално приврзан за оваа река која открива значајни приказни од минатото,“ вели таа.
Негре додава дека преку својот придонес за развивање на меѓународни економски врски, реката ги поврзува и луѓето на Балканот, кои споделуваат заедничко минато. Денес, после бројни декади, тие можат да се сретнат на ист пат кон нов, заеднички пазар со европски вредности и перспективи за подобро утре.
We use cookies and similar technologies to improve your experience on our website.
Read our Privacy Policy.