Skip to main content

Area of Cooperation: Democracy and fundamental rights

Новинари добиваат повеќе време за да ја кажат вистината

Истражувачкото новинарство е скапоцено богатство во кое ЕУ смета дека вреди да се инвестира. Во Косово, консумацијата на дигитални вести доживеа вистински бум пред неколку години. Како што пандемијата ги принуди луѓето да поминуваат повеќе време дома, моќта на дигиталните платформи порасна, а истите платформи се најчестиот извор на неточни или погрешни информации. Според Арта Бериша, проминентна новинарка која го покривала феноменот на лажните вести, бројот на онлајн портали за вести во Косово се издигнал во периодот околу општите избори во 2017. Во тоа време, само што била започнала да предава новинарство: „Како новинарка, бев загрижена поради недостатокот на стандарди на овие портали,“ вели таа.

„Сакавме да понудиме платформа за новинари кои не се во можност независно да креираат содржина; за да можат да си ја работат својата работа без, притоа, да бидат под влијание на рекламаторите или дневниот притисок за креирање содржина во нивните редакции за дневни вести.“

Во споредба со пазарот во САД каде што создавањето лажни вести е заради финансиски добивки, во Косово лажните вести се наменети, главно, за политички цели. „Изобилуваат содржините со привлечни наслови и пристрасни и непроверени информации кои се креирани за чисто политички намери од страна на претставници на медиумите поврзани низ политичкиот спектар во Косово,“ вели Бериша која нашироко пишувала на оваа тема во 2017. Ситуацијата е потврдена во студија на Европскиот парламент која ја цитира работата на Бериша и заклучува дека дезинформациите во Западен Балкан се креираат и шират од домашни чинители за домашни цели. Студијата за дезинформации, спроведена во периодот помеѓу 2018 до 2020, открива три клучни предизвици поврзани со дезинформациите: надворешни предизвици за кредибилитетот на ЕУ, дезинформации поврзани со пандемијата КОВИД-19 и влијанието на дезинформациите врз изборите и референдумите. Серија од 12 статии, напишани од Бериша, го просветлиле овој широко распространет феномен во дигиталните медиуми кои покриваат низа теми; од изборите до проверка на факти и неоправдано владино финансирање на селектирани медиуми со потенцијал да влијаат на нивните уредувачки политики. Во нејзините статии, таа во фокусот ги става порталите за вести кои се членови на Советот за печат и кои постојано објавувале приказни со лажни информации кои потенцијално ѝ наштетуваат на одредена личност или репутацијата на одреден ентитет. Јавниот радиодифузен сервис, РТК, не бил исклучок.

„Изобилуваат содржините со привлечни наслови и пристрасни и непроверени информации кои се креирани за чисто политички намери од страна на претставници на медиумите поврзани низ политичкиот спектар во Косово.“

За програмата БИРН и Здружението новинари во Косово го имплементираа проектот „Придонесување за зајакнување на независното, истражувачко, и од јавен корист, новинарство и Слобода за изразување во Косово“, финансиран од грант на ЕУ. Со помош на стипендија биле финансирани 20 индивидуални новинари додека, пак, шемата за подгрантови обезбеди поддршка за 48 грантисти; вклучувајќи 26 индивидуални новинари (од коишто 12 жени) и 22 медиумски организации (од коишто 16 со седиште во заедници на малцинства). Меѓувремено, програма за стажирање нуди можност на 57 стажанти, од кои 41 се жени. Во рамки на проектот беа создадени 440 новинарски дела, а поголемиот дел од нив беа повторно издадени во медиумите низ Косово и регионот.   Бериша била дел од 46 новинари кои ги објавиле своите откритија на низа теми од јавен интерес како дел од програма, финансирана од ЕУ, за зајакнување на истражувачкото новинарство и слобода на изразување во Косово. Шемата, имплементирана преку стипендии и грантови, им овозможила на новинарите да спроведат длабински истражувања во период до шест месеци. „Сакавме да понудиме платформа за новинари кои не се во можност независно да креираат содржина; за да можат да си ја работат својата работа без, притоа, да бидат под влијание на рекламаторите или дневниот притисок за креирање содржина во нивните редакции за дневни вести,“ вели Албулена Садику од Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН. Истражувачките статии отворија јавна и медиумска дебата, па дури и парламентарна дискусија за проблеми од висок јавен интерес. Дополнително, новинарите добија награди за својата работа; таков е, на пример, случајот со приказната за детските права доделена од страна на коалиција невладини организации активни во таа сфера. Статиите на Арта Бериша биле нашироко објавувани од локалните медиуми и пошироко. Сите заедно придонесуваат за градење на новинарскиот кредибилитет, вели таа. „Лажните вести прават луѓето да ја изгубат довербата во новинарството.“ Бериша додава, исто така, дека ваквата ситуација ја нарушува нашата способност да идентификуваме веродостојни извори на информации. Организирала изложба со печатени примери од нејзиното истражување со цел да ја подигне свеста за проблемот меѓу медиумската заедница. „Не се појави ниту еден медиумски претставник кој учествуваше во моето истражување.“

