Наоѓање на работата од соништата во дигиталниот Облак | WeBalkans | EU Projects in the Western Balkans

Наоѓање на работата од соништата во дигиталниот Облак

17 Окт 2020

Стапката на невработеност кај младите во Западен Балкан е една од највисоките во Европа; варирајќи од 28,3% во Албанија до 55,4% во Косово (според Eurostat 2018). Но, од друга страна, пак, остануваат бројни непотполнети работни места. Едно од решенијата е дообучување на младите преку курсеви за обука кои се фокусираат на специфични и барани, од работодавците, вештини. Ваков приод зазеде српската младинска организација RES POLIS (Центар за младински и социјален развој), специјализирана во доменот на развој на неформални образовни стратегии за поттикнување и инспирирање млади луѓе.

 

“Сведоци бевме на парадокс во Србија“ – објаснува Борис Негели од RES POLIS. “Од една страна, имавме висока стапка на невработеност, но, од друга страна, пак, ИТ секторот имаше сериозен дефицит на обучени работници. За нас, решението беше едноставно: Државниот завод за вработување, одговорен за обучување на невработените, треба да вклучи ИКТ обуки  во склоп на образовните програми.“ Ова беше инспирацијата за проектот ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’) кој го започна RES POLIS уште во 2009 година. Целта беше да се развијат ИКТ образовни програми во домени каде што имаше недостаток на талент.

Оттогаш, ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’) континуирано расте. Проектот е поддржан од програмата ЕРАЗМУС+ на Европската Унија, која промовира соработка на полето на образование, обуки и младинска работа, вклучувајќи го, исто така, и Западен Балкан. Овој проект обединува партнерски организации од Франција, Италија, Албанија и Кипар, кои придонесуваат со своите различни искуства. Со оглед на тоа што многу држави ширум Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици, споделувањето на искуства е од неопходна важност.

Понудените обуки покриваат најразлични полиња; од графички дизајн, веб дизајн, програмирање и 3Д моделирање, па сè до основни анимации за игри. Секој помеѓу 18 и 30 години може да се пријави, а особено ги мотивираме да аплицираат младите од маргинализираните групи. За да се здобијат со меѓународно искуство, успешните кандидати продолжуваат со обуката во некоја од државите-партнери.

“Од една страна, имавме висока стапка на невработеност, но, од друга страна, пак, ИТ секторот имаше сериозен дефицит на обучени работници. За нас, решението беше едноставно: Државниот завод за вработување, одговорен за обучување на невработените, треба да вклучи ИКТ обуки  во склоп на образовните програми.“

Борис Негели, RES POLIS

Излез од затворен круг

Ериселд, 26 години, од Албанија, е еден од многуте млади кои се пријавиле за обука. “Иако имам дипломирано во доменот на информатички технологии, за да заработам за живот морав да работам во фабрика наместо според професијата“ – вели тој. Ериселд објаснува дека иако учеле премногу теорија на факултет, му недостигало практично знаење.

“Моите работни перспективи се променија кога дознав за ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’). Беше тоа што навистина ми требаше.“

Еризелд Коста

Ситуацијата наликувала на безизлезен круг – му требало искуство за да го искачи првото професионално скалило, но, најпрво, некој требало да го вработи. “Моите работни перспективи се променија кога дознав за иницијативата ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’). Беше тоа што навистина ми требаше,“ – вели Ериселд.

Ериселд учествувал во две десет дневни обуки како дел од иницијативата ‘Креирај ја својата работа’ (‘Design Your Job’) во Србија и Италија, благодарение на коишто се стекнал со нови вештини и видувања од странство. Кратко потоа, добил и работна понуда од InTech; ИТ компанија со седиште во Тирана, каде што Ериселд ја завршил практичната обука за време на проектот. Откако се здобил со работно искуство, Ериселд презел решителен чекор и одлучил да работи хонорарно, нудејќи ИТ услуги за локални и меѓународни клиенти. Неговите планови за иднината вклучуваат започнување сопствена компанија и вработување други луѓе.

Поглед кон иднината

Побарувачката континуирано расте, а RES POLIS постојано гледа кон иднината. Програмите редовно се евалуираат со цел да ги исполнуваат потребите на бројните предизвици со кои се соочува ИТ секторот на долгорочен план. Крајната цел е нивните веќе испробани и тестирани ИКТ програми да бидат инкорпорирани во портфолиото обуки за невработени на Државниот завод за вработување.

Дознај повеќе

Photo Credits: Ervin Kurti, Nikola Radman

 

Please wait while your video is being uploaded...

Don't close this window!

Subscribe to the newsletter

I have read and understood the terms of the privacy statement.