Списание од и за српската младина

Основан од млади медиумски професионалци фрустрирани од недостатокот на платени можности во доменот на новинарството, Облакодер брзо се поставува како глас за младината во Србија. Пред три години, група млади новинари во Србија се соочувала со сериозни тешкотии за влез на пазарот на труд после дипломирањето. Повеќето медиумски куќи нуделе само неплатени стажирања и волонтерска работа. Фрустрирани од недостатокот на можности, групата одлучила да основа списание од и за млади луѓе, насловено Облакодер. Марина Зец, главна уредничка на Облакодер, го избрала името на списанието додека била во кафуле заедно со уште еден од основачите. „Заедно со остатокот од тимот веќе го имавме смислено целиот проект, единственото нешто што недостигаше беше името“, се присетува Зец. „Одлучивме да не го напуштиме кафулето сè додека не смислиме име.“ Зец објаснува дека зборот „облакодер“ доаѓа од „облак“ и потсетува, истовремено, на идејата да се биде со главата во облаци како и на модерен град полн со облакодери. Ваквата идеја била инспирација и за изгледот на веб страницата којашто, исто така, е во форма на облакодер.

„Ние [младите] сме, најчесто, преставени како светци или ѓаволи, не постои средина. Сакавме да дадеме една понијансирана перспектива.“

Уште од својот зачеток, главната цел на Облакодер е да го предизвика начинот на којшто младите се претставени во српските медиуми. Најчесто сме преставени како светци или ѓаволи, не постои средина. Сакавме да дадеме една понијансирана перспектива,“ објаснува Зец, која работи во доменот на новинарство и односи со јавноста уште од 19 години. Содржината на списанието вклучува млади Срби, уметници и активисти како начин на предизвикување на постоечкиот стереотип. На овој начин, списанието брзо го привлекло вниманието како на младите читатели, така и на новинарите почетници. Од волонтерски тим до овозможување платени можности за млади новинари „Кога почнавме, не знаевме навистина што правиме,“ признава Зец. „Но, бевме одлучни да бидеме професионални. Усвоивме строги новинарски вредности на објективност, професионалност и постојано проверување на изворите, сето тоа со фокус на креирање интересни содржини за помладата публика.“

„Усвоивме строги новинарски вредности на објективност, професионалност и постојано проверување на изворите, сето тоа со фокус на креирање интересни содржини за помладата публика.“

Во врска со Европскиот фонд за демократија Европскиот фонд за демократија (ЕФД) е независна организација која обезбедува грантови; основана во 2013 од страна на Европската Унија и земјите-членки на ЕУ со цел поттикнување демократија во Европското соседство, Западен Балкан, Турција и пошироко. ЕФД поддржува граѓански организации, продемократски движења, граѓански и политички активисти, како и независни медиумски платформи и новинари чија работа се стреми кон плуралистички, демократски политички систем. Во почетните месеци, парите биле навистина лимитирани, па тимот работел на волонтерска основа; работејќи постојана работа преку ден, а навечер посветувајќи се на Облакодер. „Поддршката на Европскиот фонд за демократија (ЕФД), добиена минатиот март, беше вистинско спасување за нас,“ изјавува Зец, потенцирајќи како финансирањето на ЕФД му овозможило на списанието да купи нова опрема и да изнајми канцелариски простор; давајќи им финансиска стабилност да можат да направат долгорочни планови за развој. Облакодер сега може да смета на својот персонал од 15 новинари, од кои една третина работат со постојано работно време.  Списание кое е во допир со младите во Србија Повеќето од читателите на Облакодер се на возраст помеѓу 23 и 35 години, односно милениумци кои се борат да го најдат своето место во светот и во Србија, каде што стапката на невработеност помеѓу младите се искачува и до 30 проценти, а достапните работни можности не се во согласност со нивото на образование на бројни млади луѓе. Денес, Облакодер брои помеѓу 40 000 и 50 000 читатели секој месец и 13 000 следбеници на Инстаграм. „Од нашето мониторирање можеме да забележиме дека луѓето целосно ги читаат нашите статии. Особено сме горди што читателите не ги читаат површно статиите, туку се навистина заинтересирани за тоа што имаме да го кажеме,“ вели Зец. Причината за овој успех, според Зец, е тоа што тимот пишува за релевантни проблематики, наместо за број на кликови. Иако проектот започнал како списание за уметност и животен стил, Облакодер го проширил својот дијапазон и сега покрива тематики како човекови права и инклузија на малцинства и луѓе со инвалидитети. “Навистина сме горди дека нешто што пред неколку години беше само идеја, денес прерасна во реалност,“ вели таа.